Потрес во Мадрид: Ласо повеќе не е тренер на Реал
Спорт Клуб - пред 8 часа
Како што беше најавено минатиот месец, Пабло Ласо нема да го води Реал Мадрид претстојната сезона со што е ставен крај на една ера која траеше 11 години. Ваквата одлука ја донело раководството на клубот и тоа исклучиво од медицински причини. Целиот текст прочитајте го на следниот ЛИНК....
Скандал во Србија: Сопругот на Карлеуша се степал на сплав со друг фудбалер
Спорт Клуб - пред 8 часа
Откако Јелена Карлеуша пред четири години ги полнеше таблоидите со својата секс афера со босанскиот фудбалер Огњен Врањеш, сега во центарот на вниманието е нејзиниот сопруг Душко Тошиќ. Српските медиуми тврдат дека ноќта од петок кон сабота, во еден часот по полноќ, на белградски сплав тој имал физичка пресметка со поранешниот српски репрезентативец Александар Пријовиќ. Причина за инцидентот, односно тепачката бил нереализираниот трансфер на Пријовиќ во Бешикташ во 2019 година кој, наводно, го уништил токму Тошиќ. Пријовиќ тогаш требал да потпише тригодишен договор за вкупна сума од 18 милиони евра, но Тошиќ ги убедил челниците да не го носат во клубот. Сега Пријовиќ добил шанса за одмазда и го нападнал својот сонародник пред стотина сведоци на сплавот. Иако тој демантира дека се случило такво нешто, очевидци тврдат дека обезбедувањето им ги земало телефоните на присутните за да ги избрише снимките....
Најдобра игра на македонската репрезентација во овој циклус, недоволна за победа
Спорт Клуб - пред 9 часа
Македонија ја завршува првата фаза од квалификациите за Светското првенство во 2025 година без ниеден триумф. Во последниот меч од циклусот, нашата репрезентација загуби од Украина со најмала разлика со која загубивме еден натпревар во овие квалификации. Целиот текст прочитајте го на следниот ЛИНК....
Земјотрес на повидок: Лапорта и Мендес договараат трансфер на Роналдо во Барса
Спорт Клуб - пред 9 часа
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта и менаџерот на Кристијано Роналдо, Жорге Мендес во моментов преговараат за трансфер на португалскиот репрезентативец во каталонскиот клуб, тврди весникот АС. Всушност, на маса се неколку имиња чиј застапник е Мендес, а меѓу нив е и Кристијано Роналдо кој вчера побара трансфер од Манчестер Јунајтед. Останатите се Рубен Невес, Рафаел Леао и Бернардо Силва. Навивачите на Барса со нетрпение го очекуваат епилогот, па дури и се најавуваат протести против евентуалниот премин на Роналдо на Камп Ноу. Од претходно е познато дека интерес за португалскиот ас покажале Баерн, Челси, Рома и Наполи, но покрај Барса, во моментов тој е најблиску до Челси....
Иско на пат кон Серија А
Спорт Клуб - пред 10 часа
Работите се развиваат поволно за Рома во преодниот рок. Мурињо досега успеа да го постигне тоа што го посакуваше, пристигна Матиќ, a сe чекаат турскиот дефанзивец Зеки Челик и најталентираниот италијански играч за врска Фратези. Но, додека Заниол се уште се мисли и најверојатно ќе си замине, најновата вест може да предизвика насмевка на лицето на навивачите. Имено, во Италија тврдат дека Иско ја избрал Рома. Шпанецот имаше две понуди, двата клуба од Севиља го посакуваа Андалузиецот, но се појави Мурињо и наводно Иско е расположен да пристигне во Рим....
Тиквеш се засили од Победа
Спорт Клуб - пред 11 часа
Екипата на Тиквеш од Кавадарци која преку бараж меч се избори за опстанок во Првата лига активно работи во составување на тимот за следната сезона. Со таа цел од редовите на „црвено-белите“ денес се пофалија со потпис на нов фудбалер: „Карчески Даниел ново име во ГФК Тиквеш!!!Официјално денес е ставен потпис на едногодишен договор помеѓу Карчески Даниел и ГФК Тиквеш. Тој ни пристигнува од екипата на ФК Победа од Прилеп и ќе ја потполни левата бековска позиција. На Даниел му посакуваме топло добредојде во Кавадарци. Со Почит, ГФК Тиквеш 1930 АД Кавадарци“....
Сè направил во тајност: Радикална промена на изгледот на Зинедин Зидан
Спорт Клуб - пред 11 часа
Откако го прослави својот 50-ти роденден, Зинедин Зидан се одлучи на радикален потег. Зинедин Зидан на сите им е познат по „ќелавоста“, која на некој начин е и негов заштитен знак, но тоа веќе нема да биде така. Во понеделникот турскиот весник „Хуриет“ објави помалку сензационална приказна за деталите од посетата на Зидан на Истанбул. Се зборува дека еден од најдобрите тренери на денешницата тајно пристигнал во Истанбул каде бил опериран по што ќе стави крај на ќелавоста. Имено, Зизу се одлучила за трансплантација на коса. Целосниот двонеделен процес беше спроведен во строга тајност и се потруди сето тоа да помине настрана од очите на јавноста. Хуриет наведува дека легендарниот Французин престојувал во хотелот Рафлс и се вратил во Франција по трансплантацијата на коса....
Каменица САСА промовираше уште две нови засилувања
Спорт Клуб - пред 12 часа
Од редовите на второлигашот Каменица САСА дене информираа за уште два поптписи: „Почитувани фудбалски фанатици и навивачи на ФК Каменица Саса,Со особена чест и задоволство Ви го претставуваме четвртото засилување на ФК Каменица Саса за новата второлигашка сезона, Владимир Дујовски. Владимир е поранешен играч на Турново, Кит-Го и Брегалница Штип. Владимир е играч од средината на теренот.“ „Почитувани фудбалски фанатици и навивачи на ФК Каменица Саса, Со особена чест и задоволство Ви го претставуваме и петото засилување на ФК Каменица Саса за новата второлигашка сезона, Горан Трајковски. Горан Трајковски е фантастичен голман, има 25 години а негови поранешни клубови се Силекс, Македонија Ѓорче Петров, Плачковица, Работнички и Воска“...
Манев по трансферот во Адана: Моите амбиции не застануваат само тука, желбата е да се продолжи уште поквалитетно
Спорт Клуб - пред 12 часа
По беспрекорната сезона во дресот на Брегалница и македонската репрезентација реализација и на трансфер согласно посакувањата и очекувањата за 21-годишниот Јован Манев кој денеска официјално потврден во дресот на турскиот суперлигаш Адана Демирспор. Брегалница успеа да го договори трансферот за својот млад фудбалер кој треба да биде силна отскочна даска за централниот дефанзивец кон европската фудбалска елита. Токму затоа и Јован Манев не го крие задоволството од реализацијата на трансферот, но и благодарноста кон ФК Брегалница и раководството на клубот за се што направија за неговата кариера. „Може да кажам дека се реализираат моите цели, амбиции, соништа со реализацијата на трансферот во Адана, за кој мора да искажам огромна благодарност и до Брегалница, до сопственикот на клубот Кирил Гогов, раководството и сите во клубот за развојот на мојата кариера. Ништо од ова немаше да биде возможно без сите нив. Затоа во иднина и со моите игри ќе го бранам и името на клубот насекаде во светот! Сигурно моите амбиции не застануваат само тука и желбата е да се продолжи уште поквалитетно во развојот на идната кариера. Сакам да се заблагодарам и на сите навивачи на Брегалница и до фудбалски Штип кои сите овие години ми даваа неизмерна поддршка“ – вели Јован Манев по официјализацијата на трансферот во турскиот суперлигаш Адана Демирспор. Во Адана, Јован Манев од клупата ќе биде воден од поранешниот италијански репрезентативец Винченцо Монтела, а негов соиграч во тимот ќе биде легендарниот Марио Балотели....
Работнички се засили од Слога Виница
Спорт Клуб - пред 13 часа
Работнички доведе уште едно ново име во летниот преоден рок. Нов фудбалер на нашиот тим е Бојан Иванов, 27-годишниот фудбалер за врска кој доаѓа од редовите на Слога Виница. Тој потпиша двегодишен договор со Работнички. Бојан Иванов е играч од средниот ред кој располага со одлична фудбалска техника и се очекува да ја зголеми конкуренцијата во составот на Љупчо Марковски. Тој од стартот на подготовките се приклучи на тимот, а сега и официјално се договори за двегодишна соработка. Иванов во досегашната кариера настапувал за Македонија ЃП, Борец Велес, Академија Пандев, Овче Поле, Плачковица, Саса, Брегалница и за Слога Виница....
Еурофарм Пелистер 2 со нов голмански двоец
Спорт Клуб - пред 13 часа
РК Еурофарм Пелистер 2 ја информира јавноста дека потпиша договори со двајца нови голмани за сезоната 2022/23. Нови членови на нашиот клуб се Мартин Јовановски и Василије Печурица. 28-годишниот Јовановски е производ на познатата битолска школа на голмани. Се враќа во матичниот клуб од германскиот Дансенберг, а претходно настапуваше за Струга, Охрид и алжирски Петролиер. Maртин Јовановски се обврза на договор на две години. 18-годишниот младински репрезентативец на Црна Гора, Василије Печурица во тимот на Еурофарм Пелистер 2 доаѓа од Струга, а претходно настапуваше и за Будуќност. Печурица стави потпис на четиригодишен договор со битолскиот суперлигаш. Двајцата ракометари ќе пристигнат на подготовките за новата сезона на 20 јули, а потоа и официјално ќе бидат претставени пред медиуми. Покрај овие две нови имиња, од следната сезона Еурофарм Пелистер 2 ќе биде посилен и за средниот бек Мартин Ивановски, кој доаѓа од Охрид....
