Нијагарините водопади во боите на македонското знаме
Express - ново
Во знак на почит кон жртвите од катастрофата во ноќниот клуб во Кочани, при што загинаа 59 лица, нијагарините Нијагарините водопади и кулата Си-Ен во Торонто, ноќеска беа осветлени во црвено-жолто , боите на македонското знаме, Македонските активисти во Канада, предводени од Џордан Битов и Македонската дијаспора во Канада ја организираа оваа церемонија. Нијагарините водопади беа осветлени во 21:00 часот по локално време (околу 02:00 часот по македонско време)....
Во сообраќајка во Кавадарци повредени 4 лица
Express - ново
Четири лица биле повредени синоќа околу 23 часот во сообраќајка во Кавадарци, при судир на две возила на крстосницата кај Брушински мост. Информацијата утрово ја потврди за МИА, доктор Антоан Паракеов, раководител на Итната медицинска помош во Кавадарци. „Како итна медицинска помош бевме на лице место веднаш штом го добивме повикот за сообраќајна несреќа, директен судир на две возила на крсосницата кај Брушански мост во градот. Четирите повредени лица ги пренесовме во Општата болница во Кавадарци“, изјави Паракеов....
Денес премиерот Мицкоски во Радовиш на предавањето на стоковната куќа обновена како мултифункционален центар-музеј
Express - пред 46 минути
Денеска претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе ја посети општината Радовиш, каде што ќе присуствува на настанот по повод возобновувањето на претворањето на постојната стоковна куќа во современ мултифункционален центар и музеј.“Објектот, кој стоеше триесет години запуштен и запоставен, како нем сведок на транзицијата, сега повторно ќе биде ставен во функција.” – информираат од Владата, дополнувајќи дека за остварување на проектот за реновирање и пренамена на стоковната куќа во Радовиш се потрошени 223,075.612 денари.Планирано е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите. Извор: Македонска информативна агенција МИА...
Исмаили: Не злоупотребувајте ја болката на семејствата на 59-те починати за лични интереси! Потребно е служење на вистината и државата!
Express - пред 8 часа
„Во своите вечни домови почиваат 59 фиданки! Стотици членови на нивните семејства имаат доживотни лузни. А вие продолжете да го барате она, што треба, но не злоупотребувајте ги чувствата и болката на мајките, татковците, браќата, сестрите и роднините на жртвите! Не со служење на тесни интереси на одредени поединци. Но само со служење на вистината, државата и подобрата иднина за сите!“ – нагласува новинарот Мефаил Исмаили во својата колумна, која ја објави информативниот портал „Алмакос“. Мефаили пишува: Во моменти на најголема болка за целиот народ, државата и нашите семејства, не можевме да останеме достоинствени, да се солидаризираме со дела и дух, но се солидаризиравме само со зборови. Колку диво! Не можевме да бидеме достоинствени само 4 дена, до денот на погребот и додека се преправавме дека нѐ боли срцето и оти сме блиски со сите семејства и роднини на жртвите и повредените, се обидовме да создадеме медиумски циркус, глумејќи новинари, играјќи ја медиумската игра, правејќи се се и одговорни и „херои“! Но, што направивме во реалноста?! Раширивме толку многу „вести“ и дезинформации, кои уште повеќе го подгреаја гневот на сите граѓани, ја направија уште потешка болката на членовите на семејствата и предизвикаа уште поголем очај кај сите граѓани. Дури, во име на „извори на информации“ посеавме и многу страв за наводното подготвување меѓуетнички тензии и слични инциденти. И колку повеќе се повторуваше ова, толку повеќе ми го зацврстуваше уверувањето дека тие што наводно се „загрижени“ за инциденти, се тие што посакуваат и подгреваат инциденти. Но, ако ви остана малку човечност, запомнете дека во трите претходни трагедии не се ни споменуваше поттикнување инциденти, туку беа пројавени солидарност и поддршка, како што беше искажано во Кочани! Во целата оваа голема трагедија многумина од нас се покажаа како крајно нечовечни, арогантни и бездушни! Како слаби, па дури и диви луѓе во такви големи трагедии! Во своите вечни домови почиваат 59 фиданки! Стотици членови на нивните семејства имаат доживотни лузни. А вие продолжете од денес да го барате она, што треба, но не злоупотребувајте ги чувствата и болката на мајките, татковците, браќата, сестрите и роднините на жртвите! Не со служење на тесни интереси на одредени поединци. Но само со служење на вистината, државата и подобрата иднина за сите! Кочани! Уште една рана која никогаш нема да зарасне!...
Пожар во зграда во Струга, оштетени повеќе станови
Express - пред 10 часа
Во колективна зграда лоцирана на улицата „Партизанска“ во Струга, избувнал пожар кој оштетил повеќе станови. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга. Увид на местото извршија полициски екипи, соопшти СВР Охрид. На 21.03.2025 во 16.05 часот, во ОВР Струга е пријавено дека, во колективна зграда лоцирана на улицата „Партизанска” во Струга избувнал пожар кој оштетил повеќе станови. Увид на местото извршија полициски екипи. Исто така вчера, во крајезерскиот појас со трска помеѓу Струга и село Калишта, избувнал пожар. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга. Увид на местото извршија полициски екипи, информира СВР Охрид....
Коментаторот на РТС низ плач најави минута молк и за жртвите во Кочани (ВИДЕО)
Express - пред 10 часа
Александар Стојановиќ, спортски коментатор на Радиотелевизија на Србија (РТС), го преплавија емоции при најавувањето минута молк и за настраданите во Кочани пред почетокот на реваншот од Лигата на нациите меѓу фудбалските репрезентации на Србија и на Австрија во Белград. Aleksandar Stojanović nije uspeo da zadrži emocije kada je bio minut ćutanja na meču Srbija – Austrija pic.twitter.com/I2eo4INKWm— sportsscandals (@sportsscandals1) March 23, 2025...
Гласна тишина во Градски парк во Скопје, едночасовен молк за почит на загинатите млади во Кочани
Express - пред 10 часа
И покрај дождливото време, млади луѓе се собраа на попладнево во Градскиот парк за со едночасовен молк им оддадат почит на жртвите од пожарот во Кочани. Насобраните не дадоа изјави за медиумите пред почетокот на молкот. Едночасовен молк имаше и во повеќе градови од земјава, со цел луѓето да оддадат почит на жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде загинаа 59 лица, а околу 200 лица се здобија со повреди. Како што беше наведено и во најавата од страна на „Студентски пленум” за денешниот собир, граѓаните почнаа да се собираат околу 16 часот, по што едночасовниот молк започна една минута пред 17 часот, односно, симболично, во 16:59 часот. Насобраните не дадоа изјави за медиумите пред почетокот на молкот....
Канадскиот премиер исплашен од Трамп распиша вонредни избори
Express - пред 12 часа
Канадскиот премиер Марк Карни најави дека земјата ќе излезе на вонредни избори на 28 април, пренесува „Ројтерс“. Причина, како што објасни, е потребата за цврст мандат поради трговската и царинска војна што американскиот претседател Доналд Трамп ја најави против Канада. Редовните избори воКанада требаше да се одржат на 20 октомври, но Карни одлучи новата влада да се формира шест месеци порано. Трговската војна на САД против Канада, Карнија нарече „една од најголемите закани во нашиот живот“. „Тој сака да ја скрши Канада за Америка да може да нè поседува. Тоа нема да го дозволиме“, порача Карни....
Алкалоид на прагот од полуфиналето во Европскиот куп, реми во Баја Маре
Express - пред 13 часа
Ракометарите на Алкалоид се на прагот на полуфиналето на Европскиот куп по нерешениот резултат 31:31 во првиот четврфинален натпревар со Минаур Баја Маре во Романија. Возвратната средба е на 30 март од 19 часот во салата „Автокоманда“ во Скопје. Резултатот од првиот меѓусебен дуел можеше да биде многу поинаков со оглед на водството на домаќинот од 21:16 во почетокот од второто полувреме, но и предноста на гостите од Македонија од 27:24 во завршницата од мечот, кој почна со минута молк за настраданите во Кочани, а ракометарите на Алкалоид носеа црни ленти на ракавите. Десниот бек Мартин Серафимов и десното крило Александар Петковски со по 7 гола од 8 удари беа најефикасни кај „фармацевтите“, пред левиот бек Франсиско Оливеира со 5/8 и средниот бек Игор Ѓорѓиев со 4/6. Севкупно подобриот од овој четвртфинален двобој во полуфиналето за противник ќе го има победникот меѓу грчки Олимпијакос и норвешки Рунар Сандефјорд, во кој Грците го добија првиот меч со 37:31 на свој терен....
Подготвен протоколот по кој ќе бидат пречекани првите пациенти кои се во странство
Express - пред 13 часа
Подготвен е протокол според кој идната недела ќе бидат пречекани првите пет пациенти кои што се лекуваат надвор од државата, информираше денеска министерот за здравство Арбен Таравари по состанокот на Кризниот штаб за повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Како што соопшти Таравари, петте пациенти се очекува да пристигнат во среда или четврток, а ќе бидат пречекани од специјални екипи и возила кои ќе се придржуваат до протоколот и информациите за состојбата на пациентите, по што, појасни, ќе ги сместат во болниците од каде биле претходно пуштени пациентите, каде ќе им биде направена првата тријажа. – Протоколите ќе бидат објавени на нашата веб страна, исто така ќе бидат испратени и до Министерство за надворешни работи и надворешна трговија, како и до сите други држави. Ќе имаме специјални екипи кои што ќе работат со овој протокол кои што ќе се придржуваат до информациите за состојбата на пациентите кои што треба да ги добиеме. Ќе има специјална екипа која што ќе ги прифаќа и специјални возила кои што ќе ги пречекаат и сместуваат во болниците. Првата тријажа ќе се направи во болницата од каде што е пуштен пациентот, па ќе бидат хоспитализирани во болници каде што треба. Доколку нема потреба ќе се пуштаат на домашно лекување, рече Таравари. Секоја фаза, посочи, има свои компликации и потешкотии, појаснувајќи дека во оваа фаза постои ризик од развивање на инфекции, затоа, рече, состојбата на пациентите може да флуктуира. – Јас кажувам каква е моменталната состојба на пациентите. Одредени пациенти веќе добиваат антибиотици за да се превенираат тие инфекции, така што се надевам и тие што ќе пристигнат, веќе зборувавме за стерилизирање на автомобилите со кои што ќе дојдат, како и собите каде што ќе се третираат, така што се надеваме на што помалку компликации и подобро здравје на сите тие што ќе се вратат во државата, рече Таравари. Екипите кои што ќе ги пречекаат пациентите, додаде, ќе бидат од нашата држава, а во зависност од каде и со што ќе доаѓаат, така ќе бидат и пречекувани. – Екипите кои што ќе ги пречекаат пациентите ќе бидат од нашата држава, во зависност од каде доаѓаат и со што ќе доаѓаат. Доколку доаѓаат со авион, ќе бидат пречекани на Меѓународниот аеродром во Скопје, а ако се од соседните држави, за што мислам дека најдоцна ќе се враќаат бидејќи таму се најтешките пациенти, односно во Србија, Бугарија и Грција, рече Таравари....
Имамоглу суспендиран од функцијата градоначалник на Истанбул
Express - пред 13 часа
Откако беше приведен, турскиот опозициски политичар Екрем Имамоглу е „привремено“ суспендиран од функцијата градоначалник на Истанбул, соопшти Министерството за внатрешни работи на Турција. Пред да биде номиниран за претседателски кандидат на опозициската Републиканска народна партија, Имамоглу беше приведен, по што започнаа серија протести низ повеќе турски градови. Имамоглу е главен противник на претседателот Реџеп Тајип Ердоган на изборите во 2028 година, а формално беше уапсен денеска откако судот му одреди истражен притвор под обвинение за корупција. Случајот предизвика демонстрации во поголемите турски градови и ја зголеми загриженоста за демократско назадување во Турција. Ако Имамоглу биде осуден, турскиот закон им дозволува на властите да го заменат на градоналничкото место со свој функционер. Јавното обвинителство во Истанбул ги обвини Екрем Имамоглу и уште неколку општински службеници за формирање и водење криминална организација, поткуп, местење понуди и незаконско стекнување лични податоци. Заедно со уште тројца високи функционери тој е обвинет и за помагање на терористичка организација. вото остануваат клучни за билатералните односи со Анкара, како и за односите меѓу ЕУ и Турција....
„Кочани, тагуваме со вас“: Навивачите на Пирин со транспарент на мечот во Дупница
Express - пред 14 часа
Навивачите на бугарскиот фудбалски второлигаш Пирин од Благоевград истакнаа транспарент со порака за солидарност за трагедијата во Кочани на вчерашното гостување во Дупница против Марек во дербито на колото од Втората лига на Бугарија. „Кочани, тагуваме со вас“, порачаа од „Пирин ултрас“ на натпреварот што нивните миленици го добија со 1:0 и се зацврстија на третото место, кое води во баражот за Првата лига. „Господ да ги прости сите наши загинати браќа и сестри“, напишаа фановите на Пирин во објава на својата страница на Фејсбук илустрирана со македонското знаме и со црна панделка врз него. Тие пред некоја година бараа нивните миленици да настапуваат во македонската фудбалска лига поради судиските неправди кон Пирин, според нив, во тогашната прволигашка конкуренција во Бугарија. Во четвртокот и навивачите на Локомотив Пловдив извадија транспарент со пораката „Бугарија тагува со вас“ на црна заднина на мечот од Лигата на нациите меѓу Бугарија и Република Ирска....
Организаторот на протестите за Кочани користел апликација какви што користат нарко дилери, тврди Златев
Express - пред 15 часа
Организаторот на протестите за Кочани користел телефонска апликација какви што користат нарко дилери, тврди уредникот на Радио Лидер Љупчо Златев. ,,Штотуку разговарав со човек од опкружувањето на Борјан Ефтимов, скоро 30 годишниот претседател на студентите од времето на СДСМ – кој сега организира некакви протести иако не е студент. Велат дека во последните неколку часа е депримиран затоа што сите му откажувале партнерство во протестите. Разобличени се целосно. Ми кажаа дека подолго време е параноичен и постојано разговара преку различни апликации. Од завчера се префрлил на Zello токи-воки, па протестите ги координира преку неа. Видовме инструктори од странство, видовме многу скандалозни работи за тоа како сакаат да ја злоупотребат трагедијата во Кочани. Се прашувам ако се толку чесни, зошто разговараат преку вакви апликации, преку какви што разговараат нарко дилери? Ако е искрен во целите и барањата не му се потикнати од лукративни причини, зошто се крие преку вакви апликации со претплата? Какви уфилмани дечишта! Глумат Џејмс Бонд… ама тоа е.. криво е образованието!”, објави Златев. Доколку Ефтимов не користи ваква апликација лесно ќе може да го докаже тоа на суд затоа што користењето на апликацијата на телефонот не може да биде избришано. Предходно Ефтимов му се закани на Златев со тужба а новинарот го праша од каде му се парите за протести Кој дава пари за демонстрации додека Македонија е во солзи Од каде ви се парите за кревање тензии со злоупотреба на македонската несреќа? – Организаторот на протестите за Кочани доби одговор...
