Биелса ја доби тужбата против Лил, ама од 19 милиони колку што сакаше доби само – два
Спорт 1 - ново
Аргентинецот Марсело Биелска, актуелниот селектор на Уругвај ја доби тужбата против поранешниот француски првак Лил, но од барањето за масна отштета од 19 милиони евра доби само два милиони, реши жалбениот суд во Дуа. Биелса беше сменет од кормилото на Лил во 2017 година откако беше сменет после само 13 меча после преземањето на клубот од новиот газда Жерар Лопез, но во договорот Аргентинецот имал клаузула дека ако биде сменет од било која причина, клубот е должен да ги исплати сите наведени точки во договорот. Првично во 2021 година, тужбата на Биелска пред судот на трудот во Лил беше одбиена, но сега жалбениот суд донесе одлука дека францускиот клуб треба да му исплати два милиони евра, далеку од отштетата што ја бараше популарниот „лудак“. „На Лил му е наредено да му исплати два милиони евра на Биелса“, објави адвокатот на тренерот, Бенжамин Кабањо....
Официјално: Саво Милошевиќ е нов селектор на БиХ
Спорт 1 - пред 38 минути
Тоа што беше најавено во последните неколку дена дека српската легенда Саво Милошевиќ ќе биде нов селектор на Босна и Херцеговина, денеска се официјализира, со порврда од фудбалската федерација на оваа земја, после вонредниот Извршен комитет. ФСБиХ објави дека Милошевиќ е избран за нов кормилар на националниот тим, кој го наследува Мехо Кодро, откако легендарниот Босанец после само два меча го заврши својот мандат како селектор. На Милошевиќ ќе му помагаат Ненад Цветковиќ, Марко Стојановиќ, Недим Јусуфбеговиќ, Марио Иванковиќ и Синиша Мркобрада. Милошевиќ веќе две години беше без работа откако раскина со љубљанска Олимпија, а претходно беше тренер и на Партизан, како и координатор на младинските селекции во српската федерација, откако ја заврши кариерата....
Комити пред заминување во Штип на собир пред град Скопје: Нека се прашаат зошто?
Спорт 1 - пред 50 минути
Најверните вардарови навивачи Комити најавија собир пред гостувањето во Штип во недела кај Брегалница во деветтото коло во Првата лига, пред просториите на град Скопје, како еден симболичен протест поради одолговлекувањето на веќе изгласаната одлука за финансиска помош на црвено-црните од Советот на градот. Уште на 20 јуни, Советот на град Скопје ја прифати иницијативата за финансиска помош кон ФК Вардар и тогаш ја задолжи градоначалничката Данела Арсова да најде начин како ќе се исплатат парите од 15 милиони евра. Но, повеќе од два месеци поминаа, а парите во ФК Вардар ги нема и денеска најтрофејниот клуб на прес-конференција побара да се каже која е причината за ваквото одолговлекување, без притоа да се вперува прстот кон виновникот, зашто не знаат кој е. „Нека се запрашаат зошто?“ е пораката на Комити, кои го објавија собирот пред просториите на градот....
Андорецот во Вардар ја завршува кариерата поради – депресија
Спорт 1 - пред 1 час
Летното засилување на Вардар од Андора, Алберт Алведра ќе ја заврши кариерата поради депресија, иако дојде во црвено-црниот табор како големо засилување во дефанзивната линија. Тренерот на вардарци, Александар Васоски обелодени дека веќе подолг период се обидувале да го вратат Алверда поради депресијата предизвикана од семејни проблеми, но фудбалерот решил да ја прекине фудбалската кариера. Тој беше и репрезентативец на Андора. „Стоперот Алаверда има некоја скриена депресија поради семејни проблеми. Се обидувавме долго да го вратиме, но очигледно е дека сето тоа е неможно и тој одлучи да ја заврши кариерата. Сето ова ни носи дополнителни проблеми околу креирањето на тимот, но ние не смее да се жалиме, мора да се бориме до крај и во спортскиот дел исто како што раководството се бори за средување на финансиската ситуација“, објави Васоски. Тренерот на Вардар посочи дека главите им се наместени дека сезонава ќе се борат за опстанок, но најави дека секоја судиска неправда јавно ќе ја објавуваат, посочувајчи го катастрофалното судење на Стојанче Стојанов, кој против Гостивар без причина го исклучи после една обична реакција. „Ние веќе ги 'наместивме главите' дека следува битка за опстанок и тоа е реалноста, барем до декември, но мора да се напомене катастрофалното судење на Стојанче Стојанов (против Гостивар – н.з.), кој не знам зошто, но имаше многу тенденција во одлуките. Го помнам уште од пред неколку сезони и оној дуел против Шкендија. Од сега натаму сите неправди од арбитрите ќе бидат јавно коментирани. Се надевам дека од понеделник се надевам дека ќе стартуваме со тренинзи во Хиподром, и полека работите да се средуваат и на тој начин“, додаде Васоски....
Манчестер јунајтед му дозволи на Антони да се врати на тренинзите
Спорт 1 - пред 1 час
Англискиот великан Манчестер јунјатед му дозволи на бразилскиот репрезентативец повторно да се врати на тренинзите на „црвените ѓаволи“, после скандалот дека ја претепал својата девојка во јуни за време на собирот со репрезентацијата на „кариоките“, за што изрично демантираше. Јунајтед во соопштението дека Антони се враќа во погон, потенцира дека Бразилецот соработувал и со бразилската и со англиската полиција и поради тоа тој продолжува да тренира и да конкурира за настапи, паралелно со истрагата која се води и за која останува достапен во секое време. „Откако се појавија обвинувањата во јуни, Антони соработуваше со бразилската и со англиската полиција и продолжува да го прави тоа. Бидејќи е вработен во Манчестер јунајтед, донесена е одлука да се врати на тренинзите во 'Карингтон' и да биде во комбинација за тимот, додека истрагата на полицијата продолжува. Тој останува под лупа сѐ додека нема нов развој на настаните. Ние како клуб ги осудуваме сите акти на насилство и ја препознаваме важноста за заштитата на сите кои се вклучени во оваа ситуација“, објави Јунајтед....
Хулиганите пак збеснуваат во Англија: Најмногу уапсени по девет години!
Спорт 1 - пред 1 час
Англија беше првата земја која најригорозно ги среди хулиганите уште во 90-те години, иако до крај не го искорени хулиганизмот, но повторно навивачите на Островот збеснуваат, а тоа го покажуваат сите полициски извештати – најмногу уапсени има во последните девет години. Првпат по 2014 година, во Англија се забележани над 2.000 апсења, а издадени над 1.500 забрани за присуство на стадионите, но ако нешто е добро во овој извештај е што барем на стадионите за 50 отсто се намалени влетувањата на терен. Според извештајот, 2.264 уапсени лица има за последната сезона 2022/23, а 1.624 забрани за присуство на стадион. Од сите апсења, 34 отсто се директни јавни нереди поврзани со фудбал, 21 отсто се насилно однесување, девет отсто се поврзани со алкохолни казниви дела и поседување на наркотици. Инаку што се однесува по клубови, најмногу уапсени навивачи се на Вест Хем – 89. Следат тие на Манчестер јунајтед со 83, па на Лидс – 69. Најмногу забрани за влез на стадион има за навивачите на Јунајтед, 69, следат Милвол со 66, и Лестер со 56. Алармантно е тоа што за сто отсто е зголемен бројот на онлајн дела, пред сѐ омраза од расна основа....
Првото коло од „Есенска тура за 2win авантура“ на 2win.mk влезе во завршница
Спорт 1 - пред 1 час
Играчите на единствената легална платформа за интернет игри на среќа 2win.mk, имаат можност да се забавуваат со наградната игра „ЕСЕНСКА ТУРА ЗА 2WIN АВАНТУРА“. Оваа наградна игра на 2win.mk носи забава и вкупен фонд на награди од 15 049 739 денари. Видеолотарија Касинос Австрија континуирано го следи задоволството на играчите. За нив, од 04.09.2023, подготвивме награден предизвик на играчката платформа 2win.mk, „ЕСЕНСКА ТУРА ЗА 2WIN АВАНТУРА“. Наградната игра има богат фонд на награди, парични и стокови во збирен износ од фантастични 15 049 739 денари. Во рамките на наградната игра, ќе доделиме вкупно 230 награди од кои 26 се стокови награди, а 204 сепарични награди. Главните награди се автомобил Мерцедес во двете категории. На 01.10.2023 ќе заврши турнирската фаза од првото коло. По заокружување на оваа фаза, ќе следи фаза 2 со дополнителната игра „ Среќно тркало“ која за првото коло ќе се одржи во просториите на седиштето на Државна Видеолотарија на Македонија, на 07.10.2023 во 12 часот. Во Фаза 2 од наградната игра се квалификуваат првите 10 најсреќни учесници на официјалните ранг листи од наградната игра за секоја категорија. Правилата на наградната игра се достапни на платформата 2win.mk. „ЕСЕНСКА ТУРА ЗА 2WIN АВАНТУРА“на 2win.mk #ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно #ИграјСоНајдобрите...
„За Вардар има интерес од инвеститор со 18 милиони евра, ама институциите нѐ кочат!“
Спорт 1 - пред 2 часа
Најтрофејниот македонски клуб Вардар симболично во „пет до 12“ денеска со прес-конференција последен пат побара институциите и градот Скопје да почнат да ги расчистуваат работите со долговите, зашто веќе има интерес од странски инвеститор, но нерешените проблеми се кочница за нешто да се случи. Вардар продолжува да се бори со големите финансиски проблеми, а иако градот Скопје изгласа финансиска помош, ништо не е решено, ниту има одговори на барањата кои институциите не ги решаваат, пред сѐ за реструктуирање на долгот. „Часот за Вардар од поодамна е пет до 12. За тоа е и оваа прес-конференција. За нас е зачудувачки како се однесува оваа држава кога странски инвеститор е заинтересиран да влезе во ФК Вардар со инвестиција можна од 18 милиони евра. Тоа е инвестиција од чиј дел ќе биде покривање на основниот долг од околу три милиони евра. Но, ние се уште немаме официјален одговор од институциите што и како се долговите на ФК Вардар. Ние се обидуваме да доведеме странска инвестиција, за спас на ФК Вардар, но државните институции се однесуваат ингнорантски без одговор на нашите барања уште од 27. јуни“, вели Милорад Миленковски, претставникот на навивачите, кои го раководат клубот. Вардарци уште пред повеќе од месец се пожалија дека немаат одговори од институциите, а ништо ново не се случува на тој план, па вардарци се зачудени зашто има игнорантски однос. „Ние од тогаш немаме никаков одговор од ниту една од надлежните институции како ПУИГ, УЈП па се до премиерот на Владата. За нас е зачудувачки дали надлежните институции секогаш се однесуваат вака кога се најавуваат странски инвестиции? Еве, нека биде и хипотетечки дали ќе дојде некој инвеститор, но дали ова е начинот на кој се однесува државата, дали е ова начинот на кој се привлекува инвеститор. Не можеме да се помириме со ваков ингнорантски однос кон ФК Вардар, затоа што на крајот на краиштата не е само наша должност да го заштитеме Вардар кој е клуб на народот“, додаде Миленковски. Најтрофејниот клуб побара и да не се меша во политичките пресметки, но бараат парите што во јули Советот ги изгласа како помош, конечно да легнат на сметката. Советот ја задолжи градоначланичката за да изнајде решение и начин за префрлање на парите. „Град Скопје ја донесе одлуката за доделување на финансиска помош. Ние бараме истата да се спроведе. Не бараме ништо повеќе од она што му е веќе доделено на ФК Вардар. Таа помош на Вардар му е потребна во моментов. Ние од тие 500.000 евра немаме добиено ни денар. Зошто и како отворено прашуваме. Ние немаме други средства за да го спасуваме Вардар во моментов. Тие ние се потребни. Ова јавно го кажувам сега. Политички игри околу Вардар не сакаме. Тргнете ги политичките мешетарења околу клубот. Вардар е на народот на Скопје на Македонија.Скопските општини ни излегоа во пресрет. ВО прв ред тука мислам на Општина Аеродром, Општина Кисела Вода, Општина Ѓорче Петров. Се се тоа институции кои ни се најдоа кога беше најтешко. Браво за нив. Општина Центар е во тој ред исто така. Јавно ја прозивам општина Карпош. Каде е и зошто не ни помага? Останатите околни скопски општини, исто така ни помагаат колку можат. Вардар е на сите, сите навиваат за Вардар, време е тоа да го покажат на дело“, додава Миленкоски....
