Маричиќ и Османи: Сите четири забелешки на ВМРО-ДПМНЕ се веќе инкорпорирани во предлогот
Канал 5 - ново
Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи во синоќешното гостување на Националната телевизија истакнаа дека сите четири забелешки на ВМРО-ДПМНЕ се веќе инкорпорирани во предлогот. Министерот Османи истакна дека е добро што почнавме да ја рационализираме дебатата и да зборуваме за конкретни забелешки. „До пред некој ден се зборуваше со емоции, што е можеби легитимно и не треба да критикуваме. Јас ги видов овие четири забелешки и можам да кажам дека ако навистина овие се забелешките треба да се прифати тој предлог затоа што сите тие забелешки се инкорпорирани во тој предлог. Преговарачката рамка со утврден македонски јазик, со затворен македонски јазик се усвојува веднаш сега, откако ние ќе кажеме да, на пакетот. Штом се затвори тоа прашање, најважното се затвора. Ние можеме истиот ден ако сме спремни тоа логистички да го организираме, да се одржува првата меѓувладина конференција, се чита изјавата и почнува веднаш скринингот. На овој начин веднаш почнува да се мобилизира целата администрација, со експерти од Брисел кои веднаш почнуваат да прават проценки“, рече Османи....
Амбасадата на Шведска организира настан „Шведска во Градскиот парк“
Канал 5 - ново
-Програмата вклучува разновидни активности, и за возрасните и за децата, поделени во пет тематски катчиња: демократија, родова еднаквост, животна средина, култура и безбедност во сообраќајот, кои соодветствуваат на приоритетните тематски области на кои работи Шведска, информираат од Амбасадата. Предвидени се и работилници за реупотреба и рециклирање на отпад, ќе се игра подната игра „Елекшнвил“, предвидени се и кратки дискусии насловени „Ајде да зборуваме за…“ отпадот, родовата еднаквост и улогата на татковците, за младинското учество, кои се отворени за сите посетители, а во катчето за култура ќе се играат шведски друштвени игри, шведска музика, и танци кои се типични за шведскиот празник со кој се слави летото – „Мидсомар“. Посетителите ќе можат да ја погледнат изложбата „Ре:Отпад“, како и изложбата „Македонски татковци“ која е сочинета од фотографии кои татковци од повеќе места во земјата ги испратија на наградниот фото конкурс на Амбасадата, а посетителите ќе можат да гласаат за најдобрата фотографија, при што врз основа на гласањето, три фотографии ќе бидат наградени. На крајот на програмата, вечерва ќе биде прикажан филмот „Велосипеди Vs Автомобили“....
Прогласена вонредна ситуација во Австралија, наредена евакуација на 50 илјади жители
Канал 5 - ново
Одлуката донесена синоќа треба да го олесни начинот како во најбрз можен рок да се активираат фондовите за помош при елементарни непогоди и помошта да стигне до настраданите подрачја. Инаку, обилните врнежи уште од петокот зафатија поголем дел од најбројниот град на континентот. Во одредени делови на Сиднеј како и на други места за четири дена наврнал дожд колку што е просекот на Лондон за цела година. Од рано изутринава се спроведува евакуација на околу 50 илјади жители, додека стотици луѓе побарале медицинска помош во текот на ноќта. Телефонските линии на Службите за итна помош се усвитиле од бројните повици за помош од стихијата што остави 20 илјади станбени објекти без напојување со електрична енергија, додека цели станбени области се неколку метри под вода. Некои од областите зафатени со невремето се уште не ги имаат санирано штетите настанати од поплавите од февруари и март годинава. Советот за климатски промени смета дека токму промените во климата се фактор што придонесува за интензивните врнежи и екстремно високите температури во Австралија забележани последните години. Во средината на јануари големи делови на Австралија беа зафатени од топлотен бран со температури од над 50 степени Целзиусови измерени во западните делови на земјата....
Стевановиќ: Пораст на КОВИД случаите поради зголемената раздвиженост и малиот процент вакцинира
Канал 5 - пред 20 минути
Зголемувањето на ковид позитивните пациенти периодов се должи на зголемената раздвиженост, мал процент на вакцинирани против коронавирусот и опаѓање на имунитетот, изјави за МИА директорката на Универзитетска Клиника за Инфективни болести и фебрилни состојби, Милена Стевановиќ. Во моментов, како што информираше хоспитализирани се десет пациенти на Инфективната клиника и само неколку се со тешка клиничка слика. -Тоа што може да се забележи е дека за разлика од претходните денови, сега има по 20 пациенти дневно за преглед, вели Стевановиќ. Апелот на директорката е дека е потребно се зголеми процентот на вакцинирани лица, бидејќи повеќе од јасно е дека вакцините даваат заштита и полесна клиничка слика доколку се дојде во контакт со вирусот. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во период од 1 до 3 јули, од 1 695 тестирања, регистрирани се 290 нови случаи на КОВИД-19, од кои најмногу се од Скопје-186. Од вкупниот број позитивни лица, 49 се реинфекции. Оздравени се 250 пациенти, а не е пријавено ниту едно починато лице. Во моментов, активни се 935 случаи на коронавирусот. Согласно податоците од ИЈЗ, најголем број од активните случаи се во главниот град, и тоа 536, потоа во Битола – 59 и 42 во Куманово. Без ниту еден активен случај се Валандово, Кратово, Демир Капија, Македонска Каменица, Пехчево и Дојран. Препораките од Комисијата за заразни болести остануваат исти како и досега. Комисијата препорачува граѓаните да бидат совесни и да го заштитат сопственото и јавното здравје и да ги применуваат општите мерки за заштита, како што се заштитна маска, одржување растојание и почесто миење раце. Засега во сила останува само обврската за задолжително носење маски во здравствените установи, згрижувачките установи, аптеките и јавниот превоз....
Приведен осомничениот за вчерашниот вооружен напад во Чикаго
Канал 5 - пред 28 минути
Крајмо од покривот на зграда отворил оган од огнено оружје врз собраните на парадата по повод Денот на независноста. Според полициското соопштение, припадниците на органите на редот го опколиле автомобилот на осомничениот, кој со кренати раце излегол од возилото. Тој е приведен, а против него ќе биде покренато обвинение, се наведува во полициското соопштение без да се дадат детали околу мотивите за нападот. „Звучеше како огномет“, изјави пензионираниот лекар Ричард Кауфман кој се наоѓал преку патот од местото од каде напаѓачот пукал врз толпата, додавајќи дека слушнал околу 200 истрели. Настанал метеж, стампедо, луѓето се сопнувале, некои од нив расакрвавени се сопнувале меѓусебно во обид што поскоро да дојдат до засолниште. Повеќето од 36 лица повредени од нападот се со прострелни рани од огнено оружје. Дваесет и шест ранети лица на возраст меѓу осум и 85 години се префрлени во болницата во Хајланд Парк. Вчерашниот инцидент се случи додека кај Американците се уште се свежи сеќавањата на неколкуте оружени напади од неодамна, пред се на масакрот во основното училиште во Увалде-Тексас во кој беа убиени дваесеттина лица, како и десеттината жртви во нападот во супермаркет во градот Бафало во сојузната држава Њујорк....
Османи: Францускиот предлог и протоколот се два неповрзани процеси
Канал 5 - пред 36 минути
Министерот за надворешни работи Бујар Османи во синоќешното гостување на Националната телевизија, истакна дека францускиот предлог и протоколот се два неповрзани процеси. „Францускиот предлог ја утврдува рамката за преговорите за членство, додека протоколот е билатерален документ со кој редовно се следи имплементација на договорот. Коинцидираат временски, затоа што во дел од овој пакет на односи со Република Бугарија за да се даде согласност за европскиот, треба да се потпише и овој договор, меѓутоа тие два документа не се меѓусебно поврзани”, истакна Османи. Османи истакна дека протоколот може да ја пресликува динамиката на европскиот процес, но европскиот процес не смее да пресликува динамика на протоколот кој се однесува на билатерални прашања кои ние ги имаме во односите со Република Бугарија и обврските што ги имаат тие спрема нас во ЕУ....
Претседателот на Советот на Европа Шарл Мишел во еднодневна посета на Македонија
Канал 5 - пред 44 минути
Како што соопшти владината прес служба, во рамки на посетата високиот претставник од Советот на Европа ќе има тет-а-тет средба со претседателот на Владата Димитар Ковачевски. Потоа е предвидено да присуствува на владината седница, по што во 13:15 часот премиерот Ковачевски и претседателот на Советот на Европа Мишел, ќе одржат заедничка прес-конференција. Целта на посетата на Мишел е да ја покаже поддршката на ЕУ за францускиот предлог и да ја потврди заложбата на унијата за интегрирање на Северна Македонија....