Инспектори ќе влезат во сите објекти од јавен карактер
Express - пред 15 часа
Сите општини координирани преку ЗЕЛС започнаа вонредни инспекциски контроли во сите објекти од јавен карактер низ државата. Во голем број од општините детално се проверуваат училиштата, градинките, спортските сали, културните домови, но и сите угостителски објекти и други места каде секојдневно се собираат наши граѓани. Ова денеска го потенцираше претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски на заедничката прес-конференција со директорот на Универзитетската клиника за хируршки болести во Скопје, Небојша Настов и портпаролите на Владата, Марија Митева и Венера Љатифи Азизи. Подвлекувајќи дека особен акцент е ставен на објектите во кои престојуваат деца и млади, Ѓорѓиевски истакна дека инспекциските контроли ќе бидат континуиран процес и во наредните недели и месеци систематски ќе се проверуваат сите објекти во државата, со цел сите јавни и приватни објекти каде се собираат луѓе, било да се образовни, здравствени институции, спортски или културни објекти или угостителски локали, да бидат безбедни. Тој нагласи дека е воспоставена тесна и силна координација со Владата и лично со претседателот на Владата, од првиот момент по несреќата во Кочани, со единствена цел брза и усогласена акција за надминување на состојбата. Предизвик, според него, претставува недоволниот број инспекциски служби, особено во помалите општини. Ѓорѓиевски информираше дека во Општина Кисела Вода имало двајца инспектори за домување, а во многу од општините, како што рече, нема инспектори за домување, немаат градежни инспекции, комунални инспектори. Тоа, истакна, ќе мора заеднички да го решаваме во наредниот период ќе се спроведе меѓуопштинска соработка. Градоначалникот Ѓорѓиевски посочи дека ЗЕЛС ја презема улогата на координатор на сите активности на локално ниво, за меѓусебна помош и споделување на ресурсите и знаењата. Инспекциските капацитети, најави тој, ќе се стават на располагање таму каде има потреба за да може секоја општина темелно да ги провери сите објекти на својата територија. Во поголемите општини, како што рече на прес-конференцијата Ѓорѓиевски, веќе се спроведуваат детални контроли на објектите, документацијата на објектите и почитувањето на сите безбедносни стандарди. Се внимава дали објектите имаат исправна противпожарна опрема и функционални противпожарни хидранти, дали електричните инсталации се безбедни и соодветно одржувани, постојат ли јасно обележани и функционални евакуациони патеки и планови, како и дали се поседуваат сите потребни документи и безбедноси елаборати. – Ќе има нулта толеранција за евентуалните неправилности. Ќе се преземаат решителни мерки согласно надлежностите на локалната самоуправа – рече Ѓорѓиевски и ги повика граѓаните ако забележат небезбедни услови да ги пријават. Ѓорѓиевски најави дека утре ќе има седница на Управниот одбор на ЗЕЛС, на која се поканети градоначалници на поголемите општини во државата, а ќе се направи детален пресек за состојбата во општините. Во Кисела Вода, информираше, во сите градинки, училишта, спортски сали и Домот на културата, се извршени проверки, и нема утврдено аномалии односно сѐ е исправно. – Во строга контрола влегуваме и во станбените згради, каде треба да има соодветна хидрантска мрежа, скали за пожар и да ги исполнуваат основните елементарни услови. Во Кисела Вода изминатата недела се проверни околу 40 згради, постарите згради кои се градени после земјотресот, таму не се исполнуваат стандардите. Таму ќе треба да се остави простор куќните совети да си преземат дејствија, ако не ќе си преземеме активност и ќе ги казниме истите. Ние мора да воспоставиме систем и ред во оваа држава – рече градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС Ѓорѓиевски....
Парите од продадените билети за натпреварот со Велс ќе одат кај семејствата на жртвите и кај повредените
Express - пред 16 часа
Македонската фудбалска јавност со голема поддршка и чувство за солидарност и хуманост ќе ја бодри нашата репрезентација во вторник на арената „Тодор Проески“ во Скопје. Повеќе од 18.000 билети се продадени за натпреварот против Велс кој е дел од второто коло од новиот циклус мундијалски квалификации. Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ вчера најави дека средствата од продажбата на билетите за овој натпревар ќе бидат донирани за повредените и семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. -Во овие тешки моменти, нашите мисли се со семејствата на настраданите во големата трагедија во која животот го загубија многу млади луѓе. Како знак на поддршка и солидарност, сакам да најавам дека приходот од влезниците за нашиот следен натпревар против Велс ќе биде дониран за повредените и семејствата на загинатите. Ова е време кога фудбалот покажува дека е повеќе од игра – фудбалот и репрезентацијата обединуваат и помагаат, истакна Омерагиќ. Натпреварот Македонија-Велес се игра во вечерниот термин од 20:45 минути....
Истрагата за трагедијата во Кочани ќе продолжи со несмален интензитет
Express - пред 16 часа
Седумдневната национална жалост прогласена од Владата за трагедијата во Кочани завршува денеска, но со несмален и невиден интензитет ќе продолжи истрагата која ќе биде правична и темелна, порачаа денеска на прес-конференција владините портпаролки Марија Митева и Венера Љатифи-Азизи. Митева апелираше да не се шпекулира и со невистини и манипулативни наративи да се злоупотребува трагедијата во Кочани затоа што, рече, има опсежна истрага во која се опфатени и приведени 34 лица и таа сѐ уште не е завршена. – Мора да дозволиме органите на прогонот да си ја завршат истрагата – темелно и правично. Не би сакале да се дозволи попречување од различни мрежи – преку повици за дестабилизација и различни сценарија и било како да наштетат на овој процес. Од ова мора сите да излеземе посилни, со испорачана правда. Оваа влада беше избрана за да го прекине кругот на рамнодушноста, да ја обнови довербата онаму каде што беше изгубена и да се погрижи ниту една иднина да не се обликува од грешките на минатото. Нема да прифатиме изговори кои премногу често ги оставаа граѓаните незаштитени. Онаму каде што другите молчеле, ние ќе дејствуваме. Во овој момент на тага, стоиме заедно со погодените семејства и ветуваме итни мерки. Нашата заложба е јасна – правда за погодените, транспарентност во секој чекор и итни реформи кои ќе обезбедат ова никогаш да не се повтори – истакна Митева. Портпаролката Венера Љатифи-Азизи рече дека трагичниот настан „нѐ трогна сите соединувајќи не во длабока болка и тага што ги надминува зборовите“. Ги соопшти сите преземени чекори од Владата да им се помогне на семејствата на повредените, трошоците што ги покрива, најави дека од утре ќе почне исплатата на средствата за помош од Црвениот крст и дека „истрагата ќе продолжи со невиден интензитет“. Укажа и на помошта од меѓународните партнери и солидарноста која, рече, не познава граници. – И додека денеска е последниот ден од националната жалост, посветеноста и ангажирањето на Владата да ги поддржи директно погодените и да ја открие вистината за оваа трагедија ќе продолжи со невиден интензитет… Истрагата за овој трагичен настан продолжува со целосна посветеност и голем ангажман од сите одговорни институции. Владата е решена да ја обелодени вистината и да се погрижи сите кои се одговорни да одговараат за своите постапки. Никој нема да може да се сокрие и правдата ќе биде задоволена… Во оваа голема болка не сте сами, државата ќе стои покрај вас – не само денеска, туку до крајот на овој процес, во кој ќе расветлиме буквално сѐ – истакна Љатифи-Азизи....
Проф. Јовановски: Маневарскиот простор на нечесните им се стеснува
Express - пред 16 часа
Ова е битка на чесните против нечесните – е реченица што вознемири многумина во земјава, пишува на фесјбук професорот Зоран Јовановски. Таа реченица го менува контекстот, бидејќи битката против корупцијата и непочитувањето на законите ја вади надвор од рамката на битка помеѓу политичките партии и од корен го изместува пристапот од претходните години. Таа реченица кажува дека ништо веќе нема да биде исто како претходно. Но, битката на чесните против нечесните ќе биде многу тешка битка. Таа бара голема храброст и решителност затоа што противникот е моќен. Нечесните не сакаат функционален систем, не сакаат средување на работите, го сакаат хаосот и сакаат да ги задржат позициите во општеството стекнати од некогаш или тие што во меѓувреме ги изгубиле. Нечесните ќе се обединат без оглед на партиската припадност, тие имаат финансиска моќ која ќе ја користат за да го дестабилизираат општеството, по сите линии и на сите начини. Маневарскиот простор на нечесните им се стеснува, од ден на ден се’ повеќе. На крајот, на изненадување на нечесните, чесните ќе победат! Мораме да победиме. Затоа што сме побројни и затоа што ова е последната шанса за земјава. https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Fzoran.jovanovski.581%2Fposts%2Fpfbid0SAoGAnsudM8xLYeVUH1gWugTWn3UeogZM3bdDxG9XjRdsdP1T55SZwCzrx9WSkt9l&show_text=true&width=500...
Пет повредени се во критична состојба, девет пациенти ќе бидат пуштени на домашно лекување од утре
Express - пред 16 часа
Во македонските болници сите повредени од Кочани се во стабилна и добра состојба, а девет се планира да се испишат во понеделник по направените токсиколошки и психолошки анализи. Петте покритични пациенти се лекуваат надвор од државата, кажа министерот за здравство, Арбен Таравари. „Следната недела имаме најави за враќање на повеќе пациенти во државава. Во критична состојба продолжуваат да бидат околу пет пациенти. Седми ден е, нула починати. Нема ниту еден пациент кој починал. Очекуваме да се подобрува состојбата“, рече Таравари. Во Македонија има повеќе пациенти кои се на механичка вентилација. „Сите во Македонија се во стабилна и добра состојба“, додаде тој....
Благодарност на претседателката Сиљановска-Давкова за изразеното сочувство од светските лидери за трагедијата во Кочани
Express - пред 17 часа
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати јавна благодарност на светските лидери за формално изразеното сочувство од светските лидери за трагедијата во Кочани. На последниот ден од седумдневната жалост за загинатите 59 жртви во пожарот во Кочани, на 16 март, претседателката Гордана Сиљановска-Давковка упати благодарност за изразите на сочувство добиени од светските лидери. Како што пренесува порталот МКД.мк кој цитира соопштение објавено на веб страната на кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова таа им се заблагодарува на педесетина кралеви, претседатели и други функционери кои упатиле формално сочувство до неа за трагедијата во Кочани. „Претседателката Сиљановска-Давкова, во име на македонските граѓани и во лично име, изразува неизмерна благодарност за изразеното сочувство за трагедијата што се случи во Кочани, од: Н.В. Кралот Чарлс III, крал на Обединетото Кралство Н.В. Кралот Карл XVI Густаф, крал на Кралството Шведска Н.В. Кралот Фелипе VI, крал на Кралството Шпанија Н.Е. Илхам Алијев, претседател на Република Азербејџан Н.Е. Луонг Куонг, претседател на Социјалистичка Република Виетнам Н.Е. Константинос Тасулас, претседател на Република Грција Н.Е. Вагн Хачатријан, претседател на Република Ерменија Н.Е. Серџо Матарела, претседател на Италијанската Република Н.Е. Касим-Жомарт Токаев, претседател на Република Казахстан Н.Е. Садир Јапаров, претседател на Киргистанска Република Н.Е. Вјоса Османи Садриу, претседател на Република Косово Н.Е. Марсело Ребело ди Соза, претседател на Португалската Република Н.Е. Петер Пелегрини, претседател на Република Словачка Н.Е. Наташа Пирц Мусар, претседател на Република Словенија Н.Е. Реџеп Таип Ердоган, претседател на Република Турција Н.Е. Томаш Шујок, претседател на Унгарија Н.Е. Зоран Милановиќ, претседател на Република Хрватска Н.Е. Јаков Милатовиќ, претседател на Црна Гора Н.Е. Петр Павел, претседател на Република Чешка Н.Е. Отец Џон Данлап, Големиот господар на Суверениот Воен Ред на Св. Јован од Ерусалим, Родос и Малта Н.Е. Андрија Мандиќ, претседател на Собранието на Црна Гора Н.Е. Жељко Комшиќ, член на Претседателство на Босна и Херцеговина Н.Е. д-р Денис Беќировиќ, член на Претседателството на Босна и Херцеговина Атанас Зафиров, вицепремиер и претседател на Националниот совет на Бугарската Социјалистичка Партија, „БСП – Обединета Левица“ Н.Б.С. Архиепископот на Константинопол – Новиот Рим и Вселенски Патријарх г.г. Вартоломеј Луиз Мушикивабо, генерален секретар на Меѓународната организација на франкофонијата Н.Е. Килиан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Н.Е. Сецуко Кавахара, амбасадор на Јапонија Н.Е. Мишел Камерон, амбасадор на Канада со седиште во Белград Н.Е. Алехандро Зотнер Мејер, амбасадор на Аргентинската Република со седиште во Софија Габриел Гуалано де Годој, претставник на УНХЦР во Македонија Д-р Ирена Радовиќ, гувернер на Централна банка на Црна Гора“, се наведува во соопштението од кабинетот на претседателката. Преходно претседателката Гордана Сиљановска Давкова јавно им се заблагодари на претседателите на Бугарија - Радев, Србија - Вучиќ, Албанија - Бегај и други кои ја исконтактирале утрото на трагедијата и понудиле помош за Македонија....
Митровски: Не така другари и другарки!
Express - пред 17 часа
Познатиот адвокат Јанаки Митровски вели дека ги поддржува протестите во Кочани, но не и злоупотреби. „Иницијативата ‘Кој е следен’ има барање целата документација транспарентно да се објави. Сето тоа звучи супер и секој би го поддржал со еден сериозен проблем- документацијата е дел од истрага, која е тајна што значи во оваа фаза да се објави е кривично дело. Во ред е во иницијативата ова да не го знаат, затоа и реагирам. Но, ако и после укажување остане тоа барање тогаш интенцијата е сосема друга- да се тврди дека нешто се крие! Не така другари и другарки! – препорачува адвокатот....
