Италија прогласи вонредна состојба во северните региони погодени со сушата
Точка - пред 55 минути
Владината уредба ќе им овозможи на властите да ја намалат бирократијата и веднаш да преземат мерки доколку сметаат дека тоа е потребно, како што е наметнување на рационализација на одата за домаќинствата и компаниите. По е најдолгата река во Италија со делта кај Венеција која тече повеќе од 650 километри низ богатиот северот на земјата. Меѓутоа, многу делови од водениот пат се пресушени и земјоделците велат дека текот е толку слаб што солената морска вода со километри продира во внатрешноста, уништувајќи ги посевите. Владата поради сушата воведе вонредна состојба во петте северни региони: Емилија-Ромања, Фулранија-Јулијска краина, Ломбардија, Пиемон и Венето, пренаменувајќи првично 36,5 милиони евра за помош во решавањето на недостиг на вода. „Вонредната состојба има цел да се управува со моменталната ситуација со вонредни средства и овластувања, со помош за загрозеното население“, соопшти владата во Рим. Италијанските медиуми известија дека премиерот Марио Драги, исто така, разгледува можност да именува повереник на владата за координација на одговорот на сушата, на сличен начин на кој владата именуваше повереник за надзор на кризата предизвикана од епидемијата на коронавирусот....
Шарл Мишел во посета на Скопје
Точка - пред 55 минути
Се очекува Мишел во рамките на посетата да ја покаже поддршката на ЕУ за францускиот предлог и да ја потврди заложбата за македонските евроинтеграции....
Сончево и топло време, попладне пороен дожд и грмежи
Точка - пред 55 минути
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 37 степени, информираат од УХМР. Денес, ќе се задржи многу топло време, во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. В среда на повеќе места ќе биде нестабилно и ќе има пад на температурата, особено во северните делови за 3 до 5 степени. Нов влажен бран со пад на температурата насекаде ќе има од петок и за време на викендот. Од денес до крајот на периодот ќе има појава на локално невреме со интензивен пороен дожд, град и силен ветер....
„Путин одамна одлучил да ја нападне Украина...Се подготвувал една година“
Точка - пред 58 минути
„Според тоа, ќе може уште долго да ја води војната“, рекол Шолц за американски "CBS".Кацнеларот во разговорот, снимен во четвртокот по самитот на НАТО во Мадрид, а објавен во неделата, признал дека врзувањето со руските енергенти било погрешно. „Требаше во ЕУ да развиеме енергетска инфраструктура која овозможува брза промена на изворот“, додал тој. Според неговите зборови, тоа е лекцијата која Европа ја научила. На прашањето колку Германија плаќа за руски енергенти, ,одговорил само дека сумата се намалува. Покрај тоа, Путин поради санкциите не може ни да ги троши тие пари, на пример со купување на европска технологија. Според проценките на финскиот институт "CREA" од средината на јуни, Русија само во текот на првите 100 дена од украинскаа војска од извоз на фосилни горива наплатила 93 милијарди евра....
Нов биланс на трагедијата во Италија: Настрадале седум алпинисти при уривањето на глечер, 13 лица се водат како исчезнати
Точка - пред 9 часа
Се проценува дека се урнале околу 300.000 кубни метри материјал кој се урнал достигнувајќи брзина до 300 километри на час, а блокот кој се урнал бил со големина од околу 200 метри, ширина од 60 и дебелина од дури 30 метри, како две фудбалски игралишта.Од висина од околу 3.200 метри се урнал на висина од 2.500 метри, каде направил масакр меѓу туристите алпинисти. Од седум извлечени тела идентификувани се само тројца со големи потешкотии поради состојбата во која се наоѓаат, идентификацијата се уште трае за четворица,а вкупно 13 се водат како исчезнати по пријава на роднини. Потсетуваме, високите температури во Италија придонеле за уривањето на глечерот. Експертите предупредуваат дека слични трагедии ќе се случуваат и во иднина....
Признале дека не се во состојба да му праќаат оружје на Зеленски: Шолц открил дека Германија нема повеќе ресурси - „Им пративме сè“
Точка - пред 9 часа
Германскиот канцелар Олаф Шолц во интервју за "CBS News" нагласил дека насред војната во Украина Берлин донел "многу, многу тешка одлука" да ја промени својата долгорочна политичка стратегија на земја која е во судир никогаш да не и обезбеди оружје.„Германија не е во состојба да го снабдува Киев со оружје во слично темпо како САД, бидејќи нашите ресурси се поограничени. Германија го прати сето оружје кое го имаше во резерва. Одлучивме да испорачаме и ново оружје од нашата индустрија, за што потребно подолго време да се произведе“, објаснил вчера германскиот канцелар, одговарајќи на наводите дека неговата земја "премногу ветува и не исполнува" кога станува збор за Украина. Тој додал дека одредени системи за вооружување бараат обука на украинските војници, што исто така го забавува процесот на испорака. Тој нагласил дека Берлин "ги користи сите средства" да и помогне на Украина и дека тоа ќе продолжи да го прави за да се избегне мир под руски услови, бидејќи тоа, како што вели, нема да го прифати ни Украина ни Западот. „Најважно е сега да сфатиме дека ние не ја поддржуваме само Украина, туку и дека го менуваме начинот на кој ги трошиме нашите пари за одбрана. Големото зголемување на трошоците за оружје ќе и овозможи на Германија брзо да реагира ако постои закана за НАТО или за германската безбедност“, рекол Шолц....
Се заканува огромен скок на цените на нафтата! Аналитичарите предупредуваат: Барел ќе чини и до 380 долари
Точка - пред 10 часа
Аналитичарите од банката "J-P Morgan Chase" предупредиле дека глобалната цена на нафтата би можела да достигне стратосферски 380 долари по барел ако Русија на американските и европските санкции одговори со намалено производство на нафта, истакнува "Bloombeg". Членките на Групата седум најбогати западни демократии (Г7) разгледуваат механизам за ограничување на цената на рускаа нафта во обид да ја ослабат воената машина на претседателот на Русија, Владимир Путин во Украина, укажува "Bloomberg". Од друга страна, аналитичарите на "J-P Morgan Chase" оценуваат дека Русија, со оглед на силната фискална позиција на Москва, може да си дозволи намалување на дневното производство на сирова нафта за пет милиони барели без претерана штета по економијата.За остатокот од светот, меѓутоа, тоа би можело да биде катастрофално, со оглед на тоа дека, според проценката на аналитичарите, намалување на дневното производство за три милиони барели дневно би ги турнало референтните цени на нафтата во Лондон на 190 долари по барел, додека најлошото сценарио од пет милиони би можело да значи стратосферски 380 долари. Извршниот директор на Меѓународната агенција за енергетика (IAE) Фатих Бирол, предупредил дека светот е во "црвена паника поради економската рецесија" , додека растот на цената на енергентите создава глобална инфлациска криза, укажува "Times". Бирол за моменталната ситуација рекол дека е „прва глобална енергетска криза“, полоша од нафтениот шок во 1970-тите години бидејќи опфаќа и нафта и гас и електрична енергија. Организацијата на земји извозници на нафта (OPEC) и нејзините сојузници минатата недела договориле зголемување на производството за 648.000 барели дневно. Додека аналитичарите предвидуваат дека цената на барел нафта може да скокне од околу 110 долари на 380 долари, Бирол рекол дека "IAE" ја повикала Саудиска Арабија и другите земји членки да го зголемат производството, пренесува лондонскиот весник. Иако Г7 и "IAE" се договориле да ја истражат можноста за ограничување на цените на руската нафта за да се намали приходот на Москва, критичарите, како што наведува "Times", предупредуваат на мали изгледи дека тоа ќе успеат да го направат без поддршка на земји како Кина и Индија. И самиот Бирол рекол дека тоа не може да се случи само како резултат на акциите на земјите од Г7. Огромниот раст на глобалните цени на горивата веќе ги загрозува економиите и социјалната стабилност, пишува "New York Times", наведувајќи дека шокантниот жесток галоп на цените на гасот и нафтата како последица од руската инвазија на Украина се надоврзал на проблемите предизвикани од нарушувањата од пандемијата на коронавирусот. Во САД просечната цена на бензинот, која скокнала на пет долари по галон, ги оптоварува потрошувачите и го принудува претседателот Џо Бајден на тешки политички одлуки пред изборите за Конгрес претстојната есен. Меѓутоа, како што пишува весникот, на многу места во светот скокот на трошоците за гориво е многу подраматичен, а последиците многу посериозни. Семејствата се грижат како да го наполнат резервоарот во автомобилите, да ги загреат и осветлат домовите или да готват храна, доедка претпријатијата се соочени со растечки трошоци за превоз и работење со барања на работниците за зголемување на платите. Шокантниот раст на цените на горивата има потенцијал да ги промени економските, политички и социјални односи ширум светот, укажува "New York Times", додавајќи дека високите трошоци за енергија имаат домино ефект. Тие поттикнуваат инфлација што ги принудува централните банки да ги кренат каматните стапки, со што се намалува економскиот раст и се попречуваат напорите во борбата против климатските промени. Растот на цените на енергијата била главна причина што Светската банка ја ревидирала својата економска прогноза минатиот месец, проценувајќи дека глобалниот економски раст ќе забави повеќе од тоа што се очекувало, на 2,9 проценти оваа година, што е двојно помалку од 2021-ва година. Европа поради преголемата зависност од руската нафта и природен гас е посебно ранлива на високите цени и недостатоците на енергенти. Сега ширум континентот земјите подготвуваат планови за итно рационирање кој вклучуваат ограничување на продажбата, спуштање на максималната брзина на патиштата и намалување на температурите во становите за да се намали потрошувачката на гориво. Сепак, најсиромашните и најзагрозените ќе ги почувствуваат најтешките последици, истакнува "New York Times" и укажува на минатомесечното предупредување на Меѓународната агенција за енергетика дека поради повисоките цени на енергијата дополните 90 милиони луѓе во Азија и Африка немаат пристап до електрична енергија. Скапата енергија придонесува за високи цени на храна, го намалува животниот стандард и изложува милиони на глад. Политичкото незадоволство поради поскапувањата ќе се почувствува на многу места каде војната во Украина изгледа далеку или ирелевантно, додека во сиромашните земји заканата е поголема бидејќи владите се растргнати меѓу соочувањето со сериозни немири и нудење на дополнителна јавна помош, што бара тешко задолжување. САД сега спроведуваат тројна стратегија, која вклучува зголемување на притисокот на Русија, носење на повеќе нафта на пазарот за да се намалат цените и овозможување на централните банки да ги кренат каматните стапки на ниво кое делува дека може да предизвика рецесија, укажува "Guardian" во уредничкиот коментар по повод најавите на администрацијата на Бајден да се намалат цените на нафтата. Британскиот весник наведува дека последниот дел од стратегијата е осмислен да им сигнализира на произведувачите на нафта дека цените на енергијата ќе паднат. Болните рецесии од 1970-тите години и раните 1980-ти години одиграле улога во соборувањето на цената на нафтата по енергетските шокови и придонеле за распад на Советскиот Сојуз. Меѓутоа, тоа траело 15 години, истакнува "Guardian", укажувајќи дека Русија можеби не е толку моќна и е покревка од Советскиот Сојуз, но дека сега нема многу показатели за брз колапс....