Србинот Шошкиќ за посилен напад на Победа
Спорт Клуб - пред 14 часа
Повратниот помеѓу прволигашите, екипата на Победа од Прилеп го доби првото интернационално засилување во летниот преоден период. Нов напаѓач на клубот од под Марковите кули е младиот српски интернационалец, 18-годишниот Петар Шошкиќ. Станува збор за фудбалер кој потекнува од школата на белградски Рад а својата афирмација во сениорски фудбал ја стекна во редовите на Алфа Модрича од Босна и Херцеговина. Токму во овој клуб минатата сезона на 24 натпревари постигна 13 погодоци и беше помеѓу најдобрите поединци....
Скандалот околу Суперкупот на Шпанија прераснал во шпионска афера
Спорт Клуб - пред 14 часа
Скандалот околу префрлањето на шпанскиот Суперкуп во Саудиска Арабија, во кој учествуваа Луис Рубиалес, претседател на Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) и Жерар Пике, играч на Барселона, а кој го обелодени весникот „Ел Мундо“, зазема контури на шпионски роман со највисок квалитет. Како што објави „Ел Конфиденсијал“, неименувана детективска агенција ангажирана од Рубиалес за да го открие потеклото на досиејата за Суперкупот го следела заменик-директорот на „Ел Мундо“, Естебан Уреизтиета за да го принуди ненамерно да ги доведе до наводниот извор на скандалот. Речиси две недели приватни истражители го шпионирале поранешниот шеф на кабинетот на претседателот на Федерацијата, како и уште еден вработен во РФЕФ. И покрај постојаната глетка на „сомнителни лица“, детективите не пронајдоа никакви значајни информации, според документите до кои дојде „„Ел Конфиденсијал“. Првиот човек на шпанскиот фудбал, како што се наведува, со оваа епизода преминал уште една црвена линија, не само затоа што го прекршил правото на новинарот да ги чува своите извори во тајност и слободно да известува, туку и поради тоа што му се заканиле на неговиот физички интегритет бркајќи го повеќе од пет километри низ улиците на центарот на Мадрид додека се вози на мотор, за што сведочат извештаите доставени од детективската агенција до RFEF. „Ел Конфиденсијал“ го контактирал заменик-директорот на „Ел Мундо“ за да го информира за постоењето на шпионажа. Уреизтиета изрази благодарност што оваа информација излезе на виделина и беше сериозно загрижен за шпионажата на која тој беше жртва. Тој објасни дека личноста која ја запознал во кафетеријата нема никаква врска со Рубиалес или фудбалскиот свет и дека станува збор за личност со призната кариера во сосема поинаква област од онаа со која вообичаено се занимава во контекст на неговата новинарска дејност. . Ниту средбата со Рубиалес и Херардо Гонзалес немаше никаква врска со досиејата за Суперкупот. Но, новинарот остана резервиран за преземање законски мерки против мешање во слободното извршување на неговата работа. Како и да е, скандалот пукна. „Претседателот на РФЕФ Руби снима министри, државни секретари, претседателот на Ла Лига, го шпионира претседателот на синдикатот АФЕ, новинари, патува со девојка, „мами“ во комисиите… До кога ќе трае пасивноста на полицијата? Кој следен ќе биде шпиониран?“, беше реакцијата на Хавиер Тебас, првиот човек на Ла Лига, на информацијата што ја објави „Ел Конфиденсијал“....
Сензација на повидок: Челзи го сака Роналдо, новиот газда се сретнал со Жорж Мендеш
Спорт Клуб - пред 15 часа
Кристијано Роналдо би можел да замине во Челзи ова лето, пишува угледниот „Атлетик“ повикувајќи се на извори блиски до играчот и клубот. Португалецот денеска не дојде на првиот собир на тимот на Манчестер Јунајтед во пресрет на подготовките за новата сезона, а како оправдување ги наведе семејните причини. Португалецот наводно е многу интересен за новите сопственици на Челзи, кои би сакале да донесат голема ѕвезда и го гледаат Роналдо како идеално решение и покрај тоа што Португалецот веќе има 37 години. Роналдо има договор со Јунајтед уште една сезона и клубот јасно стави до знаење дека не е на продажба, но тоа не значи многу. Роналдо наводно е многу незадоволен од тоа што нема да игра во Лигата на шампионите и од она што го прави или не го прави Јунајтед во овој преоден рок и сака да игра во поконкурентен тим. „Атлетик“ пишува дека новиот сопственик на Челзи, Тод Боли се сретнал со агентот на Роналдо, Жорж Мендеш и дека доаѓањето на Португалецот на „Стемфорд Бриџ“ било главна тема. Роналдо дојде во Јунајтед минатото лето за 20 милиони евра од Јувентус и отприлика тоа е сумата што Јунајтед би можел да ја добие летово за него доколку има намера да го продаде. Но, Манчестер моментално нема соодветна замена за Роналдо и ќе го продаде доколку најде друг напаѓач....
Барса официјализираше уште еден транфер, Кристенсен по 10 години си замина од Челзи
Спорт Клуб - пред 15 часа
Еден ден, две засилувања. По Франк Кеси, Барселона ја официјализираше соработката со Андреас Кристенсен. На истиот принцип како играчот од средниот ред на Милан, Барса го доведе и неодамнешниот стопер на Челзи. Каталонците чекаа да му истече договорот и го ангажираа без да платат отштета. За разлика од некои минати времиња кога за време на претседателството на Жосеп Марија Бартомеу се преплаќаа играчи, првите две летни засилувања пристигнуваат без потрошено евро. Кристенсен потпиша договор на четири години, има откупна клаузула од 500.000.000 евра, што е повеќе начин да се заштитат Каталонците на пазарот отколку што изнесува вредноста на данскиот репрезентативец. Сега е тешко да се каже колку вреди, но дефинитивно е добар дефанзивец. Не случајно помина десет години под договор со Челзи, кој го купи додека го демонстрираше својот талент во помладите категории на Брондби, го чекаше да созрее за големата сцена, го испрати на двегодишна позајмица во Борусија Менхенгладбах и конечно го дочека во последните неколку сезони како првотимец, одговорен, меѓу другото, и за освојувањето на Лигата на шампионите во летото 2021 година и Лигата на Европа две години претходно. Кристенсен одигра 161 натпревар за „Сините“, а на „Ноу Камп“ пристигнува како формиран, зрел фудбалер. Во можеби најдобрите фудбалски години, со оглед на тоа дека штотуку го прослави својот 26-ти роденден во април. Се очекува Андреас Кристенсен да придонесе за стабилноста на не толку убедливата бековска линија на тимот на Чави. Во претходната сезона тренерот на Барселона ги користеше главно Жерар Пике и Роналд Араухо, повремено и Ерик Гарасија, но повратникот од Манчестер Сити баш и не се прослави. Самуел Умтити треба да потпише за Рен, Клемон Ленгле најверојатно ќе замине во Тотенхем, додека стручниот штаб повеќе не смета на Оскар Мингеза....
Сензационален трансфер на повидок, Иско се сели во Серија А
Спорт Клуб - пред 15 часа
Работите се развиваат поволно за Рома во преодниот рок, Мурињо досега успеа да го постигне тоа што го посакуваше, пристигна Матиќ, а чекаат турскиот дефанзивец Зеки Челик и најталентираниот италијански играч за врска Фратези и овие два трансфери се при крај. Но, додека Заниоло се уште се двоуми и најверојатно ќе си замине, најновите вести би можеле да предизвикаат насмевка на лицето на навивачите. Имено, во Италија тврдат дека Иско ја избрал Рома. Шпанецот имаше две понуди, Севиља и Бетис го посакуваа Андалузиецот, но се појави Мурињо и наводно Иско е расположен да пристигне во Рим. Тој ќе биде огромно засилување, тој и Фратези, како и веројатно еден од напаѓачите ( се споменува Солбакерн од Бодо), значително ќе го зголемат потенцијалот на тимот. Мурињо го пакува тимот, главна цел е Лигата на шампионите по неколку години, а во редовите на „Волчицата“ оптимизмот е на максимум откако ја освоија Конференциската лига....
Сега веќе нема дилеми, Габриел Жезус е новата „деветка“ на Арсенал
Спорт Клуб - пред 16 часа
Арсенал долго време бара „деветка“ која би гарантирала голови, а сега на „Емирати“ се надеваат дека ја пронашле во – Габриел Жезус. Неодамнешниот напаѓач на Манчестер Сити и официјално ја задолжи опремата на „Топџиите“ во трансфер вреден 45.000.000 фунти, односно нешто повеќе од 52.000.000 ако го претвориме во евра. За тие пари Арсенал доби фудбалер кој одигра 236 натпревари во дресот на Сити и постигна 95 гола, освојувајќи 11 големи трофеи, меѓу кои и четири титули во Премиер лигата. Ретко кој во светот на фудбалот би го вброил меѓу најдобрите напаѓачи на денешницата, иако навистина немаше неограничена доверба во Пеп Гвардиола. Со оглед на тоа што Сити летово издвои 60.000.000 евра за да го ангажира Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд, Бразилецот сфати дека ќе биде вишок и побара трансфер, додека на Микел Артета му требаше напаѓач откако Александре Лаказет реши да се врати во Лион. “Многу сум возбуден. Клубот направи одлична работа да донесе играч со ваков статус. Го познавам Габриел многу добро… Долго време бркавме засилувања на оваа позиција, а сега успеавме да го донесеме играчот кој го посакувавме, па навистина сум среќен“, изјави Артета. Иако далеку од самиот врв, Арсенал продолжува да инвестира во тимот. Минатата сезона плати 167.420.000 евра за засилувања (Бен Вајт, Мартин Едегард, Арон Рамсдејл…), летово се приближува до новата „стотка“ со оглед на тоа дека пред Жезус пристигна Фабио Виеира (Порто/35.000.000 евра), потоа Мет Тарнер (Њу Ингланд/6.360.000) и младиот Маркињос (3.500.000) од Сао Паоло. Сепак, најмногу се очекува од Жезус. Откако Жезус дебитираше во Премиер лигата, подобри се од него се покажаа само Серхио Агуеро, Мохамед Салах, Хари Кејн, Кристијано Роналдо, Пјер-Емерик Обамејанг и Џејми Варди ако се брои бројот на постигнати голови во однос на бројот на минути на теренот. Хесус ја тресеше мрежата на секои 160 минути, почесто од Оливие Жиру, Ромелу Лукаку, Хјунг Мин Сон…...