За францускиот предлог дебата и во Собранието, продолжуваат реакциите за и против
Канал 5 - пред 52 минути
Францускиот предлог за деблокада на македонските интеграции во ЕУ, интегрално преведен на македонски јазик, од вчера е објавен на официјалната веб страница на Владата со цел транспарентно информирање на јавноста, а за него, на барање на дел од коалициските партнери во власта, според најавите, ќе се разговара и во Собранието. Во рамки на разговорите за францускиот предлог за преговарачката рамка, денеска во Скопје пристигнува претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, со цел да ја покаже поддршката на ЕУ за францускиот предлог и да ја потврди заложбата на Унијата за интегрирање на Македонија. Предлогот од средината на минатата недела е достапен за јавноста и ставен на широка консултација која премиерот Димитар Ковачевски ја води со сите чинители во државата, вклучувајќи ги и опозициските партии, граѓанските организации и медиумите. Вчера беше претставен пред Стратешкиот совет на Министерството за надворешни работи со цел одржување консултации за почеток на преговорите за членство на Македонија. -Консултациите со сите релевантни општествени чинители претставуваат важен аспект од процесот на донесување на конечна одлука за овој историски момент за насоката на која ќе се движи државата, напиша министерот за надворешни работи Бујар Османи во објава на Фејсбук. Ковачевски на завчерашната средба со коалициските партии Демократски сојуз, ДОМ и ЛДП, дал согласност предлогот да биде ставен на пленарна седница и по расправата од пратениците за него да бидат изгласани заклучоци. Засега не е прецизирано кога би се одржала средбата со оглед на тоа што помалите партии побарале објавување на сите документи содржани во предлогот, меѓу кои и протоколот, чија содржина се уште не е позната, изјави вчера за МИА Маја Морачанин од ДОМ, пренесувајќи дека на средбата побарале предлогот да оди на пленарна седница, а не само преку Владата. Трите партии побарале и сите документи, вклучувајќи го и протоколот да бидат преведени на македонски јазик и објавени и достапни за целата јавност, а порачале и дека за нив е неприфатливо доколку билатералните прашања врзани за историјата и образованието бидат дел од преговарачкиот процес. -Доколку тоа влијание на преговарачкиот процес тоа би значело дека во текот на преговорите фокусот нема да ни биде на Копенхашките критериуми, туку дека ќе се занимаваме со билатерални историски прашања. Тоа не е цел на процесот, сакаме фокусот на преговарачкиот процес да бидат владеењето на правото, човековите права, заштитата на животната средина.., рече Морачанин за МИА. Од Демократскиот сојуз, во соопштение по седница на партиското претседателство, пак, побараа да се направат промени во преговарачката рамка. Тие сметаат дека во услови на геостратешки конфронтации, од круцијално значење за државава е да започнат преговорите со ЕУ и да продолжат реформите и имплементацијата на европските вредности. -Владата на Република Македонија да инсистира да се преработи Преговарачката рамка и од неа да се отстранат билатералните прашања наметнати од Бугарија, при што рамката да биде согласно европските принципи и стандарди. По усвојување на Преговарачката рамка да започнат пристапните преговори преку отворање на поглавјата. Уставните промени со цел вклучување на Бугарите во Уставот, да бидат на реципрочна основа, при што Советот на ЕУ да донесе заклучок со кој ќе ја задолжи Бугарија да ги имплементира одлуките на Европскиот суд за човековите права во Стразбур за признавање на правата на Македонците во Бугарија, како што е правото на здружување, формирање на културни асоцијации, политичко организирање и сл, стои во заклучоците од ДС, од каде нагласуваат дека не смеат да се прифатат разговори за македонските ревулуционери. Бараат и да се се прекинат какви било дискусии за заедничко славење на македонските национални празници. Од ДС порачуваат и македонскиот идентитет и македонскиот јазик под никакви услови да не се оспоруваат и загрозуваат, а историските и образовните прашања, како и говорот на омраза и отворањето на досиејата за прогонувани лица од комунистичкиот режим, да биде на реципрочна основа. Според ДС, во Преговарачката рамка, годишните прегледи, Акцискиот план и протоколите, не смее да се прифатат решенија кои и овозможуваат на Бугарија да се меша во внатрешните работи на Македонија. За предложената Преговарачка рамка, велат од ДС, да продолжи дебатата во јавноста, да се соберат сите сугестии и предлози, по што да се отвори расправа во Собранието и да се донесат заклучоци со консензус од сите пратеници односно пратенички групи и независни пратеници застапени во парламентот. Лидерите на ДОМ, Маја Морачанин, на Демократски сојуз, Павле Трајанов и на Либерално-демократската партија Горан Милевски, вчера имаа средба и со претседателот Пендаровски пред кого ги образложиле партиските согледувања за францускиот предлог и ги истакнале нивните загрижености. -На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во земјата и за модифицираниот предлог на француското претседателство со ЕУ за почеток на пристапните преговори на Република Македонија со Европската Унија. Лидерите на трите партии ги образложија партиските согледувања за францускиот предлог, и ги истакнаа нивните загрижености во однос на истиот, информираа во соопштението од Кабинетот на Пендаровски, кој по седницата на Советот за безбедност објави дека предлогот е прифатлив. Во рамки на широките консултации за предлогот Ковачевски вчера имаше средба со лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села, кој изјави дека Македонија треба да продолжи по патот на евроинтеграциите и оти друга опција за нас како држава не треба да постои. Најави дека ќе го разгледаат францускиот предлог по што ќе излезат со свој став како партија. -Единствен пат треба да биде ЕУ што побргу. Нормално дека тој пат оди преку преговори, преку договори кои треба да се постигнат со земјите на ЕУ. Нема двоумење и мислам дека АА е јасна во овие линии. Јасни сме биле и кога сме давале поддршка и за членување на државата во НАТО. Мислам дека АА е главниот чинител кој ги почна овие промени за да денеска ние бидеме дел од НАТО-Алијансата и граѓаните да се чувствуваат посигурни побезбедни во време на оваа воена криза која се случува помеѓу Русија и Украина, изјави Села. Тој информираше дека дел од дебатата со премиерот била и во врска со македонскиот јазик. Посочи дека имаат разбирање за емоционалното чувство на секој граѓанин, но и дека, како што рече, дефиницијата за јазикот којшто го зборуваат над 20 отсто од граѓаните и кој е различен од македонскиот јазик, е омаловажувачка за Албанците и дека во ситуација кога ќе се отворат уставните измени, треба да се има предвид тоа и во Уставот да стои албански јазик. – Алијанса за Албанците ќе инсистира на ова како политичка партија. И сакам да ја искористам можноста да и пратам апел на ДУИ и тие да се позанимаваат со промена на оваа дефиниција, рече Села. И од движењето БЕСА, од каде веќе се изјаснија дека за нив е прифатлив францускиот предлог, исто така бараат за време на уставните измени да се отстрани делот 20 проценти и да пишува албански јазик. -Движењето БЕСА е информирано од Владата за францускиот предлог и во согласност со партиските одлуки, Движењето БЕСА уште еднаш потврдува дека ќе го прифатиме секој предлог што го отвора патот за интеграција во ЕУ и дека истиот нема да им наштети на интересите на Албанците во земјата. Исто така, бидејќи францускиот предлог сам по себе подразбира уставни промени, ние, за да покажеме политичка конзистентност од последното отворање на уставот, ќе побараме терминологијата „јазик што го зборуваат повеќе од 20 проценти од населението“ да се коригира во Уставот и да се замени со терминот „албански јазик“, наведоа од БЕСА од каде го повторија барањето за предвремени парламентарни избори бидејќи сметаат дека Владата нема капацитет, кредибилитет и легитимитет да управува со државата. Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и вчера побара Ковачевски да го отфрли предлогот или да се тргнат точките од Годишните извештаи каде што се повикува на Протоколот. Предлогот, како што рече, „не треба да помине во Собранието, а и да помине тоа ќе биде на сила“. Извршниот одбор на владејачката СДСМ, пак, вчера оцени дека предлогот е добра основа и, како што информираа од партијата, целосно ја поддржува Владата да го продолжи процесот на консултации за носење на конечна државна одлука. -Во овие моменти е потребно државничко однесување, мудрост и одговорност водејќи грижа за иднината на државата, на сите наши граѓани. Во предлогот, којшто го сметаме дека е европскиот предлог, недвосмислено имаме прифаќање на Македонски јазик во ЕУ, што значи затворање на сите идентитетски прашања. Извршниот одбор на СДСМ констатира дека затворање на идентитетските прашања е најважно и сега е кристално јасно: македонскиот јазик е апсолутно чист и еднаков со другите јазици на Европската Унија. Ова е клучна позиција, државна и национална којашто со овој предлог е обезбедена, наведоа од СДСМ. Во меѓувреме, пораки и поддршка за прифаќање на предлогот упатија министерот за европски прашања на Ирска, Томас Бирн и финската министерка за европски прашања Тити Тупураинен во рамки на нивната заедничка посета на државата. -Демонстриравте дека сте посветени на тешкиот реформски процес што е во тек. Сакаме преговорите и пристапувањето да се случат што е можно побргу. Во моментов сте соочени со навистина важна одлука и јас лично сум многу возбуден од можноста Македонија да стане членка на Европската Унија, изјави Бирн на заедничка прес-конференција со Маричиќ и Тупураинен. Тој порача дека македонскиот јазик и идентитет се заштитени со предлогот, а ќе бидат и зајакнати со членството во Унијата. И според финската министерка за европски прашања со преговарачката рамка целосно се почитува македонската култура, јазик и идентитет. -Преговарачката рамка не треба да има никакви влијанија предизвикани од билатералани прашања или прашања поврзани со историјата и идентитетот, се работи за проширување на ЕУ и преговарачкиот процес и сите тие имаат свои методологии, имаме програма и ги имаме сите инструменти и треба да се започне со самите преговори, рече Тупураинен. Неговиот домаќин, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, пак оцени дека би била вистинска штета и за државата и за идните генерации да го пропуштиме овој момент сметајќи дека ќе добиеме во иднина можеби подобар предлог. -Не би било одговорно да се одбие предлог во кој сме ги постигнале барањата со надеж дека ќе ни се понуди друг. Напротив, секое одлагање и губење време ни отвора можност за нови дневнополитички случувања, рече Маричиќ пораќувајќи дека не момент за непотребно одлагање, туку за разумна дискусија која ќе не одведе до долго посакуваната цел – отпочнување на преговорите. Во меѓувреме, од Европската комисија информираа дека најбрзо што можат ќе изнесат детали за македонскиот јазик во договорот за Фронтекс, кој Софија досега го блокира токму поради нашиот јазик. Според македонските владини претставници, преговарачката рамка предложена од француското претседателство треба да го деблокира и договорот за Фронтекс, кој Македонија не можеше да го потпише до сега поради одбивањето на Бугарија во него да стои македонски јазик. -Сега ги разгледуваме практичните импликации вклучително и за можноста за договорот со Фронтекс, треба да се видат низа Ѝ перативни детали на таа тема, да се види кои ќе бидат импликациите врз него, рече портпаролката на Европската Комисија, Дана Спинант, во одговор на прашање од МИА Од генералниот директорат за внатрешни работи на Европската Комисија, пак, одговорија, дека нивните служби работат на ова прашање и најавија дека ќе испратат одговор „што е можно побрзо“. Во Скопје во изминатите три дена се одржаа протести за отфрлање на францускиот предлог, а учесниците кои официјално немаат организатор но се поддржани од политички партии и граѓански организации, сметаат дека предлогот е исклучително лош за македонскиот народ и македонските национални интереси....
На ГП Табановце се чека околу 30 минути, на Богородица околу 15 минути
Канал 5 - пред 56 минути
На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево....
Претпладне сончево, попладне можна појава на краткотрајно невреме
Канал 5 - пред 1 час
Времето денеска претпладне ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, а попладне и во вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа со услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 9. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 37 степени. Утре на повеќе места ќе биде нестабилно и ќе има пад на температурата, особено во северните делови за 3 до 5 степени. Нов влажен бран со пад на температурата насекаде ќе има од петок и за време на викендот....
Дневен хороскоп за 5. јули 2022 година
Канал 5 - пред 1 час
Рак 22.6-22.7. Љубов Тоа што во моментов има празнина или дистанца во вашите лични односи , денеска ќе биде заборавено по разговор со ваш близок пријател. Кариера Вашите колеги денеска ќе ве насмеат , зашто ќе ве натераат да решавате една загатка , а вие сакате да бидете детектив. Здравје и совет Тргнете се настрана и средете си ги мислите. Лав 23.7-22.8. Љубов Во своето љубовно секојдневие ќе внесувате сосема оригинални идеи , а најверојатно со ручек или вечера за двајца. Кариера Оние кои работат креативна работа ќе бидат многу современи во својот израз и идеите. И натаму ве заморуваат шефовите. Здравје и совет Прифатете ги предизвиците. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашата чувствителност денеска ќе биде зголемена , а другата страна ќе биде расположена за експериментирање во љубовта. Кариера Малку ќе недостига за да добиете алергија на шефот. Обидете се барем во мислите да се оддалечите од него. Здравје и совет Нервоза и замор. Вага 24.9.-23.10 Љубов Можеби саканата личност ќе ве изненади со еден предлог , кој на вас ќе делува како мал шок. Кариера вашите надредени би можеле пред вас да претставатеден предлог што е малку чуден . Првин размислете , а потоа расправајте за него Здравје и совет Победувате со издржливоста. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Може да очекувате исполнет љубовен ден. Дури и ако сте сами , би можеле одлично да се забавувате. Кариера Можни се мали недоразбирања во соработката и при вербалните договарања. Фантазијата ќе ви овозможи да допрете до суштината. Здравје и совет Не морате се да откриете. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Како што ќе минува денот , ќе забележувате дека вашиот личен живот добива нов сјај и се враќа во рамнотежа. Кариера Можно е да заминете на службено патување што не сте го очекувале , а кое ќе ви донесе радост. Здравје и совет Не треба да жалите по она што поминало. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Нервозата и напнатоста поради недоразбирањата во личните односи може да ги елиминирате со чиста есенција на љубов без зборови- со нежност. Кариера Во главата малку ќе ги проанализирате сите теми поврзани со работата , но нема да носите заклучоци. Здравје и совет Бидете пример за помладите од вас. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Веројатно е се подобро поврзување со спротивниот пол , а особено со некој кој не е од вашата околина. Кариера Се наоѓате во минлива фаза на зголемена чувствителност , па дури и редовните напори на кои сте навикнати , ќе ви предизвикаат тешкотии. Здравје и совет Потсетете се што е тоа што го сакате. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Не се знае кој денеска ќе биде потажен- вие или вашата најсакана личност. Не е ден за анализи , туку за утеха и толеранција. Кариера Ќе дојде до деловна кореспонденција , што ќе ве замори. Станува збор за многу напорен начин на изразување. Здравје и совет Потребна ви е релаксација. Овен 21.3-20.4. Љубов Емотивност , нежност , чувство на препознавање на оние скриени суптилни нивоа во односите- Сето тоа ќе го доживеете денеска. Кариера Можни се проблеми во привршување на покуси фази при работењето. Ќе мора да бидете попрецизни. Здравје и совет Веќе ништо не може да ве изненади. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ги иамте сите адути во своите раце. Потребно е само да зборувате за она што ви лежи на срце. Кариера Некои ќе се затекнат на интересен состанок на кој ќе има сешто- од неморални понуди до морализирање и филозофирање. Здравје и совет И натаму чувствувате замор. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Барањата за внимание од еден член на вашето семејство , накусо ќе ве оддалечи од саканата личност. Кариера Во работата денеска ќе внесете чувства. Некои ќе бидат наклонети и кон драматизирање.Направете исчекор и опуштете се. Здравје и совет Внимавајте на грлото....
