„Народот страда, има болка во душата“: Од 19 часот нов протест пред Владата
Весник - ново
Протестот против францускиот предлог „Ултиматум, не благодарам“ продолжува и денеска пред Владата во 19 часот. Како што е најавено, граѓаните нема да протестираат само пред Владата, а повеќе информации се очекуваат во текот на денот. Голем број граѓани и вчера присуствуваа на сенародниот протест кој одржува под мотото „УЛТИМАТУМ – Не благодарам“. Според учесниците, негирањето на правото на самоопределување и условувањето на македонските европски интеграции со прифаќањето еднострано бришење на културната и историската посебност и еднострано непризнавање на јазикот, не е дел од критериумите за членство во ЕУ ниту правило меѓу државите членки. Покрај масовните протести пред Владата изминативе денови, социјалните мрежи се преполни со коментари со кои се бара отфрлување на францускиот предлог. Во коментарите се вели политичарите да се освестат бидејќи народот страда и има болка во душата....
Претседателот на Европскиот совет денеска во Скопје
Весник - ново
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денес пристигнува во посета на Скопје. Се очекува Мишел во рамките на посетата да ја покаже поддршката на ЕУ за францускиот предлог и да ја потврди заложбата за македонските евроинтеграции. Како што најавија од Владата, во рамки на посетата високиот претставник од Советот на Европа ќе има тет-а-тет средба со премиерот Димитар Ковачевски. Потоа е предвидено да присуствува на владината седница, по што во 13:15 часот премиерот Ковачевски и претседателот на Советот на Европа Мишел, ќе одржат заедничка прес-конференција....
БАЈДЕН ШОКИРАН ПО ПУКАЊЕТО ВО ЧИКАГО: „Нема да се откажам од борбата…“
Весник - пред 8 часа
Најмалку шест лица загинаа Американскиот претседател Џо Бајден го изрази својот шок од вооружениот напад на парадата на 4 јули во Хајленд Парк, Илиноис. – Има уште многу работа и нема да се откажам од борбата против епидемија на вооружено насилство – рече тој. Да потсетиме дека најмалку шест лица загинаа, а 24 се ранети во пукотницата за време на парадата по повод Денот на независноста на САД во предградието на Чикаго, Хајленд Парк, соопштија официјални лица....
(ФОТО) ЕМОТИВНА ФОТОГРАФИЈА од денешниот протест – солзи и болка за Македонија
Весник - пред 8 часа
Илјадници граѓани, меѓу кои и јавни личности, новинари, професори и претставници на здруженија вечерва ја повикаа Владата да не го потпишува францускиот предлог со порака „Од Македонија нема да откажеме никогаш и под никакви услови“. Денеска протестот го одбележа емотивна фотографија на жена која плаче пред кордонот на полицијата. Претходно и Дарија Андоновска, познатата композиторка и пијанистка, го бакна полицискиот штит и им испрати порака на полицајците. (ФОТО) ДЕВОЈКА БАКНА ПОЛИЦИСКИ ШТИТ: Заедно да ја спасиме државата, не се плашете...
Николоски: Доколку Владата го прифати договорот Македонија нема да почне преговори со ЕУ, туку Ковачевски и Османи одат во Брисел на сликање
Весник - пред 8 часа
Мислам дека народот веќе доволно добро знае за предлогот, веќе некаде 2 недели до 20 дена предлогот во една или во друга форма го има. Пред се сакам да ви се заблагодарам на вас медиумите, а и на вас Алфа телевизија што детално го објаснува предлогот со цел луѓето да знаат што е штетноста во истиот. Народот треба да знае што е суштината во овој договор и каде би можело ВМРО-ДПМНЕ да реагира, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вечерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа Телевизија. Николоски посочи дека Договорот поставува преседан за Македонија, затоа што јавноста треба да знае дека доколку Владата го прифати договорот Македонија нема да почне преговори со Европската Унија туку само ќе ги викнат во Брисел на сликање. -Значи доколку Владата го прифати договорот Македонија не почнува преговори, туку Ковачевски, Османи и компанија одат во Брисел на едно сликање каде ќе ручаат еден ручек и ќе се вратат назад. Откако ќе се вратат назад за Македонија да почне преговори, треба да се промени Уставот, а за да се промени Уставот потребно е 2/3 мнозинство каде е клучно ВМРО-ДПМНЕ. Јас ви гарантирам и давам збор вечерва дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи промена на Уставот. Доколку не се случи промената на Уставот, тогаш сите тие други работи кои се напишани во тој договор не важат затоа што тоа е услов за влез во договорот, рече Николоски. Николоски потенцираше дека клучниот фокус е кон спречување на промената на Уставот. Николоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е гарант дека нема да се случат Уставни измени. Што значи дека без Уставни измени договорот не важи. -Нам уште по лесно ќе ни е ако имаме предвремени парламентарни избори и ВМРО-ДПМНЕ освои над 60 пратеници односно апсолутно мнозинство, тогаш ни постапка за промена на Устав нема да почне. Ако нема предвремени избори и ако пробаат во овој пратенички состав тоа да го тераат тогаш ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа и пак нема да се случат Уставните измени, кажа Николоски. -Апсолутно Македонија треба да стане членка на Европската Унија, но треба да сме свесни дека никој не врши притисок врз Бугарија. Најдобар доказ дека никој не врши притисок врз Бугарија е што сите бугарски позиции се во Предлогот и при тоа ниедна македонска. Зошто е тоа така ? Затоа што Владата на Заев и Ковачевски и на СДСМ и ДУИ е корумпирана, а во Европска Унија на иста маса со корумпиран политичар не седнуваат. Дури и сега нема да седнат на иста маса и лажат дека ќе почнат преговори. Зошто? Затоа што има висок степен на корупција, изјави Николоски. Николоски заклучи дека за да се спасат од одговорност прават пропаганда, дека готово утре почнуваме преговори. Не почнуваат проговори и нема да има никакви мултиетнички тензии, а единствените тензии кои ќе ги има се кај него затоа ќе ја изгуби министерската позиција. Во кариерата ќе има тензии, ама во државата нема да има....
НЕВЕРОЈАТНО ОТКРИТИЕ НА НАУЧНИЦИТЕ: Се создава пилула која ќе им овозможи на луѓето да живеат подолго од 200 години!
Весник - пред 8 часа
Научниците се на чекор кон создавање на пилула која на луѓето ќе им овозможи да живеат 200 или повеќе години. Иако никогаш не е утврдено колку години човек може да живее, повеќето од луѓето претпоставуваат дека ако постои граница, таа би била 100 години. Меѓутоа, научниците сега создаваат пилула која на лужето ќе им овозможи да доживеат 200 и повеќе години. ДР Ендрју Стил, автор на книгата „Агелес Нова наука за старење без стареење“ објаснил за Маил Онлајн дека не постои физичка и биолошка причина поради која луѓето можат да достигнат 200 години, пишува Esquireme.com. „На секои неколку години имаме нови студии кои носат одредена фундаментална граница на животниот век на човекот, но на сите им недостасува едно клучно парче, а тоа е фактот дека никогаш досега не сме се обиделе да го третираме процесот на стареење. Не гледам физичка или биолошка причина зошто луѓето не би можеле да живеат до 200 години. “Предизвикот е дали биомедицинската наука може да се развие доволно за да го овозможи ова“, рече д-р Ендрју. Тој верува дека новата пилула ги елиминира т.н зомби клетки во телото кои се главнен виновник за распаѓање на ткивото и органите како последица возраста. Експертите веруваат дека помладите луѓе со здрав имунолошки систем, се повеќе способни да ги исчистат оштетените клетки, но како што луѓето стареат, тие не се отстрануваат толку ефикасно, на тој начин се акумулираат во организмот и предизвикуваат здравствени проблеми поврзани со возраста. Таблетите кои ги исфрлаат овие клетки од човечкото тело, и веќе се тестираат на луѓе, би можеле да се најдат на пазарот за десет години, смета д-р Стил....
ДА РАСЧИСТИМЕ: Тие треба да се спремаат за згаснување на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ не е имотот, не е сметката, ВМРО е кодот на македонскиот народ (ВИДЕО)
Весник - пред 9 часа
Николоски: ДА РАСЧИСТИМЕ: Тие треба да се спремаат за згаснување на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ не е имотот, не е сметката, ВМРО е кодот на македонскиот народ Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски запрашан дали има доверба во пратеничката група дека нема да се однесува како за преспаснкиот договор, и дека постојат закани за затворање на партијата преку судски процеси Палир 1 и 2, прецизно и јасно одговори: -Ова не е истиот пратенички состав, гарантирам за сите. И ги заштитувам, бидејќи се под силни притисоци, гарантирам дека ниеден нема да остапи. Во однос на заканите од затворање на партијата пред избори, Николоски е дециден: ВМРО-ДПМНЕ не е имотот, не е сметката, ВМРО е кодот на македонскиот народ. -Со замрзнат имот и блокирана сметка освоивме локални избори. Во однос на заканите за гасење на ВМРО, во дуел до Шеќеринска, за преспанскиот договор, кажав и таа не демантираше дека има мастер план за затворање на ВМРО, со клучна улога на СЈО. Ја фатија Катица со рацете во медот, а таа требаше да го спроведе и им пропадна. Талир 1 и 2 се дел од тие сценарија. Го потценија ВМРО, кодот на македонскиот народ е во ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО опстана и во едноумето на Југославија, опстана и пред едмноумието. ВМРО е во генот на македонскиот народ и никогаш нема да може да го уништат и угаснат. Толку се во паника, што тоа нема да се случи. Тие треба да се спремаат за згаснување на СДСМ, не за затворање на СДСМ, заради ова што го прават со Бугарија. Дали највисоката врхушка сака тоа да се случи (да го затворат ВМРО-ДПМНЕ), да, дали имаат логистика да го направат тоа – НЕ, посочи Николоски за Алфа ТВ. Граѓаните да ЗНААТ КОИ СЕ ЧЕКОРИТЕ: Македонија нема да почне преговори ако се прифати бугарскиот ултиматум (ВИДЕО) Николоски: Уставни измени нема да дозволиме!...
