Израелски борбени авиони нападнаа воени постројки на Хезболах
Бизнис вести - пред 7 часа
Израелски борбени авиони нападнаа воени постројки на Хезболах 08/05/2024 СВЕТ Израелската армија денеска соопшти дека нејзини воени авиони синоќа нападнале воени објекти на либанскиот Хезболах. На платформата „Икс“ беа објавени видеа и список на нападнатите области „Кфар Кила, Ајте ал Шаб, Киама и Марун Ел Раса“. Погодена е и инфраструктурата во областите на југот на Либан, како што се наведува, со цел „да се отстранат заканите во Таир Харфа и Џибејн“. Израел и проиранскиот шиитски Хезболах, сојузник на палестинскиот Хамас, редовно разменуваат оган од 7 октомври минатата година, кога палестинските екстремисти предводени од Хамас ја нападнаа јужната израелска територија, по што почна војната во Газа. рп/Фото: ЕПА . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-08 Zoran Popov...
Директорт на ЦИА, Вилијам Барнс, денеска ќе се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху
Бизнис вести - пред 7 часа
Директорт на ЦИА, Вилијам Барнс, денеска ќе се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху 08/05/2024 СВЕТ Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс денеска ќе разговара со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и други официјални претставници, објавија светските агенции, повикувајќи се на извор запознаен со неговиот план за патување. Барнс во Израел ќе пристигне од Каиро каде се преговара за прекин на огнот во војната во Појасот Газа. Лондонски Гардијан напиша дека сите пет делегации кои вчера учествуваа во разговорите во во Каиро – Хамас, Израел, САД, Египет и Катар – го поддржаа обновувањето на преговорите. Два извора од египетската делегација потврдија дека се очекува преговорите да продолжат и денеска. Портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби, синоќа изјави дека Хамас претставил изменет предлог и дека новиот текст укажува дека преостанатите разлики можат апсолутно да се надминат. Тој, меѓутоа, одби да открие други детали од преговорите. Израел во понеделникот соопшти дека предлогот за трифазен прекин на огнот, прифатен од Хамас, е неприфатлив за нив бидејќи „условите се ублажени“. сд/фото:МИА архива . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-08 Zoran Popov...
Лекари без граници го повикаа Израел да ги запре нападите врз Рафа
Бизнис вести - пред 7 часа
Лекари без граници го повикаа Израел да ги запре нападите врз Рафа 08/05/2024 СВЕТ Извршната директорка на меѓународната хуманитарна организација Лекари без граници (MSF), Аврил Беноа, денеска изјави дека израелскиот воен напад врз градот Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа, каде што повеќе од 1,5 милиони цивили, жители и раселени лица, се заробени на мало парче земја, ризикува тоа место да се претвори во гробишта. „Седум месеци бевме сведоци на неселективно убивање на цивили, напади врз хуманитарни работници – вклучувајќи го и нашиот персонал – уништување на медицински установи и опструкција на помошта за спасување животи. Не можеме да замислиме што би значело натамошната ескалација на овој конфликт за луѓето кои веќе страдаа толку многу во оваа војна без правила“, напиша Беноа на нејзиниот профил на мрежата X . Таа го повика Израел веднаш да ги прекине своите напади, додавајќи дека натамошната воена ескалација ќе биде директен напад врз „заробената популација“. „Воената ескалација во Рафа би ја задушила и онака кревката хуманитарна реакција во време кога растат здравствените и хуманитарните потреби“, изјави извршната директорка на Лекари без граници. сд/фото:МИА архива . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-08 Zoran Popov...
Повторно во функција системот за гранична контрола на аеродромите во Велика Британија, не е пријавен кибер напад
Бизнис вести - пред 7 часа
Повторно во функција системот за гранична контрола на аеродромите во Велика Британија, не е пријавен кибер напад 08/05/2024 СВЕТ Автоматизираниот систем за контрола на пасошите повторно работи на аеродромите во Велика Британија, јавија британските медиуми, цитирајќи го Министерството за внатрешни работи. Како што наведуваат од Министерството, проблемите со системот биле отстранети по полноќ. Нема знаци за кибер напад и не е нарушена граничната безбедност. Претходно, телевизијата „Скај њуз“ објави дека имало голем дефект во системот за гранична контрола на аеродромите во Велика Британија. Аеродромите „Станстед“, „Гетвик“, „Хитроу“ и „Манчестер“ потврдија дека имаат проблеми со системот. рп/Фото: МИА архива . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-08 Zoran Popov...
Одложено судењето на Трамп за тајните документи, датум за продолжување на процесот не е утврден
Бизнис вести - пред 7 часа
Одложено судењето на Трамп за тајните документи, датум за продолжување на процесот не е утврден 08/05/2024 СВЕТ Федералниот суд во Флорида го одложи, без да одреди датум за продолжување, почетокот на судскиот процес против поранешниот американски претседател Доналд Трамп поради несовесно постапување со документи класифицирани како тајни. Тоа е едно од четирите процеси што се водат против Трамп, а требаше да започне на 20 мај, но федералниот суд оцени дека тој рок е неодржлив поради бројните претходни претставки поднесени до судот. Ајлин Кенон, судијката назначена од поранешниот претседател, не одреди нов датум. На републиканскиот претседателски кандидат во моментов му се суди во Њујорк за сомнителни исплати пред претседателските избори во 2016 година. Во судскиот процес против него во Флорида, Трамп е обвинет, заедно со двајца лични секретари, дека однеле доверливи документи во приватна резиденција во Мар-а-Лаго по напуштањето на Белата куќа во јануари 2021 година. Според обвинението, Трамп со чувањето на овие документи ја загрозил националната безбедност. Меѓу нив имало и воени планови како и информации за нуклеарно оружје, кои во согласност со законот требало да ги врати во Националниот архив. Тој беше обвинет и за обид за уништување докази. Најсериозните обвиненија може да му донесат затворска казна од десет години. Неговите адвокати направија се за да се одложи судењето. рп/Фото: ЕПА . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-08 Zoran Popov...
Макрон ќе ја предводи церемонијата по повод одбележување на Денот на победата во Втората светска војна
Бизнис вести - пред 7 часа
Макрон ќе ја предводи церемонијата по повод одбележување на Денот на победата во Втората светска војна 08/05/2024 СВЕТ Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Париз ќе ја предводи церемонијата по повод 79-годишнината од победата на сојузниците над нацистичка Германија на 8 мај 1945 година, објавија француските медиуми. Денот на победата оваа година ќе биде одбележан со зголемено обезбедување во цела Франција, бидејќи во текот на денот олимпискиот факел ќе пристигне во Марсеј во пресрет на Олимписките игри кои ќе се одржат во Париз од 26 јули до 11 август. Според програмата, Макрон прво ќе се поклони пред споменикот, статуата на генералот Шарл де Гол, а потоа во придружба на Републиканската гарда ќе прошета по познатата авенија Шанзелизе до историскиот споменик на Триумфалната капија. Францускиот претседател повторно ќе го разгори пламенот на гробот на непознатиот херој кај Портата. Ќе се огласат „Ѕвоната за мртвите“, по што ќе следи едноминутно молчење, а потоа хорот на француската армија ќе ја изведе химната. Париската полициска префектура претходно воведе посебни безбедносни мерки бидејќи Денот на победата се слави низ цела Франција. На церемонијата ќе присуствуваат премиерот Габриел Атал, министерот за одбрана Себастијан Лекорни, како и воениот врв. Макрон подоцна денеска ќе отпатува за Марсеј на свечен пречек на олимпискиот оган. паг/Фото: МИА архива . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-08 Zoran Popov...
Русија утринава почнала масовен ракетен и напад со дронови врз Украина
Бизнис вести - пред 7 часа
Русија утринава почнала масовен ракетен и напад со дронови врз Украина 08/05/2024 СВЕТ „На Денот на сеќавањето и победата над нацизмот во Втората светска војна, нацистичкиот Путин изврши масовен ракетен напад врз Украина“, напиша утринава украинскиот претседател Володомир Зеленски на мрежата Х. Според Зеленски, над 50 ракети и повеќе од 20 беспилотни летала Шахед утринава ја гаѓаа инфраструктурата во областите Лавов, Виница, Киев, Полтава, Кировохрад, Запорожје и Ивано-Франковск. „Сите неопходни служби веќе работат на ублажување на последиците од рускиот терор“, додаде тој. „Цел свет мора да разбере кој е кој. Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам“, напиша Зеленски на мрежата Х. сд/фото:ХOn Remembrance and Victory over Nazism in World War II Day, Nazi Putin launched a massive missile attack on Ukraine. Over 50 missiles and more than 20 “Shahed” drones targeted infrastructure in Lviv, Vinnytsia, Kyiv, Poltava, Kirovohrad, Zaporizhzhia, and Ivano-Frankivsk… pic. twitter. com/f2yN0gH8Og — Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) May 8, 2024 . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-08 Zoran Popov...
Гроси по посетата на Иран: Моменталната ситуација е апсолутно незадоволителна, речиси сме во ќорсокак
Бизнис вести - пред 8 часа
Гроси по посетата на Иран: Моменталната ситуација е апсолутно незадоволителна, речиси сме во ќорсокак 08/05/2024 СВЕТ Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија Рафаел Гроси по пристигнувањето во Виена, по дводневната посета на Иран, изјави дека моменталната ситуација е незадоволителна и дека соработката е сведена на минимум и покрај тоа што Техеран ја унапредува својата нуклеарна програма. Обраќајќи им се на новинарите на аеродромот во Виена, тој го повика Иран да „испорача конкретни резултати што е можно поскоро“. „Сегашната ситуација е апсолутно незадоволителна. Ние сме речиси во ќорсокак и тоа мора да се промени“, рече тој. Иран, по неуспехот на нуклеарниот договор од 2015 година со западните сили, го започна процесот на збогатување ураниум и се верува дека официјален Техеран има акумулирано доволно збогатен ураниум за да изгради атомско оружје. Според првичниот нуклеарен договор, на Иран му беше дозволено да збогатува ураниум до 3,67 проценти чистота, да одржува резерви на ураниум од 300 килограми и да користи само основни центрифуги за збогатување ИР-1, во замена за укинување на економските санкции. Инспекторите на ОН имаа задача да ја следат програмата. Во 2018 година, тогашниот претседател Доналд Трамп еднострано ги повлече САД од договорот, велејќи дека ќе преговара за подобар договор, но тоа не се случи. Иран почна да ги крши условите од договорот една година подоцна. паг/Фото: МИА архива . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-08 Zoran Popov...
Шкотскиот парламент го избра Џон Свини за нов премиер
Бизнис вести - пред 8 часа
Шкотскиот парламент го избра Џон Свини за нов премиер 08/05/2024 СВЕТ Новиот лидер на владејачката Шкотска национална партија (СНП), Џон Свини, денеска и официјално е избран за премиер на Шкотска, откако освои мнозинство гласови во Парламентот. Свини вчера беше избран за нов лидер на СНП, пренесе N1, дополнувајќи дека тој и претходно беше на чело на партијата, од 2000 до 2004 година. -Бидејќи мнозинството пратеници гласаа за Џон Свини, во име на Парламентот му честитам за неговата кандидатура за премиерската функција, изјави по гласањето претседателката на шкотскиот Парламент, Алисон Џонстон. Премиерот на Шкотска го избираат пратениците во парламентот, а Свини е избран на функцијата иако на неговата партија и недостигаат два гласа во парламентот за апсолутно мнозинство. СНП, инаку, е најголемата партија во Шкотска со 63 од 129 пратенички места во парламентот. сд/фото:ЕПА . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-08 Zoran Popov...
Отворени избирачките места
Бизнис вести - пред 8 часа
Отворени избирачките места 08/05/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Во 7 часот почна гласањето на вториот круг од претседателските избори и на парламентарните избори. Од ДИК за МИА информираат дека досега нема пријавено никакви проблеми со отворањето на избирачките места. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот список се запишани вкупно 1. 814. 317 гласачи, а во избирачкиот список за Парламентарните избори се запишани 1. 815. 350 гласачи. Ден пред изборите, вчера први гласаа болните и изнемоштените, затворениците, лицата во старските домови и пријавените од дијаспората, но само за претседателските избори. ДИК информираше дека вкупната излезеност од гласањето во странство за претседателските избори до 19 часот изнесува 652 гласачи, односно 25. 38 отсто. Напоменуваат дека во оваа излезност поради временската зона не се вклучени седум избирачки места каде се уште трае гласањето. Во дијаспората не се спроведе гласање за парламентарните избори поради неисполнетост на минималниот број гласачи пријавени за гласање за да може да се спроведе гласањето. На вкупно 14-те гласачки места во казнено-поправни установи вчера своето гласачко право можеа да го остварат 2. 147 гласачи за претседателските избори и 2. 140 гласачи за избор на пратеници во Собранието. – Гласањето таму течеше без проблеми, а до 19 часот, според информациите од избирачките одбори, гласаа 1298 гласачи или 60. 46 отсто од запишаните за претседателските избори, односно 1397 гласачи или 68. 72 отсто за парламентарните избори, се вели во соопштението од ДИК. Во текот на вчерашниот ден своето гласачко право во единствениот центар за внатрешно раселени лица можеле да го остварат и двајца гласачи кои се водат како внатрешно раселени. Овие лица го оствариле своето право и за двата вида на избори. -Гласачкото место во центарот за раселени лица е затворено. Вкупно 534 гласачи кои се сместени во 20 центри за вонсемејна грижа имаа можност да го остварат своето право на глас во центарот каде што се сместени за претседателските и парламентарните избори. Од вкупно 534 гласачи од 20 центри, гласале 401 гласач или 75. 09 отсто за претседател на државата, односно 400 гласачи од 20 центри или 74. 91 отсто гласале за избор на пратеници, информира ДИК. Според информациите од општинските изборни комисии, гласале 8926 односно 80. 45 отсто болни или немоќни лица за претседател на државата, односно 10036 или 92. 04 отсто за пратеници во законодавниот дом. Државната изборна комисија досега издаде акредитации за набљудување на двата вида на избори на 1303 домашни, 860 меѓународни набљудувачи и 83 странски новинари. мд/лв/ . Извор: МИА ВЕСТИ ЛОКАЛНО 2024-05-08 Zoran Popov...
Естонија ќе дозволи гласање на изборите со мобилни телефони
Бизнис вести - пред 8 часа
Естонија ќе дозволи гласање на изборите со мобилни телефони 08/05/2024 СВЕТ Граѓаните на Естонија во иднина ќе можат да гласаат на избори преку мобилен телефон, откако Парламентот во Талин го одобри законот предложен од Владата. Според предлог-законот, електронското гласање нема да биде можно само на компјутери, туку и преку специјални апликации за заеднички оперативни системи на мобилни уреди. Техничките услови ги утврдува избирачкиот одбор пред секои избори. Измената на законот треба да стапи на сила во октомври, па опцијата за гласање со мобилен телефон се уште нема да може да се користи на изборите за Европскиот парламент во јуни. Според естонскиот министер за економија и ИТ, Тиит Риисал, новиот закон има за цел да ја земе предвид промената во однесувањето на граѓаните. „Значителен дел од секојдневните дигитални активности на луѓето се префрли од компјутери на паметни уреди, а е-Естонија мора да биде достапна за сите на овие нови и широко распространети платформи“, рече министерот. Во 2005 година, Естонија беше првата земја во Европа што овозможи онлајн гласање на политички избори. Во балтичката држава, која сака да се нарекува себеси е-Естонија, на парламентарните избори во март 2023 година повеќе од половина од сите гласови беа дигитално дадени. Граѓаните на таа балтичка држава, исто така, можат да прават речиси сè онлајн во секојдневниот живот. Естонија се смета за пионер на дигитализацијата и електронската управа во Европа. паг/Фото: МИА архива . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-08 Zoran Popov...