Кејт Хадсон објави фотографија со својата ќеркичка
Канал 5 - пред 1 час
Актерката Кејт Хадсон можеби во последно време не ја гледаме на големото платно, но е исклучително активна на социјалните мрежи, особено на Инстаграм. Една од нејзините неодамнешни фотографии токму на оваа мрежа предизвика полемики меѓу фановите. View this post on Instagram A post shared by Kate Hudson (@katehudson) Имено, убавата русокоса неодамна објави фотографија со својата ќерка Рани Роуз како се шетаат во Њујорк. Она што повеќето нејзини придружници не ги остави рамнодушни е фактот што актерката својата тригодишна ќерка ја вози во количка. Кејт Хадсон, која покрај ќерката Рани ги има 18-годишниот син Рајдер и 10-годишниот син Бингам, наиде на општа осуда од јавноста, а нејзините обожаватели јасно го изразија своето несогласување во коментари под сликата. Критиките на сметка на актерката се нижеа, а некои од нив беа навистина остри: - Преголема е за таа количка! - напиша еден од придружниците. - Нозете не ѝ се скршени. Оди малку, девојче! – го осуди потегот на актерката една придружничка. Секако, имаше и такви кои застанаа во одбрана на убавата актерка, па и многумина од нив се согласија дека е многу полесно да ги туркате децата во количка кога е топло, отколку да ги носите во раце кога ќе се уморат. Извор:srecna.republika.rs...
Што мислите, колку чинат овие чевли на Јелена Ѓоковиќ?
Канал 5 - пред 2 часа
На теренот, играчите се принудени да носат бело, но тоа не ги спречува нивните навивачи да ја покажат својата маестрална облека. Иако не важи за некој кој се облекува екстравагантно, Јелена Ѓоковиќ сепак има и неколку стилски моменти за паметење. Имено, убавата сопруга на Новак Ѓоковиќ овој пат се одлучила за едноставна бела кошула и панталони, но деталите кои ги искомбинирала направија да изгледа посебно. Таа се одлучила за светло црвен џемпер кој го наметнала преку рамења и популарните мокасини во иста боја. Овие чевли се хит на сезоната, а Јелена се одлучила за модел од еден популарен бренд, кој чини речиси 1.000 евра. View this post on Instagram A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf) Таа дури и нашла автомобил во истата боја и се сликала пред него. Сепак, сè е во деталите. Она што многумина го пофалија е нејзината коса која е изразито брановидна. Имено, на сите им е познато дека Јелена обожава да носи плетенки, а нејзината фризура на Вимблдон најверојатно настанала откако ги расплела. Оваа фотографија доби речиси 20.000 лајкови за помалку од 12 часа, а коментарите под сликата само се нижеа. Извор: srecna.republika.rs...
Каде исчезна убавината на најубавите сестри на светот?
Канал 5 - пред 2 часа
Овие две сестри долго време доминираат на модните писти и се неприкосновени кралици на модните трансформации. Неодамна, сестрите Хадид ја делеа модната писта во Њујорк, на ревија на која беше претставена есенската колекција на брендот „Marc Jacobs“. Естетиката на оваа линија беше значително поразлична од она што сме навикнати да го гледаме, па наместо гламурозни и исончани модели, на пистата прошетаа бледи манекенки со црни перики. View this post on Instagram A post shared by Gigi Hadid (@gigihadid) Во низата девојки со прилично сличен изглед се истакнаа две. Џиџи и Бела Хадид се појавија речиси непрепознатливи. За потребите на ревијата, се чинеше дека тие ги избелиле веѓите и ја избричиле главата, а на пистата излегоа со долги црни перики. Нивните необични фризури се состоеја од шишки кои опфаќаа поголем дел од главата, а делот од косата над ушите беше избричен сè до тилот. Секако, на Инстаграм профилите на двете сестри нивните обожаватели речиси веднаш започнаа полемика. Некои велеа дека изгледаат моќно, други дека ова не им одговара, а некои овој изглед го споредија со фризурата на Лордот Фарквад од цртаниот филм „Шрек“. View this post on Instagram A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid) На крајот, сепак, се покажа дека познатите убавици не ја избричиле главата, туку носеле заштитна капа со боја на кожа, вешто камуфлирана за да личи на човечки скалп. Мора да им се оддаде признание, навистина нè измамија! Извор: srecna.republika.rs...
Ќерката на Драгана Мирковиќ во провокативно издание
Канал 5 - пред 9 часа
Сепак, неодамна ги отклучија своите профили на Инстаграм, па добија големо внимание. Ќерката на Драгана Мирковиќ, Мануела Бијелиќ е вистинска убавица, а многумина коментираат дека личи на нејзината мајка. Мануела сега објави видео на Инстаграм на кое позира во тесен розов фустан покажувајќи го своето убаво тело. Наследничката на популарна пејачка често споделува фотографии од луксузни дестинации, но и нејзините провокативни изданија. View this post on Instagram A post shared by ❥ Manuela (@manubijelic) View this post on Instagram A post shared by ❥ Manuela (@manubijelic) View this post on Instagram A post shared by ❥ Manuela (@manubijelic)...
Роналдо прави трансфер од Јунајтед во Челси?!
Канал 5 - пред 10 часа
Тој денеска не се појави на првиот собир што го свика новиот тренер Тен Хаг што беше само потврда на најавите. Никој не поверува во неговото оправдување дека ке го нема од семејни причини. Неговиот менаџер вчера се сретна со новите сопственици на Челси што значеше аларм на островот за можен спектакуларен трансфер....
„Ford Bronco“ доаѓа во Европа
Канал 5 - пред 10 часа
Придружувајќи им се на „Mustang“ и „Explorer“ како модели дизајнирани и направени за американскиот пазар и достапни на Стариот континент, новиот „Bronco“ ќе се најде во салоните на „Ford“ во Европа од крајот на следната година. За жал, „Bronco“ ќе се продава во Европа во „строго ограничен број“, иако не се знае точно што значи тоа, пишува „Motor1“. Она што е сигурно е дека цврстиот теренец ќе биде достапен на европските пазари само со волан на левата страна од третиот квартал на 2023 година. „Ford“ се уште не е подготвен да открие технички детали во врска со европската верзија на „Bronco“. Производителот само вели дека ќе се продава исклучиво како возило со четири врати, но нема информации за нивоата на опременост и цените. Сепак, познато е дека стандардната опрема ќе вклучува елементи како што се премиум аудио систем „Bang & Olufsen“ со 10 звучници и сабвуфер, камера од 360 степени и 12-инчен екран за со „Apple CarPlay“ и „Android Auto“ . Што се однесува до теренските можности, „Ford“ вели дека „Bronco“ ќе дојде во Европа со стандарден заден диференцијал за блокирање и опционален преден диференцијал за блокирање. „Ford“, исто така, ветува дека за „Bronco“ ќе биде достапен широк спектар на додатоци. Тие вклучуваат подобрени системи за осветлување, заден шатор, шатор на покривот, странични тенди, шини на покривот и посебни носчи за скии, велосипеди и покривни кутии....
Извршен одбор на СДСМ: Последниот европски предлог е добра основа
Канал 5 - пред 10 часа
Извршниот одбор на СДСМ попладнево на седница го разгледуваше последниот европски предлог на француското претседателство за кревање на блокадата и започнување на преговори со ЕУ и врз основа на сите анализи и дискусии, имајќи го предвид интересот на државата и граѓаните, донесе повеќе заклучоци: 1. Предлогот е добра основа и Извршниот одбор целосно ја поддржува Владата да го продолжи процесот на консултации за носење на конечна државна одлука. Во овие моменти е потребно државничко однесување, мудрост и одговорност водејќи грижа за иднината на државата, на сите наши граѓани. 2. Во предлогот, којшто го сметаме дека е европскиот предлог, недвосмислено имаме прифаќање на Македонски јазик во ЕУ, што значи затворање на сите идентитетски прашања. 3. Извршниот одбор на СДСМ констатира дека затворање на идентитетските прашања е најважно и сега е кристално јасно: македонскиот јазик е апсолутно чист и еднаков со другите јазици на Европската Унија. Ова е клучна позиција, државна и национална којашто со овој предлог е обезбедена. 4. Воедно, предлогот ги става билатералните, историски прашања надвор од преговарачката рамка. 5. Исто така овој предлог е во целосна согласност со Резолуцијата во Собранието за државните позиции. 6. Ова покажува дека Владата, премиерот и надлежните институции одговорно постапувале и ги застапувале државните и национални интереси. 7. По завршување на процесот на широки консултации, процесот да продолжи во Собранието. 8. СДСМ уште еднаш ја реафримираше својата позиција за преземање на сите активности, за заштита на националниот, јазичен и историски идентитет на македонскиот народ и неговата посебност како наша врвна вредност и заложба. Членството во ЕУ е историски важно и стратешко прашање а нашето место е во ЕУ. Имаме единствена можност да ја исполниме и нашата долгоочекувана стратешка цел, полноправно членство во ЕУ. Тоа е нашата визија, тоа е нашата иднина. Имаме неповторлива можност обезбедување просперитет на државата, им го должиме тоа на идните генерации. Време е за мудри одлуки СДСМ Центар за комуникации со јавноста...
ДУИ го осудува антиевропското насилство на проруските елементи
Канал 5 - пред 10 часа
Граѓаните вечерва беа сведоци на обидот да се повтори сличниот напад врз највисокото законодавно тело во државата како на 27 април 2017 година од политички партии и поединци кои воопшто не размислуваат за иднината на граѓаните и на Република Македонија. Во решавачките моменти за државата, во моментите кога се пишува историја и се поставуваат темелите на европскиот пат, Демократската унија за интеграција ги уверува институциите и граѓаните дека нема да дозволи во ниту еден момент да скршне од патот на Евро-американско пријателство и европската интеграција. Проруските партии кои водат насилни протести против евроинтеграциите ја спроведуваат агендата на Москва за дестабилизација на земјата и регионот, но за среќа овие помали партии немаат поддршка од граѓаните. Ги повикуваме политичките партии во земјата кои се назначени за европска Македонија, да се оградат од овие деструктивни агенди и да работат заедно за интеграција во Европа со целосно почитување на идентитетот, културните и јазичните карактеристики на сите нас. Демократска унија за интеграција...
Францускиот предлог претставен пред Стратешкиот совет на МНР
Канал 5 - пред 10 часа
Стратешкиот совет претставува еден од столбовите за изградба на долгогодишната стратегија за надворешна политика на Македонија, во процесот кој се иницираше минатата година од страна на Министерството – Рефлексија2030. Османи на состанокот детално ги образложи главните елементи од последниот предлог, кои не задираат во идентитетските прашања и после речиси две децениски кандидатски статус овозможуваат да се отвораат заслужените пристапни преговори. “Во светло и на пошироките геополитички импликации, како резултат на руската агресија врз Украина и потребата од политичка стабилност и предвидлив развој на нашиот регион, продолжувањето на нашите европски интеграции особено добива на значење.“, нагласи Османи. Консултациите со сите релевантни општествени чинители претставуваат важен аспект од процесот на донесување на конечна одлука за овој историски момент за насоката на која ќе се движи државата....