Апасиев: Народот веќе не може да го трпи ова предавство
Точка - пред 10 часа
„Врие Македонец, ова е премногу што ни се случува и народот не може да трпи вакво предавство“, порача лидерот на Левица Димитар Апасиев за "Канал 5" пред Собранието на Република Македонија.„Еве да ви го кажам сценариото, утре ќе го поминат на Влада и ни треба масовност, значи ги повикувам сте граѓани утре да дојдат пред Влада, планираме да го посетиме и претседателот Пендаровски и планот Б кој го има Левица ќе го соопштиме веднаш после усвојувањето“, изјави Апасиев. Тој го повика „секој свесен македонски граѓанин да биде пред Собрание додека трае расправата по овој предавнички предлог“. „Дури и да го донесат предлогот тоа не значи ништо, немаат двотретинско мнозинство да го променат Уставот, а и да имаат ние им подготвуваме план Б со една правна операција која ќе ја соопштиме во вторник – среда“, изјави лидерот на Левица....
СДСМ: Вечерва јавноста во обид за повторување на упадот од 27 април 2017, осуда за насилството на протестот
Точка - пред 10 часа
Вечерва јавноста обид за повторување на упадот од 27 април 2017 од страна на политички партии кои не и мислат добро ниту на државата, ниту на граѓаните.СДСМ, институциите, граѓаните нема да дозволат ваквото опасно, деструктивно постапување да ја загрози иднината на држава, обидите за дестабилизација на државата одново ќе бидат поразени“, гласи соопштението на СДСМ....
Русија го прати хокеарот кој избегнуваше војска на Арктикот, федерацијата бара објаснување
Точка - пред 11 часа
„Руската хокеарска федерација ја следи ситуацијата со голманот на руската репрезентација, Иван Федотов и неговиот воен рок. Федерацијата побара од владините служби да ги разјаснат околностите околу случајот“, вели претседателот на федерацијата, поранешниот трикратен олимписки шампион, Владислав Третјак. Според новинската агенција „ТАСС“, хокеарот се наоѓа во Северморск, во областа Мурманск во арктичкиот регион, и дека може да биде пратен уште по на север, на островот Нова Земја. Другите руски медиуми тврдат дека тој ќе остане во пристаништето Северморск до септември, по што ќе биде одлучено кае ќе биде пратен. Ситуацијата може да го чини Федотов НХЛ-кариера, откако во мај тој потпиша договор со Филаделфија флаерс по крајот на договорот со ЦСКА Москва, со која ја освои титулата од Гагарин купот во КХЛ лигата и беше прогласен за најдобар голман. Федотов беше на голот на руската репрезентација која освои сребро на Олимпијадата во Пекинг во февруари. Други руски медиуми шпекулираат дека проблемот е направен поради неговиот конфликт со ЦСКА Москва, спортскиот клуб кој е традиционално поврзан со руската војска. Во Русија, воената служба е задолжителна за сите од 18 до 27 години....
Македонија со шести пораз ги заврши квалификациите за СП 2023
Точка - пред 11 часа
Македонските кошаркари лошо влегоа во мечот и дозволија Украина да постигне дури 35 поени во првата четвртина и направи предност од 14 поени, кои подоцна се покажаа како недостижни и покрај подобриот квалитет во втората и особено во третата четвртина. Македонија успеа да дојде на достижни четири поени пред последната четвртина, но потоа повторно дојде лоша серија и Украинците се одвоија на 57:69. Момците не се откажаа и на три минути до крајот имавме четири негатива (65:69), но Украинците успеаја да изддржат и да си заминат со победа од Скопје. Андреј Јакимовски беше најефикасен за Македонија со 17 поени и 9 скока, а немавме одговор за Свјатослав Михајлук, кој имаше 23 поени за Украина....
Вулгарно или сензуално? Манекенката на „Викторија Сикрет“ прошетала во комбинација која малку препушта на фантазијата
Точка - пред 11 часа
Оваа млада дама решила да биде во центарот на вниманието, а очигледно е дека не ѝ недостасува самодоверба – барем судејќи по храброто издание кое таа го понела.Леоми ја покажала својата витка фигура, долгите нозе, тенкиот струк и заоблениот задник во прилично смела комбинација – необичен микс од сако и корсет и хеланки од тантела под кои носела црна минијатурна танга. Ангелот на „Викторија Сикрет“ го заокружила изгледот со брендирана кожна чанта и црни салонки со висока потпетица, како и ефектни светкави обетки....
(Во живо) Демонстрантите ја пробија оградата пред Собранието
Точка - пред 11 часа
Голем дел од демонстрантите кои се собраа на протест против Францускиот предлог пред Владата, каде ја пробија оградата и ја каменуваа зградата, заминаа кон Собранието.И оградата пред Собранието беше урната, а демонстрантите пеат патриотски песни и бараат оставки од властите. Револтот кај македонските граѓани изби откако македонските власти најавија дека францускиот предлог за нив e прифатлив. Потсетуваме, протестите траат веќе трети ден Во живо: Демонстрантите ја пробија заштитната ограда и сега протестираат во кругот на владата протв францускиот предлог за повлекување на бугарското вето за почеток на преговори со ЕУ. Тие сметаат дека предлогот е штетен за македонските национални интереси.Posted by Radio Slobodna Evropa na Makedonski on Monday, 4 July 2022...
(Видео) Пукање на парада во САД, има мртви
Точка - пред 11 часа
На социјалните мрежи се појави видео од парадата кога одекнаа истрели, проследени со паника. Неофицијално најмалку 9 лица загинале, а десетици се ранети, пренесува NBC Chicago.🚨|BREAKING NEWS: Multiple people shot at July 4th parade in Highland Park, Illinois pic.twitter.com/QImMHHU2Lc— News For All (@NewsForAlI) July 4, 2022 Очевидци велат дека виделе најмалку пет крвави луѓе како лежат на земја.Луѓето почнале да бегаат, а еден од сведоците изјави за Си-Ен-Ен дека слушнал 20-25 истрели. My video.. I was at #Highland Park parade.. Terrified people fleeing July 4th parade when shooting started. pic.twitter.com/DSe0NJOuem— Lynn Sweet (@lynnsweet) July 4, 2022...
Интернационално познат фудбалер од Премиер лигата уапсен за силување!
Точка - пред 12 часа
„На 4 јули обвинение за силување од една жена беше известено до полицијата. Обвинетиот е во притвор, а истрагата продолжува“, потврдија од Скотланд Јард за „Телеграф“. „Телеграф“ побарал коментар од клубот на фудбалерот, но од таму засега нема коментар. Според нивните извори, фудбалерот требало да ја претставува својата земја на Светското првенство во Катар.Exclusive by @Tom_Morgs, @evansma, @mcgrathmike: Premier League star arrested on suspicion of rape https://t.co/yamsVxD7w3— Telegraph Football (@TeleFootball) July 4, 2022...
Рама: Три години организираме свадба и чекаме да дојде невестата од Брисел, но таа не доаѓа
Точка - пред 12 часа
„Мислам дека преговорите требаше да се отворат пред многу години, можеби ќе биде следната година, но нема да се откажеме од сонот. Продолживме да организираме свадби, големи свадби со музика. Ја чекавме невестата да дојде од Брисел, но таа не дојде“, изјави Рама. Тој истакна дека ЕУ треба да го смени својот став и да не им остава на политичарите да се занимаваат со историјата, како што е случајот со Бугарија. „Ние сме Балканот кој доаѓа со некои проблеми, сакаме да бидеме дел од ЕУ, а потоа ако земјите како Бугарија во овој случај го користат ветото за да разговараат за историјата на политичко ниво, тоа е уште покомплицирано. Генерално, јас мислам дека секогаш кога политичарите се занимаваат со историјата за да ја решат, најверојатниот резултат е историјата да се направи уште покомплицирана. Сето ова е срам, но срам поврзан со духот на експанзијата. Бугарија е најистакнат пример за овој изопачен дух. ЕУ мора да се промени, не смее повеќе да функционира вака, една држава да зема друга земја како заложник“, рече тој....
(Видео) Маричиќ: Со официјалниот француски предлог го добивме она за кое се бориме со години
Точка - пред 12 часа
„Тоа е она за што се боревме, што го посакувавме, тоа се нашите црвени линии кои успеавме да ги зачуваме. И тоа треба да го вреднуваме и да го цениме. Покажавме дека имаме одговорност и стратегија во целиот процес“, кажа на прес-конференцијата Маричиќ. Министерката за европски прашања на Република Финска, Тити Тупураинен, рече дека гледа позитивни чекори и дека ги поддржуваат сите напори да се најдат заемно прифатливи решенија, бидејќи почетокот на преговорите е од суштинска важност не само за Северна Македонија, туку за целиот регион и ЕУ. – Се работи за кредибилитетот на ЕУ и нејзината политика за проширување, а се разбира ова е и прашање на мир и стабилност на Западен Балкан и според тоа претставува европско прашање за нас. Северна Македонија е позитивен пример на активен и конструктивен член на меѓународната заедница, истакна Тупураинен, изразувајќи благодарност за нашата добра соработка и нејзиното присуство во Северна Македонија во овој историски момент. Вицепремиерот ја поздрави одлуката на Финска за зачленување во НАТО и ја потврди политиката на Северна Македонија на отворени врати за членство во НАТО, изразувајќи надеж дека тоа ќе се случи што е можно поскоро. Ирскиот министер за Европа пак рече дека во моментот се соочуваме со важна одлука за зајакнување на нашиот идентитет. – Јас лично сум многу возбуден од можноста Северна Македонија да стане членка на ЕУ и од тоа што имав можност да го слушам македонскиот јазик во европското семејство затоа што јас доаѓам од земја во којашто не ни беше дозволено да зборуваме на ирски долги години и со членството во ЕУ сега нашиот јазик има еден навистина извонреден статус и сигурен сум тоа ќе биде случајот и со македонскиот јазик, истакна Томас Бирн. Бирн потенцираше дека и Ирска морала да направи навистина тежок компромисно, но сепак го направиле тоа и дека во ирскиот случај сите лоши работи престана со нивното членство во ЕУ пред речи си 50 години.– Ние кога се приклучивме кон економската заедница пред 50 години имаше еден милион вработени во ирска. Минатата година нашата статистичка служба извести дека тоа бројка денеска 2,5 милиони тоа е една изворна разлика, јас немам никаков сомнеж дека и вашата земја ќе просперира и ќе успее и економски и општествено штом ќе седнеме на европската маса. Ние ќе бидеме со вас сакаме да бидеме со вас секој чекор во процесот, посочи министерот Бирн.Маричиќ изрази и благодарност за принципиелната поддршка на нашиот реформскиот и евроинтеграцискиот процес и што го препознаваат напредокот на општеството во сите аспекти како резултат на европеизацијата, особено оние во областа на политичките критериуми и владеењето на правото, одржливиот економски развој и зелената агенда. – И со двете земји Северна Македонија има добар потенцијал за соработка во рамките на ИПА инструментите, TWINNING и TAIEX, во чии рамки досега успешно реализиравме проекти во областа на зајакнување на менаџерските капацитети на државната администрација. Дополнително, искуствата на Финска и Ирска и те како ќе бидат од наша корист со отпочнувањето на процесот на преговори кога ќе треба да направиме голем и значителен исчекор во реформските процеси, потенцираше Маричиќ....
