Киднапирано бебе во ГТЦ – полицијата го пронајде во Ѓорче Петров
Телма - пред 2 часа
Полициски службеници од СВР Скопје денеска ја лишија од слобода С.С. од Скопје, набрзо по добиена пријава околу 11.30 часот дека одземала бебе од Ѓ.М., која, според пријавеното, бебето го оставила пред маркет во Градски трговски центар во Скопје.Како што сооопшти МВР, детето и С.С. се пронајдени на територија на Ѓорче Петров и С.С. е приведена во полициска станица. Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници и известен е јавен обвинител.Извршен е разговор со сопругот на пријавителката, како и со возачот на такси возилото со кое С.С. заминала кон Ѓорче Петров. Против С.С. ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство и таа по брза постапка ќе биде изнесена пред надлежен судија.© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Серија напади на Крим – мета руските депоа со муниција
Телма - пред 2 часа
Серија експлозии повторно го потресоа Крим. Овојпат мета на напад беа депоа за муниција во северниот дел на полуостровот која во 2014 година беше припоен кон Руската Федерација, а според руските власти станува збор за саботажа, иако Украина не ја презеде одговорноста. Во извештајот на Руското Министерство за одбрана се вели дека пожарите кои настанале по денешните експлозии оштетиле електрана, далноводи, железнички пруги и станбени згради. „Тие пукаат, експлозии, гранати паѓаат право во дворовите. Имаме граната во нашиот двор. Момците дојдоа да ја прегледаат, рекоа дека ќе ја деминираат. Оставивме сè, оставивме сè како што беше и заминавме“, вели Јелена Долгополова, жител на Азовское. Зачестените инциденти на полуостровот принудија голем дел од локалното население да се евакуира, а според информациите на локалните власти две села во регионот биле целосно испразнети односно од нив биле евакуирани повеќе од 3.000 лица. Дел од жителите просведочија дека објаста целосно била обвиена со густи облаци од чад. „Излеговме да погледнеме и видовме облаци од чад кои доаѓаат од објектот каде што се воените магацини. Таму останавме до околу 7-8 часот наутро, се експлодираше – блесоци, фрагмент, остатоци паѓаа врз нас. Потоа момците од итната помош дојдоа и рекоа дека ги евакуираат сите“, сведочи Максим Молдовски, жител на Мајское.Надлежните за безбедност на Крим го ограничија сообраќајот и движењето во овој дел од полуостровот и не дозволуваат никому да помине дури и на локалното население поради опасност од нови експлозии на неексплодирана муниција.Железничката комуникација, поточно, шините се веќе обновени. Благодарение на специјалистите на кримската железница, всушност, можно е да се обнови железничкиот сообраќај, но решивме да го ограничиме сообраќајот поради близината на железничката линија до местото на детонација, изјави Регионалниот шеф на Крим, Сергеј Аксјонов. Иако официјален Киев негира било каква вмешаност во ваквите инциденти сепак западните воени аналитичари се сомневаат во искреноста на Украина, со оглед на тоа што западот ја снабдува украинската армија со модерно оружје, особено артилерија со долг дострел, како американскиот систем ХИМАРС, а рускиот претседател Владимир Путин ги обвини САД Путин дека се обидуваат да го прологнираат конфликтот во Украина.Очигледно, со ваквите дејствија, западните глобалистички елити, покрај другото се обидуваат да го одвлечат вниманието на своите граѓани од тешките социо-економски проблеми, како намалување на животните стандарди, невработеноста, сиромаштијата, деиндустријализацијата. Својот неупех да го префрлат на други држави, на Русија, на Кина, кои имаат сопствено мислење, изјави рускиот претседател Владимир Путин.Украинската армија во јуни запиочна да ги користи американските системи ХИМАРС, и според Киев до сега уништиле 50 складишта на руската армија, а започнаа да таргетираат и мостови нарушувајќи го снабдувањето на руската армија околу Херсон.Александар Петрески © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Попладнево силно невреме го погоди Неготино
Телма - пред 5 часа
Неготинско попладнево беше зафатено од силно невреме проследено со силен ветер и пороен дожд кој однесе неколку покриви на куќи. Пожарникарите интервенираат на терен да ги санираат штетите кои ги пријавиле дел од граѓаните.-Нашите информации велат дека вакво нешто одамна се нема случено во Неготино. Тешки последици предизвикало невремето кое траело само дваесетина минути. Било со огромна јачина и два пати го менувало правецот. Северно, па југозападно и пак северно. Со себе носело делови од кровни конструкции, дрвја, бандери со ниско напонски дел и жици, уништени и однесени биле лимени и пластични конструкции. Само уште пет до десет минути да потраело невремето, не дај Боже, би било вистинска катастрофа за Неготино, рече Горан Стојановски, раководител на Сектор за операции и координација при ЦУК.Тој нагласи дека дополнително ќе се утврдуваат штети, меѓу другото и кај земјоделските култури.© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Алити: Една третина од вработените во јавниот сектор треба да се Албанци
Телма - пред 6 часа
Секоја јавна институција кога ќе прави годишен план за вработување, ќе треба да планира една третина, односно 31,43 одсто да бидат Албанци, 4,25 Турци, 2 и пол одсто Роми итн, додека мнозинското македонско население ќе биде застапено со 57,92 одсто. Вака изгледа новиот Балансер што го подготви Министерството за информатичко општество и што почна да се применува минатата недела.Министерството се повикува на резултатите од последниот Попис спроведен минатата година, односно на бројките за вкупно население, кои се различни од оние за резидентно, според кои, во земјава живеат 58,44 одсто Македонци, 24,30 одсто Албанци, 3,86 одсто Турци итн.Во телефонски разговор, министерот Адмирим Алити, вели дека нема никаква промена во Методологијата за вработувања во јавниот сектор што се применува од 2016-та година.-Единствената промена во Методологијата е внесување на податоците од Пописот 2021 наместо Пописот 2002. И тогаш и сега се користат податоците за вкупното население. Во таа бројка влегува резидентното население, но и нерезидентното, па вкупните бројки се: 54,21 одсто Македонци, 29,52 одсто Албанци итн. На тие бројки пропорционално се распределени и додадени 6,4 одсто од оние што беа административно попишани. Така е составен новиот Балансер, вели Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити.Од Заводот за статистика за сега нема коментар, но целата измината година тврдеа дека главна категорија на секој попис е резидентното население, што би значело дека тие податоци треба да се основа за Балансерот. Оваа алатка е воведена во 2016-та. Служи за соодветна и правична застапеност на сите заедници во секоја институција од државниот и јавниот сектор.Соња Николовска© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Фајненшл тајмс: ЕУ загрижена поради зголемениот обем на трговија на Турција со Русија
Телма - пред 6 часа
Земјите од Европската Унија се сè позагрижени поради зголемениот обем на трговија на Турција со Русија и можноста таа да послужи како замена за увозот и извозот на Москва со други европски земји, пишува Фајненшл тајмс, повикувајќи се двајца претставници на ЕУ.Дел од државите-членки побарале информации од Анкара за нејзините односи со Кремљ.– Го следиме ова, изјавил еден од изворите. – Ова не е добро и не е добро прифатено од ЕУ, додаде тој.Портпаролот на турското Министерство за трговија, пак, истакна дека „нема забележителна промена“ во трговијата со Русија. Запрашан за дополнителни детали, тој не одговори на телефонските повици, објави Фајненшл тајмс.Други западни претставници, исто така, изразија загриженост дека Анкара може да го смета повлекувањето на западните компании од Русија како можност турските бизниси да го заземат нивното место.– Во време кога Европската Унија ги намалува своите врски со Русија како одговор на нејзината агресија против Украина, не е многу соодветно да се зајакнат врските или ангажманите со Москва, рече Петер Стано, портпарол на шефот за надворешна политика и безбедност на ЕУ Жозеп Борел.Според податоците на Турскиот институт за статистика и Министерството за трговија на Турција, вредноста на извозот на земјата во Русија во последните три месеци се зголемила за 46 отсто во однос на истиот период лани. Од мај до јули турскиот извоз во Русија бил во вредност од 2,04 милијарди долари, што е за 642 милиони долари повеќе од истиот квартал лани. Само минатиот месец вредноста на извозот на Турција во Русија порасна за 75 отсто на годишно ниво, од 417 милиони долари во јули 2021 година на 730 милиони долари во јули оваа година.Зголемувањето од 313 милиони долари е најголемо во однос на сите земји со кои тргува Турција. Рускиот удел во вкупниот извоз на Турција во јули беше 3,9 отсто, во споредба со 2,6 отсто 12 месеци претходно, забележува весникот, цитирајќи ја официјалната статистика на земјата.© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Русија: Украинци дигнаа во воздух шест столбови на високонапонски далноводи на нуклеарката Курск
Телма - пред 6 часа
Руската безбедносна служба тврди дека украински саботери на 4, 9 и 12 август дигнале во воздух шест столбови на високонапонски далноводи на нуклеарната централа Курск.Поради нападите било отешнато функционирањето на нуклеарната централа Курск.Според Руската безбедносна служба нападите во Курчатов се терористички чин.Засега, нема коментар од Украина за овие обвинувања од руска страна.© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
МНР изразува целосната поддршка на автономната, стручна и совесна работа на Историската комисија
Телма - пред 6 часа
Министерството за надворешни работи денеска соопшти дека во целост ја поддржува работата на Комисијата за историски и образовни прашања со Бугарија и ја поздравува вечерашната објава на препораките кои се дел од Протоколот потпишан меѓу двете земји во 2019 година.Според МНР, презентирајќи ги резултатите од нивната работа, од самите членови на Комисијата и нејзиниот претседател беа констатирани неколку принципи кои се важни и од политички аспект.– Прво, дека работата на Комисијата, содржината на која што таа работа, е целосно автономна, суштински експертска и професионална, заштитена од било какви политички влијанија. Овој предуслов е содржан и во принципите на Протоколот потпишан меѓу двете министерства за надворешни работи, и преставува еден од клучните принципи кој обезбедува стручност и автентична експертиза во работата на Комисијата. Второ, претставените резултати од работата на Комисијата го задржуваат принципот на реципроцитет за двете земји, што претставува еден од суштинските елементи за градење на меѓусебната доверба и меѓусебна почит, принцип кој исто така е нотиран во содржината на Протоколот потпишан меѓу двете земји. Трето, со објавените резултати Комисијата покажа дека со храбар но стручен и искрен пристап, историчарите можат да се изнајдат пристојни и автентични решенија, базирани на историските вистини кои почиваат на факти, а кои нудат можност за заедничко чествување на одредени историски настани, надминување на разликите, и создавање основа за изградба на стабилна заедничка иднина меѓу двете земји, наведува Министерството.Во соопштението се посочува дека Комисијата за историски и образовни прашања со Бугарија и натаму ќе ја има целосната поддршка од Министерството за надворешни работи, особено во насока на поддршка за автономијата во нивната работа.– Во таа насока сакаме и да ја охрабриме Комисијата да продолжи и понатаму со својата работа, ослободени од политичките притисоци кои се создаваат во јавноста, потпирајќи се на својата стручност, совесност и експертиза, се додава во соопштението на МНР.© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Мијалков стана дедо, доби внука
Телма - пред 7 часа
Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, доби внука. Веста за приновата во семејството Мијалкови беше објавена на социјалните мрежи од страна на сестрата на сопругата на постариот син Јордан Мијалков, Анастасија.Радосната вест во семејството доаѓа во време кога поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање треба да оди на издржување на затворската казна.Мијалков го нема на фотографиите, а последните информации за него беа дека го одложил издржувањето на тригодишната затворска казна за случајот „Империја“ којашто треба да ја издржува во струшкиот затвор и дека е на болничко лекување.© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Ковачевски: Во првите седум месеци од годинава АД ЕСМ произведе за 15 отсто повеќе струја од истиот период лани
Телма - пред 7 часа
АД ЕСМ работи со максимален капацитет согласно моменталните можности на електраните и на нашите ресурси и целосно исклучиво од наше сопствено домашно производство ги задоволуваме потребите на универзалниот снабдувач ЕВН хоум за граѓаните и малите потрошувачи, односно не набавуваме електрична енергија од увоз, туку набавуваме само јаглен и мазут за производство на струја со кои ќе го зголемиме производството во грејната сезона, порача денеска генералниот директор на компанијата Васко Ковачевски.Во моментов, потенцира, има производство на електрична енергија од два блока во РЕК Битола, еден котел во ТЕЦ Неготино, хидропроизводство, производство на енергија од ветер и од сонце со што целосно се задоволуваат потребите на домаќинствата и на малите потрошувачи, а ноќните вишоци од околу 50 мегавати се продаваат на слободниот пазар по берзански цени.Нагласи дека во првите седум месеци од годинава ЕСМ произведе 2.194 гигават часови електрична енергија или за 15 проценти повеќе од истиот период лани кога беа произведени 1.914 гигават часови, а целиот план за производство на електрична енергија за 2022 година е направен со 20 процентно зголемување во однос на лани.-Зголеменото производство годинава се должи, пред се, на зголемувањето на производството на термоелектраните РЕК Битола и РЕК Осломеј за 40 проценти, рече Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата и додаде дека кај хидроелектраните има значајна заштеда на вода и намалување на производството за 25 проценти во споредба со првите седум месеци лани, вели ковачевски.Планот за производство, како што посочи, се реализира преку зголемување на ископот на јаглен во рудниците Суводол и Брод Гнеотино, како и со зголемен увоз на јаглен за термоелектраните во Битола и во Осломеј од соседните земји.-Залихата на депонија во овој момент изнесува околу 100 илјади тони јаглен, а месечно се набавува и по околу 50 илјади тони за зголемување на калоричноста на нашиот јаглен. Досега се набавени 550 илјади тони за РЕК Битола, а во тек е отворана набавка за уште 600 илјади тони. Во Живојно, пак, во тек се завршни активности околу документацијата и се прават технолошки активности и последни подготовки за отпочнување со експлоатација до крајот на годинава, посочи Ковачевски.ТЕЦ Неготино, како што кажа, работи со еден котел согласно потребите на ЕСМ, а се прават залихи од мазут за да се вклучи и вториот котел кога ќе има потреба. Во РЕК Осломеј се реализираат ремонтни активности за да биде подготвен за грејната сезона. Воедно се врши и набавка на јаглен за неговите потреби.© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Еден ден по истекот на шест месечниот в.д мандат, директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми поднесе оставка од функцијата.