Николоски: Уште во 2018та година информирав дека Османи има договор со министерот за надворешни работи на Албанија Бушати, Македонија да забави со реформи за Албанија да ги започне преговорите
Весник - пред 9 часа
Целата игра е Албанија да ги почне преговорите затоа што за Албанија услови нема, за Македонија има улови и овде единствен ќар е Албанија, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вечерашното интервју во емисијата Заспиј ако можеш на телевизија Алфа. Николоски потсети дека тој уште во 2018 изјавувал дека Бујар Османи од позиција на вицепремиер за европски прашања и тогашниот министер за надворешни работи на Албанија Дитмир Бушати направи договор Македонија да ги забави реформите се со цел да се формира нова група Македонија и Албанија, бидејќи претходно Албанија била во група со Босна и Херцеговина и Косово односно недефинирани држави. -Јас да ве потсетам дека во 2018та година излегов во јавноста и реков дека тогаш Бујар Осамни како потпретседател на влада задолжен за европски прашања и Дитмир Бушати тогашен министер за надворешни работи на Албанија направиле договор Македонија да забави со реформите со цел да се формира нова група Македонија и Албанија, рече тој. -До тогаш таа група не постоеше затоа што Македонија беше во група со Хрватска, а кога Хрватска влезе во ЕУ остана сама затоа што Грција правеше проблем со името, а групата беше Албанија, Босна и Херцеговина и Косово, таа група нормално не одговараше за Албанија затоа што овие две се недефинирани држави, и Албанија за да излезе од таа група многу мудро ја искористи оваа екипа која што е сега во ДУИ, и се залепи за Македонија. И од оваа перспектива е многу јасно зошто го направија тоа. И тоа е за честитање на нивната дипломатија, но на штета на Македонија. Прво излегоа од една лоша група, влегоа во група со Македонија, Македонија ја влече и сега кога Македонија е нагрбната со проблеми од Бугарија, овие се издвојуваат и продолжуваат преговори, објасни Николоски. Николоски порача дека суштината на францускиот предлог е Албанија да започне преговори, а не Македонија.Суштината на сето ова е Еди Рама и Албанија да почнат преговори и тоа мора да го знае јавноста. Во однос на изјавите на Еди Рама каде што повикува да се прифати францускиот предлог, Николоски рече дека Рама треба да одговори дали тој би се согласил на истите работи како што бара од Македонија, односно како што рече тој дали би се согласил некој да го оспорува албанскиот јазик, или историјата на Албанците. -Треба Еди Рама да го прашаме дали би се согласил на истите работи, на пример некој да го оспорува албанскиот јазик, или историјата на Албанците, истакна тој....
Николоски: Владата требаше да си даде оставка, три дена по ред доаѓа народ и бара оставка
Весник - пред 9 часа
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш” која се емитува на телевизија Алфа, ги коментираше протестите кои одржуваат против прифаќањето на францускиот предлог за бугаризација на Македонија и рече дека е многу среќен што десетици илјади граѓани ги поддржуваат истите тие протести и убеден дека доколку економските услови во Македонија, да можеа луѓето да си дозволат да ставаат бензин во своите автомобили, ќе имаше и стотици илјади затоа што врие кај Македонецот, но врие и во другите градови во Македонија. Николоски ги коментираше и денешните инциденти пред владата. – Овие протести станаа едно убаво движење на Македонецот, многу сум среќен што Македонците го покажаа патриотизмот бидејќи многумина мислеа дека Македонецот го изгубил патриотизмот и го закопал длабоко во себе но на овие протести гледаме дека не е така и дека патриотизмот е тука и само треба да се разбуди. Среќен сум што ни се придружуваат и наши пријатели од останатите, делови и народи кои живеат во Македонија, гледам многу Срби, Роми, Власи кои доаѓаат, гледам Турци кои доаѓаат и тоа е многу битно затоа што ова е заедничка битка а знам дека има и бројни Албанци кои ова го поддржуваат, дел од нив доаѓаат на протестите, дел интимно. Она што беше вечерва беше еден спонтан израз на незадоволството на народот, во услови кога владата континуирано го игнорира народниот револт, во услови кога три дена со ред излегува народот, скоро и да не се случило во историјата на државата три дена со ред спонтано и самоорганизирано да излегуваат пред влада, нормална влада или би си дала оставка, или би се повлекла од решението, во случајов овој предлог кој што значи бришење на Македонците, на македонскиот јазик, македонската историја и македонската култура. Наместо тоа, тие одат кон арогантно носење на истиот, има некои најави дека овој документ утре ќе биде усвоен во Владата и на крајот на денот тоа не значи ништо затоа што основа на овој документ е промената на Уставот, а за промената на Уставот е потребно двотретинско мнозинство. -Ние јасно кажавме и вечерва од тука сакам да повторам дека ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група нема да гласа за промена на Уставот на Македонија! Тоа значи дека Уставот нема да се промени, со тоа што нема да се промени, паѓа договорот. Бидејќи, основа на договорот кој го направија Ковачевски и Петков е промената на Уставот и ние тоа нема да го дозволиме, односно во Собранието нема да го поддржиме а без нас, немаат двотретинско мнозинство – рече Николоски. Николоски во однос на ова што се случи вечерва пред владата, рече во такви услови нормално е да има револт и дека некои луѓе се поемотивни и го изразиле на начин на кој го изразија и за него секој револт е оправдан. – За мене, тоа што луѓето ги боли значи многу и ова што се случи вечерва треба да го загрижи СДСМ и ДУИ, Ковачевски и Ахмети, а не да нѐ загрижува нас. Јас не би го нарекол инцидент затоа што немаше никакви физички напад, туку беше едно изразување на немир кај народот – заклучи Николоски....
Николоски: Уставни измени нема да дозволиме!
Весник - пред 9 часа
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во вечерашното гостување на телевизија Алфа рече дека веќе три дена на протестите против францускиот предлог има инфилтрирано провокатори кои треба да прават инциденти. -Точно е дека има провокатори, и вечерва ги видовме. Но, 90 отсто од нив не ја вршат работата за која се пратени, туку се солидаризираат со демонстрантите, рече Николоски. Тој истакна и дека тоа што се случи на вечерашниот протест, не би го нарекол инцидент и оти немало никаков физички напад или слично. Што се однесува до отворањето на Уставот и внесување на Бугарите во него, нешто што е еден од условите за да се комплетира отворањето преговори на Македонија со ЕУ, Николоски рече дека никој од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за уставните измени и уставните измени нема да се случат....
ИЛИЈА: Ова не е политика, ова е наш изблик пред обидот како од 19 век
Весник - пред 9 часа
Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во 14 реченици објаснува: Не смееме да дозволиме идентитетски, културен, јазичен и цивилизациски етноцид врз Македонците во Република Македонија. Никој да не се занесува дека Европа, а посебно Балканот живее во 21-ви век, назад сме, во 19-ти. Пред само 100 години македонскиот културен и јазичен идентитет во егејска Македонија беше доминантен. Денес е сведен на минимум, потиснат и игнориран. Пред само 70 години македонскиот културен и јазичен идентитет во пиринска Македонија беше доминантен. Денес е сведен на минимум, потиснат и игнориран, вештачки апсорбиран во рамките на бугарскиот идентитет. Затоа, немаме избор во отпорот кон сите обиди за наша културна демакедонизација… Затоа, немаме избор во отпорот кон сите обиди да не направат народ без име, идентитет и културно-историски континуитет рамен барем на сите наши соседи. Секогаш сме биле мирен, мирољубив и трпелив народ. Во нашата историја нема ниту една агресија кон никој наш сосед. Ќе го побараме тоа од сите околу нас. Малку ни остана, мора да го одбраниме. Ова повеќе не е политика, ова е наш изблик пред обидот како од 19-от век за остварување на плановите на големите државни планови и пропаганди. Можеше Пулевски, Мисирков, Рацин, Неделковски… можеме и ние, пишува Илија Димовски на ФБ...
СИТУАЦИЈАТА ИЗЛЕЗЕ ОД КОНТРОЛА: Италија воведува ВОНРЕДНА СОСТОЈБА?! И не, НЕ Е ПОРАДИ КОРОНА
Весник - пред 9 часа
Италијанската влада планира да прогласи вонредна состојба како одговор на силната суша која која ги погодила овие делови на земјата, соопштено е од кабинетот на премиерот Марио Драги. Северот на земјата е доста тешко погоден, со големите езера, вклучувајќи го и езерото Гарда, кое задржува многу помалку вода кое е невообичаено во овој период од годината. Падот, најдолгата река во Италија, со делта во близина на Венеција, на некои точки долж нејзиниот тек е на најниското ниво во последните 70 години, испраќајќи солена вода со миљи нагоре. Градовите Пиза и Верона вовеле рестрикција на вода, а Венеција и Милано ги исклучиле некои од своите фонтани. Се поголема сериозност и зачестеност на сушни периоди во медитеранскиот регион воглавно се препишува на климатските промени....
Европската унија ќе воспостави платформа за обнова на Украина
Весник - пред 9 часа
Платформата ќе се користи за да се идентификуваат потребите за инвестиции, да се координираат акциите и да се насочат ресурсите, рече Фон дер Лејен на Конференцијата за обновување на Украина во Лугано, Швајцарија. „Од почетокот на војната, ЕУ мобилизираше околу 6,2 милијарди евра финансиска поддршка. Ќе дојдат уште повеќе. Ние значително ќе се вклучиме во среднорочна и долгорочна реконструкција“, рече шефицата на ЕК. Платформата ќе ги обедини земјите, институциите, приватниот сектор и граѓанското општество. Во неа ќе бидат вклучени и меѓународни организации како што се Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската инвестициска банка (ЕИБ). ЕИБ предлага финансиска структура што беше искористена за време на пандемијата „Ковид-19“ за да помогне во обновата на Украина со инвестиции до 100 милијарди евра. Фон дер Лајен рече дека Европа има посебна одговорност и стратешки интерес да биде на страната на Украина. Исто така, тврди дека Комисијата има експертиза за водење на програми кои комбинираат реформи и инвестиции. Откако Украина и официјално стана кандидат за членство во ЕУ, соработката со Киев само ќе се интензивира, изјави Фон дер Лајен. На Украина и се потребни 750 милијарди долари за трифазен план за обновување по руската инвазија, изјави нејзиниот премиер на конференција. Денис Шмигал исто така рече дека руската инвазија на инфраструктурата на Украина предизвикала директна штета од над 100 милијарди долари. „Денес директните загуби на Украина во инфраструктурата се над 100 милијарди долари“, рече тој. Во видео обраќањето на конференцијата, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека обновата на Украина ќе биде „заедничка задача на целиот демократски свет“, пренесе Индекс.хр....
