Денеска во Скопје „Шведска во Градскиот парк“
Скопје Инфо - ново
Амбасадата на Шведска во Северна Македонија денеска организира настан под отворено небо „Шведска во Градскиот парк“. Настанот ќе се одржи на „Школка“. -Програмата вклучува разновидни активности, и за возрасните и за децата, поделени во пет тематски катчиња: демократија, родова еднаквост, животна средина, култура и безбедност во сообраќајот, кои соодветствуваат на приоритетните тематски области на кои работи Шведска, информираат од Амбасадата. Предвидени се и работилници за реупотреба и рециклирање на отпад, ќе се игра подната игра „Елекшнвил“, предвидени се и кратки дискусии насловени „Ајде да зборуваме за…“ отпадот, родовата еднаквост и улогата на татковците, за младинското учество, кои се отворени за сите посетители, а во катчето за култура ќе се играат шведски друштвени игри, шведска музика, и танци кои се типични за шведскиот празник со кој се слави летото – „Мидсомар“. Посетителите ќе можат да ја погледнат изложбата „Ре:Отпад“, како и изложбата „Македонски татковци“ која е сочинета од фотографии кои татковци од повеќе места во земјата ги испратија на наградниот фото конкурс на Амбасадата, а посетителите ќе можат да гласаат за најдобрата фотографија, при што врз основа на гласањето, три фотографии ќе бидат наградени. На крајот на програмата, вечерва ќе биде прикажан филмот „Велосипеди Vs Автомобили“....
Денеска до 39 степени, вечерва нестабилно
Скопје Инфо - ново
Времето денеска претпладне ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, а попладне и во вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа со услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 9. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 37 степени. Утре на повеќе места ќе биде нестабилно и ќе има пад на температурата, особено во северните делови за 3 до 5 степени. Нов влажен бран со пад на температурата насекаде ќе има од петок и за време на викендот....
Дрво падна врз автомобили во Тафталиџе
Скопје Инфо - пред 12 часа
Огромно дрво падна попладнево во скопската населба Тафталиџе, во близина на маркетот „Веро“. Дрвото се откорнало по дождот кој го зафати главниот град. Очевидците за Скопје Инфо сведочат дека станува збор за големо и старо дрво кое се откорнало по силното невреме. Според информации од терен две возила се оштетени, а за среќа нема човечки жртви. Засега нема информации од градот за санирање на штетата и отстранување на дрвото....
Физички нападната жена во Аеродром
Скопје Инфо - пред 13 часа
Во Аеродром вчера, на 03.07.2022 година, физички била нападната четириесет и осумгодишна жена од нејзиниот сосед. Министерството за внатрешни работи(МВР) известува дека на 03.07.2022 во 17.42 часот во Полициската станица Аеродром, В.В.(48) од Скопје пријавила дека во 17.00 часот на подрачјето на Аеродром, по претходно недоразбирање во сообраќајот, била физички нападната од нејзиниот сосед З.В.(46) од Скопје. Во соопштението се наведува дека се работи на расчистување на случајот и засега нема дополнителни информации....
Снкции за 751 возач на моторцикл, од нив 133 возеле без возачка дозвола
Скопје Инфо - пред 14 часа
Поради засилените контроли за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли на територијата на Република Северна Македонија, од страна на Министерството за внатрешни работи (МВР), санкционирани се 751 возач, а без возачка дозвола возеле 133 лица. Контролите биле спроведени во текот на минатата недела, односно во периодот од 27.06.2022 до 03.07.2022. При што санкционирани се 751 возач. Од нив, 488 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 133 возеле без возачка дозвола, 28 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци. „Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, истакнаа од МВР....
Најголем трансфер во историјата на Брегалница, Манев потпиша за Адана
Скопје Инфо - пред 14 часа
Македонскиот фудбалски прволигаш Брегалница од Штип соопшти денеска дека го реализирала најголемиот трансфер во клупската историја, откако македонскиот младински репрезентативец и еден од најдобрите играчи на штипскиот клуб Јован Манев кариерата ќе ја продолжи во турскиот прволигаш Адана. „По неколкудневните интензивни преговори меѓу двата клуба и официјално договорена е преселбата на 21-годишниот Манев во Адана, трансфер на кој Брегалница е исклучително горда како начин и за промоција на сопствениот начин на работа со силна поддршка за младите и талентирани македонски фудбалери“, соопшти попладнево штипскиот прволигаш. Новиот клуб на Манев е предводен од клупата од легендарниот поранешен италијански репрезентативец Винченцо Монтела, а редовите на Адана настапува поранешниот фудбалер на Интер, Милан, Манчестер сити и Ливерпул Марио Балотели. „Овој трансфер е силна потврда на сите наши заложби за максимална поддршка на младите и талентирани фудбалери, кои, како што истакнавме и со преземањето на клубот, ќе бидат секогаш максимално промовирани во интерес и на нашите и на нивните кариери, на клубот и на македонскиот фудбал“, изјави Брегалница....
Европскиот предлог е достапен на македонски јазик на веб страницата на Владата
Скопје Инфо - пред 14 часа
Владата на Република Северна Македонија денеска на официјалната веб страна го објави европскиот предлог, интегрално преведен на македонски јазик. Предлогот може да се преземе на следниот линк: • Министерски состанок на меѓувладината конференција за завршување на отворањето на преговорите за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија – Општ став на ЕУ • Предлог заклучоци на ЕУ • Заеднички став на ЕУ Предлогот исто така е достапен и на англиски јазик на следниот линк: Ministerial meeting of the intergovernmental conference - Completing the opening of the negotiations on the accession of North Macedonia to the European Union - General EU Position [англиска верзија] Draft Council Conclusions [англиска верзија] Draft EU Common Position for the first IGC [англиска верзија] Објавувањето на предлогот, како што информираат од владината прес-служба, е со цел транспарентно информирање на јавноста. „Предлогот во кој се вградени забелешките на Владата од средината на минатата недела е достапен за јавноста и ставен на широка консултација која премиерот Димитар Ковачевски ја води со сите чинители во државата, вклучувајќи ги и опозициските партии, граѓанските организации и медиумите“, информираат од владината прес-служба. Владата, исто така, продолжува со транспарентно информирање на владината коалиција, сите засегнати страни и граѓаните за предлогот преку јавна дебата....
Се запалило товарно возило кое пренесувало слама
Скопје Инфо - пред 14 часа
Вчера, на 03.07.2022 во 14.42 часот во СВР Скопје, лицето Р.С.(33) од с.Света Петка, скопско, пријавил дека се запалило товарното возило кое го управувал, а изгорела и сламата која ја пренесувал. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека на 04.07.2022, вчера, помеѓу селата Средно и Долно Коњари, додека Р.С. управувал со товарното возило натоварено со бали слама, настанал пожар, при што изгореле сламата и возилото. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид бил извршен на местото на настанот....
Хакерски напад на фејсбук страницата на УКИМ
Скопје Инфо - пред 15 часа
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје соопшти дека е изведен хакерски напад на нивната фејсбук страница и оти таа во моментов е контролирана од непознат субјект. Истовремено, како што се посочува во соопштението, преземени се сите активности во согласност со Статутот на УКИМ, позитивната законска регулатива во државата и правилата на работење на Фејсбук. „Се извинуваме за настанатите непријатности и се оградуваме од сите објави на неа, до повторно преземање на администрирањето од страна на службите на УКИМ“, се наведува во соопштението на Универзитетот....
Физичка пресметка во Аеродром, употребен и тврд предмет
Скопје Инфо - пред 15 часа
Околу 00:30 часот утрово, на подрачјето на општина Аеродром се случила физичка пресметка пред угостителски објект во која е употребен и тврд предмет. Како што стои во соопштението на Министерството за внатрешни работи (МВР), на 04.07.2022 во 01.00 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги привеле Ж.Г.(25) и А.Г.(21), двајцата од Скопје, затоа што околу 00.30 часот пред угостителски објект на подрачјето на Аеродром, пријавените заедно со Д.М.(20) од Скопје, од една страна и И.С.(42) од Скопје, од друга страна, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка, во која И.С. употребил тврд предмет. Нема информации за повредени, а од МВР соопштија дека се работи на расчистување на случајот....
Девојка од Ромска заедница не била пуштена во базен во Шуто Оризари
Скопје Инфо - пред 15 часа
Од Здружението „Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари“ информираат дека на 26 јуни, млада девојка од Ромската заедница се соочила со директна, интерсекциска дискриминација врз основа на раса, боја на кожа, национална и етничка припадност во неколку локали, но и во Полициското одделение Шуто Оризари, известуваат од Радио МОФ. На девојката не ѝ било дозволено да го користи базенот во еден од локалите, додека сите други етнички групи биле примени во истиот. „Кога вработеното лице од локалот слушна дека ќе биде повикана полиција за овој настан, а кога пристигна полицискиот службеник, најде изговор и упати дека Ромите ќе бидат примени само во вторник. Дали треба ние, да имаме право на само еден ден од неделата, притоа, одвоени од сите останати граѓани? Притоа, на ваквата информација, дури и самиот полициски службеник, кој воедно е припадник на Ромската заедница, одговори дека ова не е дискриминација“, се вели во соопштението на здружението. Иницијативата известува дека девојката побарала полицијата да изврши записник од случајот, со цел негово понатамошно решавање. Следниот ден, девојката повторно се обратила до полицијата и била приморана повторно да го објаснува случајот, бидејќи полицаецот кој бил на местото на настанот не бил на работа. Како што информираат од здружението полицијата изготвиле само поплака за случајот. Иницијативата на жени од Шуто Оризари заедно со невладината организација ХЕРА поднела Претставка до Комисијата за спречување и заштита од дискиминација и до Народен Правобранител, со надеж за утврдување на дискриминацијата....
Продолжува асфалтирањето на улици во општина Гази Баба
Скопје Инфо - пред 15 часа
Сѐ уште се во тек градежните активности на територијата на општина Гази Баба со цел асфалтирање на улиците кај населеното место Кирил Петрушевски. Градоначалникот Бобан Стефковски денес беше на увид на градежните работи во н.м Кирил Петрушевски, каде се асфалтираат краци од улиците Вера Радосавлевиќ и Боривое Милошевски. Од општината информираа дека асфалтирањето ќе продолжи и во следниот период....
Герасимовски подели 150 пакети на граѓани од семејства со висок социјален ризик
Скопје Инфо - пред 16 часа
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, Лиридон Бафтији и претставници од невладината „Банка за храна Македонија“ во дворот на Општина Центар поделија социјални пакети. Пакетите со основни прехранбени и хигиенски производи ги добиваат 150 жители од семејства со висок социјален ризик, врз основа на претходно доставен список од Министерството за труд и социјална политика. „Хуманоста и добрите дела не признаваат вери, етнички припадности и граници. Секој месец заедно со нашите партнери од Банка за храна Македонија, во континуитет го спроведуваме проектот ‘Нула Глад’. Се грижиме за сите и секој еден жител во општината ни е подеднакво важен. Затоа, со овие пакети на нашите сограѓани им помагаме полесно да го поминат месецот“, изјави градоначалникот Герасимовски. Во текот на викендот, градоначалникот Герасимовски и директорот Бафтији им поделија социјални пакети и на седумте згрижувачки семејства во општината кои згрижуваат 25 деца. Денешната акција се спроведува во рамките на проектот „Нула Глад“ кој општината го реализира во соработка со невладината организација „Банка за Храна“. Проектот има за цел помош и поддршка на социјално загрозените семејства, а преку него општината дава свој придонес во справувањето со сиромаштијата и гладот, велат од општина Центар....