Телма - пред 7 часа
Еден ден откако му истече шест месечниот в.д мандат, директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми поднесе оставка од функцијата.Муареми претходно соопшти дека по своја сопствена волја се повлекува од функцијата в.д директор на Управата за финансиска полиција, имајќи ја предвид одлуката на Јавниот обвинител Љубомир Јовески да поведе постапки за утврдување дисциплинска одговорност за сите три јавни обвинителки и да ја суспендира Вилма Русковска од функцијата основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поради незаконитото постапување и злоупотребата на службената положба и овластување.Ваквата одлука ја носам со цел во јавноста да не постои ни најмал сомнеж во интегритетот, непристрасноста и независноста на постапката која што и понатаму останува да се води во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, се вели во соопштението до медиумите од Управата за финансиска полиција.Од Управата, исто така, нагласуваат дека денешната одлука на Јавниот обвинител дава јасна порака дека законите мора сите да ги почитуваат и оти злоупотребите на функциите за лични цели се недозволиви.Муареми прв пат беше назначен за в.д директор на финансиската позиција во 2017 година, а во 2018 година стана директор. На 15 фебруари годинава му истече четиригодишниот мандат, и владата повторно го назначи за в.д директор со мандат од шест месеци, со можност за негово продолжување од уште шест месеци. Оставката Муареми денеска ја поднесе по завршувањето на владината седница, на која продолжувањето на неговиот мандат не беше на дневен ред. Според извори од владата за неговата оставка ќе се одлучува на следната седница.© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Свидетелства до осмо одделение сѐ уште нема, тендерот завршен, државата купила 50 илјaди свидетелства повеќе
Телма - пред 7 часа
Учениците сѐ уште ја чекаат писмената потврда за нивниот лански успех, откако надлежното Биро за развој на образованието вети дека неделава ќе се делат свидетелства за прво до осмо одделение и за средношколците кои не матурираале оваа година. Телма, провери во училиштата и одговорот е негативен, свидетелства нема. Нема ниту одговор од фирмата, која доби втор тендер во висина од 8 милиони денари за да печати.Минатата година во јули „Арбериа дизајн“ прими 5, 2 милилиони денари, но на барање на Бирото за развој на образованието испорача свидетелства само за 9-то одделние, четврта година и оние кои матурирале во трета година. Нејаснотиите во тендерот за Телма се обиде да ги објасни директорот на Бирото за развој на образованието.Нејасно за јавноста е како оваа тетовска фирма победува на два тендери во низа, и тоа за иста бројка на свидетелства, но за различна цена на чинење. Лани во јули, „Арбериа дизајн“ според склучениот договор требало да ја испорача целата бројка на потребна педагошка документација, или над 300.000 печатени материјали, односно 6,50 денари за едно свидетелство.На први август оваа година со новиот тендер одново бирото склучува договор со победникот на тендерот за повисока сума од 8 милиони евра, и тоа пак за цела педагошка документација, или 7,5 денари единечна цена за свидетелство.Ако се погледнат бројките во јавната набавка од први август, Бирото за развој бара од „Арбериа“ 209.960 свидетелства за прво до 9-то одделение иако според Државниот завод за статистика во минатата учебна година настава посетувале 186.649 основци. Бројката во тендерот и за средношклоците е надмината за една четвртина, иако потврда има дека се испорачани свидетелства за матурантите и учениците од 9-то одделение. Ваквите нелогичности, директорот Хасипи ги темели во бројот на завршени ученици според Државниот испитен центар.Павле Беловски© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Литовски: Целосно се заштитени позициите на македонската историографија
Телма - пред 7 часа
Нема никаква победа на бугарската историографија во препораките на Комисијата за историски прашања кои вчера ги објавија и македонското и бугарскотот МНР. Ова е ставот на историчарот Александар Литовски, кој вели дека ако внимателно се читаат препораките се гледа дека со нив целосно се заштитени позициите на македонската историографија. Коментарот на Литовски доаѓа откако дел од бугарски историчари обединети во платформата „Националниот круг за Македонија“ по објавувањето на препораките прогласија прва победа на бугарската позиција во историските спорови со Македонија.„Јасно е дека бугарската страна сака да крева хистерија на некаков триумфализам, меѓутоа од самите текстови на препораките може слободно да се види дека воопшто нема никаква основа за таква хистерија. Истото го правата и од наша страна некои кругови и со тоа во полза одат на бугарските проекти во Македонија за прогласување на некаква историографска победа“, вели Литовски.Освен бугарскиот „Националниот круг за Македонија“ досега за препораките не се огласија членовите на бугарскиот тим во историската комисија, а бугарскотот МНР вчера ги објави препораките, но без одржување на брифинг, единствено на официјалниот сајт искажа благодарност за досегашната работа на Историската комисија.„Ги охрабрува да продолжат поинтензивно со своите напори, за да ја завршат работата по сите периоди од заедничката историја, согласно чл. 8 ст. 2 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка“, стои во објавата на бугарското МНР.Анализирајќи ги препораките историчарот Литовски за Телма вели дека македонската страна не може да се обвини за правење отстапки пред бугарската историографија, посочувајќи го за тоа примерот на препораката за заедничко чествување на Цар Самоил, а за кое во Македонија дел од јавноста веќе го обвини македонскиот тим дека попуштила пред бугарската историографија.Литовски притоа укажува дека во препораките се гледа отстапка од бугарската страна, во делот на толкување на светите браќа Кирил и Методиј како сесловенски просветители кои ја ширеле писменоста меѓу словенските народи, што се разликува од досегашната бугарска позиција дека тие се бугарски просветители кои со бугарска азбука ги описмениле другите словенски народи.„Кај Цар Самоил сосема јасно стои дека тој е владетел на голема средновековна држава, а воопшто никаде не пишува дека е бугарски владетел. Во таа насока фактички отстапувањата се од бугарската страна, каде во нивната историографија има дека Самоил е бугарски цар. Очигледно во препораките таков став не постои. За Светите Кирил и Методиј може да се смета дека Бугарија во препораките направи отстапка и прифати дека тие се сесловенски просветители, впрочем онака како што ги третира целата светска и европска историографија. И во таа смисла може да се каже дека Македонија или македонскиот тим од Комисијата извојува една победа“, е ставот на Литовски.Во делот на препораката за учебниците по историја за петти клас во Бугарија и шесто одделение во Македонија кои ја третираат антиката, Литовски смета дека и двете страни од Комисијата направиле отстапки, но оти тие биле неопходни.„Бидејќи некои работи во учебниците, навистина, не држат научна елаборација и не можат да издржат научна критика. Меѓутоа сите овие препораки се правени на реципрочна основа и врз основа на компромис од двете страни, во најмала рака“, вели Литовски.Министерствата за надворшени работи на Македонија и на Бугарија вчера конечно ги објави препораките кои ги има дадено Комисијата за историски прашања за заедничко чествување на пет историски личности – светите браќа Кирил и Методиј, Св. Климент и Св. Наум и Цар Самоил, како и по пет препораки за измани на учебниците по историја за петти клас во Бугарија и шесто одделение во Македонија, а кои за да се имплементираат во образовниот процес и во двете земји треба прво да бидат усвоени од владите. Имплементирањето на препораките е предвидено да биде на реципрочна основа.Тамара Грнчароска© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Државата ќе штеди на струја, ќе се гасат светлата на фасадите, спомениците, но и во самите објекти
Телма - пред 7 часа
Штедење ќе има рестрикции ќе нема. Владата на денешната седница усвои сет препораки за домаќинствата и компаниите за тоа како да се штеди потрошувачката на електрична енергија а за државните институции и објекти сет задолженија со кои предвидува во нив да се намали потрошувачката за околу 15 отсто и со тоа да се заштедат околу 130 гигавати струја.Исклучување на амбиентални осветлувања на фасади, споменици, плоштади, минимално неопходно осветлување на улиците и патиштата се само дел од мерките видливи надвор. Во државните институции ќе се ограничи температурата на 27 степени во лето и 20 во зима, замена на светилки со шетдливи, гасење на компјутерите и светилките по завршувањето на работното време се само дел од задолжениејата.Во секоја државна институција ќе има лице задолжено за спроведување на мерките и контрола и тоа ќе мора да поднесува извештај секој месец за вкупшната потрошувачка на струја во изминатите 30 дена која мора да биде најмалку за 15 отсто пониска со онаа од истиот месец минатата година. Доколку тоа не успее задолежното лице и раководителот ќе се соочат со казни според етичкиот кодекс на Владата, но Бектеши не прецизираше точно какви.Бектеши е дециден дека рестрикции нема да има освен во случај на голема хаварија и испад на системот но и тогаш е договорено непречено снадбудавње со струја од странство за големите потрошувачи.Директорот на ЕСМ пак соопшти дека во моментот работат со расположивиот полн капацитет и дека се складираат залихи на јаглен и мазут од увоз и сопствен ископ за претстојната сезона. Најголемиот производствен капацитет РЕК Битола ќе почне да рабопти со полн капацитет од ноември кога треба да проработи и третиот блок кој лани во ноември беше уништен во хаварија.Владата на селдната седница ќе донесе одлука за прогласување на кризна состојба во енергетскиот сектор која би стапила на сила во исто време со мерките на штедење односно 1 септември и ќе трае до крајот месецот додека во топлинскиот сектор ќе трае до крајот на грејната сезона.Огнен Чанчаревиќ© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Кочанските оризопроизводители повторно со блокада на патот Штип-Кочани
Телма - пред 7 часа
Повисока откупна цена на оризовата арпа и на белиот ориз, да се формира производствена цена пред стартот на жетвата и средба со премиерот Ковачевски и ресорниот министер Николовски, ова се барањата, кои денеска од протестот на патот Штип-Кочани, кај селото Облешево ги испорачаа кочанските оризопроизводители. Порачаа дека пропаѓаат во долгови, а немаат да ги платат ниту пензинското, ниту здравственото осигурување.„Македонскиот аграр е во банкрот“, „Граѓаните ќе ни останат гладни“, вакви пораки испратија тутунаратите, пчеларите и лозарите, кои им дадоа поддршка на оризопроизводителите. Револтирани се што и цената на нивните производи е ниска.Кочанските оризопроизводители ја блокираа едната коловозна лента на патот Штип-Кочани. Годинава оризот е засеан на 4.500 хектари, а се очекуваат околу 22.000 тони оризова арпа.Викторија Димитрова Јованова© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Се намалува бројот на новозаболени со Ковид-19
Телма - пред 8 часа
Се намалува бројот на новозаразени со Ковид-19 покажува последниот извештај на Институтот за јавно здравје. Минатата недела се регистрирани 3.477 нови позитивни случаи на Ковид-19, што е намалување за 8,7 отсто во споредба со претходната седмица. Најголем дел од Ковид позитивни се во Скопје 40,6 %, додека највисока инциденца е регистрирана во Кавадарци, Неготино и Охрид.Според неделниот извештај најзастапена е возрасната група над 60 години, а најмал е бројот кај населениото меѓу 10 и 19 години. Регистрирани се 729 реинфекции, со намалување за 10,8 проценти.Во моментов во болниците се лекуваат 199 пациенти, што е за 10,6 отсто повеќе во спроедба со претходната недела и од нив 55 се на кислородна поддршка.Според Мемети важно е граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита кои во моментов се на сила доколку се имаа предвид присуството на БА5 и БА 4 варијантата на Омикрон кои се присутни во 80 % кај новозаразените со Ковид-19.Нина Стефанова© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Мицкоски позитивен на Ковид-19
Телма - пред 8 часа
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја откажа посретата на општина Маврово-Ростише, поради појава на симптоми на КОВИД-19 и добиен позитивен резултат на брз антигенски тест.Ве известуваме дека посетата и настанот на претседателот Христијан Мицкоски во општина Маврово- Ростуше закажани за денеска во 17:45 се откажани. Причина за откажување е развивањето на симптоми од Ковид 19 на претседателот на партијата Мицкоски, при што беше направен брз антигенски тест, каде што истиот беше позитивен, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.Оттаму додаваат дека во текот на денот Мицкоски ќе биде тестиран со ПЦР тест за Ковид-19.© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Поднесена кривична пријава за клубот „Иван Михајлов“ во Битола
Телма - пред 8 часа
Основното јавно обвинителство од Битола постапува по две кривични пријави за регистрацијата и функционирањето на културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола. Едната е поднесена во мај од политичката партија Левица и се однесува на цитат од Ванчо Михајлов кој е врамен до неговите портрети во внатрешноста на клубот, со кој тој ја негира македонската нација. Другата кривична пријава е поднесна од граѓани, велат од обвинителство и додаваат дека од двете пријави е оформен еден предмет, а обвинител постапува и прави проверки за целокупниот процес на регистрација и работа на културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола.Исто така обвинителството е во комуникација и со Државната комисија за заштита и спречување на дискриминација која пак постапува по претставка од друго здружение за дискриминација по етничка и национална основа.Постапувајќи по пријавата, надлежниот јавен обвинител издаде наредби за обезбедување докази до СВР Битола, како и барања за податоци од Централниот регистар и Министерството за правда, се наведува во соопштението на ЈОРМ.Истовремено охридското јавно обвинителство денеска оформи предмет и за охридското здружение „Цар Борис Трети“ во Охрид.Основното јавно обвинителство Охрид денеска по допрен глас оформи предмет за да ги испита наводите за евентуални пропусти при регистрацијата на Здружението на граѓани „Цар Борис Трети“ – Охрид. Издадена е наредба до Централниот регистар за обезбедување на целокупната документација поврзана со регистрацијата на наведеното здружение, се наведува во соопштението од ЈОРМ. Културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола, а потоа и здружението „Цар Борис Трети“ во Охрид се формирани од Бугари во Македонија, а нивната работа и имињата кои ги носат, на контроверзни историски личности, покренаа лавина реакции во јавноста, но и го отворија прашањето за измени на Законот за здруженија и фондации.Министерството за правда вчера соопшти дека работната група ќе се состане до крајот на неделава. Во меѓувреме фондација од Бугарија која го носи името „Македонија“, најавува дека веќе се поднесени документите за формирање на уште едно здружение во Богданци со името на „Цар Фердинанд“.Емилија Мисирлиевска© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Русковска суспендирана, постапка за дисциплинска одговорност и против две обвинителки
Телма - пред 8 часа
Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска за Телма потврди дека е суспендирана од функцијата заради водење дисциплинска постапка против неа. Дисциплинска постапка е поведена, но без да бидат суспендирани, и за обвинителките Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска. Државниот обвинител Љубомир Јовевски за Телма рече дека е поднесен предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка.Постапката се однесува за испитување на распоредот на предметите во Обвинителството за организиран криминал, нарушена хиерархија и преиспитување на законитоста во водењето на истрагите.Во согласност со член 93 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија денеска поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеа 6 од Законот за јавното обвинителство, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.Ова следува по поднесувањето на кривичните пријави на директорот на Финансиската полиција Арафат Муареми против Русковска за злоупотреба на функцијата и фалсификување службена исправа, иако од републичкото обвинителство велат дека поведувањето на дисциплинската постапка не е директно поврзано со кривичната пријава.Причина за поднесувањето на кривичната пријава беше спроведениот претрес во Управата на финансиската полиција од страна на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција и начинот на кој е постапувано. Според Муареми, постапката била незаконска со низа нерегуларности, поради што тој поднесе и преставки до Советот на јавни обвинители и Судскиот совет.© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Обвинителството поведе постапка по наводите за пропусти при регистрацијата на Здружението на граѓани „Цар Борис Трети“ во Охрид
Телма - пред 9 часа
Основното јавно обвинителство Охрид денеска по допрен глас оформи предмет за да ги испита наводите за евентуални пропусти при регистрацијата на Здружението на граѓани „Цар Борис Трети“ – Охрид. Издадена е наредба до Централниот регистар за обезбедување на целокупната документација поврзана со регистрацијата на наведеното здружение.Од мај годинава, по поднесена кривична пријава од една политичка партија, оформен е предмет и во Основното јавно обвинителство Битола кој се однесува на регистрацијата и функционирањето на Културниот центар „Иван (Ванчо) Михајлов“.Постапувајќи по пријавата, надлежниот јавен обвинител издаде наредби за обезбедување докази до СВР Битола, како и барања за податоци од Централниот регистар и Министерството за правда.в© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Контролирани 38 возила за јавен превоз на подрачјето на СВР Тетово, откриени се пет недостатоци
Телма - пред 10 часа
Тетовската полиција информира дека утринава од од 06.00 до 10.00 часот, на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола со која биле опфатени вкупно 38 возила кои вршат јавен превоз на патници, најмногу автобуси, комбиња и такси комбиња.При контролата биле откриени и адекватно санкционирани се пет прекршоци на гостиварското подрачје за технички и други недостатоци.„Две возила биле со неисправни сопирачки, исто толку немале извршено технички преглед, а едно имало истечена регистрација. На прекршителите изготвени им се соодветни поднесоци, а три возила веднаш се исклучени од сообраќај. При контролата, исто така, санкционирани биле и три други видови сообраќајни прекршоци, од кои 1 возило без потребните документи за вршење на јавен превоз. Целта е навреме да се откријат и отстранат од сообраќај технички неисправните возила и да се обезбеди непречено и безбедно превезување на патниците“ информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.Портпаролот најави дека ваквите контроли ќе продолжат и во наредниот период и посебно пред и со почетокот на новата учебна година, зашто од и кон Тетово и Гостивар секојдневно ќе се превезуваат и голем број ученици од основните и средните училишта на подрачјето.© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Заврши протестот на оризопроизводителите, нормализиран сообраќајот на патот Штип – Кочани
Телма - пред 10 часа
Нормализиран е сообраќајот на патниот правец Кочани – Штип кај село Облешево откако во 11:45 часот заврши собирот на оризопроизводителите, информира АМСМ.Сообраќајната лента во правец од Штип кон Кочани на патниот правец А3 Кочани – Штип кај село Облешево од 10:15 часот беше блокирана со 12 земјоделски машини од околу 80 до 100 оризопроизводители, а сообраќајот се одвиваше наизменично.© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Условни казни за уште шестмина обвинети за настаните пред Собранието
Телма - пред 10 часа
Условни казни за уште шестмина обвинети за инцидентите пред Собранието за време на протестите против францускиот предлог изрече Судот, откако тие признаа вина на денешното судење во Основниот кривичен суд во Скопје за настаните пред Собранието на 5 јули годинава.Во Основниот кривичен суд Скопје, како што информираат од Судот, денеска се одржа главната расправа за предмет против шест лица обвинети за кривичното дело – Учество во толпа што ќе изврши кривично дело од чл. 385 ст.2 в.в ст.1 в.в. чл. 22 кои на 05.07.2022 година се случија пред Собранието на РСМ.„Сите шест обвинети, своеволно, ја признаа вината за кривичното дело кои им се става на товар, а по ценење на сите олеснителни и отежителни околност, судот донесе првостепена пресуда со која четврица од обвинетите им определи алтернативни мерки – Условна осуда во траење од 2 години затвор која казна нема да се реализира доколку во следните 4 годни не сторат ново кривично дело, а двајца од обвинетите, кои непосредно пред настанот наполниле 18 години, им определи алтернативна мерка – Условна осуда од 1 година затвор која казна нема да се реализира доколку во следните 3 години не сторат ново кривично, а воедно им определи и мерка – Засилен надзор“, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.Против овие пресуди, во делот на казната, осудените имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје.© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Се воведуваат мерки за заштеда на струја до 15 отсто – за домаќинствата и компаниите препораки, за институциите конкретни задолженија
Телма - пред 10 часа
Владата донесе мерки за заштеда на струја до 15 отсто – за домаќинствата и компаниите се предвидени препораки, а за државните институции конкретни задолженија кои мора да се испочитуваат зашто во спротивно ќе следуваат санкции.Како што соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши, мерките ќе стапат во сила од 1 септември годинава, а ќе важат до 31 март 2023 година.„Пред нас е една од најтешките зими на енергетски план, не само за нас, туку и за сите земји во регионот, како и во Европа. За полесно да се справиме со она што не очекува, за непречено снабдување со електрична енергија, рационално трошење и пониски сметки, подготвивме план и препораки за заштеда на струја. Мерките се поделени во повеќе категории, зависно дали се работи за домаќинства, компании или објекти, институции и претрпијатија во државна сопственост. Целта е намалување на потрошувачката за 15 отсто споредено со истиот месец лани. Ако не се постигне оваа цел, ќе следуваат согласно етичкиот кодекс и сите уредби, одредени санкции за сите раководители на институциите“ истакна Бектеши.Исклучување на декоративното осветлување на фасадите на јавните објекти и културните споменици, гаснење сијалици кога има доволно дневна светлина, во сезона на ладење климите да се местат не пониско од 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени, да се исклучуваат компјутерите по работата, редовно да се менуваат филтрите на грејните тела и клима уредите, да се принтаат само потребните материјали, да се заменат прозорците со енергетски ефикасни, се само дел од препораките за државните институции.© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
590 новозаразени со Ковид во последното деноноќие, пријавени се двајца починати пациенти
Телма - пред 10 часа
Институтот за јавно здравје информира за 590 новорегистрирани случаи на зараза со Ковид-19 во последното деноноќие, од направени 1593 тестирања.Од вкупниот број на позитивни (590), регистрирани се 142 реинфекции.Оздравени се 583 пациенти.Во текот на изминатите 24 часа пријавени се две починати лица, од Скопје на 72 годишна возраст и од Охрид на 82 годишна ворзаст. Двете лица се починати во болнички услови.© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
На ГП Богородица и на Табановце се чека до 40 минути
Телма - пред 10 часа
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини изутринава е зголемен.На ГП Богородица времето на чекање за излез од државата е околу 30-40 минути.На ГП Табановце се чека околу 20-30 минути за влез во државата.На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Кина санкционира седум високи претставници на Тајван
Телма - пред 10 часа
Кина санкционираше седум тајвански официјални лица поради поддршка за независноста на островот, објавија денеска медиумите во Пекинг.Санкциите доаѓаат по посетата на Тајпеј на претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси претходно овој месец, потег што Кина го осуди како испраќање погрешен сигнал до силите за независност на Тајван.Синхуа јави дека меѓу санкционираните од страна на кинеската Канцеларија за работи на Тајван се Ксијао Би-Ким, де факто амбасадор на Тајван во Вашингтон и Велингтон Ку, генерален секретар на тајванскиот Совет за национална безбедност.Санкционирани се и политичари од владејачката партија на Тајван, Демократската напредна партија.Портпаролот на Канцеларијата за прашања на Тајван рече дека на санкционираните нема да им биде дозволено да ги посетат Кина, Хонг Конг и Макао, а на компаниите и инвеститорите поврзани со нив, исто така, нема да им биде дозволено да работат во Кина.Министерството за надворешни работи на Тајван денеска соопшти дека не прифаќа закани од Пекинг, откако Кина воведе санкции за вкупно седум службеници на овој остров.Санкциите ќе имаат мало практично влијание бидејќи високи тајвански претставници не ја посетуваат Кина.© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Во завршна фаза новиот закон за помилување, Претседателот ќе може да помилува само за казна
Телма - пред 10 часа
Во Министерството за правда во завршна фаза е текстот на новиот закон за помилување, за којшто, како што се најавува, во најскоро време ќе биде подготвена драфт – верзија.Најзначајната измена што се предвидува е дека Претседателот ќе може да даде помилување само за казна, а не и за кривично гонење на поименично определени лица.Од Министерството за правда велат дека причините за донесување на нов закон за помилување произлегуваат од недостатоците и правните празнини во постојниот Закон за помилување (“Службен весник на РМ” бр. 20/93, 12/09 и 99/16), од аспект на неговата практична примена.„Со предлог законот се уредуваат поимот и видовите помилување, дејството на помилувањето, лицата овластени за поднесување молба за помилување, како и постапката и актите на надлежните органи во врска со помилувањето. Една од најзначајните измени е дека Претседателот може да даде помилување само за казна, а не и за кривично гонење на поименично определени лица. Втората позначајна новина предвидена во Предлогот на законот е формирањето Комисија во рамките на Министерството за правда која подготвува писмено образложено мислење за молбата кое Министерството за правда заедно со извештајот за молбата ги доставува до Претседателот. Со ова решение се очекува да се надминат досегашните можни ризици поврзани со дискрециските права на министерот за правда“, посочуваат од Министерството..Помилувањето како институт е еден од основните уставни надлежности на Претседателот на Република Северна Македонија утврдени со член 84 од Уставот на Република Северна Македонија.Содржано е и во членот 114 од Кривичниот законик со кој се уредуваат материјално-правните прашања на помилувањето.© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Оризопроизводителите од Кочани го блокираа регионалниот пат Штип-Кочани
Телма - пред 10 часа
Кочанските оризопроизводители излегоа на протести и во селото Облешево го блокираат патот Штип-Кочани.Сметаат дека откупната цена и на белиот ориз и на оризовата арпа се прениски и годинава не им ги покриваат трошоците.Здравко Арсов од Иницијативниот одбор за спас на оризопроизводството вели дека производствената цена е повисока од откупната.Нивно барање е пред да почне жетвата да се одреди откупна цена, а бараат и средба со премиерот Димитар Ковачевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.„Ланската реколта беше откупувана од 15 до 18 денари, а сега се откупува од 20 до 22 денари, кој може да опстане, истото е и со пченицата, тутнот, грозјето. Буквално целото земјоделие е во колапс“, вели Арсов од Иницијативниот одбор.© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 17.8.2022
Телма - пред 12 часа
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната од 29 до 37 степени.УВ индексот ќе изнесува 8Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР! e-mail: [email protected] https://www.instagram.com/telmameteo/© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Нормализирано снабдувањето со струја во Косово, Албанија ќе и помага
Телма - пред 1 ден
Прекинати се рестрикциите на струја на Косово и од попладнево вратено е нормалното снабдување со струја, како реултат на соработката на косовската енергетска корпорација и албанската електро-енергетска компанија.На Косово од осум часот утрово почнаа рестрикции на струјата, во период од два часа, на секои шест часа, за сите корисници, бидејќи енергетската компанијата веќе нема пари да купува струја од странство, и се сведе на дистрибуција само на домашна електрична енергија.Косовското министерство за економија попладнево соопшти дека соработката со Албанија ќе продолжи и со други мерки за решавање на енергетската криза и вонредната ситуација во која се наоѓа земјата, и ги повика потрошувачите што повеќе да штедат електрична енергија.© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Бугарско МНР ја охрабрува мешовитата Комисија да продолжи поинтензивно со работа
Телма - пред 1 ден
Министерството за надворешни работи на Бугарија во соопштение ја охрабри мешовитата Комисија за историски и образовни прашања да продолжи поинтензивно со своите напори со цел завршување на нејзините работи за сите периоди од заедничката историја согласно со член 8 став 2 од Договорот за пријателство и добрососедство и соработка.Во согласност со договорите од Протоколот според чл. 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, потпишан на 17 јули 2022 година, Министерството за надворешни работи на својата официјална страница го објави Записникот од првиот состанок на Меѓувладината комисија од чл. 12, одржана на 10 јуни 2019 година.Во соопштение на бугарското МНР се наведува дека со Протоколот потпишан во 2019 година, владите на Република Бугарија и на Република Северна Македонија, ги прифатиле предлозите на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања за заедничко одбележување на следните личности од заедничката историја на двете земји: Св. Кирил и Методиј, Свети Климент, Свети Наум и Цар Самоил, како и општи начела и белешки за содржината на учебниците за V одделение во Република Бугарија и VI одделение во Република Северна Македонија Праисторија и стара историја).Во Протоколот од чл. од 12 јули 2022 година, пишува МНР на Бугарија, беше договорено во рок од еден месец двете страни официјално да ги објават сите резултати и препораки од досегашната работа на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања.-Објавувањето на предлозите за 2019 година одобрени од владите е важен чекор кон информирање на јавноста во двете земји за резултатите од работата на Комисијата. Така, се создава потребната основа за да се продолжи со практично спроведување на друг договор од Протоколот според чл. 12 јули 2022 година – договор за календар на заеднички прослави за периодот 2022-2023 година за петте заеднички историски личности. МНР и се заблагодарува на Мешовитата комисија за историски и просветни прашања за досегашната активност и ја охрабрува поинтензивно да продолжат со своите напори, со цел да се заврши работата на сите периоди од општата историја, согласно чл. 8 ст. 2 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, стои во соопштението на бугарското МНР.© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Мицкоски: Собранието не може да собере мнозинство за гласање на уставните измени но, доколку собере се повлекувам од политиката