Милевски за францускиот предлог: Доколку утре се бара одлука, ние ќе бидеме против
Весник - пред 9 часа
Претседателот на ЛДП и министер за локална самоуправа, Горан Милевски денеска соопшти дека доколку утре се бара одлука на Влада за францускиот предлог, тој ќе биде против ваквата одлука. -Ние уште немаме одлука на партиски органи. Ако се инсистира на брз процес, тоа нека се прави без нас. Ако нешто ветиле без наша согласност, тогаш нека се прави без нас. Ако ги почитуваат нашите ставови, тогаш треба да ни се даде простор да го искомуницираме тоа меѓу нас и со граѓаните, да видиме дали е прифатливо. Во овие околности, кога има дијаметрално спортивни размислувања за ист документ, нас ни е неопходно да ги видиме сите факти, со цел да не направиме некакви грешки при донесување во одлуката. Најголем проблем за нас е образованието и историјата. Нашиот став е во ЕУ да влеземе како Македонци, а не како втора бугарска држава, рече Милевски за ТВ 24 после средбата со претседателот Стево Пендаровски....
Францускиот предлог претставен пред Стратешкиот совет на МНР
Весник - пред 9 часа
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска го свика Стратешкиот совет за надворешна политика со цел одржување консултации за предлогот на ЕУ за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија. Стратешкиот совет претставува еден од столбовите за изградба на долгогодишната стратегија за надворешна политика на Северна Македонија, во процесот кој се иницираше минатата година од страна на Министерството – Рефлексија2030. Османи на состанокот детално ги образложи главните елементи од последниот предлог, кои, како што соопшти МНР, не задираат во идентитетските прашања и после речиси две децениски кандидатски статус овозможуваат да се отвораат заслужените пристапни преговори. -Во светло и на пошироките геополитички импликации, како резултат на руската агресија врз Украина и потребата од политичка стабилност и предвидлив развој на нашиот регион, продолжувањето на нашите европски интеграции особено добива на значење, нагласи Османи, информира во соопштение МНР. Од МНР истакнуваат дека консултациите со сите релевантни општествени чинители претставуваат важен аспект од процесот на донесување на конечна одлука за овој историски момент за насоката на која ќе се движи државата....
Нема начин да се наметне решение по кое било прашање од историјата, убедува Маричиќ
Весник - пред 9 часа
Од 2017 година па досега нашата борба беше да ја оставиме историјата на теренот на историчарите и токму тоа е целта и на билатералниот Протокол, меѓутоа и на целиот процес, историјата да се остави на историчарите каде што на паритетна основа со разумни аргументи, со научни аргументи и нормално во една разумна динамика ќе постигнат или нема да постигнат некаков договор во однос на одредени прашања, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на вечерашниот брифинг со уредниците. Доколку историските прашања би биле репер или беа репер, Маричиќ појасни дека тогаш тие би биле дел од процесот на „бенч маркинг“ или креирање на конкретни задачи и додаде дека нема основа, нема ниту правна, ниту политичка основа такво нешто да влијае формално како критериум за напредок во разговорите. – Не постои основа во оваа преговарачка рамка изнаоѓање на решение за кој било историски лик да биде критериум за тоа дали можеме да одиме напред или не. Затоа постои преговарачката рамка која е основа на која се цени нашиот напредок. На ниту еден начин не може да ни се наметне решение, по кое било прашање од историјата, посочи вицепремиерот Маричиќ. Во оваа насока, Маричиќ рече дека Бугарија имала поразлична позиција во првичната рамковна позиција од оваа денес, а дека ние имавме проблем повеќе години како да се дојде до оваа точка на рационализација. -Ние кога го почнавме овој процес рековме сакаме достоинствено решение, сакаме решение кое ќе се базира на балансиран компромис и решение кое ќе се втемели и заснова на Европските вредности. Сè она што го имаме во овој пакет ги исполнува овие услови, заклучи Маричиќ....
Извршен одбор на СДСМ: Последниот европски предлог е добра основа за европските интеграции и почеток на преговори за полноправно членство
Весник - пред 9 часа
Извршниот одбор на СДСМ попладнево на седница го разгледуваше последниот европски предлог на француското претседателство за кревање на блокадата и започнување на преговори со ЕУ и врз основа на сите анализи и дискусии, имајќи го предвид интересот на државата и граѓаните, донесе повеќе заклучоци: 1. Предлогот е добра основа и Извршниот одбор целосно ја поддржува Владата да го продолжи процесот на консултации за носење на конечна државна одлука. Во овие моменти е потребно државничко однесување, мудрост и одговорност водејќи грижа за иднината на државата, на сите наши граѓани. 2. Во предлогот, којшто го сметаме дека е европскиот предлог, недвосмислено имаме прифаќање на Македонски јазик во ЕУ, што значи затворање на сите идентитетски прашања. 3. Извршниот одбор на СДСМ констатира дека затворање на идентитетските прашања е најважно и сега е кристално јасно: македонскиот јазик е апсолутно чист и еднаков со другите јазици на Европската Унија. Ова е клучна позиција, државна и национална којашто со овој предлог е обезбедена. 4. Воедно, предлогот ги става билатералните, историски прашања надвор од преговарачката рамка. 5. Исто така овој предлог е во целосна согласност со Резолуцијата во Собранието за државните позиции. 6. Ова покажува дека Владата, премиерот и надлежните институции одговорно постапувале и ги застапувале државните и национални интереси. 7. По завршување на процесот на широки консултации, процесот да продолжи во Собранието. 8. СДСМ уште еднаш ја реафримираше својата позиција за преземање на сите активности, за заштита на националниот, јазичен и историски идентитет на македонскиот народ и неговата посебност како наша врвна вредност и заложба. Членството во ЕУ е историски важно и стратешко прашање а нашето место е во ЕУ. Имаме единствена можност да ја исполниме и нашата долгоочекувана стратешка цел, полноправно членство во ЕУ. Тоа е нашата визија, тоа е нашата иднина. Имаме неповторлива можност обезбедување просперитет на државата, им го должиме тоа на идните генерации. Време е за мудри одлуки СДСМ Центар за комуникации со јавноста...
(ВО ЖИВО) Николоски гостин во „ЗАСПИЈ АКО МОЖЕШ“ на Алфа ТВ
Весник - пред 9 часа
Следете го во живо гостувањето на потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски на Алфа ТВ, во емисијата „Заспиј ако можеш“:...
Граѓаните да ЗНААТ КОИ СЕ ЧЕКОРИТЕ: Македонија нема да почне преговори ако се прифати бугарскиот ултиматум (ВИДЕО)
Весник - пред 9 часа
Граѓаните треба да знаат, дека Македонија нема да почне преговори ако Османи и Ковачевски го прифатат ултиматумот од Бугарија. Тие ќе добијат само едно сликање во Брисел, треба да се вратат назад и да спроведат промени на Уставот, по кои Македонија би можела да почне преговори. -Јас ви гарантирам, дека со ВМРО-ДПМНЕ, нема да има промени на Уставот, посочи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на Алфа ТВ, објаснувајќи ги чекорите кои треба да се случат за Македонија да ги почне преговорите....
Се намалува бројот на пабови во Англија и Велс
Весник - пред 10 часа
Вкупниот број на пабови паднал под 40.000 во првата половина од годината, што значи дека во Англија и Велс има седум илјади пабови помалку од пред десет години. Пабовите кои исчезнале од заедниците се урнати или претворени во станбен и деловен простор, според истражувањето на консултантската куќа за имот Алтус Груп. Угостителскиот сектор се соочи со огромни предизвици во годините на пандемијата бидејќи затворањето и нанесе тежок удар на побарувачката. Пабовите некако успеаја да се извлечат од кризата предизвикана од коронавирусот, а потоа се најдоа под товарот на рекордно високата инфлација и енергетската криза. „Пабовите се покажаа исклучително отпорни на пандемијата, но сега се соочуваат со нови предизвици, се сопнуваат под трошоците за водење бизнис генерирани од зголемувањето на цените на енергенсите, инфлаторните притисоци и повисоките даноци“, вели претседателот на Алтус Груп во Велика Британија, Роберт Хејтон. Од крајот на 2021 година до крајот на јуни 2022, 200 пабови се затворени во Англија и Велс. Во Вест Мидлендс падот е најизразен, со 28 пабови затворени за само половина година. Следуваат Лондон и Источна Англија, каде 24 престанале да работат. Според истражувањето на „British Beer and Pub Association“, „British Institute of Innkeepinga“ и „UKHospitality“, само 37 отсто од угостителските бизниси остваруваат профит. Најголеми тегоби предизвикуваат повисоките цени на енергијата, стоките и работната сила. Угостителството бара од Владата поголема поддршка. „Кога пабовите се принудени да ги затворат вратите, тоа е огромна загуба за локалната заедница и бројките даваат разорна слика за исчезнувањето на пабовите во селата, градовите и градовите низ целата земја“, вели извршната директорка на Асоцијацијата на пивари и пабови на Велика Британија, Ема Мекларкин. Извор: Индекс.хр...
Адеми за протестот: Треба да се воздржиме од насилство
Весник - пред 10 часа
Пратеникот на ДУИ, Арбер Адеми кој пред неколку денови со филџани маваше по колеги пратеници вели дека не очекувал протести пред Влада во вакви околности. -Дозволено е да се изрази и мислење во законските норми. Четирите најголеми политички партии се стремевме за постигнување на стратешките цели – НАТО и ЕУ. Сме потпишале Договор за добрососедство, а протоколот кој се споменува е во насока на имплементација на само еден дел од Договорот со Бугарија, кој никако не е дел од преговарачката рамка. Треба да се воздржиме од насилство. Целиот протест и револт да биде исконтролиран, тоа се наши институции и наш имот. Не треба да оставаме лоша слика пред целата јавност. Дебата има, дискусии има и добро е што е дискутира. Само на ваков начин ќе ги расчистиме недоразбирањата, да ги дообјасниме околу францускиот предлог, рече Адеми во емисијата „24 анализа“. ДИВЕЕЊЕТО на Арбр Адеми во Собрание (ВИДЕО)...