Дали сте слушнале за скриената плажа во Макарска која порано била рај за нудисти?
Точка - пред 12 часа
Откако светските медиуми како „CNN“ и „Vogue“ започнаа да пишуваат за Нугал, но и благодарение на социјалните мрежи, дотогаш непознатото парче на брегот на Јадранското море стана прилично популарно.Порталот „European Best Destination“ ја прогласи плажата за најубава во Европа за 2019 година, а во 2020 година американскиот магазин „Condé Nast Traveler“ ја издвои како една од 25-те најубави европски плажи. Магазинот напоменува дека за да се стигне до оваа локација е потребно да се спуштите по карпа и да пешачите низ борова шума околу 40 минути. „Спектакуларниот поглед од дното – плажа драматично опкружена со стрмни карпи од двете страни – и студената кристална вода ја прават вредна за патување“, се наведува во написот од 2020 година. Како посебен совет, „Condé Nast Traveler“ издвојува: „Дојдете по силен дожд и ќе можете да забележите водопад од приближно 10 метри како тече низ најсеверната карпа“. Додека претходно за оваа плажа знаеле само локалците, таа во последните неколку години се здоби со голема популарност. Исто така, Нугал претходно била резервирана исклучиво за нудисти, додека денес постојат два дела – еден наменет за нудисти и друг за останатите посетители....
(Видео) Група граѓани влегоа во дворот на Владата
Точка - пред 12 часа
Дел од демонстрантите влегоа во дворот на зградата на Владата на Македонија. Потсетуваме, насобраните граѓаните трет ден по ред протестираат против францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија.Граѓаните бараат оставка од Владата. Некои од нив се судрија со припадниците на полицијата.Некои демонстранти фрлале со камења, јајца и тоалетна хартија кон зградата на Владата, а се слушаат и експлозии веројатно од петарди, пренесува "плус инфо".Во живо: Демонстрантите влегоа во владаВо живо: Демонстрантите влегоа во владаPosted by A1on.mk on Monday, 4 July 2022...
(Видео) Ламбе пред Владата го запали Францускиот предлог: Ако сум јас пироман, вие сте предавници
Точка - пред 12 часа
Македонскиот пејач Ламбе Алабаковски, кој беше обвинет за палењето на бугарскиот клуб "Ванчо Михајлов" во Битола, вечерва присуствува на протестот пред Владата, каде ја испеа химната на Македонија.Алабаковски порача дека Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија и францускиот предлог се фашизам и симболично го запали листот на кој беа испишани овие штетни договори за Македонија. Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза е предавничка, им порача Ламбе на властите.Протест 04.07.2022Сенароден протест „Ултиматум- не благодарам“Posted by Hristijan Mickoski on Monday, 4 July 2022...
Група граѓани влегоа во дворот на Владата
Точка - пред 12 часа
Дел од демонстрантите влегоа во дворот на зградата на Владата на Македонија. Потсетуваме, насобраните граѓаните трет ден по ред протестираат против францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија.Граѓаните бараат оставка од Владата. Некои од нив се судрија со припадниците на полицијата.Некои демонстранти фрлале со камења, јајца и тоалетна хартија кон зградата на Владата, а се слушаат и експлозии веројатно од петарди, пренесува "плус инфо".Во живо: Демонстрантите влегоа во владаВо живо: Демонстрантите влегоа во владаPosted by A1on.mk on Monday, 4 July 2022...
(Во живо) Трет ден протести против Францускиот предлог
Точка - пред 13 часа
Граѓаните и денеска, трет ден по ред, се собираат пред Владата за да го искажат својот револт против Францускиот предлог. Протестот се одржува под мотото “Ултиматум – Не Благодарам”.Некои од граѓаните ја минаа ноќта пред зградата на Владата. Протест 04.07.2022Сенароден протест „Ултиматум- не благодарам“Posted by Hristijan Mickoski on Monday, 4 July 2022...
Двократниот НБА шампион со бизарна изјава: „Коби ми доаѓа на сон, ми зборува, неговиот дух е силен“
Точка - пред 13 часа
„Коби ми доаѓа на сон, постојано ми вели да продолжам да се борам. Неговиот дух е силен. Близу мене е. Често го сонувам, а тој ми зборува“, изјавил Одом кој низ кариерата играше за ЛА Клиперс, Мајами, Далас и ЛА Лејкерс од 2004 до 2011 година, со кој во 2009 и 2010 година го освои шампионскиот прстен.Во текот на кариерата која траеше 14 години, Одом во просек постигнувал 13,3 поени и 8,4 скокови по натпревар. Но, одличната кариера ја следеа бројни контроверзии во приватниот живот. Одом беше сексуален зависник, а во една прилика призна дека спиел со 2000 жени од кои повеќето ги платил. Во една прилика кошаркарот беше пронајден во бордел со претерана количина дрога и алкохол во организмот, по што имаше бројни последици. Имаше низа напади, 6 мозочни удари и откажување на белите дробови и бубрезите, па е вистинско чудо како тој воопшто преживеа. Одом беше во брак со реалити ѕвездата Клои Кардашијан....
Среќата спречи трагедија: Демонстранти упаднаа на трка на Формула 1, болидите ги заобиколуваа
Точка - пред 14 часа
Вчерашната трка на шампионатот на Формула 1 мина низ неверојатна драма и хаос, па така гледачите ја опишале како една од највозбудливите во последните пет години. Неколку пати можеше да дојде до сериозна трагедија.Се почна со застрашувачката несреќа веќе на самиот старт. Џорџ Расел и Жоу Гуанју се судрија, а кинескиот возач преживеа вистински пекол и повеќекратно превртување на болидот кој речиси заврши на трибините.A group of supporters of Just Stop Oil have stormed the track at #BritishGP2022 If you are more outraged about this disruption than our world being burnt before our eyes, then you need to get your priorities straight. pic.twitter.com/lg44Uaj8nc— JustStopOil (@JustStop_Oil) July 3, 2022 За среќа, Кинезот мин без поголеми последици. Секако, трката веднаш беше прекината, а во текот на прекинот видовме уште една сцена која никој не ја посакувал. Имено, група демонстрантите упадна на патеката и така ги загрози своите животи. Болидите на возачите биле во погон, а демонстрантите имале огромна среќа. За среќа, болидите не возеле со голема брзина, па организаторите на трката успеаја навреме да ги отстранат од патеката.marshals dragging protestors off the track 👏 pic.twitter.com/4dVauuBJNK— james (@ScenarioSeven) July 3, 2022 Возачите како Естебан Оцон минаа многу брзо до демонстрантите. За среќа, возеа со помала брзина, па беше избегната трагедија. Снимката од неговата кабина го обиколи светот и покажува како членовите на обезбедувањето се справуваат со демонстрантите. Медиумите откриле дека зад протестот стои движењето "Just Stop Oil' кое се противи на климатските промени. Припадниците на оваа организација веќе прекинувале бројни спортски натпреварувања во англиската фудбалска Премиерлига, во НБА и бројни други....
Првото што ќе го забележите на сликата открива какви сте во врска: Проверете дали сте тешки за освојување и што сакате во љубовта
Точка - пред 14 часа
Како што некои од нас по природа се покомуникативни, поотворени, а други поповлечени, така сме различни и во љубовта. Додека има такви кои веднаш ќе ви го отворат своето срце, на други им е потребно многу време и доверба за да бидат целосно искрени...Ако не сте сигурни какви сте во врска, овој брз психолошки тест ќе ви помогне да дознаете. Сè што треба да направите е да ја погледнете илустрацијата и да прочитате нешто за себе во зависност од тоа што прво сте забележале. Профил на маж Доколку првото нешто што го забележавте е профил на маж, вие делувате како тешки за освојување, но тоа баш и не е така. Луѓето лесно помислуваат дека немате големи барања во врската, но сакате некој навистина да се труди околу вас и на тој начин да ви ја покаже својата љубов. Кога ќе го почувствувате тоа, вие возвраќате со иста мера. Маж на коњ Лицата кои најпрвин забележуваат маж на коњ се многу тешки за освојување. Вие сте недоверливи, па оној кој сака да ве освои ќе мора сериозно да се потруди околу вас и да ви посвети големо внимание. Сакате искрена љубов, но полна со страст. Девојка која лежи покрај река Доколку прво забележавте девојка која лежи покрај река, големи се шансите дека сте биле многу повредени во претходните врски бидејќи пребрзо сте го подариле вашето срце и сте се отвориле. Бидејќи сте останале повредени, вашиот најголем проблем е што сега не знаете како да се убедите себеси дека навистина постои вистинска љубов....