Од каде ви се парите за кревање тензии со злоупотреба на македонската несреќа? – Организаторот на протестите за Кочани доби одговор
Express - пред 18 часа
Организаторот на утрешните протести за Кочани Бојан Ефтимов доби одговор од уредникот на Радио Лидер кому му се закани затоа што објавил дека има 30 години. Од каде ви се парите за да кревате тензии врз болката за мртвите и повредените, прашува Љупчо Златев. ,,На шареново јас сум му бил виновен што ги фатија живи како злоупотребуваат трагедија. Тоа ми било бизнис модел… Види шаренко, мојот бизнис модел СДСМ се обидуваше да го сруши 7 години. Не успеа, затоа што мојот бизнис модел е чесен, трнспарентен, со платени даноци, издатоци и придонеси. 100 пати ме чешлаа и не најдоа ништо освен најпрофесионални легални и легитимни македонски и странски компании. Дел од компаниите не напуштија, затоа што СДСМ ги притискаше, дел до последен момент останаа со нас затоа што веруваат дека им носиме додадена вредност. Мојот бизнис модел меѓудругото се заснова на иновации во онлајн медиумите. Иновации препознаени на меѓународниот пазар, со клиенти од најразвиените западни демократии. Нашите спонзори се јавни од првиот ден па до ден денес, туку, ти кажи ми кој тебе ти ги финансира протестите? Од каде ви се парите за иконографиите и пропагандниот материјал? Кој ве тера да правите тензии и да злоупотребувате несреќа во услови кога има над 30 души во притвор и здравствените власти ефикасно се борат за повредените? Да не се истите тие кои сменија закони и правила, па пред 5 години тебе те поставија за студентски лидер без да има избори како претходно? Чаци, стварно жалам ама овој пат НЕМА ДА ВИ ПОМИНЕ. Овој пат нема да го излажете македонскиот народ како во 2015, 2016 и 2017! Мршојадите злоупотребуваат трупови, ги видовте и ги слушнавте… Ефтимов преходно се закани со тужба затоа што Златев објави дека човекот што е поврзан со студентки протести има речиси 30 години. Организаторот на утрешниот протест со тужба за објавата дека има 30 години, обвини аматер за неговото лого на снимката со српската инструкторка...
Ќерката на починатиот Андреј од ДНК со тажна порака до мајка ѝ: „Мамо, јас ти требам тебе, а ти мене“
Express - пред 18 часа
Сопругата на трагично починатиот Андреј од ДНК, Наталија на социјалните мрежи објави дел од разговорот со осумгодишната ќерка Јана : „Мамо, сакам да бидам дома, зашто јас ти требам тебе, а и ти ми требаш мене… Јана за 7 дена порасна како за 7 години“ – Ова е пораката што ја сподели Наталија Андреј од ДНК, го жртвуваше својот живот за да спаси други деца кои беа на нивниот настап во дискотеката во Кочани, кога се случи трагичниот пожар во кој загинаа 59 лица, а повеќе од 100 беа повредени. Зад себе, ги остави сопругата Наталија, со која скоро 10 години беше во брак и ќеркичката Јана...
400.000 денари за „дијагноза“ за мостот „Влајко“
Express - пред 18 часа
Испитувањата на состојбата на мостот предвиден за минување на пешаци преку „Партизанска“ треба да почнат деновиве“, информираат од општина Карпош. „Инженерските анализи предвидуваат статитички пресметки и симулација на напрегања, визуелна, мерна и недеструктивна метода на испитување, утврдување на модел на напрегања и деформации, а фирмата исто така треба да изработи план за евентуална санација на челичниот мост „Влајко“, согласно дадените карактеристики од техничката спецификација. Пред повеќе од еден месец е објавен јавен оглас за ангажирање на компанија која ќе изврши инженерски анализи, соопшти општина Карпош на фејсбук. По јавниот повик избрана е фирмата ТСГ ИНДУСТРИ СЕРВИЦЕ ДОО –Скопје, која ќе го врши испитувањето и потпишан е договор со истата во вредност од 400.000 денари со ДДВ. Мостот Влајко речиси 20 години е само декор на населбата Влае, иако првичната идеја за негова изградба била безбеден премин за учениците од основното училиште „Димо Хаџи Димов“. Во почетокот Влајко бил уреден и достапен за минувачите, но во последните години пристапот е отежнат и тоа најмноу поради ескалаторите кои не се во функција, па оттука постарите лица, родителите со бебешки колички, како и лицата со хендикеп не можат да го користат. Во вечераните часови пак, се ставаат и катанците на вратите, објави неодамна Канал5....
Папата Франциско се појави на прозор од болница
Express - пред 18 часа
Поглаварот на римокатоличката црква беше пуштен денеска болницата Гемели во Рим во неделата по повеќе од пет недели хоспитализација поради запаление на двете белодробни крила. . „Ви благодарам на сите“, рече тој со тивок глас за време на краткото појавување во инвалидска количка на балконот на болницата Гемели пред да биде пуштен од болница. Тој денеска се враќа во Ватикан, каде што ќе започне со опоравување од „најмалку два месеци“, соопштија неговите лекари. „Папата ќе замине и ќе се врати во куќата на Света Марта“ во Ватикан, каде што живее, изјави утрово лекарот Серџо Алфиери на прес-конференција во болницата „Гемели“ во Рим. Кога ќе пристигне во Ватикан, се соочува со „долго закрепнување“ од „најмалку два месеци“, предупредува Алфиери. „Болницата, иако може да изгледа чудно, е најлошото место за опоравување бидејќи е местото каде што добивате најмногу инфекции“, објасни тој. По неколку недели на вентилатор, поглаварот на повеќе од 1,4 милијарди католици ќе мора да продолжи со сесии за рехабилитација за да може повторно да го користи својот глас. Папата ќе мора „повтoрно да научи да зборува“...
Организаторот на утрешниот протест со тужба за објавата дека има 30 години, обвини аматер за неговото лого на снимката со српската инструкторка
Express - пред 18 часа
Организаторот на утрешниот протест за Кочани Бојан Ефтимов најави тужба за веста на Радио Лидер дека тој има има 30 години. Обраќајќи му се на уредникот на радиото Љупчо Златев за врската меѓу него и студентските протести закажани за утре Ефтимов обвинува некој аматер кој логото од неговата организација го ставил на снимката со српската инструкторка во која се слуша планот како да се искористи болката на луѓето за протести. ,,Љупчо Златев ајде се е океј што си тераш пропаганда и шириш лажни вести, тоа ти е бизнис моделот нема проблем. АМА не е океј да пишеш дека имам скоро 30 години, вакви навреди не можам да претрпам и веројатно ќе одам со тужба за нарушување на угледот… Секој што ќе го изгледа видеото може да утврди дека ,,Кој е следен?” нема никаква поврзаност со истото. Луѓето на видеото дискутираат за пленуми и студентски организации, а ,,Кој е следен?” е граѓанска иницијатива која се занимава со правда, одговорност и безбедност во заедницата. Единствената конекција на ,,Кој е следен?” со видеото, е тоа што некој аматер го монтира логото во долниот лев агол. Бркајте работа! Нема со полициски, параполициски и пропагандни методи да го задушите автентичниот револт. Се гледаме на протест, понеделник 24.03 во 19:00, Плоштад Македонија! Марш за одговорност и безбедност!”, пишува Ефтимов откако Радио Лидер објави кој е организатор на протестот закажан за утре вечер во Скопје. Што му одговори Златев Која дава пари за демонстрации додека Македонија е во солзи Од каде ви се парите за кревање тензии со злоупотреба на македонската несреќа? – Организаторот на протестите за Кочани доби одговор...
Клинички центар во Белград: Има пациенти на механичка вентилација, но и оперирани
Express - пред 19 часа
Седумнаесет од вкупно 30 повредени од пожарот во Кочани кои се лекуваат во Србија се хоспитализирани на Ургентниот центар во Клиничкиот центар во Белград. Двајца од пациентите се на механичка вентилација, а на двајца им е извршена операција, вели во изјава за РТС директорот на Клиниката за пластична хирургија и реконструкција, Милан Стојичиќ. Додава дека пациентите на кои им е извршен опративен зафат се во добра општа состојба и дека постоперативниот тек се одвива непречено. Следната недела, како што вели, најверојатно ќе бидат оперирани уште пет-шест пациенти, а неколкумина веројатно ќе може да бидат префрлени на одделение бидејќи респираторната функција успешно им се опоравува, а изгорениците им се такви што не бараат престој на одделението за интензивна нега. „Се работи за млади луѓе. Најмладиот пациент има 17 години, само еден пациент има 35 години, инаку, сите останати се на околу 20 години“, вели тој. Стојичиќ објаснува дека кога станува збор за операции на пациенти со изгореници тоа подразбира отстранување на умртвеното ткиво на кожата и покривање со автотрансплантација, што значи дека сопствената кожа на пациентот се зема од други региони и се пресадува на изгорените места....
Пуштале музика на ден на жалост – Уапсени 17 лица низ цела држава, најмногу во Прилеп
Express - пред 19 часа
На 22/23.03.2025 на подрачјето на Скопје, Прилеп, Охрид и Куманово од страна на полициски службеници од слобода биле лишени вкупно 17 лица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 387 од Кривичниот законик односно поради непочитување на одлуката на Владата за седумдневна жалост. Притоа, на подрачјето на Скопје, приведено е едно малолетно лице, како и управител на угостителски објект, на подрачјето на Прилеп се приведени 12 лица, од кои едно е малолетно. Во Кичево е приведено едно лице – сопственик на угостителски објект, додека пак во Куманово се приведени две лица – менаџер и управител на угостителски објект. По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави....
И Канбера во боите на македонско знаме (ГАЛЕРИЈА)
Express - пред 19 часа
Главниот град на Австралија, изминатата ноќ беше обоена во боите на македонското знаме, во знак на почит за трагедијата во која во пожарот во дискотека во Кочани згаснаа 59 животи. Претходно, почит за жртвите одадоа и градовите Перт, Бризбејн и Мелбурн каде има многубројна македонска заедница....
Глупо било да протестираат затоа што немале цел – снимка ја открива нечовечката суштина на утрешниот собир за Кочани (ВИДЕО)
Express - пред 19 часа
Глупо било да протестираат затоа што немале цел, вели во протеченото видео една од студентските активистки која учествува во подготовката на собирот закажан за утре. Во изјавата студентската активистка јасно кажува дека оваа група нема цел и затоа не треба да се оди на протести туку на поинаков вид на собири. Снимката снимена деновиве ја открива нечовечката суштина на позадината на утрешниот закажан собир за Кочани кој немало да биде добро прифатен ако се нарекувал протест. Колку е глупо да правите било какви активности ако признавате дека немате цел а притоа сте студенти, секој може да заклучи сам. Изјавата дека организаторите на студентите немале цел кога договарале протести на линкот од видеото https://x.com/gjordeuppror/status/1903751424019759495?t=_xGRIcuqxM5m-9k_VkB5Ag&s=19 Поврзана вест Престар за пензија, премлад за студентарија, таман за демонстрант, освен ако не е докторанд Македонецот што закажал протест на денот кога се најавени студентски демонстрации има 30 години...
Пак откриени неправилности во работењето на „Дурмо Турс“
Express - пред 20 часа
Компанијата за превоз на патници, чиј автобус се вреврте во близина на селото Ласкарци при што загинаа 15 луѓе а 30 беа повредени е меѓу фирмите кај кои се констатирани неправилности во работењето. Во претходните три дена биле извршени 138 контроли од кои се констатирани 21 неправилност кај правните и физичките лица при вршење на превоз на патници и стоки и за сите неправилности се изречени соодветни казни. За утврдените неправилности ќе бидат информирани и Министерството за внатрешни работи и Јавното Обвинителство со цел нивно понатамошно постапување, соопштија од миниистерството за траспорт. Констатирани се неправилности и изречени се казни за правните лица: Дурмо турс со седиште во Гостивар Дени интернационал со седиште во Илинден Свис мак алигега со седиште во Гостивар Зем промет – компани со седиште на ул.Босилово, бр.13, Сарај Словин Билјана со седиште во Охрид Бис со седиште во Охрид Пештер ДОО со седиште во Скопје – Чаир, Димитриоски со седиште во Скопје – Гази баба Хисари-ГД со седиште во Дебар Инком бизнис со седиште во Куманово, Палас експорт -импорт од Гостивар, Исто така беа констатирани и неправилности кај 10 физички лица кои вршат дејности за превоз на патници и стока. Воедно, Министерството за транспорт – Државен инспекторат за транспорт преку сите државни инспектори, од Понеделник 24.03.2025 година согласно донесениот Акционен план за инспекциски надзори при превоз на патници и стока, ќе спроведува секојдневни интензивни инспекциски контроли над превоз на патници и стока, проверка на документи (лиценци, изводи од лиценци, дозволи, сертификати за професионална компетентност на возач, тахографи), надзор на безбедноста во сообраќајот и спречување на нелегален превоз....
Македонецот што закажал протест на денот кога се најавени студентски демонстрации има 30 години
Express - пред 20 часа
Дали се реализира сценариото од видеото кое протече утрово а се договарало со инструкторка од Србија. Македонските студенти Доротеа Грковиќ и Кирил Митановски кој е член на политичка партија преку таканаречена независна студентска група организираат пленум за в понеделник, на кој би требало да се спроведат методите кои ги сугерира српската инструкторка Сташа Цветковиќ. Во Србија студентите демонстранти кои не студираат туку се партиски инструирани ги нарекуваат „Чаци”, затоа што на еден графит по грешка го употребија овој термин наместо литературниот „Ѓаци”. Но ,,Чаци” очигледно има и во Македонија, пишува Лидер. Имено, следејќи ја најавената стратегија закажан е уште еден протест за понеделник во 19 часот. Од МВР потврдуваат дека протестот таму го пријавил Борјан Ефтимов кој е роден 1996та година и има скоро 30 години. Ова се совпаѓа со најавата која беше дадена во протеченото видео со инструкторката Сташа Цветковиќ во кое се најавуваа пленуми но и собири навечер што укажува на можна координираност помеѓу двата настани, токму како што советува инструкторката од Србија. Лидер преходно објавибимиња на луѓе кои можеби стојат во позадина на оваа операција Интересни и добро познати луѓе осомничени дека стојат во позадина Во протечено видео српска инструкторка инструира македонски студенти да го искористат Кочани за создавање тензии (ВИДЕО)...