Телма - пред 1 ден
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска побара Владата по завршувањето на одморите да ги стави во собраниска процедура уставните измени. Најави дека доколку успеат да соберат доволно гласови за изгласување на истите тој ќе се повлече од политиката, но во спротивно бара предвремени парламентарни избори. Во однос на најавениот референдум вели дека ставот на партијата е јасен по однос на ова прашање како и дека интензивно одржува средби со коалициските партнери.На ваквото негово барање експресно одговори потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска и рече дека избори ќе има и тоа редовни во 2024 година.© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Најголем дел од повредените деца префрлени во клиниките во Белград
Телма - пред 1 ден
Дел од децата повредени во автобуската несреќа во Бугарија денеска се транспортирани во српските клиники. Со пет возила на бугарската итна медицинска помош седум полесно повредени лица се префрлени на српската граница каде ги чекаа седум возила на итната помош од Ниш од каде се транспортирани на клиниките во Белград.– Сите пациенти се во стабилна здравствена состојба, од овој момент ќе ги следиме нивните витални параметри. Имавме исклучителна соработка со полицијата, граничарите и медицинската служба од Бугарија, така што се помина без никакви проблеми – изјави Душан Миленковиќ специјалист по ургентна медицина од нишкиот Ургентен центар.Две деца кои беа со потешки повреди утрово со две возила на Брза помош од болницата во Стара Загора се пренесени во „Пирогов“ и таму остануваат на понатамошно лечење. Утрово бугарскиот министер за здравство Асен Меџидиев рече дека над нив ќе бидат извршени и хируршки интервенции.Во болницата во Стара Загора под лекарски надзор пак остануваат две возрасни лица со абдоминални повреди.Во автобуската несреќа која се случи нешто по 20 часот на автопатот Тракија се превезувале вкупно 49 патници, од кои 38 биле деца, а 11 возрасни. Надлежните во Бугарија велат дека најверојатно човечка грешка е причината за несреќата со српскиот автобус на автопатот Тракија.Александар Петрески© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Со Бугарија заеднички ќе чествуваме пет историски личности – Св. Кирил и Методиј, Св. Климент и Наум и Цар Самоил
Телма - пред 1 ден
МНР конечно ги објави, а членовите на македонскиот тим ги презентираа препораките кои македонско-бугарската Историска комисија ги има усогласено уште во 2019 година за заедничко чествување на пет историски личности – светите браќа Кирил и Методиј, светите Климент и Наум и Цар Самоил. Обајвени се и препораките за подобрување на учебниците по историја во петти клас во Бугарија и шесто одделение во Македонија, кои реципрочно имаат по пет препораки за секој учебник, а кои го опфаќаат периодот на антиката.Препораките, и за двете страни, се однесуваат за корегирање на досегашното користење на неосновани историографски сугестии за античката историја, недостатоците при користењето на историските карти коишто не соодветствуваат со конкретното историско време и контекст, како и исправање на фактографски непрецизности.„Препораките воопшто не допираат до идентитетските прашања. Повеќе се посветени на тоа да се избегне митологизацијата на тој антички период во образовниот ситем на двете страни и да се избегне националната перспектива, днешната перспектива на современите нации и држави, во антиката“, изјави Драги Ѓоргиев, првиот човек на македонскиот тим во Комисијата.Учебникот по историја за петти клас во образовниот систем во Бугарија, според препораките, треба да го смени пристапот на датирање на појавата на тракиската култура во антиката, како и презентирањето на териториите на запад од древна Тракија да биде во поширок регионален контекст, со посодржинско претставување на историките процеси кои се одвивале таму.Се препорачува и поголема прецизност во учебникот во користење на теримините при претставувањето на античката историја, за која досега во учебникот во Бугарија се користел изразот „бугарски земји“. Препораките е тој термин да се замени со поимите „денешни бугарски земји“ и „територијата на современа Бугарија“.Измена треба да претрпи и користењето на историските карти во учебникот, кои според Комисијата, треба да се користат согласно историскиот контекст и поставените методски цели. Комисијата препорачува на бугарските ученици од петти клас да им се промени презентирањето на другите етнокултурни заедници од тој период, како на пример Дарданците, што треба да биде направено согласно водечките тези во историографијата.Препораки за учебник по историја за 5-ти клас во БугаријаВклучување на поширокиот регионален контекст, особено на териториите на запад од древна Тракија, ќе ги претстави посодржински историските процеси и ќе создаде побогата слика за културно-историското наследство во регионот. Заради поголема терминолошка прецизност поими како „денешни бугарски земји“, или „територијата на современа Бугарија“, може да бидат посоодветни за употреба во контекст на античката историја, наместо само изразот „бугарски земји“. Предлагаме повнимателно датирање на појавата на тракиската култура во антиката. При претставување на некои антички заедници потребно е да се земат предвид водечките тези во историографијата за нивните етнокултурни карактеристики (на пример Дарданците). Историските карти треба да се користат согласно со историскиот контекст и поставените методски цели.За македонскиот учебник за шесто одделение по историја се препорачува пак поголема застапеност на проблематиката поврзана со античка Тракија и Тракијците за, подобро запознавање на културно-историското наследство во регионот.Истовремено, се препорачува да не се користи сугестија за постоење на континуитет меѓу античка Македонија и современата македонска држава, како и неоснованите сугестии дека постои континуитет на мисијата на Апостол Павле и средновековните црковни структури кои постоеле на територијата на денешна држава Македонија.И македонскиот учебник, исто како и бугарскиот по историја, доби препорака картите на античката македонска држава попрецизно да ги претставуваат конкретниот временски период на кој се однесуваат, но и македонските шестооделенци да учат за другите антички заедници и нивните етнокултурни карактеристики.Препораки за учебниците по историја за 6-то одделение во РС Македонија Поголема застапеност на проблематика поврзана со античка Тракија и Тракијците ќе придонесе за подобро запознавање на културно-историското наследство во регионот. Сугестиите за континуитет меѓу античка Македонија и современата македонска држава содржат историски анахронизам. Сугестиите за институционален континуитет меѓу мисијата на апостол Павле и средновековните црковни структури што постоеле на територијата на денешна Република Северна Македонија се неосновани. Историските карти на античката македонска држава ќе бидат попрецизни доколку соодветствуваат на конкретен временски период. При претставување на некои антички заедници потребно е да се земат предвид водечките тези во историографијата за нивните етнокултурни карактеристики (како на пример, Пајонците, Дарданците, Мигдонците).„Овие препораки се препораки кои одат до владата, кои таа треба да ги усвои и понатаму, да продолжи во процесот при пишувањето на идните учебници по историја, авторите кои ќе ги пишуваат наставните единици на кои се однесуваат овие препораки, да ги земат предвид. Се разбира претходно претстои усвојување на овие препораките од владата. Тоа е наша препорака, како понатаму ќе се одвива тоа е во рацете на институциите“, вели Ѓоргиев.Препораките пак за заедничко чествување на историаки личности, за браќата Св. Кирил и Методиј предвидува тие да бидат претставени како сесловенки христијански просветители. Сепак тоа нема да го исклучи националниот предзнак и чествување на азбуките, како македонска, српска, руска, бугарска и други, кои денес ги користат земјите кои со помош на глаголицата создадена од светите браќа, а потоа и кирилицата, се описмениле.Комисијата препорачува заедничко чествување и на светите Климент и Наум, како продолжувачи на делото на светите браќа Кирил и Методи, но и за формирањето и продолжувањето на Охридската книжевна школа која во тоа време, како што се наведува, се создава со помош на средновековната бугарска држава, поради што дејците ги прави значајни и за двете денешни современи држави, и Македонија и Бугарија.„Мислам дека Комисијата направи текстови кои се прифатливи за двете страни, за двете влади, со кои може и верувам, ако бидат усвоени од владата, ќе приоднесат за подобрување на односите на двете држави, на двата народа, уште повеќе што и светите бараќа Кирил и Методиј веќе се чествуваат заедно од двете држави“, смета Ѓоргиев.За Цар Самоил препораката е дека тој е владетел на голема средновековна држава, којашто поголемиот дел од современата историска наука ја смета за Бугарско царство со центар во територијата на денешната држава Македонија, но и значителен дел од земјите и населението на Балканскиот полуостров. Според препораката на Комисијата, Цар Самоил и неговата драматична судбина е симбол на заедничката историја на двете современи држави и препорачува негово заедничко чествување и во Македонија и во БугаријаИнаку Комисијата во моментов, како што информираа нејзините членови, работи на учебникот по историја од шести клас во Бугарија и седмо одделение во Македонија, а следната историска личност за која ќе се разговара, за евентуално, заедничко чествување е Гоце Делчев.Тамара Грнчароска© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
До сега ниту една државна институција не реагираше за регистрација на здруженија со имињата на контроверзни историски личности
Телма - пред 1 ден
На споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје денеска го нема знамето на Бугарија што пред три дена го поставија членовите на бугарската фондација „Македонија“. Тие се пофалија дека повтороно го чистат споменикот затоа што македонските власти не го одржуваат. Членот на фондацијата, Виктор Стојанов, утрово, по објавата во македонските медиуми за настанот, дообјаснува дека го заборавиле македонското знаме и обвини за шовинизам.„Па, го исчистивме споменикот по Н-ти пат, не го одржуваат, но сега има проблем – се сликавме со бугарското знаме. Секогаш го носиме и знамето на РСМ, овој пат го заборавивме. Големиот проблем на медиумите, политичарите и длабоката држава во Скопје е што воопшто има Бугари – не само во РСМ, туку и во Бугарија. Шовинисти…напиша Викот Стојанов, фондација „Македонија“-Бугарија Стојанов пред неколку дена најави формирање и на трето буграско здружение, покрај веќе постоечките Иван Михајлов и Цар Борис Трети, овој пат во Богданци, со името на Цар Фердинанд, Фондацијата Македонија е формирана во 2021 како што се наведува на нивната официјална веб страница од Бугари во Бугарија, Македонија и Албанија со цел населенеито да биде едно општество во две земји. Сега фондацијата најавува и други активности деновиве„Фондацијата Македонија бара 1 или повеќе волонтери кои ќе можат да патуваат во Македонија 1во периодот од понеделник – четврток ( 15 до 18 август). За 19-20-21 август имаме планирани многу иницијативи и неколку наши групи ќе патуваат во Македонија, ТЕЛОП 2 Фондација „ Макеоднија“-БугаријаИако ова предизвикува жестоки реакции и од јавноста и експерите, ниту една државна институција не постапила за регистрацијата на здруженијата со имиња на контроверзни историски личности. Законот за здруженија и фондации покажа многу слабости, а од Министерството за правда 4 месеци најавуваат измени за што деновиве треба да се состане и работната група. Сепак и постоечкиот Закон со членот 65 и 66 дава можност секој да поднесе пријава до јавното обвинителство за забрана за работа на органзиација ако нејзиното десјтвување е насочена кон уривање на уставниот поредок, поттикнува нетрпеливост или ако се повредуваат слободите и правата на други лица.Емилија Мисирлиева© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Меџидиев: Две од децата се со потешка клиничка слика, останатите патници се во стабилна здравствена состојба
Телма - пред 1 ден
Човечка грешка најверојатно е причината за несреќата со српскиот автобус на автопатот Тракија, соопштија бугарските власти. Заменик-јавниот обвинител и директор на Националната истражна служба на Бугарија Борислав Сарафов соопшти дека увидот покажал дека на тој дел од делницата нема други пречки и нерамнини кои би предизвикале скршнување на автобусот. Нема техничка неисправност што се случила ненадејно при движењето“, рече Сарафов.Ваквите тврдења се поткрепени и со директни сведоштва од оние кои се возеле во автобусот. Според дел од патниците возачот го изгубил вниманието кога се обидел да му помогне на еден родител да го крене седиштето за своето дете“. Во тој миг автобусот излета во каналот кај градот Стара Загора.Не беше ништо поинаку од кога доаѓавме. Не забележав дека вози побрзо одошто се вози по автопат.Дали возачот заспа ? Не, сигурно не, затоа што ние пред тоа правевме пауза и тргнавме од пумпата. Сигурна сум не беше заспал. Сега како се чувствувате ?Сега сум добро. Малку се уплашив имаше многу деца кои беа потресени, но сега сме добро. Фала му на Бога што сме сите живи и здрави и ова ќе помине. Возачот на српскиот автобус кој се преврте кај Стара Загора на автопатот „Тракија“ е задржан во 24-часовен притвор. На возачот, српски државјанин, му е наредено да не ја напушта Бугарија додека трае истрагата за причините за несреќата.Според експертите за безбедност на патиштата покрај тоа што српскиот возач изгубил контрола над автобусот, го прекршил бугарскиот закон затоа што од фестивалот во Сончев Брег во Србија решил да отпатува за да земе деца навечер, што не е дозволено.Според бугарските здравствени власти две од децата кои патувале со автобусот се во потешка здравствена состојба и над нив се очекува да биде извршена хируршка интервенција, а останатите патници се во добра здравствена состојба.За едно дете кое вчера беше во потешка состојба имавме голем притисок сега е стабилизирано, контактира и во свесна состојба е ќе подлежи на оперативна интервенција, сега се подготвува и ќе патува во Софија на Детската хирургија. Другото детенце кое имаше трауматичен шок и беше од утрово е да речеме во различна потешка состојба ќе биде пренесено на Детска неврохирургија во Пирогов. Останатите деца се добри. Има еден возрасен пациент на кого ми е ампутирана една нога но и тој е во стабилна состојба, изјави бугарскиот Министер за здравство Асен Меџидиев.Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар, кој е во Стара Загора, ги посети децата кои престојуваат во еден од хотелите во градот.Во текот на ноќта извршен е хируршки зафат, оперирано е едно дете кое сега се чувствува сосем добро. Имаме едно дете со повреда на главата и договорено е наредните неколку часа да биде префрлено во Софија, бидејќи потребно е следење и мониторинг на неговата здравствена состојба, истакна српскиот Министер за здравство Златибор Лончар.Во автобуската несреќа која се случи нешто по 20 часот на автопатот Тракија се превезувале вкупно 49 патници, од кои 38 биле деца, а 11 возрасни.Нина Стефанова© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Даночната реформа ќе удри по сивата економија, тврди министерот Бесими