30 санкции за непрописно вградени фолии
Скопје Инфо - пред 16 часа
Во период од една недела, односно од 27.06.2022 до 03.07.2022, Министерството за внатрешни работи (МВР) спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата. При контролата санкционирани се 30 учесници во сообраќајот. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. „Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР....
Грковска: Потребна е ревизија на системот за спортски ваучери за да се обезбеди транспарентност како предуслов за користење на јавните пари
Скопје Инфо - пред 16 часа
„Информер.рс“: 70.000 граѓани излегоа на улиците во Скопје, после бугарската, паѓа ли и македонската влада?! (фото)...
Домаќинствата нема да плаќаат струја скапо како некои кои имаат милионски приходи
Скопје Инфо - пред 16 часа
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска, коментирајќи го воведувањето на блок тарифите за електрична енергија, уште еднаш повтори дека солидарност мора да постои, како и дека во време на криза, како оваа, треба да им се помогне, посебно на најранливите домаќинства. -Не може да биде ист товарот на некое домаќинство кое зема минимална плата и на некои што имаат милионски суми. Домаќинствата кои имаат доволно приходи и можност да ги плаќаат сметките, не треба да бидат субвенционирани. Не може да бидат субвенционирани домаќинства со приходи од 10 000 евра, 5 000 евра, 3 000 евра па и 2 000 евра месечно, а некои со приходи не повеќе од 600 евра да не бидат субвенционирани. Ова е ставот на Владата и на Министерството за економија. Ни претстои тешка зима, но на дневна база ние секогаш ќе излеземе во пресрет, подвлече Бектеши, одговарајќи на новинарски прашања по врачувањето на договорите за „Субвенционирање плати“ во Тетово. Тој повторно укажа и на злоупотребите направени, како што рече, од страна на некои бизнисмени и фирми. – Јавно кажав и дадов примери на бизнисмени и компании кои го злоупотребиле Законот за енергетика зашто е наведено дека тие компании, микро и мали, со под 50 вработени и приходи под два милиона евра може да бидат на регулиран пазар. Што направиле некои компании во првите шест месеци? Отвориле други фирми кои немале никакви приходи, немале вработени, вработиле еден или двајца за да преминат од слободен на регулиран пазар и обврската за плаќање струја да и ја префрлат на новата фирма како подружница што ја формирале, а тоа прави штета на цената и на грбот на граѓаните кои се на регулираниот пазар. Тоа за нас е недозволиво, треба да бидеме солидарни и во вакви времиња да ги штитиме домаќинствата, посебно тие со ниски приходи. Обврска на секоја држава е да премине кон либерализација на пазарот на електрична енергија, но мора да бидеме солидарни, да ги заштитиме најранливите категории граѓани во вакви кризи. Целта на Владата, посебно во овие кризни времиња, е да им излезе во пресрет на најранливите категории домаќинства и наместо директно да бидат субвенционирани и преку блок тарифите може да им се излезе во пресрет, рече Бектеши. Тој посочи и ситуации во некои општини во однос на јавното осветлување. -Направете истражување како се плаќа јавното осветлување каде што градоначалници се од опозицијата? Дали некој граѓанин во државата не плаќа 184 денари за јавно осветлување? Не верувам дека има такви домаќинства, а јавното осветлување се префрла на други јавни претпријатија формирани од страна на општината за да преминат на регулиран пазар и да им останат средства од тоа што го плаќаат граѓаните за други проекти, рече Бектеши. На прашањето за поддршка на бизнис секторот, министерот е дециден дека државна помош во континуитет има и за компаниите. -Сите мерки кои и претходно беа реализирани, се донесени по нивна препорака и во целосна соработка со компаниите, а и ниедна мерка не е стопирана, сите продолжуваат, нагласи Бектеши....
Тренчевска: Унапредување на положбата на жената земјоделка преку остварување право на надоместок за мајчинство и боледување
Скопје Инфо - пред 16 часа
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска учествуваше на состанок на работната група составена од претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделство и рурален развој, Министерството за здравство, ФЗОМ, УЈП, ПИОМ и Правниот факултет – Скопје, во организација на Националната федерација на фармери која го поттикна процесот на решавање на правен механизам за остварување на право на надоместок за мајчинство и боледување на регистрираните земјоделки. Претставниците од институциите го посетија и семејството на Вангелина Пармачка, регистрирана земјоделка од Будинарци, Беровско, кои со децении наназад се занимаваат со овчарство, производство на овчо сирење и производи од овчо млеко. На фармата на Пармачка во работата се вклучени сите членови на семејството. Министерката Тренчевска се заблагодари на можноста за посета на фармата Пармачка и изрази уверување дека со заедничка работа на институциите и граѓанскиот сектор, ќе се дојде до унапредување на законските решенија кои ги засегаат земјоделците, особено жените земјоделки. Таа се осврна и на Конвенцијата за мајчинство, усвоена од Меѓународната организација на трудот, а ратификувана од нашата држава и неопходноста од нејзина имплементација, а го уредуваат прашањето за мајчинство. -На еден транспарентен начин, со отвореност за предлози и идеи од сите засегнати страни, можеме да дојдеме до решенија кои ќе водат кон унапредување на човековите права на жените и кои ќе бидат усогласени со мегународните и националните политики на државата. Нашата држава е претежно земјоделска земја и можностите за вработување во оваа дејност се големи. Токму затоа, креирањето на квалитетни државни политики и мерки за руралниот развој се од големо значење за луѓето кои живеат во руралните средини, рече Тренчевска. Министерката ја потенцираше целта на законските измени кои се во насока на подобрување на положбата на жената земјоделка. Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој, Никица Бачовски истакна дека Агенцијата како институција задолжена за имплементација на програмите за финанисиска поддршка во континиуитет ја докажува својата практична заложба за подобрување на економската положба на жените од руралните средини. -Како резултат од работата на полето на родово-одговорното буџетирање, креирана беше мерката 115 од програмата за рурален развој, односно мерката за поддршка за активен женски член во земјоделско домаќинство. Оваа мерка објавена за првпат во 2019-та година како пилот мерка по принцип на грант од 100% од направените прифатливи трошоци со максимална вредност до 3000 евра. На последниот јавен повик за истата мерка максималниот износ по корисник го зголемивме за дупло, односно од 3000 на 6000 евра, рече Бачовски. Извршниот директор на Националната федерација на фармери, Стеван Орозовиќ, изрази огромно задоволство од одзивот и учеството на институциите за решавање на толку важно прашање, како правото на надомест за мајчинство на жените земјоделки и изрази уверување за изнаоѓање на најсоодветно решение. Тој се заблагодари и на поддршката на шведската организација за развој, We Effect, за реализација на процесот. Во овој период Министерството за труд и социјална политика, подготвува и нов Закон за родова еднаквост со цел усогласување на македонското законодавство односно Закон за еднакви можности на жените и мажите (2012) со меѓународните стандарди. Овој закон ќе овозможи зајакнување на машинеријата за родова еднаквост и поефикасно и ефективно меинстримирање на родовата еднаквост. Исто така се подготвува и нов закон за работни односи, кој предвидува промени во родителското отсуство со што се унапредува родовата еднаквост....
Авокадо паста
Скопје Инфо - пред 16 часа
Доколку сте во потрага по лесен ручек или вечера, ова е нашиот омилен рецепт за совршено кремаста паста. Времето на подготовка е кратко, а задоволството е вечно. Потребни ви се само неколку намирници и ќе имате можност да го вкусите најубавиот сос за тестенини. Сѐ што ви треба за да го приготвите ова јадење: Едно големо авокадо Половина лимон Половина или една шоља зовриена вода(во зависност од тоа колку течен, односно густ сакате да биде сосот) Едно чешне лук или лук во прав количински по желба Една мала лажичка сол Малку маслиново масло Спанаќ по избор Горе наведените состојќи се ставаат во блендер и се блендираат заедно. Густата смеса се додава на 300 грама тестенини по избор, додека се топли. Се мешаат тестенините заедно со сосот за да се соединат. Потоа се додава сусам, дробен магдонос и оригано по желба. Повторно се меша и на крај може да се сервира со чери доматчиња, црвени сушени пиперки или без ништо. Крајниот резултат е совршено кремаста паста која ќе стане вашиот „go to“ рецепт, бидејќи е лесен, вкусен и брз....
И вечерва протест пред Влада, Мицкоски повика на масовност
Скопје Инфо - пред 16 часа
-Утре ќе биде владината седница според нашите информации и затоа ја повикувам цела Македонија утре тука да дојде. Изгледите се јасни. Јас уште вчера кажав, понудив се повлекуваме и од предвремени избори, се повлекуваме од се, ќе помогнеме нека помине зимата, граѓаните да можат мирно да поминат, заеднички ќе се обединиме. Не му бараме ништо, само нека каже не. На пролет март, април пак ќе седнеме, ќе реавулираме состојбата ќе видиме што понатаму, истакна денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. --Ако има малце разум кај Ковачевски и останатите, треба да го слушнат тоа што народот го зборува затоа што тие повеќе не се грижат за иднината на овој народ и на државата отколку самиот народ за својата иднина и за Македонија. Мислам дека овие десетици илјади кои што излегуваат секој ден овде пред платото на владата се тие коишто можеби за прв пат во овој период од годината громогласно му упатуваат порака и на Ковачевски и на останатите таму во владата дека ова што го прават е погрешно и дека тие не се согласуваат со тоа. порача Мицкоски....
Елена Ристевска најави нова музика
Скопје Инфо - пред 16 часа
По долга пауза, Елена Ристевска го најави своето музичко враќање на сцената и ги извести своите фанови дека ќе започне да работи на нова музика. Периодов таа беше дел од балканскиот фестивал „Наше море, наше скале“ во Херцег Нови, по чие завршување таа на својот профил сподели фотографии од себе и направи ретроспектива на своите чувства поврзани со фестивалот. Тој момент, македонската музичка ѕвезда го искористи за да најави својата нова музика на која планира да работи. Во својот пост таа ги сподели своите позитивни импресии од фестивалот, а не заборави да даде пофалби и комплименти за учесниците во истиот. Таа го пофали морето, а за крај ја стави и црешата над шлагот најавувајќи ја својата нова музика. Засега, Елена не даде конкретни информации кога да го очекуваме објавувањето на нејзина нова песна или музички албум, а исто така не знаеме дали моментално работи на својата нова музика или тој процес треба да започне наскоро....
И вечерва протест пред Влада, Мицкоски повика на масовности
Скопје Инфо - пред 16 часа
-Утре ќе биде владината седница според нашите информации и затоа ја повикувам цела Македонија утре тука да дојде. Изгледите се јасни. Јас уште вчера кажав, понудив се повлекуваме и од предвремени избори, се повлекуваме од се, ќе помогнеме нека помине зимата, граѓаните да можат мирно да поминат, заеднички ќе се обединиме. Не му бараме ништо, само нека каже не. На пролет март, април пак ќе седнеме, ќе реавулираме состојбата ќе видиме што понатаму, истакна денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. --Ако има малце разум кај Ковачевски и останатите, треба да го слушнат тоа што народот го зборува затоа што тие повеќе не се грижат за иднината на овој народ и на државата отколку самиот народ за својата иднина и за Македонија. Мислам дека овие десетици илјади кои што излегуваат секој ден овде пред платото на владата се тие коишто можеби за прв пат во овој период од годината громогласно му упатуваат порака и на Ковачевски и на останатите таму во владата дека ова што го прават е погрешно и дека тие не се согласуваат со тоа. порача Мицкоски....