Во протечено видео српска инструкторка инструира македонски студенти да го искористат Кочани за создавање тензии (ВИДЕО)
Express - пред 21 часа
Во јавноста протекоа видео-снимки од онлајн сесија преку платформата „Зум“, кои укажуваат на сериозен обид за политичка манипулација и злоупотреба на трагедијата во Кочани. Во видеото се гледа како инструкторка за протести од Србија ги насочува студентите како да го злоупотребат случајот „Кочани“ во Македонија! Станува збор за координирани обуки, во кои учествуваат граѓани од Македонија, како и обучувачи и активисти од Србија, каде веќе подолг период се одвиваат протести и улични движења со дестабилизирачки карактер, пишува Радио Лидер. На снимките се слушаат совети за тоа како да се организира привидно спонтан револт, како да се избегне секој институционален дијалог, да се креира медиумска драма и да се манипулира јавното мислење преку лажни профили и фабрикувани пораки. Во продолжение може да го погледнете видеото од состанокот за српско сценарио за хаос и дестабилизација на партиски активисти од опозицијата, координирани од Белград Особено загрижувачки е фактот дека во еден дел од разговорите, српскиот обучувач користи неприфатлива и навредлива терминологија за албанската заедница со терминот „Шиптари”, што претставува говор на омраза и дополнително го потврдува деструктивниот пристап кон мултиетничкиот соживот во Македонија. Кој стои зад групата која сака да создаде дестабилизација? Дополнителни извори посочуваат дека зад организацијата стојат добро познати имиња од политичката сцена и медиумскиот свет во Македонија кои ги пренесува Радио Лидер Видеото и повеќе детали на овој ЛИНК Поврзана содржина Единствени студенти на светот што демонстрираат бесцелно а ги води 30 годишен човек Глупо било да протестираат затоа што немале цел – снимка ја открива нечовечката суштина на утрешниот собир за Кочани (ВИДЕО) Македонецот што закажал протест на денот кога се најавени студентски демонстрации има 30 години...
Марковски: Опседнатоста за профит доведува до трагедии
Express - пред 21 часа
Опсесивноста со зголемен профит ги втурнува дел од инвеститорите да не размислуваат за ризиците и последиците од нивните постапки, а тука им се придружуваат и сите оние кои треба да го спречат таквиот пристап, односно да го корегираат, вели деканот на Градежниот Факултет, Горан Марковски, во интервју за Радио слободна Европа. На прашањето колку повикот на граѓанските собири „ако се е по закон, немаше да има крв“ ги опишува проблемите и во градежниот сектор, Марковски со потвврден одговор? „Да, целосно ги опишува. Ако се било направено согласно законите, прописите и стандардите кои што се во областа на градежништвото, особено оние кои што се поврзани со заштита од пожари и експлозии апсолутно крв ќе немало. Односно, дури и да се случил пожар, во тој случај би постоел многу мал ризик, последиците од него би биле незначителни. Така што пораката која што ја споменавте, мислам дека најкусо и можеби најточно ги опишува причините за оваа голема трагедија која што не снајде. На прашањето зашто се заобиколуваат правилата, Марковски вели: Најверојатно се работи за една опсесивност по што поголем профит и водејќи се потенцијалните инвеститори од тоа начело, жртвуваат, ги сметнуваат од ум ризиците и последиците кои може да настанат од таквиот пристап. Тука им се придружуваат и сите оние кои треба да го спречат таквиот пристап, односно да го коригират“ вели Марковски....
Не е само Германија, Кочани покажа дека македонските лекари заминуваат и во соседството
Express - пред 21 часа
Трагедијата во Кочани покажа дека македонските лекари не заминуваат само во Германија и други богати западни држави туку дека заминуваат и во соседството. Тројцата лекари од Брзата помош од Софија, Бугарија кои ги превземаа првите повредени од трагедијата во Кочани се од Македонија, јавува Радио Валандово. Како што пренесе бугарската БТВ во емисијата посветена на трагедијата во Македонија, тројцата лекари се од Македонија. Д-р Марија Кушевска е од Кочани, Д-р Татјана Ачова од Штип, а Д-р Костадинов од Пробиштип. Д-р Марија Кушевска е меѓу медицинските лица од итната помош кои заминува во спасувачка мисија. Родена е и израсната во Кочани. Во трагедијата изгубила роднини и пријатели. Додека превземала пациенти за транспорт таа одпосле дознава дека нејзиниот пациент е пријател на нејзиниот брат, а додека патувале со брзата помош за Софија во авионот на пат за Бугарија бил и нејзин прв братучед. Во тимот на лекари кои патуваа во родната Македонија за да спасат настрадани од големиот пожар во Кочани беше и нашиот валадовчанец Д-р Даниел Кировски....
Каква е состојбата на децата кои лежат во Ургетниот центар во Белград?!
Express - пред 21 часа
Седумнаесет лица повредени во пожарот во Кочанисе лекуваат во Ургентниот центар на Универзитетскиот клинички центар на Србија во Белград од кои две се на механичка вентилација, а двајца се оперирани, изјави др Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија при УКЦС, јави дописникот на МИА од Белград.Стојичиќ нагласи дека пациентите се во добра состојба и постоперативно е без проблеми. „Нивниот постоперативен тек се одвива без проблеми. Наредната недела веројатно ќе бидат оперирани уште пет-шест пациенти. Имам и добри вести, неколку пациенти веројатно ќе можат да бидат префрлени на одделение бидејќи успешно се опоравува нивната респираторна функција, а раните од изгорениците се такви што не бараат престој на одделението за Интензивна нега“, изјави тој за РТС. Тој наведе дека кај пациенти кои веќе се оперирани, процедурата опфаќа отстранување на девитализирано ткиво и покривање со автотрансплантација, што значи дека нивна сопствена кожа се зема од други региони и се пресадува на изгорените места. На еден пациент ќе му биде извршена нова операција за околу пет денови (на другата рака). Според него, за оние на кои им претстои операција, нема да бидат потребни донатори на кожа. Што се однесува до опоравувањето на оние кои биле оперирани, Стојичиќ истакна дека конечниот резултат обично се забележува за 14 дена, а потоа следи фаза на опоравување со помош на физикална медицина....
Литванија ќе ја „минира“ границата кон Русија и Белорусија
Express - пред 22 часа
Литванија планира да ја зајакне одбраната на границата со Белорусија и руската област Калининград, соопшти литванското Министерство за одбрана. Претходно полскиот заменик-министер за одбрана Павел Бејда изјави дека поставувањето на противпешадиски мини е планирано како дел од проектот за изградба на утврдувања на Источниот штит долж границата со Белорусија и Русија. Поради воената закана од Русија, Полска и балтичките земји ја напуштаат конвенцијата против противпешадиски мини....
Притворен градоначалникот на Истанбул
Express - пред 22 часа
Градоначалникот на Истанбул и главниот ривал на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е формално уапсен и затворен во очекување на судењето поради обвиненија за корупција. Турските обвинители побараа од судот да ги затвори градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу и четворица негови соработници кои чекаат на судење за обвиненија за тероризам и корупција. Ова беше објавено за Ројтерс од канцеларијата на Имамоглу, додека илјадници луѓе ширум земјата протестираа против, како што велат, недемократскиот притвор. Имамоглу, клучна опозициска фигура и потенцијален предизвикувач на претседателот Тајип Ердоган, беше приведен во средата под обвинение за корупција и помагање на терористичка група. Тој ги отфрли обвинувањата, нарекувајќи ги „незамисливи обвинувања и клевети“. Се очекува судот да донесе одлука за притворот на Имамоглу рано во недела. Ако Имамоглу биде уапсен под обвинение за тероризам, тоа ќе и овозможи на владата да назначи општински управник, според турскиот закон....
Хајредини: Kаква „селективна правда“ кога само 3 од 34 осомничени се Албанци
Express - пред 22 часа
Аналитичарот и екс-министер Џевдет Хајредини реагира на дел од обвинувањата на опозиционерите Албанци и некои колумнисти дека во случајот со пожарот во Кочани се спровдува „селективна правда“ истакнувајќи дека доказ за тоа е притворот за поранешниот министер Крешник Бектеши. „За каква селективна правда станува збор, кога се знае дека досега од вкупно 34 осомничени само 3 се Албанци“, прашува Хајредини на Фејсбук. Најчитани статии Македонецот што закажал протест на денот кога се најавени студентски демонстрации има 30 години...
Илон Маск „гасне“ профили на турски опозиционери на „Х“
Express - пред 23 часа
Социјалната мрежа „Х“ на Илон Маск суспендираше неколку сметки на опозициски фигури во Турција поради широките граѓански немири во земјата, јавува Политико. Маск, самопрогласен заштитник на слободата на говорот, рече дека го купил „X“ за да го врати слободниот говор на платформата. Суспендирањето доаѓа по опсежните демонстрации кои беа предизвикани од апсењето на почетокот на неделава на главниот политички ривал на турскиот претседател Таип Ердоган, градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу. Имамоглу беше уапсен само неколку часа пред да биде номиниран за претседателски кандидат на главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП). Турскиот закон ѝ дозволува на владата да побара отстранување на „непожелни“ содржини. Ова не е прв пат X да го ограничи пристапот до некои профили во земјата. Политико, открива дека „турските власти поднесуваат околу шест пати повеќе барања за отстранување (содржини) по глава на жител“ од земјите на Европската унија. Сопственикот на „X“, Илон Маск ја брани правилата на платформата, велејќи дека е подобро да се ограничат некои профили отколку платформата целосно да биде блокирана од турските власти....
Николоски: Одземени 427 лиценци на градежни компании
Express - пред 23 часа
Министерството за транспорт и врски досега одзеде 427 лиценци на градежни компании кои не ги исполнуваат потребните услови, иако во моментот на издавање ги задоволувале критериумите. За ова вчера информираше министерот за транспорт и врски и вицепремиер, Александар Николоски, по извршените контроли во градежниот сектор. Како клучни причини за одземањето на лиценците, Николоски ги наведе недостатокот на стручен кадар, како и одредени типови на градежни машини, пренесе Фокус „Забележавме дека исто лице фигурира на пет-шест различни фирми или пак се прави договор само за да се добие лиценцата, а веднаш потоа тој вработен се одјавува. Ова е класично изигрување на системот. Македонија е мала држава, а Министерството има издадено околу 3.000 лиценци, што е повеќе од реалниот капацитет – изјави Николоски за ТВ Сител, додавајќи дека очекува бројот на лиценцирани фирми да се намали на околу 2.500 по следната контрола. Министерот рече дека во наредниот период ќе се испитуваат и проектите во кои учествувале овие фирми, а компаниите што ја изгубиле лиценцата, најмалку една година нема да можат да аплицираат за нова....
Сиљановска Давкова: „Јован е херој, спаси 21 живот“
Express - пред 23 часа
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, вчера ги посети седумте пациенти хоспитализирани на Клиниката за токсикологија, кои беа повредени во трагичниот настан во Кочани. Претседателката беше информирана за нивната подобрена здравствена состојба ѝ изрази надеж за нивно брзо оздравување. За време на посетата Претседателката посебно го истакна младото момче Јован Костадинов од Виница еден од повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“, кој успеал да спаси 21 живот од огнената стихија. „Јован е вистински херој. Неговата храброст и пожртвуваност се пример за сите нас “ изјави претседателката, нагласувајќи го значењето на неговото дејствување. Директорот на Клиниката, Андон Чибишев, ја сподели оваа важна информација на социјалните мрежи, истакнувајќи дека посета на претседателката не е само знак на грижа за здравјето на граѓаните, туку и признание за херојската посветеност на медицинскиот персонал. Чибишев, исто така, напиша на Фејсбук дека оваа посета е не само признание за работата на здравствените работници, туку и охрабрување за младите луѓе кои со своите херојски дела го обогатуваат општеството....
Без возачка „летал“ со 105 км/ч на улица каде е дозволено 50
Express - пред 1 ден
Возач бил запрен вчера во Скопје поради не само што го пречекорил дозволеното ограничување на брзина, туку и затоа што управувал со возилото без возачка дозвола. М.Е. возел со брзина од 104 км/ч на булеварот „Александар Македонски“, каде што максимално дозволената брзина е 50 километри на час „Полициските службеници реагираа брзо и го сопреа возачот. По извршениот преглед, се утврди дека возачот, покрај што возел со прекумерна брзина, не поседуваше важечка возачка дозвола. Заради тоа, против него ќе биде поднесена кривична пријава за безобѕирно управување со моторно возило“, велат од СВР Скопје....
Селмани им „порачува“ на „системот и режимот, кои градат држава за нивната етничка секта“ дека „зулумот ќе биде запрен по кочанската трагедија“?!