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла
Спорт 1 - пред 2 часа
ШК Алкалоид го освои петтото место на Светското екипно првенство во шах за сениори во категоријата на играчи над 50 години, победувајќи ја третата селекција на Англија во деветтото и последно коло со моќен резултат од 3,5 : 0,5. На првенството учествуваа 22 екипи, при што повеќе од половината беа репрезентации на одредени земји. Тоа му дава посебна тежина на пласманот, но ако се додаде и тоа дека е изборен играјќи нерешено со најсилните две селекции (САД и Англија, кои на крајот соодветно ги освоија првото и второто место), задоволството е уште поголемо. Овој пласман е, пред сѐ, резултат на извонредното залагање и на тимската борба на сите членови на екипата: велемајсторите Кирил Георгиев, Трајко Недев, Влатко Богдановски, Звонко Станојоски, Роландо Кутиров и капитенот Драгољуб Јаќимовиќ. ВМ Кирил Георгиев на првата табла брилираше во партијата во која неговиот противник играше словенска одбрана и од првиот потег до самиот крај безгрешно ги водеше белите фигури до победа. ВМ Трајко Недев со црни фигури ја играше острата сицилијанска одбрана и вложи голем труд за да ја преземе контролата над играта, по што дојде во добиена позиција. И ВМ Влатко Богдановски беше пред победа, имаше голема предност во самата партија играјќи каро-кан отворање, но реализацијата претставуваше проблем, па така само овој дуел заврши со поделба на поенот. На четвртата табла ВМ Звонко Станојоски се соочи со противничка која не покажа дека му е дорасната, а самиот факт дека успеа да ја матира и да поведе со 3:0 кажува дека нашиот играч беше на висина на задачата. „Сметам дека го потврдивме реномето и не бевме попусто сметани за еден од фаворитите за висок пласман. Имавме добри резултати – пет победи, две нерешени и два минимални порази. Задоволни сме од добрата игра и од залагањето на сите играчи, се играше за секој поен, но, едноставно, недостигаше малку спортска среќа за нешто повеќе. Навистина покажавме висока класа и не потфрливме меѓу силните светски селекции. Посакувавме екипен медал, но се надевам дека ќе го освоиме во некој следен настап. Мора да кажам дека петто место во светот за еден шаховски клуб е резултат за почит, особено што зад нас се селекции од земји како што се Канада, Полска и Словачка. Искрено, сметам дека во иднина повторно ќе имаме шанса да играме за висок пласман и да донесеме трофеј што ќе ги израдува шаховските вљубеници во земјава, но и самата држава и компанијата која стои зад нас и која ни ја дава потребната поддршка“, изјави капитенот на ШК Алкалоид, ВМ Драган Јаќимовиќ. На крајот беа доделени и медали за најуспешните играчи по табли, при што ВМ Трајко Недев го освои сребрениот медал на втората табла, зад Кајданов од САД, а пред Годена од Италија. ВМ Кирил Георгиев и ВМ Звонко Станојовски беа четвртопласирани во конкуренцијата на првата и на четвртата табла, односно малку недостигаше за да стигнат до бронза. „Задоволен сум од играта и сметам дека покажавме квалитет. Испративме порака до помладите дека во Македонија може успешно да се игра шах, дека со работа и со желба може да се постигне многу. Би сакал ова да биде поттик за нив да продолжат да го изучуваат шахот и да стигнат до посакуваните цели. Ние како екипа се обидовме да стигнеме до медал, а поединечните успеси не ни беа во фокусот, но, сепак, задоволство ми е кога гледам дека и противниците со кои сум играл освоиле медали (Елвест, Година, Петерсон), што значи дека и тие биле во добра форма, па на тој начин овој медал ми носи сатисфакција дека не е освоен случајно“, изјави ВМ Трајко Недев. Од другите македонски екипи добар резултат постигнаа ветераните кои играа во категоријата на играчи над 65 години и кои на крајот беа на делба од 11. до 13. место (според тај-брејк, дванаесетти), иако според почетниот рејтинг беа на 18. место. Фото: Архива на ШК Алкалоид...
Драма во Ница: Фудбалер се заканува со самоубиство на виадуктот Мањо
Спорт 1 - пред 2 часа
Вистинска драма се случува на виадуктот Мањо во Ница, откако фудбалер на францускиот прволигаш стои на мостот и се заканува со самоубиство. Неименуваниот фудбалер се заканува дека ќе скокне од мостот, кој е на 100 метри од тлото и според фрнцуските медиуми, причина за заканата за самоубиство е прекинување на љубовна врска. Пожарникари и полицајци во моментов се на виадуктот и преговараат со фудбалерот за да го откажат да скокне и да се самоубие. ? ?ンラᆬ?ンラヤ?ンラワ?ンラレ: An OGC Nice player is threatening to commit suicide. The unnamed professional player is standing on the Magnan viaduct, 100 metres above the ground and is threatening to jump. According to reports in France, the player in question is suicidal following a… pic.twitter.com/L0lSv8ztmT — Transfer News Live (@DeadlineDayLive) September 29, 2023...
Поради чудниот договор со Кинезите, Адеми само влегува од клупа за Динамо!
Спорт 1 - пред 2 часа
Аријан Адеми се врати во Загреб, по шест месеци минати во Пекинг, иако за повратниот трансфер потребни беа долги преговори, за на крај Динамо и Гуан да се спогодат за отштета од 300.000 евра. Меѓутоа, како што течат натпреварите се забележува дека македонскиот репрезентативец нема иста улога како порано во Динамо и замо влегува од клупата, како резервист. Откако се врати на „Максимир“, одигра само 7 минути против Славен Белупо, 28 против Рудеш и 27 со Пониква во Купот на Хрватска. Во Конференциската лига не игра воопшто, бидејќи Динамо задоцни со регистрирањето и таму би играл единствено во нок-аут фазата, напролет. Причината за оваа потпросечна минутажа за капитенот на Динамо биле дополнителните клаузули со Пекинг Гуан, кои налагаат Динамо да исплати бонуси врз основа на настапите на Адеми. Една од тие клаузули велела дека ако Адеми одигра повеќе од 35 минути на повеќе од осум меча до крајот на 2023 година, тогаш Динамо треба да му исплати на Гуан уште 500.000 евра. Затоа тренерот Сергеј Јакировиќ го дозира и го пушта само во второто полувреме. За среќа на Динамо, во овие споменати натпревари не ни постоеше потреба од Адеми, но следуваат дерби дуели со Хајдук, Риека и со Осиек, во кои тој ќе биде неопходен. Дополнително, ако Адеми одигра повеќе од 35 минути на повеќе од 15 меча до крајот на сезоната 2023/24, Динамо ќе треба да му исплати на Гуан уште 700.000 евра, што би ја довел комплетната максимална можна цена до 1.5 милиони евра. Оваа втората клаузула е попроблематична, бидејќи е до крајот на сезоната, а потенцијално, Динамо би настапувал во елиминациските кола од Конференциската лига, каде што не може да се замисли меч без Адеми. Распоредот е таков што, до крајот на 2023 година, т.е. до крајот на полусезоната во Хрватска, Динамо игра двапати со Хајдук и по еднаш со Риека и со Осиек, па таа прва клаузула за 500.000 евра би ја избегнал. Но, потоа ќе му останат уште 11 меча на кои Адеми ќе смее да игра повеќе од 35 минути и ќе биде проблематично да се дозира неговата минутажа....
Навивачите протестирале, газдата се налути: Отсега нема да дадам ни фунта!
Спорт 1 - пред 2 часа
Интернва војна го зафати Шефилд венздеј, еден од постарите англиски клубови, кој во моментов се натпреварува во вториот ранг, Чемпионшип, но се наоѓа на последното место. Поради лошиот старт на сезоната, навивачите се кренале на протест против сопственикот, Дејфон Чансири од Тајланд, барајќи или да вложува повеќе во клубот или да си оди. Овој, пак, очигледно со краток фитиљ, им возвратил со отворено писмо, заканувајќи се дека штом му протестираат ќе престане да вложува. „Отсега нема да вложувам пари во клубот. Штом вие велите дека сте сопственици, а дека јас сум само привремен чувар, тогаш покажете ми како да бидам добар сопствени и направете нешто да го сочувате клубот. Вие сакате да си одам, а истовремено да трошам уште пари? Ако сакате да го напуштам Шефилд, тогаш покажете ми како да го водам клубот и како да ги вложувам парите. Вие немате право да барате од мене да си одам. Јас сум тој кој го спаси клубот, кој трошеше пари, кој мора секој месец да плати по 2.5 милиони фунти. Некои навивачи мора да имаат поголем респект кон сопствениците, а не да бидат така себични, размислувајќи само за себе, без да прават ништо во корист на клубот. Тоа е неприфатливо и како резултат на сѐ, решив да не вложувам повеќе пари додека навивачите ме третираат без почит“, порачал сопственикот од Тајланд. Кој се фатил во војна со навивачи во Англија, тешко излегол на крај, така што не му се пишува добро на Шефилд венздеј, кој по осум кола во Чемшионшип има шест порази и две нерешени....
На теренот играат Мајорка и Барса, а во ВИП-ложата - полугола танчарка! (ВИДЕО)
Спорт 1 - пред 3 часа
Натпреварот меѓу Мајорка и Барселона, кој се одигра во вторникот, уште предизвикува реакции, не затоа што резултираше во возбудливо реми 2-2, туку поради една видео-снимка, која покрена остри реакции. За време на натпреварот на „Естадио Сон Моиш“, гледач од трибините успеал да сними што се случува во една од ВИП-просториите. Снимил како полугола танчерка игра и ги забавува присутните богати гости, без некој да се грижи што се случува на настанот за кој божем дошле. Сето ова предизвика бурни реакции од типот: „Се загуби смислата на фудбалот!“ „Ова не смее да биде дозволено на фудбалски стадион!“ „Ова е деградирачко и ниско!“ Станува збор за ресторан, вграден во трибината, споен со ВИП-ложата на новиот стадион на Мајорка. Се разбира, сопственикот нема грижа на совест и настанот го објаснил со зборовите: Ова не е црква, ова е ресторан. I això de tenir gogós a sa VIP??? pic.twitter.com/s9GFkkdQiF — Mallorquinista (@CantaToni) September 28, 2023...
Жарко Пешевски избран во топ-5 гола во третото коло од ЛШ! (ВИДЕО)
Спорт 1 - пред 3 часа
Пелистер доби уште една сатисфакција по третото коло од ракометната Лига на шампионите, покрај добрата игра во поразот од Кил (20-23). Капитенот Жарко Пешевски го постигнал еден од најубавите голови, според магазинот на ЕХФ. Впрочем, Пешевски е само снаодлив реализатор, со лоб удар, на целата акција, која делува динамично. Урош Борзаш и Домен Тајник одиграа „еден-два“ додавање како во фудбал, а Словенецот му асистираше на Пешевски. Најубавиот гол за ова коло му припаѓа на Борут Мачковшек од Пик Сегед....
Се сеќавате на „немакедонските“ бордо дресови на ФФМ? - Уште се користат! (ФОТО)
Спорт 1 - пред 4 часа
Се сеќавате ли на бордо дресовите кои Фудбалската федерација на Македонија ги промовира како наше ново руво, во пресрет на Европкското првенство во 2021? Можеби не дочекаа да бидат носени под блескавите рефлектори на УЕФА, но дефинитивно го дочекаа светлото на денот и веќе некое време се во употреба. Ни го носи некоја младинска селекција на Македонија ниту, пак, не се користат како тренинг дресови, туку се новите униформи на македонскиот третолигаш - Демир Хисар. Екипата која се натпреварува во Трета лига југозапад ги користи овие бордо дресови од ноември 2022 година, за што може да посведочи и нејзината официјална фан-страница на Фејсбук. Во последнава година многу поретко се објавени фотографии од претходните дресови, кои потсеќаат на репрезентацијата на Перу и на Ривер плејт, од Аргентина. Како овие дресови стигнале до ФК Демир Хисар? - Не е познато. Она што јавноста го знаеше е дека, откако ФФМ ги промовира на голема врата новите модерни дресови за ЕП 2021, јавноста се крена со остра реакција, обвинувајќи дека оваа бордо нијанса не ја претставува Македонија. ФФМ се правдаше дека такви дресови им пратиле од ЈАКО, германскиот произведувач на спортска опрема, а Германците, пак, велеа дека тие не креираат дресови од свој памет, туку ги направиле точно како што ФФМ дала инструкции. За да смири ситуација, претседателот Мухамед Сеидини соопшти дека бордо дресовите ќе бидат тргнати од употреба и Македонија ќе настапи на ЕП 2021 во својата препознатлива униформа, со посветла црвена и со жолтото сонце. Бордо дресовите веќе беа пуштени во продажба, некои луѓе купија, но што се случи со целиот контингент добиени од ЈАКО и наменети за репрезентацијата - не беше познато. Очигледно дел од дресовите заминале кај ФК Демир Хисар, кој наместо со клупско лого, игра со амблемот на ФФМ....