Солза Грчева им се обрати на полицајците: „Тргнете се! Кого браните вие?!“ (ВИДЕО)
Весник - пред 10 часа
„Тргнете се! Кого вие браните?!“ – со овие зборови лидерката на вонпарламентарната партија „Глас за Македонија“ и универзитетска професорка Солза Грчева им се упати на припадниците на полициските единици, поставени наспроти револтираниот македонски народ, кој ги отфрла „францускиот предлог“ и бугарските ултиматуми. Грчева кратко пред ова имаше настап на ТВ Алфа. Ова го објави самата Грчева на својот фејсбук-профил проследено со куса видео-снимка....
СДСМ го осуди вечерашниот протест
Весник - пред 10 часа
Силно го осудуваме насилството и инцидентите што вечерва се случуваат на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ и Левица пред објектите на Владата и Собранието, велат од СДСМ. -Вечерва јавноста виде очаен обид за повторување на упадот од 27 април 2017 од страна на политички партии кои не и мислат добро ниту на државата, ниту на граѓаните. СДСМ, институциите, граѓаните нема да дозволат ваквото опасно, деструктивно постапување да ја загрози иднината на држава, обидите за дестабилизација на државата одново ќе бидат поразени, велат од СДСМ....
Милевски: Ако утре се гласа, ќе гласаме против нека тераат без нас ако нешто ветиле
Весник - пред 10 часа
По средбата на лидерите на помалите партии од владината коалиција ЛДП, ДС и ДОМ со претседателот Стево Пендаровски, претседателот на Либералната партија и министер Горан Милевски, рече дека доколку утре се гласа за франуцскиот предлог, неговата партија ќе биде против. Во изјава по средбата за 24 вести, Милевски вели дека отворено кажале дека најголемиот проблем за нив е образованието и историјата и дека не сакаат да влеземе во ЕУ како втора бугарска држава....
Мисајловски до Адеми за фуснотата за македонскиот јазик: Зошто Албанија нема таков услов за старт на преговорите?
Весник - пред 11 часа
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски во вечерашното свое гостување побара одговори од сите гости во емисијата кои што се за францускиот предлог што точно ќе содржи бугарската изјава во врска со македонскиот јазик. Мисајловски исто така го запраша пратеникот од редовите на ДУИ Арбр Адеми, зошто и Албанија нема ваков услов. -Претходни рековте дека постои услов, а истото ми го спомнавте и на паузата, што значи таа фуснота и што ќе содржи изјавата на Бугарија за македонскиот јазик? Еве зошто Албанија нема таков услов за почеток на преговорите? го запраша Мисајловски својот колега од ДУИ....
Фотогалерија од денешниот протест „Ултиматум – Не благодарам“
Весник - пред 11 часа
И денеска десетици илјадници граѓани дојдоа пред Влада да кажат НЕ! „Ултиматум – Не благодарам“...
Николоски заедно со македонскиот народ пред Влада: Доста е, оставка!
Весник - пред 11 часа
Александар Николоски, потпретседател на опозициската ВМРО ДПМНЕ, и вечерва заедно со македонскиот народ, како и членови на партијата, протестираше против францускиот предлог. -Пред Влада со МАКЕДОНСКИОТ НАРОД! ДОСТА Е! ОСТАВКА!, пишува Николоски....
Вонредна состојба во Охајо поради демонстрации против полицијата
Весник - пред 11 часа
Протестите избија откако полицијата објави видео на кое се гледа како осум полицајци пукаат во Џејланд Вокер (25), Афроамериканец кој бега од сообраќајна полиција. Подоцна беше откриено дека на телото на убиениот Вокер има околу 60 прострелни рани. Според првичните извештаи, осум полицајци од Акрон биле вклучени во пукањето во кое загина невооружениот Вокер. /МИА...
ДРВО ПАДНА врз автомобили во Тафталиџе
Весник - пред 11 часа
Краткотрајниот пороен дожд што го зафати попледнево Скопје направи низа проблеми во градот. Големо, старо дрво падна врз паркирани автомобили во Тафталиџе. Според информациите, оштетени се два автомобили, а во инцидентот нема повредени....
Ладна, топла, од фрижидер…? Еве каква вода треба да се пие по најголемите жештини
Весник - пред 11 часа
Без разлика на надворешната температура, доволниот внес на течности е од големо значење за здравјето и, воопшто, за нормалното функционирање на телото и организмот. Вообичаено се препорачува пиење најмалку два литра вода дневно, поради повеќе причини. Хидратацијата е нешто без кое е невозможно да се спречи појавата на разни болести и да се забрза закрепнувањето од болестите, а таа е почетна точка за секој кој сака да се ослободи од вишокот килограми! Сето ова е особено важно во најтоплите летни денови, кога лесно и брзо губиме течност од телото, а обично секој прво се одлучува за ладна вода. Некој оди дотаму што претпочита да пие вода од замрзнувачот, од кој добар дел е дури и замрзнат, но колку е добра таа идеја? Како што објаснуваат експертите, треба да бидеме многу внимателни со употребата на мраз, дури и кога температурите се многу високи. Имено, истражувањата покажале дека студената вода ја забавува хидратацијата на телото бидејќи се апсорбира побавно од водата на собна температура. Освен тоа, многу ладната вода е „преголем залак“ за нашиот дигестивен тракт и може да предизвика грч на хранопроводникот, што дополнително предизвикува, меѓу другото, болки во градите и грчеви во стомакот. Покрај тоа, може да го доведе телото во состојба на шок бидејќи течноста со екстремно ниска температура влегува во загреаното тело и разликата може да биде триесет или повеќе степени. Поради сето ова, се препорачува да се пие вода на собна температура, како и да се пијат многу течности пред да се излезе надвор во најтоплите денови....
Мисајловски: Овој протест е граѓански, народот е изневерен – Македонија не може да го прифати ова!
Весник - пред 11 часа
На протестот нема само членови од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, таму има и членови од сите партии, има луѓе што се аполитични, луѓе што прв пат ги гледам јас, но може да видиме и активисти на СДСМ или членови од нивното бишво раководство. Овој протест е граѓански. Ние веќе неколку дена протестираме, јас пред малце бев таму тука само што дојдов и повикуваме на разум. Еве повикавме на неколку барања, побаравме лидерска средба, односно средба да се разговара за клучните работи во овој предлог кој што не е прифатлив за нас. Граѓаните се револтирани затоа што ова се прави под маса, се прави многу брзо се прави недоволно транспарентно, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски во неговото гостување во емисијата 24 Анализа. Тој истакна дека поминуваат многу денови, а не можеме да видиме протокол, што ќе има внатре. – Граѓаните не знаат, не веруваат во институциите и за жал можеме да видиме дека народот е изневерен од самите институции. Не може тоа така брзо да се прави, овие консултации требаше да бидат подолго време, да ги слушнат граѓаните, а не само да направат една чек листа дека ги поминале сите партии или сите експерти. Ова се многу сериозни прашања, затоа и вчера претседателот Мицкоски понуди рака повторно да седнеме да разговараме за неколку работи. Не може Македонија да го прифати ова, не може бидејќи влегуваме во слепа улица и тоа треба да го знаат сите до еден, појасни Мисајловски....
СКАНДАЛ НА ПРВАТА ДАМА во Хрватска: Побарала од директорката на нејзиниот син две четворки преку ноќ да му станат ПЕТКИ! И тоа 7 дена по завршувањето на годината
Весник - пред 11 часа
Сања Мусиќ-Милановиќ, сопругата на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, се најде сред скандал кога се дозна, а „Јутарњи лист“ објави дека првата дама на Хрватска извршила притисок врз директорката на загрепската класична гимназија, Здравка Мартиниќ- Јерчиќ, така што две веќе заклучени оценки на нејзиниот помал син по една недела од завршувањето на училиштето, од четворки преку ноќ станале петки. Како што пишува „Јутарњи лист“ за оваа афера, зборуваат професорите и родителите на ова средно училиште кое важи за елитно. А, се дознало и кои предмети се во прашање – математика и латински. И тогаш родителите почнале да се јавуваат во „Јутарњи лист“, оние кои ги виде овие ненадејни промени во е-дневникот. Новинарите тргнале по оваа трага, па се дознало дека професорката по математика, на која претходно се вршел притисок да ги претвори четворката на синот на претседателот во петка, самоиницијативно одлучила тоа убаво да го направи за уште пет ученици во истиот клас, кои имале ист просек како и помладиот син на претседателот. По тој пат тргнала и професорката по латински, која на сличен начин ги претворила четворките во петки. „Јутарњи лист“ пишува дека помладиот син на претседателот е ученик во трети клас во Класичната гимназија и дека е примерен ученик кој има петки по повеќето предмети, но не и по математика и латински. Новинарите на Јутарњи кои разговарале со родителите, чии имиња не се спомнуваат и не негираат дека е добар ученик, но дека не им е јасно зошто госпоѓата мама Милановиќ интервенирала, просекот да му биде 5.00, кога дури и со две четворки е одличен. Инаку, тоа можело да се направи на легален начин за време на училишната година, а не после една недела од крајот на годината да се преправаат оценките. Инаку, законот за воспитание и образование во Хрватска вели дека учениците во основно или средно училиште, како и родителите кои не се задоволни од оценката, имаат право на жалба до Наставничкиот совет во рок од два дена од заклучувањето на оценката. Во овој случај ништо од ова не е испочитувано, тврди „Јутарњи лист“. Оценката по математика е заклучена на 20 јуни, а на 27 е сменета од четворка во петка, кога директорот извршил притисок врз професорката, на инсистирање на Сања Мусиќ-Милановиќ. Од друга страна, директорот за Јутарњи потврдил дека оваа учебна година немале ниту еден преглед на оценките согласно Законот. Прво, како што од повеќе извори е потврдено за Јутарњи, во училиштето се јавила Сања Мусиќ-Милановиќ, по што му праќала мејлови на директорката и на крајот лично дошла во гимназијата на нејзиниот син на разговор со директорката. Наводно, на таа средба Сања Мусиќ-Милановиќ се пожалила на директорката на професорката по математика и рекла дека обезбедувањето на нејзиниот син видело како таа ги пуштала децата 10 минути порано на последниот час кога се завршувале оценките и дека наставничката имала направено типфелер на тестот, па таа требало на некој начин да се дискредитира. Наводно, според тврдењата на нејзините колеги, наставничката неколку пати му понудила на детето да одговара за повисока оценка. Откако попуштила под притисокот и ја ревидирала оценката за Милановиќ јуниор, професорката решила истото да го направи и за уште неколку ученици од класот кои биле во слична ситуација, со која родителите воопшто не биле запознаени, па биле изненадени кога виделе повисока оценка во е-Дневниците нивните деца. Идентична ревизија на оценките имало и по латинскиот јазик, но не само во класот на Милановиќ, туку и на некои други паралелки. ЕПИЛОГ Професорот која ја поправила оценката после ова повеќе нема да му предава на Милановиќ јуниор математика, па како матурант ќе ја добие професорката која му предавала математика во прв и втор клас, кога синот на претседателот имал 5. Според изворите на „Јутарњи лист“, ова не е единствената ваква интервенција на Сања Мусиќ-Милановиќ. Јуатарњи го контактирала пензионирана професорка кој тврдела дека првата дама истото го правела пред осум години кога нејзиниот сопруг бил премиер и кога истото го побарала и за нејзиниот постар син. И тогаш се работело за математика. Постариот син на Милановиќ тогаш бил ученик во втор клас, сите му биле петки освен по математика и латински, исто како и неговиот помал брат, и навистина бил одличен ученик, според она што го кажала неговата поранешна професорка по математика, но едноставно во тој втор клас, никако не можел да добие петка. Директорката на средното класично училиште, Здравка Мартиниќ-Јерчиќ, потврдила дека во оваа учебна година немало ниту едно преиспитување на оценките согласно законот. – Прво, сакам да истакнам дека мислам дека не е коректно да се пишува во медиумите за кој било ученик од нашето училиште, особено што се работи за малолетно дете. Ниту едно дете не заслужува така да се пишува во весниците. Ниту се вршеше притисок врз професорите, од ниту еден родител не беше побарана промена на оценката, а не зборувам за конкретната ситуација за која прашувате, рекла директорката, која на прашањето дали Сања Мусиќ- Милановиќ дошла кај неа и се пожалила, само одговорила дека не смее да го каже тоа за неа или за кој било друг ученик. Не сакаше ништо да каже ниту за тоа што оценките на вкупно 10 ученици се зголемени....