Во Охрид почна со работа реконструираниот базен „Атина Бојаџи“
Скопје Инфо - пред 17 часа
Од денес во Охрид започнува со работа Градскиот базен „Атина Бојаџи“, на кој неодамна се изврши реконструкција. На пригодната свеченост свои обраќања пред приустните имаа градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и директорот на ЈП „Блијанини Извори“ , Теодор Андоноски. – Навистина е неописливо чувството повторно да се слушне детски џагор на Градскиот базен „Атина Бојаџи“. Денеска сме овде присутни да го означиме почетокот на функционирањето на градскиот базен, каде охридските пливачки школи ќе одржуваат часови за најмладите. До овој момент пријавени се околу 300 деца, од кои едни ќе се учат да пливаат, додека други ќе ги усовршуваат пливачките техники. Како Локална самоуправа успеавме за кратко време да го санираме базените, односно да се обојат коритата на олимпискиот и детскиот базен. Реконструкцијата на базенот е инвестиција на Општина Охрид и ЈП „Билјанини извори“, следната година ќе има дополнителни инвестиции во уредувањето на просторот околу базенот. Уредени се и трибините кои беа во распаѓање. Сето ова се прави првенствено за пливачките школи да може да тренираат бидејќи пливањето е еден од најдобрите спотови за развој на нашите деца. Охрид порано бил расадник на млади и успешни пливачи, а нашата цел е тоа да се возобнови. За прв пат Охрид после 20 години ќе биде домаќин на Државно првенство во пливање на кое покровител е Општина Охрид. Од 15 до 18 јули ќе се организира првенство на кое ќе настапат најдобрите пливачи од Македонија, за сите генерации. На тоа првенство ќе можат да остваруваат резултати кои во иднина ќе може да ги користат за добивање стипендии и тајминзи за настапи на европски и светски првенства. Во јули отворениот базен „Атина Бојаџи“ ќе биде домаќин и на Меѓународен митинг на кој ќе настапат пливачи од Србија, Бугарија и Македонија, во организација на Пливачкиот клуб „Аква спирит“, рече градоначалникот Пецаков. На крај од своето обраќање, градоночалникот испрати порака до пливачите. – За крај, како долгогодишен спортист, сакам да испратам една порака до сите оние кои денес за прв пат ќе се сретнат со пливањето, но и до оние поискусните. „Никогаш, ама никогаш немојте да се плашите да изгубите. Единствен начин да докажете дека сте добри во спортот е да изгубите и со кренати глави да го поднесете поразот. Бидејќи тоа ќе ви укаже каде грешите и каде треба да се подобрите. Надградувајте се постепено и успехот ќе биде неизбежен“, заврши градоначалникот. Директорот на ЈП „Билјанини извори“ , изрази благодарност до Локалната самоуправа и градоначалникот што пронајдоа можност за краток временски период да се изврши неопходната реконструкција на градскиот базен и им посака успешно фунцкионирање на пливачките школи....
Се реконструира пешачката патека на „Партизанска“ кај Палма
Скопје Инфо - пред 17 часа
Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска информираше дека се врши реконструкција на пешачката патека на булеварот Партизански одреди на потегот кај слаткарницата Палма каде што имаше огромни дупки кои претставуваа опасност за пешаците, мајките со колички со деца, инвалиди и велосипедистите. Реконструкцијата на патеката се врши со средства од општинскиот буџет, поради бројните поплаки на граѓаните во изминатите осум месеци, иако патеката не е во надлежност на општина Карпош. -Граѓаните реагираат за дупките на оваа патека на булевар Партизански одреди. Осум месеци препраќаме барања до надлежните кои го имаат правено овој дел, односно работеле на канализацијата и санацијата на водоводната мрежа, но осум месеци немаме одговор. Еве вистински пример каде општината работи нешто што вистински не е нејзина работа и троши пари за нешто што не е нејзина работа, меѓутоа граѓаните осум месеци реагираат на огромните дупки. Апелирам секој да си ја врши својата работа за да може да функционираме сите заедно онака како што треба во интерес на граѓаните, изјави Јакимовски....
Во последните три дена 290 нови случаи на КОВИД-19, нема починати
Скопје Инфо - пред 17 часа
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 01.07 до 03.07.2022): Направени се 1.695 тестови, а регистрирани се 290 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 186, Охрид – 18, Битола – 14, Прилеп – 9, Куманово и Велес – по 8, Кавадарци – 7, Тетово, Струмица и Кочани – по 5, Штип и Струга – по 4, Гостивар, Кичево и Гевгелија – по 3, Неготино, Делчево и Дебар – по 2, Пробиштип и Македонски Брод – по 1. Од вкупниот број на позитивни (290), регистрирани се 49 реинфекции. Регистрирани сe 250 оздравени пациенти од: Скопје – 165, Битола – 16, Тетово – 12, Прилеп – 9, Кавадарци – 8, Куманово, Велес и Неготино – по 6, Штип, Кичево и Ресен – по 4, Струмица – 3, Охрид и Гостивар – по 2, Кочани, Гевгелија и Радовиш – по 1. Во текот на изминатите 3 дена (од 01.07 до 03.07.2022) не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица. Направени се 1.695 тестови преку: ИЈЗ-185, ЦЈЗ Скопје-33, ЦЈЗ Битола-37, ЦЈЗ Прилеп-13, ЦЈЗ Тетово-13, ЦЈЗ Куманово-32, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–6, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–120, Жан Митрев (Филип Втори)-55, Авицена-41, Биотек-208, Систина-49, лабораторија Лаор-14, Синлаб-4, Ремедика-8, Плодност-17, Генеа-8, Никоб Лаб-85, ВФВ Медикал-12, Ели МедикаПлус-21, Ројал Медика–1, Спектра-ММ-8, Рапид Лаб–9, Жан Митрев Струмица–5, Нова Лаб Дијагностика–2, Рамус-10, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 698. Досега во земјата се направени вкупно 2.084.385 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 314.501, бројот на оздравени пациенти е 304.239, на починати е 9.327, а бројот на активни случаи изнесува 935. Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно) Скопје 148549, Активни 536 Куманово 16770, Активни 42 Битола 15835, Активни 59 Прилеп 14277, Активни 33 Тетово 13533, Активни 20 Кавадарци 10760, Активни 34 Велес 9848, Активни 30 Гостивар 9634, Активни 15 Охрид 9030, Активни 58 Штип 8119, Активни 18 Струмица 8110, Активни 15 Кичево 5673, Активни 11 Кочани 5125, Активни 17 Струга 4744, Активни 9 Гевгелија 4431, Активни 4 Неготино 3714, Активни 5 Ресен 2760, Активни 1 Свети Николе 2641, Активни 1 Радовиш 2537, Активни 5 Крива Паланка 2421, Активни 2 Делчево 1991, Активни 5 Берово 1693, Активни 1 Дебар 1684, Активни 3 Валандово 1488, Активни 0 Виница 1398, Активни 2 Пробиштип 1271, Активни 3 Богданци 1025, Активни 2 Кратово 969, Активни 0 Крушево 933, Активни 2 Демир Хисар 837, Активни 1 Македонски Брод 744, Активни 1 Демир Капија 594, Активни 0 Македонска Каменица 525, Активни 0 Пехчево 486, Активни 0 Дојран 352, Активни 0...
МЗШВ: Дополнителна субвенција од 5.760 денари за сите земјоделци со еден или повеќе хектари житни култури
Скопје Инфо - пред 17 часа
Националниот план за производство на храна содржи мерки за директна поддршка на земјоделците, со акцент на житните култури. Обезбедена е дополнителна мотивирачка мерка за производителите на житни култури од 5.760 денари по хектар за сите земјоделци кои имаат остварен принос од еден или повеќе хектари површина со пченица, јачмен, рж, овест и сончоглед и ќе го предадат во домашни преработувачки или откупни капацитети, соопшти денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Според МЗШВ, од оваа година оваа дополнителна мерка е изменета, па огранигучањето на приносот од 5 до 50 хектари, кое претходно важеше, е заменето и истата мерка од април ова година важи без ограничување од еден хектар па нагоре за сите производители на житни култури. -Оваа дополнителна финасиска поддршка на земјоделците им овозможува дополнителни средства како поддршка при процесот на производство житни култури. Ги повикуваме сите земјоделци производители на житни култури да аплицираат и да ја искористат оваа мерка, крајниот рок за аплицирање по оваа мерка, за дополнителна поддршка од скоро 100 евра за зголемен принос е до крајот на октомври оваа година, наведува МЗШВ. МЗШВ потсетува и дека Националниот план за производство на храна обезбедува поддршка за земјоделците и при набавка на вештачко ѓубриво, а веќе поддршка по оваа мерка преку Интервентниот фонд е исплатена до 3.304 земјоделци. -Земјоделците добиваат 4.000 денари поддршка за набавка на вештачко ѓубриво за засеани површини со пченица и пченка и високи 2.500 денари поддршка за набавка на вештачко ѓубриво за површини засеани со јачмен и сончоглед. Нова интервентна субвенција од 400 денари по хектар е овозможена и за набавка на течни фолијарни ѓубрива, за минимум употребени 6 литри течно ѓубриво по хектар за пченица, јачмен, пченка и сончоглед, информира Министерството. За производителите на житни култури, дополнува, распишан е и посебен јавен оглас за доделување под закуп државно земјоделско земјиште над три хектари, распоредено во 14 региони низ државата со вкупна површина од 5.722 хектари. -Овој оглас предизвика голем интерес кај земјоделците и веќе со министерството се склучени рекордни 258 договори за закуп. Како Министерство заедно со Владата остануваме посветени во работата и креирањето на мерки за поддршка на секој еден земјоделец. Наша цел е стабилно домашно производство, но и зголемување на домашното производство и помала увозна зависност на државата од житни култури. Само заедно обединети и сложни можеме полесно да ја надминеме оваа криза. Токму затоа како министерство бараме и инсистираме од земјоделците, целото домашно производство, пред се, да го дадат во домашни предаботувачки и откупни капацитети, наведува МЗШВ....
Пукотници и ранети на плажа кај Валона
Скопје Инфо - пред 17 часа
На плажа кај албанскиот град Валона се случил инцидент со пукотници од огнено оружје. Според досегашните информации има и повредени, известува дописникот на МИА. Како што пренесуваат албанските медиуми од пукотниците има повреди, а туристите во паника го напуштиле местото. Полицијата веднаш пристигнала на местото на настанот. Ангажирани се и припадници на единицата за брзо распоредување со цел разрешување на случајот. На местото на настанот пристигнуваат и возила за брза помош за да им помогнат на повредените. Се врши увид, засега не е познат мотивот за инцидентот....
Во среда во Скопје ќе се прска против комарци
Скопје Инфо - пред 18 часа
Во среда, на 06.07.2022 година ќе се врши терестрична и авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, известуваат од Град Скопје. Прскањето против комарци ќе се врши според следниот распоред: 1. Авионската дезинсекција против ларви од комарци ќе се реализира на 06.07.2022 година (среда), во раните утрински часови. 2. Терестричната дезинсекција против ларви од комарци ќе се реализира на 06.07.2022 година (среда), во текот на денот. Доколку временските услови не дозволуваат да се прска дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите....
Почна исплатата на еднократната парична помош за првачињата во општина Аеродром
Скопје Инфо - пред 18 часа
Градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски, оваа работна недела ја почна со потпишување решенија за исплата на еднократната помош која му следува на секое прваче што ќе се запише во едно од основните училишта во Општина Аеродром. - Со оваа мерка целта е да им се помогне на родителите и дечињата кои живеат во Аеродром, а секој што ги исполнува условите ќе добие по 3.500 денари за секое прваче, велат од општината. Повикот за аплицирање е отворен до 30.09.2022, а образецот и сите потребни информации може да се најдат на следниов линк....