Ако запне во тенисот, Медведев може слободно да биде - центарфор во фудбал! (ВИДЕО)
Спорт 1 - пред 4 часа
Третиот тенисер на свеетот Данил Медведев, успешно го мина второто коло на мастерсот во Пекинг, а попатно направи и некој видео-инсерт за забава на публиката. Во еден поен од мечот со Томи Пол, при свој сервис, Медведев истрча на мрежа, но по неколку волеи не успеа да го освои поенот. Она што успеа е да демонстрира дека има голгетерски инстинкт, бидејќи во една ситуација, кога по волеј топчето му се врати во негово поле, тој изреагира како фудбалски центарфор во петерец, „давајќи гол“ со глава. Сепак, Русинот славеше со 6-2, 6-1 и се пласира во третата рунда, каде што го чека Алекс Де Минор од Австралија. Второто коло го минаа и четвртиот на светот, Холгер Руне од Данска, со 6-4, 6-4 против Феликс Оже-Алијасим од Канада, како и шестиот носител, Италијанецот Јаник Синер, со 6-4, 6-7, 6-3 против Британецот Ден Еванс. Daniil Medvedev 😂⚽️#ChinaOpen pic.twitter.com/M0h6UNbGFu — عشاق التنس Arab Tennis (@ArabTennis20) September 29, 2023...
Швјонтек елиминирана во Токио, две Русинки во полуфиналето
Спорт 1 - пред 5 часа
Втората светска тенисерка, Ига Швјонтек од Полска, застана во четвртфиналето од ВТА-турнирот во Токио, губејќи од Вероника Кудерметова од Русија. И покрај тоа што сите четири меѓусебни соочувања досега ги доби Швјонтек и тоа убедливо, губејќи сѐ на сѐ 10 гејма, утрово се случи изненадување во три сета, 6-2, 2-6, 6-4. Во првиот сет Швјонтек правеше премногу грешки, во третиот се чинеше дека се подготвува пресврт, но само еден брејк пресуди во третиот сет во корист на 19. на светот. Во полуфиналето, Кудерметова ќе се сретне со својата сонародничка, Анастасија Пављученкова, која од 86. позиција на светот славеше со 6-2, 7-5 над Екатерина Александрова. Да нема трета Русинка во полуфиналето се погрижи четвртата светска тенисерка и втора носителка во Токио, Џесика Пегула од САД, доминантно надигрувајќи ја Дарија Касаткина со 6-1, 6-0. Нејзина противничка ќе биде подобрата од Гарсија - Сакари....
Реваншите ќе решаваат: Бока не го искористи домашниот терен против Палмеирас!
Спорт 1 - пред 5 часа
Панданот на европската Лига на шамионите, јужноамериканската Копа Либертадорес, стигна до полуфиналната фаза, но по првиот круг нема победници, така што реваншите ќе бидат пресудни за пласман во финалето. Синоќа, Бока јуниорс не го искористи домашниот терен да оствари победа и одигра 0-0 против бразилски Палмеирас. Единсон Кавани имаше две шанси, како што ближеше крајот на мечот Бока посилно притискаше, но се чини дека Палмеирас остана задоволен со нерешено во Буенос Аирес. На реваншот во Сао Пауло, идниот петок, ќе му биде полесно да постигне гол, иако во оваа фаза од натпреварувањето ништо што важи на хартија не мора да значи и на терен. Во второто полуфинале исто така немаше победник во првиот круг. Флуминенсе и Интернасионал одиграа 2-2, a реваншот во Порто Алегре е в четврток. Бранител на пехарот е Фламенго, кој отпадна уште во осминафиналето, а Палмеирас го креваше пехарот две години по ред, пред тоа. Палмеирас има вкупно три трофеи, Интернасионал две, а Флуминенсе ниту една, само едно финале. Најтрофејна од оваа четворка е Бока, со шест титули, но последната уште од 2007 година....
Индија се враќа во календарот на Формула 1 од 2025 година
Спорт 1 - пред 6 часа
После една деценија трка во Формула 1 повторно ќе се вози во Индија и тоа од 2025 година, најави „Индија Тудеј“, откако почнале преговорите за влез на патеката крај Њу Делхи во календарот на „октанскиот циркус“. Индија беше домаќин на три трки во Ф1, почнувајќи од 2011 година и на сите три гранприја тогаш победи четирикратниот светски првак Себастијан Фетел, но потоа трката беше исфрлена од календарот поради даночните спорови помеѓу ФИА и управата на регионот Утар Паредеш, недалеку од Њу Делхи, каде се наоѓа патеката „Буд“. Индија во моментов е домаќин на трки во Мото ГП, има седумгодишен договор за да се натпреваруваат најдобрите мотоциклисти, а минатиот викенд Марко Бацеки победи на гранприто, а посетата на трката беше извонреда, па токму фактот што Индија е втора најмногубројна земја на светот зад Кина е адут според кој многу брзо може да се постигне договор за кам-бек во Ф1. Низа индиски официјални лица, меѓу кои и Арун Вир Синг, директорот на управатаза индустриски развој на брзи патишта „Јамуна“ потврдил дека се почнати преговорите и дека наскоро ќе следат официјални разговори со организаторите....
Барселона врза уште еден суперталент со клаузула од – милијарда евра!
Спорт 1 - пред 6 часа
Најголемиот талент на Барселона, Ламин Јамал (16) и дефинитивно добива клаузула од една милијарда евра, со која Каталонците во ек на големи турбуленции со процесот за корупција, го блиндираа својот суперталент со новиот договор до 2026 година. Веќе подолго време Барса и Јамал преговараа за новиот договор, особено што во Каталонија во него гледаат, нова ѕвезда која долго време како Лионел Меси ќе го води гигантот покрај постарите Гави и Педри, кои претходно со новите договори добија исто така откупни клаузули од една милијарда евра. Јамал официјално ќе биде промовиран со новиот договор во следните седум дена, а тој е најмладиот фудбалер кој дебитирал за петкратниот европски првак со 16 години и 38 дена, а против Грузија пред две недели стана најмлад стрелец и во историјата на шпанската репрезентација со гол и асистенција на мечот во Тбилиси. Пред девет дена нов договор со откупна клаузула од една милијарда евра потпиша Алехандро Балде, со важност до 2028 година....
Италија ќе го тужи бившиот селектор Роберто Манчини
Спорт 1 - пред 7 часа
Претседателот на италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ), Габриеле Гарвина најавил тужба за доскорешниот селектор на „аѕурите“ Роберто Манчини, кој пред нешто повеќе од еден месец даде оставка и си замина од кормилото, а Лучијано Спалети го наследи на клупата. Гарвина на извршниот комитет на федерацијата ја најавил можната тужба за Манчини со која ќе се бара компензација од него за раскинот на договорот, иако ФИГЦ, пак, не сакаше да плати три милиони евра отштета кон Наполи за Спалети, иако човекот кој го донесе „скудетото“ во Неапол ја напушти клупата на актуелниот првак. ФИГЦ веќе ангажирале адвокатски тим за да го прочешла целиот случај пред официјално да се покрене тужбата против Манчини, кој нецел месец откако си замина од кормилото на Италија, потпиша договор во Саудиска Арабија да биде селектор на оваа земја, за плата наводно од 25 милиони евра годишно. Според Гарвина, федерацијата се сомнева дека причина за заминувањето на Манчини од селекторската позиција е понудата од С. Арабија, за која не ги информирал, туку еднострано го раскинал договорот со неотповиклива оставка, иако легендарниот италијански фудбалер и тренер демантираше дека причина за заминувањето е понудата од арапите....
Атлетико врза две победи по ред – ја освои Памплона (ВИДЕО)
Спорт 1 - пред 15 часа
Поранешниот шпански првак Атлетико Мадрид врза две победи по ред, па дојде до четири од шест меча во новата сезона во Ла Лига после вечерашниот триумф во Памплона со 2-0 против Осасуна. Мадридските црвено-бели во тензичниот меч на крајот со две исклучувања, дојде до победата со гол на Ентоан Гризман во 20-та минута и на Родриго Рикелме во 81-та минута од мечот, а Алваро Мората и Чими Авилја предвреме го завршија мечот откако беа исклучени за неспортски однос. Прво фудбалерот на домаќните Авилја во 85-та, а потоа Мората за два жолти картони кои ги доби во рок од една минута. Атлетико со оваа победа дојде до 13 бода и е петопласиран, додека Осасуна со четвртиот пораз остана на седум на 14-та позиција на табелата. ?Goal: Osasuna 0-1 Atletico Madrid. Antoine Griezmann Scores the Opener, Tight Angle Finish from Frenchman.pic.twitter.com/QiqT7ebs1M — ForeverFooty (@Footy_Forever2) September 28, 2023 ?Goal: Osasuna 0-2 Atletito Madrid. Riquelme makes it 2. pic.twitter.com/r8NuN5i9fb — ForeverFooty (@Footy_Forever2) September 28, 2023...
Џенова по 17 меча и девет години дочека победа над Рома и тоа со стил – ја здроби! (ВИДЕО)
Спорт 1 - пред 15 часа
После девет години и 17 меча во низа без победа, Џенова ја начека Рома за да ѝ се реваншира за сите страдања (14 победи за „волчицата“ и три ремија), па најстариот калчолигаш ги здроби римјаните со 4-1 на преполниот „Мараси“ во ова шесто вонредно коло за уште повеќе ја ја продлабочи кризата на четата на Жозе Мурињо. Џенова четирипати директно шутна во рамките од голот на Рома и четирипати победи за убедливата победа во која клучни беа Мортен Торсби и Матео Ратеги, првиот со гол и асистенција, а вториот со клучен погодок пред крајот на полувремето за да ја врати предноста. ?GOAL: Genoa 1-0 Roma. Gudmundson Opens the Scoring pic.twitter.com/c613Ck2MVJ — ForeverFooty (@Footy_Forever2) September 28, 2023 ?Goal: Genoa 1-1 AS Roma. Cristante Equalizes for Roma.pic.twitter.com/9QqA8qOKwj — ForeverFooty (@Footy_Forever2) September 28, 2023 ⚽️ ?゚ヌᄍ ?ンミホ?ンミヒ | Genoa vs Roma 2-1 | Mateo Retegui ?ᄌマ Morten Thorsby#Genoa#Roma#GenoaRomapic.twitter.com/JWd4s2yo7e — SUPERSPORT ? (@SupperSport_) September 28, 2023 Гудмунсон по пет минути донесе предност, Брајан Кристанте израмни во 22-та, за во последната минута од првиот дел Ратеги да даде убав гол за да ја врати предноста на асистенција за Торсби, а Норвежанецот во 74-та донесе предност од два гола со погодокот со глава, за Жуниор Месијас девет минути пред крајот да стави печат на триумфот. 🚨Goal: Genoa 3-1 AS Roma. Thorsby makes it 3.pic.twitter.com/OV574KRaio — ForeverFooty (@Footy_Forever2) September 28, 2023 🚨Goal: Genoa 4-1 AS Roma. Jumior Messias Makes it 4. pic.twitter.com/e8oL1GDXy1 — ForeverFooty (@Footy_Forever2) September 28, 2023 Со само една победа во шест меча и пет бодови на контото, Рома го има најслабиот старт во 21-от век и овој пораз е само кулминација на главоболките на Мурињо, чиј тим игра ужасно лошо во одбрана со дури 11 примени голови и само Сасуоло со 12 примени гола и Емполи со 13 досега во сезоната се дефанзивно послаби од Рома . Рома е на 16-та позиција, две над опасната зона, а Џенова со втората победа има седум бода и е 11-та....