(ВО ЖИВО) ИЛЈАДНИЦИ ГРАЃАНИ ПРОТЕСТИРААТ ПРЕД ВЛАДАТА И СОБРАНИЕТО ПРОТИВ ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ!
Весник - пред 11 часа
Вечерашниот протест од Владата продолжи кон македонското Собрание, каде десетици илјадници граѓани продолжија со скандирање и свирење. Се пеат патриотски песни, се бара оставка и целосно отфрлање на понижувачкиот предлог за Македонија. Дел од граѓаните останаа и пред Владата, каде се продолжи со говорите зошто мора да биде отфрлен францускиот предлог....
(ВО ЖИВО) Граѓаните протестираат и пред Собранието
Весник - пред 11 часа
Македонците кои и вечерва по трет пат масовно излегоа на протест против францускиот предлог од пред Владата продолжија кон Собранието на Република Македонија. Претходно револтираните граѓани ја пробија заштитната ограда и со предмети фрлаат кон Влдата. Францускиот предлог е неприфатлив за Македонците и оттука доаѓа големото незадоволство и револтираноста награѓаните, бидејќи со истиот, практично и се самоукинуваме ко нација....
Стојаноска: Власта вели дека од ЕУ кажуваат дека предлогот е добар, но не слуша што вели македонскиот народ
Весник - пред 12 часа
Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска, во своето гостување во емисијата „Само вистина“ која се емитува на Канал 5 рече дека ова што сега ни се случува не е само од сега туку дека Гордиевиот јазол со краватата го одврза Зоран Заев во 2018 со Договорот од Преспа и рече дека ние сега сме пред одврзан Гордиев јазол, односно владејачкото мнозинство кое вели дека од ЕУ кажуваат дека предлогот е добар, но не слушаат што велат македонските граѓани и затоа македонскиот народ излегол на масовни протести. Не само опозициските партии, туку и граѓански организации и голем број на видни општествени личности побараа да не се држи протоколот во тајност, туку конечно да го видиме францускиот предлог. Не можеме повторно да бидеме ставани пред свршен чин, да ни се дава во пет до дванаесет и да кажеме дека доколку ова не го прифатиме, понатаму нема да добиеме ништо подобро. Комплет ништо не е покажано, а секој ден ако гледаме ги гледаме изјавите на Бујар Османи се дека ќе го објави, не е довршен, па еден дел има кога вели дека е комплетиран во МНР за да наредниот ден да вели дека ЌЕ го докомплетира, а утрово да каже дека со Генчовска повторно треба да бидат на линија за да ги средат работите. Денес и дипломатскиот синдикат излезе со барање за оставка на министерот Бујар Османи токму заради ова држење во тајност. Јас многу се сомневам во овој процес, не знам каква намера имаат да го изведат, слушаме дека можеби ќе дојде во Собрание, можеби нема да дојде но сепак сметам дека е срамно што сето она што во овие денови се изведува од страна на власта и токму затоа не само ВМРО-ДПМНЕ, туку голем број македонски граѓани протестираат пред Владата на Република Македонија и затоа не можам да се согласам со денешната изјава на Маричиќ кој што вели дека е во секојдневна комуникација со бугарската страна, туку тој треба да биде во комуникација со македонската – додаде Стојаноска....
Експлозија на гас во Англија; Пожар зафатил 20 стана, има жртви ВИДЕО
Весник - пред 12 часа
Најмалку едно лице загина, а три се повредени во силна експлозија на гас и голем пожар што избувна во станбен блок во англискиот град Бедфорд. Според Би-Би-Си, тројца повредени се пренесени во болница. Меѓу нив е и пожарникар, кој се наголтал чад по експлозија на гас. Локалната полиција потврди дека едно лице е убиено. Според официјален претставник на локалната полиција, бројот на загинати најверојатно ќе се зголеми во наредните денови бидејќи службите за итни случаи го пребаруваат местото на настанот. Пожарот зафатил 20 станови, јавува Би-би-си. Сведокот Алекс Фелтам рече дека слушнал „силен тресок“ и дека покривот на станбениот блок бил уништен. Пожарот, како што наведе, брзо се проширил. Firefighters are tackling a “major gas explosion” in Bedford which is sending plumes of smoke over the town https://t.co/QHKTpNEnwR — Sky News (@SkyNews) July 4, 2022...
Најмалку шест лица загинаа во пукање на парада за 4 јули во Чикаго
Весник - пред 12 часа
Полицијата изјави дека најмалку 25 лица се повредени и однесени во болница. Осомничениот пукал во посетитете на парада од покривот на околните згради. Истражителите го пронашле оружјето со кое бил изведен нападот. Сцените од немилиот настан покажуаат крв на тротороат и полицајци кои говорат со минувачи. Од видео од посетители се гледа како луѓето бегаат во паника. Според полицијата, властите во околните места треба да оценат дали да ги откажат прославите планирани за денешниот ден. Во САД денеска низ земјата се оддржуваат бројни паради а по повод Денот на независноста. Настаните лани и во 2020 година беа откажани поради пандемијата на Ковид-19. /МИА...
(ФОТО) ДЕВОЈКА БАКНА ПОЛИЦИСКИ ШТИТ: Заедно да ја спасиме државата, не се плашете
Весник - пред 12 часа
Демонстрантите пред Владата откако ја прескокнаа оградата дојдоа очи во очи со полицијата. Замотана во македонско знаме девојка се доближи и го бакна полицискиот штит. Пораката што ја испратија до припадниците на МВР кои го обезбедуваат објектот на Владата е да ги спуштат штитовите, бидејќи како што порачаа демонстрантите тие не треба да се плашат и треба да се заедно со граѓаните кои се присутни на протестот против прифаќањето на францускиот предлог. -Заедно сме, не се плашете. Сакаме заедно со вас да ја спасиме државата, им порачаа демонстрантите на полицајците. Пред Владата трет ден по ред, продолжи протестот против прифаќањето на француски предлог за кревање на бугарското вето и почеток на преговорите на Македонија за членство во ЕУ....
Цвеќе за полицијата, „Пи*чка ви матер за Владата“
Весник - пред 12 часа
„Пичка ви матер“ доби Владата како одговор за прифаќањето на францускиот предлог од толпата народ која го проби полицискиот кордон. Пожестоко е денеска на „Илинденска“ каде граѓаните веќе неколку дена протестираат против потпишувањето на погубниот француски предлог. На униформираните полицајци граѓаните навалија со цвеќе, со повик да им се придружат за Македонија. Дел од нив и го пронија кордонот и продолжија кон зградата....
Демонстрантите се упатија кон Собранието
Весник - пред 12 часа
Македонците кои и вечерва по трет пат масовно излегоа на протест против францускиот предлог од пред Владата се движат низ централното подрачје, а крајната дестинација најверојатно ќе биде Собранието на Република Македонија. Претходно револтираните граѓани ја пробија заштитната ограда и со предмети фрлаат кон Влдата....
(ВО ЖИВО) Дел од граѓаните влегоа во дворот на Владата
Весник - пред 12 часа
Граѓаните бараат оставка од Владата. Некои од нив се судрија со припадниците на полицијата. Дел од демонстрантите влегоа во дворот на зградата на Владата на Македонија....
Пет загинати и 16 ранети во инцидент на прославата на 4 Јули во Чикаго
Весник - пред 12 часа
Полицијата на Хајленд Парк, северно предградие на Чикаго, соопшти дека и понатаму е „активен инцидент“ и ги повика луѓето да се држат настрана. /МИА...
(ВО ЖИВО) ДЕМОНСТРАНТИТЕ БАРААТ ДА ВЛЕЗАТ ВО ВЛАДАТА!