Судијата го одби барањето за поништување на судењето на Трамп за скандалот со порно ѕвездата Даниелс
Бизнис вести - пред 8 часа
Судијата го одби барањето за поништување на судењето на Трамп за скандалот со порно ѕвездата Даниелс 08/05/2024 СВЕТ Судијата во кривичната постапка против Доналд Трамп во вторникот го одби барањето за поништување на судењето на адвокатот на Трамп, Тод Бланш, кој тврдеше дека сведочењето на порно ѕвездата Сторми Даниелс за нивната наводна афера во 2006 година е ирелевантно и само ќе ги разгори страстите на поротата. „Како можеме да излеземе од ова на начин што е фер за претседателот Трамп“, рече Бланш. Судијата Хуан Мерчан рече дека се согласува дека има елементи во нејзиното сведочење што би било подобро да не се кажат. „Мислам дека беше малку тешко да се контролира сведокот. Мислам дека не сме во фаза кога поништувањето на судењето е оправдано“, рече Мерчан. Предлогот беше поднесен неколку часа по нејзиното сведочење. Таа пред поротата кажа за нејзината наводна врска со Трамп и митото од 130. 000 долари што го добила за да молчи кога тој се кандидираше за претседател во 2016 година. Даниелс (45) рече дека одлучила тој инцидентот да остане приватен откако добила закана на паркинг во 2011 година, но се предомислила за време на кампањата во 2016 година, кога биле изнесени неколку обвинувања за сексуален напад против Трамп. „Мојата мотивација не беа парите, сакав да ја раскажам приказната“, вели таа. Трамп (77) се изјасни дека не е виновен за фалсификување деловни книги за да се прикрие давање мито на Даниелс. Тој негира дека имал секс со Даниелс, а неговите адвокати тврдат дека таа го измислила затоа што сакала да се појави во шоуто на Трамп „The Apprentice“. Даниелс потврди дека се надевала дека Трамп ќе ја ангажира во шоуто по нивниот однос. паг/Фото: МИА архива . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-08 Zoran Popov...
САД ја прекинаа испораката на бомби за Израел поради најавената офанзива на Рафа
Бизнис вести - пред 8 часа
САД ја прекинаа испораката на бомби за Израел поради најавената офанзива на Рафа 08/05/2024 СВЕТ Американските власти минатата недела одложија пратка бомби за Израел, откако еврејската држава не одговори на „загриженоста“ на Вашингтон за најавената офанзива во Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа, изјави доцна синоќа неименуван високо позициониран американски функционер. -Минатата недела прекинавме испорака на пратка со оружје. Таа се состоеше од 1. 800 бомби од 907 килограми и 1. 700 бомби од 226 килограми. Не донесовме конечна одлука дали таа пратка ќе биде испорачана, рече претставникот. Одлуката била донесена затоа што Вашингтон се противи на голема офанзива што ја подготвуваат израелските војници во Рафа. Вашингтон јасно стави до знаење дека не поддржува офанзива без кредибилен план за заштита на тамошните цивили. Американскиот претседател Џо Бајден го повтори овој став пред два дена во телефонскиот разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. -Израелските и американските официјални лица разговараа за алтернативите, дискусиите се во тек и сè уште не се целосно решени нашите грижи, додаде американскиот функционер. Израелската армија вчераутро распореди тенкови во Рафа, ја презеде контролата на граничниот премин со Египет и затвори две главни пристапни точки за хуманитарна помош, мерка што САД ја сметаат за „неприфатлива“. сд/фото:МИА архива . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-08 Zoran Popov...
Нетанјаху незадоволен од предлогот на Хамас за прекин на огнот во Газа
Бизнис вести - пред 8 часа
Нетанјаху незадоволен од предлогот на Хамас за прекин на огнот во Газа 08/05/2024 СВЕТ Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа изјави дека не е задоволен од новиот предлог на Хамас за прекин на огнот, а Хамас предупреди дека нема да има договор доколку продолжи израелската агресија врз Појасот Газа. Нетанјаху кажа дека новиот предлог на Хамас за прекин на огнот е далеку од основните барања на Израел, додавајќи дека сè уште е неопходен воен притисок за ослободување на заложниците што Хамас ги држи во Појасот Газа. Израелските сили вчера рано утрината ја окупираа палестинската страна на граничниот премин во Рафа, што Нетанјаху го оцени како „многу значаен чекор кон уништување на преостанатите воени капацитети на Хамас“. Со оваа воена операција е прекинат клучниот пат за помош до Појасот Газа, што веќе е на работ на глад. Официјалниот претставник на Хамас, Осама Хамдан, вчера предупреди дека нема да има прекин на огнот доколку продолжи израелската агресија врз Појасот Газа. Хамдан ова го изјави на прес-конференција во Бејрут, а делегацијата на Хамас во меѓувреме пристигна од Доха во Каиро за да ги продолжи преговорите за прекин на огнот, соопшти Хамас. -Тврдиме дека воената операција во Рафа нема да биде пикник за (израелската) армија, рече Хамдан. „Топката е во теренот на Нетанјаху“, додаде тој. Тој посочи дека новиот предлог за прекин на огнот со кој се согласи Хамас е „минимумот што одговара на барањата на нивниот народ и неговиот отпор“. -Преминот Рафа беше и ќе остане исклучиво египетско-палестински премин, рече Хамдан. сд/фото:МИА архива . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-08 Zoran Popov...
Албаниан Пост: Франција, Германија и Италија бараат одложување на одлуката за прием на Косово во Советот на Европа
Бизнис вести - пред 1 ден
Албаниан Пост: Франција, Германија и Италија бараат одложување на одлуката за прием на Косово во Советот на Европа 07/05/2024 СВЕТ Франција, на која и се приклучија Германија и Италија, бара да се одложи одлуката за кандидатурата на Косово за членство во Советот на Европа на мајскиот состанок на Комитетот на министри, пишува тирански Албаниан Пост, повикувајќи се на дипломатски извори. Според истите извори, утре во Стразбур се очекува последната средба на амбасадорите на земјите членки пред состанокот на министрите на кој се очекува да биде донесена долгоочекуваната одлука за Косово, пренесува Бета. Како што дознава Албаниан Пост, се очекува утре на дневен ред на мајскиот министерски состанок амбасадорите на земјите членки на Советот на Европа да не го вклучат прашањето за членството на Косово. Според порталот, иако германската позиција досега не беше јасна, сега се чини јасно дека и Германија зазеде став дека владата на премиерот Албин Курти мора да преземе конкретни чекори во однос на Заедницата на општини со српско мнозинство (ЗСО) за да добие членство во Советот на Европа. Франција, Германија и Италија веќе се на став дека членството на Косово во Советот на Европа треба да се одложи до моментот кога Владата на Косово ќе ја докаже својата посветеност на спроведувањето на ЗСО со испраќањето на нацрт-статутот до Уставниот суд. Во написот се додава, дека ваквиот пристап не е поддржан од Обединетото Кралство, според кое прашањето за ЗСО како производ на бриселските преговори не треба да се меша со прашањето за членство во Советот на Европа. Сепак, и покрај политичката реторика на косовската Влада, која постојано го нагласуваше фактот дека Косово ги исполни сите услови потребни за прием во Советот на Европа, дури и според мислењето подготвено од Дора Бакојани, земјите со одлучувачко влијание како Франција и Италија одамна го информираа Курти дека почетокот на значајни чекори кон имплементација на договорот за ЗСО е непремостлив услов за членство на Косово во Советот на Европа. Во меѓувреме, Германската амбасада во Приштина денеска соопшти дека е време Владата на Косово да ги убеди земјите членки на Советот на Европа дека заслужува прием во таа меѓународна организација, преземајќи конкретни чекори кон создавање ЗСО. Германската амбасада соопшти дека Квинта групата и другите континуирано нагласуваат дека очекуваат Косово да преземе опипливи чекори за формирање на ЗСО, за да се постигне неопходното двотретинско мнозинство во Комитетот на министри на СЕ, пренесоа приштинските медиуми. Реакција денеска пристигна и од Амбасадата на Франција во Косово, која соопшти дека со испраќање на нацрт-статутот на ЗСО до Уставниот суд, Косово ќе добие поддршка за прием во Советот на Европа. Во одговор на прашање поставено од kohe. net, од амбасадата велат дека овој нацрт-статут е најдобрата основа што се нуди за формирање на ЗСО. „Испраќањето на нацрт-статутот на ЗСО на евалуација до Уставниот суд се споменува како еден од јасните чекори што Косово мора да ги преземе за да обезбеди поддршка во Советот на Европа, но премиерот Курти изјави дека Косово не го прифаќа тој план како одвоен од целокупниот план (Брисел и Охрид). Испраќањето на нацрт-статутот до Уставниот суд на евалуација би бил добредојден чекор за да се обезбеди поддршка за членството на Косово во Советот на Европа, се наведува во одговорот на амбасадата. Состанокот на Комитетот на министри за надворешни работи на СЕ, кој ќе се одржи во средината на мај, е последниот чекор кон конечното членство на Косово во оваа организација, што беше препорачано од Парламентарното собрание на СЕ врз основа на усвоениот извештај на известувачката Дора Бакојани. Засега се уште не е сигурно дали гласањето за препораките на ПССЕ и приемот на Косово ќе се најдат на дневен ред на Комитетот на министри на 16 и 17 мај. ссм/фото: архива . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-07 Zoran Popov...
Германска амбасада во Приштина: Очекуваме конкретни чекори во однос на ЗСО за прием на Косово во СЕ
Бизнис вести - пред 1 ден
Германска амбасада во Приштина: Очекуваме конкретни чекори во однос на ЗСО за прием на Косово во СЕ 07/05/2024 СВЕТ Германската амбасада во Приштина соопшти дека е време Владата на Косово да ги убеди земјите членки на Советот на Европа дека заслужува прием во таа меѓународна организација, преземајќи конкретни чекори за создавање Заедница на српски општини. Германската амбасада соопшти дека Квинта и другите континуирано нагласуваат дека очекуваат Косово да преземе опипливи чекори за формирање на ЗСО, за да се постигне неопходното двотретинско мнозинство во Комитетот на министри на СЕ, пренесе Бета. „Таков чекор, според нас, би бил поднесување предлог за статутот на ЗСО до Уставниот суд. Како што наведе амбасадорот во својот твит по гласањето во Парламентарното собрание на Советот на Европа: Косово мора да направи голема работа. Тоа се уште не се случило. Сега останува на премиерот Албин Курти и неговата влада да ги убедат неопходните земји-членки со други средства, односно со преземање други конкретни чекори кон создавање на Заедница на општини со српско мнозинство, која Косово се обврза да ја формира и што е меѓународна обврска“, соопштуваат од германската амбасада. зш/ . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-07 Zoran Popov...
Град Скопје активно работи за спречување и намалување на меѓуврсничкото насилство во градските средни училишта
Бизнис вести - пред 1 ден
Град Скопје активно работи за спречување и намалување на меѓуврсничкото насилство во градските средни училишта 07/05/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Град Скопје активно работи за спречување и намалување на меѓуврсничкото насилство во градските средни училишта, а дел од активностите опфаќа и делувањето на координаторите од сите градски средни училишта задолжени за справување со врсничкото насилство кај младите. Координаторите ги презентираат училишните извештаи за состојбите од оваа проблематика во училиштата, а ги презентираат и мерките и активностите што ги преземаат за спречување и намалување на меѓуврсничкото насилство. Во рамките на своите заложби за унапредување на безбедноста во училиштата, Градот Скопје во изминатиот период спроведе повеќе активности и иницијативи меѓу кои формирање тимови за безбедност, назначи координатори за справување со меѓуврсничкото насилство, воведе протоколи за справување во кризни ситуации и при детекција, справување и превенција на сите форми на насилство во училиштата. Одделение за односи со јавност на Град Скопје Извор: МИА ВЕСТИ ЛОКАЛНО 2024-05-07 Zoran Popov...
ДИК: Двојните избори утре ќе ги следат 1303 домашни и 860 странски набљудувачи, како и 83 странски новинари
Бизнис вести - пред 1 ден
ДИК: Двојните избори утре ќе ги следат 1303 домашни и 860 странски набљудувачи, како и 83 странски новинари 07/05/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Вториот круг претседателски избори и парламентарните избори утре ќе ги следат 1303 домашни набљудувачи, 860 странски набљудувачи и 83 странски новинари, информира на денешната седница на Државната изборна комисија, нејзиниот член Бобан Стојаноски. Претходно тој информира дека до ДИК пристигнале барања за акредитации за набљудувачи за изборите за претседател и за изборите за пратеници, а се однесуваат на дополнување на веќе прифатени акредитации, се работи за организација Вејк ап – 9 набљудувачи, ТВ Н1 од Белград со двајца новинари, Телевизија Клан Косова – 8 новинари, Амбасадата на САД дополнување со еден набљудувач, и ТВ Имеди – двајца новинари. Стојаноски истакна дека до ДИК пристигнале уште 14 приговори за заштита на личното избирачко право, од кои на седницата поголем дел се прифатени, а неколку одбиени. Гласањето во текот на утрешниот ден, потсети Стојаноски, се врши лично на гласачките места во државава. -Избирачкиот одбор задолжително го прашува гласачот дали сака да гласа за двата вида на избори или сака да гласа само за еден вид на избори, односно дали сака да гласа дали за претседателски или за парламентарни или како што напоменав претходно и за двата избори одеднаш. Притоа, им го објаснува начинот на гласање и им овозможува на гласачите да гласаат. Гласачот може само еднаш да се појави на гласачкото место за остварување на своето избирачко право. Притоа, гласачот го приложува документот за лична идентификација, важечка лична карта или патна исправа, односно за претседателски избори 2024 година лична карта или патна исправа чија важност истекла од 24 јули 2023 година до 24 април 2024 година, а за парламентарните избори гласачот ќе може да гласа со лична карта или со патна исправа чија важност истекла во периодот од 8 август 2023 година до 8 мај 2024 година, кажа Стојаноски. Појасни дека гласачот добива два гласачки ливчиња доколку се одлучи да гласа за двата вида на избори или едно гласачко ливче за изборите за кој се одлучил да гласа и се потпишува во соодветниот извод од избирачкиот список. -Гласачот гласа сам тајно зад гласачкиот параван. Гласачот гласањето го врши на тој начин што го заокружува редниот број пред називот, името на листата или редниот број на кандидатот со хемиско пенкало во сина боја. Превитканото гласачко ливче го става во соодветната гласачка кутија, бидејќи утре имаме двојни избори на секое избирачко место ќе има две гласачки кутии соодветно обележани. Притоа, секој гласач се задржува во избирачкото место онолку време колку што му е потребно за да го оствари своето право на глас без притоа да направи каков било застој во истото. На крај гласачот го подигнува документот за лична идентификација и го напушта гласачкото место, истакна тој. ДИК апелира до избирачките одбори и ОИК да продолжат да ги почитуваат законите и Изборниот законик, упатствата и правилниците донесени од страна на ДИК со цел успешно спроведување на двојните избори кои ќе се одржат во текот на утрешниот ден. нд/лв/ . Извор: МИА ВЕСТИ ЛОКАЛНО 2024-05-07 Zoran Popov...