На водечките германски индустрии им се заканува колапс
Точка - пред 14 часа
„Поради тешкотиите со гасот, на цели индустрии им се заканува траен колапс: алуминиум, стакло, хемиска индустрија“, коментира Јасмин Фахими, шеф на Германската федерација на синдикати (DGB), во интервју за весникот „Bild am Sonntag“.„Таков колапс би имал огромни импликации за целата економија и работните места во Германија. Енергетската криза веќе води кон рекордно високи нивоа на инфлација“, вели Фахими. Фахими бара ограничување на цената на енергијата за домаќинствата. „Зголемените трошоци за емисиите на јаглерод диоксид се дополнителен товар за домаќинствата и компаниите“, додава Фахими. Според неа, кризата може да доведе до социјални и работни немири. Министерот за економија Роберт Хабек во саботата рече дека владата работи на начини да ги задоволи зголемените трошоци, како за комуналните претпријатија, така и за нивните клиенти, без да даде детали. Хабек претходно предупреди дека намалувањето на испораките на руски гас ризикува да создаде подлабоки превирања, споредувајќи ја ситуацијата со улогата на „Lehman Brothers“ во предизвикувањето на финансиската криза во 2008-ма година. Русија го намали снабдувањето на „Северен тек“ за 60 отсто, а гасоводот треба целосно да се исклучи овој месец поради одржување. Германија изрази сомневање дали „Северен тек“ ќе продолжи со испораките после тоа....
Пендаровски и министрите за европски прашања на Ирска и Финска разговарале за францускиот предлог
Точка - пред 14 часа
На средбата биле потврдени пријателските односи со двете земји, заемната посветеност за унапредување на политичкиот дијалог, како и за поинтензивна и сеопфатна билатерална соработка. „Претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија ја цени континуираната поддршка од Ирска и Финска за нашиот евроинтеграциски процес, како и помошта во исполнување на европската агенда и реформските задачи во повеќе витални области.На средбата беа разменети мислења за актуелните политички случувања во земјава, во контекст на францускиот предлог за започнување на пристапните преговори за членство во ЕУ“, информираа од кабинетот на Пендаровски. Oд стрaна на министрите било истакнато дека идејата за Европска политичка заедница не претставува замена за полноправно членство во ЕУ, туку додадена вредност за време на процесот кој води кон зачленување во Унијата. Соговорниците размениле мислења и за состојбите во регионот на Западен Балкан, како и за економските и безбедносните импликации врз регионот предизвикани од руската воена агресија врз Украина. Притоа, била констататирана потребата од зајакнување на меѓународната безбедност и мултилатерален пристап во решавање на глобалните предизвици и во таа насока, поздравена била одлуката Финска и Шведска да бидат официјално поканети да се придружат на НАТО, донесена за време на последниот Самит на Алијансата во Мадрид....
Хакерски напад на фејсбук-страницата на УКИМ
Точка - пред 14 часа
Истовремено, како што се посочува во соопштението, преземени се сите активности во согласност со статутот на УКИМ, позитивната законска регулатива во државата и правилата на работење на „Фејсбук“. „Се извинуваме за настанатите непријатности и се оградуваме од сите објави на неа до повторно преземање на администрирањето од страна на службите на УКИМ“, се наведува во соопштението на Универзитетот....
Матиќ презентиран во Рома: Тука сум за Жозе Мурињо
Точка - пред 14 часа
33-годишниот Матиќ потпиша едногодишен договор со опција за уште една сезона со „волчицата“ со годишна плата од 4.3 милиони евра, и вели дека е подгтовен да ја преземе одговорноста. „Со Мурињо се познаваме многу добро и среќен сум што е тука. Тука сум за него, но среќен сум исто така што сум дел од овој голем клуб, кој секогаш бил атрактивен за фудбалерите. Ќе се обидам да го поминам Лампард како играч со најмногу настапи под Мурињо. Тимот има многу квалитетни фудбалери со многу млади фудбалери кои се тука за иднината. По осум и пол години сакав ново искуство. Рома и Серија А е голем предизвик за мене. Можев да останам во Премиерлигата, но се решив за Серија А, лига со многу големи клубови и мислам дека не згрешив. На Јунајтед им посакувам да се подобрат и повторно да освојуваат титули. Не знам кога ќе се случи тоа, но бев среќен таму“, вели Матиќ.LIVE | La conferenza stampa di presentazione di Nemanja Matic 🎙️ https://t.co/WLEe2lSQzF— AS Roma (@OfficialASRoma) July 4, 2022...
По Кеси, Барса го потврдија и Кристенсен
Точка - пред 14 часа
26-годишниот Кристенсен ги одбиваше сите понуди за нов договор од Челси, каде што помина 10 години и имаше 161 настапи за првиот тим. Кристенсен ќе биде засилување на позицијата централен бек, иако во тимот веќе е Роналд Араухо, како и Ерик Гарсија и Жерард Пике. Клемен Ленгле, Самуел Умтити и Оскар Мингуеза остануваат на „Ноу Камп“, но се верува дека веќе им е соопштено дека нема да сметаат на нив. Кристенсен по настапите во академијата на Челси, дебитираше за клубот во 2014, пред да помине две сезони на позајмица во Борусија Менхенгладбах во 2015 и 2017.Welcome to Barcelona, Andreas Christensen! pic.twitter.com/mHy0sO9FvK— FC Barcelona (@FCBarcelona) July 4, 2022...
(Видео) Борбени авиони пресретнаа авион полн со патници
Точка - пред 14 часа
Патничкиот авион полетал од Англија. На видеото се гледа блиска средба на еден од борбените авиони и патничкиот „Ербас“.An easyJet flight En-route to Mahon today was intercepted by fighter jets, thankfully it was a false alarm 🙌 pic.twitter.com/UT1JkkzLhH— Flight Emergency (@FlightEmergency) July 3, 2022 Се известува и дека патничкиот авион морал принудно да слета, а потоа бил уапсен тинејџер. Исто така, специјалната полиција извршила безбедносна проверка на авионот со помош на куче трагач. Авионот, како што се наведува, по слетувањето веднаш бил отстранет од главниот терминал....
Скопјанка нападната поради сообраќајно недоразбирање
Точка - пред 14 часа
„На 3 јули во 17.42 часот во полициската станица Аеродром, В.В.(48) од Скопје пријавила дека во 17 часот на подрачјето на Аеродром, по претходно недоразбирање во сообраќајот, била физички нападната од нејзиниот сосед З.В.(46) од Скопје“, велат од МВР. Се работи на расчистување на случајот....
Европската Унија покренува платформа за обнова на Украина
Точка - пред 14 часа
„Од почетокот на војната, ЕУ мобилизираше околу 6,2 милијарди евра финансиска поддршка. Ќе дојде уште повеќе. Ние значително ќе се вклучиме во среднорочна и долгорочна обнова“, рече шефицата на Европската Комисија. Платформата ќе ги обедини земјите, институциите, приватниот сектор и граѓанското општество. Во неа ќе бидат вклучени и меѓународни организации како што се Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската инвестициска банка (ЕИБ). „Европа има посебна одговорност“ ЕИБ предлага финансиска структура што беше искористена за време на пандемијата Ковид-19 за да помогне во обновата на Украина со инвестиции до 100 милијарди евра. Фон дер Лајен рече дека Европа има посебна одговорност и стратешки интерес да биде на страната на Украина. Исто така, тврди дека Комисијата има експертиза за водење на програми кои комбинираат реформи и инвестиции. Откако Украина и официјално стана кандидат за членство во ЕУ, соработката со Киев само ќе се интензивира, изјави Фон дер Лајен. На Украина и се потребни 750 милијарди долари за трифазен план за обновување по руската инвазија, изјави нејзиниот премиер на конференција. Денис Шмигал исто така рече дека руската инвазија на инфраструктурата на Украина предизвикала директна штета од над 100 милијарди долари. „Денес директните загуби на Украина во инфраструктурата изнесуваат над 100 милијарди долари“, рече тој. Во видео обраќањето на конференцијата, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека обновата на Украина ќе биде „заедничка задача на целиот демократски свет“....
Кафе 15 евра, шпагети 600! Ценовник од Миконос кружи на социјалните мрежи
Точка - пред 15 часа
На Фејсбук страната "Greek Gateway" се појавил ценовник на храна и пијалаци од Миконос во Грција, кој, имајќи ги предвид бројките, привлекол голем интерес.На тој ценовник пишува дека еспресо чини 15 евра, грчкиот специјалитет сувлаки чини 25 евра, порција лигњи 150 евра, а шпагети со јастог 600 евра. „Вистинита приказна. Цените на Миконос се луди. Зошто да плаќате толку кога има 227 други грчки острови“, пишува во описот на постот каде е поставен ценовникот. По оваа објава започнала лавина од коментари. „Неодамна пред некои 16 дена бевме на Крф, мислам дека не потрошивме повеќе од 50 евра, вклучувајќи вино и вода“, „Затоа јас, во текот на текот на 44 години посета на грчките острови го заобиколувам Миконос“, „Очигледно е дека тоа е само за богати луѓе. Тоа е класна дискриминација. Заборавете го Миконос, постојат многу други прекрасни грчки острови“. Меѓутоа, некои луѓе тврдат нешто сосема друго. „Бевме на Миконос минатото лето и јадевме на неколку врвни места и никогаш не плативме толку, никогаш не видовме толкави цени“, „Не е точно. Само што се вратив од таму, цените се пониски од прикажаните“. Во коментарите има и споредби на цените со тие од минатите година: „Ова е лудо. Кога бев во посета во 2020-та година цените беа нормални - кафе 2 евра, гиро 2,5 евра, пиво 2,5 евра“. А Грците велат: „Има продавници за сечиј џеб“, „Има се од ова и по нормални цени во чесни ресторани, а ако одлучиш да одиш во скапо место, тогаш тоа е твој избор. Ние кои патуваме знаеме дека е така секаде во светот, не клеветете без причини“....
Амбер Херд предала барање да се поништи пресудата во корист на Деп: „Нема докази“
Точка - пред 15 часа
Тие не бараат само поништување на пресудата туку и укинување на отштетата од 10,3 милиони долари, кои Амбер мора да му ги плати на Деп.Адвокатите на актерката тврдат дека пресудата не е поткрепена со докази и предале документ од 43 страници на судот во Вирџинија во кој се опишани сите наводни неправилности во текот на судењето. Тие навеле дека еден од поротниците е роден 1970 година, додека во документите на судот пишува дека е роден во 1945 година. „Од ова несогласување произлегува и прашањето дали „поротникот 15“ навистина добил покана за должност на поротата и дали судот прописно го проверил за да биде во поротата“, напишале адвокатите на Херд. Покрај 10-те милиони долари надомест на штета и 350.000 долари казнена отштета, поротата ѝ додели на Херд 2 милиони долари отштета за нејзината противтужба на што исто така се пожалил нејзиниот правен тим, пренесува „Variety“. „Господинот Деп не изнесе никакви докази дека Херд не верувала дека била злоставувана“, напишале адвокатите во барањето кое го предале во петокот, па додале: „Поради тоа, господинот Деп не ги исполни законските услови за вистинска злоба и пресудата треба да биде поништена“. За потсетување, Џони Деп ја тужеше својата некогашна сопруга Амбер Херд за клевета за семејно насилство која таа ја изнесе во напис за „The Washington Post“, а поротата пресуди во негова корист....