Официјално – Манчестер Сити донесе уште едно големо засилување
Спорт Клуб - пред 16 часа
Фудбалскиот клуб Манчестер Сити го потврди доаѓањето на англискиот играч за врска Кавлин Филипс. За новата „четворка“ на тимот на Пеп Гвардиола, Сити на Лидс му е исплати 45.000.000 фунти. Во тамошната јавност важи за еден од најценетите играчи за врска во Премиер лигата, но сега ќе има можност да се докаже на најголемата можна сцена во Лигата на шампионите, а и во пеколната конкуренција која ја има тимот од Манчестер. Тој потпиша шестгодишен договор и со тоа го остави Лидс без еден од најважните играчи, а заминувањето на Рафиња би го комплетирало тој „пакет“. Тимот од „Еланд Роуд“ очекува прилив од околу 100.000,00 фунти кога ќе се соберат овие два трансфери. „Да имам можност да работам со Пеп Гвардиола, да учам од него и неговите помошници и да играм во ваков тим е нешто што ме возбудува“, изјави Филипс. Калвин Филипс имаше уште два предлози за трансфер, но го избра Сити токму поради Пеп....
Барса официјално потврди, на „Камп Ноу“ бесплатно пристигна шампионско засилување
Спорт Клуб - пред 17 часа
Она што се најавуваше во претходниот период, денеска доби и своја официјална потврда. Барса донесе нов играч во своите редови, потпиша договор со него до летото 2026 година и го заштити со откупна клаузула во висина од 500 милиони евра. Станува збор за поранешниот член на Милан, Франк Кесие кој во Барселона пристигнува како слободен играч и официјално ќе биде претставен од клубот во среда. Кеси е роден во Брегот на Слоновата Коска во декември 1996 година, а од 2014/15 г. настапува во италијански клубови. Беше играч на Аталанта, а го испратија на позајмица во Чезена, а подоцна и во Милан. По позајмицата, Милан потпиша договор со него, а сега го напушта по 223 натпревари и шампионската титула која „Росонерите“ ја освоија во штотуку завршената сезона. За доаѓањето на Кеси во Барселона се знае веќе подолго време, но се чекаше клубот да ги активира финансиските проекти за да започне со регистрирање на засилувањата за новата сезона. По Кеси, се очекува и официјалната потврда од клубот и најавата за претставувањето на Андреас Кристенсен, досегашниот стопер на Барселона, кој исто така пристигнува како слободен агент....
Газдите на Манчестер Сити го купија познатиот италијански клуб
Спорт Клуб - пред 17 часа
Сопствениците на англискиот шампион Манчестер Сити, Сити Фудбал Груп (CFG), купија мнозински удел во италијанскиот второлигаш Палермо, единаесеттиот клуб во кој имаат удел. Групата објави дека го додаде клубот од Серија Б во своето широко портфолио откако го купи мнозинскиот удел во сицилијанската екипа. Поранешниот сопственик Дарио Мири задржува 20% и ќе остане претседател на клубот и претседател на управниот одбор. „Нашата цел е да влеземе во Серија А во следните неколку години. Нашиот план е амбициозен, но на овој клуб му треба Серија А. Палермо е историски голем клуб и има силен и горд идентитет. Нема да биде лесно, ќе мораме да работиме напорно“, рече извршниот директор на CFG, Ферано Соријано. City Football Group (CFG), компанија од Абу Даби, е едно од најмоќните фудбалски имиња во светот. Основана во 2013 година, групата обезбеди целосна или делумна сопственост на единаесет клубови ширум светот – Манчестер Сити, Њујорк Сити ФК, Мелбурн ФК, Јокохама Ф. Маринос, Монтевидео Сити Торк, Жирона, Сечуан Џиуниу, Мумбаи Сити ФК, Ломел СК, Троа, а сега и Палермо. „Италија е една од највозбудливите и најстрасните фудбалски земји во светот, со богата историја на репрезентативни и клупски успеси, страсни навивачи. Воодушевени сме што Сити Фудбал Груп го прошири своето присуство во Италија“, додаде Сориано....
Бомба од Олд Трафорд: Јунајтед го договори Ериксен
Спорт Клуб - пред 18 часа
Данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен кој лани колабираше за време на натпревар на Европското првенство, постигнал вербален договор со Манчестер Јунајтед и деновиве би требало да биде промовиран во нов играч на овој клуб. За негов трансфер во Манчестер се шпекулираше претходните недели, но пред неколку дена имаше информација дека преговорите се запрени и дека нема шанси да дојде до негов премин. Сепак, во меѓувреме повторно се воспоставени контакти и искусниот Данец ќе го засили Јунајтед. Таму ќе замине од тимот на Брентфорд во кој ја помина последната сезона, а враќањето во елитен тим како Јунајтед е најубавата фудбалска бајка во светскиот фудбал годинава....
И Тане Спасев најде ангажман во Русија
Спорт Клуб - пред 19 часа
По Емил Рајковиќ кој ја презеде ЦСКА и со себе го поведе Сашо Тодоровски, уште еден македонски стручњак најде ангажман во Русија. Ова е втор ангажман за Спасев во руската кошарка. Претходно, во сезоната 2016/17 работеше во Химки, како помошник на Душко Ивановиќ. Целиот текст прочитајте го на следниот ЛИНК....
Почна сагата: Роналдо нема да се појави на подготовките
Спорт Клуб - пред 19 часа
Иако се очекуваше Кристијано Роналдо, по повеќенеделниот одмор, да дојде право во базата на Манчестер Јунајтед и да ѝ се приклучи на екипата под водство на менаџерот Ерик Тен Хаг, тоа нема да се случи. Медиумите во Велика Британија пренесоа дека Португалецот побарал одложување на враќањето во тимот поради семејни причини. Што е точно во прашање, не е наведено, но многумина шпекулираат дека на тој начин Роналдо продолжува да го притиска клубот да му овозможи трансфер ова лето. Јунајтед в петок патува на Тајланд каде на 12 јули ќе одигра пријателски натпревар со Ливерпул. Од клубот и стручниот штаб се надеваат дека Роналдо ќе биде во авионот....
БАЈИЌ: Немаме шанси, но имаме обврска пред домашните навивачи
Спорт Клуб - пред 19 часа
Македонската кошаркарска репрезентација попладнево го игра последниот натпревар од првата квалификациска фаза за Светското првенство во 2023 година, против Украина, но и пред мечот е јасно дека нема никакви шанси да се пласира во следниот круг. Денешниот дуел е само формалност и можност да се спаси честа на националниот тим, односно да се оствари барем една победа во овој циклус. Тоа го потенцира и селекторот Драган Бајиќ во најавата за натпреварот. Целиот текст и изјавата на Бајиќ прочитајте ги на следниот ЛИНК....
Прв интернационален предизвик за Марјан Радески: Македонецот „летна“ до Ерменија
Спорт Клуб - пред 20 часа
Македонскиот интернационалец Марјан Радески во иднина ќе настапува за ерменскиот шампион, тимот на Пјуник. Тие деновиве промовираа уште неколку нови играчи, а меѓу нив и македонскиот фудбалер, кој до пред извесен период настапуваше за екипата на Шкупи. Ова за Радески е прв трансфер во странство, што е секако голем чекор за неговата понатамошна кариера, бидејки тој има капацитет за да направи скор и кон друг, посилен тим во иднина. Инаку, помеѓу неколкуте фудбалери кои Пјуник ги потврди деновиве, уште еден играч доаѓа од македонското првенство во Пјуник, станува збор за фудбалерот на Шкендија, Андреа Менсалао....
Рашфорд признава дека им е „тешко“ под водство на Тен Хаг
Спорт Клуб - пред 21 часа
По доаѓањето на Ерик Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, главни дилеми беа Ентони Марсијал и Маркус Рашфорд. Но поради опасноста ова лето Кристијано Роналдо да го напушти Манчестер Јунајтед, а во случај клубот да не обезбеди достојна замена, скоро извесно дека новиот тренер на Јунајтед повторно ќе мора да се потпре на овој двоец. Од друга страна, се најавуваат неколку офанзивни имиња, па во евентуален случај да се оствари тоа, голема е веројатноста да отпадне Ентони Марсијал од првиот состав. Што се однесува до Маркус Рашфорд, кој исто така имаше не баш лесна сезона зад него, се надева дека новите тактики на тренерот ќе му помогне да напредува. „За мене ова е како еден вид на нов старт, свежи идеи и тактики, почнуваме од ново. Не би сакал да бидам сфатен погрешно, но иако тренинзите се тешки под Тен Хаг, ние уживаме во тоа“, порача Рашфорд....