Express - пред 1 ден
„Македонскиот политички естаблишмент 35 години се обидува да ги заштити истите вредности од комунистичката ера. Нивната главна цел е да обезбедат континуитет на политичката моќ, која ја отфрла демократизацијата на земјата, покривајќи го ова со албанска и бугарска опасност, како и со наводната заштита на загрозениот македонски етнички идентитет. Овој систем е духовно против европските вредности, тие не градат држава за луѓето во земјата, туку за нивната идеолошка, етничка и верска секта! Кочанската трагедија со 59 жртви и над 100 повредени е од драматични размери за земја со милион и пол жители. Но режимот не разбра дека насилството ќе биде запрено. Ќе видиме дали овојпат електричната инсталација ќе биде виновна за загубата на 59 млади животи, како во случајот со Модуларната болница во Тетово.“ – наведува новинарот Насер Селмани, поранешен претседател на Здружението на новинари на Македонија, во својата колумна со наслов „Кој нѐ убива веќе 35 години?“. Селмани наметнува дилема: кое е поконкретното и подиректно значење на неговиот став дека „овој систем не гради држава за луѓето во земјата, туку за нивната идеолошка, етничка и верска секта“?! Кого, или кои, ги означува Селмани со формулацијата „етничка и верска секта“? Исто така, какво е значењето и на неговата порака до „режимот дека не разбрал оти насилството ќе биде запрено, ќе видиме дали овојпат електричната инсталација ќе биде виновна за загубата на 59 млади животи, како во случајот со Модуларната болница во Тетово“? Ова е порака, или некаква закана до некого, но и кого авторот на оваа колумна го смета дека е „режим“? Покрај другото, во оваа колумна, која ја објави весникот на албански јазик „Лајм“, Насер Селмани пишува: Кочанската трагедија со 59 жртви и над 100 повредени е од драматични размери за земја со милион и пол жители. Трагедијата е уште потешка, бидејќи најголемиот дел од жртвите и повредените се млади. Ние сме земја, во која се убива нејзината иднина, поради неспособноста на институциите и екстремното ниво на корупција. Оваа драма, во овој караван на трагедии, не е прва. Често се случувале слични трагедии, тие започнаа уште во 1993 година со воздушните катастрофи во Охрид и Скопје, во кои животите ги загубија 200 патници. Трагедиите се повторуваат, бидејќи системот никогаш не успеа целосно да ги разоткрие и да ги казни насилниците. Не да се одмаздиме, туку да ги научиме сите други дека за грешките следат казни. Нашите трагедии никогаш не престануваат. Секој од нас бара одговор зошто тие ни се повторуваат. Причините се многубројни и многу сложени. Транзицијата од комунизам во демократија се уште не е завршена во * Македонија. Од идеолошки и етнички причини тогашните лидери решија да изградат хибриден модел на демократија, сличен на Србија и Русија, кој нема да им служи на граѓаните, дури ни на Македонците, а за Албанците воопшто и не станува збор. Македонскиот политички естаблишмент 35 години се обидува да ги заштити истите вредности од комунистичката ера. Нивната главна цел е да обезбедат континуитет на политичката моќ, која ја отфрла демократизацијата на земјата, покривајќи го ова со албанска и бугарска опасност, како и со наводната заштита на загрозениот македонски етнички идентитет. Овој систем е духовно против европските вредности, како што се владеењето на правото и човековите права, бидејќи тие не градат држава за луѓето во земјата, туку за нивната идеолошка, етничка и верска секта. Со контролирање на политичката моќ и економските ресурси, режимот што излезе од комунизмот, во меѓувреме разубавен со демократска маска, успеа да го криминализира огромното мнозинство од општеството. Криминалот и корупцијата во * Македонија не се само феномен на системот, туку и самиот систем на владеење. Самиот систем ги корумпира луѓето, за да ги дискредитира, па да може подоцна да ги уценува, користејќи ги како инструменти за одржување на замислената контрола на моќта. Оваа власт е на политичката секта и ѝ служи на неа, а не на граѓаните, без разлика дали се Македонци, Албанци или други. Затоа, граѓаните, без разлика на етничката припадност, страдаат од банални инциденти, а режимот секогаш ги амнестира виновниците, злоупотребувајќи ги во нивната игра, за да го контролира системот. Не е важен народот, туку режимот! Но режимот не разбра дека насилството ќе биде запрено. Ќе видиме дали овојпат електричната инсталација ќе биде виновна за загубата на 59 млади животи, како во случајот со Модуларната болница во Тетово. Каде е одговорноста на Албанците во целата оваа каша? Албанските политички елити, особено ДУИ, која беше дел од владата 22 години, не одолеа на искушението на понудата на режимот да ги корумпира. Наместо да им служат на Албанците и награѓаните на државата, тие влегоа во орото на корупцијата, легитимирајќи ги криминалот и корупцијата. Што може да направи Владата! Да ги расветли сите трагедии, во кои што изгубивме животи, и да ги казниме сите виновници. Сега е пресвртната точка и моментот на вистината. Да ѝ каже стоп на корупцијата и да отвори нова страница во историјата на * Македонија, за да стане таа земја, во која криминалците и корумпираните завршуваат во затвор....
Шест пациенти во критична состојба
Express - пред 1 ден
Од 115 пациенти кои се лекуваат во странство, шест пациенти се во критична состојба, додека другите се во стабилна состојба. Од понеделник се очекува пет пациенти да се вратат во земјата. Министерот за здравство Арбен Таравари рече дека пациентите кои ќе се вратат прво ќе бидат примени во болниците во земјава, а потоа пуштени дома. „Да се надеваме дека таа бројка нема да се покачи со евентуални компликации кај другите пациенти. Некои од пациетните веќе планираме идната недела веќе да се враќаат, тоа е се бараме до сега, според информаците што ги добиваме, пет од вкупно 115 пациенти идната недела ќе се вратат ќе бидат прифатени прво во трите болници во Скопје од каде што е испратен и по тријажа ќе се констатира дали ќе треба да бидат уште во болница или можеме да ги пуштиме веднаш дома. Потешките пациенти штоп се -двајца се во Љубљана во клиничкиот центар и четири во Воено-медицинската академија во Белград. Тие се пациенти кои се во моментов најтешки“, рече Таравари. Пациентите кои ќе се враќаат ќе бидат прифатени во болниците од каде се упатени на лекување во странство, а потоа според проценката на лекарите прераспределени по другите клиники и болници. За оние за кои ќе треба подолготрајна рехабилитација, како што информираше Таравари, се размислувава да бидат испратени и во другите градови или во некој центар којшто не е искористен за да можат да се направат екипи кои ќе можат да ги третираат подолгорочно. „Пациентите со најтешка состојба се двајца во клиничкиот центар во Љубљана, а 4 на Воено-медицинската академија во Белград. Овие пациенти се во најтешка состојба… Планирано е 1 испис од болницата од Италија, од Шпанија 2 исписа, од Шведска еден испи и 2 исписа од Австрија. Овие се планирани, но не се дефинитивни, повторно во понеделник ќе ве известиме… “, рече Арбен Таравари. Состојбата на 54-те пациенти кои се лекуваат во Скопје е исто така стабилна и од понеделник ќе има нови испусти од болниците. Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски рече дека оваа битка ќе биде долга и нема да заврши за една или две недели....
Албанско-американското здружение ги повикува САД „да интервенираат во Р*М пред да излезе ситуацијата вон контрола, оти се манипулира со Кочани“?!
Express - пред 1 ден
„Албанско-американското здружение им упати ‘итно писмо’ на амбасадорката на САД во Скопје Ангела Агелер и заменик-шефот на мисијата Никол Варнс, во кое ‘итно ги повикуваат Соединетите Американски Држави дипломатски да интервенираат во * Македонија пред да излезе ситуацијата од контрола’, бидејќи ‘наместо да се смируваат тензиите и да се обезбеди соодветна и вистинска истрага во врска со трагедијата во Кочани, сега се провоцира етничко префрлање на вината врз Албанците од претходната влада’. Албанско-американското здружение изразува ‘болка поради трагичната загуба на животи на млади во Кочани’, но и ‘зголемена вознемиреност, поради политичката манипулација со оваа трагедија’. Семејствата во * Македонија сега се чувствуваат несигурни и стравуваат дека ситуацијата може да ескалира во етнички судир.“ се наведува, исто така, во споменатото писмо до Агелер и Варнс.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Порталб“ од Скопје во својата статија со наслов „Отворено писмо од Албанско-американското здружение до амбасадорката Агелер за трагедијата во Кочани и етничките тензии“. „Порталб“ објави: „Албанско-американското здружение, во кое членуваат Здружението „Ускана“, Здружението „Преспа“, Здружението „Езерски бранови“ и Здружението „Дарданија“, испратија итно писмо до амбасадорката на САД во Скопје Ангела Агелер и заменик-шефот на мисијата Никол Варнс, во кое изразуваат „болка поради трагичната загуба на животи на млади во Кочани“, но и „зголемена вознемиреност, поради политичката манипулација со оваа трагедија“, како што велат.“ „Натаму во писмото до Агелер и Варнс се изнесува: ‘Во име на албанско-американската заедница во Илиноис и сите албанско-американски здруженија во САД ја изразуваме нашата длабока тага за трагичната загуба на млади животи во неодамнешните настани во Кочани. Овој момент, што го крши срцето, служи како потсетник дека вредноста на човечкиот живот ги надминува националноста, религијата и расата. Им упатуваме наши најдлабоки сочувства до семејствата на ужалените и стоиме обединети во тагата на сите погодени. Како гест на солидарност ѝ се обративме на локалната Македонска црква, за да ги пренесе нашите сочувства и за да понудиме финансиска поддршка, со цел да им се помогне на оние, кои имаат потреба. Сепак, среде оваа трагедија ние сме и длабоко вознемирени од познатиот и вознемирувачки модел на историјата, кој се повторува.“ „Наместо владата да се насочи кон директните криминални одговорности на сопствениците на клубот и сегашните официјални органи, од Албанско-американското здружение вели дека се чини оти вината се префрла врз истакнати поранешни албански функционери, кои се користат како жртвени јарци. Ваквите постапки, велат тие, не само што го одвлекуваат вниманието од вистинската одговорност, туку претставуваат опасност за продлабочување на општествените поделби.“ „Нашата албанско-американска заедница е особено вознемирена, поради навредливиот и заканувачки јазик, што го употребуваат премиерот Мицкоски и министерот за внатрешни работи Тошковски кон Албанците. Семејствата во * Македонија сега се чувствуваат несигурни и стравуваат дека ситуацијата може да ескалира во етнички судир. Наместо да работат на смирување на тензиите и да обезбедат соодветна истрага, овие лидери провоцираат етничко префрлање на вината и намерно ги прогласуваат директно вмешаните – членовите на нивната партија – како невини, без никаква истрага, додека Албанците од претходната влада се етикетирани како виновни без редовен процес, со закани дека ќе бидат ‘извлечени за уши од нивните домови’. Ова мора веднаш да престане и без разлика на нивниот политички профил, сите лица кои се држат без судење мора веднаш да бидат ослободени.’ – се вели во итното писмо до амбасадорката на САД во Скопје Ангела Агелер и заменик-шефот на мисијата Никол Варнс.“ „Здружението итно повикува на дипломатска интервенција од САД, како што велат, ‘пред да излезе ситуацијата од контрола, што мнозина од нашите непријатели би сакале да се случи’. ‘Искористете го влијанието на Соединетите Американски Држави, за да осигурите дека сите заедници во * Македонија ќе се обединат, со цел да им се оддаде почит на изгубените животи и да се следи вистинската правда за сите. Ги повикуваме владата и сите релевантни меѓународни институции да ѝ пристапат на оваа ситуација со најголема грижа. Правдата мора да се спроведува објективно, без политички мотиви. Нашето кревко, мултиетничко општество не може да ги издржи натамошната поларизација и нестабилност.’ – наведува споменатото здружение во своето писмо.“ „Инаку, Основниот суд во Кочани донесе одлука, со која им одреди 30-дневен притвор на 13-те вмешани во случајот со пожарот во дискотеката ‘Пулс’, меѓу кои медиумите јавуваат дека меѓу нив е и поранешниот министер за економија Крешник Бектеши.“...
Почина внуката на Тито што тврдеше дека дедо ѝ ѝ го дал името на Република Македонија
Express - пред 1 ден
Светлана Броз, внука на доживотниот претседател на некогашна СФР Југославија, Јосип Броз-Тито, почина денеска во Белград на 70-годишна возраст, а вниманието на македонската јавност го привлече со тврдењето дека нејзиниот дедо ѝ го дал името на Република Македонија. Expres.mk на 11 декември 2017 година го презеде видувањето на најмалото дете на Жарко Броз, најстариот син на Тито, и на Злата Јелинек-Броз, објавено во грчкиот весник „Катимерини“, кое денеска го преобјавуваме во целост: „Иако мојот дедо Јосип Броз Тито ѝ го ‘дал’ името ‘Македонија’ на една од шесте конститутивни републики на Југославија, очигледно е дека тој чин немал цел да создаде иредентистички тврдења кон нејзините соседи, со кои Југославија разви пријателски односи и плодна соработка. Многу години скопските власти претставуваа карти на ‘Голема Македонија’, ширејќи ги ‘географските и етнички граници на Македонија’ во Бугарија, Албанија, Србија и Грција. Тоа ли е моделот на регионална соработка што нашите пријатели во Скопје проповедаат дека го следат? Европска унија, Обединети нации и меѓународната заедница инвестираа значителен политички и економски капитал и вложија големи напори во смисла на миротворни операции во поранешна Југославија и на хуманитарна помоша на Балканот. Тоа не беше залудно. Очигледно е дека меѓународната заедница бара клима на стабилност, соработка и согласност во регион во кој иднината е поврзана со развој. Како што е добро познато, во согласност со Резолуцијата 817/1993 на Советот за безбедност на Обединети нации, на земјата ѝ беше овозможено членство во ОН под привремената референца ‘бивша југословенска Република Македонија’, во очекување на решавање на разликата за нејзиното име. Понатаму, Советот за безбедност со резолуцијата 845/1993 ги повика ‘страните (Грција и поранешната југословенска Република Македонија) да продолжат со своите напори под покровителство на генералниот секретар за да дојдат до брз договор за останатите прашања’. Преговорите за тој договор сè уште траат, со олеснувањето од личниот пратеник на генералниот секретар, Метју Нимиц. Прифаќајќи го приемот во Обединети нации под провизорното меѓународно име ‘поранешна југословенска Република Македонија’, во исто време прифаќајќи ја и процедурата во ОН ‘за продолжување на напорите под покровителство на генералниот секретар за доаѓање до брз договор’ за разликата за прашањето за името, а, сепак, продолжувајќи да го користи ‘уставното’ име ‘Македонија’ – кое не е прифатено во Обединети нации! – не претставува само измама и навреда на Обединети нации, туку и доказ дека тие се сметаат себеси ‘умни’, а сите други ‘идиоти’. Би сакала само да поставам просто прашање: ‘Ако презентирате некому карта што го прекршува нивниот територијален интегритет, што би очекувале дека ќе сторат? Да ги прифатат вашите предлози? Би било ли можно тоа? Сè додека карите на ‘Голема Македонија’ и соодветната иредентистичка политика се базирани на и произлегуваат од прашањето за името, тоа е ‘Македонија’, очигледно е дека тој поим не може да функционира. Во интервју пред две години нагласив дека ‘политиката на Тито за мене е јасна: тој никогаш не би ја поддржувал идејата за инсистирање на името ‘Македонија’. Не можам да разберам зошто политичарите на Скопје беа толку тврдоглави во рамките на Обединети нации и на други места, наместо да се најде логична разлика меѓу овој дел на Грција и нивната нова држава. Нивната политика не беше мудра, бидејќи не вложија напор да најдат солуција со Грција. Не, мојот дедо никогаш не би инсистирал на тоа’. Без оглед на какво било разгледување на историските корени или на историските аргументи, во овој случај сфаќаме дека стоиме пред преговорите од 1993 година во рамките на Обединети нации. Со сета почит и срдечно пријателство со нашите пријатели во Скопје, кога сме во преговори, не можеме да кажеме: ‘Ние се држиме до името Македонија и нема да разговараме за ништо друго’. Дефинирањето на она што не можеме да го прифатиме во преговорите дава индикација за нашата општа цел. Исклучува одредена област на дискусија, но оставајќи ја преостанатата област слободна. Сепак, единствено дефинирајќи го она што го сакаме, придржувајќи се кон тоа и не движејќи се ни милиметар надесно, ни милиметар налево, таквото однесување не е почеток на преговорите, туку нивен крај. Терминот ‘Македонија’ секогаш се користел за поширока географска област, од која приближно 51 процент е дел од Грција, 38 отсто е во поранешна југословенска Република Македонија, а 9 отсто од неа е во Бугарија. Според тоа, би било апсурдно од делот на Скопје да се инсистира на употребата на терминот ‘Македонија’ на исклучива основа. Затоа би сакала раководството во Скопје да стори сé што е можно за да најде решение. Во античко време жителите на регионот на Македонија им се поклониле на исти богови како Грци, говореле на грчки јазик и учествувале на Олимписките игри, привилегија резервирана само за Грците. Сите филозофи и писатели од регионот Македонија, вклучувајќи го и Аристотел, пишуваале на грчки. Александар Велики, Александар Македонски или како и да сакаме да го наречеме не го ширел ‘македонскиот’ јазик, туку грчкиот јазик и цивилизација. Ако некој има поинаков поглед на историјата, ова е академско прашање, а не политичко. Оставете им го на академиците. Во изминатите децении, но и неодамна, постојано слушавме за ‘Голема Македонија’, ‘Голема Србија’, ‘Голема Хрватска’, ‘Голема Албанија’ и други националистички плачења. Навистина, премногу ‘големи’ држави во толку мала област! Мојот сон е да ги видам сите конститутивни републики од поранешна Југославија како напредуваат и се развиваат, што би било несомнено поткрепено со пристапувањето во Европска унија и во НАТО. Мислам дека Метју Нимиц беше апсолутно во право кога изјави: ‘Време е да се најде решение за прашањето за името’.“ Светлана Броз е родена во 1955 година во Белград, од 2000 година живеше во Сараево, а во 2004 стана државјанка на Босна и Херцеговина. По вокација е докторка што специјализирала кардиологија, а се пројавува и како слободен новинар и граѓански активист. Во 2011 година добива „Национален орден за заслуги“ од тогашниот француски претседател Никола Саркози. Почесен граѓанин е на Тузла, родниот град на нејзината мајка....