Белгиецот Ванхојте ќе биде медијатор за отворање на патот за преговорите на земјава со ЕУ
Бизнис вести - пред 1 ден
Белгиецот Ванхојте ќе биде медијатор за отворање на патот за преговорите на земјава со ЕУ 07/05/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО – Белгиецот Питер Ванхојте, на иницијатива на белгиското претседателство со ЕУ ќе спроведе проект на релација Скопје и Софија, односно ќе биде медијатор олеснувач, со кој ќе се отвори патот за уставните измени и ќе се обезбедат гаранции дека на патот на Северна Македонија до членство нема веќе да има кочници. Ванхојте, во изјава за „Независен“, појаснува дека проектот е под капата на ЕУ, но го финансира белгиската влада која верува во користа од разговори и од правење компромиси. Проектот што ќе го води Ванхојте ќе го менаџира и организира Европскиот институт за безбедносни студии и нема рок до кога ќе трае, односно ќе остане отворен додека не се постигнат целите. Проектот ќе има две компоненти, од кои првата е медијаторство за односите меѓу Бугарија и Северна Македонија, кое треба да ги тргне отворените прашања и да отвори пат за преговорите на земјава со ЕУ. Втората компонента е изградба на институционален капацитет во земјата, со фокус на обука на млади политичари кои треба да го сменат начинот на кој функционира политиката во државава, односно да ја приближат повеќе до западните европски демократии. „Мојата главна цел ќе биде да се осигура дека процесот на пристапување на Македонија кон ЕУ нема веќе да се блокира“, најави Ванхојте за „Независен“, со порака дека „е отворен за сите опции, ќе ги сослуша сите барања и ќе се обиде да најде решенија“. За почеток Ванхојте најавува дека ќе разговара со преставниците на сите релевантни политички партии во земјата за да ги сослуша нивните барања и евентуално предлози со порака дека е отворен за каков било предлог што ќе помогне да се постигне прогрес околу деблокадата на преговорите со ЕУ и други прашања. По Скопје, тој ќе замине на слични средби и во Софија. Ванхојте, претходно во земјава беше ангажиран како медијатор за Пржинскиот договор и продолжи со проект во македонскиот парламент. аа/ац/Фото: МИА архива . Извор: МИА ВЕСТИ ЛОКАЛНО 2024-05-07 Zoran Popov...
Во црквата во Пустец наскоро заедничка богослужба на митрополитите г. Петар и г. Јован
Бизнис вести - пред 1 ден
Во црквата во Пустец наскоро заедничка богослужба на митрополитите г. Петар и г. Јован 07/05/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Наскоро заедничка богослужба во црквата „Свети Архангел и Михаил“ во Пустец ќе одржат Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар и корчанскиот митрополит Јован. Ова е договорено на велигденската средба во седиштето на Митрополијата на Корча, на лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ Васил Стерјовски и митрополитот Јован. – Во Корчанската митрополија бев на традиционалната посета по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден. На митрополит Јован му го честитав празникот и му посакав добро здравје, радост, мир и спокојство. На средбата меѓу другото се договоривме за заедничка богослужба во црквата во Пустец на митрополитите Петар и Јован, информираше Стерјовски за МИА. Од негово и од име на партијата и Македонците, тој упатил честитка и до сите верници кои го слават празникот, посакувајќи им многу здравје, среќа, благосостојба. – Исто така, со корчанскиот митрополит Јован разговаравме и за состојбата со македонските верници и со верските објекти во Мала Преспа и единствениот манастир во ова подрачје „Света Марина“ во Туминец, каде со благослов на митрополитот Јован и донации на Македонците од Канада е изградена камбанарија, што на манастирот му недостигаше, рече тој. На средбата Стерјовски бил придружуван од Атанас Плоча, заменик градоначалник на општина Пустец. вт/лв/Фото: МАЕИ . Извор: МИА ВЕСТИ ЛОКАЛНО 2024-05-07 Zoran Popov...
Бензините поевтинуваат за денар ипол, а дизелот за еден денар по литар
Бизнис вести - пред 1 ден
Бензините поевтинуваат за денар ипол, а дизелот за еден денар по литар 07/05/2024 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА – Бензините и Екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари за литар, а цената на дизелот се намалува за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,70 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 86 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 88, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 74,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 74 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 0,829 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 45,832 денари. Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,438 отсто, кај дизелот за 2,100, кај екстра лесното масло за 2,605 и кај мазутот за 1,907 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,407 отсто. вј/бак/Фото: МИА архива . Извор: МИА ВЕСТИ ЕКОНОМИЈА 2024-05-07 Zoran Popov...
На Агенцијата за хуманитарна помош на ОН и бил забранет пристап до преминот Рафа во Газа
Бизнис вести - пред 1 ден
На Агенцијата за хуманитарна помош на ОН и бил забранет пристап до преминот Рафа во Газа 07/05/2024 СВЕТ – Агенцијата за хуманитарна помош на ОН денеска соопшти дека израелските власти ѝ забраниле пристап до граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет, кој сега е под контрола на израелската армија. – Рафа е на нишан, рече Јенс Лаерке, портпарол на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања, на редовен брифинг во Женева. – Израелските одбранбени сили ги игнорираат сите предупредувања што тоа би можело да значи за цивилите и хуманитарните операции низ Појасот Газа. Мислам дека е фер да се каже дека извештаите што ги добивме од колегите на терен се дека завладеала паника и очај, луѓето се преплашени, истакна тој. Лаерке рече дека 76 отсто од Газа е под наредба за евакуација и на луѓето во Рафа не им е дадено доволно време да ги исполнат тие наредби. Лаерке предупреди дека ОН и нивните партнери во Газа имаат гориво за еден ден, главно дизел за да управуваат со камиони и генератори. Портпаролката на Канцеларијата на ОН за човекови права Равина Шамдасани изјави дека Израел има обврски врз основа на меѓународното хуманитарно право на цивилите во Газа да им обезбеди пристап до медицинска нега, соодветна храна, вода за пиење и санитарни услови. Таа го изјави ова неколку часа откако израелските сили ја презедоа контролата на граничниот премин Рафа во јужниот дел на Појасот Газа. – Неисполнувањето на овие обврски се граничи со принудно раселување, што е воено злосторство, додаде таа. За израелската операција во Рафа, таа рече дека постојат силни индиции дека таа го прекршува меѓународното хуманитарно право. јт/Фото: ОН Женева . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-07 Zoran Popov...
Лебот нема да поскапи следните два месеца, компаниите се жалат на проблеми со ликвидноста и со одлив на кадри
Бизнис вести - пред 1 ден
Лебот нема да поскапи следните два месеца, компаниите се жалат на проблеми со ликвидноста и со одлив на кадри 07/05/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Има промени во цените на житото на светските берзи, но засега, барем најмалку 1,5 до два месеца, цената на лебот и на останатите основни прехрабени производи во земјава нема да се промени, велат пекарите. Според нив, по месец-два повторно ќе се прави анализа со оглед на руско-украинскиот конфликт и турбуленциите на Блискиот Исток, како и поради поскапувањето на нафтата кое може да значи потенцијална повисока цена на суровините во прехранбената и општо, во целата индустрија. Како што оценува Агро-бизнис комората на Сојузот на стопански комори (ССК), многу поголем проблем од цената на лебот во моментов е ликвидноста на компаниите и одливот на работна сила во секторот. – Стигнаа информации од големите производители како Украина и Русија дека таму не се знае како ќе се одвиваат жетвите поради воените дејства, што влијае врз берзата. ФАО истакна некој процент на зголемување на цената на житото. Тоа, сепак, е незначително и ние, како Агробизнис комора, тврдиме дека во наредниот период ќе има стабилност на цената на прехранбените производи, барем во сегментот на основни производи како житото, пекарските производи. Големиот притисок што го имаме е од друга природа и трае најмалку една година. Се работи за големиот одлив на човечките ресурси во западните и туристичките земји како Грција и Хрватска. Проблем е и ликвидноста на компаниите кои се соочуваат со недостиг на финансии, истакна Горан Ѓорѓиевски од Агро-бизнис комората, одговорајќи на новинарски прашања пред тркалезна маса за зелени иновации. Тој укажа и на високите каматни стапки. Банките, рече, тешко одобруваат кредити и тешко овозможуваат пристап до финансии со соодветно ниска цена. -Тука би ги насочил проблемите. Повеќе притисок се чувствува од страна на недостигот на човечки ресурси, имавме и покачување на минималната плата. Сето тоа се одразува таму, компаниите да имаат повеќе трошоци за тоа, отколку во однос на цените на суровините кои во овој момент имаат стабилна вредност, напомена Ѓорѓиевски. И на 23 април, на друг настан што го организираше ССК, Ѓорѓиевски тврдеше дека лебот нема да поскапи и дека неговата цена е стабилна. мч/лв/фото/видео: МИА . Извор: МИА ВЕСТИ ЛОКАЛНО 2024-05-07 Zoran Popov...
Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Северна Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат
Бизнис вести - пред 1 ден
Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Северна Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат 07/05/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Европската Унија верува дека сите политички сили во Северна Македонија ќе го поддржат напредокот на земјата на европскиот пат, порача денеска портпаролката на Европската комисија за соседска политика и проширување Ана Писонеро во однос на очекувањата од утрешните претседателски и парламентарни избори. – Ние јасно ја поддржуваме перспективата за членство на Северна Македонија во ЕУ и се надеваме дека ќе бидеме во можност да го отвориме преговарачкиот процес што е можно поскоро, изјави Писонеро, посочувајќи дека Европската Унија внимателно го следи процесот на претседателските и парламентарните избори. Таа нагласи дека Европскиот совет во своите заклучоци даде јасни индиции за неговите очекувања од земјата, потенцирајќи дека „Северна Македонија се обврза да го измени Уставот“. Во заклучоците посветени на проширувањето од последните самити на ЕУ се посочува дека Европскиот совет е подготвен да ја свика следната Меѓувладина конференција без дополнителни одложувања и без дополнителна политичка одлука во најскоро време. Северна Македонија ќе ја спроведе својата заложба за усвојување на уставните измени во согласност со нејзините внатрешни процедури, како што е наведено во Заклучоците на Советот од јули 2022 година. Советот ја повикува Северна Македонија да го забрза усвојувањето на овие измени, по што е подготвен да го отвори првиот преговарачки кластер што е можно поскоро, согласно Преговарачката рамка. – Се надевам дека и Северна Македонија и Албанија ќе може да ги отворат преговорите по Првиот кластер – Основни права, што е можно поскоро. Одлуката за тоа кога ќе бидат свикани следните Меѓувладини конференции сега е во рацете на земјите членки, додаде Писонеро. На прашање дали судскиот процес против албанскиот градоначалник припадник на грчкото малцинство во земјата, што е причина Грција да го блокира на стартот на преговорите на Албанија по кластери, ЕУ го смета за билатерален спор или за прашање поврзано со почитување на човековите права, Писонеро изјави дека Комисијата не коментира постапки кои се во тек, но смета дека билатералните прашања не би требало да бидат причина за блокирање на преговарачкиот процес. сп/нд/Фото: МИА aрхива . Извор: МИА ВЕСТИ ЛОКАЛНО 2024-05-07 Zoran Popov...
Самит на „Македонија 2025“ на 15 и 16 мај во Скопје
Бизнис вести - пред 1 ден
Самит на „Македонија 2025“ на 15 и 16 мај во Скопје 07/05/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО – Над 400 гости, околу 50 панелисти поделени на 12 панели и три главни говорници ќе има на годинашниот Самит во организација на невладината „Македонија 2025“, што на 15 и 16 мај ќе се одржи во Скопје, на кој главен фокус ќе биде како да дојдеме до повисоки стапки на раст на економијата. -На Тринаесеттото издание на Самитот на Македонија 2025 ќе бидат обработени теми како да дојдеме до повисок економски развој, подобра регионална соработка, лидерство, развој на семејни бизниси, дигитална трансформација на бизниси, механизми за намалување на корупцијата. Ќе порачаме дека ние како организација сме спремни и отворени за поддршка на новата влада за постигнување на повисоки стапки на раст од 5 или 6 проценти и за начинот како да дојдеме до тоа, истакна извршниот директор на „Македонија 2025“ Никица Мојсоска Блажевски на денешната средба со новинарите. Во периодот од мај 2023 до мај годинава, како што кажа, „Македонија 2025“ имплементира околу 40 програми, во септември лани организира Хуманитарна гала во Америка на која се собраа финансиски средства за имплементација на програмите на невладината организација. -Таму успеавме да собереме околу 450 лица од нашата дијаспора кои се надевам дека во иднина ќе придонесуваат повеќе во развојот на „Македонија 2025“, рече Мојсоска Блажевски. Нагласи дека „Македонија 2025“ пред два месеци излезе со програма „Една визија за забрзан раст“ со која планира да влијае врз носителите на политики за да има побрз и поголем просперитет во државава. -Изминатите месеци повеќе бевме фокусирани на разговори со политичките чинители. Се обидувавме да ги убедиме да применат или во идните програми да предвидат мерки и активности за кои сметаме дека се клучни за развојот на Македонија, почнувајќи од намалување на корупција, зголемување на конкурентноста на компаниите, дигитализација на владини услуги и подобрување на односите со дијаспората, потенцира Мојсоска Блажевски. Во деновите до почетокот на Самитот, додаде, „Македонија 2025“ ќе организира околу пет предавања на високообразовни институции и исто толку работилници во коморите и во некои компании со совети како да растат бизнисите, но и неколку средби со државни институции во областа на дигтализацијата, економијата и привлекување на инвестиции, како и со политичките партии. вј/лв/Фото: МИА . Извор: МИА ВЕСТИ ЛОКАЛНО 2024-05-07 Zoran Popov...
БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството
Бизнис вести - пред 1 ден
БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството 07/05/2024 ПРЕТПРИЕМНИШТВО На 15 мај, по повод одбележувањето на Светскиот ден на семејството, БИМИЛК е домаќин на ексклузивен настан посветен на нејзините вработени-родители на деца до 12 годишна возраст, како и за психолозите, педагозите и дефектолозите во битолските предучилишни и училишни установи. Настанот, кој ќе се одржи во дворот на БИМИЛК, ќе биде еднодневен семинар предводен од д-р Ранко Рајовиќ, познат експерт за детски развој и основач на системот за учење „NTC“ (Никола Тесла Центар). Експертизата на д-р Рајовиќ за стимулирање на интелектуалните способности на децата му донесе признание низ целиот регион, а неговите сознанија за методите на воспитување се непроценливи. „Среќни сме што ќе бидеме домаќини на д-р Ранко Рајовиќ за оваа посебна пригода. Како компанија посветена на благосостојбата и иднината на нашата заедница, ја препознаваме важноста од поддршката на родителите и воспитувачите во нивните напори да ја негуваат следната генерација. Сметаме дека инвестирањето во образованието и развојот на нашите деца е клучно за градење посветла иднина. Со здружување на родителите и воспитувачите, се надеваме дека ќе поттикнеме соработка и споделување знаење за доброто на нашата заедница“, изјави Полексена Јанкуловска, регионален маркетинг менаџер во БИМИЛК. Семинарот ќе опфати низа теми, вклучувајќи развој на мозокот, рана стимулација, креативно учење, логично размислување и практична примена на методологијата NTC. Учесниците ќе имаат можност да стекнат вредни сознанија, да разменуваат идеи и да се вмрежат. Бимилк како општествено одговорна компанија, ја зема предвид и улогата во едукацијата и развојот на вработените и младите, во пренесување на знаење и вредности и на тој начин активно учествува во создавање здрава, едуцирана и одговорна младина. Ова е дел од проектите кои Бимилк ги создава под платформата „Растеме заедно“ и континуирано ќе продолжи да едуцира за подобра иднина на младите. 2024-05-07 Toni Ivanoski...
Полицијата изврши претрес во бриселската канцеларија на европратеникот од АфД, Максимилијан Крах
Бизнис вести - пред 1 ден
Полицијата изврши претрес во бриселската канцеларија на европратеникот од АфД, Максимилијан Крах 07/05/2024 СВЕТ – Германските истражители денеска наредија претрес на канцеларијата во Брисел на европратеникот на екстремната десница Алтернатива за Германија (АфД) Максимилијан Крах, откако неговиот помошник беше уапсен минатиот месец под сомнение дека шпионирал за Кина. Случајот со вработениот во Крах предизвика загриженост во Европа за кинеските шпионски активности. Германија, исто така, уапси три лица минатиот месец за пренос на чувствителна технологија за воени цели во Кина. Случајот ја намали поддршката на АфД во анкетите пред европските избори во јуни. Крах е водечки кандидат на таа партија. Мерките се дел од постапката против Џијан Г. поради сомнение дека дејствувал како разузнавач, соопшти германското обвинителство, додавајќи дека претресите биле извршени и во канцеларијата на Крах и во канцеларијата на неговиот помошник. Еден од становите на помошникот бил претресен на 24 април, соопштија истражителите. Крах на Х го потврди претресот на канцеларијата на неговиот поранешен вработен. – Ова се очекуваше по неговото апсење и затоа воопшто не изненадува. Ниту јас, ниту вработените не сме опфатени со тоа, напиша тој. јт/Фото: ДПА . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-07 Zoran Popov...
Цените на угостителски услуги во април зголемени за 2,5 проценти
Бизнис вести - пред 1 ден
Цените на угостителски услуги во април зголемени за 2,5 проценти 07/05/2024 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА Цените на угостителските услуги во април во споредба со март се зголемени за 2,5 проценти, а во однос на истиот период лани има зголемување од 5,9 проценти. Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемување е забележано во групата Ноќевања за 13,5 проценти. Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – април во однос на истиот период минатата година, е зголемен за 6,2 проценти, a во однос на декември зголемувањето е за 1,3 проценти. бак/лв/Фото: МИА архива . Извор: МИА ВЕСТИ ЕКОНОМИЈА 2024-05-07 Zoran Popov...
Путин: Русија ќе продолжи да работи на формирање мултиполарен светски поредок
Бизнис вести - пред 1 ден
Путин: Русија ќе продолжи да работи на формирање мултиполарен светски поредок 07/05/2024 СВЕТ – Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија ќе продолжи да работи со партнерите за формирање мултиполарен светски поредок, како и дека е возможно да се разговара за безбедносни прашања со западните земји, но под еднакви услови. – Заедно со партнерите во евроазиските интеграции, со другите центри за суверен развој, ќе продолжиме да работиме на формирање мултиполарен светски поредок, еднаков и неделив безбедносен систем“, рече Путин на церемонијата на инаугурација во палатата во Кремљ. Тој рече дека Русија била и ќе биде отворена за зајакнување на добрите односи со сите земји кои во неа гледаат сигурен и чесен партнер. Русија не го отфрла дијалогот со западните земји, туку дека изборот е нивен, истакна Путин. – Дали сè уште планираат обиди да го запрат развојот на Русија, да ја продолжат политиката на агресија, притисокот врз нашата земја кој не запира со години или бараат пат кон соработка и мир“, рече рускиот лидер на церемонијата на инаугурацијата. Според него, разговорот меѓу Русија и западните земји за безбедносни прашања е можен само под еднакви услови, а не од позиција на моќ. – Повторувам, можен е разговор, вклучително и за прашања за безбедност и стратешка стабилност, но не од позиција на сила, туку разговор без никаква ароганција, вообразеност и лична ексклузивност, само под еднакви услови, со почитување на заедничките интереси, нагласи Путин. Тој подвлече дека народот на Русија е единствен и голем и дека Русите заедно ќе ги надминат пречките, ќе ги реализираат своите планови и ќе победат. Додаде дека единствено заедно со народот може да се постигнат вистински големи цели. – Денес, во суштина, сме одговорни за нашата илјадагодишна историја, нашите предци кои освојувале навидум недостижни височини, бидејќи нивната татковина секогаш била на прво место. Тие знаеле дека можат да постигнат големи цели само заедно со државата и народот. И изградиле светска сила – нашата татковина, рече Путин. Претседателот на Русија смета дека е неопходно да се обезбеди сигурен континуитет во развојот на земјата во наредните децении, да се подигнат и образуваат помладите генерации кои ќе ја зајакнат моќта на Русија, ќе ја развиваат нејзината државност, заснована на меѓуетничка хармонија, зачувување традициите на сите народи кои живеат во Русија. Тој рече дека за него интересите и безбедноста на рускиот народ ќе бидат пред се и изрази надеж дека Русите достоинствено ќе го поминат „овој тежок, критичен период и ќе станат уште посилни“. Тој вети дека ќе стори сè и ќе ги искористи сите законски и уставни овластувања за да ја оправда довербата на Русите, истакнувајќи дека руските граѓани ја потврдиле исправноста на курсот на земјата, што, како што рече, е важно во контекст на сериозни искушенија. – Вие, граѓаните на Русија, ја потврдивте исправноста на курсот на земјата, сега кога сме соочени со сериозни искушенија, во ова гледам длабоко разбирање на нашите заеднички историски цели. Консолидираната волја на милиони луѓе е голема сила, доказ за нашата заедничка цврста верба дека ние ќе ја одредиме судбината на Русија и заради сегашните и идните генерации … Служењето на Русија е голема чест, одговорност и света должност на шефот на државата, заклучи Путин во својот говор на церемонијата на полагање заклетва. Ова е петта церемонија на инаугурација во политичката кариера на Путин, тој ќе ја извршува највисоката избрана функција во следните шест години – до 2030 година. На претседателските избори во Русија, одржани од 15 до 17 март, Путин освои 87,28 отсто од гласовите. јт/Фото: ЕПА . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-07 Zoran Popov...
Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys
Бизнис вести - пред 1 ден
Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys 07/05/2024 МАРКЕТИНГ, ПРЕТПРИЕМНИШТВО Вечерва (07.05.2024) караванот „Не е до нив, до тебе е“ патува до својата крајна станица во Drunken Monkeys во Скопје, во 21:00 часот. Диџеј Мац и актерот Бојан Кирковски ви ја закажуваат последната средба и како и досега, ветуваат одлична атмосфера, со добра музика и урнебесна смеа. Дојдете во Drunken Monkeys за да уживате во настапот на Бојан Кирковски и да се потсетите на најважната граѓанска должност, преку моќта на хуморот. Пораката „Не е до нив, до тебе е“ патуваше во повеќе градови низ Македонија, односно во Струмица, Штип, Велес, Куманово, Кочани, Битола, Прилеп, Охрид и во повеќе локации низ Скопје – Карпош, Аеродром, Ѓорче Петров, Градски Парк, а вечерва ќе пристигне повторно во главниот град. Затоа, доколку сакате да се забавувате, да се насмеете до солзи и на позитивен начин да донесете вистинска одлука, дека ВИЕ сте тие што ќе учествуваат во креирањето на вашата држава, не наоѓајте нови изговори и бидете дел од публиката на стенд ап настапот на Бојан Кирковски во Drunken Monkeys. Благодарение на оваа кампања, секој од нас посвети многу поголемо внимание на правото на глас и на одговорноста што ја имаме кон нашата најголема граѓанска должност. Но, доколку ти сеуште со недоверба си го поставуваш прашањето „Што ќе смени баш мојот глас“, тогаш дефинитивно треба да ја искористиш оваа прилика и да дојдеш на последната станица од Караванот, за да го добиеш вистинскиот одговор – „Не е до нив, до тебе е„. 2024-05-07 Toni Ivanoski...
Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?
Бизнис вести - пред 1 ден
Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес? 07/05/2024 МАРКЕТИНГ Позната е како игра што најмногу буди спомени на детството. Се играше насекаде, секое сокаче, уличка или маало беше исцртано со шемата што инстиктивно ве тера да потскокнете и да го разбудите детето во себе. Секој можеше да ја игра, каде сака, беше потребно само рамна површина асфалт или плочник и креда. Да, точно така, играта од детството на сите нас е плочка! Или царица, или кралица, куцана, дама или куцкамен. И тоа е точно. Од што се играше секаде и секој град ја имаше како своја, оваа игра секаде има различно име. Но, каде и да се играше секогаш и секој беше победник во оваа игра. Само потскокнуваш по бројките, ја поместуваш плочката на следното ниво и полека но сигурно, стигнуваш до целта. Но, што е толку привлечно што ве тера и денеска да заиграте по бројчаната низа и да си ги испробате вештините. Едни од најдрагите спомени ни се од детството, сите копнееме по тие моменти на безгрижност и бескрајно задоволство. Пребаруваме по спомени, фотографии, се присетуваме на игрите, ги посетуваме маалата кај што сме растеле, повторно ги пробуваме истите вкусови кои сме ги сакале како деца. Таа моќ ја има и играта плочка, преку потскокнување на шемата може да ве врати во безгрижните детски денови, кога сите бевме на улица, во школски двор или на игралиште. Плочка не само што ќе го разбуди детето во вас, туку и ќе ве натера да го земете вашето дете, да ја нацртате шемата и заедно да заиграте и потскокнете по плочката. Уште еден мал поттик е вкусот на чоколадно млеко што сите сме го пиеле како деца. Земете чаша чоколадно млеко Моја Кравица и чоколадно-млечниот вкус нека ве врати во детството за заедно со вашето дете уште еднаш да потскокнете по шемата. Создадете бесценети моменти на заедничка среќа со вкус што се памети. 2024-05-07 Toni Ivanoski...
Април годинава потопол од просечните многугодишни вредности
Бизнис вести - пред 1 ден
Април годинава потопол од просечните многугодишни вредности 07/05/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во Република Северна Македонија, месец април годинава се карактеризира како многу топол и нормално врнежлив месец во споредба со многугодишните просечни вредности, информираат од УХМР. Средномесечната температура изнесувала од 7,9°С во Лазарополе до 16,6°С во Гевгелија. Споредено со просечните априлски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020), овогодинешната била 2,5 °С над просекот на ниво на држава. – Највисоката максимална температура беше измерена на 14 април во Гевгелија и изнесуваше 30,7 °С. На територијата на државата во текот на месецот, од 5 до 16 ти беше забележен продор на топлотен бран. Забележена е појава на слаб мраз на повисоките места од 18-ти до 22-ри во месецот. Најниската минимална температура во текот на месецот беше измерена во Лазарополе, на 20 април и изнесуваше -3,1 °С, велат од УХМР. Во месец април минатата година, месечната сума на врнежи во државата изнесувала од 26 mm во Демир Капија до 80 mm во Маврово. -Врнежите беа од дожд и снег. Максимално дневно количество на врнежи од дожд 26 mm беше регистрирано во Берово на 18-ти, додека максимална снежна покривка од 9 cm беше измерена во Попова Шапка на 21-ви во месецот, нагласуваат од УХМР. Споредено со априлската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020), додаваат од Управата, измерената месечна сума на врнежи била околу просекот, на ниво на држава. сст/мд/Фото: МИА архива . Извор: МИА ВЕСТИ ЛОКАЛНО 2024-05-07 Zoran Popov...
Членките на ЕУ не би требало да присуствуваат на инаугурацијата на Путин, порача Борел
Бизнис вести - пред 1 ден
Членките на ЕУ не би требало да присуствуваат на инаугурацијата на Путин, порача Борел 07/05/2024 СВЕТ – Моето лично мислење е сосема јасно дека земјите членки не треба да присуствуваат на инаугуративната церемонија за новиот мандат на рускиот претседател Владимир Путин во Москва, порача денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел пред почетокот на денешното во Брисел на заседанието на Советот за надворешни работи на Унијата на ниво на министри задолжени за развојна и меѓународна соработка. – По многубројните дискусии со претставниците на земјите членки, на сите нив им порачав дека според мое мислење не треба да се присуствува на таа инаугурација и мислам дека мнозинството од земјите членки нема да присуствуваат, изјави Борел. Тој додаде дека неприсуството на церемонијата го смета за правилна одлука, бидејќи како што рече, на крајот Путин е некој против кого има покренато обвинение од страна на Меѓународниот кривичен суд. – Би било и контрадикторно да се присуствува на церемонијата, ако претходно оценивме дека претседателските избори не беа фер и слободно. Затоа мој совет до земјите членки е да не присуствуваат, нагласи Борел, додавајќи дека сепак на крајот суверена одлука на секоја држава е дали ќе присуствува на церемонијата. Според последните информации, присуство на нивни претставници на инаугуративната церемонија од членките на ЕУ најавија Словачка, Унгарија и Франција. сп/Фото: МИА Архива . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-07 Zoran Popov...
Тасевски: Денот на полицијата е симбол на пожртвуваноста, одговорноста и храброста
Бизнис вести - пред 1 ден
Тасевски: Денот на полицијата е симбол на пожртвуваноста, одговорноста и храброста 07/05/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Сашо Тасевски упати честитка до полициските службеници, пензионирани и идни полицајци, вработени во МВР по повод 7 Мај – Денот на полицијата порачувајќи им на колегите да бидат пример за полициската професионалност и ефикасност во служба на граѓаните. -Овој ден, 7 Мај – Ден на полицијата, кој од срце ви го честитам, за мене претставува симбол на пожртвуваноста, одговорноста и храброста. Тоа се карактеристики што мора да ги развива секој еден кој положил заклетва пред полициската униформа. Во ваши раце се неселективната борба против криминалот и корупцијата и бескомпромисното владеење на законите, а континуираното зајакнување на воспоставениот концепт на партнерство помеѓу граѓаните и полицијата носи сѐ подобри резултати во спречување на криминогените појави на кои не може да остане имун современиот свет, се наведува во честитката објавена на неговиот официјален фејсбук профил. Тасевски подвлекува дека полициската професија е одговорност и чест и оддаде почит на колегите кои се жртвувале во извршувањето на службата. -Полициската професија значи огромна одговорност, но и посебна чест, бидејќи токму вие ја ставате безбедноста на другите пред сопствената, грижејќи се за посигурен и побезбеден живот на сите граѓаните на Македонија. Притоа, речиси и да нема работен ден да не покажете уште една ваша доблест – храброста, соочувајќи се со крајно ризични ситуации, ситуации во кои, за жал, некои го дадоа најскапоценото – сопствениот живот. Затоа на овој посебен ден оддаваме и длабока почит на нашите колеги кои денеска ги нема во нашите редови. Нивната жртва никогаш нема да биде заборавена, а она што ни го оставија во наследство претставува инспирација за сите нас, инспирација за идните полициски службеници, стои во честитката на фејсбук статусот. Тој со порака до колегите да бидат пример за полициската професионалност во корист на граѓаните. -Почитувани колеги, погрижете се да продолжите со силна мотивираност да ги оправдате очекувањата на колегите кои се веќе во пензија, а биле пример за полициската професионалност, да бидете што поефикасни, во полза на сите наши граѓани. Би сакал уште еднаш, почитувани колеги, искрено да ви го честитам нашиот професионален празник – Денот на полицијата и на сите вработени во МВР да ви посакам здравје, успех, просперитет и уште подобри професионални резултати. Да живее македонската полиција!, пишува на фејсбук директорот на БЈБ Тасевски. вг/Фото: МВР . Извор: МИА ВЕСТИ ЛОКАЛНО 2024-05-07 Zoran Popov...
Борел: Израелската офанзива врз Рафа само ќе ја влоши катастрофалната хуманитарна криза
Бизнис вести - пред 1 ден
Борел: Израелската офанзива врз Рафа само ќе ја влоши катастрофалната хуманитарна криза 07/05/2024 СВЕТ – Израел минатата ноќ започна копнена офанзива врз Рафа и покрај предупредувањата да не го прави тоа, што дополнително ќе ја влоши катастрофалната хуманитарна состојба во Газа, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел пред почетокот на денешното во Брисел на заседанието на Советот за надворешни работи на Унијата на ниво на министри задолжени за развојна и меѓународна соработка. – И покрај сите повиците од страна на меѓународната заедница, САД, земјите членки на ЕУ. . . до израелскиот премиер (Бенјамин) Нетанјаху да на ја напаѓа Рафа, нападот почна минатата ноќ. Се плашам дека тоа ќе предизвика многу цивилни жртви, додаде Борел. Тој нагласи дека претходно Хамас се согласил на предложениот план за прекин на огнот во Газа, но оти тој бил одбиен од страна на Израел, по што сега уследи израелската офанзива во Рафа. – Не можам да ја замислам хуманитарните загуби што таа ќе ги предизвика. Јасно е дека продолжувањето на војната ќе предизвика нова катастрофална хуманитарна криза, поголема отколку што е сега. Останува да видиме како да се справивме со последиците од оваа ситуација, истакна Борел. Борел најави дека за политичката димензија на најновите случувања на Блискиот Исток ќе стане збор на следниот Совет на министрите за надворешни работи на ЕУ, без да прецизира кога ќе се одржи. Тој најави дека на денешната средба ќе стане збор и за начините за поддршка на Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА), за обезбедувањето средства за реализација на Планот за Украина, како и за случувањата во Судан. сп/Фото: ЕБС . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-07 Zoran Popov...
Борел: Офанзива во Рафа ќе предизвика цивилни жртви, без разлика што вели Израел
Бизнис вести - пред 1 ден
Борел: Офанзива во Рафа ќе предизвика цивилни жртви, без разлика што вели Израел 07/05/2024 СВЕТ – Офанзивата на Израел врз Рафа, најверојатно, ќе убие повеќе цивили и се спроведува и покрај експлицитните предупредувања против неа од земјите-членки на Европската унија и САД, изјави високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел. – Офанзивата на Рафа повторно почна, и покрај сите барања на меѓународната заедница, САД, земјите членки на Европската унија, сите бараат од Нетанјаху да не напаѓа, изјави Борел, пренесува Тајмс оф Израел. – Се плашам дека ова повторно ќе предизвика многу жртви, цивилни жртви. Без разлика што велат тие. Нема безбедни зони во Газа, додаде тој. јт/Фото: Х . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-07 Zoran Popov...
Скај Њуз: Кина го хакирала платниот систем на британското Министерство за одбрана
Бизнис вести - пред 1 ден
Скај Њуз: Кина го хакирала платниот систем на британското Министерство за одбрана 07/05/2024 СВЕТ Британскиот портал Скај њуз денеска објави дека кинеската влада извршила неколку кибер напади врз платниот систем на британското Министерство за одбрана, кој содржи приватни информации за воениот персонал. Членовите на Долниот дом на британскиот Парламент денеска ќе бидат информирани за овој инцидент. Пратеникот на Конзервативната партија Тобијас Елвуд изјави дека Кина „најверојатно бара финансиски слабости“ кај воениот персонал за да натера некои припадници да соработуваат со Кина во замена за пари. „На потешкиот начин учиме како уметноста на војување брзо се менува со напредокот на технологијата. Одбраната на дигиталниот терен сега е исто толку важна како и одбраната на физичкиот. Доколку овој вид на кибер напад се случува во Велика Британија, можеме да претпоставиме дека ќе бидат нападнати и други земји-членки на НАТО“, рече Елвуд. Истрагата на Министерството за одбрана досега не покажала дека се украдени некои податоци. паг/Фото: МИА архива . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-07 Zoran Popov...
Њујорк Тајмс: Хамас планира да ги предаде останките на неколку заложници во првата фаза од прекинот на огнот
Бизнис вести - пред 1 ден
Њујорк Тајмс: Хамас планира да ги предаде останките на неколку заложници во првата фаза од прекинот на огнот 07/05/2024 СВЕТ Палестинското исламистичко движење Хамас планира да ги предаде останките на неколку заложници кои беа меѓу 33-те за кои рече дека ќе бидат ослободени во првата фаза од предложениот договор за прекин на огнот, јави денеска Њујорк тајмс. Во извештајот, во кој се цитирани две лица блиски до преговорите за постигнување договор, се вели дека Хамас ги информирал посредниците дека повеќе не се живи сите оние што требаше да бидат ослободени. Се очекуваше во првата фаза да бидат ослободени жени, деца, стари и болни лица, потсетуваат израелските медиуми. Израел претходно инсистираше да се ослободат само живите заложници во таа фаза и се согласи со помалку од 40-те луѓе што првично ги бараше, со тоа што се подразбираше дека сите што требаше да бидат ослободени се живи. Хамас синоќа соопшти дека го прифатил договорот предложен од посредниците. Израел, пак, оцени дека договорот е многу поинаков од она на што се согласила земјата. Претставници на Хамас рекоа дека првата фаза од договорот ќе вклучува 42-дневно примирје и ќе ослободи 33 израелски заложници во замена за голем број палестински безбедносни затвореници кои се чуваат во израелските затвори. Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху оцени дека понудата на Хамас не ги исполнува основните израелски барања, но најави дека ќе испрати преговарачи да продолжат со преговорите со американските, египетските и катарските посредници. Се верува дека уште 128 заложници се држат во Газа, од околу 250 киднапирани во терористичките напади на палестинските екстремисти предводени од Хамас на 7 октомври минатата година, но се знае дека не се живи сите. За време на еднонеделниот прекин на огнот на крајот на ноември минатата година беа ослободени 105 цивили, а пред тоа четворица. Тројца живи заложници беа ослободени од војниците, а телата на 12 беа пронајдени, вклучително и тројца убиени по грешка од војниците. Израелската војска ја потврди смртта на 35 заложници кои сè уште ги држи Хамас, повикувајќи се на нови разузнавачки информации од војниците кои дејствуваат во Газа. јт/Фото: МИА архива . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-07 Zoran Popov...
Катовице: Во салата каде попладнево ќе заседава полската влада пронајден апарат за прислушување
Бизнис вести - пред 1 ден
Катовице: Во салата каде попладнево ќе заседава полската влада пронајден апарат за прислушување 07/05/2024 СВЕТ – Во салата во седиштето на Шлезискиот регион во Катовице, пред попладневната седница на чешката влада, откриен е и демонтиран апарат за прислушување, соопшти портпаролот на министерот координатор на полските безбедносни служби, Јацек Добжињски. Службата за државна безбедност и Агенцијата за внатрешна безбедност ја демонтирале направата и покрената е истрага за тоа кој ја поставил. Полската влада попладнево ќе одржи вонредна седница во Катовице бидејќи премиерот Доналд Туск и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен се главни гости на меѓународниот економски форум во тој град на југот на Полска. Владата нема „чувствителни“ теми на дневниот ред на денешната седница, најавено е дека ќе одлучува за помош на граѓаните за плаќање на енергетски производи и предлогот за Законот за дигитални комуникации со кој во полските закони се воведува кодот на Европската унија во таа област. јт/Фото: Фејсбук . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-07 Zoran Popov...
Грчкото МНР реагира по одлуката на Турција манастирот Хора да работи како џамија
Бизнис вести - пред 1 ден
Грчкото МНР реагира по одлуката на Турција манастирот Хора да работи како џамија 07/05/2024 СВЕТ – Министерството за надворешни работи на Грција преку соопштение реагираше за одлуката на турските власти, манастирот Хора да почне да функционира како муслиманска џамија, истакнувајќи дека тоа „претставува провокација за меѓународната заедница бидејќи го менува неговиот карактер како споменик на светското културно наследство на УНЕСКО што му припаѓа на човештвото“, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчкото МНР додадоа дека „зачувувањето на универзалниот карактер на спомениците и почитувањето на меѓународните стандарди за заштита на верското и културното наследство е јасна меѓународна обврска која ги обврзува сите држави“. ср/сд/ . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-07 Zoran Popov...
Како да ги регулираме мачнините во желудникот, гасовите, подуеност, стомачните вируси па дури и воспаленијата?
Бизнис вести - пред 1 ден
Како да ги регулираме мачнините во желудникот, гасовите, подуеност, стомачните вируси па дури и воспаленијата? 07/05/2024 НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА Несомнено е дека како народ сакаме да уживаме во добрата храна. Со радуваме на пролетните празници, убавото време, излетите и скарите на дружењето со блиските. Карактеристично за овие традиционални активности е конзумирањето премногу храна, премногу мешање, дури и се прејадуваме. Не внимаваме дали е помрсна, ја комбинираме со алкохол, се препуштиме на моментите без да внимаваме колку и што се внесуваме во желудникот. Па поради претераните гурмански задоволства се јавуваат потешкотии како мачнини во желудникот, гасови, подуеност, воспаленија па дури и чир на желудникот и дебелото црево. Се случува и појавата на стомачни вирози, зачестени се инфекции со хеликобактер, консумирање расипана храна која предизвикува стомачни проблеми, што дополнително бара ефикасно природно решение. Во таква ситуација секако се наметнува потреба од поголемо внимание при изборот на храна, но тоа не е доволно, потребна е дополнителна помош, за надминување на настанатите потешкотии. Кое е решението? Како до ефикасна природна заштита за желудникот и цревата и регулирање на дигестијата, до подобрено празнење на цревата, секрецијата на жолчка како и третман на инфекции со Хеликобактер Пилори кои исто така може да се појават. Нутриционистите препорачуваат ГАСТРО ПРОТЕКТ со гастро алое уникатен, 100% природен дуален систем, кој помага во заштита и одржување на функцијата на органите за варење, желудникот и цревата, без никакви несакани ефекти. Додаток на исхрана кој содржи екстракт од органска сертифицирана Алое Вера (Barbadensis Miller), наменет за поддршка на здравјето и работата на дигестивниот систем. Овој природен додаток во исхрана комбинира природни состојки како Трипала комплекс (мешавина), екстракт од сладок корен (ликорица), алое вера и магнезиум, и е ефикасен за диететско регулирање на воспалителните процеси на гастроинтестиналниот тракт пропратени со нарушена дигестија, мачнини и болки (гастичен рефлукс, гастритис, колитис). Нарачајте на 02 512 88 88. „Храната која што ја внесуваме во организмот може да биде најбезбедниот и најмоќниот лек или отров со бавно дејство“ En Vigmor. До нас е што ќе одбереме! 2024-05-07 Toni Ivanoski...
Трета фаза од изборите во Индија – гласаше и премиерот Моди
Бизнис вести - пред 1 ден
Трета фаза од изборите во Индија – гласаше и премиерот Моди 07/05/2024 СВЕТ Индискиот премиер Нарендра Моди денеска гласаше во третата фаза од општите избори во Индија. Моди, кој се кандидира за својот трет мандат, гласаше на избирачко место во западниот индиски град Ахмедабад, во сојузната држава Гуџарат. Во пораката на социјалната мрежа Х, Моди ги повика Индијците да гласаат и на тој начин да ја „зајакнат демократијата“. Политичките аналитичари ја предвидоа победата на Нарендра Моди уште пред почетокот на изборите, кои се одржуваат од 19 април до 1 јуни, во вкупно седум фази. БЈП на Моди е против широкиот опозициски сојуз предводен од Индискиот национален конгрес и моќните регионални партии. Критичарите на премиерот велат дека индиската традиција на различност и секуларизам е нападната откако БЈП дојде на власт пред една деценија. Тие ја обвинуваат партијата за поттикнување верска нетрпеливост, а понекогаш дури и насилство. Партијата одговара на овие обвинувања со тврдење дека нејзината политика е од корист за сите Индијци. Речиси 970 милиони гласачи – повеќе од 10 отсто од светското население – избираат 543 членови на Долниот дом. На 4 јуни ќе се бројат гласовите од вкупно 28 држави во Индија. паг/Фото: ЕПА . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-07 Zoran Popov...
ИДФ објавија слики и снимки од тенковите на преминот Рафа
Бизнис вести - пред 1 ден
ИДФ објавија слики и снимки од тенковите на преминот Рафа 07/05/2024 СВЕТ Израелската војска (ИДФ) утринава објави фотографии и снимка како нејзините тенкови ја преземаат контролата врз палестинската страна од преминот Рафа во Појасот Газа, на границата со Египет, јави „Тајмс од Израел“. ИДФ наведе дека преминот беше заземен за време на „прецизна операција“ против Хамас во „ограничени реони на источен Рафа“. ИДФ додава дека имала „разузнавачки информации дека терористите го користеле местото на премин за терористички цели“. Токму од областа на преминот Рафа вчера Хамас истрела ракети кон областа Керем Шалом, во јужен Израел, при што загинаа четворица војници, а други беа ранети. Пред да ја почне операцијата, во текот на ноќта, ИДФ соопшти дека извршила „координација со меѓународните организации кои дејствуваат во областа, со барање да се движат кон хуманитарната област, како дел од напорите за евакуација на населението“, наведе „Тајмс од Израел“. сд/фото: ИДФ . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-07 Zoran Popov...
Најстудено утрово во Лазарополе
Бизнис вести - пред 1 ден
Најстудено утрово во Лазарополе 07/05/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Најниска температура утрово е измерена во Лазарополе од 3 степени Целзиусови. Следат Берово и Попова Шапка со 5 степени, 6 во Претор, 7 во Крива Паланка и Охрид, 8 Тетово, Маврови Анови, Битола, Демир Капија, 9 Скопје-Петровец, Прилеп, Гевгелија, Велес, 10 во Скопје-Зајчев Рид, Штип, Куманово, Крушево, Дојран, Кавадарци и 11 степени во Виница. Времето денеска сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во текот на ноќта ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 27 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во делови од котлината ќе има краткотраен пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне до 27 степени. вг/Фото: МИА Архива . Извор: МИА ВЕСТИ ЛОКАЛНО 2024-05-07 Zoran Popov...
Бразилскиот претседател побара од Конгресот прогласување природна катастрофа во државата Рио Гранде до Сул
Бизнис вести - пред 1 ден
Бразилскиот претседател побара од Конгресот прогласување природна катастрофа во државата Рио Гранде до Сул 07/05/2024 СВЕТ Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва денеска побара од Конгресот да прогласи природна катастрофа поради големите поплави што ја погодија најјужната држава Рио Гранде до Сул, при што загинаа осумдесет и пет лица. Над 130 лица се водат како исчезнати по поплавите во кои 150. 000 лица ги напуштија своите домови, извести Цивилната заштита. Покрај уништувањето на патишта и мостови во повеќе градови, предизвикани се и одрони кои се закануваат со уште поголема катастрофа. Поради тоа, бразилскиот претседател Лула бара од Конгресот да прогласи елементарна непогода во споменатата сојузна држава, со цел да се одобрат дополнителни буџетски средства, без оглед на фискалните правила усвоени минатата година со кои се пропишува горната граница на трошење на сојузните држави. – Дури кога водата ќе се повлече ќе видиме колкава е штетата. Засега сè уште немаме проценка, изјави бразилскиот министер за планирање и буџет Симоне Тебет. Иако дождовите се честа појава во овој период од годината во јужниот дел на Бразил, 72-годишниот Флавио Роса од гратчето Каноас вели дека никогаш во животот не видел уништување од ваков обем предизвикано од дождови. – Секако дека имало поплави и претходно, но никогаш вакво нешто, рече тој. Поради обилните дождови во јужен Бразил загинаа 60 лица, повеќе од 70 се водат како исчезнатиСпоред локалните временски прогнози, врнежите може да се вратат оваа недела во помали количества, а поголеми количества се очекуваат меѓу 10 и 15 мај. – На краток и на среден рок метеоролошките прогнози не се добри. И покрај подобрувањата во некои делови од земјава, некои области ќе бидат проследени со тешки временски услови подолго време, се наведува во прогнозата. Гувернерот на државата Рио Гранде до Сул, Едуардо Леите, предупреди дека бројот на жртви може да се зголеми бидејќи спасувачите ќе добијат пристап до се повеќе места. Поплавите не само што ја оштетија патната инфраструктура, туку и бројни фирми и фабрики што мораа да престанат со работа. сд/фото: МИА архива . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-07 Zoran Popov...
Во Русија приведен американски војник, кој бил во приватна посета на земјата
Бизнис вести - пред 1 ден
Во Русија приведен американски војник, кој бил во приватна посета на земјата 07/05/2024 СВЕТ Русија ги информираше САД за приведување на американски војник во Владивосток поради кршење на законот, изјави портпаролката на Пентагон, Синтија Смит. „Руските власти во Владивосток на 2 мај го уапсија американскиот војник под обвинение за криминално дело. Во согласност со Виенската конвенција за конзуларни односи, Русија го информираше Стејт департментот за приведувањето на американскиот војник“, изјави Смит. Таа рече дека американската војска го информирала семејството на војникот за инцидентот и додаде дека Стејт департментот обезбедува конзуларна поддршка на приведените припадници на американските вооружени сили. Претходно, во понеделникот, неименуван американски официјален претставник потврди дека американски војник кој отпатувал приватно во Русија неодамна бил приведен во таа земја. Апсењето на американскиот војник прв го објави Ен-Би-Си Њуз, наведувајќи дека руските власти го обвиниле војникот дека наводно крадел од жена. Неименуван американски функционер изјави дека американскиот војник бил стациониран во Јужна Кореја, од каде отишол на приватно патување во Русија. паг/Фото: МИА архива . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-07 Zoran Popov...
Хезболах соопшти дека извршил напад со дрон врз град во северен Израел, загинаа двајца војници
Бизнис вести - пред 1 ден
Хезболах соопшти дека извршил напад со дрон врз град во северен Израел, загинаа двајца војници 07/05/2024 СВЕТ Либанската група Хезболах соопшти дека извршила напад со беспилотно летало врз израелска воена позиција во близина на северниот град Метула. Израелската армија подоцна потврди дека во нападот загинале двајца војници. Проиранската организација исто така соопшти дека истрелала десетици ракети преку либанско-израелската граница врз воени цели на територијата на Израел. Израел и либанската групација, која собра огромен арсенал од 2006 година, во последните шест месеци си разменуваа секојдневни удари. Овој процес се одвива паралелно со војната меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас во Појасот Газа. Израел ја започна својата воена операција во Газа откако милитантите на Хамас извршија напад врз еврејската држава на 7 октомври минатата година. паг/Фото: МИА архива . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-07 Zoran Popov...
УНИЦЕФ: Околу 600.000 деца во Рафа немаа безбедно засолниште
Бизнис вести - пред 1 ден
УНИЦЕФ: Околу 600.000 деца во Рафа немаа безбедно засолниште 07/05/2024 СВЕТ Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) предупреди дека 600. 000 деца во Рафа немаат каде да одат на безбедно во случај на израелски напад и принудно раселување во тој град на југот од блокираниот Појас Газа. Израелската армија издаде итна наредба за евакуација на Палестинците во источните квартови на Рафа и ги повика да се преселат во градот Ал-Маваси на југ. „УНИЦЕФ повикува на заштита на цивилите и инфраструктурата што ги поддржува нивните основни потреби, како што се болниците и засолништата“, се вели во соопштението на агенцијата на ОН. Хуманитарната ситуација во Газа се влошува, а УНИЦЕФ изјави дека нападот на Рафа ќе има катастрофални последици за најмалку 600. 000 деца. „Рафа сега е град каде што децата нема каде да одат на безбедно во Газа“, рече Кетрин Расел, извршна директорка на УНИЦЕФ. Таа изјави дека некои од овие деца биле раселени повеќе пати и ги изгубиле своите домови и семејства, нагласувајќи ја потребата да се заштитат. Во соопштението се наведува дека во Рафа во моментов има 78. 000 деца на возраст под две години и 175. 000 деца на возраст од пет години, при што 8. 000 деца до две години се соочуваат со акутна неухранетост и 65. 000 деца со пречки во развојот. паг/Фото: МИА архива . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-07 Zoran Popov...
АНАЛИЗА: За само три месеци “внатрешниот долг“ зголемен за 82 милиони евра
Бизнис вести - пред 1 ден
АНАЛИЗА: За само три месеци “внатрешниот долг“ зголемен за 82 милиони евра 07/05/2024 ЕКОНОМИЈА Општинските јавни претпријатија, државните фирми и ЈП, здравството, за три месеци ги зголемиле доспеаните а неплатени обврски. На крајот на март внатрешниот долг се приближи до половина милијарда евра, пишува Порталб.мк. И натаму највисоките должнички суми се по основ на градежни работи, комуналии, материјали и ситен инвентар. Долгот на државните ЈП и фирми е зголемен за повеќе од двојно.. Вкупниот внатрешен долг на крајот на првиот квартал од годинава достигна дури 490 740 000 евра што е за 82 000 000 евра повеќе во однос на состојбата на крајот од декември. Новите податоци од Министерството за финансии покажуваат дека за само три месеци доспеаните а неплатени обврски ги зголемиле Јавните претпријатија и државните фирми, општинските Јавни претпријатија, јавните здравствени установи, министерствата, агенциите. Конкретно доспеаните а неплатени обврски на ЈП на централно ниво и државните АД и фирми на крајот од март достигнале износ од 235,4 милиони евра што е за дури 69 милиони евра повеќе во однос на состојбата на крајот од 2023 година. Општинските ЈП во првиот квартал од годинава пријавиле доспеан долг во износ од 76,7 милион евра или 700 000 евра повеќе во однос на последниот квартал од лани. Доспеани а неплатени обврски Март 2024 Декември 2023 Државни ЈП и државни фирми 235 410 000 евра 167 500 000 евра Општински ЈП 76 752 000 евра 76 073 500 евра Јавни здравствени установи 73 075 000 евра 61 300 000 евра Буџетски корисници -прва линија 12 614 300 евра 12 353 000 евра Извор: МФ Јавните здравствени установи, болници, клиники, во првите три месеци од оваа година имале вкупен доспеан а неплатен долг во износ од 73 милиони евра што е за 11.7 милиони евра повеќе во однос на состојбата со долгот на крајот од 2023 та година. Буџетските корисници од прва линија во кои спаѓаат и министерствата, на крајот од март пријавиле доспеани а неплатени обврски во износ од 12,6 милиони евра што е за 261 000 евра повеќе во однос на состојбата во последниот квартал од 2023 та. Милионски долгови за комуналии, договорни услуги, трансфери.. Споредбената анализа на “Порталб“ покажува дека има драматичен раст на доспеаните а неплатени обврски по основ на “други градежни работи“ односно во март долгот достигнал скоро 55,3 милиони евра што е за 26,2 милиони евра зголемување за само три месеци. Досепани а неплатени обврски (март 2024) Други градежни работи 55 271 000 евра Комунални услуги 119 500 000 евра Материјали и ситен инвентар 65 808 000 евра Договорни услуги 49 300 000 евра Трансфери до невладини орган. 458 000 евра Субвенции за ЈП 62 000 евра Извор: МФ На крајот од третиот квартал во однос на состојбата на крајот на декември лани доспеаните а неплатени обврски се зголемени по повеќе основи : за комунални услуги, греење, транспорт обврските достигнаа 119,5 милиони евра, за материјали и ситен инвентар 65,8 милиони евра, за договорни услуги долговите достигнаа 49,3 милиони евра а значајно се зголемени и долговите по основ на “субвенции за јавните претпријатија“ кои на крајот од март достигнаа износ од 62 000 евра додека износот што се должи по основ на “трансфери до невладини организации“ се приближи до 500 000 евра. На новата должничка листа во “првите десет“ влегоа и ЈП за државни патишта со пријавени доспеани а неплатени обврски во износ од 20,2 милиони евра, ЕСМ снабдување со долг од 11,8 милиони евра и АД Елем со должнички износ од 15,5 милиони евра. Новите податоци за внатрешниот долг покажуваат дека сите општини заедно го намалиле долгот но, пединечно, дел од општините само за три месеци пријавиле значјно зголемени неплатени обврски за што “Порталб“ ќе објави податоци во следната Анализа. 2024-05-07 Toni Ivanoski...
ИДФ воспоставија контрола врз палестинската страна на преминот Рафа, соопшти израелското армиско радио
Бизнис вести - пред 1 ден
ИДФ воспоставија контрола врз палестинската страна на преминот Рафа, соопшти израелското армиско радио 07/05/2024 СВЕТ Израелските сили (ИДФ) воспоставија контрола врз палестинската страна на граничниот контролен премин Рафа, што се наоѓа на границата на Појасот Газа со Египет, јавија британските медиуми, повикувајќи се на соопштение на израелското армиско радио. Портпаролот на граничните власти на Газа изјави за британските медиуми дека контролниот пункт од палестинска страна е затворен поради присуството на израелски тенкови. Претходно денеска, палестински функционер за безбедност и египетски претставник за американските медиуми изјавија дека израелски тенкови влегле во градот Рафа и се наоѓаат на само 200 метри од преминот. сд/фото:ЕПА . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-07 Zoran Popov...
Пленковиќ тврди дека има повеќе од 76 пратеници за состав на влада
Бизнис вести - пред 1 ден
Пленковиќ тврди дека има повеќе од 76 пратеници за состав на влада 07/05/2024 СВЕТ Претседателот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) и на техничката влада Андреј Пленковиќ по седницата на претседателството на партијата изјави дека има повеќе од 76 пратеници кои се подготвени да го поддржат. На парламентарните избори во Хрватска на 17 април ХДЗ го освои мнозинството мандати во Парламентот, но недоволно за сама да формира влада, па претходните денови имаше интензивни преговори за можни коалиции, а десницата Татковинско движење е најголемиот коалициски потенцијал на кој смета ХДЗ. „Разговорите продолжуваат утре. Денеска имавме средба со сите колеги кои беа заедно со ХДЗ на листите на изборите, сите тие пратеници, а ги има шестмина, ми даваат силна поддршка како иден мандатар за состав на нашата трета влада“, рече Пленковиќ по вчерашниот состанок. Тој најави дека денеска ќе се сретне и со претставници на националните малцинства, а потоа и со претставници на Татковинското движење. „Работите во преговорите за формирање на парламентарното мнозинство и влада се движат во добра насока“, рече Пленковиќ. паг/Фото: МИА архива . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-07 Zoran Popov...
Израелски тенкови и сили влегоа во градот Рафа, на југот од Газа, јавија палестински и египетски претставници
Бизнис вести - пред 1 ден
Израелски тенкови и сили влегоа во градот Рафа, на југот од Газа, јавија палестински и египетски претставници 07/05/2024 СВЕТ – Израелски тенкови и сили влегоа во градот Рафа, на југот од Газа, каде стигнаа на околу 200 метри од границата со Египет, изјавија палестински и египетски официјални лица кои побараа да останат анонимни, пренесуваат американските медиуми. Египетски функционер изјави дека се чини дека станува збор за операција од ограничен обем и дека израелските власти го информирале Египет дека војниците ќе се повлечат по завршувањето на операцијата. Израелските одбранбени сили (ИДФ) одбија да ги коментираат наводите, а американските медиуми не можат независно да го одредат опсегот на операцијата. Информациите доаѓаат еден ден откако Израел нареди евакуација на повеќе од 100. 000 Палестинци од Источен Рафа во „безбедна зона“ во близина на градот Кан Јунис. Израелските одбранбени сили (ИДФ) претходно соопштија дека изведуваат „целни напади“ против палестинската милитантна група Хамас во источниот дел на Рафа, а палестинските власти соопштија дека во воздушните напади загинале најмалку пет лица. Израелскиот воен кабинет вчера одлучи да ја спроведе планираната операција во Рафа со цел „да изврши воен притисок врз Хамас“, и покрај претходната изјава на Хамас дека палестинската група се согласила со египетско-катарскиот предлог за прекин на огнот. Израелскиот кабинет објави дека целта на „операцијата“ во Рафа е да се постигне напредок во ослободувањето на заложниците, како и други воени цели. сд/фото:ЕПА . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-07 Zoran Popov...