Малдини напорно работи: Милан го најде својот дефанзивец во ПСЖ?
Спорт Клуб - пред 21 часа
Паоло Малдини веднаш откако потпиша деновиве нов договор со Милан, веднаш се впушта во трансфер активности поврзани со екипата. Имено, поради заминувањето на Ромањоли, Милан размислува да донесе нов фудбалер, без оглед дали во перманентен трансфер или на позајмица. Според информациите, Малдини во име на Милан се распрашува за фудбалерот на ПСЖ, Абду Диало, кој бил интересен за нив. Откако не се договорија со Свен Ботман, прва опција барем за позајмица е фудбалерот на ПСЖ, Диало. Според „La Repubblica“, веќе бил остварен и контакт со луѓето во Париз, да се распрашаат за можноста да го доведат на едносезонска позајмица. Милан го сака во позајмица, со опција да го откупи неговиот договор идното лето, но се останува на францускиот интернационалец дали ќе го прифати тој предлог....
Сити го потпиша Халанд, но Реал Мадрид има причина за славје
Спорт Клуб - пред 22 часа
Ерлинг Халанд ова лето заврши во редовите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола го доби посакуваното засилување. Трансферот е вреден околу 70 милиони евра, а сега медиумите на островот откриваат дека има интересна ставка, односно клаузула во договорот на Халанд со Сити. Реал Мадрид се уште е во игра да го ангажира овој млад фудбалер, но летото 2024 година, кога би биле единствен клуб според потпишаниот договор на Сити, дека Реал може да конкурира за неговиот потпис за 150 милиони евра. Халанд има важечки договор со Сити до 2027 година и несомнено дека ќе биде голема атракција, но доколку кариерата ја развие на уште едно, повисоко ниво, Реал Мадрид скоро сигурно ќе дојде по него во 2024 година. Флорентино Перез е свесен за тоа и доколку тогаш биде на кормилото на клубот, сигурно ќе се обидат да го платат бараниот износ според договорот на Халанд....
Потегот на Кеси како воодушевување за Лапорта и Барса: Од ова треба нешто да научи и Дембеле
Спорт Клуб - пред 22 часа
Познато е дека Франк Кеси е блиску до трансфер во Барселона, барем така пишуваат медумите во Италија. Лапорта потврди дека Барселона веќе се договорила со двајца играчи и дека скоро извесно еден од нив ќе биде од Милан. Презентацијата е најавена за оваа недела, поточно во среда. Веќе следниот ден Барселона ќе донесе уште едно засилување, кое се верува дека ќе биде Андреас Кристенсен од Челси. Меѓутоа, она што посебно ги воодушевило навивачите на Барселона е потегот кој го направил Франк Кеси. Тој покажал колку му е важно да дојде во клубот, но и дека е свесен за финансиските проблеми кои ги има во моментов Барселона. Играчот на Милан ќе потпише договор до 2026година и по сезона ќе заработува 6,5 милиони евра. Во стартот тој порачал дека не сака никаков бонус за доаѓањето во Барселона, што било воодушевувачки за Лапорта, управата на клубот а и за навивачите. Медиумите во Шпанија пишуваат дека Кеси му покажува меѓу редови на Усман Дембеле како треба да се сака еден клуб и како треба да се однесува кон него. Познато е дека Дембеле се уште не го продолжил договорот со Барса, затоа што неговиот агент бара дури 15 милиони евра провизија за тој договор....
Модриќ признава: Болно за мене беше неговото заминување од Мадрид
Спорт Клуб - пред 23 часа
Хрватскиот интернационалец Лука Модриќ, во интервју за Марка, отворено признава дека заминувањето на Серхио Рамос од Мадрид, му паднало најтешко. Многу играчи овие неколку сезони го напуштаа Реал Мадрид, но за Модриќ најтешко било тоа што Рамос морал да го напушти главниот град на Шпанија. „Секој играч кога заминува а си бил години со него успешен овде, е болно чувство. Имавме успешна ера, сите овде и потоа по девет години откако дојдов, Серхио веќе не е тука. Уште од првиот дел кога дојдов овде, тој се зближи со мене и многу ми помогна да се прилагодам на Реал Мадрид“. „Постојано ме охрабруваше, веруваше во мојот потенцијал. Станавме големи другари, нашите семејства се зближија, минувавме лета и лета заедно. Повторно ние зборуваме на телефон и си праќаме пораки, но многу ми недостига дружбата со него, како во фудбалот, така и надвор од него“, порача Модриќ....
Клоп е задоволен: Ливерпул го потврди третото засилување
Спорт Клуб - пред 23 часа
Досегашниот фудбалер на Фулам и младински репрезентативец на Португалија, Фабио Карвалјо, официјално потпиша договор со Ливерпул. 19 годишниот Карвалја требаше на почетокот од годинава да дојде во Ливерпул, но трансферот не беше реализан поради потешкотии во бирократското поле. Португалецот во англискиот клуб ќе го носи дресот со број 28. „Карвалјо е играч кој може да подигне цел стадион на нозе. Имаше одлична сезона во Фулам, тој е разнолик играч, а со својата креативност е опасност за противниците. Ќе биде потребно трпение, но се радувам што ќе игра со нас во Ливерпул“, порача Јирген Клоп. Договор со клубот од Енфилд претходно потпишаа уште и Дарвин Нуњез и Калвин Ремзи....
Биното знае каде ја загубиле трката: Се беше скоро готово и се случи тоа на крајот..
Спорт Клуб - пред 23 часа
Шефот на Ферари, Матија Биното, по трката на Силверстоун, истакна дека тимот бил принуден да избере кој возач ќе го повика во бокс, при излегувањето на возилото за безбедност, пред крајот на трката, во која Саинц на крајот победи. Безбедносното возило беше предизвикано од откажувањето на Естебан Окон на 14 кругови пред крајот, а во таа ситуација Ферари имаше изгледни шанси да дојде до 1-2победа. „Меѓу нашите возачи не постоеше доволна разлика за да може заедно да им ги промениме пмевматиците на двата болида. Второпласираниот значително ќе загубеше доколку ги повикавме двајцата во бокс. Шарл беше лидер на трката, не сакавме да го изгуби водството, така да неговите пневматици беа најсвежи“. „Карлос на новите пневматици можеше лесно да се брани и заштити од Шарл во првите неколку свиоци. Затоа одлучивме Карлос Саинц да го повикаме во бокс. Се надевавме дека брзата деградација на меките пневматици ќе му помогне на Шарл, но тие не се трошеа во таа мерка. Убедливо водевме и возилото за безбедност не беше во наша корист“, порача Биното....
Хрватска трагедија: „Коцкестите“ загубија добиен натпревар и испаднаа од трката за Мундобаскетот
Спорт Клуб - пред 1 ден
Репрезентацијата на Хрватска доживеа пораз од Финска со 79-81 во Ријека во последното коло од првата фаза на квалификациите за Светското првенство и како последнопласирана во својата група го завршува својот пат кон Мундобаскетот. Слободно може да се каже дека „коцкестите“ загубија добиен натпревар бидејќи на помалку од две минути пред крајот водеа и со осум поени разлика… Целиот текст прочитајте го на следниот ЛИНК....
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ: Утре ќе не промовираат во Лигата на шампионите!
Спорт Клуб - пред 1 ден
Македонскиот прволигаш Академија Пандев жестоко реагираше на шпекулациите што се појавуваат последниве денови поврзани со клубот од Струмица. Бројни медиуми во земјава тврдеа дека Академија Пандев е пред распад, потоа пред банкрот, а денеска се спомнуваше и фузија со Беласица. Поради тоа, клубот излезе со иронично соопштение кое го пренесуваме во целост. „Вчера банкрот, денес фузија, утре директно во групна фаза Лига на Шампиони? Академија Пандев за точно четири денови по втор пат во својата 12-годишна историја ќе настапува во квалификациски меч од европските клубски натпреварувања. Ние сме целосно фокусирани за што подобра презентација на македонскиот фудбал против еден многу силен и сериозен противник, полскиот тим Легија Гданск. Клубот е сто проценти насочен кон исполнување на нашите идеи и визија, па секоја информација што е надвор од нашиот европски настап, изјавуваме дека е неофицијална и не е вредна за коментар. ФК Академија Пандев АД Струмица.“...
Ќе изврши ли Роналдо предавство на столетието?
Спорт Клуб - пред 1 ден
Минатата година Алекс Фергусон го спречи Кристијано Роналдо да се пресели во Манчестер Сити и го убеди да се врати на Олд Трафорд, но можно е летово Португалецот, сепак, да изврши предавство. Англиските медиуми, во морето шпекулации, денеска тврдат дека е можно Роналдо да се пресели во Челси чие ново раководство, наводно, е сериозно заинтересирано да го доведе во своите редови. Јунајтед засега е цврст на својот став дека нема шанси да го продаде својот фудбалер, но ако од Челси бидат упорни, нема да биде чудо да дојде до трансфер на сезоната. Ако се случи тоа, навивачите на Јунајтед сигурно нема да останат неми имајќи го предвид ривалитетот со Челси....
Македонија со една измена за натпреварот со Украина
Спорт Клуб - пред 1 ден
Виктор Ефремовски нема да биде во конкуренција за утрешниот дуел против Украина, а неговото место ќе го пополни кошаркарот на Работнички, Ваљмир Какруки. Измената е принудна, поради вирусот со кој се соочил Ефремовски кој последните две години е стандарден дел од репрезентацијата. Целиот текст прочитајте го на следниот ЛИНК....