Расте бројот на ковид-заразени во туристичките делови на Грција
Скопје Инфо - пред 18 часа
Зголемување на бројот на случаи на Ковид-19 во туристичките делови, зголемување на бројот на реинфекции, но и зголемување на бројот на хоспитализации се регистрирани во Грција во изминатиот период согласно податоците од Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Претседателот и потпретседателот на ЕОДИ, Теоклис Заутис и Димитрис Параскевис денеска одржаа вонредна прес конференција за ситуацијата со пандемијата во Грција и истакнаа дека најголемо зголемување на случаи на Ковид-19 има на туристичките дестинации, како што се областа Атика, поширокиот регион на Атина, на островите во Јонското море и јужниот дел на Егејското море, како и на Крит. За бројот на активни случаи во Грција, потпретседателот и професор по епидемиологија Параскевис рече дека немаат конкретна бројка, но процените се дека се околу 150.000 до 200.000. Објасни дека во изминатите три седмици има континуирано зголемување на заразени на возраст од 18 до 24 години, но и зголемен бројот на реинфекции, нагорен тренд има и во однос на лицата кои се лекуваат на Ковид клиниките, нешто што сепак не се пренесува на зголемување на хоспитализациите на одделите за интензивна нега во грчките болници....
Приведен дилер на дрога во Скопје
Скопје Инфо - пред 18 часа
Вчера, на 03.07.2022, во Скопје лишано од слобода беше едно лице поради трговија со дрога. Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи - Оддел за криминалистичка полиција, во координација со полициски службеници од ОСПО-САЕ Тигар, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје го лишија од слобода А.К.(30) од Прилеп, со живеалиште во Скопје. По спроведена истрага и преземени мерки и активности од страна на Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи - Оддел за криминалистичка полиција во координација на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје обезбедени се материјални докази дека лицето е инволвирано во продажба на наркотични дроги. Како што известуваат од МВР А.К. набавувал дрога, во својот дом во населба Драчево, ја препакувал во помали пакувања и ја продавал по улиците на територијата на Скопје. Вчера, полицијата извршила претрес во неговиот дом при што се пронајдени предмети поврзани со кривичното дело. Во текот на денешниот ден, 04.07.2022, од страна на Единица за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје до ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава против А.К. по чл. 215 од Кривичниот законик....
Османи: Никогаш не сум кажал дека ќе има меѓуетнички конфликт
Скопје Инфо - пред 18 часа
Имаме историски момент да се реши прашањето со македонскиот јазик. Tешко е да имаме подобра шанса или предлог којшто ќе го засега јазикот, затоа велам дека сега е историски момент. За прв пат во нашата историја, 27-те земји членки го потврдуваат македонскиот јазик без фусноти, истакна денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи. На гостувањето на телевизијата 24, Османи рече дека предлогот е добар и во наш интерес и не смееме да го пропуштиме бидејќи во него се содржат сите пет барања на македонската страна, а македонскиот јазик без фусноти, ќе стане дел од официјалните документи на Европската Унија. – Што побрзо да се даде шанса на овој проект. Имаше толку лажни вести и пропаганди, дел намерни, дел од непознавањето на проблематиката. Јас не сум видел такво нешто во мојата политичка кариера, без никаков обид да се прочита документот, луѓето кои не го прочитале текстот даваат мислења. Време е да се рационализира и да се каже конкретно што е проблемот. Истите кои го критикуваат, сега аплаудираат и го прифаќаат. Ваква дебата сега очекувам на консултациите. Рационална дебата, не дебата на емоции и личните позиции. Треба да се затвори ова прашање, за да се започна првата меѓувладина конференција и отпочнување на преговорите, истакна Османи. Министерот порача дека во јавноста се направил „спин“ од неговата изјава на брифингот во саботата кога говорел за можните последици кои би се случиле доколку предлогот не биде прифатен. -Конструкција е тоа дека ќе има меѓуетнички конфликт. Никогаш не сум кажал дека ќе има меѓуетнички конфликт, тоа е спин. Јас не правам разлика меѓу албански и македонски прашања. Има семејства на кои им е недостоинствено да земат бугарски пасош, но мора да земат за да ги школуваат децата. Ако ние им ја земеме надежта дека нашиот пасош нема да биде европски, младите ќе почнат да бегаат, ќе почне да се губи хармонија меѓу населението, потенцираше Османи. Во однос на внесувањето на Бугарите во Уставот, Османи смета дека за ова прашање ќе го има потребното 2/3 мнозинство и очекува предлогот да помине со 118 гласови во Собранието....
РКЕ објави: Има само едно поевтинување кај горивата
Скопје Инфо - пред 18 часа
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, а Мазутот М-1 НС поевтинува за 1,447 денари по килограм и сега ќе изнесува 55,291 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Со денешната одлука на РКЕ, што стапува во сила од ноќеска на полноќ, се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,51 процент во однос на одлуката од 20-ти месецов. Цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 и натаму останува 110 денари по литар, а 112 на ЕУРОСУПЕР БС – 98, 110 денари на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V), а 107 денари на Екстра лесно. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,360 проценти....
Поради дефект оваа скопска улица е без вода
Скопје Инфо - пред 18 часа
Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека поради дефект на приклучна цевка ф-1“ на Лазар Поптрајков 20, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 12:45 часот до завршување со санација на дефектот....
Преку ден сончево и многу топло, а попладне дожд-какво ќе биде времето деновиве?
Скопје Инфо - пред 19 часа
Времето во земјава денеска и утре ќе биде многу топло, а во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР. Во среда на повеќе места ќе биде нестабилно и ќе има пад на температурата, особено во северните делови за три до пет степени. Нов влажен бран со пад на температурата, како што најавуваат од УХМР, ќе има од петок и за време на викендот....
На оваа локација во Скопје ќе никне нов модерен спортско-реакреативен центар
Скопје Инфо - пред 19 часа
Наскоро во населбата Бутел на местото познато како “Ливада” поточно крајот на улица Марко Крале ќе никне нов спортско рекреативен центар со урбан и модерен лик! Ова го соопшти градиначалникот на Бутел Дарко Костовски кој сподели фотографии како ќе изгледа локацијата во оваа скопска општина која засега изгледа вака: На ова место се предвидува да има: -Ново фудбалско игралиште со вештачка трева - Ново баскет игралиште со сертифицирана FIBA подлога. -Ново детско игралиште со модерни содржини, покрај спортските игралишта предвидено е да има ново урбано уредување со клупи и летниковец. -Ново лед осветлување. - Ќе биде поставено и ново зеленило и целиот простор ќе биде холтикултурно уреден. Костовски најави дека ќе започне и со пробивање и изградба на новата улица од улица “Марко Крале” кон улица “Зуфер Мусиќ”. -Проектот е во завршна фаза а за неколку недели ќе се започне со изведба. До крајот на мојот мандат секое населено кесто ќе добие свое катче за рекреација и спортување, информираше градоначалникот на Бутел....
Средба Ковачески-Села за францускиот предлог
Скопје Инфо - пред 19 часа
Во Клубот на пратеници претпладнево почна средбата на премиерот Димитар Ковачевски со лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села во врска со францускиот предлог за почеток на пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија. Широките консултации за францускиот предлог почнаа уште во петокот. Најпрво консултации се одржаа помеѓу коалициските партнери во Владата, од кои дел веќе се изјаснија позитивно за предлогот, а дел се очекува тоа да го сторат во следниот период. Премиерот исто така одржа и консултативни средби со дипломатскиот кор, граѓанскиот сектор, со претставници на експертската јавност и медиумите. Вчера, премиерот Ковачевски имаше средба и со лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски. За ВМРО-ДПМНЕ, францускиот предлог е неприфатлив. Мицкоски по средбата изјави дека му предложил на Ковачевски две опции – да го одбие предлогот, а ВМРО-ДПМНЕ да се откаже од барањето за предвремени парламентарни избори или доколку Ковачевски верува дека со предлогот е обезбеден идентитетот, тогаш да бидат избришани четири члена. Францускиот предлог вчера беше разгледан и од страна на Советот за безбедност кој го свика претседателот на државата Стево Пендаровски. Шефот на државата по седницата на прес-конференција изјави дека францускиот предлог е прифатлив и дека со прифаќање на истиот се крева блокадата од Бугарија и се дозволува формално отворање на преговорите после 17 години чекање. Исто така рече дека со ништо не се поткопува македонскиот идентитет затоа што темелната одреденица за македонскиот јазик во предлогот има чиста формулација без фуснота. Францускиот предлог во земјава пристигна во четвртокот по што премиерот Ковачевски најави широк консултативен процес со владината коалиција, претседателот на државата, Парламентот, опозицијата, како и со граѓанскиот сектор, експертската и севкупната јавност во земјата....
Неколку улички во Ѓорче Петров добија асфалт, и натаму се работи на терен
Скопје Инфо - пред 19 часа
Продолжува изградбата на нови улици во Ново село во општина Ѓорче Петров, информираа надлежните. Екипите на ЈП Улици и патишта по налог на Град Скопје деновиве целосно завршија со асфалтирање на улица 10 во населеното место Кисела Јабука, а се продолжува со изградбата на улиците во населеното место Ново Село. Во населено место Кисела Јабука изминативе денови се асфалтираа улицата 10 при што се употреби 22 тона асфалтна маса и кракот од улица 1 од левата страна на површина од 260м2 со употреба на 40 тона асфалтна маса. Денеска се работи на кракот од десната страна на улицата 1 во населено место Ново Село која во текот на наредните денови ќе биде асфалтирана на површина од 300м2. Во претходниот период асфалтирани беа улиците 46, 46А, 68, 4 и 6. Станува збор за улици кои досега не биле асфалтирани, односно за првпат се асфалтираат на барање на граѓаните да добијат улици и услови какви што заслужуваат. Екипите на ЈП Улици и патишта продолжуваат со градежните активности на улиците кои се предвидени за асфалтирање во населеното место Ново село, информираа од ЈП Улици и патишта....
Едно лице тешко повредено во сообраќајка во Гостивар
Скопје Инфо - пред 19 часа
Едно лице е тешко повредено во сообраќајќа што се случила вчера во Гостивар. На 03.07.2022 во 21.15 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на ул.„ЈНА“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ќ.И.(47) од с.Желино, тетовско, товарно возило „пежо“, управувано од А.У.(46) од с.Здуње, гостиварско и патничко возило „мерцедес“, управувано од В.С.(34) од Гостивар, двете со гостиварски регистарски ознаки, соопшти полицијата. Во несреќата, возачот А.У. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар во Гостивар. Увид извршила екипа од Полициската станица Гостивар....
ГРЕКО: Од вкупно 19 препораки, девет се имплементирани во задоволителна мера, девет се делумно и една препорака не е имплементирана
Скопје Инфо - пред 19 часа
Групата на земји против корупција на Советот на Европа (ГРЕКО), денеска во Стразбур го објави додатокот на вториот извештај за усогласеноста, во која ги оценува мерките преземени од властите на Северна Македонија за спроведување на препораките дадени во Извештајот за евалуација на четвртиот круг за земјава – „Спречување на корупција кај пратениците, судиите и обвинителите“. ГРЕКО оценува дека земјава постигнала одреден напредок во спроведувањето на препораките содржани во Извештајот од Четвртиот круг на евалуација, односно од дадените вкупно деветнаесет препораки, девет се имплементирани во задоволителна мера, девет се делумно имплементирани, а само една препорака е неимплементирана. Односно,препораките vi, viii, ix, x, xi, xiii, xvii и xix се имплементирани или третирани на задоволителен начин. Додека пак препораки i, iii, ii, iv, xii, xiv, xv, xvi и xviii се делумно имплементирани, апрепораката v не е имплементирана. Според општите заклучоци, нивото на спроведување на преостанатите препораки е „скромен“, известуваат од МИА....