Весник - пред 12 часа
Големи тензии се случуваат моментално пред Владата на Република Македонија каде демонстрантите ја пробија заштитната ограда и се обидуваат да влезат во Владата. Демонстрантите ја убедуваат полицијата да ги спушти штитовите и да ги пушти да влезат внатре. Демонстрантите извикуваат оставка, а во групата граѓани може да се забележат неколку лица со фантомки....
Тензично пред Влада – граѓаните ја пробија заштитната ограда, бараат ОСТАВКА!
Весник - пред 12 часа
Ескалираше ситуацијата на протестот против бугарскиот предлог кој се одвива трет ден по ред пред Владата. Граѓани кои излегоа да го изразат својот револт ја пробија заштитната ограда и со предмети фрлаат кон Влдата. Се скандира Никогаш Северна, само Македонија, се бара оставка, се упатуваат пцости! Се пее за гоцевата раса, се извукува Македонија...
Трајанов: Да се направат напори да не биде дел од преговарачката рамка се што е наметнато од бугарска страна
Весник - пред 12 часа
Нема суштински промени помеѓу првиот француски предлог и овој што е ревидиран. На суптилен начин се вградени сите бугарски барања и сега тие стануваат европски барања. Не е ништо готово, сепак се работи за драфт верзија, оцени вечерва лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов. -Треба да се направат напори да не биде дел од преговарачката рамка се што е наметнато од бугарска страна. Треба да ги имаме истите критериуми како и сите други земји што ги имале. Потребно е да се види и чуе и гласот на народот дали ќе го прифати тоа или не. Владата треба да респектира дека и многу од клучни експерти имаат сериозни забелешки на францускиот предлог, рече Трајанов во интервју за ТВ Сител. Нагласи дека Демократски сојуз инсистира да има широка расправа и граѓаните да бидат запознаени со предлогот и додаде дека се разговара и за идеја да се формира парламентарно меѓупартиско работно тело кое ќе подготви и усогласи заклучоци кои ќе бидат понудени на собраниска седница и потоа да почне расправа. -Таа работна група треба да биде формирана што е можно побрзо и веднаш да почне да работи на заклучоци кои ќе бидат понудени на Парламентот. Ако се отфрли преговарачката рамка сите партии да имаат заедничка одговорност, посочи Трајанов. Како најконтраверзен дел го оцени протоколот кој се уште се усогласува меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји. – Треба да се направат и одредени корекции во преговарачката рамка и сите билатерални прашања да бидат решени преку преговори и да бидат на реципрочна основа. Против тоа сум да се разговара со Бугарите за македонските револуционери. Ако Бугарите го чувствуваат некој дека е Бугарин нека го слават, но треба да се тргнеме од заедничкото славење на историските личности. Историските прашања исто не можат да бидат дел од преговарачката рамка, рече Трајанов и додаде дека преговарачката рамка треба да биде растоварена од се она што значи билатерален проблем. (МИА)...
ВРИЕ народ пред Влада (ФОТО)
Весник - пред 12 часа
Се вијорат знамиња и се пејат патриотски песни во дворот на Владата. Протестот е мирен иако народот е влезен во дворот на Владата од каде што Заев ја тргна фамозната ограда. Народот е јасен во својот став НЕ за Ултиматум, НЕ за Францускиот предлог....
(ФОТО) По клубот на Бугарите, Ламбе го запали и францускиот предлог: Ако мојата дијагноза е пироман, вашата е предавничка!
Весник - пред 12 часа
Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза е предавничка, му порача денеска на властите пејачот Ламбе Алабаковски, кој со македонската химна го отвори денешниот протест против францускиот предлог. Алабаковски порача дека Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија и францускиот предлог се фашизам и симболично го запали листот на кој беа испишани овие штетни договори за Македонија....
Србија: Повеќе од 1.000 новозаразени
Весник - пред 12 часа
Еден пациент починал како последица на оваа болест. На болничко лекување се 121 пациент, додека девет од најтешко болните се на респиратор....
(ФОТО) И ЛАМБЕ АЛАБАКОВСКИ НА ДЕНЕШНИОТ ПРОТЕСТ: Гордо ја испеа химната на Македонија!
Весник - пред 12 часа
Познатиот македонски пејач Ламбе Алабаковски, кој неодамна беше повторно актуелен во јавноста, откако беше обвинет за палењето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, вечерва и тој, помеѓу илјадници граѓани, присуствуваше на сенародниот протест пред Владата, каде гордо ја испеа химната на Македонија....
Ако мојата дијагноза е пироман, вашата е предавничка порача Ламбе и ГО ЗАПАЛИ ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ
Весник - пред 13 часа
Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза е предавничка, му порача денеска на властите пејачот Ламбе Алабаковски, кој со македонската химна го отвори денешниот протест против францускиот предлог....
Девојка од Флорида преживеала напад од ајкула, ќе мора да и ја ампутираат ногата
Весник - пред 13 часа
“Не знаев што да правам, но знаев дека треба да ја удриш ајкулата во носот за да ја тргнеш од тебе”, вели Адисон. Таа почнала да вика помош, а нејзините крици ги слушнал нејзиниот брат Рет Вилингем, кој случајно е пожарникар и техничар за итна медицинска помош. “Слушнав како вреска. Не ја видов, а потоа таа почна да излегува од водата и видов ајкула и многу крв, а потоа стигнав до неа и ја тргнав ајкулата од неа”, вели Рет. Ќе мора да и биде ампутирана ногата Откако ја совладал ајкулата, го запрел нејзиното крварење и ја однел на копно. Трауматскиот тим на локалната болница ја стабилизирал, а хирург извршил итна операција за да и го врати протокот на крв во ногата. И покрај максималните напори на лекарите, утре ќе мора да и биде ампутирана ногата над коленото. “Ќе биде многу полесно на крајот. Возбудена сум поради тоа, да бидам искрена. Уморен сум од седење во кревет”, вели Адисон опкружена со плишани ајкули. „Сите што ме познаваат знаат дека наоѓам хумор во сè, обожавам плишани ајкули. Само ја осветлувам ситуацијата“, изјави таа за Си-Ен-Ен....
(ВИДЕО) Техно-журка во црква во Дојран
Весник - пред 13 часа
Журката била организирана во саботата во црквата Свети Илија во Стар Дојран. Видеата од забавата се појавија на социјалните мрежи, и веднаш ја брануваа јавноста. За едни настанот е скандалозен, за други авангарден, по примерот на забавите во западните земји. Според информациите што ги објавија локалните медиуми, црквата имала дадено согласност само за одржување на поетски настани и концерти на камерни состави што изведуваат класична музика. Инаку верскиот објект датира од 19 век, но бил разурнат во Првата светска војна, а реновиран неодамна од струмичкиот завод и музеј....
Ламбе го отвори денешниот протест со МАКЕДОНСКАТА ХИМНА
Весник - пред 13 часа
Денешниот протест пред Владата беше отворен со македонската химна, која симболично ја испеа Ламбе Алабаковски. Против пејачот во тек е постапка за неговото палење на влезната врата на бугарскиот клуб во Битола. Тој ја изведе и неговата песна „Земјо моја“. https://www.facebook.com/watch/?v=555795279334911...
Стојаноска: Власта вели дека од ЕУ кажуваат дека предлогот е добар, но не слуша што вели македонскиот народ
Весник - пред 13 часа
Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска, во своето гостување во емисијата „Само вистина“ која се емитува на Канал 5 рече дека ова што сега ни се случува не е само од сега туку дека Гордиевиот јазол со краватата го одврза Зоран Заев во 2018 со Договорот од Преспа и рече дека ние сега сме пред одврзан Гордиев јазол, односно владејачкото мнозинство кое вели дека од ЕУ кажуваат дека предлогот е добар, но не слушаат што велат македонските граѓани и затоа македонскиот народ излегол на масовни протести. Не само опозициските партии, туку и граѓански организации и голем број на видни општествени личности побараа да не се држи протоколот во тајност, туку конечно да го видиме францускиот предлог. Не можеме повторно да бидеме ставани пред свршен чин, да ни се дава во пет до дванаесет и да кажеме дека доколку ова не го прифатиме, понатаму нема да добиеме ништо подобро. Комплет ништо не е покажано, а секој ден ако гледаме ги гледаме изјавите на Бујар Османи се дека ќе го објави, не е довршен, па еден дел има кога вели дека е комплетиран во МНР за да наредниот ден да вели дека ЌЕ го докомплетира, а утрово да каже дека со Генчовска повторно треба да бидат на линија за да ги средат работите. Денес и дипломатскиот синдикат излезе со барање за оставка на министерот Бујар Османи токму заради ова држење во тајност. Јас многу се сомневам во овој процес, не знам каква намера имаат да го изведат, слушаме дека можеби ќе дојде во Собрание, можеби нема да дојде но сепак сметам дека е срамно што сето она што во овие денови се изведува од страна на власта и токму затоа не само ВМРО-ДПМНЕ, туку голем број македонски граѓани протестираат пред Владата на Република Македонија и затоа не можам да се согласам со денешната изјава на Маричиќ кој што вели дека е во секојдневна комуникација со бугарската страна, туку тој треба да биде во комуникација со македонската – додаде Стојаноска....