(Видео): Скандал во градежништвото – инспекцијата одзела 427 лиценци
Express - пред 1 ден
Министерството за транспорт и врски досега одзеде 427 лиценци на градежни компании кои не ги исполнуваат потребните услови, иако во моментот на издавање ги задоволувале критериумите. Ова денеска го изјави министерот за транспорт и врски и вицепремиер, Александар Николоски, по извршените контроли во градежниот сектор. Како клучни причини за одземањето на лиценците, Николоски ги наведе недостатокот на стручен кадар, како и одредени типови на градежни машини. – Забележавме дека исто лице фигурира на пет-шест различни фирми или пак се прави договор само за да се добие лиценцата, а веднаш потоа тој вработен се одјавува. Ова е класично изигрување на системот. Македонија е мала држава, а Министерството има издадено околу 3.000 лиценци, што е повеќе од реалниот капацитет – изјави Николоски за ТВ Сител, додавајќи дека очекува бројот на лиценцирани фирми да се намали на околу 2.500 по следната контрола. Министерот рече дека во наредниот период ќе се испитуваат и проектите во кои учествувале овие фирми, а компаниите што ја изгубиле лиценцата, најмалку една година нема да можат да аплицираат за нова. Паралелно со градежните контроли, Николоски се осврна и на ситуацијата со дискотеките кои работеле без соодветни дозволи или со лажни документи. – Државниот пазарен инспекторат работи со асистенција на МВР, а за прекршителите се известува и Обвинителството. Нема да останеме само на констатирање на неправилности, ќе следат и кривични пријави – порача министерот. Тој додаде дека во иднина ќе мора да се зголеми бројот на инспектори, бидејќи во моментов има само 40 на ниво на целата држава....
Коцевски и ОЈО коректно постапуваат, згрозен сум од помали политички актери кои ја злоупотребуваат несреќата, вели Николоски
Express - пред 1 ден
За дискотеките кои немале лиценци и оние кои имале лажни документи за да добијат лиценца, ДПИ настапува со асистенција на МВР и го информираат ОЈО. Ова го истакна министерот за транспорт и врски и еден од вицепремиерот, Александар Николоски по контролата во градежните фирми, во вестите на Сител. Нема да останат само на неправилности. Ќе следат и кривични пријави каде што не се постапувало според законот. Треба да се зголеми бројот на инспекциските служби. Тоа е во суштина главниот проблем на администрацијата. Битно е како ќе се организираме во иднина. Инспекторатот мора да се зајакне. Во моментов има само 40 инспектори. Мора да се зголеми бројот и да им се подобрат платите, додаде министерот. Околу досегашното постапување на главниот обвинител Љупчо Коцевски и ОЈО за случајот со трагедијата во Кочани, тој вели дека коректно се однесуваат, со самиот факт што 34 лица се во притвор. Тоа многу говори за одговорноста. Ако споредиме со претходни случаи каде што немаше приведени и одговорност, јасно се гледа дека тука ќе има одговорност. Честитки и до МВР. Можеби ова ќе биде покажана вежба и за натамошни случаи. Сакам да порачам и дека сум згрозен од обидот на помали политички актери за да ја злоупотребуваат несреќата. Никој во светот не добил шанса ако се злоупотребува ваква трагедија. Здравствениот систем одговори најдобро, а правосудните органи и полицијата си ја вршат работата, нагласи Николоски....
Се редат притвори за пожарот во „Пулс“ – зад решетки градоначалници, екс-министри, инспектори
Express - пред 1 ден
Основниот суд Кочани им одреди 30-дневен притвор на 31 од вкупно 34 осомничени лица опфатени во истрагата за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, во која животите ги загубија 59 лица, а речиси 200 беа повредени. Меѓу приведените се и тројцата градоначалници на Кочани, кои се опфатени во постапката: актуелниот градоначалник во заминување, Љупчо Папазов, како и неговите претходници, Ратко Димитровски и Николчо Илијев. Димитровски е поранешен градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, додека Илијев доаѓа од СДСМ. Папазов, исто така член на ВМРО-ДПМНЕ, беше повикан на информативен разговор ден по трагедијата (16 март), но тогаш беше пуштен без дополнителни мерки. Тој подоцна поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Покрај нив, меѓу притворените се и ексминистерот за економија Крешник Бектеши, поранешната државна секретарка во истото Министерство, Размена Чекиќ-Дуровиќ, како и раководител во Министерството, Беким Хаџиу. Под истрага се и поранешните директори на Пазарниот инспекторат и Дирекцијата за спасување, Горан Трајковски и Беким Максути. Во рамките на истрагата, Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кочани гони вкупно 34 лица. Тројца од осомничените се хоспитализирани, а на останатите 31 им е одреден притвор. Во одделна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) отвори истрага против седум високи полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Штип и Полициската станица од општа надлежност Кочани, на кои исто така им е одреден 30-дневен притвор. Во меѓувреме, се спроведуваат дополнителни апсења во Кочани и Општината, а официјални информации за оваа нова група осомничени сѐ уште нема. Трагедијата се случи за време на концерт на групата ДНК, кога во дискотеката со 500 гости избувнал пожар. Просторијата имала само една мала врата, немала противпожарни апарати, а ѕидовите биле обложени со запаливи материјали. Покрај тоа, во објектот биле користени пиротехнички средства и прскалки без дозвола. Според истрагата, пламенот почнал откако прскалките го запалиле таванот, кој потоа паднал, дополнително зголемувајќи го бројот на жртвите....
Македонските навивачи во 59. минута во Вадуц им оддадоа почит на 59. жртви во Кочани (ВИДЕО)
Express - пред 1 ден
Навивачите на македонската фудбалска репрезентација, кои го сочинуваа огромното мнозинство од 4.094 гледачи на трибините во Вадуц, во 59. минута од натпреварот со Лихтенштајн со извици „Кочани, Кочани“ и со аплауз им оддадода почит на 59. жртви во трагедијата што ја зави во црно Македонија. Во 59-та минута од средбата во Вадуц, навивачите на Македонија им оддадоа почит на 59 жртви од трагедијата во Кочани 🙏🇲🇰 pic.twitter.com/uTnNq7dgpD— На Дедо Најпаметниот (@i_najubaviot_) March 22, 2025...
Масовно пукање во САД: Тројца загинати, 14 повредени
Express - пред 1 ден
Три лица загинаа, а 14 се повредени во масовно пукање што се случи денеска во американската сојузна држава Ново Мексико, соопштија локалните власти. Пукањето се случило во парк во градот Лас Крус, околу 22 часот по локално време, објави полицијата на Лас Крус на социјалните мрежи. Никој не е уапсен, но полицијата вели дека „активно следи повеќе траги“. Полицијата соопшти дека во престрелката загинале двајца 19-годишници и еден 16-годишник. Наводно, пукањето се случило на состанок на ентузијасти на модифицирани спортски автомобили....
Алсат: Од 2015-2025 доминирале условни и парични казни за “Тешки дела против општата безбедност“, за што се товарат и осомничените за Кочани!
Express - пред 1 ден
Во случајот со пожарот во дискотеката во Кочани, во кој животите ги загубија 59 лица, а 200 беа повредени, 27-те осомничени се товарат за „Тешки дела против општата безбедност“. Во последните 10 години скопскиот Кривичен суд, кој е најголемиот суд во државата, донел пресуди за вкупно 105 лица, против кои се воделе судски процеси, исто така, за кривично дело „Тешки дела против општата безбедност“. Иако ниеден став од член 292 од Кривичниот закон не предвидува условна затворска казна за „Тешки дела против општата безбедност“, судиите во периодот 2015-2025 година го осудувале секое второ лице на условна затворска казна! Од обвинителството најавуваат дека обвинетите за кочанската трагедија ќе бидат осудени на затворска казна до 20 години. Но досегашната практика покажува дека судиите се воздржувале додека одлучувале при одлучувањето за висината на казната за ова кривично дело, иако случајот со трагедијата во Кочани не може да се споредува со ниеден друг случај. Ова го објави ТВ Алсат во анализата со наслов „За кривичното дело ‘Тешки дела против општата безбедност’ доминираат условните казни“. Натаму во споменатата анализа се истакнува: Само 22 лица се осудени на затворски казни, од вкупно 105 пресуди, а само двајца од нив добиле казна затвор од 5 години, што е највисоката казна изречена во изминатите десет години. во Кривичниот суд Скопје за „Тешки дела против општата безбедност“. Едно лице е осудено на 4 години затвор, додека други четворица добиле казна по 3 години затвор. Пет лица се осудени на 2 години затвор, а 8 други се осудени на 1 година затвор. Меѓу нив е и едно лице, кое во случај од 2020 година е осудено на само 9 месеци затвор. Иако ниеден став од член 292 од Кривичниот закон не предвидува условна затворска казна за „Тешки дела против општата безбедност“, судиите во периодот 2015-2025 година го осудувале секое второ лице на условна затворска казна! Вкупно 48 лица се осудени на условни затворски казни од 1 до 5 години. Во 3 други случаи изречени се условни затворски казни, но со заштитен надзор. Во член 292 не е предвидено обвинетите да бидат казнети парично, но според податоците од Кривичниот суд во овој временски период имало вкупно 17 вакви случаи. Табеларните податоци не ја објаснуваат вредноста на сумата, за која осудените биле задолжени да ја платат. Податоците покажуваат дека за 5 лица судската постапка е прекината, за 3 лица се отфрлени пријавите, а 3 други се ослободени од обвиненијата. За 1 лице обвинителот побара отфрлање на обвиненијата, а на 3 лица им е одредена психијатриска терапија. Дека судиите се покажаа како попустливи во изрекувањето на казните за кривичното дело „Тешки дела против безбедноста“, за кое се товарат осомничените за трагедијата во Кочани, покажува и случајот со опожарувањето на Модуларната болница во Тетово на 8 септември 2021 година, во која загинаа 14 пациенти додека се лекувале. Поранешните директори во тетовската болница Флорин Бесими и Артан Етеми по две години судење беа осудени на условни затворски казни од една и пол година. Потоа Апелацискиот суд го врати предметот на повторно судење: на 18 март годинава одржа судско рочиште, на кое обвинетите повторно ја негираа вината. И покрај тоа што податоците покажуваат дека политиката на казнување на сторителите на тешки кривични дела против безбедноста била попустлива, главниот обвинител Љупчо Коцевски најави дека осомничените во случајот со дискотекара во Кочани може да бидат осудени на 20 години затвор. Тоа не се случило во последната деценија. „Во овој првичен момент одговорноста на сите вмешани во настаните и на оние, кај кои ќе биде констатирана, ќе се оценува низ призмата на кривичното дело ‘Тешки дела против општата сигурност’, согласно со член 292 од Кривичниот законик, кој предвидува затворска казна од најмалку 3 години, без ограничување на највисоката казна. Тоа значи дека казната може да се движи до 20 години затвор.“ – изјави главниот обвинител Љупчо Коцевски....
Да се стори нешто против кршењето на демократијата од страна на судството
Express - пред 1 ден
Најблискиот соработник на американскиот претседател Доналд Трамп, Илон Маск смета дека треба да се стори нешто против кршењето на демократијата од страна на судството. ,,Треба да се направи нешто за да се запре повтореното и еклатантно кршење на демократијата од страна на судството. Тоа им е очигледно на сите”, пишува Маск кој го води американскиот Оддел за владина ефикасност и е еден од најбогатите луѓе на светот. Маск реагира на информацијата според која судиите на американските Окружни судови издале РЕКОРДНИ бројки на национални забрани против администрацијата на Трамп – драматична злоупотреба на судската власт. Дел од американските конгресмени најавуваат дека ќе воведат законска регулатива за да престане оваа злоупотреба засекогаш....
Во победата на Македонија посветена на Кочани Алиоски носеше специјална маица под националниот дрес
Express - пред 1 ден
Во победата на Македонија над Лихтенштајн со 3:0 посветена на жртвите од Кочани македонскиот десен бек Езѓан Алиоски носеше специјална маица. Под националниот дрес кој беше во црна бојата на кој пишуваше Кочани Алиоски носеше друга маица посветена на градот каде во голема трагедија беа загубени огромен број млади животи....