Ливерпул го претстави засилувањето кое го испушти минатата зима
Спорт Клуб - пред 1 ден
Ливерпул реди засилувања летово како на лента. Јули само што започна, а вицешампионот на Англија веќе го претстави третиот новајлија. Тоа е Фабио Карваљо, офанзивниот играч за врска кој пристигна од Фулам за 6.000.000 евра плус бонуси и потпиша договор до летото 2027 година. Младиот репрезентативец на Португалија беше желба на „црвените“ минатата зима, згора на тоа, трансферот беше практично договорен во последниот ден од преодниот рок, но поради новото барање на Фулам (Карваљо да остане на позајмица до крајот на сезоната) пред затворањето на фудбалскиот пазар немаше време да се комплетираат сите потребни документи, па иако 21-годишниот фудбалер ги помина лекарските прегледи, зделката пропадна. На крајот испадна дека двата клуба на крајот победија со тоа што трансферот не се реализираше во јануари. Фулам, бидејќи Карваљо со десет гола и осум асистенции придонесе за директна промоција во Премиер лигата, а Ливерпул доби со тоа што го потпиша Португалецот за 4.000.000 евра помалку од договореното лето (првично требаше да платат 10.000.000). “Каков талент, а? Тој е играч кој може да го крене стадионот на нозе. Тој е сестран играч и претставува огромна закана во нападот со својата креативност и динамика. Не е потребно да се каже, но вреди да се потсети дека ќе биде потребно трпение. Ова е чекор напред, но знаеме дека тој е повеќе од способен да го направи тоа, па затоа сакавме да го доведеме толку долго“, изјави Јирген Клоп на претставувањето на новото засилување. Трето по ред ова лето, откако претходно пристигнаа Дарвин Нуњез и Калвин Ремзи. „Едноставно е неверојатно чувството да се биде овде во еден од најголемите клубови во светот, ако не и најголемиот. Кога ќе слушнете дека Ливерпул е заинтересиран, има само една мисла во вашата глава, а тоа е да им се придружите и да се обидете да бидете во тимот и околу него.Се надевам дека ќе можам да постигнам големи работи“, потенцира Карваљо....
Јувентус доби „зелено светло“ од Заниоло, нов круг преговори со Рома
Спорт Клуб - пред 1 ден
Од приказната дека е поласкан од интересот на големите европски клубови, до конкретни потези – Николо Заниоло има договор со Јувентус, поточно торинскиот клуб доби зелено светло од неговиот агент, тврди „Тутоспорт“. Така, „бјанконерите“ штотуку ја презедоа пол-позицијата за да ангажираат еден од најталентираните италијански фудбалери, но за навистина да го добијат ќе мора да најдат формула која ќе ја омекне Рома. Бесни се во Рим откако стрелецот на голот кој на Рома и ја донесе Конференциската лига не сакаше да го продолжи договорот. Во моментов, продажбата е веројатно најпаметната опција за „Џалорозите“, бидејќи две години пред истекот на договорот на 23-годишниот играч, тие се уште можат сериозно да заработат. Уште од почетокот на 21 век, „Волчицата“ е таа чии играчи ги украдоа клубовите од северот на Италија, Милан, Интер и Јувентус, а според сите проценки така ќе биде и летово. „Газета“ неодамна напиша дека Рома зацементирала цена од 80.000.000 евра за Јувентус, чија првична понуда на Вестон Мекени плус 30.000.000 евра била категорично одбиена. „Тутоспорт“ смета дека операцијата би можела да биде изведена со отштета од 55.000.000 до 60.000.000 евра, а играчот од средниот ред Артур би можел да биде адут на Јуве на патот кон Заниол. Милан е оставен да ја следи ситуацијата отстрана, Пари Сен Жермен има пари да одговори на дарежлива понуда, но Заниоло е подготвен да остане на Апенините. Веќе во наредната недела би можеле повторно да се сретнат спортските директори на двата тима Федерико Черубини и Тијаго Пинто. Иако првичната намера на Рома беше да го заштити италијанскиот репрезентативец и да изгради проект околу него за во иднина, се чини дека климата се промени и дека сега е во нејзин интерес да ја наполни касата и да се ослободи од фудбалерот кој со мислите е далеку од „Олимпико“. Не е исклучено „бјанконерите“ и „џалоросите“ да се договорат за дарежлива позајмица која би чинела до 15.000.000 евра, а потоа во летото 2023 година откуп во износ од 30.000.000, на кој би биле додадени одредени бонуси. Бидејќи веќе е извесно дека Пол Погба и Анхел Ди Марија ќе потпишат за Стара Дама следната недела, доколку Јуве ја убеди Рома, Масимилијано Алегри би можел да ја започне сезоната со дури три десни крила – Федерико Киеза, Ди Марија и Заниоло....
Чави отпиша петмина, нема место за нив ни на подготовките на Барса
Спорт Клуб - пред 1 ден
Не е сè што никнува во Ла Масија е зрело за првиот тим. Барселона со децении се фали дека ја има една од најдобрите фудбалски школи во Европа, дека произведува таленти за големата сцена, но во последно време се чини дека производствената линија е запрена. Или дека не функционира како порано, а доказ за тоа е информацијата дека се отпишани двајцата таленти од кои се очекуваше да бидат предводници на играта на Каталонците. Станува збор за играчот од средниот ред Рики Пуџ и стоперот Оскар Мингеза. Тренерот Чави Ернандез им порача на двајцата да не се појавуваат на тренингот на првиот тим кој треба да започне во понеделник. Легендарниот капитен на клубот од Ноу Камп оцени дека ниту Пуџ ниту Мингеза го немаат квалитетот кој и е потребен на Барса и затоа ги отпиша. Рака на срце, кога се појавија веднаш беше јасно дека не се на потребното ниво, иако Пуџ на почетокот навестуваше дека би можел да има блескава кариера. Сепак, тие беа медиумски форсирани во време кога каталонскиот клуб се соочуваше со организациски, финансиски и натпреварувачки проблеми, па фокусот беше ставен на младите. На крајот се покажа дека Араухо, Фати, Нико и Гави се со далеку поголем квалитет од нивните колеги кои сега ќе мораат да си бараат нова средина. И Пуџ и Мингеза играа малку фудбал под водство на Роналд Куман, шанса им даде и Чави, но дефинитивно не ја зграпчија и затоа шефот на стручниот штаб отворено им порача дека најдобро би било да ја сменат средината. За Пуџ има интерес од Бенфика, Лацио, Валенсија, а Мингеза доби и покани од шпански и странски клубови, па сосема е извесно дека ќе дојде до разделба со овие играчи. Тие не се единствените фудбалери кои Чави ги елиминираше пред почетокот на подготовките. Во неговите замисли одамна нема место за силниот стопер Самуел Умтити, ниту напаѓачот Мартин Брејтвејт. Умтити би можел да се врати во Франција, да игра за Рен, додека Данецот е на радарот на Брентфорд и му се отвора можност да се испроба во Премиер лигата. Конечно тренерот на Барселона го известил и голманот Нето дека нема потреба да се појавува на прозивката. Договорот на Бразилецот истекува следното лето, но една година пред истекот на договорот ќе бара начин да ги напушти Каталонците каде што пристигна пред три години од Валенсија како дел од размената со Јаспер Силесен....
ПСЖ е блиску да го скрши отпорот на Интер и да доведе големо засилување
Спорт Клуб - пред 1 ден
Приоритет на Пари Сен Жермен во летниот преоден рок е да го доведе стоперот на Интер, Милан Шкринијар. „Светците“ веќе извесно време преговараат со „нероазурите“ околу трансферот на словачкиот дефанзивец, но досега сите нивни понуди се одбиени. Последната е во висина од 65 милиони евра. Шкринијар веќе постигна договор со францускиот шампион и ги договори личните услови. Според тој договор, 27-годишниот фудбалер ќе заработува нешто помалку од осум милиони евра годишно во Париз. Останува само клубовите да се договорат за висината на обештетувањето, а тоа треба да се случи следната недела. Како што пренесува италијанска „Газета“, се очекува ПСЖ да понуди 70 милиони евра за Шкринијар со што би ги задоволил барањата на Интер. Како потенцијална замена за Шркинијар се споменува српскиот репрезентативец Никола Миленковиќ, а Интер е заинтересиран и за Бразилецот Бремер од Торино....
Лукасен: Би бил луд да прогнозирам пораз на Ѓоковиќ во осминафиналето, но..
Спорт Клуб - пред 1 ден
Tим Ван Рајтховен и Ботик ван де Зандсхулп, се двајцата холандски тенисери кои се најдоа во осминафиналето на Вимблдон, а ќе имаат двајцата најтешки ривали. Ван Рајтховен ќе се сретне со Новак Ѓоковиќ, додека Ван де Зандсхулп во понеделник ќе удри на Рафаел Надал. Петер Лукасен кој работи со Ван де Зандсхулп од минатата есен, е воодушевен од напредокот на неговиот тенисер, па дури се обиде да понуди нешто повеќе од обична изјава за мечот со Ѓоковиќ. „Очекувам дека ќебиде одличен натпревар навистина. Непоразен е Ван де Зандсхулп на тревна подлога, така да ќе бидеинтересно. Би бил луд да прогнозирам за пораз на Ѓоковиќ, но секогаш и се е можно“, порача Лукасен....