(18+) Покажале колку се еластични пред камера и го „запалија“ интернетот
Точка - пред 15 часа
Жешките објави кои ги споделиле на социјалнтие мрежи ви ги носиме во продолжение, па ѕирнете во галеријата и погледнете ги нивните импресивни пози....
СДСМ: Мицкоски требаше да му каже „Не“ на Апасиев, наместо да биде во анти ЕУ коалицијата
Точка - пред 15 часа
Понудата на Мицкоски, додаваат од таму е лажна затоа што тој пред целата јавност кажа дека е против Европската Унија. „Во една реченица Мицкоски зборува за предлози, за дејствување, а веќе во следната дејствува со проруската Левица со цел да го сруши процесот на широки консултации. Неговото постапување е неодговорно, антидржавно и на штета на државните и националните интереси. Мицкоски требаше да му каже „Не“ на Апасиев, наместо да биде во анти ЕУ коалицијата која дејствува на штета на државните позиции и работи за интересите на одредени туѓи центри на моќ“, потенцираат од СДСМ....
Достапен за сите: Владата го објави францускиот предлог на македонски јазик
Точка - пред 15 часа
Со цел транспарентно информирање на јавноста, Владата на Република Северна Македонија денеска на официјалната веб страна интегрално го објави предлогот на француското претседателство и можете да го преземете на следниот линк: На македонски јазик: Министерски состанок на меѓувладината конференција за завршување на отворањето на преговорите за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија - Општ став на ЕУ Предлог заклучоци на ЕУ Заеднички став на ЕУ На англиски јазик: Ministerial meeting of the intergovernmental conference - Completing the opening of the negotiations on the accession of North Macedonia to the European Union - General EU Position [англиска верзија] Draft Council Conclusions [англиска верзија] Draft EU Common Position for the first IGC [англиска верзија] Предлогот во кој се вградени забелешките на Валадата од денеска е достапен за јавноста и ставен на широка консултација која започна утрово со состанок на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски со членовите на владината коалиција. Во текот на денот и во следните денови, Владата продолжува со транспарентно информирање на владината коалиција, сите засегнати страни и граѓаните за предлогот преку јавна дебата....
„Никогаш вакво нешто не се случило толку рано, ова е брутално“
Точка - пред 15 часа
Екстремниот копнен топлотен бран предизвикал и морски топлотен бран кој се уште трае, тврдат научниците.„Никогаш немало толку интензивен морски топлотен бран толку рано во годината. Зборуваме за 26 или повеќе степени Целзиусови и повеќе на Балеарското море на 19-ти јуни. Тоа е брутално“, рекла за "Bloomberg" Мелани Јуза, научничка во Системот за крајбрежно набљудување и прогнозирање на Балеарските острови. За разлика од копнените, морските топлотни бранови им се релативно непознати на научниците, па сепак, следењето на тој феномен во последната деценија довело до заклучокот дека станува збор за клучен сигнал за климатските промени. Имено, океаните и морињата апсорбирале голем дел од атмосферската топлина, делувајќи така како сунѓери за глобално затоплување. „Гледаме раст во зачестеноста на силните топлотни бранови со секој дополнителен степен во глобалното затоплување во споредба со променливата зачестеност во другите видови на екстремните временски прилики. Морските топлотни бранови се менуваат побрзо од копнените“, вели Лук Харингтон, научен соработник на Институтот за истражување на климатски промени на Нов Зеланд. Официјална дефиниција за морските топлотни бранови се уште нема, но научниците сметаат дека тие настануваат по пет или повеќе дена екстремно виски температури на морето. Утврдиле дека таквите топлотни циклуси го менуваат вертикалниот тек на водата, што влијае на способноста на океаните да апсорбираат топлина и јаглерод диоксид, но и на кружењето на хранливите работи. „Влијанијата на морските екосистеми се разорувачки. Тие вклучуваат избелување на коралите, шета на морските прерии, штетно цветање на алгите, масовна смртност и миграција на морските видови“, рекла Јуза. Поради загревањето на морето трпат риболов и туризмот. Последниот топлотен бран се случил во време на мрестење на црвената туна, која е позната и скапа деликатесна риба ширум светот. Научниците не знаат како високите температури ќе влијаат на икрите од туната, но знаат дека и штетат на посидонијата, медитеранска алга, која е мрестилиште за многу видови на риби. „Извлекување на поука од настаните, како топлотниот бран во 2012-та година, е клучно за развојот на стратегија за прилагодување која ќе ги подобри постоечките капацитети за зачувување на морските екосистеми и рибарство во контекст на климатските промени“, тврдат научниците....
„Срам да ви е за тоа што го правевте додека мојот сопруг се бореше за живот“: Се огласија Кортни и Травис од болница
Точка - пред 16 часа
Тапанарот пред неколку дена завршил во болница како итен случај, а многумина се загрижиле поради неговата последна објава на Инстаграм, како и објавата на неговата ќерка Алабама. Кардашијанката во кратки црти објаснила што точно се случило, па им земала за зло на сите кои ги продавале нејзините стари фотографии додека нејзиниот сопруг се борел за живот. „Зад нас е една многу страшна недела. Недела полна со разни емоции. Здравјето е толку многу важно, но некогаш не го земаме здраво за готово. Работите може да се променат преку ноќ. Отидовме заедно на рутински преглед, а тој заврши со панкреатитис“, напишала Кортни. „Благодарна сум му на Бога што ми го сочува сопругот и на сите вас кои се молевте за него, за големата поддршка што ми ја пружавте овие денови. Ме трогна тоа. На специјалистите, лекарите, сестрите овде, исто така големо благодарам. Се грижеа за него, но и за мене“, нагласила таа, па додала: „Што се однесува до папарацо фотографите кои продаваа слики „од моите излегувања додека сопругот ми се бори за живот“... Се работи за стари фотографии. Не се сеќавам кога последен пат ги носев тие работи. И добро ве запаметив. Ова е ново дно што го допревте. Ја постојано сум со него во болница. Срам да ви е“, заклучила Кортни, па покажала дека времето им поминува во играње друштвени игри. Од друга страна, Травис малку подетално ја објаснил својата состојба. „Во понеделникот појдов на преглед и добро се чувствував. Меѓутоа, после вечерата почувствував неверојатни болки и во болница сум оттогаш. За време на ендоскопијата ми е отстранет мал полип од многу чувствителен дел. Тоа обично го прават исклучиво специјалисти. Панкреасот ми бил оштетен. Панкреатитисот кој се развил можел и да ме убие. Благодарен сум на сè што направија лекарите за мене. Се чувствувам многу подобро“, напишал Травис....
Српскиот документарец во првата недела од емитувањето стана хит на „Netflix“
Точка - пред 16 часа
Според податоците на „Netflix“ во Хрватска, филмот е моментално на 8-то место на листата на 10 најгледани филмови.Од продукциската куќа „Paradox Film“ истакнуваат дека особено добра гледаност има во нордиските земји. Во Холандија е на 9-то место, а во Шведска на 6-то. „Ова е важна вест за српската кинематографија и српската историографија“, стои во соопштението на продукциската куќа. „The Long Road to War“ прикажува разговори со историчари кои откриваат како дошло до Првата светска војна. Во филмот учествуваат Џон Рол, Хју Стракан, Жорж-Анри Суту, Олег Ајрапетов, Лотар Хебелт, Аника Момбауер, Доминик Ливен, Жан-Пол Блед, Алан Скед, Штиг Ферстер и Душан Батаковиќ. Емитувањето започна на годишнината од атентатот на Фердинанд Филмот започна да се емитува на „Netflix“ на 28-ми јуни, на годишнината од атентатот на хабсбуршкиот престолонаследник Франц Фердинанд. Атентатот го извршил Гаврило Принцип кој смртно го ранил Фердинанд и ја убил неговата сопруга Софија. Документарецот се прикажува во 30 европски земји во кои „Netflix“ има публика од околу 70 милиони претплатници и ќе биде достапен за гледање во наредните 5 години. Направен е со поддршка од српското Министерство за култура и Филмскиот центар Србија во 2018 година, а низ годините беше наградуван и на бројни меѓународни филмски фестивали....
Занети за најтешкиот противник во кариерата: Многу имиња ми паѓаат на ум, но…
Точка - пред 16 часа
Големиот борец низ фудбалското патување имаше можност да игра многу тимови, репрезентации, да се соочи со многу противници, но ако еден мора да избере како најтежок тоа е славниот Роберто Баџо. - Многу имиња ми паѓаат на ум, но Баџо е најдобриот противник против кој сум играл. Имам многу пријателски однос со него. - Потоа мислам на Зинедин Зидан, Рајан Гигс и Лионел Меси против кои играв во Лигата на шампионите, - истакна Занети....
Барселона го потврди засилувањето од НБА лигата
Точка - пред 16 часа
Имено клубот од Каталонија го потврди ангажманот на плејмејкерот Томаш Саторански кој во изминативе шест години играше во НБА лигата во Вашингтон Визардс, Чикаго Булс, Њу Орлеанс Пеликанс и Сан Антонио Спарс. Ова за Томаш ќе биде враќање во Барса со оглед на тоа што играше од 2014 до 2016 година, период во кој одигра 150 натпревари. Претходно шпанскиот вицешампион го ангажираше Јан Весели, па ова значи дека Барса ќе има двајца чешки интернационалци во своите редови. Договорот е со важност до 2026 година.BEN TORNAT A CASA, @satoransky! 🔵🔴 pic.twitter.com/vwQ44FKf79— Barça Basket (@FCBbasket) July 4, 2022...
Тупанчевски: Вмрежување на специјализираните обвинители во борбата против корупцијата
Точка - пред 16 часа
Во своето обраќање тој се осврна на антикорупциската правна рамка која ги инкриминира делата на корупцијата и утврдува инструменти за превенција на корупција, применливи во сите области, вклучително и во областа спорт. „Значаен аспект во борбата против корупцијата е подготовката на Регионалниот патоказ за борба против корупцијата и нелегалните финансиски текови, на која учествуваше и Министерството за правда на Република Северна Македонија, усвоен од високи владини претставници од јурисдикциите на Западен Балкан, на 25 јуни 2021 година во Охрид. Овој патоказ ги одразува заложбите за продлабочување на регионалната соработка и зајакнување на колективниот одговор за превенција и борба против корупцијата согласно највисоките меѓународни стандарди. Една од целите за зајакнување на одговорот на правосудството наспроти корупцијата и економскиот криминал, претставува вмрежувањето на специјализирани обвинители, органи за спроведување на законите и единици за финансиско разузнавање кои се вклучени во истрагата и прогонот на кривичните дела”, рече Тупанчески....