Европската унија ќе воспостави платформа за обнова на Украина
Канал 5 - пред 10 часа
Платформата ќе се користи за да се идентификуваат потребите за инвестиции, да се координираат акциите и да се насочат ресурсите, рече Фон дер Лејен на Конференцијата за обновување на Украина во Лугано, Швајцарија. „Од почетокот на војната, ЕУ мобилизираше околу 6,2 милијарди евра финансиска поддршка. Ќе дојдат уште повеќе. Ние значително ќе се вклучиме во среднорочна и долгорочна реконструкција“, рече шефицата на ЕК. Платформата ќе ги обедини земјите, институциите, приватниот сектор и граѓанското општество. Во неа ќе бидат вклучени и меѓународни организации како што се Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската инвестициска банка (ЕИБ). ЕИБ предлага финансиска структура што беше искористена за време на пандемијата „Ковид-19“ за да помогне во обновата на Украина со инвестиции до 100 милијарди евра. Фон дер Лајен рече дека Европа има посебна одговорност и стратешки интерес да биде на страната на Украина. Исто така, тврди дека Комисијата има експертиза за водење на програми кои комбинираат реформи и инвестиции. Откако Украина и официјално стана кандидат за членство во ЕУ, соработката со Киев само ќе се интензивира, изјави Фон дер Лајен. На Украина и се потребни 750 милијарди долари за трифазен план за обновување по руската инвазија, изјави нејзиниот премиер на конференција. Денис Шмигал исто така рече дека руската инвазија на инфраструктурата на Украина предизвикала директна штета од над 100 милијарди долари. „Денес директните загуби на Украина во инфраструктурата се над 100 милијарди долари“, рече тој. Во видео обраќањето на конференцијата, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека обновата на Украина ќе биде „заедничка задача на целиот демократски свет“, пренесе Индекс.хр....
Се намалува бројот на пабови во Англија и Велс
Канал 5 - пред 11 часа
Вкупниот број на пабови паднал под 40.000 во првата половина од годината, што значи дека во Англија и Велс има седум илјади пабови помалку од пред десет години. Пабовите кои исчезнале од заедниците се урнати или претворени во станбен и деловен простор, според истражувањето на консултантската куќа за имот Алтус Груп. Угостителскиот сектор се соочи со огромни предизвици во годините на пандемијата бидејќи затворањето и нанесе тежок удар на побарувачката. Пабовите некако успеаја да се извлечат од кризата предизвикана од коронавирусот, а потоа се најдоа под товарот на рекордно високата инфлација и енергетската криза. „Пабовите се покажаа исклучително отпорни на пандемијата, но сега се соочуваат со нови предизвици, се сопнуваат под трошоците за водење бизнис генерирани од зголемувањето на цените на енергенсите, инфлаторните притисоци и повисоките даноци“, вели претседателот на Алтус Груп во Велика Британија, Роберт Хејтон. Од крајот на 2021 година до крајот на јуни 2022, 200 пабови се затворени во Англија и Велс. Во Вест Мидлендс падот е најизразен, со 28 пабови затворени за само половина година. Следуваат Лондон и Источна Англија, каде 24 престанале да работат. Според истражувањето на „British Beer and Pub Association“, „British Institute of Innkeepinga“ и „UKHospitality“, само 37 отсто од угостителските бизниси остваруваат профит. Најголеми тегоби предизвикуваат повисоките цени на енергијата, стоките и работната сила. Угостителството бара од Владата поголема поддршка. „Кога пабовите се принудени да ги затворат вратите, тоа е огромна загуба за локалната заедница и бројките даваат разорна слика за исчезнувањето на пабовите во селата, градовите и градовите низ целата земја“, вели извршната директорка на Асоцијацијата на пивари и пабови на Велика Британија, Ема Мекларкин. Извор: Индекс.хр...
Габриел Хесус претставен во Лондон на кровот на стадионот
Канал 5 - пред 11 часа
На кровот на стадионот Емирати, Хесус беше фотографиран во поза иста каква што е огромната бетонска статуа на Исус над Рио де Жанеиро. Бразилецот до чинеше Арсенал 55 милиони евра колку што му беа платени на манчестер сити....
Маричиќ: Предлог кој излегува во пресрет на сите наши забелешки, вреди да се разгледа
Канал 5 - пред 11 часа
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во брифингот со уредниците изјави дека разговорите и консултациите за францускиот предлог за почеток на преговорите со ЕУ ќе продолжат на повеќе нивоа, а ја најави и утрешната официјална посета на Скопје на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, - Сè уште трае фазата на консултации. Работиме интензивно на разгледување и на консултации на овој предлог за донесување на соодветна одлука во наредните денови. На седница на Влада ќе видиме и ќе разгледуваме во која форма и како ќе се дејствува понатаму. Ние не се обврзавме со конкретни временски рокови, но секој ден некој, ми замерија и јавно дека премногу сум форсирал да побрзаме, но ние чекаме веќе 17 години. И во ситуација кога имаме предлог кој излегува во пресрет на сите наши забелешки, мислам дека е пакет кој вреди да се разгледа сериозно, рече Маричиќ. Вицепремиерот Маричиќ на прашањето кога и како ќе започне процесот, одговори дека секои преговори почнуваат со прва меѓувладина конференција на којашто се усвојува преговарачката рамка, се чита „опенинг стејтмент“ или онаа изјава формална за отворање на преговорите од двете страни и се носи одлука за почеток на скринингот. - Скринингот е почетна фаза на преговорите, тоа не е надвор од преговорите, во таа почетна фаза на преговорите имаме задача ние со Европската Комисија и државите членки на ЕУ да го прегледаме нашето законодавство колку е усогласено, но и практиките колку се усогласени со европските. Врз основа на тој скрининг се прават извештаи коишто го даваат патот за како се отвораат и како се движат и затвораат Поглавјата и Кластерите, објасни Маричиќ, додавајќи дека со овој предлог го добиваме она што сметавме дека ни припаѓа, а тоа е почеток на преговорите на оваа првична фаза, на скринингот....
Вонредна состојба во Охајо поради демонстрации против полицијата
Канал 5 - пред 12 часа
Протестите избија откако полицијата објави видео на кое се гледа како осум полицајци пукаат во Џејланд Вокер (25), Афроамериканец кој бега од сообраќајна полиција. Подоцна беше откриено дека на телото на убиениот Вокер има околу 60 прострелни рани. Според првичните извештаи, осум полицајци од Акрон биле вклучени во пукањето во кое загина невооружениот Вокер. /МИА...
Апасиев за Канал 5: Народот веќе не може да трпи вакво политичко предавство
Канал 5 - пред 12 часа
Со него разговараше Игор Стефановски. Целосната изјава погледнете ја во видеото....
Протест пред Владата: Дел од граѓаните ја пробија полициската ограда
Канал 5 - пред 12 часа
Протестот го следи Игор Манасијевски. Ваквата радикализација беше и најавена. Каква е ситуацијата сега, дали се смири? Целосниот извештај погледенте го во видеото....
СДСМ: Осуда за инцидентите и насилството на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ и Левица
Канал 5 - пред 12 часа
Вечерва јавноста обид за повторување на упадот од 27 април 2017 од страна на политички партии кои не и мислат добро ниту на државата, ниту на граѓаните. СДСМ, институциите, граѓаните нема да дозволат ваквото опасно, деструктивно постапување да ја загрози иднината на држава, обидите за дестабилизација на државата одново ќе бидат поразени. Центар за комуникации со јавноста на СДСМ...
Апасиев за Канал 5: Народот веќе неможе да трпи вакво политичко предавство
Канал 5 - пред 12 часа
Со него разговараше Игор Стефановски. Целосната изјава погледнете ја во видеото....
Мицкоски за Канал 5: Имам нов предлог – да формираме работни групи за сите точки од предлогот
Канал 5 - пред 12 часа
Мицковски за Канал 5 вели дека има нов предлог, да се формираат работни групи за сите точки од предлогот. Целосната изјава погледнте ја во видеото....
Протест и пред Собранието: Кон законодавниот дом се фрлаат јајца
Канал 5 - пред 12 часа
Пред Собранието е Игор Стефановски, целосниот извештај погледнете го во видеото....
Барселона го доведе Кеси од Милан
Канал 5 - пред 12 часа
Кеси за Барселона ќе игра во следните 4 сезони, а каталонците веднаш му ставија излезна клаузула во договорот од половина милијарда евра. Во исто време тренерот Чави го чисти тимот и им соопшти да си бараат нови клубови на Ленгле, Умтити, Пуџ, Нето, Мингеса и Муса....
Најмалку шест лица загинаа во пукање на парада за 4 јули во Чикаго
Канал 5 - пред 13 часа
Полицијата изјави дека најмалку 25 лица се повредени и однесени во болница. Осомничениот пукал во посетитете на парада од покривот на околните згради. Истражителите го пронашле оружјето со кое бил изведен нападот. Сцените од немилиот настан покажуаат крв на тротороат и полицајци кои говорат со минувачи. Од видео од посетители се гледа како луѓето бегаат во паника. Според полицијата, властите во околните места треба да оценат дали да ги откажат прославите планирани за денешниот ден. Во САД денеска низ земјата се оддржуваат бројни паради а по повод Денот на независноста. Настаните лани и во 2020 година беа откажани поради пандемијата на Ковид-19. /МИА...
Алабаковски: Aко мојата дијагноза е пироман, вашата е предавничка
Канал 5 - пред 13 часа
Пред присутните се обрати и пеjaчот Ламбе Алабаковски. Целосната изјава погледнете ја во видеото....
Трет ден протест пред Владата: Дел од граѓаните ја пробија полициската ограда
Канал 5 - пред 13 часа
Дел од граѓаните се дојдени пред вратите на Владата. Ситуацијата пред Владата ја следи Игор Манасиевски, целосниот извештај погледнете го во видеото....
Пет загинати и 16 ранети во инцидент на прославата на 4 Јули во Чикаго
Канал 5 - пред 13 часа
Полицијата на Хајленд Парк, северно предградие на Чикаго, соопшти дека и понатаму е „активен инцидент“ и ги повика луѓето да се држат настрана. /МИА...
Србија: Повеќе од 1.000 новозаразени
Канал 5 - пред 13 часа
Еден пациент починал како последица на оваа болест. На болничко лекување се 121 пациент, додека девет од најтешко болните се на респиратор....
Видео: Пукање на парадата на Денот на независноста во САД, има жртви
Канал 5 - пред 13 часа
Вооружен напад се случи денеска во северно предградие на Чикаго на парада на прославата на Денот на американската независност, јавија локалните медиуми. Парадата беше прекината по десет минути, кога се слушнаа истрели и настана паника. Според Чикаго Сан Тајмс, неколку луѓе се повредени. Репортерот на весникот тврди дека видел „три крвави тела покриени со ќебиња“ и најмалку пет ранети. Еден од очевидците изјавил дека слушнал околу 20 последователни истрели и поради тоа оценил дека „не можело да биде пиштол или пушка“. Истиот изјавил дека ги видел ранетите, меѓу кои и жена за која тврди дека не преживеала. На парадата имаше силно полициско обезбедување и неколку противпожарни возила. There are reportedly multiple fatalities following a shooting at an Independence Day parade in Highland Park, Illinois. Warning: Gunshots heard in below video.pic.twitter.com/F0BrsEXIS8 — Alex Salvi (@alexsalvinews) July 4, 2022...
Девојка од Флорида преживеала напад од ајкула, ќе мора да и ја ампутираат ногата
Канал 5 - пред 14 часа
"Не знаев што да правам, но знаев дека треба да ја удриш ајкулата во носот за да ја тргнеш од тебе", вели Адисон. Таа почнала да вика помош, а нејзините крици ги слушнал нејзиниот брат Рет Вилингем, кој случајно е пожарникар и техничар за итна медицинска помош. "Слушнав како вреска. Не ја видов, а потоа таа почна да излегува од водата и видов ајкула и многу крв, а потоа стигнав до неа и ја тргнав ајкулата од неа", вели Рет. Ќе мора да и биде ампутирана ногата Откако ја совладал ајкулата, го запрел нејзиното крварење и ја однел на копно. Трауматскиот тим на локалната болница ја стабилизирал, а хирург извршил итна операција за да и го врати протокот на крв во ногата. И покрај максималните напори на лекарите, утре ќе мора да и биде ампутирана ногата над коленото. "Ќе биде многу полесно на крајот. Возбудена сум поради тоа, да бидам искрена. Уморен сум од седење во кревет", вели Адисон опкружена со плишани ајкули. „Сите што ме познаваат знаат дека наоѓам хумор во сè, обожавам плишани ајкули. Само ја осветлувам ситуацијата“, изјави таа за Си-Ен-Ен....