Зидан се договорил да биде тренер на Марсеј кога саудиски конзорциум ќе го купи клубот
Спорт 1 - пред 16 часа
Француската легенда Зинедин Зидан се договорил со саудиски конзорциум да биде тренер на Олимпик Марсеј, поранешниот француски и европски првак, кога Саудијците ќе го купат клубот и ќе станат нови газди, за што веќе преговараат. Конзорциумот од С. Арабија, зад кој стои моќниот фонд ПИФ, кој веќе го има во сопственост англиски Њукасл, притиска за купување на Марсеј, но засега газдата на францускиот клуб Франк Мекорт одолева на понудите и тврди дека не е на продажба францускиот гигант, но прашање е дали ќе може да одолее на многуте пари кои наводно му се нудат. Саудијците на Зидан му ветиле пакет од 300 милиони евра за да седне на клупата и да гради проект со кој ќе ја урне доминацијата на омразениот ПСЖ, кој е сопственост на Катар и француската легенда која од 2021 година е без клуб прифатил да биде дел од проектот. Зидан во два мандати беше тренер на Реал Мадрид откако прво ја имаше улогата на спортски директор и донесе три европски титули и две шампионски круни во Ла Лига, а зимава не успеа да стане селектор на Франција, иако имаше начелен договор, откако франуската федерација ја продолжи соработката со Дидие Дешан....
Светскиот првак „Папу“ Гомез потпиша за Монца
Спорт 1 - пред 16 часа
Светскиот шампион со Аргентина, Алехандро „Папу“ Гомез, кој летово остана без клуб и најави можна пензија ако не најде добра дестинација за продолжување на кариерата, ќе биде нов член на италијанска Монца. Италијанскиот клуб кој лани дебитираше во Серија А ја користи шансата за Гомез да го донесе како слободен играч откако Џанлука Карпари ги скина лигаментите и безмалку цела сезона ќе ја пропушти. Како што објави Фабрицио Романо, договорот на Монца и Гомез е договорен во принцип и веќе се закажани лекарските прегледи. Гомез, кој блескаше за Аталанта пред да замине во шпанска Севилја, на последниот ден од преодниот рок го раскина договорот со Андалузијците и остана без клуб....
Сплит го сака Хајдук како никој друг на Балканот – рекордни 100 илјади членски карти!
Спорт 1 - пред 17 часа
Сплит и Далмација се луди по Хајдук како никој друг на Балканов, па најдобар доказ за тоа е бројот на членски карти годинава кои ги продадоа сплитските „били“ - 100 илјади. Првпат во својата клупска историја, Хајдук дојде до бројка од 100.000 членови, а целта на „билите“, каде од неодамна игра македонскиот репрезентативец Александар Трајковски е да дојдат до 112.000 членови, симболично за 112 години постоење на хрватскиот великан. Самиот факт дека Хајдук има 100.000 членови го става овој клуб меѓу 20-те клубови со најбројно членство во Европа, на врвот се Реал Мадрид, Барселона, Порто, Бенфика, Спортинг Лисабон со над 300.000 членови, а на пример во Германија само шест клубови имаат над 100.000 членови – Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Келн, Ајнтрахт Франкфурт, Шалке и Хамбургер. Чланарината во Хајдук изнесува 20 евра, што значи дека само од чланарина „билите“ имаат приход од 1,2 милиони евра, а вкупната заработка е над 1,6 милиони евра, зашто имаат над 20.000 членови со претплатни билети, плус донатори кои откупуваа акции „за сите времиња“....
Најсрамна трка на стотка – трчаше само еден, ривалите избегаа поради допинг-контрола (ВИДЕО)
Спорт 1 - пред 17 часа
Државното првенство во атлетика во Индија донесе невиден скандал и најсрамна трка на стотка во историјата на „кралицата на спортовите“, откако само еден од осумте пријавени атлетичари настапи и нормално победи. Скандалот е поголем зашто седумте други ривали на победникот Лалит Кумар избегаа од трката, откако се појавила анти-допинг комисијата за да ги тестира натпреварувачите после настапот. Сите седуммина пријавиле грчеви и болки во мускулите за да не настапат, па така Кумар сам трчаше на стотка и победи. A MUST WATCH VIDEO: Finalists of 100mts Men were informed that Anti Doping officials would be collecting samples. Out of 8 finalists, only 1 showed up for the final. Cleaning sports is extremely important. Athletes should never resort to Doping. #cleansports #dopefreesports pic.twitter.com/gSqSaM27O2— masterofnone (@parthgoswami84) September 26, 2023...
Ла Лига како Серија А – два меча, две ремија!
Спорт 1 - пред 17 часа
Како во италијанската Серија А, така вечерва и во шпанската Ла Лига, во два меча победник немаше, па со две ремија завршија пресметките на Селта со Алавес односно Гранада со Бетис. Алавес ја искористи бројчаната надмоќ во Виго откако Селта по водството во 35 минута со автогол на Марин остана без Де ла Торе во 68-та минута, па Саму пет минути подоцна израмни и така заврши мечот, иако во завршницата Алавес бараше и пенал за играње со рака на еден домашен фудбалер, но судијата не покажа на белата точка. Слочно сценарио како во Виго имаше и на мечот Гранада – Бетис, каде фаворитот поведе со гол на Диао шест минути во вториот дел, но Бетис не издржа да ја сочува предноста, па Боје во 67-та израмни за Гранада да остане непоразена. По овие два меча, Бетис дојде до девет бода на 10-то место, Алавес има седум на 15-то, Селта е 17-та со пет, а Гранада претпоследна со четири....
Суле ја сопна Фиорентина, Монца без муниција (ВИДЕО)
Спорт 1 - пред 18 часа
Младинскиот аргентински репрезентативец Матијас Суле, кој летово дојде во Фросиноне од Јувентус, ја сопна Фиорентина и извади реми 1-1 за својот тим, а Монца и Болоња одиграа типично италијански без голови во денешните два меча од вонредното шесто коло во Серија А. Фиорентина дојде кај Фросиноне залетана по два триумфи во низа и одлично тргна откако Нико Гонзалез, кој пред два дена стана најплатениот фудбалер на „виола“ со новиот договор погоди во 19-та минута, но џабе беа потоа уште 18-те шута и петте директни, кога Фиорентина не успеа да го затвори мечот, а Суле во 70-та ги шокира со гол за реми. Фиорентина сега има 11 бода и е седмопласирана, а Фросиноне со девет е веднаш зад нив на осмото место. Монца и Болоња одиграа реми без голови во кое ВАР на домаќините еднаш им поништи гол во првиот дел, па двата тима на крај се задоволија со по бод, за Монца да дојде до шест со третата нерешена по ред, а Болоња со седум со четвртото реми во шест меча....
„Вардарците“ Дибиров и Моралес го распарчија Колстад за прва победа на Загреб
Спорт 1 - пред 18 часа
Поранешните вардарци Тимур Дибиров и Џоел Куни Моралес заедно дадоа 14 гола, а уште три додаде третиот екс-вардарец Патрик Валчак за ППД загреб да ја запише првата победа во ракометната Лига на шампионите и тоа на убедлив начин – го распарчија норвешки Колстад. Загреб кој е еден од противниците на македонскиот првак Пелистер во групата, одигра меч за паметење против „репрезентацијата на Норвешка“ предводена од Сандер Сагосен, па уште во првиот дел до знаење им дадоа на противниците дека нема што да бараат во хрватската престолнина. После израмнетиот период до 10-10 во кој Колстад најмногу доаѓаше до предност од еден гол, Загрепчани направија неверојатна серија од 7-0 за на полувреме да заминат со плус седум (17-10) и со два гола на стартот од вториот дел кога дојдоа до 19-10 практично ја обезбедија победата. Колстад не успеа ни да помисли на некаков кам-бек, најмногу што направи е еднаш да дојде на минус седум (20-13), па до крајот доживеаа вистински дебакл, во кој Моралес даде осум гола од 10 шута, Дибиров беше перфектен со шест од шест, а Валчак даде три од три шута. Милош Кос имаше четири гола, а Давод Чавар три. Блескаше Матеј Мандиќ, голманот на загрепчани со 16 одбрани и 47 отсто успешност, од 34 удари. Кај Колстад, Бјорн Гудјонсен даде 11 гола, но немаше поддршка од соиграчите, а првата ѕвезда Сагосен погоди само три. По три кола во групата на Пелистер, прв е Кил со максимални 6 бода, пред Алборг, ПСЖ и Кјелце по 4, ПИК Сегед, ППД Загреб и Колстад имаат по два, а само битолчани се без бодови....
Динамо без Ристовски и на дербито со Хајдук
Спорт 1 - пред 18 часа
Хрватскиот првак Динамо Загреб ќе мора без доскорешниот каптен на Македонија, Стефан Ристовски да го одигра големото дерби со Хајдук, закажано во недела на „Пољуд“, зашто дефанзивецот сѐ уште е повреден. Ристовски има проблем со листот на ногата поради кој не играше ни против Астана во минатата недела во воведниот меч од новата сезона во Конференциската лига, а македонскиот десен бек, кој сезонава најчесто играше како стопер сѐ уште е во аут и нема да конкурира за мечот со сплиќаните. За Динамо ова е голем хендикеп, зашто Ристовски е многу неопходен во дефанзивата на Динамо, а посебно за мечот со Хајдук, за да го чува најопасниот фудбалер на сплитските „били“ Марко Ливаја, кој не се наигра и беше скротен на првото сезонско дерби против македонскиот интернационалец . Лекарскиот тим на Динамо, според информациите од Хрватска, направиле сѐ за да го оспособат Ристовски, но не успеале во тоа. За Динамо се очекува да игра вториот македонски интернационалец Аријан Адеми, додека во Хајдук многу извесно од клупата за резерви ќе тргне репрезентативецот Александар Трајковски....
Наполи му се извини на Осимен: Не сакавме да се мајтапиме со нашето богатство!
Спорт 1 - пред 19 часа
Виктор Осимен, кој минатата сезона со своите голови беше можеби најзаслужен за првото скудето на Наполи по пауза од 33 години, деновиве е во центарот на голем скандал во кој одговорните за социјалните мрежи на клубот си играа мајтап со него. Актуелниот шампион на Италија објави видео на официјалниот профил на ТикТок во кое го исмева Осимен што бара да го изведе пеналот, кој потоа го промаши поради што наполитанците на славеа на гостувањето кај Болоња. Претходно, пак, беше објавено видео во кое се исмејуваат неговата фризура и глава, споредувајќи го фудбалерот со кокос. Објавата на култниот клуб веднаш стана вирална, а тоа што Наполи брзо ја избриша само ја направи попопуларна. Поради сето ова денеска се огласија и од таборот на италијанскиот шампион. 🇳🇬 This was the original video posted by Napoli about Victor Osimhen… and then deleted. ⚠️ …player’s agent Calenda announced that Osimhen is considering to take legal action against Napoli. pic.twitter.com/0PLunco9aD — Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) September 26, 2023 „Наполи, сакајќи да избегне каква било експлоатација на проблемот, истакнува дека никогаш не сме сакале да го навредуваме или да си играме мајтап со Осимен, кој е богатство на овој клуб. Како доказ за тоа, летово ја одбивме секоја понуда за негов трансфер во друг клуб. Социјалните медиуми, особено ТикТок отсекогаш користеле посебна форма на јазик со леснотија и креативност, без да сакаат, како во случајот со Осимен како протагонист, да навредуваат или исмејуваат. Ако, пак, Виктор забележал каква било навреда кон него, тоа не било она што го сакал клубот“, велат од составот од Неапол. Осимен, кој во Наполи дојде за отштета од 75 милиони евра, постигна 62 гола со 15 асистенции на 107 натпревари досега во дресот на оваа екипа. If Napoli’s official TikTok account can do this to Victor Osimhen the Player that brought them Glory last Season by calling Him Coconut then they don’t Deserve Him, Victor Osimhen should ask to leave Napoli in January , Like or Repost if I spoke your Mind . pic.twitter.com/i0dKv011Bq — SimCarD ‘ LieS TheY TolD US’ (Akpos) (@Therealsimcard) September 26, 2023...
Заработката е огромна: Партизан е чудо – продаде преку 16.000 сезонски билети!
Спорт 1 - пред 19 часа
Екипата на Партизан продолжува да поставува стандарди во европската клупска кошарка, па по сезоната во која беа срушени бројни рекорди, претседателот на клубот, Остоја Мијаиловиќ, денеска откри дека за следната сезона досега се продадени неверојатни 16.124 сезонски билети. Тоа е апсолутен рекорд за регионалната, но веројатно и за европската кошарка, а само од продажбата клубот заработи околу шест милиони евра, кои се веќе на сметката на црно-белите. Сето ова е постигнато без да биде поделен ниту еден бесплатен билети. „Ниту еден билет не беше поделен бесплатно, освен многу малку за спонзорите, кои беа само неколку стотини, а и 'Гробари' купија 2.000 билети и вчера ги платија сите. Оставивме само мал број билети за продажба пред натпреварите“, изјави Мијаиловиќ. Првиот човек на Партизан откри дека буџетот е значително зголемен за претстојната сезона и тоа за една четвртина во однос на ланскиот. Тој потоа проговори за целите на клубот. „Целите се пласман во Топ 8-фазата во Евролигата, со желба за борба за место на фајналфорот и секако сакаме пак да ја освоиме АБА лигата. Целите се практично исти како и минатата сезона. За нас е голем проблем е да формираме добар буџет без пари од ТВ права. Грчките клубови добиваат и до девет милиони евра, а Партизан ниту цент од правата за преноси. Мора да се бориме за постојана позиција во Евролигата, а во 2025 година дај Боже да бидеме постојан член, па би добивале пари од оваа ставка. Бевме најгледаниот клуб од сите во АБА и Евролигата и мислам дека нешто заслужуваме за тоа“, дополни првиот човек на црно-белите. Партизан и сезонава своте натпревари како домаќин ќе ги игра во „Штарк Арената“ во Белград, чиј капацитет е околу 22.000 седишта....
Црногорски политичар побара доживотна суспензија за – Новак Ѓоковиќ (ФОТО)
Спорт 1 - пред 20 часа
Црногорскиот политички аналитичар, Љубомир Филиповиќ, го навлече гневот на навивачите на Новак Ѓоковиќ, откако жестокот го нападна најдобриот тенисер на светот со зборови, кои шокираа многу луѓе и во Србија и во Црна Гора. Популарниот Ноле денеска објави трогателна фотографија направена пред црквата Свети Сава во Белград, каде што граѓаните на Србија запалија свеќи за спомен на неодамна загинатите Срби на Косово и Метохија. Ова наиде на одобрување кај сите што се против убиствата и војните, но неговиот потег беше осуден од Црногорецот, кој за тоа побара доживотна суспензија за Ѓоковиќ! „Ѓоковиќ треба да добие доживотна забрана од тенисот. Ако не биде избркан, тогаш треба да биде посрамотен од нормалните луѓе на овој свет. Се приклучил на српската пропаганда, а терористите ги претставува како херои“ - гласеше објавата на Филиповиќ. Đoković should be banned from tennis for life. If not banned than shunned by the normal people of the world. He is now joining Serbian state propaganda which is trying to portray terrorists as heroes. pic.twitter.com/4EIe2gfcUA — Ljubomir Filipović (@ljubofil) September 28, 2023...
Енди Мареј имаше 5-2 во решавачкиот сет и - прокоцка три меч топки (ВИДЕО)
Спорт 1 - пред 20 часа
Британскиот тенисер, Енди Мареј, е елиминиран уште на стартот од турнирот во Пекинг, откако во првото коло загуби од Алекс де Минор (3-6, 7-5, 6-7). За ветеранот ова беше петти пораз во исто толку меѓусебни пресметки против противникот од Австралија, во меч во кој с ечинеше дека е на добар пат да ја прекине црната низа. Енди Мареј го загуби првиот, но по голема борба го доби вториот сет, за во решавачкиот да почне фантастично и брзо да дојде до водство 5-2. Но, наместо да ја капитализира предноста, Британецот во осмиот гем имаше и две меч топки на сервис на противникот, кои не ги искористи, по што беше казнет. What a match! 😱@alexdeminaur saves 3 match points to defeat Murray for the 5th straight time! #ChinaOpen pic.twitter.com/BCHPpbGmbm — Tennis TV (@TennisTV) September 28, 2023 Де Минор прво направи брејк за 4-5, за на крајот да дојде до тајбрејк, во кој Мареј имаше уште една меч топка на 6-5 во поени, но и тоа не ја искористи. Тоа целосно го демотивира, ги загуби и следните два поени што за него значеше и крај на настапот на турнирит во Кина. Австралиецот, пак, во следната рунда ќе игра против подобриот од дуелот помеѓу Американецот Томи Пол и вториот носител, Русинот Данило Медведев....
Осимен им е лут и на соиграчите во Наполи (ВИДЕО)
Спорт 1 - пред 21 часа
Виктор Осимен се навреди затоа што Наполи преку социјалната мрежа „Тик-Ток“ го исмејувала, па неговиот агент најави и тужба против калчолигашот. Осимен му е лут и на тренерот Руди Гарсија, но и на соиграчите како што може да се забележи на снимката која се појави на „Твитер“. #Osimhen arriva all’Hotel Serapide. Saluta Santoro, ma snobba #Demme e #Zielinski. La faccia del Team Manager la dice lunga. Video: Enzo Buono.#Napoli pic.twitter.com/dInBTqvIU8 — Gennaro Del Vecchio (@GennyDelVe) September 27, 2023...
Чави: Треба да се грижиме за Јамал како што Рајкард се грижеше за Меси!
Спорт 1 - пред 21 часа
Барселона има ново чудо од дете во Ламин Јамал, кој со само 16 години неодоливо потсеќа на потенцијалот со кој Лионел Меси пред две децении се појави на светската сцена во истиот дрес. Момчето кое наполни 16 години во јули, oд почетокот на сезонава веќе доби повеќе минутажа споредено со цела мината, се разбира, кога беше уште 15-годишен. Се појави на единствениот натпревар во Лигата на шампионите и на седум меча во Ла Лига, каде што веќе направи три асистенции. Затоа, пред утрешниот натпревар со Севиља, Чави Ернандес говореше за значењето кое може да го има овој тинејџер во Барселона, но и за односот на сите во клубот кон него, кој мора да биде беспрекорен. „Ламин е вешт фудбалер, тој креира игра и затоа мора да го користиме и да не го занемаруваме. Потсетува на Меси, на Дембеле...мора да ги користиме неговите способности, за цела екипа да игра подобро. Да го храниме со топки и да му овозможиме да игра на теренот. Мора да се грижиме за него како што Рајкард се грижеше за Меси, тоа е добар пример. Мора да бидеме внимателни со менаџирање на минутажата, со физичкиот напор...важното е дека тој може да ни помогне во многу натпревари“, зборуваше Чави. Меси дебитираше во Ла Лига во октомври 2004 година (против Еспањол), на свои 17 години, што значи повозрасен од што е сега Јамал. Во цела сезона одигра седум меча во Ла Лига и постигна еден гол, додека во ЛШ доби еден цел натпревар....
Шампионски дрес на Чемберлен продаден за 4,9 милиони долари (ФОТО)
Спорт 1 - пред 22 часа
Дресот од Лос Анџелес Лејкерс на Вилт Џембрлен од финалната серија во НБА-лигата во 1972 година беше продаден на аукција за неверојатни 4,9 милиони долари. Чембрлен беше еден од најважните кошаркари кога Лејкерс славеше против Њујорк никс, а тогаш во петтиот меч легендарниот играч постигна 24 поени, 29 скокови и осум асистенции. Професионалната кариера ја почна во 1958, а ја заврши во 1973 година и притоа освои голем број награди во текот на истата. Исто така, постигна дури 31.419 поени во НБА-лигата. Wilt Chamberlain's 1972 NBA Finals Game 5 ‘Championship Clinching’ Game Worn Los Angeles Lakers Jersey sells for $4.9 million at @sothebys. The jersey received one bid at the reserve price. pic.twitter.com/9xahoBiOlx — Darren Rovell (@darrenrovell) September 28, 2023...
Пешевски: Ова ќе ни биде поттик, крајно време е да почнеме да победуваме!
Спорт 1 - пред 22 часа
Капитенот на Пелистер, Жарко Пешевски, црпи мотивација од синоќешниот пораз од Кил (20-23), во кој Пелистер беше долго време рамноправен. Според репрезентативниот пивот, ова е стилот на игра и пристапот кој треба Пелистер да го има на сите натпревари во иднина. „Ова беше едно поинакво издание од Пелистер. Овој натпревар мора да ни биде поттик како треба да се однесуваме во иднина. Влеговме максимално мотивирани, знаевме дека екипата мора да проработи. Штета што, едноставно немавме погоден противник. Кил е многу поискусен од Пелистер и тоа беше единствената разлика на теренот. Морам да кажам дека шеесет минути бевме максимално бодрени како никогаш досега, едно големо благодарам и мислам дека ова ќе ни биде огромен поттик за во иднана и затоа крајно време е да почнеме да победуваме“, истакнува Пешевски. Дека екипата напорно работи нема дилема, едноставно досега тешко испливуваше на површина воиграноста и течноста во играта. „Макотрпно се работи на тренинзи, се анализира противникот и самите играчи меѓусебно повеќе се разбираат и во иднина ќе биде само подобро. Супер-проитивници ни се ривали во Лигата на шампионите и мора да сме 200 проценти подготвени. Ветувам дека во иднина на секој домашен натпревар ќе гледате ваков Пелистер“, додава Пешевски. Следниот предизвик за македонскиот првак во Лигата на шампионите е гостувањето кај ПСЖ, на 12 октомври, а следниот домашен натпревар е Кјелце, на 25 октомври....
Грозни пораки за чешка тенисерка: Подобро ќе биде да добиеш рак или да се самоубиеш
Спорт 1 - пред 23 часа
Тенисер(к)ите секогаш добиваат критики од страна на навивачите за нивни лоши резултати, а последна жртва беше чешката тенисерка Линда Носкова која добила грозни пораки на Инстаграм. Младата тенисерка загуби на турнирот во Јапонија со 1-2 во сеотви, а по натпреварот еден навивач ја нападнал на социјалните мрежи. „Убиј се, заврши го твојот е*ен живот. Имаш 20 гем топки, а на крајог губиш. Подобро ќе биде да добиеш рак и да умреш“, се само дел од пораките кои ги добила Носкова. Linda Noskova posts a disturbing message she received after her loss in Tokyo This is nauseating to read. Sadly, it’s becoming more & more common for these athletes to deal with harassment almost daily. Reminder that Linda is only 18 years old & has to read this. Sickening. pic.twitter.com/4LewvzLK9G — The Tennis Letter (@TheTennisLetter) September 28, 2023...
Ѕвезда на Дортмунд доби критики поради згодна Албанка (ФОТО)
Спорт 1 - пред 23 часа
Карим Адејеми требаше да биде еден од предводниците на Борусија Дортмунд, откако стигна како замена за Ерлинг Халанд, но напаѓачот разочара затоа што не бил доволно фокусиран на фудбал. „Билд“ пишува дека Адејеми не е доволно фокусиран на спортот, туку на животот со познатата раперка Лоредана која има потекло од Албанија. Адејеми оваа сезона не постигна ниту еден гол и асистенција на пет натпревари во Бундеслигата, односно испрати само два удари кон противничките голови....
Вардар почна со продажба на сезонски билети - најбрзите навивачи ќе добијат и маичка!
Спорт 1 - пред 1 ден
Двократниот европски шампион Вардар денеска ги пушти во продажба сезонските билети за сите домашни натпревари на екипата, а со билетот ќе може да се гледаат домашните натпревари, Куп натпреварите на Македонија, како и дуелите од СЕХА-лигата. Цената на сезонскиот билет е 1.200 денари, а најбрзите 500 навивачи ќе добијат и брендирана навивачка маичка од Вардар. Продажбата на сезонските билети се врши преку „Купи карти за сè“ и нивната продажна мрежа....
Џабе најдобар стрелец и МВП: Сара Стефаноска не е повикана за репрезентацијата!
Спорт 1 - пред 1 ден
Селекторот на женската ракометна репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски го објави поширокиот список со ракометарки за квалификациските натпревари за пласман на Европското првенство (ЕП) во 2024 година, но на истиот не се наоѓа Сара Стефаноска која е носител на играта на ЖРК Вардар. Стефаноска е најдобра ракометарка на „црвено-црните“ и речиси секогаш најефикасна на сите средби, лани на Ф4-турнирот во Купот, беше најдобар стрелец. На младинскиот Ф4 пак, убедливо ги доби двете награди - и за најдобар стрелец и МВП на турнирот. Исто така, Стефаноска на последното дерби против Чаир постигна 10 гола и беше најзаслужна за ремито против фаворитот, но очигледно тоа не беше доволно да го убеди Грчевски да ја повика во селекцијата. Македонија нема луксуз да располага со широк избор ракометарки, уште помалку со врвни интернационалки, затоа и во поширокиот список 18 од 35-те доаѓаат од клубови од домашната лига. Меѓутоа дури и во таква ситуација критериумите за избор заобиколија една од најдобрите голгетерки. Нашата репрезентација се наоѓа во групата 5 во квалификациите за место на ЕП заедно со репрезентациите на Шпанија, Азербејџан и Литванија. Ракометарките првиот меч го играат на домашен терен на 11 октомври против Азербејџан, по што следи гостување кај Литванија на 15 октомври....
Ѓорческа со пресврт се избори за четвртфинале во Куршумлиска Бања
Спорт 1 - пред 1 ден
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа славеше со 2-1 во сетови, односно 3-6, 6-2 и 6-3 против Србинката Миа Ристиќ за пласман во четвртфинале во Куршумлиска Бања. Ѓорческа лошо го почна натпреварот, а то го искористи Ристиќ која набрзо направи брејк на противнички сервис и го доби сетот со 6-3. Македонската тенисерка се врати во следниот сет во кој доминираше и го доби со 6-2, додека во третиот сет следеше израмнета борба до 3-3, по што Ѓорческа освои три гема по ред за конечни 6-3....
Рашфорд си го уништи возилото од 700.000 евра, па купи „чудовиште“ (ФОТО)
Спорт 1 - пред 1 ден
Англискиот напаѓач од редовите на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд пред неколку дена имаше сообраќајка и го уништи скапиот Ролс Ројс, кој чини околу 700.000 евра. Рашфорд не чекаше долго пред да си купи Мерцедес-Бенз Вито Мајбах, кој го чинеше околу 200.000 евра, но цената е оправдата со оглед на изгледот на возилото. Напаѓачот минатата сезона одигра 56 меча за „црвените ѓаволи“ во сите натпреварувања и постигна 30 гола и 11 асистенции....
Ѕвездите на ПСЖ со срамен потег ја згрозија Франција (ВИДЕО)
Спорт 1 - пред 1 ден
ПСЖ на „Паркот на принцовите“ во неделата славеше против Олимпик Марсеј со 4-0, но по триумфот се случи срамен потег на ѕвездите на актуелниот шампион и поради тоа ќе добијат жестоки казни. По натпреварот тие ја славеа победата пред своите навивачи, но воедно ги навредуваа фудбалерите на Марсеј преку скандалозна песна. Коментар за инцидентот даде и француската министерка за спорт, Амелиа која кажа дека вакви сцени не треба да се случуваат на спортските терени. „Згрозена сум. Ако не ставиме крај на тоа, ќе се навикнеме дека е нормално. Ќе се пренесува на идните генерации. Мора да се разбудиме и да работиме заедно за да спречиме вакви ситуации во иднина“, кажа министерката. CETTE IMAGE 😍 Quelle communion entre les joueurs du #PSG, les supporters et … les jeunes ramasseurs de balles. C’est beau !#PSGOM pic.twitter.com/gdHKSYQ4nJ — Free Ligue 1 (@FreeLigue1) September 24, 2023...
Отворено обвинение против Барселона за корупција, двајца претседатели завршија на суд
Спорт 1 - пред 1 ден
Шпанскиот шампион Барселона се наоѓа под истрага поради подмитување на членови на судиската комисија во претходните две децении. Полицијата извршила претрес во просториите на Фудбалскиот сојуз на Шпанија во рамки на истрагата за повеќегодишна исплата од страна на Барселона на потпретседателот на судиската комисија, Хозе Марија Негреира. Негреира добил богатство од 7,5 милиони евра додека правел разни отстапки при делегирање на судии, лобирање кај истите и намалување на суспензиите и останатите казни. Освен Негреира и неговиот син, отворено е обвинение и против двајцата поранешни претседатело на Барселона, Сандро Росел и Хозе Марија Бартомеу. 🚨🚨🌕| The judge of the Negreira case has charged FC Barcelona with ‘possible corruption’ & ‘possible bribery’ to ‘alter the refereeing decisions’, in accusation of the payments made to Negreira. @La_SER pic.twitter.com/gSnhUowerA — Managing Barça (@ManagingBarca) September 28, 2023...
Ниту Алонсо, ниту Раул: Анчелоти избра негов наследник во Реал Мадрид
Спорт 1 - пред 1 ден
Во изминатиот период се шпекулираше кој ќе го наследи Карло Анчелоти на кормилото на Реал Мадрид, а најголеми шанси им беа дадени на Чаби Алонсо и Раул, меѓутоа стратегот на „кралевите“ избра друг наследник. За многумина главен фаворит е Алонсо, но Анчелоти смета дека Роберто Де Ѕерби, кој го воодушеви светот со резултатите во Брајтон кој ги имаше минатата сезона, но и на почетокот на 2023/24. Шпанските медиуми пишуваат дека Анчелоти наводно разговарал со претседателот на клубот, Флорентино Перез и го посочил Де Ѕерби како идеално решение за тренерската позиција на „кралевите“....
Гарсија: Никој не сакаше да го навреди Осимен!
Спорт 1 - пред 1 ден
Наполи славеше со 4-1 против Удинезе во минатото коло, а еден од стрелците на головите беше Виктор Осимен. Напаѓачот е во центар на внимание затоа што клубот на социјалната мрежа „Тик-Ток“ објави видео со кое го исмејуваше Осимен. Тренерот Руди Гарсија кажа дека нема проблеми со Осимен, кој е посветен на тимот и работите ќе се средат во следниот период. „Имам одличен однос со Осимен. Мило ми е што постигна гол. Го замолив да се фокусира на играта. Во последните два дена имавме проблем, но никој не сакаше да го навреди Виктор. Ниту клубот со видеото, ниту играчот кој ги избриша фотографиите“, кажа Гарсија....
Донарума: Не е лесно да се справите со критиките, луѓе сме - не сме роботи!
Спорт 1 - пред 1 ден
Голманот на ПСЖ и италијанската репрезентација, Џиџо Донарума вели дека не му е лесно да се справува со критиките кои во последно време често ги добива. Во последниот период Донарума беше особено критикуван за голот во Скопје кој му го даде Барди од слободен удар. Тој постојано е извиркуван и од навивачите на Милан кога игра со италијанската репрезентација на Сан Сиро. „Тешко е, не е лесно но треба да се отргнете од сѐ. Ние сме луѓе, нормално е дека ги читаме работите на социјалните мрежи, но клучно е можете да се дистанцирате од сѐ и да работите напорно“, одговори Донарума на прашањето како ги прифаќа критиките од јавноста. „Понекогаш се случуваат грешки, ќе се случуваат и во иднина бидејќи ние не сме роботи, но најважно е да работите напорно и да одите напред“....
Ѓоковиќ тајно тренирал голф пола година: Не сакав да се посрамотам! (ВИДЕО)
Спорт 1 - пред 1 ден
Новак Ѓоковиќ е почесен гостин во Рим, во пресрет на популарниот голф-турнир Рејдер куп, а згора на тоа и учесник во ревијалниот дел, кој се одржува во предвечерјето на главните натпревари. Дека ќе учествува беше познато од порано, но она што дојде како изненадување за сите е дека тој тајно тренирал шест месеци, со цел да биде добар и подготвен за овој ревијален турнир. „Шест месеци тренирав голф, бидејќи не сакав некого да погодам со топче во главата или, пак, да се посрамотам. Кога ме повикаа си реков, мореам да прифатам, но и дека морам да бидам подготвен. Веднаш прашав кој ќе игра и сакав да го знам нивниот недостаток. Така почнав повеќе и повеќе да тренирам“, изјави Ѓоковиќ. No second serve needed @DjokerNole 😂#TeamEurope #AllStarMatch pic.twitter.com/ApELAtwlmn — Ryder Cup Europe (@RyderCupEurope) September 27, 2023 Тој настапи вчера, а со некои од потезите предизвика аплаузи, се разбира, со некои и смеа. Не дека воопшто немал фатено голф-палка во животот, туку во последниве месеци интензивно тренирал дури и земал часови. „Како татко, имам помалку време, бидејќи во последните шест години поретко играв, меѓутоа, кога го добив повикот го зголемив бројот на часови во последните шест месеци, а особено последниве десетина дена, тренирав повеќе. Земав и лекции. Морав да бидам сигурен дека ќе играм на доволно добро ниво. Беше многу возбудливо и многу сум благодарен на Рејдер куп што ме прими мене и мојот тим“, вели светскиот тенисер број еден. Ајде што немал време како татко на две деца, но како наоѓал време како професионален тенисер, кој во тие шест месеци го освои Ролан Гарос, Синсинати, Ју-Ес опен, а играше и финале на Вимблдон. Секоја чест....
Артета: Не ме прашувајте за квалитетот на Рамсдејл, јас го купив кога сите се сомневаа!
Спорт 1 - пред 1 ден
Со ангажманот на Давид Раја, се создаде конкуренција на голманската позиција во Арсенал за која често пишуваат англиските медиуми. По два меча поминати на клупата, Рамсдејл синоќа беше стартер во Лига Купот против Брентфорд и ја сочува мрежата, Арсенал победи со 1-0. По натпреварот Артета беше прашан за ситуацијата на Рамсдејл. „Не мислам дека јас сум тој кој треба да одговори прашање за квалитетите на Арон Рамсдејл бидејќи јас бев тој кој го потпиша кога сите други се сомневаа во таа одлука. Мислам дека не сум јас тој кој треба да одговори на ова прашање“, рече Артета. Тренерот на Арсенал со носењето на Раја сакаше да создаде конкуренција на голманската позиција со цел да не се дозволи пад на концентрацијата на првиот голман, без разлика кој ќе биде тој....
Њукасл исфрли еден гигант од Манчестер, сега ќе треба да игра со другиот!
Спорт 1 - пред 1 ден
Доцна синоќа, по крајот на мечевите од Лига Купот, беше извршена ждрепката за осминафиналето од англискиот Лига Куп, на Њукасл повторно му се падна тим од Манчестер. Њукасл синоќа оствари голема победа откако со 1-0 го совлада Манчестер Сити и го исфрли од Лига Купот. Ждрепката сакаше и во осминафиналето да добијат гигант од истиот град, овојпат ќе гостуваат на Олд Трафорд кај Манчестер јунајтед. Англиски Лига Куп, осминафинале: Мансфилд - Порт Вејл Ипсвич - Фулам Манчестер јунајтед - Њукасл Борнмут - Ливерпул Челси - Блекбурн Вест Хем - Арсенал Евертон - Барнли Екстер - Мидлсброу...
ШК Алкалоид со триумф над селекцијата на Канада до стабилен финиш
Спорт 1 - пред 1 ден
Претпоследното 8. коло од Светското екипно првенство во шах за сениори донесе нов триумф за ШК Алкалоид во категоријата на играчи над 50 години, при што овојпат е совладана селекцијата на Канада. По бурното 7. коло, во кое само една партија од мечот на „фармацевтите’’ со Исланд заврши реми, овојпат тоа не беше случај, па три партии завршија со поделба на поенот, а една со победа на ВМ Трајко Недев, со што беше обезбедена и победата во мечот. Македонскиот велемајстор одигра нетипично отворање за неговиот репертоар, по што на таблата настана Холандска одбрана. Исходот на партијата беше решен во средишницата кога Недев освои фигура, предност која без проблеми ја претвори во цел поен. На првата табла ВМ Кирил Георгиев во средишницата го надигра својот противник и се здоби со предност која поради непрецизна пресметка не успеа да ја претвори во цел поен. ВМ Звонко Станојоски, водејќи ги црните фигури во варијантата Наидоф од Сицилијанска одбрана, се соочи со проблеми во средишницата, по што беше приморан да се брани во инфериорна позиција. По долга борба ги искористи неколкуте грешки на својот противник и успеа да ја спаси партијата. ВМ Роландо Кутиров имаше предност во текот на целата партија, но неговиот противник успешно се бранеше, па партијата заврши со реми. - Пред три години станав член на ШК Алкалоид и се уверив во сериозноста на клубот. Многу професионален однос спрема сите прашања, особено кон играчите, што го прави поинаков од сите клубови за кои претходно сум настапувал. Мојата амбиција беше да се посветам на тренерската работа со нашиот подмладок и да им го пренесувам знаењето на помладите генерации. Паралелно се вклучив и во натпреварувачкиот дел на тимот и освоив две титули со него. Притоа поработев малку и на својата игра за да го освежам репертоарот со некои модерни решенија во отворањата што сум ги играл во минатото. Овде има многу силни играчи кои порано биле во самиот светски врв, но не очекувам никој од нив да игра нешто ново, туку она што најдобро го знае. Можно е и тие да ги надградат своите знаења со нови трендови – стари знаења со нови подготовки и со нови идеи. На крајот сѐ ќе зависи од играчката форма бидејќи изедначеноста е голема, но на крајот потребно е и малку среќа – вели ВМ Роландо Кутиров. - Ја добивме екипата на Канада со 2,5 : 1,5 одејќи со "сигурна" игра, три ремија и една победа. Очекувавме повеќе, но на победата не ѝ се гледа в заби. Во следното коло играме со третата селекција на Англија и со нова победа ќе го одржиме местото на кое сме сега на табелата. Без разлика на победата на целиот турнир, имавме добра тимска атмосфера и во одлично расположение го чекаме последнот меч – изјави капитенот ВМ Драган Јаќимовиќ. Во ова коло и репрезентацијата на слепи и слабовидни шахисти ја совлада Шведска со 2,5 : 1,5 во категоријата на играчи над 50 години. На табелата водат репрезентациите на САД и на Италија со по 13 бода, Исланд и Англија 1 имаат по 12 бода, додека, пак, ШК Алкалоид е петти со 10 бода. Репрезентацијата на ветерани (играчи над 65 години) беше поразена од Австрија со 3 : 1, а утре ќе игра со Ирска, при што има изгледни шанси за нова победа во дуелот со Ирска. Фото: Архива на ШК Алкалоид...