Стано: Амбасадорите на ЕУ, САД, Германија, Велика Британија, Балтичките земји, нема да присуствуваат на инаугурацијата на Путин
Бизнис вести - пред 1 ден
Стано: Амбасадорите на ЕУ, САД, Германија, Велика Британија, Балтичките земји, нема да присуствуваат на инаугурацијата на Путин 07/05/2024 СВЕТ Денеска во Москва ќе се одржи инаугурацијата на старо-новиот руски претседател, Владимир Путин, со што и официјално ќе започне неговиот петти шестгодишен мандат, а на церемонијата нема да присутвуваат амбасадорите на Европската унија и на САД во Москва. Портпаролот на ЕУ, Петер Стано, изјави дека одлуката е во согласност со ставот на мнозинството земји-членки на Унијата. -Нашиот амбасадор нема да присуствува, а нема да присуствуваат ни повеќето земји-членки, рече Стано, пренесен од британските медиуми. Портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер, изјави дека американскиот амбасадор во Москва нема да присуствува на инаугурацијата на рускиот претседател. Британските медиуми вчера објавија дека францускиот амбасадор во Русија ќе присуствува на инаугурацијата, за разлика од Германија, која нема да испрати свој претставник. Неименуван извор изјавил дека Париз претходно го осудил „контекстот на репресија во кој се одржаа изборите, лишувајќи ги гласачите од вистински избор“, како и организирањето избори на украинските територии „окупирани“ од Русија, за кои Франција смета дека е кршење на меѓународното право и повелбата на Обединетите нации. Германија најави дека нема да испрати свој претставник на инаугурацијата на Путин. Делегација на Велика Британија, исто така, нема да присуствува на денешната церемонија, соопшти Форин Офисот. -Велика Британија нема да испрати свој претставник на инаугурацијата на претседателот Владимир Путин, изјави портпаролот на британското Министерство за надворешни работи, пренесен од британските медиуми. Министерството за надворешни работи на Украина ги повика сојузниците на Киев да не го признаваат Путин како легитимен претседател на Русија. „Украина не гледа правна основа да го признае како демократски избран и легитимен претседател на Руската Федерација“, се наведува во соопштението. И Балтичките земји, кои веќе немаат дипломатски претставници во Москва, исто така, категорично ја отфрлија можноста да присуствуваат на инаугурацијата на Путин. сд/фото: ЕПА . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-07 Zoran Popov...
Здружението „За нас“ ќе донира оброци за бездомни лица
Бизнис вести - пред 1 ден
Здружението „За нас“ ќе донира оброци за бездомни лица 07/05/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Унијата на Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри, предводена од Здружението „За нас“, по повод меѓународната недела на сестринството, што секоја година се одбележува во периодот од 5 до 12 мај, денеска ќе донира оброци за бездомни лица во реонот на Скопје. – Во соработка со хуманитарната организација „Свети Спас“ и отецот Оливер Петровски, во црквата „Свети Петар и Павле“, Горно Лисиче, во црковно – народната кујна, здружението „За нас“ ќе донира намирници со што ќе се подготвуваат оброците. Подоцна, истите ќе бидат разнесени низ пунктовите за 230 штитеници во црквите „Свети Спас“ во Драчево, „Свети Николај Чудотворец“ во Аеродром, „Свети Архангел Михаил“ во Автокоманда, „Свети Јован Крстител“ во Бутел и во „Свети Петар и Павле“ во Ѓорче Петров, се наведува во соопштението на здружението. Според претседателката Гордана Бешлиовска, ова е уште еден момент каде тие сакаат да ја истакнат хуманата страна на нивната професија. – Особено во еден ваков период, кога се во тек големите велигденски празници и празнувањето на меѓународната недела на медицинската сестра. Нека биде ова пример и поттик за секој поединец или поголема организација, што се во можност да придонесат кон градењето на поголема општествена одговорност, се наведува во нејзината писмена изјава. бд/вг/Фото: лого . Извор: МИА ВЕСТИ ЛОКАЛНО 2024-05-07 Zoran Popov...
Одбележување на Денот на полицијата, посебен сообраќаен режим во општина Аеродром
Бизнис вести - пред 1 ден
Одбележување на Денот на полицијата, посебен сообраќаен режим во општина Аеродром 07/05/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Во Скопје денеска ќе се одржи централното одбележување на 7 Мај – Денот на македонската полиција. Централната прослава ќе биде во паркот кај авиончето во општина Аеродром каде се најавени обраќања на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев. На одбележувањето на Денот на македонската полиција ќе присуствуваат и претставници на дипломатскиот кор во земјата, а во рамки на прославата предвидени се изложба и презентација на опрема на различни полициски единици. Поради одбележувањето на Денот на македонската полиција во периодот од 8 до 18 часот ќе биде воведен пособен сообраќаен режим во овој дел од градот. Затворен за сообраќај ќе биде булеварот „АСНОМ“ на потегот од крстосницата со булевар „Србија“ до крстосницата со булевар „Февруарски поход“. бак/вг/Фото: МИА архива . Извор: МИА ВЕСТИ ЛОКАЛНО 2024-05-07 Zoran Popov...
Литија со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“ во Струга
Бизнис вести - пред 1 ден
Литија со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“ во Струга 07/05/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО На раскошно украсени епитафи и традиционалните торжества, моштите на „Свети Георгиј Победоносец“, чудотворната икона на светецот и Крнинската икона на Богородица, денеска ќе ја осветат Струга. Традиционално, на 7 мај, моштите и чудотворните икони носени од угледни граѓани, предводени од локалното свештенство и братството и сестринството од Бигорски, манастирите во Рајчица и Пречиста, по вечерната служба ќе тргнат од храмот „Свети Георгиј“ и ќе поминат низ струшките улици, покрај кејот на реката Црн Дрим, низ Чаршијата придружувани од голем број верници. Сестра Ефимија од женскиот манастир во Рајчица за МИА информира дека и годинава поворката ќе ја води церемонијално полициско возило, кое на симболичен начин ќе го одбележи чествувањето на свети великомаченик Георгиј, како покровител на полициските и безбедносни сили. Меѓу возилото и литијата ќе дефилира коњаник, облечен во римска трибунска воена облека, изработена од автентични материјали, којашто е верна копија на оригиналните воени оклопи од тоа време, дело на познат италијански експерт за историјата на древната Римска империја. Коњаникот, кој во раката ќе држи палмова гранка како симбол на мирот, ќе има улога на посебен редар и најавувач на процесијата. – На чело на Еордијата ќе биде член од Бигорското братство со клепало, потоа носачи на крстови, рипиди, знамиња, псалти и братството на Бигорскиот манастир, оркестарот на Град Скопје, чудотворните икони на Свети Георгиј Победоносец и Пресвета Богородица – Крнинска, сестринствата од манастирите во Рајчица и Пречиста, свештенството на Дебарско-кичевската епархија, митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и епископот Антаниски г. Партениј, и најпосле, најголемата светиња – моштите на светецот во раскошно украсен епитаф, појаснува сестра Ефимија. Моштите, додава, и овој пат ќе бидат носени од четворица видни граѓани, а ќе бидат придружувани и чувани од четворица капетани од сејменската гарда на Бигорскиот манастир, облечени во традиционална мијачка носија, со сејменски ќостек на градите, на којшто е претставен ликот на Свети Јован Крстител. Зад сердарите ќе оди сејменската гарда, чии членови ќе бидат, исто така, облечени во традиционални мијачки носии, со ќостек на градите со ликот на Свети Георгиј Победоносец. – Традиционално, моштите на светецот ќе пристигнат од нашиот манастир во Рајчица, а чудотворната икона на Пресвета Богородица од манастирот Пречиста во Кичево. Овие големи светињи ќе бидат поставени за поклонение во храмот „Свети Георгиј“ во Струга. Во 16 часот ќе биде отслужена ктиторската вечерна богослужба, после што ќе следи Еордијата, која ќе започне веднаш по богослужбата во 17 часот. Литијата ќе тргне од храмот на светителот, ќе поминува низ централните градски улици, од другата страна на кејот на реката Црн Дрим, низ Чаршијата и повторно ќе се врати во црквата, истакна сестра Ефимија. Верниците и сите добронамерници ќе се движат после гардата, а оние кои не можат да се вклучат во Литијата, ќе останат на двете страни од улиците и заедно со дечињата облечени во народна носија ќе ги поздравуваат моштите со зборовите „Христос воскресна! Навистина воскресна!”. сс/вг/Фото: МИА архива . Извор: МИА ВЕСТИ ЛОКАЛНО 2024-05-07 Zoran Popov...
Сончево и топло со мала до умерена облачност
Бизнис вести - пред 1 ден
Сончево и топло со мала до умерена облачност 07/05/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 27 степен. Во следните три дена под влијание на влажни бранови во поголем дел од земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време и засилен ветер. Дневните температури од четврток ќе бидат во опаѓање. Во деновите од викендот условите за нестабилност ќе се намалат. вг/Фото: МИА Архива . Извор: МИА ВЕСТИ ЛОКАЛНО 2024-05-07 Zoran Popov...
Израел испраќа делегација на преговорите и ги продолжува операциите во Рафа за да изврши воен притисок врз Палестинците
Бизнис вести - пред 1 ден
Израел испраќа делегација на преговорите и ги продолжува операциите во Рафа за да изврши воен притисок врз Палестинците 07/05/2024 СВЕТ Израел синоќа соопшти дека ќе испрати делегација на посредничките преговорите со Хамас, откако милитантната палестинска организација го прифати катарско-египетскиот предлог за прекин на огнот, додека продолжува со операциите во Рафа со цел да „изврши воен притисок“ врз Палестинците. „Израел ќе испрати делегација (. . . ) на посредувањето за да ги исцрпи можностите за постигнување договор за примирје, дури и доколку предлозите на Хамас се далеку од суштинските барања“ на Израел, се наведува во соопштението од канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху. „Воениот кабинет одлучи да ја продолжи операцијата во Рафа со цел да изврши воен притисок врз Хамас“, се додава во соопштението. сд/фото:МИА архива . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-07 Zoran Popov...
Рамноправноста и финансиската независност на жените главни теми на средбата на министрите за еднаквост на ЕУ
Бизнис вести - пред 1 ден
Рамноправноста и финансиската независност на жените главни теми на средбата на министрите за еднаквост на ЕУ 07/05/2024 СВЕТ – Застапеноста на жените на раководни позиции и нивните економско зајакнување, финансиска независност и рамноправност ќе бидат главни теми на заседанието на Совет за труд, социјална политика, здравство и прашања на потрошувачите на ниво на министри одговорни за родова еднаквост. Според дневниот ред на состанокот, како што јави дописникот на МИА од Брисел, министрите ќе дебатираат за положбата на жените во јавниот живот, со посебен фокус на начините на подобрување на нивната застапеноста на раководни позиции и на места на кои се носат одлуки. Советот ќе ги разгледува и доколку се постигне консензус би можел и да ги одобри заклучоците за економското зајакнување и финансиската независност на жените, како начин за обезбедување на суштинска родова еднаквост. Со заклучоците се предлага воведување мерки за надминување на половиот јаз во висината на платите, за поддршка на жртвите на родово базирано насилство и за подобрување на достапноста до податоците за финансиската независност на жените. Предвидено е министрите да расправаат и за Предлог-директива за еднаков третман, која има за цел да го воспостави принципот на еднаков третман меѓу луѓето без разлика на нивната верска припадност или убедување, попреченост, возраст или сексуална ориентација. Меѓу останатите точки на дневниот ред на Советот се и пристапувањето на ЕУ кон Истанбулската конвенција, состојбата со насилството врз жените и настани организирани од белгиското претседателство со Унијата посветена и прашања поврзани со еднаквоста. сп/ Фото: МИА Архива . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-07 Zoran Popov...
Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска
Бизнис вести - пред 1 ден
Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска 06/05/2024 ПРЕТПРИЕМНИШТВО Носечки клуб на македонската сениорска карате-репрезентација на претстојното Европско првенство е „Макпетрол“. Осум членови на скопскиот клуб ќе се натпреваруваат на најсилниот турнир на континетот што ќе се одржи во Задар од 8 до 12 мај. Тие изминативе денови одржаа интензивни подготовки во Струга, а по нивното успешно комплетирање, заминаа за Хрватска. Пет спортисти од вкупно осум, кои се повикани за националниот тим, ќе настапат во поединечните категории во дисциплината кумите, а тоа се: Петар Заборски (-75кг.), Петар Спасеновски (-84кг.), Данило Божовиќ (+84 кг.), Симона Заборска (-55кг.) и Ангела Мојсовска (-68кг.) За дисциплините борби во екипна конкуренција се повикани: Викторија Јовановска, Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ. Сите горенаведени натпреварувачи, кои ќе настапат во поединечна конкуренција за тимот на Македонија, се пријавени и во екипна конкуренција во составите на машкиот и женскиот кумите тим за Европското првенство во Задар. – Во реализацијата на програмата за успешна подготвеност, нашите сениори од самиот почеток на годината, учествуваа на сите највисоко рангирани првенства и светските карате премиер лиги. Завршните подготовки, исто така, се многу значаен сегмент за правилно темпирање на формата, како финален дел од планот за подготвеност на спортистите за овој шампионат. Со малку спортска среќа, која секогаш е неопходна, очекуваме да имаме и добар настап на ова највисоко рангирано континентално првенство за оваа година – изјави Бошко Заборски, тренер на „Макпетрол“. Претседателот на КФРСМ, Дејан Чолески, ги посети репрезентативците во нивниот камп во Струга. На Европското првенство во Задар, пријавени се 600 спортисти од 50 држави. 2024-05-06 Toni Ivanoski...
ЕК предложи запирање на постапката против Полска за непочитување на принципите на владеење на правото
Бизнис вести - пред 2 дена
ЕК предложи запирање на постапката против Полска за непочитување на принципите на владеење на правото 06/05/2024 СВЕТ – Европската комисија денеска ја заврши својата анализа за состојбата со владеењето на правото во Полска во однос на постапката покрената според член 7 став 1 од Договорот за ЕУ и заклучи дека повеќе „не постои јасен ризик од сериозно прекршување на владеењето на правото“ во земјата, соопшти портпаролот на ЕК за правда, еднаквост и владеење на правото Кристијан Виганд. Според него, врз основа на ваквиот заклучок, Еврокомисијата решила да ги информира Советот на ЕУ и Европскиот парламент оти планира да ја затвори постапката што беше покрената против Полска врз основа на нејзиниот предлог од 2017 година. – Полска започна серија законодавни и други мерки за да одговори на загриженоста за независноста на правосудниот систем. Таа го призна приматот на правото на ЕУ и е посветена на спроведување на сите пресуди на Судот на правдата на Европската Унија и Европскиот суд за човекови права поврзани со владеењето на правото, истакна Виганд. Тој додаде дека Комисијата усвоила и „информативна белешка“ што потпретседателката на ЕК задолжена за вредности и транспарентност Вера Јоурова ја испратила до Советот на ЕУ за до го информира за одлуката, а известување е доставено и до Европскиот парламент. Виганд ја пренесе и пораката на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во врска со ваквата одлука во која таа нагласува дека денешниот ден означува ново поглавје за Полска- По повеќе од шест години, веруваме дека постапката од член 7 став 1 може да биде затворена. Им честитам на (полскиот) премиер Доналд Туск и на неговата Влада за овој важен чекор напред. Тоа е резултат на нивната напорна работа и решителни реформски напори. Тековната обнова на владеењето на правото во Полска е одлична за полскиот народ и за нашата Унија во целина. Тоа е доказ за издржливоста на владеењето на правото и демократијата во Европа, додава Фон дер Лајен во пораката. Во образложените на својата одлука, ЕК потсетува дека на 20 февруари годинава Полска пред Советот за општи работи на ЕУ (ГАК) го претстави својот Акциски план за владеење на правото, како одраз на посветеноста да одговори на сериозните грижи Комисијата. Според ЕК, усвојувањето на јасна програма во форма на Акциски план и фактот дека Полска ги презеде првите конкретни чекори за негово спроведување, биле релевантни елементи за проценка на ризикот по владеењето на правото. – Откако ги испита овие фактори, Комисијата заклучува дека веќе не постои јасен ризик од сериозно прекршување на владеењето на правото. Во овој контекст, важно е да се забележи дека Полска му се приклучи на Европското јавно обвинителство на 29 февруари 2024 година. Затоа, Комисијата има намера да го повлече својот предлог и го повикува Советот да даде какви било забелешки што би ги сметал за соодветни, се додава во образложението. Согласно процедурата, Јоурова ќе треба ја претстави одлуката на Комисијата на следниот состанок на Советот за општи работи, кој треба да се произнесе по неа. Доколку Советот ја поддржи одлуката, тогаш Еврокомисијата и формално ќе ја запре постапката против Полска. сп/Фото: МИА Архива . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-06 Zoran Popov...