САД: Убиството на новинарот Ширен Абу Аклех е ненамерно и резултат на трагични околности
Канал 5 - пред 14 часа
Од Стејт департментот денеска изјавија дека не можат да го утврдиат потеклотото на куршумот што го уби американско-палестинскиот новинар Ширен Абу Аклех, во Западниот Брег во мај, но заклучува дека смртта најверојатно потекнува од оган од израелски воени позиции. Експертите утврдија дека куршумот е оштетен што е пречка за да се донесе јасен заклучок, се вели во соопштението од портпаролот Нед Прајс. -Во заклучок од истрагите на одбранбените сили на Израел и на палестинската власт, безбедносниот координатор на САД (УССЦ) заклучи дека оганот од изреалски одбранбени позиции е најверојатно одговорен за смртта на Ширен Абу Аклех, се вели во соопштението. УССЦ не најде причина да верува дека ова е намерно, најверојатно е резултат на трагични околности во текот на воена акција на израелските одбранбени сили против фракции на палестинскиот исламски Џихад на 11 мај 2022 година во Џенин, а по серија терористички напади во Израел, се вели во соопштението./МИА...
Видео: Пукање на парадата на Денот на независноста во САД, има мртви
Канал 5 - пред 14 часа
Се стравува дека повеќе луѓе загинале за време на пукањето на парадата на Денот на независноста во Хајленд Парк, Илиноис, јавува Фокс њуз. Сведоците велат дека толпата бегала од пукањето, а очевидците велат дека виделе најмалку пет крвави луѓе како лежат на земја, пишува Чикаго Сан Тајмс. Фокс32 пишува дека во престрелката едно лице е убиено, а неколку други се ранети. Се стравува дека бројот на загинати е поголем. There are reportedly multiple fatalities following a shooting at an Independence Day parade in Highland Park, Illinois. Warning: Gunshots heard in below video.pic.twitter.com/F0BrsEXIS8 — Alex Salvi (@alexsalvinews) July 4, 2022...
Првите количини на опасниот линдан од малата депонија од ОХИС заминуваат од нашата државата
Канал 5 - пред 14 часа
Имено по добиеното одобрение од солунското пристаниште за прием на првата испорака на отпадот, на 23.06.2022г започна утоварот на бурињата со чист HCH во контејнери кои беа соодветно запечатени и обележани според меѓународната регулатива за прекуграничен транспорт на опасен отпад по Базелска Конвенција. Вкупно 477,1 тони отпад од HCH ископани и спакувани во 1936 буриња и натоварени во 7 контејнери и 126,37 тони HCH загадена почва ископана и соодветно спакувана, со товарни возила ќе бидат транспортирани до Солунското пристаниште во Грција од каде со брод HCH отпадот ќе биде транспортиран за Франција, а контамираната почва за АТМ Холандија. Со тоа комплетно завршуваат договорните активности со УНИДО, а по извршеното примопредавање на 03.06.2022г. за продолжување на ископот одговорноста ја презема UNOPS со користење на средства од Повеќепартнерскиот фонд за животна средина специјално формиран за чистење на контаминацијата во кругот на ОХИС. Во меѓувреме се продолжи со ископ на останатиот материјал од малата депонија која е поделена во уште четири лота. Во тек е ископот на вториот лот за чиј надзор е одговорна компанијата HPC во соработка со локалниот партнер Екомозаик. Министерство за животна средина и просторно планирање...
Општина Дебар упати апел за поголема внимателност по зголемениот број заразени со Ковид-19
Канал 5 - пред 15 часа
Се верува дека бројот на заразени е поголем, зашто добар дел не се тестираат или тоа го прават во домашни услови со брз тест поради благата форма на болеста. – Почнува да расте бројот на инфицираните лица со коронавирус. Апелираме до граѓаните за поголема внимателност имајќи во предвид зголемената присутност на иселениците, а со тоа и зголемените контакти, како и домашни веселби, стои во апелот на општината. Се додава дека може да се вакцинираат во Општата болница со проширена дејност, што е единствена заштита или да минат со поблага форма доколку дојде до зараза. Од почетокот на пандемијата на крајот на февруари 2020 година до сега, опасниот вирус е дијагностициран кај 1684 лица од оваа и општина Центар Жупа. Починале стотина, а активни на болеста се три лица. На ова подрачје заштитна маска воопшто не се носи, дури ни во места каде што е препорачано, како на пример аптеките. /МИА...
Средба на претседателот Пендаровски со лидерите на ДОМ, Демократски сојуз и ЛДП
Канал 5 - пред 15 часа
Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов и претседателот на Либерално-демократската партија Горан Милевски, партии кои се дел од владината коалиција. На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во земјата и за модифицираниот предлог на француското претседателство со ЕУ за почеток на пристапните преговори на Република Македонија со Европската Унија. Лидерите на трите партии ги образложија партиските согледувања за францускиот предлог, и ги истакнаа нивните загрижености во однос на истиот....
Маричиќ: Нашата иднина сега е во наши раце
Канал 5 - пред 15 часа
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ на денешната прес-конференција со министрите за европски прашања на Финска и Ирска, Тити Тупураинен и Томас Берн рече дека сега имаме шанса за судбоносно „да“ за европска иднина на земјава, бидејќи со официјалниот француски предлог го добивме она за кое се бориме со години, - Чиста формулација на македонскиот јазик, без никакви фусноти, ѕвездички, дообјаснувања, што за нас беше најважно во зачувување на нашите национални интереси. Тоа е она за што се боревме, што го посакувавме, тоа се нашите црвени линии кои успеавме да ги зачуваме. И тоа треба да го вреднуваме и да го цениме. Покажавме дека имаме одговорност и стратегија во целиот процес, кажа на прес-конференцијата Маричиќ. Министерката за европски прашања на Република Финска, Тити Тупураинен, рече дека гледа позитивни чекори и дека ги поддржуваат сите напори да се најдат заемно прифатливи решенија, бидејќи почетокот на преговорите е од суштинска важност не само за Македонија, туку за целиот регион и ЕУ. - Се работи за кредибилитетот на ЕУ и нејзината политика за проширување, а се разбира ова е и прашање на мир и стабилност на Западен Балкан и според тоа претставува европско прашање за нас. Македонија е позитивен пример на активен и конструктивен член на меѓународната заедница, истакна Тупураинен, изразувајќи благодарност за нашата добра соработка и нејзиното присуство во Македонија во овој историски момент. Вицепремиерот ја поздрави одлуката на Финска за зачленување во НАТО и ја потврди политиката на Македонија на отворени врати за членство во НАТО, изразувајќи надеж дека тоа ќе се случи што е можно поскоро. Ирскиот министер за Европа пак рече дека во моментот се соочуваме со важна одлука за зајакнување на нашиот идентитет. - Јас лично сум многу возбуден од можноста Македонија да стане членка на ЕУ и од тоа што имав можност да го слушам македонскиот јазик во европското семејство затоа што јас доаѓам од земја во којашто не ни беше дозволено да зборуваме на ирски долги години и со членството во ЕУ сега нашиот јазик има еден навистина извонреден статус и сигурен сум тоа ќе биде случајот и со македонскиот јазик, истакна Томас Бирн. Бирн потенцираше дека и Ирска морала да направи навистина тежок компромисно, но сепак го направиле тоа и дека во ирскиот случај сите лоши работи престана со нивното членство во ЕУ пред речи си 50 години. - Ние кога се приклучивме кон економската заедница пред 50 години имаше еден милион вработени во ирска. Минатата година нашата статистичка служба извести дека тоа бројка денеска 2,5 милиони тоа е една изворна разлика, јас немам никаков сомнеж дека и вашата земја ќе просперира и ќе успее и економски и општествено штом ќе седнеме на европската маса. Ние ќе бидеме со вас сакаме да бидеме со вас секој чекор во процесот, посочи министерот Бирн. Маричиќ изрази и благодарност за принципиелната поддршка на нашиот реформскиот и евроинтеграцискиот процес и што го препознаваат напредокот на општеството во сите аспекти како резултат на европеизацијата, особено оние во областа на политичките критериуми и владеењето на правото, одржливиот економски развој и зелената агенда. - И со двете земји Македонија има добар потенцијал за соработка во рамките на ИПА инструментите, TWINNING и TAIEX, во чии рамки досега успешно реализиравме проекти во областа на зајакнување на менаџерските капацитети на државната администрација. Дополнително, искуствата на Финска и Ирска и те како ќе бидат од наша корист со отпочнувањето на процесот на преговори кога ќе треба да направиме голем и значителен исчекор во реформските процеси, потенцираше Маричиќ....
Шарл Мишел утре во посета Скопје
Канал 5 - пред 15 часа
Ова за МИА го потврдија високи дипломатски извори на ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел. Како што дознава МИА, целта на посетата на Мишел е да ја покаже поддршката на ЕУ за францускиот предлог и да ја потврди заложбата на унијата за интегрирање на Македонија. /МИА...
Министрите за Европа на Ирска и Финска повикаа да се искористи шансата, предлогот да се прифати
Канал 5 - пред 15 часа
Ова се главниоте пораки кои стигнуваат од меѓународната заедница по објавуавњето на конечниот француски, односно европски предлог за кревање на бугарското вето. Американската амбасадорка во земјава Кејт Мери Брнз на твитер напиша дека со вака составениот предлог се гарантира македонскиот идентитет и јазик. -САД ја поздравуваат дискусијата во Македонија за ревидираниот предлог на ЕУ за старт на преговорите, признавајќи ја важноста на македонскиот јазик и идентитет. Долго време ја поддржуваме иднината на Македонија во ЕУ и сега гледаме пат за придвижување нанапред.- Кејт Мери Брнз – Амбасадорка на САД. И Европскта комисија е на став дека ревидираниот предлог отвора можности за конечно придвижувања не евроинтеграциите, ни и дека одблиску ги следат последните случувања во Македонија и протестите организирани од опозицијата. Словенечкиот претседател Борут Пахор пак е на став дека овие денови се решава геополитичката судбината на целиот Западен Балкан. Пахор во изјавата српска политика имаше и забелешки за ангажманот на ЕУ во односно на овој дел на Европа. Денес во Скопје се и министрите за европски прашања на Ирска и Финска. Средби имаа со нивниот хомолог – Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ. Како што се очекуваше Маричиќ и неговоте колеги повикаа да се искористи шансата и предлогот да се прифати... Инаку, и сецијалниот пратеник за Западен Балкан на Обединетото Кралство, Стјуарт Пич, го поздрави постигнатиот напредок во решавањето на разликите меѓу Скопје и Софија и финалниот Француски предлог. Тој се надева дека во земјава брзо ќе се обезбеди договор за отпочнување на пристапните преговори со ЕУ....