Модриќ е отпишан во Реал Мадрид, Хрватот гледа кон Саудиска Арабија
Спорт 1 - пред 1 ден
Шпанските медиуми пишуваат дека престојот на Лука Модриќ во Мадрид ќе заврши во јануари кога ќе се пресели во Саудиска Арабија откако остана на клупата на мечот против Лас Палмас. Лука Модриќ оваа сезона најчесто влегуваше од клупата за резерви. Доби шанса да биде стартер против Унион Берлин и имаше импресивен меч. Поради тоа се најде и во почетниот тим за дербито против Атлетико Мадрид, но тогаш имаше разочарувачки настап поради што беше заменет на полувремето. Според оценките на шпанските медиуми, на мечот против Атлетико Мадрид само Давид Алаба кој беше виновник за два од трите гола, имаше полоша оценка од Модриќ. Поради тоа не беше стартер на вчерашниот дуел со Лас Палмас, но овојпат не доби ниту шанса од клупата. Модриќ не стана ниту да се загрева за евентуален влез. По мечот Анчелоти рече дека Модриќ не играл поради тоа што бил уморен. Но шпанските медиуми сметаат дека таа приказна не држи вода поради тоа што Хрватот одигра само 45 минути против Атлетико Мадрид. Лука Модриќ летово поради љубовта кон Реал Мадрид одби богатство од Саудиска Арабија, но хрватскиот фудбалер сака да биде стартер, не му се допаѓа тоа што повеќе седи на клупата отколку што игра. Доколку неговата ситуација не се промени, голема е веројатноста дека тој уште во јануари ќе замине за Саудиска Арабија....
Главоболки за Анчелоти, му се повредија уште двајца играчи пред дуелот со лидерот Жирона!
Спорт 1 - пред 1 ден
Реал Мадрид синоќа со 2-0 славеше на Лас Палмас, но црна точка во триумфот се повредите на Алаба и Ридигер кои доаѓаат во пресрет на значајниот меч против лидерот Жирона. Кралскиот клуб синоќа оствари рутинска победа, но Анчелоти дома си замина со главоболки поради повредени фудбалери. „Против Жирона Алба сигурно нема да игра, Ридигер исто така доби удар, но ќе видиме“, рече Анчелоти по мечот. Алаба беше заменет во првото полувреме, првите информации се дека има проблеми со адукторот. Ридигер има само удар и би требало болката да помине и тој да биде подготвен за дуелот со Жирона. Жирона е најголемото изненадување во Ла Лига, во моментов се на првото место на табелата пред Реал Мадрид и Барселона....
Осимен даде гол, па тргна кон клупата само за да го игнорира Гарсија! (ВИДЕО)
Спорт 1 - пред 1 ден
По неколкуте тешки денови кои ги имаше во Наполи, Виктор Осимен синоќа даде гол, но направи и еден гест кој беше потенциран од италијанските медиуми. Осимен во неделата промаши пенал против Болоња, па се скара со тренерот Руди Гарсија кога тој реши да го извади од игра. Следуваше тролањето од админот на ТикТок профилот на Наполи. Тоа беше голема бура во која имаше и најави за тужби, Осимен ги избриша и сите клупски фотографии од својот инстаграм профил. А вчера одговори со гол на мечот против Удинезе, но прославата му беше контроверзна. Откако прослави со соиграчите, Осимен тргна кон клупата на Наполи, но таму се поздрави само со новајлијата Јеспер Линдстром. Напаѓачот го игнорираше тренерот Гарсија. Овој момент го потенцираа италијанските медиуми кои заклучија дека односот меѓу двајцата е далеку од нормален. @lucacerchione #Osimhen segna e corre ad abbracciare il suo amico #Lindstrom. Pace fatta in casa #Napoli - #SerieA #lucacerchione #IlSognoNelCuore ♬ Bro Bro - Moha the B & BobbyBlock...
Пеп по елиминацијата од Лига Купот: Мислевте дека целиме на четири титули?
Спорт 1 - пред 1 ден
Манчестер Сити синоќа загуби на гостувањето кај Њукасл и доживеа елиминација од Лига Купот, еден потенцијален трофеј загубија. Пеп Гвардиола не беше премногу разочаран од поразот, барем така изгледаше во изјавите по мечот. „Мислевте дека целта ни е четири титули? Ние сме повеќе од среќни со тројната круна“, вели Пеп Гвардиола. Манчестер Сити на овој меч играше без Ерлинг Халанд кој остана на клупата и покрај негативата која ја имаа. „Халанд веќе одигра многу минути, исто како и Вокер. Имаме многу натпревари пред нас. Размислував да го пуштам во последните 10-15 минути, но на крајот решив да не го правам тоа“. „Постигнуваме многу погодоци и без напаѓач, но Њукасл е врвна екипа, со солидна одбрана и вечерва не ни беше лесно“, заврши Пеп. „Во Лига Купот обично пуштам во игра фудбалери кои не играат многу. Доколку поминеме, поминеме. Ако стигнеме до полуфинале, да тогаш можеби размислуваме за посериозен пристап и намера да го освоиме трофејот“. „Не сакам да трошиме сила и енергија во оваа фаза од Лига Купот“....
Интер Мајами без Меси загуби финале, на Аргентинецот не му беше лесно да гледа! (ВИДЕО)
Спорт 1 - пред 1 ден
Интер Мајами со 2-1 загуби од Хјустон во финалето на УС Опен купот, а Лео Меси поради повреда не играше на овој натпревар, гледаше од трибините и се нервираше. Тешко му е на Интер Мајами да победува кога го нема Меси во тимот, така беше и на синоќешното финале против Хјустон. Меси и Алаба не беа во составот поради повреди, од големите ѕвезди играше само Бускетс. Хјустон со голови во првото полувреме направи предност од 2-0. Интер Мајами преку Мартинез постигна гол дури во 92. минута. Во следната акција имаа шанса и за израмнување, но не успеаа. Меси се изнервира на пропуштената можност. Гостин на Интер Мајами вчера беше и големиот Зинедин Зидан кој му беше соиграч на Дејвид Бекам од времето во Реал Мадрид. Zidane with David Beckham & Leo Messi. pic.twitter.com/ggLKQaP1c1 — Madrid Zone (@theMadridZone) September 28, 2023...
Париската полиција уапсила „терорист“ пред дербито ПСЖ – Марсеј – најавил бомбашки напад
Спорт 1 - пред 1 ден
Париската полиција уапсила едно лице кое се заканило дека ќе детонира бомба на „Паркот на принцовите“ на дербито ПСЖ – Марсеј во неделата, откако два часа траела потрагата по него, после заканата за бомбашки напад која ја пратил во полиција. Според „БФМ“ и „РМЦ Спорт“, лицето кое е уапсено еден час пред почетокот на мечот, бил веќе на листата за следење од национална важност од француските безбесносни служби, зашто неодамна во едно париско кафуле нападнал странски турист. Терористот се јавил во полиција со закана дека ќе изврши бомбашки напад, по што се активирал алармот и почнала потрагата по него, а час пред почетокот на мечот бил пронајден во близина на метро станица во 15-от дистрикт на Париз, но експлозив не бил пронајден. Тој сега е во притвор и очекува прво психијатриско вештачење, но полицијата не соопштува дали станува збор за психички растроен човек или пак е некој поврзан со терористички групи, зашто во последно врмее бил под постојан надзор на безбедносните служби....
Украинците се откажаа од Бубка, сега Русите од Исинбаева – била западна марионета!?
Спорт 1 - пред 1 ден
Откако Украина се откажа од светската легенда Сергеј Бубка, кој не е омилен во тешкиот период зашто не заземал страна во воениот конфликт со Русија, сега Русите не се среќни од својата атлетска светска легенда Јелена Исинбаева. Исинбаева е на тапет кај руската јавност и посебно политичарите во оваа земја, зашто станала западна марионета, која сѐ работи да им удоволи. Исинбаева седум години е дел од Интернационалниот Олимписки Комитет (ИОК), која истовремено ја критикуваше својата земја за инвазијата на соседна Украина. „Исинбаева го положи тестот да биде западна марионета. Сите се уверени дека сѐ што таа презема е тоа што го бара политичкото крило на ИОК. Од откажување на воениот чин во Русија, од прилагодување на профилните фотографии на социјалните мрежи кои се погодни за западот, па сѐ до бришње на слики со претседателот Владимир Путин. За седум години во ИОК ниту еднаш не застана во одбрана на рускиот спорт“, рече политичарот Роман Терјушков. Легендарната руска атлетичарка веќе подолг период живее во Шпанија и нема намера да се враќа во родната Русија, особено после критиките за руската агресија врз Украина. Инаку таа има почесен чин мајор во руската војска, како награда за сите спортски успеси во величенствената кариера. Пред два дена, украинската атлетичарка Јарослава Магучик објави дека Сергеј Бубка никој не го сака во Украина. „Јас сум горда на Бубка како спортист и атлетичар, за сѐ што има направено, ама не како човек. Откако е почната војната молчи и не зазема став. За сите спортисти, ама и за сите Украинци – тој веќе не постои!“, рече Магучик....
„Пола час во дрес на Реал е како да играте 90 минути за било кој друг клуб!“
Спорт 1 - пред 1 ден
Брахим Дијаз вчера го даде својот прв гол за Реал Мадрид, откако сезонава „кралевите“ решија да го задржат после одличната сезона во Милан, па после сефте погодокот за „кралевите“, воодушевен кажа нешто кое ќе ги разлити ама баш сите, освен мадриѓаните. Дијаз (24) кариерата ја почна во младинскиот погон на Малага, од каде замина во Манчестер сити, а оттаму дојде во Реал, но три години беше на заем во Милан, пред летово да се врати. Сега има пет меча за „кралевите“ со вкупно едвај полувреме, ама синоќа против Лас Палмас го дочека својот прв гол. „Вакво нешто во живот немам доживеано, неверојатно е чувството да дадете гол на 'Бернабеу“, тоа е нешто посебно, нешто што вечно се памети. Горд сум и среќен. И да, 20 минути за Реал е како 90 минути за било кој друг клуб. Мадрид е сепак Мадрид. Не би требало вакво нешто да зборувам, зашто сакам постојано да играм, ама навистина мислам дека 30 минути за овој клуб се исто како цел меч за секој друг“, рече Дијаз. Реал Мадрид е 14-кратен европски првак, а Дијаз сепак кај мадриѓаните нема да ја има минутажата, зашто пред него во офанзивата има еден куп врвни ѕвезди, но очигледно играњето за најголемиот клуб на светот е нешто многу привлечно, макар минутажата би се броела во малку минути....
Димитриевски ја сочува мрежата четврти пат во новата сезона од Ла Лига!
Спорт 1 - пред 1 ден
Рајо Ваљекано имаше непријатно гостување кај Кадиз во седмото коло од Ла Лига, вечерва и успеа да сочува празна мрежа, но не и да победи. Почетниот резултат остана и конечен, а ако занекого тоа е комплимент, сигурно е за Столе Димитриевски. Македонскиот голман четврти пат од седумте кола во новата сезона успеа да не прими гол, а работата му беше отежнета по 88. минута, кога Абдул Мумин од Гана доби два жолти картона и беше исклучен. Сепак и одбраната на Рајо го направи своето, па противникот имаше само два удари во рамките на голот на Димитриевски, двата во првото полувреме. Со овој бод, Рајо Ваљекано има вкупно 11, на шестата позиција на табелата, еден повеќе од Атлетико Мадрид (има два меча за играње) и два повеќе во однос на вечерашниот противник, кој се наоѓа на деветтата позиција. Пред Рајо се проби Реал Сосиедад, благодарение на вечерашната победа со 1-0 во Валенсија. Голот на Фернандес од 32. минута се покажа пресуден, особено откако Мароканецот Амалах доби два жолти картона во рок од три минути, 42. и 45....