Телма - пред 1 ден
Еден од таргетите на даночните реформи кои ги подготвува министерството за финансии ќе биде борбата против сивата економија и тоа ќе се спроведе преку стимулации, превентивни мерки за премин кон формални производи и услуги и зајакнување на инспекциите и надзорот. Ова е ставот на министерот за финансии фатмир Бесими кој го соопшти преку неговата редовна неделна колумна.Доколку се намали и се ограничи сивата економија, ќе има повеќе средства во Буџетот со штои ќе има можност за подобра инфраструктура, подобра задравствеа и социјална заштита, како и рамноправен натпревар кај бизнисите, смета Бесими„Активностите се базираат на поддршка и стимулација на формализацијата на неформалните активности преку зголемување на погодностите од влегување во формалната економија.Приоритети се: унапредувањето на процесот на мерење, следење и детектирање на сивата економија, стимулативни активности за формализација на сивата економија, зајакнување на инспекциските служби, унапредување на законската регулатива, како и спроведување мерки во делот на Царинската управа каде ќе бидат опфатени и производите од е-трговијата, вели Бесими“За разлика од Бесими, бизнис секторот е дециден дека е погрешен тајмингот за воведување на даночни реформи и проширување на даноната основа и бараат директни мерки за сузбивање на сивата економија која според неофицијалните проценки тежи една третина од вкупно собраниот годишен данок во Македонија.Засега е потврдено дека со даночќните реофрми кои се во подготовска ќе се предложи оданочување орочените депозити, оданочување на хонорарите и договорите за вработување на определено време кои би имале ист третман како платата и би се товареле и со социјални придонеси, нешто што наиде на остри критики во јавноста кога беше најавено па повлечено. Со новите измени се предвидува во делот за реинвестиции на добивката данокот да се укине само кога станува збор за реинвестиција во секторите зелена транзиција, дигитализација или енергетска ефикасност. За прогресивниот данок и неговото воведување од 1 јануари идната година прашањето останува отворено.Проценките на Владата се дека со реформите ќе се соберат дополнителни 54 милиони евра во БуџетотВо рамките на јавната дебата за даночните реофрми денеска во министерството за финансии имаше состанок меѓу надлежните и претставници на невладиниот сектор, консултантски и ревизорски друштва и организации.Огнен Чанчаревиќ© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Нема македонски универзитет помеѓу најдобрите илјада во светот, според Шангајската листа
Телма - пред 1 ден
Годишното академско рангирање на универзитети, познато како Шангајска листа, ги зацврсти на врвот најдобрите високообразовни институции во светот. Прескокнати се сите македонски универзитети и за ниту еден од нив немаше место помеѓу најдобрите илјада.Најдобар универзитет во светот е американскиот Харвард. На второто место следи „Стенфорд“, па „Технолошкиот институт во Масачусетс“, „Кембриџ“ е на четвртото место, а најдобрите пет ги заокружува „Беркли“.На Шангајската листа, од поранешните југословенски републики – Словенија, Србија и Хрватска можат да се пофалат со далеку подобри резултати од Македонија. Помеѓу првите петсотини има место за универзитетите во Љубљана, Белград и Загреб. Од регионот, универзитетот во Атина е најдобро рангиран и се наоѓа во првите четиристотини.Критериумите за вборјување на Шангајската листа варираат и научните достигнувања се клучни. Се смета бројот на добитници на Нобелова награда меѓу поранеши студенти, број на истражувачи кои најмногу се споменуваат во нивните дисциплини и број на публикации во специјализирани списанија.А, покрај Македонија – на долгата листа не можат да се пронајдат ниту соседните Албанија и Бугарија. Дополнително, според друго рангирање, спроведено од страна на Центарот за рангирање на светски универзитети и објавено пред четири месеци, единствениот македонски универзитет кој се наоѓа на таа листата, „Св. Кирил и Методиј“ забележал пад зa 20 места и сега е на 1.964 место од 2.000 универзитети.Петар Догов© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Славјанка Петровска: „Воената донација за Украина е суверна владина одлука на РСМ, а не притисок од НАТО алијансата“
Телма - пред 1 ден
Одлуката е политичка на суверена држава, а не притисок од НАТО алијансата. Помогнавме на земја која ја брани територијата, и не важно од која земја е нападната. Вака, министерката за одрбана Славјанка Петровска ги брани трите одлуки на владата за воени донации кон Украина. Тенковите отпатуваа, и за авионите „Су-25“ се чека потврда. Деталите се класифицирана тајна, а министерството за одбрана тврди дека со оттуѓувањето на оваа опрема не е нарушена ефиканонста и подготвеноста на армиските единици.Платени по 150 илјади пред 20 години тенковите пред очите на граѓаните отпатуваа на фронтот. Како се набавени така се оттуѓени без ниту еден денар вложувања и поправки за нив. Тенковскиот модел Т-72 ќе го заменат американски модерни борбени возила. 6 возила од типот „Хамви“ ја засили пешадијата. Во воздух нема да се засилуваме наредните три години, но ќе се надградуваат транспортните хеликоптери, лесно вооржување и специјални возила.Армијата годинава го троши најголемиот буџет досега или 200 милиони евра од бруто домашниот производ. Освен опрема, Петровска тврди дека војниците по влезот во НАТО се стекнале со безмалку довјно повисоки примања. Зад нив со плати каскаат службениците за кои се крои посебен закон кој треба да биде готов до крајот на година. Ако, МАкедонија сака да ги исполни во целост обврските кон НАТО алијансата по 2024 –та ќе мора да издвојува најмалку 2 отсто од државниот буџет само за армијата.Павле Беловски© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Почина проф.д-р Димитар Бајалџиев
Телма - пред 1 ден
Почина проф.д-р Димитар Бајалџиев, долгогодишен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Информацијата ја споделија неговите колеги на Правниот факултет.Со неговата смрт загубивме драг и почитуван колега, доајен од областа на вовед во правото и автор на бројни научни и стручни трудови, успешен интелектуалец, извонреден предавач, одличен педагог, посветен наставник и особено ценет пријател. Проф.д-р Димитар Бајалџиев беше и поранешен Министер за образование и наука, поранешен декан на Факултетот и член на Деканатската управа, се вели во последниот поздрав на неговите колеги од Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Ивановски не го заврши маратонот на ЕП во Минхен
Телма - пред 1 ден
Дарио Ивановски беше првиот македонски натпреварувач кој настапи на Европското првенство во атлетика што се одржува во Минхен.Ивановски за жал не успеа да ја заврши трката во која беа пријавени 79 маратонци, а на целта пристигнаа 62.Златниот медал го освои домашниот маратонец Рихард Рингер кој на целта пристигна со време од 2 часа 10 минути и 21 секунда и за само две секунди беше побрз од Израелецот, Мару Тефери додека неговиот сонародник Гашау Ајале зад победникот заостана осум секунди.Кај дамите триумф на Александра Лисовска од Полска, која забележа време од 2 часа 28 минути и 36 секунди. Втора низ целта со заостанување од седум секунди мина Матеа Парлов Коштро од Хрватска, а бронзата и припадна на Ниенке Бринкман од Холандија која за само неколку стоти дела беше побрза од Германката, Миријам Датке.ФОТО: Игор Паневски© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Американска делегација на Тајван, Кина одржа нови вежби
Телма - пред 1 ден
Тензиите околу Тајван повторно се зголемија откако Кина денеска одржа нови воени вежби околу островската земја во време кога Тајпеј го посети нова американска делегација составена од пет американски пратеници предводени од демократскиот сенатор Ед Марки од Масачусетс. Источната команда на Народноослободителната војска на Кина соопшти дека вежбите се „остро средство на одвраќање за Америка и Тајван кои продолжуваат да играат политички игри и го поткопуваат мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец“.Според најавите ппосетата на високата американска делегација предвудува средби со високи претставници на Тајпеј на кои би се разговарало за меѓусебните односи, регионалната безбедност, трговијата, инвестициите и други прашања.Патувам во Тајван со двопартиска конгресна делегација за да ја потврдам американската поддршка за Тајван и да поттикнам стабилност и мир преку Тајванскиот теснец, напиша на „Твитер“ Ед Марки.Нивната посета во овој момент е од големо значење, бидејќи кинеските воени вежби се со намера да ги одврати американските конгресмени да го посетат Тајван. Нивната посета, исто така, докажува дека Кина не може да ги спречи политичарите од која било земја да го посетат Тајван, а исто така пренесува важна порака дека американскиот народ стои со тајванскиот народ, изјави Ло Чих – Ченг, пратеник на Демократската напредна партија на Тајван .Пред две недели, токму посетата на Ненси Пелоси, претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, предизвика големо незадоволство во Пекинг по што земјата отпочна со големи воени вежби, а сопред пишувањата на кинеските медиуми Америка со повторување на провокациите не дозволува тензиите околу двете земји да се смират.Тајван се отцепи од Кина по завршувањето на граѓанската војна и комунистичката револуција во 1949 година и поразот на националистичката партија Куоминтанг, која се засолни на островот, но Кина сè уште го смета за дел од својата територија. Пред три години кинескиот претседател Си Џинпинг изјави дека Тајван природно и припаѓа на Кина и дека тој е дел од кинескиот сон за „Една Кина“.Александар Петрески © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Косово бара од Албанија потпишување трактат за заедничка одбрана
Телма - пред 1 ден
Претседателката на Косово, Вјоса Османи оцени дека е стасано времето за потпишување трактат со Абанија за заедничко реагирање во случај на загрозување на двете држави.Османи за ова разговарала за време на денешната средба со нејзиниот албански колега, Бајрам Бегај, кој утрово допатува во официјална посета на Косово, при што беше пречекан со високи државни почести.– Важно е со Албанија, како што разговаравме, да имаме еден трактат за меѓусебна одбрана, со кој реципрочно ќе реагираме во случај на загрозување на нашите две држави, изјави Османи на заедничката прес-конференција со Бегај.Според косовската претседателка, оваа пракса е „во согласност со меѓународните пракси и се применува од многу држави“.– Време е да ги направиме потребните чекори во тој правец, изјави Османи.Косово, рече таа, смета на Албанија и верува дека под водството на Бегај ќе се интензивираат меѓудржавните односи.– Фактот дека Албанија веќе е членка на НАТО создава поголема безбедност во целиот наш регион. Во ова време кога се загрозува безбедносната архитектура, нашата безбедност стана приоритет, рече Османи.Бегај, од своја страна, рече дека Косово и Албанија имаат иста визија и се движат во иста насока. Тој се осврна на регионалната стабилност, порачувајќи дека треба да се работи повеќе за да се зачува мирот, за кој оцени дека е „кревок“.Бегај допатува денеска во Косово, во прва официјална посета на една земја од преземањето на функцијата претседател на Албанија, на 24 јули годинава. Освен со Османи, предвидени се средби и со претседателот на републичкото Собрание, Глаук Коњуфца и со премиерот, Албин Курти.© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
РКЕ: Поскапуваат бензините, цената на дизелот не се менува
Телма - пред 1 ден
Од ноќеска на полноќ нов ценовник на бензиските станици. Со последната одлука на РКЕ се врши корекција на цените на бензините. ЕУРОСУПЕР БС 95 поскапува за половина денар додека ЕУРОСУПЕР БС 98 ќе биде поскап за еден денар.Цената на дизелот останува непроменета.Од 16.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:– Моторен бензин – Еуросупер БС – 95 – 88,50 (денари/литар)– Моторен бензин – Еуросупер БС – 98 – 91,00 (денари/литар)– Дизел гориво – Еуродизел БС (Д-Е V) – 90,00 (денари/литар)– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 86,50 (денари/литар)– Мазут М-1 НС – 52,814 (денари/килограм)Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,418 %.© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
„ПРИЗМА“ открива: Ист газда со две фирми увезува јаглен за РЕК Битола
Телма - пред 1 ден
Две од трите фирми со кои државната компанија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) склучила договори за набавка на јаглен имаат ист човек во сопственичката структура, 45-годишниот тетовец Аљибер Ибраими.Податоците што ги добивме од Централниот регистар покажуваат дека првата фирма, со име Куантум Солушнс, му е регистрирана на денот кога ЕСМ го распишала јавниот повик за набавка на јаглен, на 31 март годинава. Тој, до минатата недела, беше нејзин единствен сопственик и управител, кога во сопствеништвото на фирмата влегол Лазар Кимов.Втората, пак, Енергија Икс ја поседува заедно со бизнис-партнерка од Скопје, 44-годишната Ана Христовска, а почнала со работа на 5 мај, кога повикот веќе течел. И двете се микро-компании и се регистрирани за трговија на големо со цврсти, течни и гасовити горива.Никаква информација не е достапна за овие компании, освен адресите на кои се регистрирани во главниот град – Куантум Солушнс на булеварот Партизански одреди, а Енергија Икс во трговски центар на улицата Лондонска. Немаат ниту телефонски броеви, ниту имејл адреси, ниту профили на познатите социјални мрежи., пишува Призма.Во одговорот од ЕСМ се вели дека главен критериум според кој се оценуваат понудите е техничката соодветност, односно дали понудениот јаглен одговара по своите параметри на тоа што се бара. Следниот критериум е количеството – дали понудувачот може да го достави целиот јаглен што се бара или само дел од него. Цената доаѓа како трет критериум, односно ако сите понудувачи еднакво ги исполнуваат техничките карактеристики и количествата, се избира таа што е подготвена најевтино да го увезе и да го достави јагленот.© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Руд меѓу петте најдобри, Својнтек убедливо прва
Телма - пред 1 ден