Шумахер ги освои првите бодови: На тимското радио беше во своевидна екстаза
Спорт Клуб - пред 1 ден
Силверстоун понуди неверојатна трка денеска, а во сето тоа, младиот Мик Шумахер успеа да ги впише првите бодови во кариерата. Тој во последните кругови и моменти од трката имаше жестока битка со актуелниот шампион Макс Верстапен за седмата позиција, па мораше да се задоволи со 8. позиција и големи четири бодови за него. Тој е уште еден од семејството Шумахер кој се впиша во историјата на освоени бодови во Формула1. По трката, низ тимското радио му се јавија од тимот за да му порачат дека одработил фантастично денеска, а неговите зборови беа: „О мој боже, горд сум на сите вас момци, вие сте брилијантни. О мој боже, не ми се верува, ова е резултат на тоа што верувавме во себе“, порача Шумахер. Во еден момент низ тимското радио му се јави и сестрата Џина: Еј Мик, супер, супер, супер“, беше нејзината порака, на што овој одговори, ти благодарам Џина. Mick Schumacher, Haas, and Guenther Steiner’s reaction to Mick getting his first points in F1! The wholesome content you didn’t know you needed!#BritishGP #Haas #MickSchumacher pic.twitter.com/rVh1BwK7ho — av (@formulaark) July 3, 2022...
Луда трка во Силверстоун и „првенец“за Саинц во кариерата
Спорт Клуб - пред 1 ден
Силверстоун денес ни приреди нествари два часа трка во која на крајот како победник излезе возачот на Ферари, Карлос Саинц, која му е всушност прва во кариерата. По лудото сценарио во последните десетина кругови каде имаше и безбедносно возило, а до тогаш Ферари имаше прилично комотна позиција со Леклер и Саинц напред за да оствари еден-два, сепак севишниот реши да го помеша картите уште еднаш и да режира неверојатна завршница. Карлос Саинц по се што се случи триумфира во Британија, а на подиум по голема битка се искачија и Серхио Перез и Луис Хамилтон, кој на оваа трка имаше аспирации дури и за победа. Шарл Леклер кој денес доби шанса да надополни бодови пред Макс Верстапен, кој имаше проблеми со болидот скоро цела трка, успеа да надополни само 6 од големиот бодовен заостаток. На крајот по голема битка со Мик Шумахер, на седмата позиција заврши Макс Верстапен, така да овој по трката ја сочува големата разлика која ја имаше и пред оваа трка....
Македонски фудбалер потпиша со клубот во кој настапува Марио Балотели
Спорт Клуб - пред 1 ден
Македонскиот младински репрезентативец Јован Манев, ќе има можност да настапува во иднина во тимот на Адана ДемирСпор, а со тоа и да стане соиграч со Марио Балотели. Манев кој неодамна ја напушти Брегалница Штип, сега се сели во турското првенство, каде ќе биде под палката на тренерот Винченцо Монтела. Според она што е кредибилна информација во турските медиуми, Адана Демирспор, за македонскиот интернациналец би можеле да платат 500 000 до 700 000 евра. Тоа секако би бил огромен исчекор за кариерата на овој млад и талентиран фудбалер од Македонија....
Шокантна сцена од Вимблдон: Прашкаста материја во чаша на трибините
Спорт Клуб - пред 1 ден
За време на еден натпревар кој се пренесуваше во живо на Вимблдон, беше прикажан непријатен момент во кој еден навивач на друг во чаша му става непозната смеса. Мистериозната сцена беше видена за време на дуелот на Лиам Броди и Деиго Шварцман. Актери се двојца навивачи кои добро се занимаваа на трибините, но и привлекоа многу внимание. Пред нив се наоѓаа две чаши со освежителни пијалоци, а во еден момент се гледа како еден од навивачите му става на друг навивач прашкаста материја во чаша. Двоецот немаше претстава дека тоа оди во етер и сега можеби ќе се покрене истрага поради нив. V Two Wimbledon fans become the talk of SW19 after appearing on live TV as one drops a mystery item into the other’s drink ======https://t.co/vPen8z6dNB pic.twitter.com/qmufrEf3JK — Επικαιρότητα – V – News (@triantafyllidi2) July 2, 2022...
Ќе го (на)прави ли Анчелоти најскапиот трансфер во историјата на Реал следните недели?
Спорт Клуб - пред 1 ден
Реал Мадрид новата сезона ќе ја почне на 10. август со натпреварот од УЕФА Суперкупот против Ајнтрахт Франкфурт. До тогаш, Реал Мадрид ја формира својата екипа за новата сезона, каде ги ичекува бранење на титулата во Примера и ЛШ, односно шпанскиот Суперкуп. Во овој трансфер период Реал Мадрид го доведе Рудигер од Челси кој дојде како слободен играч и Аурелио Чуамени, играч за врска кој дојде од Монако за 80 милиони евра. Клубот од „Бернабе“, не успеа да го оствари трансферот на Килиан Мбапе, но би можел да го замени за Рафаел Леа од Милан, играч кој минатата сезона имаше сериозен удел во титулата на Милан. Според одредени информации на медиумите, Леао е желба на Анчелоти и ќе оди до крај за да го реализираат овој трансфер. Како пренесува Кориере дело спорт, Милан сака полна отштета за Леао од 150 милиони евра колку му е откупната клаузула....
Федерер има само уште една желба кога е во прашање Вимблдон
Спорт Клуб - пред 1 ден
Швајцарецот е деновиве на Вимблдон, каде одблиску ги следи мечевите на главните претенденти на овој турнир. 40 годишниот Федерер мораше прв пат по 1999 година, да го откаже учеството на Вимблдон поради повреда на коленото, повреда која го мачи со години наназад. „Имав среќа да играм многу натпревар на овој терен. Чудно е да се биде овде во друга улога. Овој терен ми донесе најголеми победи и порази. Се надевам дека ќе можам да играм уште еднаш овде“, порача Федерер. Тој има осум триумфи во финалињата на Вимблдон и е нешто со кое посебно се гордее. Федерер претходно најавуваше дека го очекува тешка година, па тоа и му се оствари. Исто така тој за момент се појави и на теренот на еден од натпреварите и доби нестварни овации од присутните, кои покажаа дека го почитуваат големиот шампион....
Тежок инцидент на Силверстоун: Болидот на Жу наопаку се движеше на патеката
Спорт Клуб - пред 1 ден
Тежок инцидент се случи на 10. сезонска трка годинава во Ф1, поточно на Силверстоун, каде веднаш беше подигнато црвено знаме. Кинескиот возач Гванг Жу беше учесник во едно доста тешко превртување. Учествуваа многу од возачите, Жу, Расел, Окон, Цунода, но сепак се чини дека Жу од Алфа помина најлошо. Неговиот болид се преврте и тој со глава неколку секунди се движеше по патеката. Инцидентот изгледаше навистина страшно, но добро е што нема никаква жртва. Zhou iba DE CABEZA a una velocidad impresionante pic.twitter.com/jOQ1FI5mB4 — Leo (@LeoSandi_CR) July 3, 2022...
Бомба од Италија: Берлускони го враќа Икарди во Серија А
Спорт Клуб - пред 1 ден
Челниците на Монца се сериозно заинтересирани во италијанскиот фудбал да го вратат контроверзниот аргентински напаѓач Мауро Икарди. Монца избори пласман во Серија А, клубот е сопственост на Силвио Берлускони, а генерален директор е Адријано Галијани. Двајцата, наводно, веќе почнале преговори со Икарди кој има договор со ПСЖ до 2024 година. За да го убедат, Берлускони и Галијани дури ѝ понудиле на неговата сопруга Ванда Нара да води емисија на телевизијата Медијасет која, исто така, е во сопственост на Берлускони. Најголем проблем за Монца ќе биде годишната плата на Икарди која изнесува 10 милиони евра....
Јуниорската селекција повторно подобра од Бугарија
Спорт Клуб - пред 1 ден
Македонската М18 репрезентација оствари уште една победа против Бугарија, во рамките на подготовките за Европското првенство во Измир. За разлика од вчера кога триумфираа со 24 поени разлика, денеска нашите јуниори беа подобри … Целиот текст прочитајте го на следниот ЛИНК....
Прекрасни вести за Ѓоковиќ – може да игра на Австралијан Опен
Спорт Клуб - пред 1 ден
Откако годинава му беше забранет влез во државата, Новак Ѓоковиќ во 2023 година ќе може да игра на Австралијан Опен и да се обиде да ја освои десеттата титула на овој Гренд слем. Од среда, никој што влегува во државата нема да мора да го објаснува својот вакцинален статус и влезот нема да биде условен со вакцинација. Поради ова, правниот тим на Ѓоковиќ ја разгледува можноста да вложи жалба на тригодишната жалба за влез во Австралија. Во текот на јануари, Србинот помина неколку пеколни денови во имиграцискиот центар по што не му беше дозволено да игра на Австралијан Опен и мораше да се врати дома....
Лудница во НБА: За два дена, на осум играчи, договорени 1,8 милијарди долари
Спорт Клуб - пред 1 ден
Почетокот на периодот за трансфери и продолжување на договорите, предизвика лудница во НБА лигата во првите 48 часа. Тукушто беше отворен пазарот, почнаа да „летаат“ пари како на Вол Стрит. Целиот текст прочитајте го на следниот ЛИНК....
Роналдо се враќа во Италија и ќе му ја земе „седумката“ на Елмас!?
Спорт Клуб - пред 1 ден
Во морето шпекулации што се појавуваат последните денови во светските медиуми, особено интересна е онаа поврзана за можниот следен клуб на Кристијано Роналдо. Италијански медиуми тврдат дека тој ќе се врати во Серија А, но не во тимот на Јувентус, туку во Наполи каде би му бил соиграч на Елиф Елмас. За разлика од Манчестер Јунајтед, Наполи има обезбеден пласман во Лигата на шампионите, а со Португалецот би се борел и за шампионската титула во Серија А. До пред неколку дена, како заинтересиран за Роналдо се спомнуваше и Рома, но и римскиот тим нема да игра во Лигата на шампионите што е основен услов за Кристијано при изборот каде би ја продолжил кариерата....