Њукасл го елиминира Манчестер сити, Челси конечно даде гол и победи! (ВИДЕО)
Спорт 1 - пред 1 ден
Фаворитите во Карабао купот во Англија го минаа 1/16-финалето, со исклучок на најголемиот - Манчестер сити. Актуелниот англиски шампион беше елиминиран од Њукасл со 1-0, на гостински терен, играјќи со комбиниран состав во првите 11. Пеп Гвардиола на клупата ги остави Халанд, Дијаш, Едерсон, Фоден и Вокер од првата постава, а од нив само Фоден доби шанса во второто полувреме, откако сити се најде во негатива. Во 53. минута Александер Исак беше прецизен, а потоа неговите соиграчи го сочуваа водството и покрај иницијативата на Сити. „Граѓаните“ се осумкратни освојувачи на англискиот Лига-куп, кој во последниве години е именуван Карабао и како ретко кога отпаѓаат уште пред осминафиналето. Меѓу неколкуте премиерлигашки пресметки во ова коло, атрактивна беше онаа меѓу Челси и Брајтон, која на крај му припадна на тимот во послаба форма - лондонските сини. Откако немаа постигнато гол цел септември, конечно успеаја да реализираат, преку Џексон во шестата минута од вториот дел. Брајтон не најде одговор во својот напад, иако тренерот Де Ѕерби им даде шанса на играчите, кои обично важат за носители, како Митома, Марч, новодојдениот Ансу Фати итн. Победничка вечер имаа и Арсенал, со 1-0 кај Брендфорд и Ливерпул со 2-1 против Лестер, а за одбележување е елиминацијата на Астон Вила и тоа на домашен терен од Евертон, со 1-2. No chance this is offside. Brilliant finishing ruled out by incompetent officiating again.pic.twitter.com/DRoyoHAXGj — Futbol Chelsea (@FutbolCheIsea) September 27, 2023 КАРАБАО КУП, 1/16-ФИНАЛЕ Челси - Брајтон 1-0 Ливерпул - Лестер 3-1 Брендфорд - Арсенал 0-1 Астон Вила - Евертон 1-2 Борнмут - Стоук 2-0 Линколн - Вест Хем 0-1 Фулам - Норич 2-1 Блекбурн - Кардиф 5-2 Њукасл - Манчестер сити 1-0...
Шок во Милано: Сасуоло му го најде крајот на Интер во рок од 10 минути! (ВИДЕО)
Спорт 1 - пред 1 ден
Интер го претрпе првиот пораз во новата сезона и тоа на домашен терен, со 1-2 од Сасуоло, во шестото коло од Серија А. Гостинот na „Џузепе Меаца“ не навестуваше дека ќе помина различно од останатите противници на Интер оваа сезона, имајќи предвид дека „нераѕурите“ поведоа со 1-0 во незгоден момент, во првата минута од судиското продолжение во првото полувреме, преку Думфрис. Сепак, Сасуоло не беше разнишан од примениот гол и веќе на стартот од вториот дел ја почна сензацијата. Во рок од 10 минути, од 54. до 63. постигна два гола за прсврт, прво преку Бајрами, на асистенција на Берарди, а потоа Берарди самиот. Симоне Инѕаги направи четирикратна замена наскоро по пресвртот, Интер имаше иницијатива и шанси, но резултатот не се смени. Ова го задржа лидерот на табелата на 15 бода, колку што има и Милан, кој денеска славеше со 3-1 кај Калјари. Поразот на Интер му одговараше и на Наполи на нашиот Елиф Елмас, за да фати приклучок со убедливата победа над Удинезе со 4-1. Елмас влезе од клупата дури откако сите погодоци беа постигнати, во 84. минута, на местото на Кварацхелија, кој постигна гол, конечно, првпат по 19 март оваа година. Останатите тројца стрелци беа Зјелински, Осимен и Симеоне. Вечерва се радуваше и Лацио, со 2-0 над Торино. Наполи е петти на табелата со 11 бода, зад Аталанта, Јувентус и двоецот од Милано, Лацио, пак, собра само седум бода, на 11. позиција....
„Пелистер станува подобар, во иднина дома ќе можеме кој било да добиеме во ЛШ“
Спорт 1 - пред 1 ден
По поразот од Кил во релативно рамноправен натпревар (20-23) и ракометарите на Пелистер почувствуваа прогрес и бран на самодоверба. Тоа се чита и од зборовите на Домен Тајник на прес-конференцијата по мечот, велејќи дека со тек на времето Пелистер ќе може да игра на победа против кого било во ЛШ, на домашен терен. Словенечкиот среден бек вели дека ова е најдобриот натпревар откако дојде ова лето, а играњето пред домашната публика било од голема помош. „Знаевме што значи Кил во ракометот, најдобар тим во Европа. Мислам дека одигравме еден од подобрите натпревари откако сум јас во екипата. Вистина е тоа што го рече тренерот, сосема нова е екипата, не се познаваме доволно, ни треба време да се воиграме и мислам дека тоа ќе си дојде. Минатата недела загубивме од Алборг, а сега беше многу подобро. Се надевам дека така ќе биде и во иднина и дека во ЛШ ќе можеме да го добиеме кој било на домашен терен, бидејќи пред ваква публика е многу лесно да се игра“, вели Тајник. Конкретно, за денешната средба со Кил, смета дека малку и среќата играла улога. „Денеска одигравме едно 50 минути одлично, но една грешка решава такви натпревари. Ако го погодевме зицерот, ако го погодевме пеналот, ако не беше таа техничка грешка, тогаш мечот би отишол во наша корист. Така што, решаваше една топка, за жал таа замина кај Кил. Се надевам дека ќе биде подобро.“, дополни најкорисниот играч во словенечката лига од пред две сезони, кој денеска постигна еден гол....
Јовиќ по поразот од Кил порача: Наша е двојната круна во Македонија!
Спорт 1 - пред 1 ден
Пелистер загуби од Кил со 20-23, но првпат не се посрамоти во Лигата на шампионите и тоа, се чини, беше доволно за задоволство кај стручниот штаб на битолчани, како знак дека работите одат на подобро. Тренерот Александар Јовиќ истакна дека мечот го загубија на (не)искуство и дека во клучни ситуации Пелистер направи клучни грешки. „Се покажавме во едно добро светло против, по мене најдобриот ракометен клуб во Европа. Мислам дека париравме во текот на сите 60 минути, ни се укажа шанса да избориме можеби и нерешен резултат, можеби и победа. Пропуштивме и мислам дека тоа се должи на неискуство на нашите играчи. Направивме некои технички грешки, промашивме зицер позиции и големите играчи како овие од Кил знаат да го казнат. Мислам дека од овој натпревар ќе добиеме уште поголема самодоверба како тим и нашиот пријател ќе биде времето.“, вели Јовиќ. Според него, кога екипата ќе „кликне“ ќе стигне и до двојната круна во Македонија оваа сезона. „Ние сме нова екипа и ни треба време да се запознаеме и ние тренерите со играчите и играчите со нас, тоа сето да го вклопиме и да направиме една добра приказна, јас не се сомневам во тоа. Ние како тим само ќе растеме. Нашите цели се домашно првенство да ги освоиме двата пехара и тоа со сигурност ви тврдам дека ќе го направиме оваа сезона, а во ЛШ да се претставивме како денеска. Така мора да бидеме во сите натпревари, зашто Битола како град заслужува да се радува“, додаде Јовиќ. Тој не пропушти да ги поздрави и навивачите во Битола, кои денеска прославија 38. роденден на „Чкембари“. „Сакам да и се заблагодарам на публиката која нѐ бодреше во текот на целиот натпревар и да ѝ го честитам роденденот на нашата навивачка група Чкембари, кои се најдобрата навивачка група на овие простори, а можам да кажам и во Европа и во светот. Благодарност и до сите во клубо ти во градот кои за кратко време успеаја да поработат и на инфраструктурата и на салата, што не е мала работа. Мислам дека Битола тоа го заслужува и ќе знае да го награди“, заврши тренерот....
Нов страшен тандем во НБА: Демијан Лилард отиде кај Јанис во Милвоки!
Спорт 1 - пред 1 ден
По 11 години во Портланд трејлблејзерс, Демијан Лилард ќе ја смени средината и во потрага по првата шампионска круна во НБА-лигата ќе премине во Милвоки бакс. Клубовите уште немаат потврдено, но веста ја соопштија неколку новинари од САД, вклучувајќи ја и мрежата ЕСПН. Седумкратниот учесник на ол-стар натпреварите во НБА, 33-годишниот Лилард, на некој начин оди во Милвоки како одговор на барањата на првата ѕвезда на овој тим, Јанис Адетокумбо за поконкурентен тим. Тој побара тим кој може да го нападне шампионскиот прстен, во спротивно се закани дека ќе си замине, па сега желбата му е задоволена. Лилард цела своја кариера беше во Портланд, почнувајќи од 2012 година. Во оваа трампа, Милвоки во насока кон Портланд го прати досегашниот плејмејкер Џру Холидеј, како и Тумани Камара, но се откажа и од својот прв пик на драфтот во 2029 година. Ова не е единствената трампа која Портланд ја договорил вечерва, бидејќи од клубот си заминал и Босанецот Јусуф Нуркиќ. Тој преминал во Феникс, а во спротивна насока доаѓа Деандре Ејтон. Бидејќи американскиот центар важи за поквалитетен и поскап, Портланд за него ги даде и Насир Литл, Кион Џонсон и Грејсон Ален....
Продолжува бајката на Жирона, шести триумф по ред, победа и за Реал! (ВИДЕО)
Спорт 1 - пред 1 ден
Реал им се врати на победите, по викенд поразот од Атлетико во мадридското дерби, но се чини дека поголема вест вечерва е новото продолжение на триумфалната бајка на Жирона. „Малиот“ клуб од Каталонија победи и шести натпревар едноподруго, овој пат на гости кај Вилјареал, за да го сочува првото место на табелата. Вилјареал не ги искористи своите шанси во првото полувреме, но уште во стартот на второто доби пенал, кој го реализира Парехо за 1-0. Жирона одигра отворено и напаѓачки и резултатот стигна набргу. Во 56. минута Довбик изедначи на 1-1, а пет подоцна Ерик Гарсија го комплетира пресвртот за 2-1, резултат кој остана конечен. Со оваа шеста победа едноподруго, Жирона води на табелата со 19 бода, еден повеќе од Реал, кој во ова седмо коло рутински славеше над Лас Палмас со 2-0. Карло Анчелоти реши да ги одмори Џуд Белингем и Лука Модриќ, кои воопшто не влегоа во игра, а во вториот дел од повредата се врати Винисиус. Сепак, клучен момент за мирен развој на натпреварот беше голот на Брахим Дијаз во судиското продолжение од првото полувреме. Со водство од 1-0, „кралевите“ може спокојно да продолжат по одморот во соблекувалните, а сите дилеми завршија кога Хозелу погоди во 54. минута. Во истиов термин се соочија и Атлетик Билбао и Хетафе, а откако домаќинот двапати водеше, гостинот двапати изедначуваше за финални 2-2....
Милан и Аталанта не го пуштаат врвот во Серија А, победија на гости! (ВИДЕО)
Спорт 1 - пред 1 ден
Милан и Аталанта ги исполнија своите планови за вонредното, шесто коло од Серија А, триумфирајќи на гостински терен. „Росонерите“ славеа со 3-1 на гостувањето на Сардинија, против Калјари, иако домаќините беа тие кои го отворија резултатот по половина час игра, преку Ловумбо. Го чуваа водството близу до крајот на првиот дел, но Милан во пет минути ги сврте работите, прво со голот на Окафор во 40. минута, потоа и со погодокот на Томори. Во второто полувреме, иако и Калјари се обидуваше да се врати, точка на мечот стави Лофтус-Чик со еден прекрасен гол од далечина, во 60. минута. На Аталанта, пак, доволен ѝ беше еден гол за да им пресуди на трите бода на мечот во Верона, а го постигна Копмајнерс уште во 13. минута. Во третиот меч вечерва од истиот термин, Емполи го одбрани својот терен од Салернитана, исто така со 1-0. Милан дојде до 15 бода, колку што има и лидерот Интер, кој вечерва треба да го одигра својот меч, со Сасуоло. Аталанта е четврта со 12 бода, додека Емполи со овој прв триумф сезонава мрдна од „нула“ и се качи на претпоследната позиција, само пред Калјари....