ТАЖНА ВЕСТ: Почина д-р Кирил Доревски
Весник - пред 13 часа
Почина д-р Кирил Доревски, редовен професор на Факултетот за фармација при УКИМ. – Со длабока тага ја споделуваме веста дека на 03.7.2022 година почина нашиот драг и почитуван професор Кирил Доревски. Проф. д-р Кирил Доревски е роден 1934 година во Ресен. Дипломирал на Фармацевтскиот факултет во Белград во 1959 година. Специјализација од областа на медицинската биохемија завршил во Белград во 1967 година. Како дипломиран фармацевт работел како управник на аптеката ,,5 Ноември,, во Ресен и како специјалист-биохемичар во болницата ,,Д-р Трифун Пановски,, во Битола. Во 1977 година на Фармацевтскиот факултет во Белград ја одбранил докторската дисертација. Во 1970 година се вработил во фабриката .,,Алкалоид,, во Скопје и во овој период завршил специјализација од областа фармацевтска технологија. До крајот на 1977 година е на функцијата помошник генерален директор за комерција, финансии и развој, по што бил избран за директор на работна единица ,,Алкалоид,, во Варшава, Полска. Во периодот од 1986-1992 година работел како сојузен секретар за хемија, гума и неметали при Стопанската комора на СФРЈ во Белград. Бил член на Сојузната и на Републичката комисија за регистрација на лекови. Од август 1992 година работи на Фармацевтскиот факултет во Скопје. Како редовен професор покрај стручната работа, научната активност учествува и во едукација на постдипломци, специјализанти и докторанди на Фармацевтскиот факултет во Скопје. Бил претседател на Фармацевтското друштво на СФРЈ, Фармацевтското друштво на Македонија, главен и одговорен уредник на Билтенот на фармацевти и фармацевтски техничари, а подолг период и претседател на Acta Pharmaceutica Yugoslavica. Покрај многу награди и плакети има добиено и Златен орден на трудот за посебен придонес во фармацијата на југословенско ниво. Во периодот од 1992-1993 година бил продекан на Медицинскиот факултет во Скопје, а од 1994 до 1998 година бил декан на Фармацевтскиот факултет. Во текот на двата мандата овозможува подобри материјално-технички услови за работа, пред се изградба на зграда на Факултетот во соработка со Реплек-Македонија. Директно се заложил во учебната 1992/93 година да се воведе нова петтогодишна студиска програма за студенти по фармација. Бил иницијатор за раздружување од Медицинскиот факултет и за осамостојување на Факултетот во 1994 година. Во историјата ќе боде запамтен како прв декан на Факултетот по одвојувањето од Медицинскиот факултет во 1994 година, кој со својата долгогодишна наставно-образовна, стручно-апликативна и научна работа, оставил силен печат за развој на Фармацевтскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје и целокупната фармацевтска дејност во нашата држава. СЛАВА МУ! – стои во објавата на Фејсбук страницата на Факултетот за фармација при УКИМ....
После Мајли Сајрус и Ким Кардашијан како ЛЕПА БРЕНА
Весник - пред 13 часа
Многу забавно и интересно. Денеска е тешко да се биде оригинален, коментира Лепа Брена (61) за Kurir откако најпознатата старлета Ким Кардашијан ја најави новата колекција на костими за капење. Кројот е во стилот на 80-тите, а на фотографијата која Ким ја објави изгледа исто како Брена пред четири децении. Станува збор за ретро модели кои се неверојатно слични на оние што ги носеше пејачката на почетокот на кариерата. Ким има и сини сенки на очите, а Брена така се шминкаше. Таа има и перика со плетенка, а таа фризура ја имаше и Брена што може да се види во спотот за песната „Робиња“. – Што и да се појави, веќе е видено, без разлика дали се работи за мода, ликови од шоубизот… Тоа што се создаваше од 60-тите до 90-тите се епохални работи. Само технологијата сè уште може да не изненади, се друго е веќе видено, но мило ми е што Ким сепак знае што е добро – изјави Брена за Курир....
“АЈКУЛАТА НЕ Е ВИНОВНА, А ЈА УБИЈА“ Србинка која е во Египет се огласила на социјалните мрежи: Еве што се случило
Весник - пред 13 часа
На социјалната мрежа ТикТок една Србинка, која се наоѓа во Хургади, поделила со следбениците детали за напад на ајкула на жена. Татјана Божин се огласила на социјалната мрежа ТикТок и објаснила како поточно се случил нападот на ајкулата на жена во Египет. Таа се огласила од Хургаде и ги поделила со своите следбеници сите детали. “Ајкулата нити и ја одгриза на жената раката, нити ногата. Таа пливала во недозволено време, во седум часот, тука капењето дозволено до шест часот. Во тој дел се корални гребени. Таа прерипала еден дел од гребенот, да влезе во тој дел на морето. Меѓутоа, ајкулата која неа ја гризнала се храни рано наутро или навечер бидејќи на белата ајкула и смета сонце. Така дошло до контакт на ајкулата и жената“. раскажала таа и додала: “Ајкулата ја гризнала за бутот, за артерија и жената искрварила. Починала во болница од адреналински шок, срцето вероватно и застанало и искрварила. Ајкулата не е виновна, жената е виновна што не ги почитувала правилата. Како што велет овде, ние треба да го почитуваме морето, бидејќи ние сме посетители на морето, а не да се однесуваме како што ние сакаме. Ајкулата е убиена, но велат, кога ќе се случи напад тие ја чипуваат, ја враќаат во море и го следат нејзиното движење во случај да не се случи напад....
САД: Убиството на новинарот Ширен Абу Аклех е ненамерно и резултат на трагични околности
Весник - пред 13 часа
Од Стејт департментот денеска изјавија дека не можат да го утврдиат потеклотото на куршумот што го уби американско-палестинскиот новинар Ширен Абу Аклех, во Западниот Брег во мај, но заклучува дека смртта најверојатно потекнува од оган од израелски воени позиции. Експертите утврдија дека куршумот е оштетен што е пречка за да се донесе јасен заклучок, се вели во соопштението од портпаролот Нед Прајс. -Во заклучок од истрагите на одбранбените сили на Израел и на палестинската власт, безбедносниот координатор на САД (УССЦ) заклучи дека оганот од изреалски одбранбени позиции е најверојатно одговорен за смртта на Ширен Абу Аклех, се вели во соопштението. УССЦ не најде причина да верува дека ова е намерно, најверојатно е резултат на трагични околности во текот на воена акција на израелските одбранбени сили против фракции на палестинскиот исламски Џихад на 11 мај 2022 година во Џенин, а по серија терористички напади во Израел, се вели во соопштението./МИА...
(ВО ЖИВО) ТРЕТ ДЕН НАРОДОТ НА НОЗЕ ПРОТИВ ПОНИЖУВАЧКИОТ ПРЕДЛОГ ЗА МАКЕДОНИЈА!
Весник - пред 13 часа
И денеска граѓаните го продолжија сенародниот протест пред Владата против понижувачкиот предлог за земјава, под мотото „УЛТИМАТУМ – Не благодарам“, а голем дел од граѓаните останаа и цела вечер. Погледнете го протестот во живо:...
ВО ЖИВО: Протест пред Влада „Ултиматум – Не благодарам“
Весник - пред 13 часа
Пред Владата во тек е сенародниот протест „Ултиматум – Не благодарам“. Поддршка за протестот дадоа дел од политичките партии, поранешни политички функционери, јавни личности. На вчерашниот протест присуствуваа околу 50.000 граѓани. Од ВМРО-ДПМНЕ денеска повикаа граѓаните да се приклучат на протестот. https://www.facebook.com/watch/?v=3147309472176869...
Ниедна болка не може да се спореди со загубата на дете: НАЈГОЛЕМАТА ТРАГЕДИЈА на Силвестер Сталоне
Весник - пред 13 часа
Силвестер Сталоне, по загубата на својот најстар син Сејџ, замолкна. Сејџ беше првото дете на Силвестер и сопругата Саша Чак. Тој почина на 36-годишна возраст на 13 јули 2012 година во својот стан во Лос Анџелес од срцев удар предизвикан од атеросклероза. Смртта на неговиот син го собори храбриот Роки. Тој бараше осаменост и приватност. Силвестер Сталоне тогаш рече: „Ниту една болка не е посилна од кога родител ќе изгуби дете. Затоа ги молам луѓето да покажат почит кон споменот на мојот талентиран син и да сочувствуваат со љубовта на неговата мајка Саша. Оваа болна загуба ќе остане со нас до крајот на нашиот живот. Сејџ беше нашето првородено дете и центар на нашиот универзум, понизно ве молам да не ја рушите душата и сеќавањето на мојот син.” По разводот на Силвестер и Саша Чак, дошло до тежок период меѓу таткото и синот. По неколку години, тие ги закопаа секирите, па дури почнаа да снимаат филмови и да даваат интервјуа. Сталоне работеше со Сејџ на „Роки 5“, а неговиот син планираше да се бави со продукција. И покрај неговите здравствени проблеми, никој не можеше да замисли дека такво нешто ќе му се случи на овој млад човек. Смртта на неговиот син тешко го погоди Сталоне. Тој се повлече да се бори со својата болка во тишина. Во август 2012 година, актерот изјави: „Многу е тешко. Ова е ужасна ситуација, но тоа е реалниот живот – времето ви помага да се справите и да се обидете да го преживеете она што се случи. Многу е важно да најдете сила да се кренете и да се обидете да живеете. Во спротивно, може да ве вовлече во маѓепсан круг.” На доделувањето на наградите „Златен глобус“, новинарите го прашале Силвестер како загубата на неговиот син влијаела на неговата работа, а актерот одговорил: „Мислам дека во тие ситуации многу помага ако направите нешто. Во случајот со мојот син, сакав да му оддадам почит и ми се чини дека го направив тоа“. По смртта на синот, Силвестер Сталоне среќата ја најде покрај Џенифер Флавин, со која има три ќерки. Заедно со оваа прекрасна 52-годишна жена и поранешен модел, популарниот актер се обидува да остане со младешки изглед за доброто на своите три млади и убави ќерки. Поради ова се шпекулира дека се опседнал со ботокс и разубавување со пластични операции....
Лидерите на ДОМ, ДС и ЛДП на средба со Пендаровски за францускиот предлог
Весник - пред 13 часа
Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов и претседателот на Либерално-демократската партија Горан Милевски, партии кои се дел од владината коалиција. На средбата, како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, Морачанин, Трајанов и Милевски, ги образложиле партиските согледувања за францускиот предлог и ги истакнале нивните загрижености. -На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во земјата и за модифицираниот предлог на француското претседателство со ЕУ за почеток на пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија. Лидерите на трите партии ги образложија партиските согледувања за францускиот предлог, и ги истакнаа нивните загрижености во однос на истиот, информираа во соопштението од Кабинетот на Претседателот....