Македонската репрезентација во август се враќа на местото на најголемиот успех
Спорт Клуб - пред 1 ден
Кошаркарската репрезентација на Македонија идниот месец ќе одигра два пријателски, подготвителни натпревари против поранешниот европски првак Литванија. Тоа значи дека по 11 години, македонската селекција ќе се врати на местото каде ја победи Литванија и го оствари најголемиот успех во историјата – пласман во полуфиналето од Европското првенство. Целиот текст прочитајте го на следниот ЛИНК....
Салах призна: Ќе ми недостига Мане
Спорт Клуб - пред 1 ден
Садио Мане и Мохамед Салах се разделија ова лето. Мане го напушти „Енфилд“ за да потпише за Баерн, додека Мохамед Салах го продолжи договорот со Ливерпул и стана најплатениот играч во историјата на клубот. Црвените не седеа со скрстени раце, па донесоа големо засилување за нападот. Се разбира, тоа е Дарвин Нуњез. Откритието од минатата сезона кое во Ливерпул пристигна од Бенфика. Меѓу другото, самиот Салах зборуваше за Мане и Нуњез во интервјуто кое го даде за британските медиуми. „Многу сум возбуден, сакам да играм со него. Тој имаше добра сезона и одигра добро против нас и на Енфилд и во Лисабон“, изјави Салах за Нуњез и продолжи: „Исто така, Садио Мане замина и ќе ми недостига. Имаше одлични сезони во клубот, па му посакувам се најдобро....
Криза и кај македонските второлигаши: Беспарица ги тресе неколку клубови кои се пред истапување
Спорт Клуб - пред 1 ден
Деновиве актуелна тема во македонската спортска јавност е истапувањето на Ренова од Првата македонска фудбалска лига, а вчера како „гром од ведро небо“ дојде информацијата дека на такво нешто размислува и Академија Пандев. Но ситуацијата е уште полоша и помеѓу екипите кои треба да играат во единствената Втора лига, а причините се пред се од финаниски аспект. Имено како што дознаваме, не еден, туку неколку клубови сериозно размислуваат да отстапат од натпреварувањето поради немање финансии. Колку за илустрација котизацијата за учество во Втора лига досега беше 8000 евра кои треба да се уплатат пред старот на сезоната, а режиските трошоци како за превоз, подготовки, опрема, храна, плати се уште поголеми. Со оглед на тоа што многу од клубовите се под капа на општините кои исто така се во лоша финаниска кондиција, па така нивното опстојување е доведено под знак прашалник. Но не се само општинските клубови кои размислуваат да истапат, како што дознаваме има клубови кои до минатата сезона ги водеа приватни инвеститори, но сега и тие сакат да се повлечат. Како и да е ова би бил потенцијален нов голем проблем за ФФМ и нејзиното раковоство, а целата ситуација само отсликува во каква ситуација е македонскиот фудбал која досега како така народно кажано се „покриваше“ со успесите на македонската репрезентација....
Голема промена во кариерата на Еден Азар
Спорт Клуб - пред 1 ден
Еден Азар е член на Реал Мадрид од летото 2019 година, кога пристигна од Челзи за 115 милиони евра. Белгиецот е едно од големите разочарувања на тимот во последните три години, но се чини дека следната сезона ќе добие уште една шанса да ја докаже својата вредност. Одлуката е донесена во договор со челниците на тимот, како и со тренерот Карло Анчелоти, објавија шпанските медиуми. Сепак, се чини дека од следната сезона ќе има промена во стратегијата околу улогата на Еден Азар. Белгиецот повеќе нема да се користи на позицијата лево крило, каде што играше во поголемиот дел од кариерата, туку ќе игра во средниот ред, позиција која многу повеќе му одговара во овој момент од кариерата, пренесува шпанскиот весник Спорт. Всушност, идејата го возбудува дури и Азар, кој верува дека неговата техника и способност да ја држи топката ќе бидат корисни во таа позиција, особено што брзината што ја имаше пред неколку години не е толку изразена. Најверојатно ќе игра или во улога на десетка, во формација 4-2-3-1, на одредени натпревари во кои Реал Мадрид ќе биде јасен фаворит или како централен играч за врска во системот 4-3-3 користен од Анчелоти во последните години....
ФК Вардар со уште едно засилување
Спорт Клуб - пред 1 ден
Екипата на ФК Вардар продолжува да го оформува тимот за новата сезона во Втората лига откако денес промовираше уште едно ново име: „Филип Јаневски е новото име кое што ќе го носи црвено црниот дрес во наредната сезона. Фудбалерот од средниот ред доаѓа од екипата на ФК Скопје и потпиша договор на 2 години со нашиот клуб. Добредојде во Вардар, Филип“, објавија од редовите на црвено-црните. Како што е познато Вардар претходно потпиша со офанзивците Симеон Христов, Јован Попзлатанов и Дарио Десниќ...
Нови откажувања за Барса, никој не сака да игра против нив
Спорт Клуб - пред 1 ден
Фудбалерите на Милан сепак нема да се соочат со Барселона на специјалниот турнир „Жоан Гампер“ што го одржува каталонскиот клуб во чест на својот поранешен претседател. Противник на Барселона првично требаше да биде Рома, но тие од непозната причина го откажаа тоа гостување, а во изминатите денови беше објавено дека за нов ривал е избран Милан. Но, ниту тој натпревар нема да се случи, пренесуваат италијанските медиуми. Милан се реши на мини турнеја и ќе игра против Келн и Марсеј. Така Барселона ќе мора да започне поинтензивна потрага по тимот со кој ќе се соочи. Лани тоа беше Јувентус, пред минатата Елче, а во 2019 година Арсенал. Турнирот Жоан Гампер се игра од 1966 година и првично учествуваа четири екипи, но од 1997 година се игра систем на еден натпревар помеѓу две екипи....
Роналдо ги скара Невил и Карагер: Даваше голови, но го направи Јунајтед полош од претходно
Спорт Клуб - пред 1 ден
Кристијано Роналдо е во состојба да предизвика конфликтни реакции во јавноста, дури и без да се појави во неа. Барањето за трансфер од Манчестер Јунајтед ги подели фудбалските фанови на островот, вклучително и аналитичарите, па дури и доведе до расправија меѓу двајцата легендарни дефанзивци. За се да биде поинтересно, сега соработници на медиумската куќа Скај, Гери Невил и Џејми Карагер. Поранешниот член на Ливерпул прво реагираше на веста за можното заминување на Португалецот од „Олд Трафорд“, за малку уживајќи во таков епилог. „Роналдо го направи токму она што го мислев. Даваше голови, но го направи својот тим полош отколку што беше. Штом побара трансфер, ја уби идејата дека одби да се пресели во Манчестер Сити минатото лето поради љубовта кон Јунајтед“, напиша Карагер во објавата на Твитер. Веднаш му возврати неговиот поранешен колега од репрезентацијата на Англија, но и голем ривал од деновите во Премиер лигата, Гери Невил. „Разбирам дека сте полни со себе, но Кристијано може да го одбие Сити за Јунајтед, бидејќи тој клуб повеќе му се допаѓа. А ако сака да си замине ова лето, треба да се потсети дека си замина и претходно, но сепак го сакаше Манчестер Јунајтед. Уживајте во вашата кратка магија на успех“, додаде Невил, а последната реченица алудира на двата трофеи што „црвените“ ги освоија оваа сезона, ФА Купот и Лига купот. Карагер повторно се вклучи, потсетувајќи го Невил дека еуфорично е враќањето на Роналдо од Јувентус. „Сити не го сакаше. А ти продолжи да зборуваш како Елвис (Присли) да пристигнал во Манчестер. Па, сега Елвис ја напушти зградата“, заврши Џејми. Се чини дека и Кристијано Роналдо заврши со Театарот на соништата. Како причини поради кои сака да си замине од Манчестер Јунајтед, Скај ја наведува – покрај отсуството од Лигата на шампионите – тромоста на раководството во трансфер периодот, бидејќи немаат ангажирано ниту едно засилување, а дури 13 играчи веќе го напуштија клубот, доцнењето со доведувањето на Френки де Јонг од Барселона и загриженоста како ќе помине реновираниот тим, дали ќе има доволно капацитет да се избори за место во Лигата на шампионите со новиот тренер, Ерик тен Хаг....
Зошто Роналдо сака да си оди од Јунајтед – Неговата порака е јасна
Спорт Клуб - пред 1 ден
Кристијано Роналдо побара да си замине од Манчестер Јунајтед. Вчерашната информација на The Times ја потврди Фабрицио Романо кој детално ги објасни причините за ваквата одлука на Португалецот. “Тој не е задоволен од моменталната ситуација во Манчестер Јунајтед. Тој му кажа на клубот дека сака да замине ова лето во случај да добие важна понуда. Пораката на Роналдо до Јунајтед е јасна: тој не чувствува дека клубот е амбициозен бидејќи сака веднаш да се борат за шампионската титула. Позицијата на Јунајтед не е променета бидејќи тие сепак сакаат да го задржат Кристијано, па сметаат дека не е на продажба“, пишува Романо и додава: Агентот на Роналдо, Жорж Мендеш, веќе ги истражуваше опциите во последните неколку недели, разговараше со Баерн и Челзи, но се уште не е постигнат договор. ПСЖ не е на списокот на заинтересирани страни. Роналдо нема проблем со Ерик тен Хаг, но би сакал да види нови играчи во Јунајтед бидејќи е почеток на јули и сите англиски клубови потпишаа договори со големи играчи“. „Еден од најдобрите играчи во историјата минатата година се врати во Англија. Но, по само една од низата разочарувачки сезони по заминувањето на Сер Алекс Фергусон, Португалецот сака да си замине. Главна причина е фактот што Јунајтед следната сезона нема да игра во Лигата на шампионите, а од 2003 година Роналдо никогаш не пропуштил да игра во елитното натпреварување. По сезоната во која на 37 години постигна 24 гола, го поврзуваат со неколку клубови, но моментално нема фаворити за неговиот потпис....