Бислимоски најави поевтинување на бензините
Скопје Инфо - пред 20 часа
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски денеска најави дека ќе има поевтинување на нафтените деривати. – Денес дизелот се намалува за половина денар, а бензинот за еден денар. Тоа што е на берзите се преточува во одлуки, изјави Бислимоски за телевизија 24. Во однос на новиот тарифен модел за струјата, Бислимоски појасни дека има механизми за да се заштитат потрошувачите. Зголемувањето за сметка од 3.000 денари, тврди Бисломоски, би било од 150 до 200 денари....
Изложба на алтернативни фотографии „Да растеме заедно“, како најава за фестивалот „Зрно“
Скопје Инфо - пред 20 часа
Денес, 4 јули, со изложба на алтернативни фотографии „Да растеме заедно“ ќе биде отворен првиот фестивал за алтернативна фотографија „Зрно“ во Скопје. Изложбата го претставува отварањето на фестивалот, а на истата со алтернативни фотографии ќе се претстават авторите Кети Талевска-Бакревска, Викторија Мачковска, Мартина Павлоска и Сашо Алушевски. Изложбата „Да растеме заедно“ ќе биде во продажниот салон на Културно информативниот центар – Скопје од 20 часот. Во програмата на фестивалот се предвидени и работилници за алтернативна фотографија коиј треба да се случат на Матка, Скопје. Фестивалот „Зрно“ ќе трае од 6 до 10 јули....
Колку ќе ве чини еднодневно разладување во Скопје?
Скопје Инфо - пред 20 часа
Скопјани и ова лето го бараат спасот од тропските температури и велат дека без клима уред не се функционира. Каде да избегате од летните горешнити и колку ќе ве чини освежувањето пропратено со забава и рекрација, можеби и спорт? Влезницата за Базен Аеродром чини 300 денари, а базенот е оворен за посетителите секој ден од 10-18 часот. Од минатата недела со работа почна и скопскиот Аква Парк во склоп на СП „Јане Сандански“. Цената на билетите е за деца до 7 години 200 денари, а за сите останати 500 денари за работните денови и 600 денари за деновите од викендот. Влезот за деца до 3 години е бесплатен. Аква Паркот работи секој ден од 10-18 часот. Во околината на Скопје може да изнајмат вили со надворешни базени за целодневно уживање. Цените се движат од 50 евра нагоре....
Почина писателот Душко Родев
Скопје Инфо - пред 20 часа
Вчера, 3 јули 2022 година, во Скопје почина македонскиот писател, романсиер, раскажувач, драмски писател и сценарист Душко Родев. По кратко боледување, македонскиот писател и добитник на наградата „Роман на годината“ од Утрински весник, на 91 година нѐ напушти, заминувајќи во вечен сон соопштија од издавачката куќа „Македоника литера“, која во последниве десетина години ги публикуваше делата на Родев. Родев беше раскажувач на човекови судбини, на приказни исполнети со иронија и апсурди. Тој беше автор кој беше премолчуван, дури и забрануван во времето на социјализмот. Последниве десетина години вниманието кај читателите го привлече со двата последни романа – „Човекот што ги сакаше калинките“ (награда „Роман на годината), кој имаше три изданија, и „Во очекување на Нобеловата награда“ кои беа преведени на неколку јазици (српски, бугарски, руски, украински…) Покрај ова, Родев бил автор и на голем број збирки раскази, текстови, романи. По негово сценарио е снимен ТВ-филмот „Дивеч за отстрел“ (1992). Душко Родев беше погребан вчера во Скопје....
Речиси двојно поевтино од Грција - Ова се цените во Албанија ова лето
Скопје Инфо - пред 21 часа
Албанија изминативе години стана популарна летна туристичка дестинација за Македонците. Причина е преубавиот излез на Јадранското и Јонското Море, но сепак клучна улога играат и цените, кои се пониски и до 40% во споредба со Грција, Црна Гора или Хрватска. Во однос на сместувањето, цените се движат во просек од 20-40% поевтино во однос на сместувањето во Грција. Во екот на туристичката сезона цената за апартман за 4 лица цената е околу 40-50 евра за ноќ, додека хотелското сместување за две лица полупансион (со појадок) е околу 60 евра и 120 евра за полн пансион, односно престој со појадок, ручек и вечера. Такси превозот низ летувалиштата ќе ве чини од 4-9 евра. Две лежалки и чадор на плаќа се изнајмуваат по цена од 5-10 евра, зависно од местото. Храната е со пристапни цени, па така брза храна за две лица може да ве чини околу 5 евра. Богата вечера во ресторан за две лица е околу 22 евра. Во популарниот интернационален бренд за брза храна KFC оброкот ќе ве чини околу 4-5 евра. Пицата е 4-6 евра, а готвени јадења може да најдете по цени од 3-6 евра. Пивото е 1,2 евра, кафето и газираните пијалаци едно евро. Во Драч цените се најниски од сите летувалишта во Албанија, додека во северниот дел цените се за нијанса повисоки....
Приведени двајца криумчари на мигранти
Скопје Инфо - пред 21 часа
На 02.07.2022 во 19.00 часот на место викано „Клисура“ на автопатот А1, во близина на Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Богородица ги лишиле од слобода од С.Р.(22) од с.Брест, општина Чучер Сандево и Е.Ј.(25) од с.Арачиново. При преглед во возило „Ауди“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал С.Р., а сопатник бил Е.Ј., биле пронајдени 14 лица-мигранти. Како што известуваат од МВР, од 14 мигранти 6 лица биле од Сирија и Пакистан и 2 лица биле од Авганистан. Претходно, во 18.30 часот, на автопатот А1 во правец од Прдејци кон Демир Капија, возилото не застанало на знак за запирање од полициски службеници, а кога било запрено возачот, совозачот и мигрантите се обиделе да избегаат, но биле спречени и лишени од слобода. С.Р. и Е.Ј. се приведени во Полициската станица Неготино за понатамошна постапка, а мигрантите биле спроведени во Транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава....
Санкционирани 408 возачи низ државата
Скопје Инфо - пред 21 часа
Во текот на вчерашниот ден (03.07.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 408 возачи. Од нив 28 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 173 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 235 надвор од населено место. „Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, известуваат од МВР....
9 лица уапсени за дрога на фестивал во Дојран
Скопје Инфо - пред 21 часа
Повторно пронајдена дрога на фестивал во Дојран. -Во периодот од 20.30 часот на 03.07.2022 година до 02.30 часот на 04.07.2022 година, за време на одржување на музичка манифестација во Стар Дојран, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица, во координација со полициски службеници од Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при МВР и Единица за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при СВР Скопје извршиле контрола и ги лишиле од слобода К.А.(18) и А.М.(19), двајцата од Скопје, М.Ц.(26) и Д.П.(27), двајцата од Куманово, Г.П.(22) од Прилеп, Н.М.(22) од Охрид, Т.С.(21) од Валандово, Д.А.(19) од село Николиќ, општина Дојран и И.К.(20) од село Иловица, струмичко, бидејќи кај нив биле пронајдени повеќе видови дрога, соопшти МВР. Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци....
Скопјани пијат квалитетна вода
Скопје Инфо - пред 21 часа
Денес, ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавуви неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018. Секторот за санитарна контрола во периодот од 27.06.2022 до 01.07.2022 зема 200 примероци за физичко-хемиска и 200 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 43 мерни места во град Скопје. „Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РСМ, бр.183/18)“, известуваат од ЈП Водовод и канализација-Скопје....
Голем дел од Скопје утре без струја
Скопје Инфо - пред 22 часа
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре (вторник), поради веке закажани технички зафати во ситемот без електрична енергија ќе останат следниве корисници: -во време од 08.00 – 12.00 часот дел од с. Крушопек – дел околу стопанските субјекти (о. Сарај); -од 12.00 – 15.00 часот ул. 2 во с. Студеничани (о. Студеничани); - од 11.00 – 13.00 часот ул. Томе Арсовски бр. 30 (Кисела Вода); -од 09.00 – 12.00 часот ул. Антон Чехов (о. Ѓорче Петров); -од 07.30 -15.30 часот корисниците од улиците: Македонски Кралеви, 363, Клинска Река, Славеј Планина, 391, Стојко Јовановски, Св. Прохор Пчински, 7-ми Јули, Максут Садиќ, Пере Тошев, Кримска, Исмаил Кадаре, ул. 380...
Европејци без јазик и идентитет - Вреди ли? - прашање е сега!
Скопје Инфо - пред 22 часа
Вреди ли да влеземе во ЕУ по цена да го изгубиме она што не прави Македонци? – е клучното прашање во фокусот на целата македноска јавност во изминативе неколку дена. Пред Владата во Скопје и синоќа продолжи протестот под мотото „УЛТИМАТУМ – Не благодарам“. Учесниците се против прифаќањето на францускиот предлог за тргање на бугарското вето и отворање на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ. Според нив, негирањето на правото на самоопределување и условувањето на македонските европски интеграции со прифаќањето еднострано бришење на културната и историската посебност и еднострано непризнавање на јазикот, не е дел од критериумите за членство во ЕУ ниту правило меѓу државите членки. Социјалните мрежи се преплавени од темава. Еве што велат дел од граѓаните, меѓу кои и истакнати јавни личности и експерти во областа: -Ако сеуште молчите пред ова злосторничко бришење на Македонскиот народ и држава, ниту сте космополити ниту сте духовно просветлени, ниту сте политични ниту аполитични, ниту сте мудри ниту имате визија, ниту сте бизнисмени ниту сте уметници.Ако сеуште молчите вие сте само обични соучесници во геноцидот на Македонскиот народ и држава!!! - порача Владимир Четкар. -Ова е Македонија на Христо Узунов, Гоце Делчев, на Ѓорѓи Сугарев, Даме Груев, Питу Гули, Никола Карев, на Јордан Пиперката ги има многу сите тие се Македонци, ни Срби, ни Бугари, ни Албанци, тие се Македонци. Доколку не се спречи ова, македонскиот народ ќе остане без сопствена историја за себе, со туѓ спомен на друг, кој ќе треба да го прифати како свој, станувајќи никој! НЕ во мое име, не за мојот народ македонски! МАКЕДОНСКИОТ Јазик не е чист!!! Официјалниот јазик на земјата кандидат ЕУ го признава во поглавје 34. Него го нема во предлогот што го фали владата. Кога ќе дојде време да се отвори/затвори, немаме гаранција- ќе биде многу гнасно и далеку од чисто. — Марко Трошановски (@MarkoTroshan) July 3, 2022 Македонскиот јазик е нотифициран и нема никаква потреба да се докажува со никакви квази договори и некој да ни го признава веќе признатото. Никој нема право да ми се меша во мојот идентитет како Македонец, особено не во 21 век. — 100Le (@baljumbaljum) July 3, 2022 Првиот момент кога некој ќе се дрзни да го аминува и прифати предлогот, треба да си сноси одговорност по овој член. pic.twitter.com/4sAlbzkBK4 — Алан По (@d_dedalus) July 3, 2022 Дали режимов е свесен дека нѐ турка во граѓанска војна? Дали се дотолку глупи што не сфаќаат дека досега создадоа огромна меѓуетничка и уште полошо, внатре-етничка омраза и поларизација? Свесни ли се дека со последниов обид за бугаризација создаваат долгорочна нестабилност? — Atanas Kirjakovski (@profKirjakovski) July 3, 2022...