Агенцијата на ОН за помош на Палестинците УНРВА одби да се евакуира од Рафа
Бизнис вести - пред 2 дена
Агенцијата на ОН за помош на Палестинците УНРВА одби да се евакуира од Рафа 06/05/2024 СВЕТ – Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА) денеска соопшти дека нема да ја почитува наредбата на израелската војска за евакуација од Рафа, на југот на Појасот Газа. Џулиет Тума, директорка за комуникации на УНРВА, рече дека агенцијата не ја евакуирала областа и оти не планира да го стори тоа. Таа рече дека во градот има илјадници вработени. – УНРВА нема да учествува во каква било присилна евакуација на жителите во Рафа или каде било во Газа. Ние сме решени да останеме и да испорачаме хуманитарна помош, рече Тума и повика на прекин на огнот. Односите меѓу Израел и УНРВА долго време беа затегнати и влошени за време на седуммесечната војна. Израел ја обвини агенцијата за соработка со терористичката организација Хамас и повика на нејзино затворање. УНРВА, најголемата меѓународна агенција која обезбедува помош и услуги за Газа, ги отфрли обвинувањата. Израелската војска денеска им нареди на десетици илјади луѓе во Рафа да се евакуираат, сигнализирајќи дека долго најавуваната копнена инвазија на градот најверојатно ќе почне наскоро. јт/Фото: МИА архива . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-06 Zoran Popov...
КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција утре на заедничка вежба, Улуташ: Ја демонстрираме готовноста за зачувување на регионалната стабилност
Бизнис вести - пред 2 дена
КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција утре на заедничка вежба, Улуташ: Ја демонстрираме готовноста за зачувување на регионалната стабилност 06/05/2024 СВЕТ – Мировната мисија на НАТО во Косово, КФОР, заедно со Мисијата на Европската унија за владеење на правото, ЕУЛЕКС и полицијата на Косово утре ќе одржат заедничка вежба, насловена „Златна сабја 2024“, јави дописникот на МИА од Приштина. Во денешното соопштение на КФОР се вели дека вежбата што ќе се одржи во кампот Врело ќе ги тестира вештините за спроведување заеднички процедури во справувањето со кризи и безбедносни сценарија. „Во вежбата ќе бидат вклучени значителен број на персонал, возила и опрема кои ќе дејствуваат низ областа во која ќе се изведе, како и неговата околина и долж главните патишта. ’Златна сабја 2024‘ е одраз на нашата долгорочна соработка и посветеност за поддршка на стабилна безбедност на цело Косово, за доброто на заедниците“, се вели во соопштението на КФОР. Командантот на КФОР, Озкан Улуташ вели дека оваа вежба ја симболизира посветеноста на мисијата на мирот и стабилноста на Косово и ќе ја покаже подготвеноста за зачувување на регионалната стабилност. „Со здружување на силите и способностите, ја покажуваме нашата подготвеност да се справиме со предизвиците и нашата посветеност за зачувување на регионалната стабилност. Очекуваме успешно завршување на оваа вежба и постојана соработка меѓу сите вклучени“, рече командантот на КФОР. КФОР како и обично нагласува дека продолжува да го спроведува својот мандат на ОН – врз основа на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност од 1999 година – да обезбеди безбедна средина за сите луѓе кои живеат во Косово, како и слобода на движење, во секое време и непристрасно. „КФОР е третиот безбедносен одговор, по косовската полиција и Мисијата на ЕУ за владеење на правото (ЕУЛЕКС), кои дејствуваат соодветно како прв и втор безбедносен одговор“, велат од мировната мисија на НАТО. иа/ . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-06 Zoran Popov...
Стано: ЕУ се уште не решила дали ќе учествува на инаугурацијата на Путин, Борел е против присуство
Бизнис вести - пред 2 дена
Стано: ЕУ се уште не решила дали ќе учествува на инаугурацијата на Путин, Борел е против присуство 06/05/2024 СВЕТ – Европската Унија и нејзините земји членки засега се уште не решиле дали ќе присуствуваат на утрешната инаугуративна церемонија во Москва со што официјално треба да започне новиот мандат на рускиот претседател Владимир Путин, соопшти денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано. – Можам да потврдам дека поканата од Кремљ за утрешната инаугурација на Путин е пристигната и до земјите членки и до Делегацијата на ЕУ во Москва. Ние секогаш имаме за цел да изградиме координиран европски пристап кога е во прашање надворешната политика, па во моментов меѓу земјите членки се дискутира како да се одговори земајќи ги предвид сите релевантни елементи, истакна Стано. Тој нагласи дека засега не е донесена никаква конечна одлука во однос на поканата, но потенцира дека високиот претставник на ЕУ за надворешна политика безбедност Жозеп Борел е против учество на претставници на Унијата на овој настан во Москва. сп/Фото: ЕБС . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-06 Zoran Popov...
Израелците со двеминутно молчење им оддадоа почит на жртвите на холокаустот
Бизнис вести - пред 2 дена
Израелците со двеминутно молчење им оддадоа почит на жртвите на холокаустот 06/05/2024 СВЕТ – Израелците денеска одржаа двеминутно молчење за жртвите на Холокаустот, 80 години по убиството на шест милиони Евреи од страна на нацистите во Европа и Северна Африка. Сирените се огласија низ Израел точно во 10 часот по локално време за комеморацијата на загинатите Евреи во Втората светска војна. Пешаците и возилата запреа на улиците и главните автопати, а возачите и патниците излегоа со наведнати глави, јавија израелските медиуми. По двеминутно молчење, почна церемонијата во Меморијалниот центар на холокаустот Јад Вашем во Ерусалим по повод Денот на сеќавањето на жртвите. Синоќа во Јад Вашем, на почетокот на одбележувањето на Денот на сеќавање на холокаустот, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека денес, како и тогаш, пред осум децении, доколку Евреите бидат принудени сами да се спротивстават на непријателот, Израел ќе го направи тоа. – Пред осумдесет години во холокаустот, еврејскиот народ беше целосно беспомошен против оние кои тежнееја кон наше уништување. Ниту една земја не дојде да ни помогне. Денес повторно се соочуваме со непријател кој сака да не уништи, рече израелскиот лидер, алудирајќи на меѓународно спротивставување на воената операција во Рафа во Газа, закани со потерници од Меѓународниот кривичен суд во Хаг и критики за однесувањето на израелската армија во борбите на палестинската територија. Нетанјаху рече дека нема притисок, одлука, меѓународен форум што ќе го спречи Израел да се брани. Тој го отфрли меѓународниот притисок да се запре војната во Газа. – Како премиер на Израел, една и единствена еврејска држава, ветувам овде од Ерусалим на Денот на сеќавањето на холокаустот, ако Израел биде принуден да стои сам, Израел ќе застане сам, рече израелскиот премиер и оцени дека Израел не е сам затоа што безброј достојни луѓе ширум светот ја поддржуваат каузата на земјата. Тој го спомена и американскиот претседател Џозеф Бајден, велејќи дека американскиот лидер е посветен на одговорноста научена од холокаустот. – На Денот на сеќавањето на Холокаустот, жалиме за шесте милиони Евреи кои беа убиени во едно од најтемните поглавја во човечката историја, објави Бајден на X, додавајќи дека ја повторува својата посветеност на лекциите од Холокаустот и ветувањето за „никогаш повторно“. јт/Фото: ЕПА . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-06 Zoran Popov...
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
Бизнис вести - пред 2 дена
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција 06/05/2024 СВЕТ – Едно лице е тешко повредено во експлозија во станбена зграда во турскиот град Текирдаг, северозападна Турција. Засега не е познато што ја предизвикало експлозијата во станот на последниот кат од петкатницата, а како што неофицијално дознава телевизијата ТРТ најверојатно експлодирала плинска боца. Од силината на експлозијата оштетени се ѕидовите во станот, а искршени се прозорците. јт/Фото: ТРТ . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-06 Zoran Popov...
Русија најави вежби на тактичките нуклеарни сили
Бизнис вести - пред 2 дена
Русија најави вежби на тактичките нуклеарни сили 06/05/2024 СВЕТ – Русија ќе спроведе вежба на своите тактички нуклеарни сили по наредба на претседателот Владимир Путин, соопшти денеска Министерството за одбрана во Москва. Во соопштението не се наведува дали проектилите ќе бидат опремени со нуклеарни боеви глави. Русија претходно спроведуваше обука на нуклеарни сили без нуклеарни боеви глави, потсетува ДПА. – Како дел од вежбата ќе бидат спроведени низа активности за вежбање на подготовка и употреба на нестратешко нуклеарно оружје, соопшти руското Министерство за одбрана. Засега е нејасно кога и каде точно ќе почне вежбата во која се вклучени јужниот одбранбен округ и поморските сили. Руската војска во октомври истрела две интерконтинентални ракети и неколку крстаречки ракети за обука и одвраќање. Вежбата, која ја најави, ја оправда со наводни „провокативни изјави и закани од поединечни западни функционери против Руската Федерација“. Од почетокот на нејзината војна против Украина пред повеќе од две години, руските претставници постојано се обидуваа да ја тестираат меѓународната поддршка за Киев со поттикнување стравувања од нуклеарна војна. јт/Фото: МИА архива . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-06 Zoran Popov...
ОН ја осудија забраната на Ал Џезира во Израел
Бизнис вести - пред 2 дена
ОН ја осудија забраната на Ал Џезира во Израел 06/05/2024 СВЕТ – Обединетите нации ја истакнаа важноста на слободата на медиумите по одлуката на Израел да ја забрани Ал Џезира во земјата. – Ние сме силно против секоја одлука за укинување на слободата на медиумите. Слободните медиуми обезбедуваат непроценлива услуга за да се обезбеди јавноста да биде информирана и ангажирана, изјави синоќа во Њујорк портпаролот на ОН Стефан Дужарик. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера соопшти дека неговиот кабинет едногласно гласал за затворање на телевизијата Ал Џезира во Израел. Телевизијата ја осуди одлуката и истакна дека ќе ги искористи „сите можности“ за заштита на своите права и вработените. јт/ . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-06 Zoran Popov...
Во Чад се одржуваат претседателски избори по тригодишно воено владеење
Бизнис вести - пред 2 дена
Во Чад се одржуваат претседателски избори по тригодишно воено владеење 06/05/2024 СВЕТ – Во Чад денеска се одржуваат претседателски избори со кои треба да се стави крај на тригодишната воена администрација и да се воспостави демократија, но наместо тоа, се чини дека најверојатно ќе ја зацврсти контролата на власта на привремениот претседател, пренесе ДПА. Генералот Махамат Идрис Деби Итно (40), кој ја презеде власта во 2021 година, го суспендираше уставот и беше поставен за претседател на Преодниот воен совет, е фаворит меѓу 10-те кандидати. Тој стана лидер на централната африканска нација кога неговиот татко, кој репресивно владееше со Чад од 1990 година, почина од рани здобиени на линијата на фронтот додека ги посетуваше војниците на северот кои се бореле со бунтовниците. Земјата со околу 19 милиони жители никогаш не доживеала мирен трансфер на власта од нејзината независност од поранешната колонијална сила Франција во 1960 година. Деби вети дека неговото претседателствување е само привремено место додека Чад не премине во нова демократска влада. Но, тој ги уништи демонстрациите на опозицијата, а гласачите и набљудувачите се сомневаат дека изборите ќе бидат фер. Чад, петтата по големина земја во Африка и четвртата најсиромашна земја во светот, се наоѓа на важна раскрсница во центарот на Африка. Таа, исто така, беше важен западен сојузник во нестабилниот дел од светот. Чад се граничи со Судан и неговиот регион Дарфур, кој беше погоден од етнички масакр пред 20 години. Набљудувачите велат дека ризикот од сегашната граѓанска војна во Судан, која беснее повеќе од една година, е со висок ризик да прерасне во нов геноцид во Дарфур. Повеќе од 600. 000 луѓе избегаа од Судан во источен Чад, а повеќе пристигнуваат секој ден. На запад и југ, земјата се граничи со Нигер и Нигерија, каде што се активни исламистичките терористички милиции. Во меѓувреме се одвиваат борби со бунтовниците од соседна Либија во Сахара на север. Додека другите воени владетели во регионот ги прекинаа врските со Франција, Деби ја задржа врската со Париз. Минатата година Франција ги повлече војниците од Нигер ангажирани во антитерористички операции и ги пресели во Чад. Сепак, посетата на Деби на рускиот претседател Владимир Путин во јануари и неодамнешното писмо до Вашингтон во кое се доведува во прашање легалноста на американското воено присуство во Чад предизвика бурни реакции. Прелиминарните резултати од изборите треба да бидат објавени на 21 мај. јт/Фото: ЕПА . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-06 Zoran Popov...
Прелиминарни резултати: Гласачите во Панама го избраа Мулино за нов претседател
Бизнис вести - пред 2 дена
Прелиминарни резултати: Гласачите во Панама го избраа Мулино за нов претседател 06/05/2024 СВЕТ – Гласачите во Панама го избраа Хозе Раул Мулино за претседател, според прелиминарните резултати објавени доцна синоќа. Мулино, кој е близок човек од доверба на поранешниот шеф на државата Рикардо Мартинели, сака да ја запре нерегуларната миграција низ џунглата Дариен на југот на централноамериканската земја кон САД. Мулино освои околу 35 отсто од гласовите, соопшти изборната власт на земјата откако беа преброени повеќе од 90 отсто од гласовите. Околу 3 милиони луѓе имаа право да гласаат на изборите, при што беа одржани гласања за вкупно 71 парламентарно место и речиси 800 локални канцеларии. Уставот на Панама забранува директен реизбор на актуелниот претседател, пренесува ДПА. Меѓу осумте претседателски кандидати беа Хозе Габриел Каризо од владејачката партија ПРД, поранешниот претседател Мартин Торијос, поранешниот конзул во Вашингтон, Рикардо Ломбана и поранешниот министер за Панамскиот канал, Ромуло Ру. Мулино (64) ќе ја преземе функцијата шеф на државата и премиер на 1 јули. јт/Фото: ЕПА . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-06 Zoran Popov...