Сити најде уште едно големо засилување од Бундеслигата, Баерн стравува
Спорт Клуб - пред 1 ден
Манчестер Сити летово го доби тоа што долго време го посакуваше со потписот на Ерлинг Халанд. Но, тоа не значи дека „граѓаните“ завршиле со шопинг. Сагата за Калвин Филипс е при крај, Сити плати за англискиот репрезентативец од 45.000.000 до 50.000.000 фунти на Лидс и се очекува тој да има значајна улога на теренот. Клубот од Манчестер го доведе и Хулијан Алварез од Ривер и резервниот голман Ортега Морена од Арминија, кој што пристигнува како слободен играч, а потенцијалното заминување на Рахим Стерлинг може да иницира уште едно купување. Англиски Сан пренесува дека Сити ќе ги вложи парите во играчот на Баерн Серж Гнабри во случај да го продаде Стерлинг. Германецот дел од кариерата мина во Англија каде настапуваше за Арсенал и Вест Бромвич Албион, но сега би се вратил во Премиер лигата како целосно етаблиран фудбалер и еден од клучните играчи на германската репрезентација. Преговорите меѓу Гнабри и Баерн моментално се во мирување, многу клубови сакаат да го искористат тоа, особено од Островите, бидејќи за напаѓачот покрај Сити интерес покажаа и Ливерпул и Манчестер Јунајтед. Сити на тој начин би можел да добие уште едно капитално засилување од Бундеслигата, Гнабри во моментов се проценува на 65.000.000 евра, според Transfermarkt....
Само што потпиша за Арсенал, а сега се појави фотографија на која се гледа дека е повреден
Спорт Клуб - пред 1 ден
Арсенал пред неколку недели потврди дека Фабио Виеира е новиот играч на овој клуб. Овој 22-годишен играч за врска на „Емирати“ пристигна од Порто, а Арсенал за него плати околу 35 милиони евра. Виеира потпиша договор на четири сезони и официјално беше претставен како ново засилување. Сепак, англиските медиуми објавија дека не е јасно како Виеира ги поминал лекарските прегледи бидејќи бил јасно повреден. На социјалните мрежи се појави фотографија на која Виеира позира со дресот на Арсенал, но многумина видоа дека тој има „заштитна чизма“ на левата нога. Навивачите на Арсенал се загрижени поради ова бидејќи Виеира само што пристигна во клубот и стравуваат дека оваа повреда би можела да го натера да го пропушти почетокот на новата сезона. Меѓутоа, набргу потоа, тимот објави дека фотографијата е малку постара, а дека е направена откако тој настапува за младата португалска репрезентација и дека добил незгоден удар, поради што имал одредени проблеми со повреда. Виеира ќе биде подготвен да ги започне подготовките на Арсенал за новата сезона кои започнуват следната недела....
Роналдо уште во јануари сакаше да го напушти Манчестер Јунајтед, но успеаја да го смират
Спорт Клуб - пред 1 ден
Англиските медиуми вчера објавија дека Кристијано Роналдо побарал трансфер од Манчестер Јунајтед. Медиумите во Англија денеска објавија дека Роналдо е решен да ги напушти „црвените ѓаволи“ и дека тоа јасно им го кажал на челниците на овој клуб. Иако Португалецот минатата година се врати на „Олд Трафорд“, јасно е дека не е многу среќен во англискиот клуб, па на крајот од кариерата му е важно да игра во клуб што ќе се натпреварува во Лигата на шампионите следната сезона. Роналдо веќе го знаел тоа на почетокот на годината, а Сан објави дека од извори блиски до Роналдо дознале дека тој веќе уште од јануари сакал да го напушти Манчестер Јунајтед. Тој имаше неколку понуди на маса и беше решен да го напушти клубот по само шест месеци, но челниците на клубот успеаја да го убедат да не го прави тоа бидејќи не сакаа Роналдо да направи сцена во клубот. Тогаш ги испочитув и се предомисли, но очигледно е дека сега истото го бара од нив и сака да го пуштат во некој друг клуб....
Монца договaра големо засилување: Клубот се согласи, се чека одговорот на играчот
Спорт Клуб - пред 1 ден
По пласманот во Серија А, Монца сериозно го започна летниот преоден рок. По 40 години Монца успеа да се врати во најсилниот ранг на италијанскиот фудбал и јасно е дека таму сакаат да останат што подолго. Челниците на овој италијански клуб најавија големи работи за летниот преоден рок, а веќе почнаа да го исполнуваат ветеното. Вчера со овој клуб договор потпиша Стефано Сенси кој пристигнува на позајмица од Интер. Сепак, Монца во наредните денови би можела да претстави ново засилување, ни помалку ни повеќе од Барселона. Џанлука Ди Марцио денеска објави дека Монца остварила контакт со Барселона и дека покажале интерес да го доведат дефанзивецот Оскар Мингеза кој не е во плановите на Чави Ернандез за новата сезона. Мингеза е на трансфер листата и се поврзуваше со Хетафе, но трансферот не се реализираше. Монца сега се вклучи во се и е подготвена да плати околу осум милиони евра за овој играч, што Барса сака да го прифати. Сепак, последниот збор ќе го даде Мингез и во Барселона се надеваат дека овој дефанзивец ќе го прифати трансферот во Монца и на тој начин ќе им реши уште еден проблем....
Академија Пандев верува во младиот Алчевски – потпиша на три години
Спорт Клуб - пред 2 дена
Од екипата на Академија Пандев во текот на вчерашниот ден информираа за уште еден потпис во клубот: Алчевски го продолжи договорот до 2026-та година. Еден од најдобрите млади голмани во Македонија, денеска го продолжи договорот со клубот кој истекуваше за 6 месеци. Иднината на Академија Пандев се младите играчи, а Алчевски како капитен на У-21 репрезентацијата на Македонија ќе биде еден од темелите на клубот во наредните сезони. Во следниот период клубот ќе продолжи со промовирање и ангажирање на најталентираните играчи во државата и давање шанса за докажување во сениорскиот фудбал!...
Одигра само 85 натпревари за три сезони, доби нов договор за 193 милиони долари
Спорт Клуб - пред 2 дена
Првиот пик на драфтот во 2019 година, Зајон Вилијамсон го продолжи договорот со Њу Орлеанс Пеликанс на уште пет години за кои ќе добие вкупно 193 милион долари. Оваа сума може да се искачи до 231 милион ако 22-годишниот кошаркар исполни неколку услови за бонуси како избор во петорката на сезоната, МВП или дефанзивец на годината. Целиот текст прочитајте го на следниот ЛИНК....
Крај на сагата: Дембеле ја прифати понудата на Барса!
Спорт Клуб - пред 2 дена
Францускиот репрезентативец Усман Дембеле по се изгледа ќе го носи дресот на Барселона и во иднина. Каталонскиот весник Спорт преку својот портал вечерва објави дека крилниот играч, конечно, ја прифатил понудата од клубот иако таа не е според неговите финансиски побарување и желби. Барса инсистираше неговата плата да биде смалена за 40% што сега е прифатено и повеќе не постојат пречки договорот да биде продолжен. Ако Дембеле остане во Барса, тоа ќе значи крај за надежите на бразилскиот фудбалер Рафиња од Лидс да се пресели на Камп Ноу. Французинот е еден од клучните играчи во филозофијата на Чави кој имаше огромна доверба, дури и кога навивачите се свртеа против него....
ТФТ ги склопува коцките во мозаикот – го договори второто странско засилување
Спорт Клуб - пред 2 дена
По Тревор Џасински, освојувачот на Купот на Македонија, ТФТ договори уште еден странско засилување за претстојната сезона. Во Тафталиџе ќе пристигне американски интернационалец, играч кој е висок 206 сантиметри и може да ги пополни позициите 4 и 5, а ангажманот во ТФТ ќе му биде прв во европската кошарка. Целиот текст прочитајте го на следниот ЛИНК....
Ракометната репрезентација на Македонија ќе се бори за медал на Медитеранските игри
Спорт Клуб - пред 2 дена
Македонската ракометна репрезентација се пласира во полуфиналето на Медитеранските игри во Алжир откако вечерва Шпанија го совлада домаќинот со убедливи 31-19 и со тоа ни направи голема услуга. Шпанците кои важеа за апсолутен фаворит одиграа коректно и без разлика што го имаа обезбедено полуфиналето, не калкулираа и на крајот според очекуваното ги освоија бодовите. Со максимални 12 бода, Шпанците како првопласирани одат во полуфиналната фаза, додека избраниците на селекторот Кирил Лазаров се втори со седум бодови (+18 гол-разлика). Алжир е трет исто така со седум бодови и гол разлика +3. Турција е четврта со три бода, додека Грција е последно пласирана без ниту еден бод. Во полуфиналето, македонските ракометари ќе се соочат со Египет, додека Шпанија за противник ќе ја има српската репрезентација....