109 санкционирани возачи во Скопје, 58 за брзо возење
Скопје Инфо - пред 23 часа
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (03.07.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 109 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 58 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)... Засилените акциски контроли продолжуваат. -Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, потсетуваат од МВР....
Пинтија доби современ спортски центар
Скопје Инфо - пред 23 часа
Пинтија доби современ спортски центар. Во изминатиов период, Општина Кисела Вода изведе градежни активности за целосна реконструкција на уништеното игралиште на улицата “Јабланица” коe, освен што има нов лик, е и целосно функционално. Поставена е нова еластична тартан подлога. Обележани се терените за фудбал и кошарка, поставени се и нови табли за кошеви. Околу игралиштето се уреди патека од павер елементи, а претходно, се изврши и расчистување на дивото зеленило и грмушките. -Во рамките на овој рекреативен сквер, Општина Кисела Вода постави и урбана опрема, клупи за одмор, чешма, со што се заокружи целокупниот проект, седми и последен од предвидените седум инфраструктурни капитални проекти кои ги реализира Општина Кисела Вода по повод 67-миот роденден, информираа од општината. Во текот на претходните денови, Општина Кисела Вода го отвори паркот “Иднина”, на кружниот тек меѓу Кисела Вода и Припор, финализираше со санација на три клучни сообраќајници во Драчево, ги заврши градежните активности за новата градинка, прва досега во Усје, изврши целосна санација на сите улици во Пржино, отпочна со иградба на фекална канализација во 11 Октомври бараки, како и на изградба на нова водоводна мрежа долга 1450 метри на ул. “Илија Ристевски” со краците во с. Драчево....
Гужва на граничните премини во земјава - еве колку се чека!
Скопје Инфо - пред 23 часа
Поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез во земјава на ГП Табановце е околу еден час, а за излез на ГП Богородица 15 до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен....
Без вода денеска корисниците од Хиподром
Скопје Инфо - пред 23 часа
Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека денеска поради промена на шибер Ф-100 мм на ул.Никола Киров - Мајски бр.2 во населба Хиподром, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од нас.Хиподром. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот....
Неколку скопски населби денес ќе останат без струjа
Скопје Инфо - пред 1 ден
Од Регионалниот центар за управување со кризи, а врз основа на добиено известување од ЕВН Македонија информираат дека без електрична енергија денес ќе останат неколку скопски населби. - во периодот од 08.30 до 09.30 часот, корисниците од ул. Гиго Михајловски бр.10. (општина Карпош) - во периодот од 08.00 до 10.00 часот, потрошувачите во околина на базенот Сарај. (општина Сарај) - во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од ул. Мите Богоевски (од крстосницата со ул.Гаврил Константиновиќ до бр.42. (општина Аеродром) - во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул.Ветрило, објектите од долната подуличка и еден објект после кривината во нивите. (општина Сопиште ) - во периодот од 10.00 до 15.00 часот, објектите во с.Бардовци (општина Карпош)...
Денеска со температури до 38 степени, кон крајот на денот нестабилно
Скопје Инфо - пред 1 ден
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа со услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ=8 Во Скопје сончево и многу топло, попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 36 степени. До четврток ќе се задржи многу топло време, но во попладневните и вечерните часови поради влијание на циклонска активност од исток наместа ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови за појава на невреме со град и силен ветер. В петок и сабота ќе дува засилен северен ветер кога се очекува опаѓање на дневните температури....
Неколку скопски населби денес ќе останат струjа
Скопје Инфо - пред 1 ден
Од Регионалниот центар за управување со кризи, а врз основа на добиено известување од ЕВН Македонија информираат дека без електрична енергија денес ќе останат неколку скопски населби. - во периодот од 08.30 до 09.30 часот, корисниците од ул. Гиго Михајловски бр.10. (општина Карпош) - во периодот од 08.00 до 10.00 часот, потрошувачите во околина на базенот Сарај. (општина Сарај) - во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од ул. Мите Богоевски (од крстосницата со ул.Гаврил Константиновиќ до бр.42. (општина Аеродром) - во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул.Ветрило, објектите од долната подуличка и еден објект после кривината во нивите. (општина Сопиште ) - во периодот од 10.00 до 15.00 часот, објектите во с.Бардовци (општина Карпош)...
Неделен хороскоп: 4-10 јули
Скопје Инфо - пред 1 ден
Што ни носи хороскопот во првата недела од јули? ОВЕН Останете во центарот. Марс влегува во Бик во понеделник и ви помага да се ослободите од потребата да имате контрола над сè. Во вторник, Меркур влегува во Рак и ве инспирира да ги покажете емоциите кои често ги криете од другите. За време на викендот, Месечината во Шкорпија ви носи интимност и силно задоволство. Прочитајте повеќе тука. БИК Ова е ваша недела. Марс влегува во вашиот знак во понеделник што ви носи амбиција, страст и енергија да направите големи лични и професионални промени. Во вторник, Меркур влегува во Рак и ви помага се поврзете со другите преку зборовите. За време на викендот, Месечинаата е во Шкорпија, а тоа ви носи одлично време за љубов и романса. Прочитајте повеќе тука. БЛИЗНАЦИ Пуштете ги работите подалеку од себе. Во понеделник, Марс влегува во Бик и ви носи комплетирање на нешто што долго време ве мачеше. Тоа ќе ви донесе чувство на ослободување и свеж поглед кон иднината. Во вторник, Меркур влегува во нежниот Рак и ве инспирира да го слушате своето тело. За време на викендот, Месечината е во Шкорпија, а таа ве поттикнува да преземете мал чекор кон градење подобри навики за себеси. Прочитајте повеќе тука. РАК Среќен роденден, драги Ракови! Марс влегува во Бик во понеделник во вашата зона на активизам и ве повикува да соработувате со оние луѓе со кои можете да најдете заеднички јазик. Во вторник, Меркур влегува во вашиот знак и ви носи појасно размислување, комуникација и решавање на проблемите. Овој викенд, Месечината во Шкорпија ви носи можност во ранливоста. Прочитајте повеќе тука. ЛАВ Време е да ги покажете своите способности. Во понеделник, Марс влегува во Бик во вашиот сектор на кариерата и ви дава шанса да ги покажете своите лидерски способности, но и да најдете слобода да одлучувате за себе. Меркур влегува во Рак во вторник и ви носи стапици во размислувањето кои ве навраќаат назад во минатото, па затоа чувајте се. Овој викенд, Месечината во Шкорпија ве инспирира да се поврзете со луѓе кои ви носат добро чувство и позитивна енергија. Прочитајте повеќе тука. ДЕВИЦА Следете ја својата љубопитност. Во понеделник, Марс влегува во Бик во вашето поле на образование и патувања и ве мотивира да тргнете на нови места и буквално и фигуративно, но и да научите нови работи. Меркур влегува во Рак во вторник и ве прави поактивни и погласни за некои теми што ви се важни. Овој викенд, Месечината е во Шкорпија а вам ви носи многу прашања и силен интелект. Прочитајте повеќе тука. ВАГА Нема веќе преправање! Марс влегува во Бик во вашата зона на интимноста и ве мотивира да бидете искрени и автентични без потреба да ја филувате вистината. Меркур влегува во Рак во вторник и ви носи успех во работата. Овој викенд, Месечината е во Шкорпија и ве инспирира да се препуштите на малку трошење за лично задоволство. Прочитајте повеќе тука. ШКОРПИЈА Побарајте разбирање од другите. Марс влегува во Бик во вашата зона посветена на другите луѓе и ви носи можност да направите баланс меѓу себеси и другите. Тоа ќе ви помогне да разберете и различни погледи. Во вторник, Меркур влегува во Рак и ви носи ново учење. За време на викендот, Месечината ќе биде во вашиот знак носејќи ви самодоверба. Прочитајте повеќе тука. СТРЕЛЕЦ Ослободете се од навиките. Марс влегува во Бик во вашата зона на добростојба во понеделник и ви носи подобри навики. Во вторник, Меркур влегува во Рак и ви носи потреба да се насочите кон интимноста. За време на викендот, Месечината е во Шкорпија, а таа бара од вас да бидете добри и нежни кон себеси. Прочитајте повеќе тука. ЈАРЕЦ Изразете се најдобро што умеете. Во понеделник, Марс влегува во Бик во вашата зона на храброста и ве мотивира да ги искомуницирате своите желби, емоции и стравови со луѓето кои треба да го знаат тоа. Во вторник, Меркур влегува во Рак и ви помага да сфатите дека довербата е взаемна. Овој викенд, Месечинат е во Шкорпија во вашиот социјален сектор, па време е за дружење со пријателите. Прочитајте повеќе тука. ВОДОЛИЈА Поставете граници. Марс влегува во Бик во вашата зона на емоционална интелигенција во понеделник и ви носи инспирација да го заштитите своето сеце и да поставите јасни граници. Искомуницирајте што е во ред, а што не е за вас. Во среда, Меркур влегува во Рак и ве поттикнува да преземете мали чекори кон релаксацијата и смиреноста. За време на викендот, Месечината е во Шкорпија, а тоа носи продуктивност за вас. Прочитајте повеќе тука. РИБИ Проширете ја својата комуникација. Марс влегува во Бик во вашата зона на комуникации и ве мотивира да бидете појасни и поконкретни во комуникацијата, но и да поставувате прашања за да дојдете до разбирање. Во вторник, Меркур влегува во Рак и ве инспирира да споделите како се чувствувате со некој кој треба да го слушне тоа. Овој викенд, Месечината ве поттикнува да тргнете на авантура и да ги проширите хоризонтите. Прочитајте повеќе тука....
Му се слошило додека пешачел и починал
Скопје Инфо - пред 1 ден
На 02.07.2022 околу 06.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека В.С.(54) од Скопје, додека пешачел во с.Вртекица, скопско, му се слошило и починал, информира МВР. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција....
Измамен млад скопјанец: Останал и без „мерцедес“ и без 40 илјади евра
Скопје Инфо - пред 1 ден
На први јули во 23.30 часот во полициска станица 21-годишен жител на Скопје пријавил дека бил измамен од А.Ц.. Според пријавеното, на 22.06.2022 на својот фејсбук профил го огласил за продажба возилото „мерцедес ” за сума од 55.000 евра, по што на 24.06.2022 му се јавил А.Ц. и побарал да се сретнат и да се договорат да го купи возилото. Како што е пријавено, по неколку средби се договориле да направат размена и А.Ц. да му доплати уште 40.000 евра. Исто така, според пријавеното, тие направиле и договор за размена, по што ги размениле возилата, но до пријавувањето на настанот А.Ц се уште не му ги дал парите, а по повеќето телефонски разговори одбил да му го врати и возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот....
На светот не му требаат копии, туку оригинали: Нашата сила се крие во нашата храброст да бидеме она што сме
Скопје Инфо - пред 1 ден
Не мораме да бидеме ништо друго и никој друг. Доволно е да сме ние самите. Живееме во ера на социјални медиуми, кога многу вредности се изместени и постојат одредени очекувања од луѓето. Така, голем дел одлучуваат да станат дел од толпата со цел да бидат прифатени, но во таквиот процес губат дел од себе. Не е проблемот во тоа да сме слични со другите луѓе, но зошто да ја губиме својата автентичност мислејќи дека треба да бидеме исти како некој друг? Во денешно време е храбро да се биде свој. Да се верува во себе, да постои мир со она што го мислиме и правиме без постојана потреба за тоа да добиеме одобрување од другите. Сите сме единствени на свој начин и тоа е убавината на овој свет. Затоа треба да бидеме горди на себеси, на она што го носиме во себе и да не се плашиме да го споделиме тоа со светот. На светот не му требаат копии, му требаат оригинали. Затоа правете го она што ве прави среќни, бидејќи само така ќе живеете исполнет живот. Не е тешко, само дел од нас имаат заборавено на тоа....
Доаѓа прекрасна недела за три хороскопски знаци
Скопје Инфо - пред 1 ден
Летото е тука, а температурите се вжештуваат. Ни доаѓа одлична недела за три знаци. Овен Ова е недела која ви носи креативност, но и свежина во вашите идеи, па така очекувајте внимание од надредените и колегите, но и многу различни можности да се изразите. Следете го своето срце и препуштете се на убавата магија која ја креирате самите. Рак Ова е ваша сезона и ваш момент да блеснете. Самодовербата ви е на високо ниво, но иако не го сакате тоа секогаш, доаѓате во центарот на вниманието и тоа ви годи. Ова е и недела која ви носи заслужени награди, но и време за себеси. Дајте си можност да ги наполните батериите. Лав Вие сте еден од знаците кој највеќе ужива во летото, а ова е момент кога точно ќе знаете што сакате. Но, не го занемарувајте одморот и можноста да ги избистрите мислите, да поминете време во природа или на краток одмор. Тоа е ви е потребно за да се подготвите за големите победи кои доаѓаат со вашата сезона....
247 санкции за брзо возење
Скопје Инфо - пред 1 ден
Во текот на вчерашниот ден (02.07.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 247 возачи. Од нив 20 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 106 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 141 надвор од населено место. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедничким да придонесеме за побезбедни патишта....
Народот масовно и гласно кажа не на ултиматуми, денес повторно протест во 19 часот
Скопје Инфо - пред 1 ден
Вчера граѓаните масовно јасно и гласно кажаа НЕ БЛАГОДАРАМ на ултиматуми и диктати содржани во Предлогот кој Владата на Ковачевски и Османи го прифати. Граѓаните се противат на легализацијата на асимилацијата на Македонскиот народ, понижувањата и идентитетските обезличувања кои е подготвена да ги направи оваа Влада. И народот и експертската јавност се уверени дека Владата лаже. Овој договор е истиот кој наводно пред една недела Ковачевски го одби. Со овој Предлог со пропратен документ македонскиот јазик се опишува како западно бугарски дијалект. Со предлог рамката, чиј составен дел се годишните извештаи се опфатени историските прашања, а со тоа и негаторските барања на Софија, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека со Протоколот се предвидуваат промени на учебници за револуционерните дејци како Делчев, Груев, Сандански, за Илинденското востание, Самоиловата држава, но и промени на споменици, музеи, објекти и настани. – Во овој протокол, или Годишен извештај како што го нарекува Владата на Ковачевски има конкретни датуми и рокови, што и како треба да се менува. За сето тоа во годишните извештаи македонската страна треба да ја информира Бугарија и доколку таа не е задоволна со спроведената активност рамна на асимилаторска, тогаш повторно и повторно може да поставува вето. Доколку Владата го прифати предлогот тогаш Македонија самоволно прифаќа вечно преговарање или целосна асимилација на сегашната, минатите и идните генерации. Владата на Ковачевски во очај преку Османи кукавички се обидува да шири страв и закани. Но ни тоа не поминува. Колку повеќе се закануваат и го лажат народот, толку погласен ќе биде гласот и противењето на народот. Оваа Влада изгуби целосен легитимитет. Таа влада на Ковачевски и Османи не е народна влада и затоа се потребни избори, на кои конечно ќе паднат, се појаснува во партиското соопштение. ВМРО-ДПМНЕ повторно во 19 часот ги повикува граѓаните на мирен и достоинствен протест пред Владата против понижувањата и ултиматумите се додека не се откажат од намерата за асимилација на својот народ....
Пановски: Воопшто не би тестирал за ковид, ако остане лесна болест која ја дава омикрон
Скопје Инфо - пред 1 ден
По мирниот почеток на летото, бројот на новозаразени лица со коронавирусот во земјава повторно расте. Др.Никола Пановски во разговор за „Локално“ вели дека засега состојбата е мирна и стабилна, болниците во земјава се празни и бројот на починати од ковид е помалку од еден случај дневно. Во врска со појавата на Омикрон-БА 4 и 5, микробиологот, појаснува дека секоја нова варијанта која станува доминантна се шири побрзо од претходната, додавајќи дека и овие нови подвидови се шират побрзо од претходните видови на омикрон. - Додека нема компликации и хоспитализации, а особено смртни случаи, бројот на нови случаи за мене лично не значи ништо. Денес се тестирале, на пример, 1000 лица со респираторни симптоми, 200 од нив биле позитивни на ковид 19, од тие 200 ретко кој завршил во болница, сите оздравеле. Што е со останатите 800, ковид негативни? Дали и тие оздравеле, дали не завршиле во болница? Не знаеме!!! Не биле ковид. А, што ако од тие 800, поголем број завршуваат во болница отколу од овие со ковид? Инаку, овие што се тестираат веројатно имаат поизразени симптоми, висока температура, болки итн, вистинскиот број на нови случаи е десетина пати поголем, бидејќи оние се полесни симптоми воопшто и не се тестираат. Новите подваријанти на омикрон немаат различни симптоми и не предизвикуваат потешка клиничка слика од другите подводови на, секако многу полесна од сите претходни варијанти, објаснува Пановски. Тој вели дека без лабораторија не може со сигурност да се направи разлика,помеѓу стомачниот вирус кој е присутен и стомачните болки кои можат да бидат еден од симптомите за ковид. -Вирусите кои даваат стомачни симптоми се повеќе видови на број. Се разбира сосема се различни од ковид како вируси, помали се, поотпорни на надворешна средина, различно се градени. Клинички, кога е ковид, дијареата е придружен симптом на респираторните симптоми, што е поретко случај кога се работи за ентеровируси. Без лабораторија не може со сигурност да се направи разлика, што за самиот пациент и не битно. Специфичен лек нема, основна терапија е рехидратацијата и диетата., подвлекува микробиологот. Наесен ќе има поголем број на случаи Пановски вели дека новиот бран почнува деновиве, појаснувајќи дека сега има разликата заради стекнатиот имунитет природно или вештачки, поради што хоспитализациите и компликациите се многу поретки. -Новиот бран почнува деновиве, но ако тој број на нови случаи не ги наполни амбулантите и особено болниците, не е ни битен. Замислете ако имаме по 500 случаи дневно, без некои компликации по здравјето, тоа би значело дека најмалку 5000 нови инфекции имаме на ден. 5000 х 30=150.000 природно имунизирани граѓани месечно, за година дена сите ќе го „свртиме вирусот’ барем по еднаш. Ние веќе сме го „свртиле“ вирусот, просечно по еднаш сите, кои со симптоми кои без, кој вакциниран кој не, но последиците беа страшни. Сега, разликата е што заради имунитетот природно или вештачки, а особено комбинирано стекнат, и заради намалената вирулентност на омикрон варијантата (поголема вирулентност не значи побрзо ширење, туку поголема штета за човекот), хоспитализациите и компликациите се многу поретки, смета докторот. Пановски е на мислење дека наесен ќе има поголем број на случаи и дека во моментов едноставно живееме со вирусот во една сосема пристојна рамнотежа во која „само хроничните болни и постарите би требало да внимаваат да не се разболат“. -Сега, без мерките ќе имаме како секоја година, респираторни болести во есен и зима, тој број на такви случаи ќе изнесува и до 100.000 дневно. Да се прашувам јас, ако состојбата остане ваква во смисла на лесната болест која ја дава омикрон варијантата кај нас, каде во огромен број сме имунизирани, пред се по природен пат, воопшто не би тестирал на ковид, подвелкува тој. Според докторот доволни се постоечките мерки во моментов додевајќи: „Можеби за ранливите категории, постарите лица, препорака да избегнуваат гужви во затворен простор, а ако мораат, тоа да биде краткотрајно и со употреба на маска“ . Ако не „легнат со импортираниот случај“ нема да оболат од мајмунска сипаница Во врска со мајмунската сипаница, Пановски посочува дека граѓаните не треба да се оптеретуваат со еден или два случаи во замјите во регионот, појаснувајќи дека оваа болест треба да се препушти на стручните лица, бидејќи тие треба да испитаат „зошто баш сега се проширила надвор од Африка во релативно поголем број“. -Доволно беше што разбраа дека ако не „легнат со импортираниот случај“ нема да оболат. Колку што јас знам никој надвор од Африка не починал од оваа болест, која инаку многу тешко се шири. Значи, зошто го трошиме времете на оваа ретка болест? Да ја оставиме на стручните лица, за нив е интересна од аспект зошто баш сега се прошири надвор од Африка во релативно поголем број, потенцира микробиологот додавајќи дека треба да се набават мал број на тестови. -Мислам дека веќе е донесена одлука да се набават. Инаку и да не се набават, примероците би се праќале во некој лабораторија во странство. Лично сметам дека треба да се набави мал број на тестови, вели тој....
90 санкционирани возачи во Скопје: 18 за брзо возење
Скопје Инфо - пред 1 ден
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (02.07.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 90 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 18 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, 20 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се четири мерки за возачи почетници, седум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, една мерка за минување на затворен сигнал (црвено светло), две мерки за неносење на сигурносен појас... Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта....
Откажан концертот на ,,Whitesnake” во Скопје
Скопје Инфо - пред 1 ден
Долгонајавуваниот концерт на легендарните ,,Whitesnake”, кој требаше да се одржи на 12-ти јули на стадионот на АРМ во Скопје, е откажан. Како што информира организаторот, Авалон Продукција, ,,Whitesnake” и David Coverdale, поради здравствени причини на Coverdale, покрај претходно откажаните четири концерти, бендот го откажа и остатокот oд европската турнеја во која од седум концерти, три требаше да бидат во организација на Авалон Продукција; Скопје, Белград и Сараево. Нема информација дали концертите ќе имаат нов термин, па поради тоа ќе се вршела целосна рефундација на средствата. Англискиот рок бенд кој е присутен на сцената околу пет децении, кон крајот на минатата година ја најави турнејата која беше планирано да започне на 10-ти мај во Даблин, а потоа да продолжат со концерти во Лондон, Манчестер, Стокхолм, Минхен, Загреб, Будимпешта, Белград, Атина, Скопје… и за крај Могилово, соседна Бугарија. Влезниците за концертот се продаваа по цена од 1.500 денари за партер и 2.000 денари за фанпит....
Смарт сити – концепт за иднината без алтернатива, предизвик дигиталниот јаз
Скопје Инфо - пред 1 ден
Концептот на смарт сити или паметен град подразбира интегрирање на новите технологии, податоци и иновации во управувањето и развојот на градовите обезбедувајќи најдобри резултати за заедницата и животната средина, преку подобрување на локалната економија, одржливост, безбедност и отпорност. Тоа е концепт без алтернатива кој подразбира дигитално писмени граѓани. Секој модерен град денес е дигитализиран град, а дигиталната инклузија е приоритет за секоја локална администрација која сака да се смета за успешна. Горан Бабушку електроинженер, кој повеќе години живее и работи во Австралија од пред две години раководи со тимот на Општина Стонингтон, Мелбурн задолжен за решенијата за дигитален или паметен град (Smart City Delivery Lead). -Со напредокот на технологијата ние сите живееме во т.н. паметни градови каде модерните технологии се користат околу нас во поголема или помала мера. Целта е овие технологии да се спојат, централизираат и најдобро да се искористат за решавање на проблемите на граѓаните. Некои понапредни градови кои концептот на паметни градови го применуваат на консолидиран и пософистициран начин се Барселона, Копенхаген, Базел, Филаделфија, Сеул, Сингапур, Лондон, Мелбурн. Човек може да се сретне со применети модерни технологии и во многу други помали градови, но целта не е градовите да се натпреваруваат туку да ги споделуваат искуствата од постигнатите резултати, сеедно дали тие искуства се добри или лоши, потенцира Бабушку. Тој нагласува дека клучен белег на „смарт сити“ е соработката помеѓу локалната заедница, волонтерите, старт ап компании, индустријата, генерално бизнис заедница. Во процесот на управуавње најважен дел е прибирањето информации од граѓаните, од бизнисот и внатре од општината со цел координирање на сите активности. Смарт сити значи и поддршка на локалната економија, на старт апите ако се користат нивни производи при управување со процесите во локалната заедница. Пример е производство на сензори за следење на кввалитетот на воздухот, кои можат да се применат и при мерења во затворени простории за создавање оптимални услови за работа. -Почнавме да работиме на некои мали проекти, пилот проекти едни од нив беа осветлувањето на паркови со далечинска контрола, односно паметно осветлување, потоа паметно паркирање, како и примена на сензори за следење на фреквентноста на сообраќајот, односно бројот и видот на возила, брзината на движење, бројот на пешаци, на велосипеисти низ мрежата на градските сообраќајници. Како луѓето во општината дознаваа за овој мониторинг сваќаа дека можат да бараат многу повеќе од новата технологија, сообраќајните инженери увидоа дека со помош на таа технологија можат да го направат сообраќајот побезбеден, вели Бабушку. Тој нагласува дека ова е само почеток и како ќе напредува собирањето информации ќе дојдат нови генерации кои токму на база на тие податоци ќе можат да ги решаваат новите предизвици. Новата дигитална технологија се користи и во управување со отпадот. Сумата која се издвојува во општината за смарт сити не може да се дефинира конкретно, бидејќи вели тоа е концепт кој се обидуваат да го применат во секој проект, да имаат транспарентна контрола и управување со сите средства на градот со цел да го подготват за иднината. Вклучува далечинско управуавње од едно место, од една контролна табла на јавното осветлување, тоалетите во парковите, паркинзи, деловни објекти, до рекреативни центри, локални спортски клубови па се до манифестации и настани на отворено со што се поедноставува процесот на работа, се заштедува на човечки и материјални ресурси, на електрична енергија, а се добиваат квалитетни услуги. Дигитална инклузија Дигиталната инклузија е неразделна од смарт сити концептот бидејќи подразбира вклученост на секој член од заедницата, и најмалите маргинализирани групи да станат дел од современите дигитализирани процеси. Потврдено е низ истражувања дека дигиталната нееднаквост ја засилува социјалната нееднаквост, а интерес на секоја општина е таквиот дигитален јаз да го намали или целосно да го Во Австралија, секоја општина дигиталната инклузија ја спроведува на начин кој соодвтетствува на нејзините потреби, според возраста на населението, припадноста на различни говорни подрачја, и пристапот до хардвер и интернет. Нашата општина е на самиот почеток од структурно имплементирање на смарт сити концептот. Други општини се понапред со примената на новиот коцепт, како што е Кејси, една од поголемите општини на југот од Мелбурн со значајно население на социјално и економски загрозени семејства. Со цел намалување на дигиталниот јаз градот Кејси лани ја лансираше својата прва рамка за дигитален капитал за подобрување на дигиталната правичност и зајакнување на општината. Развиена во консултација со жителите на Кејси, бизнисите и групите во заедницата, рамката поставува насоки и активности за испорака на дигитални ресурси и инфраструктура за подобрување на онлајн пристапот, довербата и дигиталната писменост низ Кејси. Ставот на локалната администрација е дека сите членови на заедницата заслужуваат фер пристап до дигиталните ресурси и придружните придобивки, што пак гради дигитално зајакнување и дигитална демократија. Меѓу првичните активности утврдени со рамката се: зголемување на пристапот до интернет: идентификување клучни локации за инсталирање бесплатни јавни станици за Wi-Fi, мапирање бесплатни wi-fi точки преку креирање онлајн мапа за организациите за услуги на заедницата, училиштата и општата заедница и градење дигитални вештини за надминување на социјалната изолација на ранливото население и дигиталното исклученост влошени од Ковид – пандемијата. Дигиталната инклузија, дециден е Бабушку, е елемент кој треба да се спроведува и да се поддржува. За тоа се потребни две точки како да се обезбеди бесплатен интернет или евтин интернет и компјутер. Одличен пример за ова е градот Филаделфија каде градските власти, вели во договор со телекомуникациските компании ги отстапуваат крововите од нивните општински објекти за инсталирање на мрежа од антени за 5Г во замена за многу поефтин интеренет за социјално загрозените жители на градот. -Маргинализираните лица можат да бидат еден процент, можат да се и 0,1 процент од населението, но тие се многу битен елемент кој мораме да го доведеме до нула, подвлекува Бабушку кој со голем ентузијам им приоѓа на прашањата на социјална, односно дигитална инклузија. Во Лондон градските власти лани промовираа Услуга за дигитална инклузија која ќе биде развиена во партнерство со Лондонската канцеларија за технологија и иновации (LOTI) и добротворна организација а ќе им помага на луѓето да добијат уреди, вештини и прифатлива поврзаност. Како што објави глобалниот магазин Cities Тoday, според направените анализи, недостигот на уред е пријавен како еден од главните фактори кои придонесуваат за дигитално исклучување и услугата за дигитално вклучување ќе ги охрабри големите организации и бизниси да донираат несакани телефони и лаптопи кои треба да се реновираат. Со проектот ќе се нуди бесплатно или евтино мобилно поврзување преку „банка на податоци“ и промоција на „социјални тарифи“ – евтини интернет конекции од телекомуникациските фирми. Се проценува дека 270.000 жители на Лондон немаат пристап до интернет, а уште два милиони имаат многу ограничен пристап, односно немаат сопствен уред или се борат да користат онлајн услуги. Со новата услуга треба да се поддржат до 75.000 луѓе во текот на три години, при што за едногодишниот пилот период ќе бидат вложени 545.000 фунти (667.00 американски долари). „Донирај компјутер“ – успешен домашен модел Одличен пример за поддршка на дигитална инклузија во Македонија, пак, вели инженер Бабушку, е Донирај компјутер. За ДК разбрал од Твитер, а поактивно почнал да ги следи на Linked In. -ДК се есенцијален дел на еден smart city, да не кажам критичен дел. Во момент на драстичен развој на технологиите многу е важно на сите граѓани да им биде овозможен пристап до модерните технологии. Неодамна Обединетите Нации го прогласија пристапот на интернет како основно човеково право, а активностите на ДК се основен елемент во тој мозаик на дигитална инклузија. Овие активности не само што треба да се пофалат туку активно да се поддржат од властите, индустријата и народот. ДК ја имаат комуникацијата со локалните заедници и волонтерите (community engagement), со донаторите (stakeholders engagement) и со медиумите (public relations), оценува ИТ експертот. Во Австралија, посочува тој, и покрај тоа што е високо развиена земја има потешкотии како да се пристапи до овие заедници за да се слушне нивниот глас. ДК тоа успешно го имплементира, 1700 семејства на кои им е дониран компјутер не е занемарлива бројка. Тука е важно да се напомене дека ДК со нивната идеа активно придонесуваат и за продолжување на животниот век на навидум застарената технологија со што се намалува електронскиот отпад што е во основа циркуларна економија (circular Economy). Тој целосно ја поддржува активноста на оваа непрофитна и невладина организација, а денес нивните релации се на планот на размена на идеи и сугестии за потребата од подигање на свеста за значењето на дигитална инклузија во земјава. Донирај компјутер и неговиот основач Борче Стаменов заедно со тимот, веќе шест години волонтерски работи на тоа секое семејство во државата да има по барем еден компјутер бидејки компјутерот е потребна алатка за учење, а не луксуз. Со донации на половни компјутери низ територијата на цела Македонија досега на над 1700 семејства им е обезбеден компјутер. Рената Наумовска, специјалист за комуникации, која е еден од волонтерите кои посветено работат на постигнување на целите вели дека на Донирај Компјутер му е потребна помош, бидејќи предизвиците кои стојат пред нашето општество во контекст на фаќање на чекор со светот се огромни. -Никого не одбиваме и за секого сме отворени, резултатите зборуваат сами за себе: -1708 донирани компјутери, летна пракса (обука) за 15 деца од техничкото училиште „Киро Спанџов Брко“ во Кавадарци, (по двајца на ден заради просторот). Работиме и на тоа како со секој компјутер да обезбедиме и бесплатен интернет, но и соодветен простор за обуки, за времено складирање на донираните компјутери, вели Наумовска. Нареден чекор на ДК, вели таа, би бил: одржување на компјутерите и обука на граѓани како да користат компјутери, обука за родителите и децата во семејствата каде што одат компјутерите како да ги користат, со можност за понапредни програми за,децата, а за повозрасните некоја квалификација која што би можеле да им донесе вработување, за пензионерите како да платат сметки онлајн. Од тука се појавува и потребата да ги научиме и како да се заштитат додека се онлајн, што би довело до понатамошна едукација од типот на сајбер безбедност и уште и обука за cyber hygiene. Копенхаген на врвот на листата на дигитални градови во светот Копенхаген е прв на листата меѓу петте „најпаметни градови“ според новиот Индекс на дигитални градови на Економист Импакт, група за истражувања и анализи на Економист Груп. Како што објави магазинот „Cities Today“, според истражувањето спроведено оваа година, второрангиран град е Аместердам, трет е Пекинг, а Лондон и Сеул го делат четвртото место. Анализата вклучува 30 градови кои се евалуирани во однос на четири категории; поврзаност, услуги, култура и одржливост. Истражувањето комбинира квантитативна и квалитативна анализа и анкета на 3.000 жители низ градовите. Резултатите покажуваат како функционираат градовите во однос на мерливи критериуми како брзина на интернет, како и квалитативни фактори како што се присуството на стратегии и политики за технологии како 5G и вештачка интелигенција. Според градската администрација на данската престолнина успехот се должи на усвојувањето на многу дигитални решенија од кои граѓаните имаат бенефити во секојдневниот живот. Станува збор за најразновидни услуги при што секој граѓанин има дигитален идентитет и речиси секој ја добива својата пошта од властите преку интернет. Но, успехот на градот, наведуват, не се заснова на техничкиот елемент, туку на довербата како клучен фактор за висoко ниво на дигитализација на градот и силниот фокус на дигитални решенија кои придонесуваат за пoодржлив град Се предвидува дека трошењата за технологија за паметни градови до 2025 година ќе достигне 327 милијарди долари, од 96 милијарди долари во 2019 година....
Зајдисонце во мојот град
Скопје Инфо - пред 1 ден
View this post on Instagram A post shared by Skopjeinfo.mk (@skopjeinfo.mk)...
Делови од четири скопски општини утре ќе останат без струја
Скопје Инфо - пред 1 ден
Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 04.07.2022 година ( понеделник ) без електрична енергија ќе останат: - во периодот од 08.30 до 09.30 часот, корисниците од ул. Гиго Михајловски бр.10. ( општина Карпош ) - во периодот од 08.00 до 10.00 часот, потрошувачите во околина на базенот Сарај. ( општина Сарај ) - во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од ул. Мите Богоевски (од крстосницата со ул.Гаврил Константиновиќ до бр.42. ( општина Аеродром ) - во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул.Ветрило, објектите од долната подуличка и еден објект после кривината во нивите. ( општина Сопиште ) - во периодот од 10.00 до 15.00 часот, објектите во с.Бардовци ( општина Карпош )...