Македонските фудбалери тргнаа кон СП со убедлива победа во Лихтенштајн
Express - пред 1 ден
Фудбалската репрезентација на Македонија го победи Лихтенштајн во Вадуц со 3:0 на стартот од квалификациите за Светското првенство 2026. Триумфот посветен на настраданите во трагедијата во Кочани, за кои во знак на почит македонските репрезентативци носеа темна опрема, го обезбедија головите на Александар Трајковски во 7. минута, Висар Муслиу во 42. минута и Бојан Миовски во 84. минута. Со својот 22. гол во 92. настап, Трајковски се зацврсти на второто место на вечната листа на стрелците на македонскиот национален тим, за дефанзивецот Муслиу ова е втор погодок во 65. натпревар, а за Миовски седми во 30. меч. До својата 40. победа во едни квалификации, шеста во низа заедно со Лигата на нациите, „црвено-жолтите“ стигнаа со доминација на теренот за која зборуваат поседот на топка од 68:32 проценти, три пати повеќе удари кон голот (18:6) и 7:0 во корнери. Следен ривал на избраниците на селекторот Благоја Милевски во групата Ј ќе им биде Велс во вторник од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје....
Мицкоски во посета на семејството на херојот Иле Гоцевски: Храброста и човечноста остануваат вечно сведоштво!
Express - пред 1 ден
Возачот на Брзата помош Иле Гоцевски, кој на 16 март цела ноќ превезувал повредени лица по пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, починал кога си дошол дома. Премиерот Мицкоски денеска го посети семејството на Иле. „Денес го посетив семејството и сопругата на Иле Гоцевски – возачот на Брзата помош кој, со пожртвуваност што нема цена, цела ноќ им помагаше на повредените од трагедијата во Кочани. Во време кога тагата не престанува, неговиот подвиг потсетува дека храброста и човечноста живеат во нашите луѓе. Тоа се нашите херои! Иле замина тивко, но зад себе остави пример кој нема да го заборавиме. Мојата почит и поклон за него. Почит и до сите што несебично им служат на граѓаните. Вечна ти слава, Иле“, напиша Мицкоски на социјалните мрежи. Инаку, Иле Гоцевски ќе биде постхумно одликуван, најави вчера министерот за здравство, Таравари. „Тој ден сите работевме повеќе од 20 часа. Јас немам информација колку часа возачот работел, меѓутоа неспорно е дека направил огромна работа со превозот на пациенти. Како министер за здравствоm планирам следната недела да го викнам неговото семејство и постхумно да го одликувам. Во вонредна состојба сите работиме без да погледнеме во часовникот“, кажа Таравари. Според објава на неговото семејство, Гоцевски си дошол дома после тешката ноќ, легнал да спие и не се разбудил....
Итна финансиска помош: Државата доделува по 150.000 денари за семејствата на настраданите
Express - пред 1 ден
За секој настрадан во пожарот во Кочани ќе биде доделена итна финансиска помош во износ од 150.000 денари која ќе се реализира преку Црвениот крст. Одлуката на прес-конференција ја соопшти директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) Ивица Томовски. Преку СОЗР и останатите надлежни институции, рече тој, се организира и целата неопходна логистика за сместување и транспорт на настраданите и нивните семејства. Владата го плаќа престојот на најблиски на пациентите што се лекуваат во странство, за што право имаат по две лица од семејството за секој повреден. Како и претходно министерот Тимчо Муцунски, Томовски рече дека лекувањето на пациентите во странство е на трошок на државата домаќин, а патот, сместувањето и други трошоци за семејствата ги покрива на нашата Влада. – Досега, 188 лица се згрижени и сместени. Свесни сме дека оваа трагедија носи и неочекувани финансиски тешкотии. Затоа, како институција вклучена во овој процес, донесовме одлука за секој настрадан да биде исплатена сума од 150.000 денари како итна финансиска помош за покривање на почетните секојдневни трошоци. Оваа помош ќе се реализира преку Црвениот крст на Република Македонија – рече Томовски. На прашањето кога и како семејствата ќе почнат да ја добиваат помошта од донации од сметката на Црвениот крст, на која досега се собрани 51 милион денари, Томовски одговори дека кон исплата ќе се пристапи од понеделник. Како што рече, се прават законски подготовки со оглед дека трансакциските сметки подлежат на заштита на лични податоци. – Во моментов се собираат тие трансакциски сметки од лицата кои се во странство и нивните согласности, преку логистика на МНРНТ односно амбасадите и конзуларните претставништа, и од понеделник Црвениот крст ќе пристапи кон исплата на средствата – додаде директорот на СОЗР....
Георгиев со рецепт како да се спаси Македонија по Кочани: Секој да си ги затвори своите ,,дуќанчиња”
Express - пред 1 ден
Мртвите нема да ги вратиме, но дали мртвите ќе не’ вратат во живот, прашува екс потпретседателот на СДСМ кој не беше дел од тимот на Зоран Заев додека тој и Ковачевски владееја со Македонија. Судбина ни била да останеме овде, под ова небо, после Кочани. Оваа судбина ја споделуваме сите ние, граѓани кои живееме на оваа територија, оние кои останавме живи. А како се живее после ОВА, прашува Георгиев и дава сугестија како Македонија може да се справи со најголемиот предизвик. ,,На истекот на седумте дена тага по кошмарот кој ни се случи, додека роднините пријателите, комшиите, соучениците уште не можат да се совземат од болка заради ужасната смрт на нивните најблиски, ние останатите, живи мртовци, мораме да почнеме да делуваме. А ќе можеме ефективно да делуваме само ако прво делуваме индивидуално, а потоа колективно. Тоа значи најпрво, секој од нас да си ги преброи личните “дуќанчиња” (јас ги избројав за себе, имам 5-6 такви дуќанчиња) и да си ги затвори, со катанец. Тоа значи дека секоја врска, врскичка, имам братучед таму, ќе подмачкам, не се секирај, имаш ли бе чоек таму, абе слушнав си бил близок со неа….сето тоа ќе си го закопате два метри под земја, ќе го погребете. Без тоа нема напред, шансите ни се речиси никакви”, вели Георгиев. Тој под дуќанчиња не мисли само на софт и хард корупција и фаќање врски, туку мисли и на разно- разни идеолошки дуќанчиња, персонални преференци, можности за позиции и поголема плата или проект, тага за минатото, можеби и неправда или грев што претходно ви ги направиле овие или оние… ,,Не, не, се’ ќе тргнете на страна. Второ, откако тоа ќе го направиме, ќе треба да им дадеме полна поддршка на овие што се сега во позиција да го направат тоа за нас. А во позиција се да го направат тоа затоа што и тие се преплашени, и тие се пеплосани, претпоставувам дека се согласувате дека и тие се луѓе. Верувајте, сурово политички кажано, никој не сака ваква хаварија на 9 месеци од почетокот на силен мандат. Преплашени и треба да бидат, и за себе и од нас, но ние мораме да видиме дали се всушност ПРЕКРШЕНИ. Прекршени дека сега или никогаш треба да се средат работите. Искрено, делуваат прекршено, но наша работа е да ги следиме на секој чекор, во секој миг, на секоја кривина. Се разбира, откако претходно сме си ги затвориле дуќанчињата, нели? Гледам опозицијата доста внимателно се однесува, и тоа е добро, грчот е голем, влогот е државата и целокупниот опстанок на ова општество. Добро знаете дека сите тоа го шепкаме: ова не е држава, не не’ бива, пак исто ќе биде. Со оваа, би рекол здрава доза на скепса и неверица, треба до крај да ги поддржиме овие кои сега се во можност тоа да го направат. Бидејќи, реално, немаме second best. Власта е во ран мандат, на опозицијата и’ треба време да се консолидира, неаме секонд бест. Затоа, сите џавкања кои доаѓаат од зачадената смрдлива внатрешност на нашите лични дуќанчиња, треба да ги игнорираме и осудиме. Сите добронамерни поддршки треба да ги охрабриме. Бидејќи верувајте, а тоа вие добро го знаете, веднаш ќе осетиме ако не’ прелажат, ако не’ одведат жедни преку вода… низ годините развивме перверзен инстинкт за препознавање на лагата, но и злокобен порив за „препакување“ на нашата вистина. Е тогаш, а и на секоја попатна станица, ќе излеземе на улица, таа не ни бега иако и таа, улицата, многупати досега се покажа како лажовна. Протестот, во индивидуална или колективна форма, го гледам како „протест во ентелехија“, како бивање на штрек 24/7, како поттик да се истераат работите и како кочница да не се претвори ова во лов на вештерки, селективна правда или етничка правда. Можеби сега му е мајката? Што мислите”, пишува Георгиев....
Почина боксерската легенда во тешка категорија, Џорџ Форман
Express - пред 1 ден
На 76 годишна возраст почина легендарниот боксер, познат како „Големиот Џорџ“. Американецот изгради една од највпечатливите и најтрајните кариери во спортот, освојувајќи го олимпиското злато во 1968 година и освојувајќи ја светската титула во тешка категорија двапати, во период од 21 година. Со второто освојувањена титулата тојстана и стана најстариот светски шампион во историјата на 45-годишна возраст. Својата прва титула од Мухамед Али во нивната позната борба во 1974 година. Форман се пензионираше во 1997 година. Неговото семејство во објава на Инстаграм во петокот вечерта објави: „Нашите срца се скршени. Побожен проповедник, посветен сопруг, љубен татко и горд прадедо и прадедо, тој живееше живот обележан со непоколеблива вера, понизност и цел“. Во соопштението се додава: „Хуманитарец, олимпиец и двократен светски шампион во тешка категорија, тој беше длабоко почитуван – сила на доброто, човек со дисциплина, убедување и заштитник на неговото наследство, неуморно борејќи се да го зачува своето добро име – за своето семејство“. Почит пристигнаа од другите ширум спортот, при што поранешниот светски шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон, рече дека „придонесот на Форман во боксот и пошироко никогаш нема да биде заборавен“. Списанието Ring, честопати наречено Bible of Boxing, го опиша како „еден од најголемите тешкаши на сите времиња“. „[Тој] ќе остане запаметен како икона на спортот засекогаш. Форман е роден во Маршал, Тексас, на 10 јануари 1949 година и израснат заедно со шест браќа и сестри од самохрана мајка во сегрегираниот американски југ. Тој го напуштил училиштето и се свртел кон улични грабежи пред на крајот да најде излез во рингот. Форман го освои златниот медал во тешка категорија на Олимпијадата во Мексико Сити во 1968 година, на 19-годишна возраст, пред да стане професионалец и да победи на 37 последователни натпревари. Во кариерата загуби само пет меча. Тој го победи претходно непоразениот актуелен шампион Џо Фрејзер во Кингстон, Јамајка, во 1973 година, соборувајќи го шест пати во првите две рунди. Неговиот бокс-меч од 1974 година против Али во Киншаса, Заир, сега Демократска Република Конго, останува еден од најпознатите боксерски натпревари досега. Али, беше аутсајдерот откако седум години претходно му беше одземена круната затоа што одби да биде регрутиран во Виетнамската војна. Експерти тврдеа дека Мохамед Али „нема да издржи ниту една рунда“. Но, лукавиот Али употреби тактика која го истроши Форман, предизвикувајќи го да исфрли стотици удари пред Али да сго растури во осмата рунда и да постигне нокаут. По втората професионална загуба, Форман се пензионирал во 1977 година и станал ракоположен свештеник во црквата на Господ Исус Христос во Тексас, која ја основал и изградил. Тој за Би-Би-Си изјави дека неговиот пораз од Али станал „најдоброто нешто што ми се случило“ бидејќи на крајот го навело да ја „изнесе својата порака“ преку проповедање....
Скопските градоначалници вршат серија контроли – еве кој се ќе биде засегнат и какви услови ќе мора да исполнува
Express - пред 1 ден
Скопските градоначалници деновиве се зафатија со полни раце работа во серија контроли кои би требало да превенираат немил настан како оној што се случи во Кочани. Инспекциските служби на Општина Аеродром во текот на минатата недела извршиле контроли на околу 100 угостителски објекти кои работат на територијата на општината. Општината денеска информоира дека во тек е обработка на податоците собрани од терен и се изготвува анализа за состојбата со исполнувањето на законските одредби и подготвеноста на објектите за вршење угостителска дејност. – Исто така, Општина Аеродром веќе изготви план за контрола на хидрантските мрежи во станбените згради, за пристапите, како и за излезите од објектите за колективно домување и од понеделник, во соработка со куќните совети и со управителите на станбените објекти, ќе започне инспекција за состојбата во зградите, соопшти Општината. В. д. градоначалникот Дејан Митески во вторникот, на 18 март, испратил барање до сите основни училишта и градинки „во најкус можен рок да достават одговори за состојбата со хидрантските мрежи во објектите, како и за ажурирањето на апаратите за гасење пожар“. – Потребно е да достават и елаборати за противпожарна заштита, како и планови за евакуација. Општина Аеродром прави сѐ што е во нејзина надлежност за зачувување на безбедноста на граѓаните и обезбедување на сите услови за непречено одвивање на секојдневието, како на физичките, така и на правните лица, се наведува во соопштението. Максимално активни се и во општина Центар. На итен состанок на Штабот за заштита и спасување на Општина Центар, што се одржал вчера со присуство на инспекциските служби на општината и Командирот на ПС Беко Игор Стаменковски, била разгледана безбедносната состојба во општината и предложени мерки за подобрување на сигурноста и заштитата на граѓаните. На состанокот, одржан барање на градоначалникот Горан Герасимовски, се анализирала безбедноста на станбените објекти, при што биле утврдени потенцијални ризици и предложени конкретни мерки за зголемување на безбедноста, како и на угостителските објекти и биле дискутирани мерки за подобрување на безбедноста и усогласување со прописите. Исто така се разговарало и за функционалноста на хидрантната мрежа во станбените и деловните објекти, како и за мерките за подобрување на безбедноста на училиштата и градинките. – Првиот состанок го имавме со директорите на сите општински основни училишта, затоа што безбедноста на децата за нас е најважна. Сите училишта и градинки имаат изработено План за заштита и спасување, Процена на загрозеност на институцијата и за истите имаат добиено позитивно мислење од Дирекцијата за заштита и спасување, што потврдуваме дека имаме темелна основа за континуирана превенција и обезбедување на безбедна средина за нашите деца, истакна Герасимовски, пренесува службата за односи со јавност на Општина Центар. Инспекторот за домување добил насоки и задолженија во текот на следната недела да закаже состанок со управителите на станбени, станбено-деловни и деловно-станбени згради како и со регистрираните заедници на сопственици, во врска со почитувањето на пропишаните норми и стандарди за домување, особено во делот за заштита и спасување (хидранти, пп апарати, лифт, фасада итн.) – Ќе се вршат инспекциски надзори, ќе се преземаат инспекциски мерки и ќе се носат инспекциски акти во врска со почитувањето на одредбите од Законот за домување, Правилникот за нормите и стандардите за домување во станбените згради како и останатата законска како и подзаконска регулатива која е во наша надлежност во однос на Плановите за одржување на станбените згради како и застапеноста на противпожарната опрема и одржувањето на истата. Исто така ќе бидат известени надлежните институции и органи во однос на противпожарната опрема во зградите каде истата не е застапена или е нефункционална. Дополнително, во текот на следната недела ќе закажеме состанок со Подрачното одделение за заштита и спасување – Центар, во однос на заедничка акција односно заедничко постапување на службите, изјави Герасимовски. Во таа насока, Општина Центар ги потсетува сите угостителски објекти на нивната обврска за преземање на неопходни безбедносни мерки и ги информира дека инспекциската служба на општината ќе продолжи со спроведување на засилени инспекциски контроли. За таа цел, потребно е управителите на угостителските објекти да извршат безбедносни проверки и да ја подготват следната документација, која ќе биде предмет на инспекциската контрола: • Тековна состојба (не постара од 6 месеци) • Лична карта на одговорното лице• Контакт лице со телефонски број и е-маил адреса• Имотен лист за објектот во кој се врши дејноста• Одобрение за вршење дејност или Известување за започнување со вршење дејност, заверено од Државен инспекторат за труд• Известување за започнување со вршење дејност, доставено до Општина Центар – Скопје• Потврда за работно време издадена од Централен регистар на РСМ• Пријава за работно време и распоред на работното време за угостителските објекти во Општина Центар – Скопје• Заверени нормативи за храна и пијалоци• Одобрение за поставување урбана опрема• Елаборат за поставување урбана опрема• Елаборат за заштита на животна средина • Елаборат за заштита од пожари и доказ за негово спроведување на лице место Оваа документација треба да биде достапна во објектот, а лицата што управуваат или работат во него треба да ја приложат на увид на инспекторите. – За потребите на инспекциската постапка, документите треба да бидат во фотокопија (оригиналите ќе бидат само на увид). Доколку инспекторите утврдат неправилности, ќе биде издадено Решение за отстранување на недостатоците, кое треба да се реализира во рок од 8 дена, укажуваат од Општина Центар. Нагласуваат дека остануваат посветена на унапредување на безбедноста на сите граѓани и апелираат на соработка од страна на угостителските субјекти за заедничко создавање на побезбедна средина.Вчера слични мерки шпрезедоа и Карпош и некои други скопски општини. Извор: Фактор...
Приведени двајца менаџери за непочитување на деновите на жалост
Express - пред 1 ден
Двајца одговорни во угостителски објекти во општина Центар во Скопје се приведени синоќа бидејќи била пуштана музика во деновите на жалост информираше Министерството за внатрешни работи. „На 21/22.03.2025 во Скопје, во угостителски објекти на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.А.(26) од скопско и В.В.(22) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 387 од Кривичниот законик. Во текот на вчерашниот ден во угостителски објекти каде тие се одговорни лица била пуштена музика односно не била почитувана одлуката на Владата за седумдневна жалост. Веднаш е постапено од страна на полициските службеници на СВР Скопје и одговорните лица се лишени од слобода, а по документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави во врска со чл. 387 од КЗ“, се вели во соопштението од МВР. Претходно, полицијата приведе и двајца 18-годишници кои правеа огномет на роденденска забава во ресторан во градскиот парк ов Скопје. Владата прогласи седумдневна жалост поради трагедијата во Кочани.Во овој период, угостителските објектие треба да работат без музка, медимите треба да ја прилагодат програмата, а откажани се сите култирни и спортски манифестации....
НСС УКИМ ги повикува сите студенти на пленум во понеделник во 13 часот
Express - пред 1 ден
„Во име на студентската автономија, НСС УКИМ ги повикува сите студенти на пленум во понеделник во 13 часот на платото на УКИМ. Ова се наши факултети, наше право е да одлучуваме!“ стои во објавата на НСС УКИМ. „Не ни треба бирократско тело кое работи зад наш грб. Време е студентите да одлучуваат за своите факултети, а не второстепеното бирократизирано тело УСС. Ги повикуваме сите факултетски собранија да го следат примерот на ФСС ФЗФ и да го делегитимираат телото кое не ги претставува студентите. Во понеделник, сите на платото – студентската автономија не се моли, туку се брани!“ повикуваат студентите....
Муцунски: Од идната недела се враќаат пациентите што се лекуваат во странство по пожарот во Кочани
Express - пред 1 ден
Ова го соопшти министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на прес-конференција на која информираше дека во МНРНТ денеска ќе се одржи координативен состанок за следни чекори и мерки за соодветна организација за очекуваното враќање на сите оздравени пациенти или за продолжување на нивното лекување во земјава. „Најавите што ги имаме се дека во тек на следната недела ќе почнат да се враќаат првите пациенти, тие најави ги добиваме во директна комуникација каде што се сместени и кои ќе бидат во доволно добра здравствена состојба за да може да се враќаат назад“, рече Муцунски на прес-конференцијата. Вкупно 116 пациенти со повреди во пожарот на концертот во Кочани се лекуваат во странски болници во 14 европски држави. Трошоците за нивното лекување се покриени од државите домаќини, а патувањето и сместувањето на нивните најблиски и трошоци за целата логистика за нивниот престој во странство е на нашата Влада. Муцунски, кој на прес-конференцијата истакна дека сите „поминуваме исклучително тежок период и силен психолошки притисок“ им се заблагодари на сите земји кои ги примиле повредените и за нивната солидарност, како и на пожртвуваноста на нашите медицински екипи на кои рече е многу горд. Соопшти дека од 116-те хоспитализирани во странство, 38 се пратени на лекување преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, кој Владата го активирала веднаш по несреќата, а останатите се пратени преку директна билатерална помош. Во најкус можен рок и по највисоки медицински стандарди, како што рече, биле транспортирани во болниците во странство, благодарение на организираноста и комуникацијата на Кризниот штаб во МНРНТ и дипломатско-конзуларните претставништва во земјите каде што се лекуваат....
Уапсени 2 лица за пуштање музика во угостителски објекти
Express - пред 1 ден
Во текот на вчерашниот ден во 2 угостителски објекти била пуштена музика односно не била почитувана одлуката на Владата за седумдневна жалост. На 21/22.03.2025 во Скопје, во угостителски објекти на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода одговорните лица Ф.А.(26) од скопско и В.В.(22) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 387 од Кривичниот законик. Веднаш е постапено од страна на полициските службеници на СВР Скопје и одговорните лица се лишени од слобода, а по документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави во врска со чл. 387 од КЗ....
Папата ќе мора „повтoрно да научи да зборува“
Express - пред 1 ден
Поглаварот на Римокатоличката цква, папата Франциско полека ги обновува силите во болница, но „мора повторно да научи да зборува“ по долгата терапија со кислород, изјавил кардиналот Виктор Мануел Фернандез, пренесува Ројтерс Кардиналот ги отфрли шпекулациите дека папата ќе се пензионира и рече дека неговото здравје полека се враќа. „Папата е многу добро, но високиот кислород суши сè. Тој мора повторно да научи да зборува, но неговата севкупна состојба е иста како порано“, рече Фернандез. Папата Франциско (88) беше хоспитализиран пет недели поради билатерална пневмонија, а Ватикан објави само една кратка аудио снимка на која тој зборува на 6 март, кога неговиот глас беше слаб, без здив и тешко разбирлив. Во својот последен здравствен извештај, Ватикан рече дека состојбата на папата останува стабилна со „мали подобрувања во дишењето и мобилноста“. Сè уште нема официјални информации за тоа кога би можел да се врати во Ватикан, а Фернандез рече дека не знае дали ќе биде ослободен на време за Велигден, кој се паѓа на 20 април. На прашањето дали Франциско може да се повлече, кардиналот рече: „Навистина не мислам така, не“....
Црвен крст: Собрани над 51 милиони денари за погодените од трагедијата во Кочани
Express - пред 1 ден
За поддршка на настраданите од пожарот во Кочан и нивните семејства досега се собрани 51.822.579 денари, соопшти денеска Црвениот крст. Оттаму мајавуваат дека се во подготвителна фаза за првична исплата на средствата собрани за најитните потреби наменети за погодените од пожарот. Тие ги повикуваат сите да продолжат да покажуваат хуманост и солидарност за жртвите и да ја изразат нашата најдлабока благодарност до сите кои донираа. Владата најави дека сите семејства погодени од трагедијата првично ќе добијат по 150.000 денари...
Николов: Заедно со тимот од Израел ќе изготвиме протоколи со цел да обезбедиме услови за пациентите кои ќе се вратат од странство
Express - пред 1 ден
Д-р Игор Николов, член на кризен штаб во здравството, во Дневникот на МРТВ информираше дека во континуитет заседава и има редовни средби кризниот штаб заедно со стручните лица кои водат грижа за пациентите. Од информациите што ги имаме утрово, во Штип имаше само еден пациент кој е испишан. Така што, пациентите се во трите големи медицински центри во Скопје и тука редовно се прави проценка дали станува збор за влошување или нема влошување. Проценката на тимовите и на стручните тимови, односно стручите колегиуми беше дека имаме потреба од трансфер на одредени пациенти кои беа префрлени во текот на изминатиот ден, имавме трансфер во Шпанија и трансфер во Турција.Во конкретната ситуација, се бориме со две големи работи. Едната работа е изгорениците кои се настанати во текот на пожарот и втората е инхалацијата на интоксициран воздух, посочи д-р Николов. Тој ја потенцираше исклучителната соработка и непроценливата поддршка на докторите од странство. Репатријацијата на пациентите се дискутираше на денениот состанок на кризен штаб, а проценките треба да се прават врз основа на краткорочен и долгорочен план за третман и треба да се процени во кои точно институции ќе бидат хоспитализирани кога ќе се вратат овие пациенти. Тука морам да кажам дека Министерството за надворешни работи ќе има круцијална улога во репартријацијата на пациентите со оглед дека тоа не е едноставен процес. Секој пациент кој ќе биде вратен од странство, ќе има тим на стручни лица кои најпрво ќе го прегледаат, по што ќе се одлучи дали ќе има потреба од дополнителна хоспитализација. Огромна благодарност до земјите кои се вклучија веднаш да ни помогнат, особено тимот од израелски медицински персонал кој дојде и работеше заедно со нашите пациенти, тие имаат огромно искуство во вакви катастрофи, потоа тим од Чешка, српски тим и тим од Белгија кои работеа заедно со нашите медицински лица. Израелците се подготвени да останат и да бидат со нас, да ги споделат протоколите што тие ги имаат и да ги прилагодат на наши услов, врз основа на тие протоколи да овозможиме најдобри услови за пациентите. Ова е долготрајна битка, заклучи проф.д-р Николов....
Ексклузивно: Балканот е место каде Британска влада сака да ги праќа сите одбиени баратели на азил од Африка, Блиски Исток …
Express - пред 1 ден
Македонија е меѓу земјите каде британска влада сака да ги праќа одбиените баратели на азил во оваа земја, тврдат дипломатски извори во регионот. Изворите велат дека покрај Македонија во игра се и Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Србија од кои владата во Лондон ќе бара да подготват центри за азил каде ќе се враќаат сите баратели на азил во Велика Британија кои ќе бидат одбиени. Изворите тврдат дека не се работи за одбиени баратели на азил од регионот туку за депортација на сите баратели на азил кои нема да добијат легална заштита во Британија. Тоа значи дека ако Лондон ги убеди Скопје, Тирана, Белград, Приштина, Срабево и Белград илјадници одбиени баратели на азил од Африка, Блискиот исток, Индија и други јаревви на светот би биле депортирани во Македонија и регионот. Според изворите за отворање и функционирање на овие центри за азил секоја земја би добила сериозна сума пари. Со некои од земјите веќе е разговарано за соработка на оваа тема а со некои допрва треба да се разговара тврдат изворите кои веќе предупредиле дека Балканските земји ќе пружат сериозен отпор на ваквата идеја на Лондон и дека е речиси невозможно регионалните влади да прифатат прием на азилнти на своја територија. Според изворите досега не е разговарано со македонските власти за идејата која според анализите веднаш ќе биде одбиена. Во 1999 година за време на Косовската криза Македонија прими огромен број бегалци од Косово по што беше предмет на безбесноана дестабилизација а меѓународната заедница никогаш не компензираше за тоа што Македонија го направи во бегалската криза....
Илјадници на протести во Истанбул: За Ердоган тоа е „уличен терор“ (ВИДЕО)
Express - пред 1 ден
Илјадници луѓе се собраа доцна вечерта во Истанбул на протест за поддршка на уапсениот градоначалник, и покрај предупредувањето на турскиот претседател Реџеп Ердоган дека властите ќе се борат против „уличниот терор“, пренесува АФП. Најмалку 10.000 луѓе излегоа марширајќи кон градското собрание. Многумина држеа плакати со пароли како „Не плаши се, народот е тука“ и „Права, закон, правда“. Тоа беше трета по ред ноќ на демонстрации за поддршка на Екрем Имамоглу – главниот политички ривал на Ердоган – кој беше уапсен во средата, само неколку дена пред официјално да биде објавен како кандидат на претседателските избори во земјата во 2028 година. Протестите брзо се проширија во најмалку 32 од 81 провинција во Турција, според пребројувањето на АФП. Главната турска опозициска партија ЦХП, која има намера да го направи Имамоглу свој претседателски кандидат, го опиша неговото апсење како „државен удар“. Претходно Ердоган предупреди дека „Турција нема да се предаде на уличниот терор“. „Дозволете ми да кажам јасно и гласно: уличните протести повикани од лидерот на ЦХП се ќорсокак“, предупреди Ердоган. Неговата влада ги опиша протестите како „нелегални“. Властите забранија протести во Анкара и во Измир....
Утре во Охрид собир за почит на жртвите во трагедијата во Кочани
Express - пред 1 ден
Утре, со почеток од 12:00 часот на градскиот плоштад во Охрид ќе се одржи 60 минутен молк за почит за сите жртви од трагедијата во Кочани. „Да покажеме заедништво и почит на сите погодени“, велат организаторите. Организатори се Младинската и ученичките заедници заедно со Студенските собранија и Локалниот младински совет во Охрид, јадува ОхридЊуз...