30 санкции за непрописно вградени фолии
Точка - пред 16 часа
При контролата санкционирани биле 30 учесници во сообраќајот. На сите прекршители им биле изготвени соодветни поднесоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најави полицијата и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи....
Шумски пожари во близина на Атина, еден град е евакуиран
Точка - пред 16 часа
Локалните власти ги повикаа жителите да го евакуираат градот Дилеси и го запреа локалниот железнички сообраќај, бидејќи повеќе од сто пожарникари, поддржани од четири авиони и два хеликоптери, се борат со пожарот. Пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пожарот и на јужниот полуостров Пелопонез, каде се евакуирани четири села. Минатата година, шумските пожари опустошија околу 300.000 хектари шума и грмушки додека Грција го претрпе најлошиот топлотен бран во последните триесет години. По острите критики, владата вети дека ќе ги зајакне капацитетите за гаснење пожари. Неколку десетици романски и бугарски пожарникари ги презедоа должностите во Грција во саботата, како први членови на европските сили кои беа распоредени за да обезбедат поддршка во случај на големи пожари во текот на летото. Во најлошиот шумски пожар во Грција починаа 102 луѓе кога го зафати крајбрежниот град Мати и областите во близина на Атина во летото 2018 година....
Како со мали промени во исхраната до големи здравствени придобивки?
Точка - пред 16 часа
Покрај важноста на раниот појадок, овие студии истовремено истакнуваат дека е подеднакво важна разновидната, балансирана исхрана, прилагодена на потребите и животниот стил на секој поединец. Секоја промена започнува со првиот чекор!Секогаш можете да ги намалиме додадените шеќери, да внесеме повеќе овошје и зеленчук во исхраната, активно да управуваме со секојдневниот стрес, да воспоставиме рутина на вежбање.За почеток важно е да знаеме кон што се стремиме, што сакаме да постигнеме. Дали е тоа поголема енергија во текот на денот, намалување на тежината или зголемен имунитет! Независно кој е нашиот приоритет, некогаш е потребно многу малку во навиките за да почувствуваме големи здравствени придобивки.Изберете пробиотски производи кои обезбедуваат внатрешен баланс и добра дигестија. Наш избор се ПРОБИОТСКИТЕ ОВЕСНИ КАШИ 60g – здрав појадок , без додаден шеќер и помалку од 3g шеќер во порција, со високо количество на растителни влакна, застапeни во два вкуса. А за брза ужинка, тука се и пробиотските колачиња со 5 различни бактерии добри за дигестивниот систем. Без додаден шеќер, без грижа на совест, а со изобилство на растителни влакна, Б и Е витамини. Затоа наместете го алармот за 7 часот наутро, и почнете го денот со високонутритивна храна во комбинација со омиленото овошје и зеленчук....
ЕК: Ревидираниот француски предлог овозможува почеток на преговорите со ЕУ
Точка - пред 16 часа
- Го поздравуваме развојот на ситуацијата во однос на Бугарија и Северна Македонија, после француските предлози и благодарение на работата на француското претседателство кое ја заврши својата мисија минатата недела, направивме голем напредок по ова прашање, изјави Дана Спинант, портпаролка на Европската Комисија на денешниот редовен брифинг за новинари во Брисел.ЕК, додаде, е информирана за протестите против предлогот, кои се одржаа овој викенд во Скопје, како и за ставот на опозицијата која смета дека предлогот не е доволно добар. - Од блиску ги следиме настаните во Северна Македонија, сега е време за одговорни одлуки кои ќе овозможат да се оди напред во процесот. За нас сега е време да се напредува со преговарачкиот процес, ревидираниот француски предлог токму тоа го овозможува, изјави портпаролката Ана Писонеро. Таа додаде дека Комисијата ги „повикува сите политички партии да делуваат конструктивно во име на интересите на граѓаните кои долго време чекаат за ЕУ патот“. - Предлогот на француското претседателство ги зема предвид интересите и преокупациите на сите, рече Писонеро....
Што покажал креш тестот на два исти модели за два различни пазари?
Точка - пред 16 часа
И додека во тоа време пред сè се мислеше на квалитетот на производството, денес безбедноста е во прв план. Креш тестовите обично покажуваат дека автомобилите за различни пазари се разликуваат, а причина за тоа се различните стандарди.Еден таков пример даде „Global NCAP“, кој тестираше два модели на „Hyundai Accent“, еден за американскиот и еден за мексиканскиот пазар (кој ја носи ознаката „Grand i10 Sedan“) еден против друг. Интересно е што моделот за САД се изработува во Мексико, додека оној за мексиканскиот пазар се произведува во Индија.Тестот покажал дека „Accent“ за американскиот пазар е многу побезбеден – се утврдило дека каросеријата е поцврста, а од помош биле и шесте воздушни перничиња. Моделот за мексиканскиот пазар имал само две воздушни перничиња, а при судирот бил толку згмечен што воланот се изместил. Заклучокот е јасен: поголема е веројатноста дека ќе настрадате во верзијата која се продава во Мексико....
Италија ќе прогласи вонредна состојба во регионите погодени од суша
Точка - пред 16 часа
Владата ќе се состане за да ги објави мерките што ги засегаат најтешко погодените региони. Северот на земјата е особено тешко погоден, посебно големите езера, вклучувајќи го и езерото Гарда, кое содржи многу помалку вода од вообичаеното во овој период од годината. Пад, најдолгата река во Италија, со делта во близина на Венеција, на некои точки по должина на своето течение е на најниско ниво во последните 70 години, пишуваат тамошните медиуми. Градовите Пиза и Верона воведоа ограничувања за вода, а Венеција и Милано исклучија некои од нивните фонтани. Зачестеноста на сувите периоди во Медитеранскиот Регион во голема мера се припишуваат на климатските промени, јавуваат локалните медиуми....
Видеолотарија Касинос Австрија поддржувач на македонскиот фудбал
Точка - пред 16 часа
Видеолотарија во своите заложби за поддршка на спортска култура, продолжува со својата агенда за активна вклученост во развојот на бројни активности и настани, кои ќе го слават спортскиот напредок и успех. Нашата компанија е нов пријател- поддржувач на македонскиот фудбалски шампион, тимот на Шкупи, во нивните настапи во квалификациите за ЛШ и следната сезона во Првата македонска фудбалска лига. Тимот на Шкупи кој утре има ново спортско патешествие со Линколн Ред Импс во рамки на квалификациите од Лигата на шампиони, изрази благодарност до Видеолотарија за препознавањето и поддршката во нивните спортски амбиции. Со ова спонзорство, Видеолотарија Касинос Австрија веќе сигурно станува силен поддржувач на македонскиот фудбал. #ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно Комерцијален текст...
Американската полиција објавила снимки: Дури 8 полицајци пукале во невооружен Афроамериканец, има 60 прострелни рани
Точка - пред 17 часа
Полицијата во неделата објавила повеќе видео снимки на прес-конференција, а на една од нив се гледа пукање од автомобил со кој управувал убиениот Џејланд Вокер, пренесува "Reuters".Тој побегнал од автомобилот откако полицајците се обиделе да го сопрат поради помал сообраќаен прекршок. По повеќеминутна потера, Вокер излегол од автомобилот и побегнал од полицијата, како што може да се види на снимката. Полицијата наведува дека изгледа дека се завртел кон полицајците, кои во тоа време верувале дека е вооружен. Подоцна во неговиот автомобил бил пронајден пиштол. Адвокатот на семејството Вокер, Боби Дичело вчера на новинарите им кажал дека е многу загрижен поради обвинението на полицијата дека Вокер пукал во полицајците од својот автомобил, додавајќи дека нема оправдување за неговата смрт. „Сакаат да го претворат во маскирано чудовиште со пиштол“, рекол Дичело. „Ве прашувам, додека бега, што е разумно? Да го убиете? Не, тоа не е разумно“, истакнал тој. Дичело ја повикал јавноста на мирни протести поради убиството на Вокер и додал дека неговото семејство сака да се избегнат дополнителни насилства. Ова е најновото во низата убиства на Афроамериканци, кои ги извршила американската полиција. Критичарите тврдат дека овие убиства се неоправдани, како и убиството на Џорџ Флојд во 2020-та година во Минеаполис, кое предизвикало глобални протести против полициска бруталност....
Вимблдон во сенка на Јелена Ѓоковиќ: Со овој стајлинг ги „запали“ социјалните мрежи – сите гледале во ова
Точка - пред 17 часа
За секое негово излегување на теренот таа подготвува совршен лежерен стајлинг. Слободното време помеѓу натпреварите, Јелена се труди да го искористи на многу квалитетен начин, па така, го посетила и музејот на Вимблдон. За сè што прави ги известува и своите следбеници на Инстаграм. За таа прилика избрала сосема едноставна комбинација на облека – бела маица и кремасти панталони, додека целиот стајлинг го надополнила со интересен ѓердан. Меѓутоа, она што ги „запали“ социјалните мрежи е нејзината чанта! Имено, Јелена носела Диор чанта која чини неверојатни 3.350 евра. За тоа дека сопругата на Новак не штеди кога се квалитетни парчиња облека во прашање, покажува и фактот дека пред само неколку дена се појавила во црвени чевли од речиси 1000 евра. Секако, според многумина, Јелена има многу инстенчен вкус за мода и многу ретко прави некоја грешка. Погледнете во продолжение неколку нејзини најдобри изданија....
Тен Хаг го убедил Ериксен, Данецот се сели на „Олд Трафорд“
Точка - пред 17 часа
Ериксен имаше одлични настапи во дресот на Брентфорд во својата прва епизода по срцевиот удар на Европското првенство, а токму тие партии донесоа сериозен интерес за неговите услуги. На крајот како што информираат медиумите Јунајтед изглегол како победник и играчот за врска ќе потпише тригодишен договор со „црвените ѓаволи“. Останува ова само да се формализира или поточно најважниот дел е Кристијан да ги мине задолжителните лекарски прегледи. Голема улога во одлуката на Данецот имал тренерот Ерик Тен Хаг кој во разговорите го убедил скандинавецот дека ќе има простор, шанса да покаже што знае и умее, односно ќе има значајна улога во неговата замисла за играта на Јунајтед....