По завршувањето на тениските турнир во Торонто и Монтреал објавени се најновите АТП и ВТА листи на кои нема измени на лидерските позиции.Кај мажите на чело и натаму е Данил Медведев кој сега има само 125 бода повеќе во однос на Александар Зверев, Рафаел Надал е трет, а зад него сонародникот Карлос Алкараз.Каспер Руд го поправи пласманот за две позиции и сега е петти, а следуваат Новак Ѓоковиќ и Стефанос Циципас кој бележи пад од две места.Најдобрите десет ги комплетираат Андреј Рубљов, Феликс Оже Алиасим и Хуберт Хуркач.Кај дамите убедливо прва е Ига Свјонтек, Анет Контавеит остана на второто место, а на третата позиција оваа недела се врати Марија Сакари заменувајќи се со Паула Бадоса.Онс Жабер ја задржа петтата позиција, а најголем скок бележи Симона Халеп кој напредуваше девет места и сега е шеста тенисерка на светот.Меѓу првите десет најдобри се уште Ирина Сабаленка, Џесика Пегула, Гарбиње Мугуруза и Дарија Касаткина.© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Кошаркарите отпатуваа за Бар на контрола со Црна Гора
Телма - пред 1 ден
По една недела подготовки во Маврово, македонската кошаркарска репрезентација денеска замина за Бар каде утре против Црна Гора ќе ја одигра единствената контролна средба пред почетокот на претквалификациите за пласман на Европското првенство.Селекторот Александар Јончевски на располагање има 13 кошаркари и покрај капитенот Војдан Стојановски шанса да играат на овој дуел ќе добијат Андреј Магдевски, Бобан Стајиќ, Дамјан Робев, Андреј Јакимовски, Стојан Ѓуроски, Бојан Крстевски, Андреј Маслинко, Виктор Ефремовски, Теодор Симиќ, Лука Савиќевиќ, Марко Миловановиќ и Димитар Пандев.© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Македонија со двајца претставници на ЕП во атлетика
Телма - пред 1 ден
Денеска во Минхен почнува Европското првенство во атлетика на кое ќе настапат двајца македонски репрезентативци.Дрита Ислами ќе биде дел од квалификациите на 400 метри со пречки додека Дарио Ивановски ќе настапи во маратонската трка.Ивановски ќе настапи уште денеска додека квалификациите на 400 метри со пречки на програмата се на 17 август.На првиот ден од континенталниот шампионат ќе се поделат пет комплети на медали. Покрај во маратонската трка денеска ќе бидат познати освојувачите на трофеите во фрлање ѓуле во машка и женска конкуренција во женскиот маратон и во трката на 10.000 метри за дамите.ФОТО: Игор Паневски© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
„Макпетрол“ – 75 години движечка енергија на македонската економија
Телма - пред 1 ден
Лидерот на пазарот со нафта и нафтени деривати „Макпетрол“ оваа година одбележува значаен јубилеј, 75 години од своето основање. Во овие 75 години „Макпетрол“ овозможи сигурен и ефикасен енергетски крвоток во целата држава. Компанијата растеше и се развиваше обезбедувајќи ја потребната енергија за потрошувачите, постојано стремејќи се кон подобрување на своите производи и услуги.– Јубилеите не се само обични датуми со кои одбележуваме и оддаваме почит на тоа што го постигнал целиот колектив, тие се извонредна шанса да размислиме и да изградиме визија како да продолжиме заедно да нижеме успеси и да креираме нови вредности. За „Макпетрол“, исклучително значаен сегмент во развојот ќе бидат инвестициите во дистрибутивната мрежа. На долг рок, пак, стратешки приоритет ќе бидат обновливите извори на енергија, со цел на генерациите што доаѓаат да им се обезбеди поздрава и почиста животна средина, но и понапредно економско опкружување – велат од „Макпетрол“.Веќе 75 години „Макпетрол“ е пионер во примената на новите технологии, секогаш подготвен успешно да одговори на современите предизвици преку континуиран напредок и постојано воведување новитети. Компанијата прва го воведе компримираниот природен гас (CNG), а размислувањата и плановите за идниот период е и воведувањето на течниот нафтен гас (LNG) што би се случило првпат на домашниот пазар. Во согласност со последните текови на глобално ниво, долгорочно, водородот и други обновливи извори на енергија би станале дел од портфолиото на брендот.Ваквите денови секогаш нѐ тераат да погледнеме во историјата, но и да ги споделиме нашите идни планови. Започнавме во 1947 година како Трговското претпријатие за промет со нафта и нафтени деривати „Југопетрол – Скопје“, со 85 вработени и мрежа од неколку бензински станици.Денес нашето семејство брои речиси 2.000 вработени. Изградивме мрежа од современи бензински станици и складови низ целата територија на државата, како и сопствена биорафинерија за производство на чист биодизел. Постојано ја унапредуваме дистрибутивната мрежа со инвестиции во нови, алтернативни горива и континуирано работиме на заштита на животната средина преку употребата на современи и почисти горива.Успехот на една компанија најдобро се гледа преку бројноста на нејзините задоволни и лојални корисници. Континуирано вложуваме во квалитетот на производите и услугите, а потрошувачите тоа го препознаваат и ни ја подаруваат нивната доверба. Тоа е партнерство кое ние највисоко го цениме. Најголемата заложба, бескомпромисниот и врвен квалитет по највисоки стандарди, како и ставот дека профитот не смее да биде на сметка на квалитетот, компанијата го потврдува со гарантираниот квалитет на секоја капка гориво преку секојдневна проверка во сопствената лабораторија. Континуираното вложување во развојот овозможи „Макпетрол“ да биде единствен снабдувач на авио-горива, што подразбира почитување на најригорозни стандарди за квалитет. Изминатите 75 години „Макпетрол“ постојано е во врвот на најпосакувани работодавачи во земјата. Причината за тоа е едноставна – компанијата искрено верува дека луѓето се енергијата што ги поттикнува развојот и напредокот. Сите овие години двигатели на развојот, покрај потрошувачите, се вработените како најважен фактор за деловниот успех на компанијата. – Последниве години се навистина тешки на економски план за секоја компанија, а можеме да очекуваме големи предизвици и во следниот период. Нашата верба, сепак, се темели на претходните искуства, а тие многупати ни потврдиле дека кога се има јасна визија, полесно може да се пребродат и најголемите препреки. Тоа што го постигнавме во овие седум и пол децении ни дава елан и поттик и понатаму да продолжиме да бидеме иновативни на пазарот и да овозможуваме индивидуален развој на секој од нашите вработени. Затоа што комбинацијата на овие две вредности ќе овозможи компанијата и во иднина да остане на врвот – истакнува претседателот на Управниот одбор на компанијата, г. Андреја Јосифовски.„Макпетрол“ им се заблагодарува на своите верни потрошувачи, акционери, но секако и на своите вработени кои во текот на изминативе 75 години ја посветија својата кариера во создавање на една од најуспешните компании во Македонија. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Национална мрежа против насилство: Дали државата навистина ги штити жените жртви на семејно и родово базирано насилство?!
Телма - пред 1 ден
Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство денеска преку соопштение реагира во врска со непостапувањето на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи на Град Скопје во конкретен случај каде по пријава од страна на жртвата и после четири месеци, до ден денес, не се преземени никакви мерки на заштита.– Последните настани кои се случуваа во Гостивар, Неготино и Струмица го покренаа прашањето колку државата ги штити жените кои секојдневно се справуваат со семејно и родово базирано насилство. И покрај тоа што Република Северна Македонија ја ратификуваше Истанбулската конвенција и ги усогласи сите позитивни законски прописи, поточно донесе нов Закон за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство, сепак неизбежни се делата со извршено семејно насилство кои завршуваат со тешки телесни повреди и во крајна инстанца со фемицид. Целиот систем за превенирање и спречување на насилството воопшто не функционира што се чини дека сериозно е доведена во прашање целта на Истанбулската конвенција и Законот за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство, оценуваат од Националната мрежа.Надлежните институции кои се во прва линија за заштита на лицата кои се справуваат со насилство, се наведува, очигледно не се доволно сензибилизирани и стручни во применетата на законските прописи со кои се штитат жртвите, од причина што доколку се постапува онака како што налага Законот за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство, ќе се постигне целта за заштита на жртвите и ќе се избегнат или намалат последиците од извршеното насилство.– Водителите на случаи на семејно насилство во центрите за социјална работа често се менуваат, воспоставуваат различни практики, одлуките кои ги донесуваат не се разбирливи, па очигледно е дека не им е доволно јасна нивната одговорност која ја имаат за жртвите. Нивното непостапување и не правење на правилна проценка на ризик, доведува до сериозна опасност по животот и физичкиот и психичкиот интегритет на жртвата и членови на нејзино семејството, нагласуваат од оваа невладина организација.Како надоврзување на ова, тие го наведуваат случајот на семејно насилство по пријава од страна на жртвата пред четири месеци, случај кој до ден денес не се преземени никакви мерки на заштита. Семејното насилство го врши сопругот на жртвата во форма на закани по живот, вознемирувачки пораки, демнење, стрес и секојдневни притисоци. Жртвата е лице со најтешка телесна попреченост (церебрална парализа), па така сопругот искористувајќи ја оваа положба, донесува одлука дека може слободно психички да ја малтретира сопругата. Освен тоа, со психичкото насилство се справуваат и малолетни деца, како и останатите роднини кои живеат во заедничката семејна куќа.Сепак, се појаснува, патот до правдата за оваа жртва е далеку од успешен, напротив иако се известени сите надлежни институции, нема разрешница по овој случај веќе 4 (четири) месеци. Па така, првично жртвата го пријавува нејзиниот сопруг во полициска станица, а пријавата од полицијата до ЈУМЦСР Скопје стигнува после една недела. Оттука, во МЦСР Скопје жртвата е повикана да даде изјава уште наредниот ден, а потоа се повикани и нејзините деца да дадат изјава за семејното насилство. Скоро еден месец, жртвата од страна на МЦСР Скопје нема никаков одговор во однос на постапката, освен тоа дека сторителот е повикан исто така да даде изјава во центарот. Поради тоа, од страна на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство е остварен контакт со водителот на случај по овој предмет при што, водителот на случај нагласи дека законскиот рок за постапување по овие предмети е 30 дена и не постојат никакви задоцнувања, туку напротив се уште тече рокот согласно позитивните законски прописи. Каков е овој рок од 30 дена за заштита од семејно насилство, само центрите за социјална работа го знаат бидејќи овие постапки се итни и бараат навремено постапување, а не оставање на жртвата сама да се справува со сторителот 30 дена. Откако жртвата беше конечно повикана во МЦСР Скопје да потпише согласност за привремени мерки на заштита, е закажано рочиште во суд. На самото рочиште, не се изрекуваат никакви привремени мерки за заштита, поради тоа што сторителот изјавил дека сакал адвокатски застапник во постапката, па судот донесува одлука рочиштето за привремени мерки на заштита да се одложи за еден месец покасно, поточно во септември.– МЦСР Скопје, како предлагач на привремени мерки за заштита и воедно и одговорен за животот на жртвата, решава да не се произнесе во судот за ова предолго одложување на постапката и не побара ниту една привремена мерка на заштита, поточно не побара никаква забрана за приближување, а е уредно известен дека сторителот секојдневно ја демне жртвата и нејзиното семејство. Доколку целта на Законот за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство е превенција и спречување на родово-базирано насилство врз жените и семејното насилство, ефективна заштита на жртвите од каков било облик на родово базирано, тогаш каде е целта за оваа жртва? Како се превенира и спречува семејното насилство, ако жртвата чека пет месеци за привремени мерки на заштита? Која е целта на привремени мерки за заштита, доколку ги нема повеќе од пет месеци? Каква проценка на ризик има направено ЈУМЦСР Скопје, прашуваат од Националната мрежа.Дополнително, се додава, адвокатскиот застапник на жртвата се обрати со допис до МЦСР Скопје, во кој детално му се образложува на центарот дека временскиот период до септември е огромен за вакви итни постапки, како и дека МЦСР Скопје е во својство на предлагач за привремени мерки е потребно да се обрати до надлежниот суд со формално барање да донесе одлука вон рочиште. Сепак на ваквиот одговор, МЦСР Скопје достави известување и тоа дека ‘’надлежност на центарот е да го изготви предлогот и да го достави до надлежен суд, а дали судот ќе донесе решение по доставениот предлог или ќе закаже рочиште е исклучива надлежност на судот и МЦСР Скопје нема надлежност да укажува на правила, прописи и насоки во работата на судот’’.Повторно е, посочуваат, нејасно постапувањето на центарот за социјална работа. Како предлагач на привремени мерки на заштита, центарот за социјална работа не е задолжен да му дава насоки на судот, но е задача и одговорност да бара истите мерки да се изречат во најбрз можен рок. Доколку институциите треба да постапуваат со должно внимание каде е тука должното внимание, ако самите институции оставаат незаштитена жртва на семејно насилство, сама да се спасува од насилникот? Доколку повеќе што, ако жртвите треба самите да се спасуваат од сторителите, зошто воопшто центрите за социјална работа се поставени како државни органи за заштита од семејно и родово базирано насилство?– Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство изразува огромна загриженост за овој случај и за сите случаи кои талкаат низ лавиринтот на институциите, а жртвите се незаштитени и оставени сами на себе. Оттука, бараме Министерството за труд и социјална политика редовно да ја следи работа на центрите за социјална работа и подобро да се запознае со непрофесионалното, неетичко и неажурно постапување, па следствено на ова да преземе мерки со кои ќе ја подобри работата на центрите за социјална работа и ќе ги заштити жртвите на семејно и родово базирано насилство, стои во реакцијата на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Човечка грешка најверојатно причина за несреќата во Бугарија, српскиот министер за здравство ги посети повредените
Телма - пред 1 ден
Човечка грешка најверојатно е причината за несреќата со српскиот автобус на автопатот Тракија. Ова е ставот на бугарските власти. Заменик-јавниот обвинител и директор на Националната истражна служба на Бугарија Борислав Сарафов соопшти дека увидот покажал дека на тој дел од делницата нема други пречки и нерамнини кои би предизвикале скршнување на автобусот.Водечката верзија за причината на несреќата на автопатот Тракија, додава, останува човечка грешка, а ваквите тврдења се поткрепени и со директни сведоштва од оние кои се возеле во автобусот.Денеска министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар, ги посети повредените по што информираше дека на еден од патниците му била ампутирана ногата.„Еден човек беше опериран и не се работи за возачот за кој се шпекулираше дека му ја ампутирале ногата, туку за татко на дете кому му е ампутирана потколеница“, изјави Лончар за РТС.Тој додаде дека две момчиња на возраст од десет и единаесет се на интензивна нега и ќе бидат префрлени во Софија.„Другите деца се добро, ги посетив сите“, изјави Лончар.Златибор Лончар и неговиот бугарски колега, Асен Меџидиев договорија транспортирање на повредените, уште денеска до бугарско-српската граница, каде што ќе ги преземат медицински екипи од Србија.Автобусот кој превезуваше деца од фолклорен ансамбл од Србија излета во канал кај градот Стара Загора. Инцидентот се случил нешто после 20 часот, по локално време, на автопатот во правец на Софија. Во автобусот се превезувале вкупно 49 патници, од кои 38 биле деца, а 11 возрасни, кои се враќале назад кон Србија од фолклорен фестивал на Сончев Брег, на Црното Море.© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Косово нема пари за увоз на струја, ќе спроведува рестрикции и ќе се потпре само на сопствените капацитети
Телма - пред 1 ден
Косовскиот дистрибутерот на електрична енергија (КЕДС) од денеска почнува со рестрикции на струјата во период од два часа за сите корисници на струја.Дообјаснуваат дека корисниците ќе имаат струја шест часа, а потоа ќе бидат исклучени два часа.Како што е соопштено КЕДС добил наредба од Националниот диспечерски центар на Косово бидејќи компанијата веќе нема пари да купува струја од странство, и ќе се сведе на дистрибуција само на домашна електрична енергија.Од КЕДС посочуваат дека ваквата состојба настанала поради екстремно високите цени на струјата на меѓународните пазари и неисполнувањето на трошоците на системот.© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Талибанците ја слават првата годишнина од враќањето на власт во Авганистан
Телма - пред 1 ден
Денеска е државен празник во Авганистан – Талибанците ја слават првата годишнина од враќањето на власт по повлекувањето на американските сили. Помина една година во земјата, обележана со нагло опаѓање на правата на жените и длабока хуманитарна криза, јави телевизијата Франс24.На 15 август 2021 година, исламските фундаменталисти без борба го зазедоа главниот град Кабул по молскавична офанзива низ Авганистан против владините трупи збунети од повлекувањето на силите на САД и НАТО по дваесет години воена интервенција во земјата.„Ја исполнивме нашата должност наметната од џихадот и ја ослободивме нашата земја“, резимира Нијаматула Хекмат, еден од талибанските борци кои влегоа во Кабул тој ден – само неколку часа откако соборениот претседател Ашраф Гани избега од земјата.Освен прогласувањето на денешниот ден за државен празник, досега не е најавена официјална церемонија во врска со годишнината. Државната телевизија, сепак, посочи дека ќе емитува специјални програми без да даде детали.Талибанските борци ја слават годишнината од преземањето на земјата, но хуманитарните агенции се загрижени бидејќи половина од 38-те милиони луѓе живеат во екстремна сиромаштија.Новите власти во државата во голема мера се вратија на исклучително строгото толкување на исламот што го карактеризираше нивното прво владеење од 1996 до 2001 година, сериозно ограничувајќи ги правата на жените.Голем број јавни позиции денес не им се достапни на жените, им е забрането сами да патуваат надвор од градот каде што живеат. Во март, исламистите повторно ги затворија вратите на средните училишта и факултетите за девојки – само неколку часа откако долго време беше најавено дека ќе им ги отворат. И на почетокот на мај, врховниот лидер на талибанците им нареди на жените да носат облека за целото тело.„Откако дојдоа, животот ја изгуби смислата“, вели Огаи Амаил, жител на Кабул. Ни зедоа се, дури и влегоа во нашиот личен простор“, јави телевизијата.Авганистанците признаваат дека со крајот на војната и враќањето на талибанците насилството во земјата е намалено. Сепак, многу од нив многу страдаат од акутната економска и хуманитарна криза.© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Иран категорично негира каква било врска со нападот врз Ружди
Телма - пред 1 ден
Иран денеска „категорично“ негираше каква било врска со нападот врз Салман Ружди, британскиот писател и автор на „Сатански стихови“, кој во петокот повеќепати беше прободен со нож на конференција во САД.Семејството на Ружди вчера изјави дека чувствува „големо олеснување“ затоа што тој е тргнат од респиратор. Меѓутоа, според најблиските, тој и понатаму е „во критична состојба“, иако веќе можел да изговори неколку зборови.Британецот со потекло од Индија, чиј роман „Сатански стихови“ доведе до смртни закани од Иран во 1980-те години, во петокот требаше да одржи предавање во државата Њујорк. Тој се здоби со неколку убодни рани во пределот на вратот и стомакот. Неговиот напаѓач е уапсен и се изјасни за невин.„Категорично негираме“ каква било врска меѓу агресорот и Иран и „никој нема право да ја обвинува Исламската Република Иран“. Ова беше истакнато од страна на Насер Канани, портпарол на Министерството за надворешни работи, во првата официјална реакција на Техеран на нападот врз Ружди.Во 1989 година во Иран е издадена фатва – повик кон сите муслимани да го убијат Ружди и сите оние поврзани со издавањето на „Сатански стихови“.Фатвата беше укината од страна на иранската Влада во 1998 година.© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Кина одржува нови воени вежби во близина на Тајван
Телма - пред 1 ден
Кинеската армија соопшти дека денеска одржала нови воени вежби во близина на Тајван, во мигови кога група американски пратеници се во посета на Тајпеј каде се сретнаа со тајванската претседателка Цаи Инг-вен.Источната команда на Народноослободителната војска на Кина објави дека вежбите се „остро средство за одвраќање на Америка и Тајван кои продолжуваат со политички игри да го поткопуваат мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец“.Кинеското Министерство за одбрана посочи дека посетата на американски претставници на Тајван го нарушува суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина.Во соопштението на Пекинг уште еднаш се предупредува дека употребата на Тајван како средство за контрола врз Кина е осудено на неуспех.Претходно овој месец Кина спроведе големи воени вежби во областа околу Тајван, по посетата на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Ненси Пелоси на Тајпеј.© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Бесими најавува низа мерки за сузбивање на сивата економија
Телма - пред 1 ден
Борбата против сивата економија е дел од реформата во јавните финансии. Со системските измени ќе се преземат низа мерки за формализирање на неформалниот сектор, пишува во својата најнова колумна министерот за финансии, Фатмир Бесими. Акцискиот план за сузбивање на сивата економија ги опфаќа двете страни на неформалниот сектор – понудата и побарувачката. Стимулации, превентивни мерки за премин кон формални производи и услуги, унапредување на ефикасноста на инспекциите и надзорот се механизмите за борбата со неформалната економија.„Кога велам зголемување на даночната основа, тоа подразбира и воведување во неа субјекти од неформалниот дел. Активностите предвидени со Акцискиот план на Министерството за финансии, се базираат на поддршка и стимулација на формализацијата на неформалните активности преку зголемување на погодностите од влегување во формалната економија. Особен акцент е ставен и на унапредување на ефикасноста на инспекциите и надзорот за да се обезбеди поголема рамноправност на сите учесници на пазарот. Мерките се однесуваат и на модернизација на процесите, како е-трговијата, која зема се поголем замав и креира нелојална конкуренција меѓу малите и средни претпријатија, како главен двигател на економскиот развој. Приоритети се: унапредувањето на процесот на мерење, следење и детектирање на сивата економија, стимулативни активности за формализација на сивата економија, јакнење на свеста за сивата економија и јакнење на даночниот морал, зајакнување на инспекциските служби, унапредување на законската регулатива, како и спроведување мерки во делот на Царинската управа каде ќе бидат опфатени и производите од е-трговијата“, посочува министерот за финансии.Бесими, исто така пишува дека иницијативи кои се очекува да имаат значаен придонес во сузбивањето на сивата економија е намалувањето на готовинското плаќање преку новите реформи во платниот систем и платежните услуги со либерализација на платниот промет и воведување на финтек решенија покрај банкарскиот сектор од почетокот на 2023 година. Тука е воведувањето на системот на е-фактури и е-фискализација од страна на УЈП, како и системот на одбележување и следење “track and trace” за акцизните добра (особено тутунот и алкохолните пијалоци) од страна на Царинската управа, како и другите процеси на дигитализација во овие две институции.„Доколку сакаме да имаме држава со подобра инфраструктура, квалитетно образование, подобра здравствена и социјална заштита, сите заедно мора да се потрудиме и дадеме свој придонес. Преминот од неформален во формален сектор ќе придонесе за воспоставување на предвидливо и стабилно деловно окружување, рамноправни услови за работа и здрава конкуренција. Исто така, ќе овозможи создавање на услови за рамноправен натпревар меѓу бизнисите, зајакнување на даночниот морал, како и зголемување на бруто домашниот производ“, истакнува Бесими.© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Сончево со мала до умерена облачност, попладне со локален, краткотраен дожд – Временска прогноза за 16.8.2022
Телма - пред 1 ден
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Во попладневните часови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Температурите наутро ќе бидат во интервал од 11 до 20, а дневните од 28 до 36 степени.УВ индексот ќе изнесува 7.Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР! e-mail: [email protected] https://www.instagram.com/telmameteo/ © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Бугарскиот и српскиот министер за здравство ги посетија повредените српски деца во хотелот во Стара Загора
Телма - пред 1 ден
Двајцата министри за здравство на Бугарија, Асен Меџидиев и на Србија, Златибор Лончар го посетија хотелот во Стара Загора, во кој беа сместени српските деца и возрасните по вчерашната несреќата на автопатот Тракија.Двајцата министри заедно создадоа организација за нивно транспортирање, уште денеска до бугарско-српската граница, каде што ќе ги преземат медицински екипи од Србија.По договорите, 3 тима за реанимација тргнаа од Стара Загора кон границата меѓу Бугарија и Србија. Тие се очекува да бидат таму напладне, каде ќе им бидат предадени на српските здравствени власти, а ќе ги пречека српскиот министер за здравство.Повредените српски деца веќе заминале на детското одделение во најголемата болница „Н.Пирогов“ во Софија, каде ќе продолжи нивното лекување.Делот каде што синоќа се случи несреќата на автопатот Тракија сега е отворен, а од неа е отстранет српскиот автобус, но има уште едно место каде експертите повторно ќе влезат за да направат увид за состојбата и причините кои довеле до несреќа.© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Автобус со деца од фолклорен ансамбл од Србија излета од автопат во Бугарија
Телма - пред 2 дена
Автобус со деца од фолклорен ансамбл од Србија излетал во канал на автопатот Тракија кај градот Стара Загора, соопштија бугарските власти. Инцидентот се случил нешто после 20 часот, по локално време, на автопатот во правец на Софија. Во автобусот се превезувале вкупно 49 патници, од кои 38 биле деца, а 11 возрасни, кои се враќале назад кон Србија од фолклорен фестивал на Сончев Брег. на Црното Море.Според првичните информации има најмалку 12 повредени патници, меѓу кои 8 деца и четворица возрасни. Две лица се тешко повредени, од кои едното е дете. Станува збор за малолетни дечиња, од кое најмладото хоспитализирано има само шест години.Според заменик главниот секретар на бугарското Министерство за внатрешни работи, Станимир Станев, 46 патници биле префрлени во болницата во Стара Загора, а само тројца патници немале никакви повреди.Сообраќајот на овој дел од автопатот е ограничен за да се обезбеди зелен коридор за транспорт на повредените до болницата во Стара Загора.На местото на настанот пристигнале 5 полициски и 5 екипи на противпожарната служба, како и Итната помош, а многу патнички возачи застанале и помогнале да се извлечат повредените лица и децата од автобусот. Меѓу повредените е и возачот на автобусот.Причините за сообраќајната несреќа засега се непознати, но според бугарскиот министер за внатрешни работи, причина за несреќата била грешката на српскиот возач, кој бил деконцентриран и изгубил контрола над автобусот. Нема надворешни пречки, ниту на патот, ниту во сообраќајната сигнализацијa.© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Удрил со автомобил во барикада пред американскиот Капитол а потоа се самоубил
Телма - пред 2 дена
Маж влета со својот автомобил во барикада во близина на американскиот Капитол рано денеска, а потоа почнал да пука во воздух од запалениот автомобил пред фатално да се застрела, јавија американски медиуми.Инцидентот се случил нешто пред 4 часот наутро по локално време, во момент кога органите на редот во САД се соочуваат со се поголем број закани. Федералните власти предупредија на ризикот од напади врз владини згради во деновите откако ФБИ изврши претрес на имотот на поранешниот претседател Доналд Трамп во Мар а Лаго.Властите соопштија дека мажот, чиј идентитет не се соопштува, удрил во барикадата и додека излегувал од автомобилот, возилото било зафатено од пламен. Потоа испукал неколку истрели во воздух додека полицијата се приближувала.Полицијата на Капитол соопшти дека мажот се застрелал додека полицајците се приближувале. Органите за спроведување на законот соопштија дека нема индикации дека имал намера да нападне член на Конгресот. Инспекторите ќе го разгледаат неговото минато за да откријат мотив за неговите постапки.И двата дома на Конгресот се на одмор и многу малку вработени работат во Капитол во овој момент.Властите исто така известија дека никој друг не е повреден во инцидентот. Полицијата нагласи дека ниту еден од нивните полицајци не возвратил.© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Мицкоски најавува оставка ако и еден пратеник од коалицијата поддржи уставни измени
Телма - пред 2 дена
ВМРО-ДПМНЕ е цврсто против уставни измени поради бугарското барање за внесување на Бугарите во Уставот. Сѐ уште не е донесена одлука дали предлогот за одржување на референдум по ова прашање ќе биде предложен од пратениците или со собирање на 150.000 потписи.Пред конечната одлука, лидерот Христијан Мицкоски од утре почнува со консултации со другите коалициски партнери.Уверен е дека ниту еден пратеник од опозицискиот блок од 44-ца, нема да се согласи да гласа за промена на Уставот. Доколку тоа се случи, ќе се повлече од политиката.© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Лошата пракса во тендерите може да се реши со подзаконски акти, правилници и поголема контрола
Телма - пред 2 дена
Здравствениот дом во Тетово се подновил со возило опел кросовер од 20.000 евра со кожен волан, вградени шест звучници и седум инчен екран на допир, за потребите, како што е наведено во јавната набавка, на службите за патронажа и вакцинација. Илјада столици, дрвени привезоци, украсни камења, сувенир чаши и шишиња пак се бараат на тендер од страна Општоина Чаир, 21 година од Охридскиот договор прославена со забава во вредност од 100.000 евра. И се ова во време на здравствена, економска и енергетска криза. Основно училиште во Битола пак трошело средства од проект од програмата „ЕРАЗМУС +“ без спроведување на тендер, без плаќање на персонален данок, а дел од парите за патни трошоци биле префрлани на сметки на родителите, утврдил општинскиот ревизор во Битола, додека за печатење на сведителствата пак за учениците од основните и средните училишта Бирото за развој на образованието распишало два тендери, за иста учебна година, бидејќи Бирото не направило добра проценка колку сведителства на крајот од годината ќе му бидат потребни.Ова се само примерите за јавните набавки на инстициите за кои јавноста дозна во иминатите неколку дена, а кои и според инситуциите и според граѓанските организации кои ги следат јавните набавки во државава не се исклучок туку многу често правило како се трошат буџетските пари.Од Центарот за граѓански комуникации кои во Анализата за спроведувањето на тендерите во време на ковид кризата најголемиот проблем го лоцираа во пријавувањето или останувањето на само еден понудувач на тендерот, за справување на слабостите во јавните набавки кои носат висок ризик од корупција и судир на интереси сметаат дека не може да се прави со законски измени.„Може да се направи нешто со подзаконски акти, со некакви водичи, некакви насоки до институциите, за барем да знаат како треба да постапат. Затоа што законот, како закон, не може да се прилагодува на разни конкретни ситуации. Денеска е пандемија со ковид, утре може некоја друга криза ќе дојде и т.н. Меѓутоа подзаконски акти, насоки како да се набавува во услови на криза тоа секако може да се направи“, вели Герман Филков, претседател на Центар за граѓански комуникации.Она пак за што Центарот за граѓански комуникации смета дека треба да се доуреди со закон е ангажирањето на надворшени лица и фирми за спроведување на јавните набавки. Нивната анализа покажала дека институциите се почето го прават тоа, но без јасни објаснувања зошто ангажирале надворшени лица и фирми за спроведување на тенедерот, ниту по кои критериуми тие се избираат, а се покажало и дека ангажирањето на надворешни лица не донело никакво посебно позитивно влијание на тендерскиот процес.Од Комисијата за спречување на корупцијата пак за овој феномен велат дека не е спорно институциите кои немаа доволно стручнен и технички капацитет за ами да спроведат тендер да ангажираат експерти.„Меѓутоа треба да бдие точно утврдено и уредено со некој акт во институцијата, на пример ние направивме таков правилник и точно се знае, за кои, под какви критериуми ангажираме експерти, колку ги плаќаме, како ги плаќаме. Значи се ни е уредено во тој правилник – точно, прецизно, под критериуми, за што го ангажираме и се тоа треба да биде составен дел од договорот. И понатаму е лесно за контрола дали тоа што сме го договориле е исполнето“, вели Биљана Ивановска, претседателка на ДКСК.Инаку документ за јавни политики со кој се нудат некакви решенија за тоа како може да се спречат овие проблеми кои се јавуваат во јавните набавки, особено во време на кризи, е веќе изработен од страна на Центарот за граѓански комуникации во соработка со Бирото за јавни набавки и педесетина институции. Сепак и од Центарот и од ДКСК за да се смени лошата пракса на спроведување на јавните набавки сметаат дека е потребен и сериозен пристап и доследно почитување на сите одредби од Законот, но и поголема контрола од инстициите.Тамара Грнчароска© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Тензии и меѓусебни обвинувања на релација, Општина – СВР Тетово
Телма - пред 2 дена
Откако во неколку наврати имаше несогласувања во однос на одлуки во сообраќајот, повторно препирка помеѓу тетовската локална самоуправа и полицијата. Општината започна со градежни работи на улицата Тодор Циповски Мерџан во стариот дел на Тетово, полицијата ги сопре поради тоа што немале соодветна документација.Општина Тетово обвинува дека СВР Тетово се обидува континуирано да ја опструира нивната работа, ставајќи се во служба на дневната политика.Од полицијата, пак, велат дека постапувале законски. Биле приведени тројца албански државјани, кои работеле на реконструкција на улица без да имаат регулиран престој, а биле воочени и други недостатоци во однос на документацијата.Во надеж дека по две децении улицата ќе биде реконструирана, жителите порачаа дека само сакаат подобри услови во нивната населба, која и онака долго време е запоставена од сите досегашни власти.Инаку на оваа улица беше предвидено прередување на калдрмата во должина од неколку стотина метри.Данијела Билбилоска© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Оризопроиводителите задутре на протест
Телма - пред 2 дена
Кочанските оризопроизводители одлучија на протести излегуваат во вторник, повторно во селото Облешево ќе го блокираат патот Штип-Кочани. Сметаат дека откупната цена и на белиот ориз и на оризовата арпа се прениски и годинава не им ги покриваат трошоците. Барањето е пред да почне жетвата да се одреди откупна цена, а бараат и средба со претставници од Владата.На 4.500 хектари се очекуваат 22.000 тони ориз, но годинава се појавила болест. Во услови кога цената на нивниот производ на берзите расте, во земајава нема зголемување.Кочанските оризопроизводителите неколку пати протестираат, а заработија и пријава, бидејќи беа блокирани двете коловозни ленти на патот Штип-Кочани. Очекуваат да им се придружат и земјоделци од други региони.Викторија Димитрова Јованова© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Полн погодок или непотребна скапа прослава
Телма - пред 2 дена
Синоќа плоштадот Скендербег понуди музичка забава на отворено за стотици млади. „Полн погодок“, што би рекол министерот Артан Груби во денешната оценка на прославата за годишнината од Рамковниот договор. Платена е со 100 илјади евра од буџетот преку министерството со кое тој раководи. Журката доби наслов „Мировен фестивал“ и има амбиција да прерасне во традиционална, паралелно со тридневната Школа за млади лидери во Тетово, наречена „Мировен форум дијалог“.ВМРО ДПМНЕ смета дека ДУИ организира партиска прослава со државни пари. Паралелно, си продолжува со криминално владеење, што е една од главните причини за иселување на младите, без оглед дали се Македонци или Албанци.Министерството за политички систем како и целата Влада `се уште должат одговори: зошто во ваков кризен период државата има потреба да финансира вакви прослави и како фирмата Арбериа дизајн, победник на 61 тендер минатата година во вредност од една милијарда денари, и сега успеа да го добие тендерот.Всушност, се работи за два договори кои покажуваат дека немало намера да се штеди: Арбериа наплаќа 3 илјади 800 евра само за концептот на прославата, пеачите се платени со 30 илјади евра, пенкалата со лого чинат 20 евра, а во вкупната цена влегува и озвучување, хотелско сместување, изнајмување ресторани, конференциска сала, па и кетеринг за 50 евра по лице.Арбериа дизајн не е непозната за пошироката јавност. Таа редовно добива тендери за разни манифестации, но главна дејност `и е печатењето, меѓу другото и на свидетелства и учебници. Годинава, доцни и едното и другото. Арбериа, која го доби тендерот за свидетелства вреден 13 милиони денари, два месеци по завршувањето на школската година, `се уште не ги испорачала свидетелствата за сите ученици. Оваа фирма е пријавена и за печатење учебници за неколку одделенија. Дали ќе го добие и овој бизнис, по електронската аукција.Соња Николовска© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Работната група во правда допрва ќе раговара за здруженијата со спорни историски личности
Телма - пред 2 дена
За измените во Законот за здруженија и фондации со кои треба да се регулира употребата на имиња на историски личности сѐ уште се чека работната група во Министерството за правда да ја изготви драфт верзијата. Постоечкиот закон нема регистар на имиња кои не се дозволени поради уривање на уставниот поредок или предизвикување нетрпеливост, а прашањето се наметна пред 4 месеци со отворањето на културниот клуб „Иван Михајлов“ во Битола. Во меѓувреме, додека се чекаат измените, никнуваат нови здруженија со имиња на контроверзни историски личности. Ќе се разгледуваат и сите отворени прашања кои се однесуваат на историските личности. До сега се уште не е заземен став по однос на воведувањето регистар, но се очекува и да се разгледа и ова прашање, наведуваат од Министерството за правда.И претседателот Пендаровски вчера ја потенцираше потребата од итни измени на Законот за здруженија и фондации. Тој ги повика институциите да не си ја префлаат одговорноста затоа што има правна можност за реакција и со постоечката законска регулатива, иако има многу недоречености. Од правда потврдуваат дека за регулирање на контроверзните имиња на здруженијата е доволна и посточеката правна рамка. Ист е одговорот и од Владата, но досега ниту една државна институција не регаирала на оваа појава.Постојната правна рамка, со внимателно повикување на судската пракса на Европскиот суд за човекови права, е доволна за надлежните институции, ако се доведе во прашање називот на организацијата со одредена контроверзна историска личност, да ги следат и оценат суштински како програмските така и дејствијата на организацијата и нејзините членови пред да донесат каква било одлука за забрана на упис или забрана за дејствување, одговорија од Министертвото за правда. Историчарите предупредуваат дека станува збор за профашистичка кампања со која Бугарија сака да прикаже дека Македонците се Бугари, но не само преку регистрација на вакви здруженија туку и преку други форми на дејствување.Преку овие здруженија, како и преку еден куп портали со пробугарски ставови, како и агитацијата која ја вршат агенти на бугарските тајни служби, и таканаречни бугарски фондации, сите тие служат за ширење на профашистичка и национал шовинистичка кампања во која Македонците ќе се убедат дека не е се она што се туку нешто друго, вели проф. Д-р Александар Литовски, историчар.Во последните 3 години бугарските Македонци во државата формираа две здруженија со имиња на контроверзни историски личности, во Охрид и Битола, а се најавува и трето во Богданци. Од Правда велат за „Цар Борис“ и за „Фердинанд“ не е побарано Министерството да даде позитивно мислење, Централниот регистар ги регистрирал врз основа на дадена изјава од предците.Емилија Мисирлиевска© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Силна експлозија во Ереван, двајца загинати и 60 повредени
Телма - пред 2 дена
Најмалку две лица загинаа, а околу 60 други се повредени во експлозија на магацин за пиротехника во трговски центар во Ереван, главниот град на Ерменија.Локалните власти стравуваат дека под урнатините има затрупано непознат број луѓе. На социјалните мрежи се објавуваат снимки на кои се гледа густ црн чад и пожар.Засега е нејасно како се случила експлозијата, по која според очевидци, следувале низа послаби експлозии. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Четириесетина загинати и десетици повредени во пожар во Коптска црква во Египет
Телма - пред 2 дена
Најмалку 41 лице загинаа во пожар кој избил во Коптска црква во египетскиот град Гиза. Околу 5.000 верници се собрале во црквата Абу Сефеин во густо населената населба Ибаба, за време на неделната служба, кога избил пожарот. Црквата била преполна а пламенот го блокирал излезот, по што настанала паника. Според очевидци, голем дел од жртвите се деца, кои биле изгазени во стампедото по избивањето на пожарот.Видов луѓе како скокаат од корните катови. Се задушија, се задушија, сите се мртви. Можеби 60 мртви, и има и деца, не знаевме како да стигнеме до нив. Не знаеме чив е овој син, или чија е оваа ќерка. Како е можно ова?, изјави очевидец на пожарот.Според првичните индиции на истражителите, соопштени од страна на полицијата, причина за избивањето на пожарот е дефект на електричната инсталација, затоа што утврдиле дека пламенот започнал во клима уред на вториот спрат од црквата. Очевидци велат дека кога го забележале чадот внатре, настанала паника и луѓето паѓале еден врз друг по скалите обидувајќи се да избегаат надвор. Според министерството за здравство, во болниците во Газа и Каиро биле однесени најмалку 55 повредени од пожарот во црквата.На долниот кат има градинка, и на вториот скат има градинка. Фала му на Господа што некој успеал да ги извади децата од долниот кат, некој вработен во црквата. Не знаел дека има деца и на вториот кат. Но кога започнаа викотниците и кога луѓето почнаа да излегуваат, влеговме внатре и видовме многу мртви, изјави еден очевидец.И Канцеларијата на главниот јавен обвинител соопшти дека испратила тим инспектори за да ги истражат причините за пожарот.Коптските христијани претставуваат речиси 10 проценти од вкупниот број жители на Египет, но се жалат на дискриминација и недоволна застапеност во јавниот и политичкиот живот на Египет, кој е доминиран од далеку побројната муслиманска заедница.Игор Трајков© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Поплавени подруми, излеана канализација и оштетени улици од синоќешното невреме во Кавадарци
Телма - пред 2 дена
Поплави во подруми и подрумски простории на дваесетина куќи, излеана канализација од неколку шахти, паднато дрво и однесен дел од тампонот на повеќе улици, е билансот од синоќешното невреме во Кавадарци.Од „Комуналец” велат дека дел од улиците биле и блокирани поради наноси од тампонот, но со брза интервенција со четири скипа, неколку трактори и камиони на комуналното претпријатие, проблемот бил отстранет.Според „Комуналец”, паднатот дрво веднаш било отстрането од комуналните екипи. Градот за многу кратко време бил нормализиран, а во текот на денешниот ден и утре ќе се изврши негово целосно миење и генерално чистење.Во средувањето на градот учествувале и кавадаречките пожарникари кои со пумпи испумпувале вода од поплавените објекти. Заеднички се координирале комуналните работници, пожарникарите и вработените во службата „Мој општинар”.Сите пријави за штети се регистрирани во кол центарот на Општината и комуналното претпријатие, се евидентираат и се постапува по нив.© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
ЕУ ги критикува Талибанците за злоставување на авганистански жени и девојчиња
Телма - пред 2 дена
Талибанците „сериозно ги прекршија и ги злоупотребија правата на авганистанските жени и девојки“ во Авганистан, изјави денеска портпарол на ЕУ, во пресрет на првата годишнина од владеењето на Талибанците.Талибанците не успеаја да воспостават инклузивен политички систем, со што ги негираат аспирациите на авганистанскиот народ, рече портпаролката на ЕУ за надворешни работи Набила Масрали.Авганистан утре одбележува една година откако Талибанците ја презедоа власта во август минатата година, по што основните права на жените беа потиснати, слободата на медиумите е ограничена и големи делови од земјата западнаа во сиромаштија.Ниту една земја не ја призна де факто владата на Талибанците и жените излегоа на улиците во Авганистан за да ги осудат ограничувањата на нивните права на образование, работа и слобода на движење.Вчера, мирниот протест на десетици жени кои маршираа по улиците на Кабул извикувајќи „Храна, работа и слобода“ повторно беше нападнат и запрен од талибанските сили, како и претходните демонстрации.Европската унија, исто така, го осуди третманот на Хазарите и шиитското население во Авганистан и „системската злоупотреба на нивните економски, социјални, културни, граѓански и политички права“.Потврдувајќи ја својата посветеност на авганистанскиот народ, ЕУ ги повика Талибанците – „де факто властите на Авганистан“ – да ги укинат политиките што ги прекршуваат обврските за човекови права на земјата.„Авганистан не смее да остане безбедно засолниште за терористите, ниту закана за меѓународната безбедност“, се додава во соопштението.Талибанците ја презедоа власта во Кабул на 15 август 2021 година, по одлуката на САД да се повлечат од Авганистан, што доведе НАТО да стави крај на 20-годишната мисија во земјата.© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....