Во Вашингтон нa Денот на независноста ќе прозвучи „1812 година“ од Чајковски
Канал 5 - пред 15 часа
Американскиот претседател Џо Бајден и првата дама Џил денеска на најважниот празник во САД, Четврти јули, се домаќини во Белата куќа каде што спремаат скара за воените семејства. На Капитол хил на концертот вечерва, не е откажана изведбата на „1812 година“ од Чајковски и покрај руската агресија на Украина Четврти јули се смета за најпатриотскиот ден во САД кога Американците се собираат кај роднини и пријатели да прослават со скара или одат на пикник. Во заедниците, градовите и окрузите денот започнува со паради а завршува со огномети. Во Вашингтон синоќа се одржа пробата за главниот настан денеска за одбележување на Денот на независноста на САД, отворена за јавноста првпат по две години пауза поради пандемијата. На прославата, која ќе биде емитивана во живо од Пи-би-ес, ќе настапат низа познати американски актерски, кантри и блуз изведувачи. Се предидува да дојдат стотици илјади од цела Америка – сите го исчекуваат спектакуланиот огнометот над Националната алеја кој според властите на градот ќе трае речиси цел час. Обезбедувањето е на највисоко ниво, полицијата е распоредена низ централните улици од споменикот на Вашингтон до Капитол хил. Дописникот на МИА од Вашингтон синоќа имаше можност да ја проследи пробата за вечерашниот концерт и да го слушне звукот на хаубиците на Националната гарда што пред зајдисонце се очекува да дадат сигнал за огнометот. Топовите всушност се дел од изведбата на Симфонискиот оркестар на Вашингтон на „1812 година“ – свечена увертира, концерт од Чајковски посветен на победата на Русија во војната против Наполеон во 19 век, важен настан за Европа и Америка. Овој концерт традиционално се изведува на Денот на независноста, како во Вашингтон така и во многу други главни градови на сојузните држави. Поради инвазијата на Русија на Украина многу од државите протестираа и го откажаа концертот со назнака дека е дел од руската култура, но властите во Вашингтон сепак одлучија да не ја менуваат традицијата, па топовите ќе одекнат. На подиумот поставен на западниот тревник на Капитол хил, ќе настапат кантри ѕвездите и изведувачи Дарен Крис, Јоланда Адамс, Глорија Гејнор, Кеб мо, Емили Беар и Енди Грамер. Многумина со нетрпение ја очекуваат и кратката бродвејска изведба на „Вест сајд стори“, класична љубовна приказна со ликови од њујоршката работничка класа, a по повод 65 годишнина од првото бродвејско шоу, најавена синоќа на пробата од оригиналната актерка на оваа претстава, Чита Ривера. Денот на независноста ја слави одлуката на 13. првични колонии да се откажат од британското владеење и да ги формираат Соединетите Американски Држави. Ропството врз Афроамериканците тогаш било широко практикувано во колониите додека основачите работеле на стекнување на сопствена независност од Британија. Она што колонистите го сакале само за себе и очигледно не верувале дека и нивните робови имаат право, иако Декларацијата го вклучува овој пасус: -Ние сметаме дека овие вистини се очигледни, дека сите луѓе се создадени еднакви, дека нивниот Создател им дал одредени неотуѓиви права, дека меѓу нив се животот, слободата и потрагата по среќа, се вели во Декларацијата. /МИА...
Средба на Пендаровски со министрите за европски прашања на Ирска и Финска
Канал 5 - пред 16 часа
На средбата беа потврдени пријателските односи со двете земји, заемната посветеност за унапредување на политичкиот дијалог, како и за поинтензивна и сеопфатна билатерална соработка. Претседателот Пендаровски истакна дека Македонија ја цени континуираната поддршка од Ирска и Финска за нашиот евроинтеграциски процес, како и помошта во исполнување на европската агенда и реформските задачи во повеќе витални области. На средбата беа разменети мислења за актуелните политички случувања во земјава, во контекст на францускиот предлог за започнување на пристапните преговори за членство во ЕУ. Oд стрaна на министрите беше истакнато дека идејата за Европска политичка заедница не претставува замена за полноправно членство во ЕУ, туку додадена вредност за време на процесот кој води кон зачленување во Унијата. Соговорниците разменија мислења и за состојбите во регионот на Западен Балкан, како и за економските и безбедносните импликации врз регионот предизвикани од руската воена агресија врз Украина. Притоа, беше констататирана потребата од зајакнување на меѓународната безбедност и мултилатерален пристап во решавање на глобалните предизвици и во таа насока, беше поздравена одлуката Финска и Шведска да бидат официјално поканети да се придружат на НАТО, донесена за време на последниот Самит на Алијансата во Мадрид....
Разговорите во Софија продолжуваат, македонскиот јазик и идентитет се заштитени, порача Маричиќ
Канал 5 - пред 16 часа
Ние во целиот овој процес, особено во овие шест месеци сме имале секојдневни контакти на различни нивоа, истакна вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на денешната пре-конференција во Владата. – Комплетирањето на овој предлог или на сите негови документи и досега се одвиваше преку Министерството за надворешни работи и мислам дека тие се во постојана комуникација со своите колеги од Софија. Но дека имало некаков процес денеска во Софија, јас немам таква информација, рече Маричиќ одговарајќи на новинарско прашање дали денеска имало некакви преговори во Софија околу францускиот предлог. Во однос на едностраната дипломатска нота или изјава на Бугарија, вицепремиерот потенцира дека не може да знае каква ќе биде формулацијата, бидејќи, како што рече дека тоа е е право на Бугарија, но што и да стои таму ние на тоа секако дека ќе одговариме. – Ние со Договорот од Преспа што го потпишавме со Грција во 2018 година, го ратификувавме во нашето Собрание, јасно го дефиниравме нашиот јазик како македонски. Врз основа на тој договор, бидејќи тој процес беше воден под покровителство и медијаторство на Обединетите нации, врз основа на тој договор го впишавме македонскиот јазик како наш јазик во Обединетите нации во нашата лична карта на ОН. Тоа имаше импликации во сите меѓународни организации, вклучувајќи и ОБСЕ, НАТО, секаде каде што сме членка, наведе Маричиќ. Сите ние Македонците но и сите граѓани треба да сфатиме во овој процес нашата битка не беше да ја убедиме Бугарија да го смени ставот. Во овој процес на преговори, посочи тој, ние имавме за цел Европската унија да се постави кон нашиот јазик и идентитет принципиелно како што е поставена кон сите други држави членки. Граѓаните на Македонија, изјави Маричиќ, треба да бидат сигурни дека нашиот јазик и идентитет е заштитен и нема услови под кои би можеле да прифатиме било што друго и тоа го кажувавме од почетокот на разговорите. – Отпочнување на овој процес под овие услови ќе ни овозможи и унапредување на нашата позиција и на отпочнување на процесот отворање на врата која што ни беше затворена 17 години и финализирање на овој процес соа наше членство во Европската унија токму како Македонци кои говорат македонски јазик, рече тој. Но новинарско прашање за објавување на протоколот, Маричиќ истакна дека тој уште не е финализиран како документ и се уште е предмет на разговори и затоа ќе биде споделен и на консултации и со јавноста тогаш кога ќе биде финализиран како документ. – Јас очекувам во текот на денот оние три документи кои што ги објавивме кон крајот на минатата недела да бидат објавени на македонски јазик бидејќи го имаме веќе преводовот за да можат и граѓаните кои не го погледнале досега или не можат да го погледнат на англиски да го погледнат на македонски јазик за да се уверат во тезите кои што ги пласираме сите овие денови, посочи вицепремиерот. Во однос на целиот пакет, посочи тој, не би издвоил што ние сме дале за возврат за македонскиот јазик, но, како што рече, нам ни беше битно сите оние позиции за кои што се залагавме да биде на преговарачката рамка на начин што ќе ни гарантира чиста формулација, сите останати прашања. – Ние сме свесни дека сите досега договори или компромиси кои што сме ги правеле се компромиси во кои што ние свесно сме учествувале, но кои што ни носат позитивни работи а некои ни носат обврски кои што треба да ги исполниме. Но, на крајот главна е целта, а тоа е да се отворат преговорите, за започнеме во 17 години со преговорите, да бидеме во масата каде што можеме да влијаеме, секако што повеќе работи да зависат од нас и од тој процес да не остатпиме ништо во она што не мислиме дека треба да се отстапи. Овој предлог тоа ни го гарантира и мислам дека никој нема основа за било каков страв, бидејќи одговорно разговаравме и го презентиравме, истака вицепремиерот Маричиќ./МИА...
Техно-журка во црква во Дојран
Канал 5 - пред 16 часа
Видеата од забавата се појавија на социјалните мрежи, и веднаш ја брануваа јавноста. За едни настанот е скандалозен, за други авангарден, по примерот на забавите во западните земји. Според информациите што ги објавија локалните медиуми, црквата имала дадено согласност само за одржување на поетски настани и концерти на камерни состави што изведуваат класична музика. Инаку верскиот објект датира од 19 век, но бил разурнат во Првата светска војна, а реновиран неодамна од струмичкиот завод и музеј....
Бирн: Ова е ваше време и нема подобар предлог што е на располагање
Канал 5 - пред 16 часа
Демонстриравте дека сте посветени на тешкиот реформски процес што е во тек.Сакаме преговорите и пристапувањето да се случат што е можно побргу. Во моментов сте соочени со навистина важна одлука и јас лично сум многу возбуден од можноста Македонија да стане членка на Европската Унија, изјави министерот за европски прашања на Ирска, Томас Бирн на заедничката прес-конференција со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и финската министерка за европски прашања Тити Тупураинен. -Јас доаѓам од земја од којашто не ни беше дозволено да зборуваме на ирски јазик долги години и со членството во ЕУ, нашиот јазик доби навистина еден извонреден статус. Сигурен сум дека тоа ќе биде случајот и со македонскиот јазик. Тоа што сакам да кажам е дека нашиот идентитет како нација беше зајакнат со членството и ни даде храброст и сите тие знамиња што се во ЕУ претставуваат земји што се еднакви и тоа е она што ние го вреднуваме во Унијата, истакна Бирн. Тој порача дека македонскиот јазик и идентитет се заштитени со предлогот, а ќе бидат и зајакнати со членството во Унијата. -Знаеме дека историските и билатералните прашања не се дел од преговарачката рамка но и од наша ирска перспектива нашите билатерални прашања подобро се решаваат како дел од ЕУ. Постојат и уставни промени што нема да ги спречат почетокот на преговорите, меѓутоа ние како дел од нашиот договор кога станувавме членка моравме да направиме еден навистина тежок компромис, РЕЧЕ ирскиот министер за европски прашања. Во однос на општествениот и економскиот напредок, тој посочи дека кога Ирска станала дел од европската заедница имале милион вработени, додека според податоците од минатата година, таа бројка денес е 2,5 милиони вработени. Бирн истакна дека претставува извонредна разлика и оти не постои сомнеж дека и Северна Македонија ќе просперира и ќе успее како економски, така и општествено. На прашањето како би ја оцениле преговарачката рамка, финската министерка за европски прашања Тити Тупураинен порача дека целосно се почитува македонската култура, јазик и идентитет. -Преговарачката рамка не треба да има никакви влијанија предизвикани од билатералани прашања или прашања поврзани со историјата и идентитетот, се работи за проширување на ЕУ и преговарачкиот процес и сите тие имаат свои методологии, имаме програма и ги имаме сите инструменти и треба да се започне со самите преговори, вели Тупураинен. Советот, како што посочи, едногласно донесе одлука дека ќе ги почне преговарачките процеси кога ќе се усвои преговарачката рамка, а според финската министерка тоа ќе се случи многу брзо, бидејќи, како што истакна, Македонците го заслужуваат тоа и заслужуваат ЕУ да го испорача тоа што го има ветено. Министерот за европски прашања на Ирска порача дека со овој предлог се заштитени македонскиот јазик и идентитет и со ова се оставаат сите билатерални прашања надвор од преговарачката рамка. -Тоа што ние сакаме да порачаме, ова е вашето време нема подобар предлог што е на располагање и доколку се случи тоа ќе биде причина за прослава бидејќи ќе доведе до напредок на целата земја и граѓаните. Ако не се случи јас нависитина не знам што да кажам, ако се потпише се разбира дека ќе има и компромиси, меѓутоа и со тие компромиси предлогот содржи големи победи и за земјата и за македонскиот народ. Се разбира крајната цел е полноправно членство, порача Бирн./МИА...
„КАМ“ ги зголемува платите и исплаќа регрес од 33.000 ден. за годишен одмор на своите вработени
Канал 5 - пред 16 часа
Ценејќи ја посветеноста на своите вработени и следејќи го трендот на зголемување на цените и животните трошоци, „КАМ“ веќе во април реализира зголемување на платите на вработените во маркетите за 15%, а во логистиката и транспортот за 13%. Со ова, само во првиот семестар од годината нето платите на вработените во маркетите просечно се зголемја за 4.000 денари. Малопродажниот дисконтен синџир број 1 во земјава, „Кам маркет“, покрај планираното зголемување на платите, на задоволство на вработените, отпочна со исплатата на регресот за годишен одмор за секој вработен во висина од 33.000 денари....