Бајиќ пред дуелот со Украина: Имаме обврска да дадеме се од себе
Точка - пред 17 часа
Ова е дуел кој доаѓа по тешкиот пораз против Шпанија во Сарагоса, па селекторот Драган Бајиќ се надева дека сите играчи кои ги има на располагање ќе дадат максумум и ќе го поправат впечатокот пред македонската публика. - Доаѓа последното коло од овие квалификации, ги загубивме сите шанси, но имаме обврска пред домашните навивачи да го дадеме максимумот од себе и сигурно да го подобриме впечатокот од Шпанија со тоа што не можам да им замерам на играчите за борбеноста и на желбата. Eдноставно, имавме сериозен противник на спротивната страна и дека некои работи не може да се носат така лесно на натпреварите. А, тоа можеше да се види најмногу против Шпанија. Едноставно, енергетски не можевме да издржиме со таква репрезентација и самиот квалитет на играчите беше евидентен, - рече Бајиќ кој говореше за вечерашниот ривал. - Украинците покажаа дека се добра репрезентација, ја совладаа Грузија во полн состав. Го контролираа цел натпревар. Сигурно е дека нè чека тешка задача. На момците им кажав, ако веќе губиме, мора да знаеме зошто губиме, а не тоа да биде без борба и без желба и без жар, - истакна селекторот кој најави дека се размислува за ангажман на уште еден натурализиран кошаркар… - Ќе се обидеме да најдеме Американец на плејмејкер или на другите надворешни позиции каде сме хендикепирани. Сигурно е дека во иднина подобро ќе играме и ќе имаме подобри резултати, - порача предводникот на националниот тим....
Герасимовски подели 150 пакети на граѓани од семејства со висок социјален ризик
Точка - пред 17 часа
Пакетите со основни прехранбени и хигиенски производи ги добиваат 150 жители од семејства со висок социјален ризик, врз основа на претходно доставен список од Министерството за труд и социјална политика. „Хуманоста и добрите дела не признаваат вери, етнички припадности и граници. Секој месец заедно со нашите партнери од Банка за храна Македонија, во континуитет го спроведуваме проектот ‘Нула Глад’. Се грижиме за сите и секој еден жител во општината ни е подеднакво важен. Затоа, со овие пакети на нашите сограѓани им помагаме полесно да го поминат месецот“, изјави градоначалникот Герасимовски. Во текот на викендот, градоначалникот Герасимовски и директорот Бафтији им поделија социјални пакети и на седумте згрижувачки семејства во општината кои згрижуваат 25 деца. Денешната акција се спроведува во рамките на проектот „Нула Глад“ кој општината го реализира во соработка со невладината организација „Банка за Храна“. Проектот има за цел помош и поддршка на социјално загрозените семејства, а преку него општината дава свој придонес во справувањето со сиромаштијата и гладот....
(Видео) Мицкоски: Утре ќе биде владината седница, ако имаат разум да го слушнат народот
Точка - пред 17 часа
„Јас уште вчера кажав, понудив се повлекуваме и од предвремени избори, се повлекуваме од се, ќе помогнеме нека помине зимата, граѓаните да можат мирно да поминат, заеднички ќе се обединиме. Не му бараме ништо, само нека каже не. На пролет март, април пак ќе седнеме, ќе видиме што понатаму“, посочи Мицкоски.„Тоа беше првата понуда. Втората јас му реков, еве од преговарачката рамка ако сте толку сигурни дека сте го заштитиле идентитетот да ги тргнеме точките каде што се повикува на Годишните извештаи, каде што се повикува на Протоколот од втората меѓувладина и каде што во записникот од втората меѓувладина која што ќе ја има нашата влада условно со ЕУ се трга делот каде што стои дека преговорите започнуваат веднаш после измената на Уставот. Тоа е многу важно. Ние нема да почнеме сега преговори, тоа мора граѓаните да го знаат. Албанија ќе почне, не ние. Ние ќе треба да го смениме Уставот. Ние ова го потпишуваме за Албанија да почне преговори, не Македонија. Тоа треба секој еден граѓанин на Македонија да го знае. Немам ништо против Албанците, нека си почнат, ако ЕК оценила дека местото на Еди Рама е таму, а местото на Македонија не е таму, тоа е одлука на ЕК, јас тука не се мешам. Ако е одлука на ЕК, Македонија 22 години да чека, а Еди Рама да биде таму и дека тој споделува европски вредности, а не јас и овие луѓе тука, тогаш тоа е нејзина одлука“, вели ледрот на ВМРО-ДПМНЕ. „Ако има малце разум кај Ковачевски и останатите, треба да го слушнат тоа што народот го зборува затоа што тие повеќе не се грижат за иднината на овој народ и на државата отколку самиот народ за својата иднина и за Македонија“, додава лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. На новинарско прашање дали предлогот треба да помине во Собрание, Мицкоски одговара: „Не, не треба да помине бидејќи тие немаат намера тоа да го направат, а и да помине на сила ќе помине“. За средбата на Ковачевски со Села, Мицкоски одговара: „Јас верувам во демократските процеси, немам намера, никогаш во животот не сум вршел никому притисок. Претпоставувам Ковачевски ги држи тие состаноци на истиот начин како што го имаше состанокот со мене вчера“....
Јулски стилски водич: 6 модни предлози со помош на кои ќе изгледате како божица на летото
Точка - пред 17 часа
А со цел што поподготвени да ги дочекаме величествените (или немилосрдните) сончеви зраци, ги одбираме најлелеавите материјали и парчиња кои оставаат доволно простор за кожата да дише.Размислувајќи за потребите на облекување за различни пригоди овој месеци, за вас подготвивме јулски стилски водич кој ќе ви послужи секојпат кога ќе посакате да имате шик комбинација за вечерна прошетка, одење на работа, престој во природа или излегување во бар. Цветен комбинезон Марама наместо топ + панталони + плетена чанта Кроп топ + волуменозно здолниште Краток топ + ленени панталони + сандали Макси фустан + рамни сандали Плетени парчиња...
Милан ги претстави новите дресови, Ибрахимовиќ е дел од промотивното видео
Точка - пред 17 часа
Тоа е дресот за домашните натпревари, униформа која ги има стандарцните бои на великанот од Милано-тоа се црвената и црната. Истиот е изработен во соработка со „Пума“, а на промотивното видео меѓу другите се појавува и Златан Ибрахимовиќ што е јасен знак дека ветеранот ќе остане во таборот на „росонерите“ и следнава кампања. Неговиот договор истече на 30 јуни, но тоа нема да биде пречка договорот да биде обновен во наредниот период.Iconic stripes for an eternal club ❤️🖤The 2022/23 @pumafootball Home Kit has arrived. Available now. #SempreMilan pic.twitter.com/errvWwScF1— AC Milan (@acmilan) July 4, 2022...
Барселона го потврди првото летно засилување, ќе има откупна клаузула од 500 милиони евра
Точка - пред 17 часа
Клубот од „Камп Ноу“ го поврзуваат со многу имиња, но до денеска немаше официјализирано ниту еден тренер или поточно првиот ас кој е промовиран е Франк Кеси. На Кеси му заврши договорот со Милан и како слободен играч се сели во Шпанија каде се обврза дека ќе и служи на Барселона до 30 јуни 2026 година. Играчот за врска ќе има откупна клаузула од 500 милиони евра, а пред јавноста ќе биде преставен во среда. Франк има 25 години и освен во Милан има настапувано за Аталанта и Чезена.𝐈𝐓'𝐒 𝐎𝐅𝐅𝐈𝐂𝐈𝐀𝐋! 😏 Welcome, Kessie! 💙❤️ pic.twitter.com/wG051AUnpT— FC Barcelona (@FCBarcelona) July 4, 2022...
Изненадување од Италија: Несторовски потпиша нов договор со Удинезе
Точка - пред 17 часа
Ова е последната вест која ни доаѓа од Италија, вест која е изненадување со оглед на тоа што се очекуваше Несторовски да си замине од Удине, па всушност и неговиот договор заврши на 30 јуни. Се споменуваат доста клубови, опции пред се од Апенините, меѓутоа на крајот Иле и Удинезе се решиле да ја продолжат љубовта најмалку до 2023 година со опција за уште една сезона. Несторовски добиваше многу малку шанса особено откако се врати на терените по тешката повреда и поради тоа овој пресврт, негово останување во прволигашот е вест за денот кога е во прашање нашиот фудбал и репрезентацијата. Прилепчанецот од 2019 година е член на „зебрите“, претходно во кариерата играше уште за Пелермо, Интер Запрешиќ, Металург, Викторија Жижков, Словачко и Победа....
Чави им се заблагодари на шестмина фудбалери
Точка - пред 17 часа
Барселона ги започна подготовките за новата сезона, а Чави им соопштил на клупските челници дека се откажува од шест играчи, додека планира да доведе најмалку пет нови играчи. Оние фудбалери кои играа за своите репрезентации во јуни добија продолжен одмор од една недела. Шпанскиот спортски весник „Ас“ тврди дека Чави им рекол на шестмината играчи дека можат да бараат нови клубови. Умтити би можел да оди на позајмица, Ленгле е на прагот на Тотенхем, додека останатите четворица „пречкртани“ играчи на Барселона ја чекаат вистинската понуда. Барселона минатата сезона ја заврши без трофеј, а во Ла Лига беше втора со 13 бода помалку од Реал....
Јунајтед го обнови интересот за Дибала
Точка - пред 17 часа
Новиот тренер на Јунајтед, Ерик тен Хаг се најде во неволја откако Роналдо побара да го напушти клубот. Роналдо не сака да игра со клубот во Лига Европа, негов приоритет е Лигата на шампионите. Според англиските медиуми, Јунајтед ги контактирал агентите на Дибала, но интерес за неговите услуги покажале и Арсенал, Тотенхем, Наполи и Интер. Дел од италијанските медиуми го поврзуваат и со Монца. Дибала играше за Јувентус во последните седум години и на 293 натпревари постигна 115 голови и забележа 45 асистенции. Со Јувентус освои пет титули во италијанскиот шампионат, четири Копа Италија и три италијански Суперкупа. Тој ја напушта торинската „стара дама“ без обесштетување, што го прави исклучително привлечен на фудбалскиот пазар....