Ковачевски „бега“ од новинарски прашања, полесно е преку соопштение
Весник - пред 13 часа
Премиерот Ковачевски излезе на „задната врата“ во Клубот на пратениците и ги избегна новинарите. По средбата со Села, Ковачевски не даде изјава за медиумите. Иако бројни новинарски екипи го чекаа во Клубот на пратениците, тој веројатно го искористил некој друг излез и си замина во моментот додека Села ја даваше изјавата за медиумите. Наместо изјава за новинарите и можност да му бидат поставени прашања, Ковачевски се огласи преку соопштение на неговиот кабинет, најверојатно така му било полесно на премиерот. Во рамки на широката консултација која интензивно се одвива, веднаш по добивањето на европскиот предлог, претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски, денес одржа средба со лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села. На средбата, премиерот Ковачевски ги изнесе позициите на Владата во однос на европскиот предлог. Премиерот Ковачевски нагласи дека оваа Владата работи со што поголем консензус и секогаш во интерес на граѓаните и уште еднаш ги потврди ставовите дека потребни се мудри одлуки и заедничка одговорност која ќе ни обезбеди европска иднина. Во разговорите премиерот Ковачевски истакна дека во европскиот предлог имаме дефинирани позиции за јасно и недвосмислено прифаќање на македонскиот јазик, што беше најважното прашање за нас – Македонскиот јазик е апсолутно чист и еднаков со другите јазици на Европската Унија без никакви фусноти, дообјаснувања и ѕвездички. Дополнително премиерот Ковачевски на лидерот на Алијанса за Албанците му порача дека неопходно е државничко однесување и вистинска одлука за мир, стабилност во државата и просперитет на сите народи кои живеат во Северна Македонија. Премиерот Ковачевски истакна дека овој конечен европски предлог овозможува безусловен старт на пристапните преговори на Република Северна Македонија со ЕУ и операционализација на одлуката на Европскиот совет од март 2020, со што преговорите со Европската Унија ќе можеме да ги започнеме веднаш по донесувањето на нашата одлука за прифаќање на предлогот. По добивањето на предлогот од француското претседателство, премиерот Ковачевски одржа консултативни средби со лидерите на владината коалиција, со дипломатскиот кор, граѓанскиот сектор, со претставници на експертската јавност и медиумите. Премиерот Ковачевски најави дека секоја одлука за предлогот ќе се носи низ дијалог и консултации во интерес на иднината на сите граѓани на Република Македонија. – Оваа средба е дел од низата консултативни средби со лидерите на опозицијата, како дел од широката консултација за предлогот на француското претседателство, се вели во соопштението на Владата....
Првото што ќе го забележите на сликата открива какви сте во врска: Проверете дали сте тешки за освојување и што сакате во љубовта
Весник - пред 14 часа
Како што некои од нас по природа се покомуникативни, поотворени, а други поповлечени, така сме различни и во љубовта. Додека има такви кои веднаш ќе ви го отворат своето срце, на други им е потребно многу време и доверба за да бидат целосно искрени...Ако не сте сигурни какви сте во врска, овој брз психолошки тест ќе ви помогне да дознаете. Сè што треба да направите е да ја погледнете илустрацијата и да прочитате нешто за себе во зависност од тоа што прво сте забележале. Профил на маж Доколку првото нешто што го забележавте е профил на маж, вие делувате како тешки за освојување, но тоа баш и не е така. Луѓето лесно помислуваат дека немате големи барања во врската, но сакате некој навистина да се труди околу вас и на тој начин да ви ја покаже својата љубов. Кога ќе го почувствувате тоа, вие возвраќате со иста мера. Маж на коњ Лицата кои најпрвин забележуваат маж на коњ се многу тешки за освојување. Вие сте недоверливи, па оној кој сака да ве освои ќе мора сериозно да се потруди околу вас и да ви посвети големо внимание. Сакате искрена љубов, но полна со страст. Девојка која лежи покрај река Доколку прво забележавте девојка која лежи покрај река, големи се шансите дека сте биле многу повредени во претходните врски бидејќи пребрзо сте го подариле вашето срце и сте се отвориле. Бидејќи сте останале повредени, вашиот најголем проблем е што сега не знаете како да се убедите себеси дека навистина постои вистинска љубов....
Велика Британија воведува нови санкции кон Белорусија
Весник - пред 14 часа
Лондон — Велика Британија најави дека утре ќе воведе нови економски, трговски и транспортни санкции против Белорусија поради поддршката на земјата за рускиот напад врз Украина. Новиот пакет санкции ќе опфати забрана за увоз и извоз на стоки во вредност од околу 60 милиони фунти, вклучувајќи извоз на нафтени деривати, продажба на напредни технолошки компоненти, извоз на луксузни стоки, како и увоз на белоруско железо и челик, пренесува Ројтерс. Британската влада ќе забрани и на голем број белоруски компании да влезат на должничкиот пазар и да ги издаваат нивните хартии од вредност на лондонската берза. „Белорускиот режим активно ја олесни инвазијата на (рускиот претседател Владимир) Путин, дозволувајќи и на Русија да ја користи нејзината територија за да ја притисне Украина – со трупи и лансирање на проектили од белоруската граница и со летање руски авиони над нејзиниот воздушен простор“, се вели во соопштението на британската влада. . Велика Британија веќе ги зголеми увозните тарифи за низа производи од Белорусија за 35 процентни поени и го санкционираше белорускиот претседател Александар Лукашенко и високи владини претставници. Обединетото Кралство, заедно со своите западни сојузници, воведува санкции против руските елити, банки и стратешки индустрии од почетокот на воената акција на Москва во Украина во февруари, додаде Ројтерс....
„Уловен“ ловецот на загрзоени видови – пронајден застерлан покрај својот автомобил
Весник - пред 14 часа
Риан Науде (55) бил пронајден мртов во Јужна Африка покрај својот автомобил. Некој му пукал во глава од непосредна близина. Риан, кој на социјалните мрежи објави фотографии од своите трофеи на загрозени видови, лавови, жирафи и слонови, ја водеше компанијата Pro Hunt Africa, преку која на туристите им нудеше сафари и ловечки патувања. Неговото тело е пронајдено во провинцијата Лимпопо, каде се наоѓа националниот парк. Според јужноафриканските медиуми, бел нисан се упатил кон неговиот автомобил. Двајца од нив излегле од него, а едниот од непосредна близина ја застрелал Ријана во глава. После тоа, од неговиот автомобил извадиле пиштол и побегнале. – Лежеше на грб, а главата и лицето му беа крвави – изјави полицаецот Мамфасва Сеаби. Во неговиот автомобил нашле ловечки пушки, деца, вода, виски и пижами....
Зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце и Богородица, еве колку време се чека
Весник - пред 14 часа
Зголемен е интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија. Како што соопштија од АМСМ, поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање на Граничниот премин Табановце за влез во Северна Македонија е околу еден час. На Граничниот премин Богородица за излез се чека околу 30 минути. На другите гранични премини од македонска страна, од АМСМ додаваат дека нема подолги задржувања за влез и излез од државата....
ПУКАЊЕ на парадата по повоф 4 јули во САД: Се стравува дека има мртви
Весник - пред 14 часа
Очевидци велат дека толпата бегала од пукањето Се стравува дека повеќе луѓе се мртви по пукањето на парадата на 4-ти јули во Хајленд Парк, Илиноис. Сведоците велат дека толпата бегала од пукањето, а други виделе најмалку пет крвави луѓе како лежат на земја, според Чикаго сан тајмс. Бројот на жртвите се уште не е познат. NOW – Multiple people shot at July 4th parade in Highland Park, IL.pic.twitter.com/uJMkG2UhYF — Disclose.tv (@disclosetv) July 4, 2022...
Овие денови во ЈУЛИ се НАЈСРЕЌНИ: За секој знак ќе има и пари, и љубов, и …
Весник - пред 14 часа
Овој јули планетите се наредени на одреден начин и сето тоа има влијание на астро настаните, но и на хороскопските знаци. Космосот тоа ќе го компензира преку среќни денови кои ќе донесат љубов и успех на секој знак во зодијакот. Ќе имате големи шанси да ги постигнете деловните цели, да напредувате, да ја пронајдете љубовта на вашиот живот или да започнете ново животно поглавје со партнерот. Секако, на вас останува да се потрудите и да ги претворите вашите соништа во реалност. Потребна е малку храброст и упорност, но вие ја имате во себе. Овен Среќни денови Љубов: 4, 8, 29. Пари: 3, 15, 30. Бик Среќни денови Љубов: 2, 12, 24. Пари: 9, 20, 25. Близнаци Среќни денови Љубов: 9, 16, 31. Пари: 4, 18, 26. Рак Среќни денови Љубов: 3, 11, 29. Пари: 7, 12, 29. Лав Среќни денови Љубов: 4, 11, 30. Пари: 3, 19, 25. Девица Среќни денови Љубов: 3, 19, 23. Пари: 2, 14, 26. Вага Среќни денови Љубов: 9, 18, 31. Пари: 6, 15, 21. Скорпија Среќни денови Љубов: 5, 15, 29. Пари: 7, 23, 30. Стрелец Среќни денови Љубов: 2, 19, 26. Пари: 1, 14, 25. Јарец Среќни денови Љубов: 1, 16, 23. Пари: 7, 11, 27. Водолија Среќни денови Љубов: 2, 12, 30. Пари: 11, 26, 31. Риби Среќни денови Љубов: 9, 16, 28. Пари: 2, 15, 26....
Општина Дебар со АПЕЛ заради зголемувањето на бројот на заразени со Ковид-19
Весник - пред 14 часа
Општина Дебар до своите граѓани упати апел да бидат внимателни по зголемената инциденца на заразата со Ковид-19 во земјата и двата нови случаи во Дебар. Се верува дека бројот на заразени е поголем, зашто добар дел не се тестираат или тоа го прават во домашни услови со брз тест поради благата форма на болеста. – Почнува да расте бројот на инфицираните лица со коронавирус. Апелираме до граѓаните за поголема внимателност имајќи во предвид зголемената присутност на иселениците, а со тоа и зголемените контакти, како и домашни веселби, стои во апелот на општината. Се додава дека може да се вакцинираат во Општата болница со проширена дејност, што е единствена заштита или да минат со поблага форма доколку дојде до зараза. Од почетокот на пандемијата на крајот на февруари 2020 година до сега, опасниот вирус е дијагностициран кај 1684 лица од оваа и општина Центар Жупа. Починале стотина, а активни на болеста се три лица. На ова подрачје заштитна маска воопшто не се носи, дури ни во места каде што е препорачано, како на пример аптеките....