Кина воведе локдаун за 1,7 милиони жители поради 300 нови случаи на коронавирус
Канал 5 - пред 16 часа
Кина презеде строг пристап кон вирусот со масивни кампањи за тестирање, задолжителни карантини и заклучување кога ќе се појават само неколку случаи. Повторната епидемија во Анхуи доаѓа во време кога кинеската економија полека се опоравува од заклучувањето на Шангај, кое беше укинато на почетокот на јули по неколку месеци. Двата кантони Сиксианг и провинцијата Лингби објавија заклучување што опфаќа повеќе од 1,7 милиони жители. Ним им е забрането да ги напуштаат своите домови освен да одат на тестирање. Јавниот радиодифузер CCTV објави снимка од празни улици во Сиксианг овој викенд и луѓе кои чекаат на ред да го направат својот шести ПЦР тест за неколку дена. Кинеското Министерство за здравство денеска објави 287 нови инфекции во Анхуи, со што вкупниот број во провинцијата во последните денови достигна повеќе од илјада. /МИА...
Маричиќ: Не би било одговорно да се одбие предлог во кој сме ги постигнале барањата
Канал 5 - пред 16 часа
Би била вистинска штета и за државата и за идните генерации овој момент да го пропуштиме сметајќи дека ќе добиеме во иднина можеби подобар предлог. Не би било одговорно да се одбие предлог во кој сме ги постигнале барањата со надеж дека ќе ни се понуди друг. Напротив, секое одлагање и губење време ни отвора можност за нови дневнополитички случувања, рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по средбата во Скопје со неговите колеги од Финска и Ирска, Тити Тупураинен и Томас Бирн. -Не е момент за непотребно одлагање, момент е за трезвена дискусија, разумна дискусија која ќе не одведе до долго посакуваната цел – отпочнување на преговорите. Колку повеќе го одолговлекуваме процесот, толку ќе биде потежок за решавање. Без разлика на одлуката која ќе ја донесе Владата во врска со францускиот предлог, полноправното членство во ЕУ останува наша стратешка цел и остануваме целосно посветени на реформскиот процес, посочи Маричиќ. Порача дека во следните денови преку инклузивен општествен проце имаме задача заеднички да одлучиме дали ќе ставиме крај на лавиринтот во кој сме заглавени скоро две децении и ќе покажеме мудрост со разгледување и соодветно поставување кон овој предлог, предлог кој, нагласи, е чувар на националните интереси и на нашите црвени линии, или, пак, ќе влеземе во долгогодишен застој којшто секогаш по правило ни носел нови предизвици и нови проблеми. -Од моите колеги очекувам да продолжат да ни помагаат и да се залагаат за политиката на проширување на ЕУ на начин што ќе овозможи таа да биде покредибилна, попредвидлива и подинамичка како што впрочем и најавува новата методологија усвоена 2020 година. Македонија со Финска и Ирска после оваа посета продолжуваат да го зацврстуваат пријателството и да бараат можности за зголемување на билатералната соработка за што веќе постои интерес од деловната заедница. Имаме заедничка евроатлантска иднина за која меѓусебно и понатаму силно ќе се залагаме, рече Маричиќ. Нагласи дека верува оти, како што рече, разумните и одговорните државнички политики ќе надвладеат над деструкциите, дезинформациите, надворешните влијанија. -Верувам дека набрзо ќе ја запечатиме европската судбина на државата со одлука која ќе значи просперитет, развој, напредок, трансформација, реформа и европеизација на државата во која живеат Македонци кои говорат македонски јазик. Нашата иднина е сега само во наши раце, рече Маричиќ. Денеска, додаде, после 18-годишен маратон за почеток на преговорите со ЕУ, земјава има историска можност за почнување на преговорите без дополнителни одлагања со заштитен македонски јазик и македонски идентитет. -Имаме предлог на маса со кој конечно имаме вистинска можност да станеме полноправна членка на европското семејство како Македонци кои зборуваат македонски јазик. Аргументираната реакција на премиерот Ковачевски на самитот во Брисел сега дава шанса за судбоносно да за европската иднина на земјава, бидејќи со официјалниот француски предлог го добивме она за кое што се залагавме подолго време, а тоа чиста формулација на македонскиот јазик без никакви фусноти, ѕвездички, дообјаснувања што за нас беше најважно за зачувување на нашите национални интереси. Тоа е она за што се боревме, тоа е она што го посакувавме, тоа се нашите национални позиции и црвени линии кои успеавме да ги зачуваме и тоа треба навистина да го вреднуваме и да го цениме, потенцира Маричиќ. Во овие турбулентни времиња на нови геополитички настани, како што кажа, од исклучителна важност е и зачувување на безбедноста и стабилноста во Европа. -Токму затоа Македонија ја поддржува политиката на отворени врати на НАТО. Искрено се надевам дека членството на Република Финска и на Кралството Шведска ќе се реализира за што од наша страна имате целосна поддршка. За почит и поздравување е ваквата одлука за членство во НАТО која значи зајакнување на безбедноста и стабилноста во Европа особено во овие моменти на воена инвазија врз Украина што несомнено ја погоди европската безбедносна политика и слика, рече Маричиќ./МИА...
Награди до 100.000 долари за информации за оружје и дрога на Блискиот Исток
Канал 5 - пред 16 часа
Петтата флота на американската морнарица базирана на Блискиот Исток почна да нуди награди за информации што би можеле да им помогнат на морнарите да пресретнат оружје, дрога и други недозволени пратки во регионот во услови на тензии околу иранската нуклеарна програма и вооружувањето на Техеран на јеменските бунтовници Хути. Иако се избегнува директно спомнување на Иран, одлуката на Петтата флота на САД да понуди готовина и други бенефиции за корисни информации во Персискиот Залив и другите стратешки водни патишта може да го зголеми притисокот врз протокот на оружје кон Хутите додека Јемен е сè уште под несигурно примирје. Петтата флота тврди дека таа и нејзините партнери заплениле дрога во вредност од 500 милиони долари само во 2021 година – повеќе од претходните четири години заедно. Тие исто така пресретнале 9.000 парчиња оружје во истиот период, трипати повеќе од запленетиот број во 2020 година. Портпаролот на Петтата флота на САД, Тимоти Хокинс, рече дека операторите кои течно зборуваат арапски, англиски и фарси ќе ја управуваат телефонската линија, а морнарицата исто така ќе прифаќа информации на интернет на персиски и пушту јазик. Плаќањата може да достигнат до 100.000 долари или еквивалент во возила, чамци или храна за информации што вклучуваат детали за планираните напади врз Американците, рече Хокинс. Новата иницијатива на Петтата флота на САД беше покрената преку Програмата за награди на Министерството за одбрана, во која членовите на службата нудат пари и бенефиции за информации на боиштата во Авганистан, Ирак и на други места по нападите на Ал Каеда на 11 септември 2001 година. /МИА...
Триесет и седмото издание на Штипското културно лето почнува на 6 јули
Канал 5 - пред 16 часа
Свеченото отварање е на 6 јули (среда) во дворот на црквата „Успение на пресвета Богородица“ во најстарата штипска населба Ново Село. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес конференција најави дека еден час по концертот на „Света Злата Мегленска“ ќе биде реализиран и концерт на „ФИЦ Студени нозе“ во летната бавча на Општинската установа за култура „Дом на млади“. -Штипското културно лето отсекогаш имало интернационален карактер. Оваа година ни гостуваат уметници од САД. И годинава го поддржуваме музичкиот хепенинг на туристичкиот локалитет Вртешка, во организација на Планинарското друштво „Лисец“ преку концертот на „Некст тајм, а манифестацијата ќе трае два дена, вклучувајќи повеќе настани, вели Јорданов. Посочи дека за љубителите на операта и сериозната музика е летниот концерт на триото Давид Миладинов, Илија Белистојаноски и Марина Јаневска, кој ќе се одржи во Домот на млади по кој следува уште едно музичко задоволство со концертот на гитара на Александар Бошков. -Ликовната уметност е застапена со изложбата „Бессони ноќи“ на Сара Петров во ОМЦ „Киро Глигоров“. На 20 јули ќе биде промовирана и монографијата посветена на култната музичка група Мизар „Мизар-Откровенија 1981-2021“, а летото ќе се затвори со презентација на краткометражни етнолошки филмови во организација на Завод и Музеј Штип, вели Јорданов. Општината од својот буџет за реализација на целокупната манифестација предвиде 500.000 денари. Штипско културно лето традиционално се реализира во летниот период и тоа јуни и јули. Досега на оваа најстара манифестација од културата учество зеле над 1.500 уметници. Низ годините на Штипско културно лето поминаа многу познати музички имиња, Културно уметнички друштва, виртуози на инструменти, хорови и групи од Балканот, реализирани се над 70 ликовни изложби, над 200 промоции на книги, проекции на филмови, како и повеќе други мултимедијални програми. Општина Штип 16 години е целосен покровител и организатор на оваа најстара манифестација од културата. /МИА...
Влада: Европскиот предлог е достапен на Македонски јазик
Канал 5 - пред 17 часа
Со цел транспарентно информирање на јавноста, Владата на Република Македонија денеска на официјалната веб страна интегрално преведен на Македонски јазик, го објави европскиот предлог и можете да го преземете на следниот линк: • Министерски состанок на меѓувладината конференција за завршување на отворањето на преговорите за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија - Општ став на ЕУ • Предлог заклучоци на ЕУ • Заеднички став на ЕУ • Линк до објава на предлогот на француското претседателство на англиски и македонски јазик Предлогот во кој се вградени забелешките на Владата од средината на минатата недела е достапен за јавноста и ставен на широка консултација која премиерот Димитар Ковачевски ја води со сите чинители во државата, вклучувајќи ги и опозициските партии, граѓанските организации и медиумите. Владата продолжува со транспарентно информирање на владината коалиција, сите засегнати страни и граѓаните за предлогот преку јавна дебата, стои во соопштението од Владата....
Ковачевски: Високо ја цениме поддршката од САД, кои веќе 30 години се наш стратешки партнер
Канал 5 - пред 17 часа
САД веќе 30 години се наш долгогодишен стратешки партнер со кого преку процесот за Стратешки дијалог ги унапредуваме нашите односи на ново, значајно ниво, согласно евро-атлантскиот курс на нашата земја, напиша премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук по повод Денот на независноста на Соединетите Американски Држави. -Честит 4 Јули, Ден на независноста на Соединетите Американски Држави! Високо ја цениме поддршката од САД, кои веќе 30 години во текот на нашата независност се наш долгогодишен стратешки партнер и со кого преку процесот за Стратешки дијалог ги унапредуваме нашите односи на ново, значајно ниво, согласно евро-атлантскиот курс на нашата земја. Партнерството со САД беше силна поддршка во остварувањето на нашата стратешка цел, членството во НАТО. Остануваме на позициите и јасните определби, за јакнење на заедничките вредности, на демократијата и на слободата, кои се единствен темел за создавање вистински вредности и прогресивно општество, за просперитет на нашите народи, напиша премиерот Ковачевски на Фејсбук....
Хакерски напад на фејсбук страницата на УКИМ
Канал 5 - пред 17 часа
Истовремено, како што се посочува во соопштението, преземени се сите активности во согласност со Статутот на УКИМ, позитивната законска регулатива во државата и правилата на работење на Фејсбук. -Се извинуваме за настанатите непријатности и се оградуваме од сите објави на неа, до повторно преземање на администрирањето од страна на службите на УКИМ, се наведува во соопштението на Универзитетот....
СДСМ: Мицкоски требаше да му каже НЕ на Апасиев, наместо да биде во анти ЕУ коалицијата
Канал 5 - пред 17 часа
Понудата на Христијан Мицкоски е задоцнета и лажна. модификуваниот предлог веќе ги содржи клучните македонски позиции и барања, имаме чист македонски јазик во ЕУ, без фусноти и дообјаснувања, заштитен идентитет, почеток на преговори и историски прашања надвор од преговарачката рамка. Понудата на Мицкоски е лажна затоа што тој пред целата јавност кажа дека е против Европската Унија. Во една реченица Мицкоски зборува за предлози, за дејствување, а веќе во следната дејствува со проруската Левица со цел да го сруши процесот на широки консултации. Неговото постапување е неодговорно, антидржавно и на штета на државните и националните интереси. Мицкоски требаше да му каже НЕ на Апасиев, наместо да биде во анти ЕУ коалицијата која дејствува на штета на државните позиции и работи за интересите на одредени туѓи центри на моќ. Центар за комуникации со јавноста на СДСМ...
Тупанчески на Конференцијата „Отворено за корупцијата во спортот во фокус мерката ваучери”
Канал 5 - пред 17 часа
Во своето обраќање тој се осврна на антикорупциската правна рамка која ги инкриминира делата на корупцијата и утврдува инструменти за превенција на корупција, применливи во сите области, вклучително и во областа спорт.,,Значаен аспект во борбата против корупцијата е подготовката на Регионалниот патоказ за борба против корупцијата и нелегалните финансиски текови, на која учествуваше и Министерството за правда на Република Македонија, усвоен од високи владини претставници од јурисдикциите на Западен Балкан, на 25 јуни 2021 година во Охрид. Овој патоказ ги одразува заложбите за продлабочување на регионалната соработка и зајакнување на колективниот одговор за превенција и борба против корупцијата согласно највисоките меѓународни стандарди.Една од целите за зајакнување на одговорот на правосудството наспроти корупцијата и економскиот криминал, претставува вмрежувањето на специјализирани обвинители, органи за спроведување на законите и единици за финансиско разузнавање кои се вклучени во истрагата и прогонот на кривичните дела”,рече Тупанчески....
Тренчевска: Унапредување на положбата на жената земјоделка
Канал 5 - пред 17 часа
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска учествуваше на состанок на работната група составена од претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделство и рурален развој, Министерството за здравство, ФЗОМ, УЈП, ПИОМ и Правниот факултет – Скопје, во организација на Националната федерација на фармери која го поттикна процесот на решавање на правен механизам за остварување на право на надоместок за мајчинство и боледување на регистрираните земјоделки. Претставниците од институциите го посетија и семејството на Вангелина Пармачка, регистрирана земјоделка од Будинарци, Беровско, кои со децении наназад се занимаваат со овчарство, производство на овчо сирење и производи од овчо млеко. На фармата на Пармачка во работата се вклучени сите членови на семејството. Министерката Тренчевска се заблагодари на можноста за посета на фармата Пармачка и изрази уверување дека со заедничка работа на институциите и граѓанскиот сектор, ќе се дојде до унапредување на законските решенија кои ги засегаат земјоделците, особено жените земјоделки. Таа се осврна и на Конвенцијата за мајчинство, усвоена од Меѓународната организација на трудот, а ратификувана од нашата држава и неопходноста од нејзина имплементација, а го уредуваат прашањето за мајчинство. -На еден транспарентен начин, со отвореност за предлози и идеи од сите засегнати страни, можеме да дојдеме до решенија кои ќе водат кон унапредување на човековите права на жените и кои ќе бидат усогласени со мегународните и националните политики на државата. Нашата држава е претежно земјоделска земја и можностите за вработување во оваа дејност се големи. Токму затоа, креирањето на квалитетни државни политики и мерки за руралниот развој се од големо значење за луѓето кои живеат во руралните средини, рече Тренчевска. Министерката ја потенцираше целта на законските измени кои се во насока на подобрување на положбата на жената земјоделка. Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој, Никица Бачовски истакна дека Агенцијата како институција задолжена за имплементација на програмите за финанисиска поддршка во континиуитет ја докажува својата практична заложба за подобрување на економската положба на жените од руралните средини. -Како резултат од работата на полето на родово-одговорното буџетирање, креирана беше мерката 115 од програмата за рурален развој, односно мерката за поддршка за активен женски член во земјоделско домаќинство. Оваа мерка објавена за првпат во 2019-та година како пилот мерка по принцип на грант од 100% од направените прифатливи трошоци со максимална вредност до 3000 евра. На последниот јавен повик за истата мерка максималниот износ по корисник го зголемивме за дупло, односно од 3000 на 6000 евра, рече Бачовски. Извршниот директор на Националната федерација на фармери, Стеван Орозовиќ, изрази огромно задоволство од одзивот и учеството на институциите за решавање на толку важно прашање, како правото на надомест за мајчинство на жените земјоделки и изрази уверување за изнаоѓање на најсоодветно решение. Тој се заблагодари и на поддршката на шведската организација за развој, We Effect, за реализација на процесот. Во овој период Министерството за труд и социјална политика, подготвува и нов Закон за родова еднаквост со цел усогласување на македонското законодавство односно Закон за еднакви можности на жените и мажите (2012) со меѓународните стандарди. Овој закон ќе овозможи зајакнување на машинеријата за родова еднаквост и поефикасно и ефективно меинстримирање на родовата еднаквост. Исто така се подготвува и нов закон за работни односи, кој предвидува промени во родителското отсуство со што се унапредува родовата еднаквост....
Данска е во шок по вчерашниот вооружен инцидент во трговски центар
Канал 5 - пред 17 часа
Локалните медиуми објавија снимки на кои се гледа како толпа преплашени луѓе бегаат од трговскиот центар додека истрели одекнаат во ходниците на прометниот објект. Драмата завршила откако дејствувала полицијата и 22-годишен Данец е уапсен и осомничен за убиство. Сведоците на ужасниот настан првично мислеле дека станува збор за крадец, се додека не се соочиле директно со напаѓачот, кој почнал неселективно да пука. Началникот на полиција во Копенхаген изјави дека истрагата е во тек и за сега не може да се утврдат мотивните на осомничениот, кој пукал во невини луѓе. „Има тројца мртви и неколку повредени. -Знаете ли зошто осомничениот го стори делото? Не можам да коментирам за осомничениот, тој е уапсен, итрагата е во тек и рано е да коментираме за причините.“-Сорен Томассен, Началник на полиција во Копенхаген. Полицијата започна масовна операција за пребарување низ локалниот регион Зеланд во потрага по сите можни соучесници. Здравствените власти соопшти дека се примени неколку пациенти. „Нашиот убав и обично толку безбеден главен град беше сменет за дел од секундата. Ги охрабрувам Данците да застанат заедно и да се поддржуваат еден со друг во ова тешко време“, изјави премиерката на Данска Мете Фредериксен. Терористичката закана против Данска е оценета за високо сериозна. Во најновиот извештај на данската служба за безбедност и разузнавање се посочува дека најголемата закана доаѓа од милитантниот исламизам....
Најмалку шестмина загинати во Италија при одрон на санта мраз
Канал 5 - пред 17 часа
Уште десетина се сметаат за исчезнати, соопштија тамошните медиуми. На Твитер беше објавено дека сите спасувачки тимови се активни во областа, вклучително и кучиња трагачи и најмалку пет хеликоптери, пишува Си-ен-сн. Одронот се случил на алпскиот врв наречен Мармолада, кој е нешто повисок од 3.300 метри. Повредените алпинисти, меѓу кои и едно лице кое е во критична состојба, се префрлени во неколку болници во околината, изјавиле спасувачите. Локалната служба за итни случаи преку твит напиша дека постои сомневање дека 15 планинари биле во група каде што имало несреќа. Лавината се покрена во услови на рекордни температури за областа, кои достигнаа околу 10 степени Целзиусови. Многу делови на западна Европа, вклучувајќи ја и Италија, минатиот месец поминаа низ топлински бран. „Она што започна како прекрасно патување со убав поглед на Мармолада во Италија, за жал, се претвори во нешто што нема да го заборавиме додека сме живи“, објави сведок на социјалните мрежи....
Тупанчевски: Со внатрешна реорганизација ќе се решава недостатокот на судии и јавни обвинители
Канал 5 - пред 17 часа
Тој очекува кусокот на судии и обвинители да се амортизира и со 60-те нови академици од Академијата за судии и јавни обвинители.....
За 24 часа од 200 до 250 повици во брзата помош
Канал 5 - пред 17 часа
Висок притисок, мозочни и срцеви удари се најчестите повици во брзата помош. За 24 часа од 200 до 250 повици во брзата помош, а од нив до 120 се реализираат на терен. Од брзата помош велат дека освен колапсите, многу често медицинските екипи одат кај граѓани со мозочни и срцеви удари. Докторите велат дека многу често ударите се случуваат кај граѓани кои во најтоплиот дел од денот се движат надвор или имаат физички активности. Многу чести се падовите од велосипеди и сообраќајни незгоди поради губење на концентрација и свест. Она што го апелираат докторите е да граѓаните да бидат внимателни со храната, да пијат вода и доколку мораат да се движат под сенка или заштитени со капа. Екипите работат со скратени екипи поради одморите кои ги користат по две години работа без одмор и зголемениот обем на работа. Од УХМР најавуваат многу топло време и утре со темпратура и до 39 степени и индекс девет, со локална нестабилнист, пороен дожд и гремежи....
Јанчев: Реконструкција на фекалната канализација на две улици во Општина Кавадарци
Канал 5 - пред 18 часа
Започната е реконструкција на фекална канализација на улицата ,,Ѓуро Ѓаковиќ’’ во должина од 60 метри и дијаметар ф250. А во тек е и реконструкцијата на фекалната канализација на улицата „Фуштани“....
Протестот пред влада продолжи со поставување шатори, „Илинденска“ блокирана и од возила
Канал 5 - пред 18 часа
Тој видеово го објави на „Фејсбук“ со порака „Добро утро Македонијо“. Шаторите кои беа поставени доцна синоќа, денеска ги немаше. Наместо нив, беа паркирани десетина автомобили, а спроти Владата беа наредени и неколку столчиња. „Па синоќа во автомобили спиевме. Некои во шатори, некои во автомобили. И не е тоа проблем, ако треба нема да спиеме. Очекуваме да им дојде памет. Еднаш да бидат национално единствени. Не може секогаш СДСМ кога ќе дојде на власт од знамето, до името... сè ни сменија. Како може кога тие се на власт сè сменат.“ -Ништо не прифаќам. – Зошто? – Зошто? Оти свекор ми е бегалец од егејот. Татко ми седум години беше во униформа за оваа Македонија и мојата фамилија цела е ВМРО, што ја имам јас во Австралија и затоа ништо не прифаќам. Да си остане Македонија“ „Францускиот предлог е второто предавство што и се случува на Македонија, веднаш после Преспанскиот договор.“ И лидерот на опозициската ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски беше меѓу демонстрантите. Вели, нема никакви сигнали за прифаќање на неговите барања упатени до премиерот Ковачевски. „Она коешто јас го имам како инфомација е дека денеска најверјоатно во текот утрешниот ден на владина седница ќе помине практично позитивното ‘да’ на Бујар Османи со што формално ќе се потпише протоколот од втората меѓувладина седница на Владите на Македонија и Бугарија и со тоа формално практично Владата се согласува на записникот од првата меѓувладина но и понатаму откако ќе се создадат условите да се прифати преговарачката рамка во којашто се ноаѓаат и се содржани историјата, образованието, културата... Очекувам барем малку разум, до утре да се предомислат и да го слушнат ова громогласно ‘не’ на тоа што го прават во овој момент со македонскиот идентитет.“-Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО – ДПМНЕ. Лидерот на Левица, Димитар Апасиев пак синоќа најави радикализација на протестите пред Владата, за почеток, како што рече, со фрлање јајца и тоалетна хартија кон Владата....
Бектеши: Во време на криза треба да им се помогне, посебно на најранливите домаќинства
Канал 5 - пред 18 часа
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска, коментирајќи го воведувањето на блок тарифите за електрична енергија, уште еднаш повтори дека солидарност мора да постои, како и дека во време на криза, како оваа, треба да им се помогне, посебно на најранливите домаќинства....