(Фото) Марко очајно се трудел да го сокрие заносното тело на својата сопруга: Сите момци на грчката плажа гледале во неа
Точка - пред 17 часа
Фудбалерот минатата година љубовта со убавата Џесика ја крунисал со венчавка на раскошна париска церемонија, а сега парот се наоѓа на летување на Миконос. Џесика во оваа прилика покажала дека има одлична колекција на костими за капење кои одлично ѝ прилегаат на нејзиното затегнато тело. Костимот во црна боја со метални конци, кој пред неколку години го носеше Кортни Кардашијан, очигледно е популарен и денес. Додека Џесика уживала на плажата, Марко очајно се обидувал да го заштити нејзиното тело од погледи, одејќи постојано пред, а понекогаш и зад неа. Сепак, тоа не му одело според планот, бидејќи немало човек на грчката плажа кој не го насочил погледот кон оваа убавица. Инаку, Џесика и Марко на венчавката поканиле стотина најблиски луѓе, а наместо венчаница, невестата избрала чипкаст бел костум, кој ѝ прилегал одлично. Дизајнот бил на познатата модна куќа Dolce & Gabbana, додека цената на венчаницата изнесувала околу 4.000 евра....
Швајцарска министерка: Владата не може да гарантира дека ќе има гас
Точка - пред 18 часа
Швајцарската влада не може да гарантира дека гас ќе има секогаш доволно за сите, изјавила министерката за енергетика Симонета Сомаруга, додавајќи дека во случај на недостиг снабдувањето прво ќе биде намалено во компаниите.Швајцарија нема излез на море и гасот го набавува на берзите во соседните држави на ЕУ, па и самата е изложена на нарушувањата во снабдувањето кај соседите. Побарувачката за гас е релативно ниска и тој енергент сочинува околу 15 проценти од вкупната потрошувачка на енергија. Околу 42 проценти од гасот се користи за греење на домаќинствата, а остатокот во индустријата, односно во услужниот и транспортниот сектор, покажуваат владините податоци. „Се зависи од увозот на гас и нафта. Затоа никој не може да гарантира дека секогаш ќе има доволно гас за сите“, рекла Сомаруга во разговор со "SonntagsZeitung", објавен во неделата. Во случај на недостиг на гас и струја, прво ќе се ограничи снабдувањето на претпријатијата. На самиот почеток би се ограничила потрошувачката, на пример, за подвижни скали или неонски реклами, рекла министерката. Ги повикала кантоните повеќе да вложуваат во соларна енергија, биогас, ветер и хидроенергија....
Дополнителна субвенција од 5.760 денари по хектар за земјоделците со житни култури
Точка - пред 18 часа
Обезбедена е дополнителна мотивирачка мерка за производителите на житни култури од 5.760 денари по хектар за сите земјоделци кои имаат остварен принос од еден или повеќе хектари површина со пченица, јачмен, рж, овест и сончоглед и ќе го предадат во домашни преработувачки или откупни капацитети, соопшти Министерството за земјоделство.„Од оваа година оваа дополнителна мерка е изменета, па ограничувањето на приносот од 5 до 50 хектари, кое претходно важеше, е заменето и истата мерка, од април ова година важи без ограничување од еден хектар, па нагоре за сите производители на житни култури. Оваа дополнителна финасиска поддршка на земјоделците им овозможува дополнителни средства како поддршка при процесот на производство житни култури. Ги повикуваме сите земјоделци производители на житни култури да аплицираат и да ја искористат оваа мерка, крајниот рок за аплицирање по оваа мерка, за дополнителна поддршка од скоро 100 евра за зголемен принос е до крајот на октомври оваа година“, стои во нивното соопштение. Донесениот Национален план за производство на храна обезбедува поддршка за земјоделците и при набавка на вештачко ѓубриво, а веќе поддршка по оваа мерка преку Интервентниот фонд е исплатена до 3.304 земјоделци. Министерството за производителите на житни култури распиша и посебен јавен оглас за доделување под закуп на државно земјоделско земјиште над 3 хектари, распоредено во 14 региони низ државата со вкупна површина од 5.722 хектари. Овој оглас предизвика голем интерес кај земјоделците и веќе со министерството се склучени рекордни 258 договори за закуп, информираат од оваа институција....
290 новозаразени со коронавирус во последните три дена, нема починати лица
Точка - пред 18 часа
Скопје – 186, Охрид – 18, Битола – 14, Прилеп – 9, Куманово и Велес – по 8, Кавадарци – 7, Тетово, Струмица и Кочани – по 5, Штип и Струга – по 4, Гостивар, Кичево и Гевгелија – по 3, Неготино, Делчево и Дебар – по 2, Пробиштип и Македонски Брод – по 1.Од вкупниот број на позитивни (290), регистрирани се 49 реинфекции. Регистрирани сe 250 оздравени пациенти од: Скопје – 165, Битола – 16, Тетово – 12, Прилеп – 9, Кавадарци – 8, Куманово, Велес и Неготино – по 6, Штип, Кичево и Ресен – по 4, Струмица – 3, Охрид и Гостивар – по 2, Кочани, Гевгелија и Радовиш – по 1. Во текот на изминатите 3 дена (од 01.07 до 03.07.2022) не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица. Направени се 1.695 тестови преку: ИЈЗ-185, ЦЈЗ Скопје-33, ЦЈЗ Битола-37, ЦЈЗ Прилеп-13, ЦЈЗ Тетово-13, ЦЈЗ Куманово-32, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–6, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–120, Жан Митрев (Филип Втори)-55, Авицена-41, Биотек-208, Систина-49, лабораторија Лаор-14, Синлаб-4, Ремедика-8, Плодност-17, Генеа-8, Никоб Лаб-85, ВФВ Медикал-12, Ели МедикаПлус-21, Ројал Медика–1, Спектра-ММ-8, Рапид Лаб–9, Жан Митрев Струмица–5, Нова Лаб Дијагностика–2, Рамус-10, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 698. Досега во земјата се направени вкупно 2.084.385 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 314.501, бројот на оздравени пациенти е 304.239, на починати е 9.327, а бројот на активни случаи изнесува 935. Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно) Скопје 148549, Активни 536 Куманово 16770, Активни 42 Битола 15835, Активни 59 Прилеп 14277, Активни 33 Тетово 13533, Активни 20 Кавадарци 10760, Активни 34 Велес 9848, Активни 30 Гостивар 9634, Активни 15 Охрид 9030, Активни 58 Штип 8119, Активни 18 Струмица 8110, Активни 15 Кичево 5673, Активни 11 Кочани 5125, Активни 17 Струга 4744, Активни 9 Гевгелија 4431, Активни 4 Неготино 3714, Активни 5 Ресен 2760, Активни 1 Свети Николе 2641, Активни 1 Радовиш 2537, Активни 5 Крива Паланка 2421, Активни 2 Делчево 1991, Активни 5 Берово 1693, Активни 1 Дебар 1684, Активни 3 Валандово 1488, Активни 0 Виница 1398, Активни 2 Пробиштип 1271, Активни 3 Богданци 1025, Активни 2 Кратово 969, Активни 0 Крушево 933, Активни 2 Демир Хисар 837, Активни 1 Македонски Брод 744, Активни 1 Демир Капија 594, Активни 0 Македонска Каменица 525, Активни 0 Пехчево 486, Активни 0 Дојран 352, Активни 0...
Новото истражување покажува дека астронаутите за 6 месеци ги оштетуваат коските во вселената како за 20 години на Земјата
Точка - пред 18 часа
Академското истражување за астронаути го открило разорното влијание на вселенските патувања на човечкиот скелет. Само околу половина од загубената коскена маса била надоместена една година по враќањето на Земјата, што предизвикало загриженост околу идните мисии на Марс и Месечината.Долгите вселенски мисии довеле до зголемено губење на коскената маса и намалена веројатност за закрепнување. До губењето на коскена маса доаѓа поради недостатокот на гравитација во вселената, каде коските кои носат тежина на Земјата обично се без притисок од тежината. Истражувањето било спроведено на 17 астронаути, 14 мажи и 3 жени на просечна возраст од 47 година, кои летале на Меѓународната вселенска станица во изминатите 7 години. Екипажот бил од американската вселенска агенција НАСА, канадските и европските вселенски агенции и јапонската агенција за истражување на вселената. Тие работеле со истражувачкиот тим кој го предводела професорката Ли Габел од Универзитетот во Калгари и тоа една година по враќањето на Земјата. Девет членови на екипажот доживеале трајна загуба на минералната густина на коските откако поминале помеѓу 4 и 7 месеци на вселенски мисии, пренесува „Sky News“. „Астронаутите доживеале значајна загуба на коскената маса во текот на 6-месечните вселенски летови, загуба која би ја очекувале кај постари лица во текот на 2 децении на Земјата, и вратиле само половина од таа загуба по една година на Земјата“, вели професорката Габел за истражувањето, објавено во списанието „Scientific Reports“....
Новото истражување покажува дека астронаутите за 6 месеци ги оштетуваат коските во вселената како за 2 децении на Земјата
Точка - пред 18 часа
Академското истражување за астронаути го открило разорното влијание на вселенските патувања на човечкиот скелет. Само околу половина од загубената коскена маса била надоместена една година по враќањето на Земјата, што предизвикало загриженост околу идните мисии на Марс и Месечината.Долгите вселенски мисии довеле до зголемено губење на коскената маса и намалена веројатност за закрепнување. До губењето на коскена маса доаѓа поради недостатокот на гравитација во вселената, каде коските кои носат тежина на Земјата обично се без притисок од тежината. Истражувањето било спроведено на 17 астронаути, 14 мажи и 3 жени на просечна возраст од 47 година, кои летале на Меѓународната вселенска станица во изминатите 7 години. Екипажот бил од американската вселенска агенција НАСА, канадските и европските вселенски агенции и јапонската агенција за истражување на вселената. Тие работеле со истражувачкиот тим кој го предводела професорката Ли Габел од Универзитетот во Калгари и тоа една година по враќањето на Земјата. Девет членови на екипажот доживеале трајна загуба на минералната густина на коските откако поминале помеѓу 4 и 7 месеци во вселенските мисии, пренесува „Sky News“. „Астронаутите доживеале значајна загуба на коскената маса во текот на 6-месечните вселенски летови, загуба која би ја очекувале кај постари лица во текот на 2 децении на Земјата, и вратиле само половина од таа загуба по една година на Земјата“, вели професорката Габел за истражувањето, објавено во списанието „Scientific Reports“....
Град Скопје: В среда ќе се прска против комарци
Точка - пред 18 часа
1. Авионската дезинсекција против ларви од комарци ќе се реализира на 6.7.2022 година (среда), во раните утрински часови. 2. Терестричната дезинсекција против ларви од комарци ќе се реализира на 6.7.2022 година (среда), во текот на денот. „Доколку временските услови не дозволуваат да се прска дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин“, појаснуваат од Град Скопје. Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите....