„Како да носи евтини декорации за елка на нозете“ – Џулија Робертс исмејана заради чевлите со кои се појави на настан
Црнобело - пред 10 часа
„Како да носи евтини декорации за елка на нозете“ – Џулија Робертс исмејана заради чевлите со кои се појави на настан Детали сабота, 02 декември 2023 --> Tweet „Како да ставила евтина декорација за елка на нозете“ – пишуваат светските медиуми во написите, каде се исмеваат празничните чевли што Џулија Робертс ги носеше на претпремиерата на нејзиниот најнов филм. --> Џулија Робертс во средата (29.11) се појави на претпремиерата на нејзиниот најнов филм Leave the World Behind, а ниту студеното време не јa спречи да се појави во смело издание, инспирирано од предновогодишните и божиќните празници. --> Таа на себе носеше кратки панталони и сако од под кое ѕиркаше црн градник од тантела. Но, она што на сите им остави впечаток беа чевлите што ги избрала за оваа пригода. --> --> --> Убавата актерка се појави во чевли на Gucci со синџирчиња со кристали, кои би требало да потсетуваат на кристалните чевлички на Пепелашка, но на нозете на Џулија, според Page Six наликуваа на евтини светкави декорации на нозете. „Овие чевли се одвратни“;„Што носиш на нозете?“ – ја прашуваат твитерџиите во коментари, а некои ѝ забележаа и на промената на фризурата, која воопшто не им се допадна. --> Актерката одлучи седата коса да ја покрие со црвена боја и на настанот се појави со шишки и брановидна коса. Погледнете повеќе фотографии од Џулија во продолжение: Б. С. Б. | Црнобело Tweet Би можело да ве интересира: Бившата на Канје Вест топлес на Кански – Дали ова е најневкусното издание на фестивалот досега? (фот... Џулија Фокс на Кан се појави во „фустан за пумпање млеко“. Горниот дел има корсе... „Не прифаќаше ‘НЕ’ за одговор“ – Четири жени го обвинуваат Расел Бренд, бившиот на Кети Пери, за сил... Имале секс еднаш, а потоа кога не сакале тоа да се случи повторно, актерот ги пр... Првпат посегнала по животот кога ѝ ја одзеле ќерката, смртта на синот ја „дотолчи“ – Тажниот живот н... За првпат посегнала по својот живот кога сакале да ѝ ја одземат ќерката во 1999-... Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ... Џастин Тимберлејк не ѝ бил прв дечко, со Колин Фарел сексот бил како „борење“ – Нови скандалозни при... Првиот брак ѝ траеше само 55 часа, а се омажила затоа што била пијана и ѝ било з... 8 светски ѕвезди кои не сакаат да имаат деца: „Никогаш немав амбиција да бидам родител“ Не сите луѓе сакаат да имаат деца, а тука се и некои од светските ѕвезди. Едни п... -->...
Љубовен хороскоп за декември 2023: Лавови - тајната врска е осудена на пропаст, Ваги - размислувате за брак
Црнобело - пред 11 часа
Љубовен хороскоп за декември 2023: Лавови - тајната врска е осудена на пропаст, Ваги - размислувате за брак --> Tweet Овен – ако сте во брак, избегнувајте караници, бидејќи не знаете како може да реагира партнерот, а ако сте во паралелна врска, бидете многу внимателни, бидејќи некој многу лесно може да ве разоткрие. --> Што ви носи ноември на љубовен план? Кој може конечно да здивне, а кој ќе попушти пред упорните додворувања на личноста што долго време е опседната со него? --> Дали постои можност да почнете нова романтична врска и ако сте во брак, дали ќе западнете во искушение да започнете афера? --> Љубовен хороскоп за декември 2023: Овен Ако сте во врска --> --> На моменти, во првата половина на месецот ќе имате чувство дека губите контрола над некои случувања во емотивниот живот, но тоа не е така во реалноста. Партнерот ќе го исполни ветувањето што ви го дал, потребно е да имате само малку трпение. Имајте разбирање и бидете покрај него. Ако сте во брак, избегнувајте караници, бидејќи не знаете како може да реагира партнерот. Ако сте, пак, во паралелна врска, бидете многу внимателни, бидејќи многу лесно може да ве разоткријат. --> Ако сте слободни Некои слободни Овни месецов ќе имаат средба со некој со кого биле во љубовна врска во минатото. Ако решите да си дадете нова шанса, бидете внимателни, иако, сега сте и двајцата позрели, имате повеќе искуство, па најверојатно и поинаку ќе се поставите во врската. Доколку некој ви се допаѓа, направете го првиот чекор без страв дали ќе ве одбијат или не. Бик Ако сте во врска Не можете да поставите линија меѓу приватниот и професионалниот живот, па затоа многу често ќе влегувате во судир со партнерот. А, тоа може да ја разниша вашата врска, која и онака е на нестабилни нозе веќе некое време. Ќе се обидете да воспоставите рамнотежа, но нема да имате успех во тоа. Сепак, и да ја прекинете врската, нема да страдате премногу, бидејќи ве очекува нова љубовна авантура. Ако сте слободни Доколку не сте во врска, можете да очекувате повик или порака од некој роден во знакот на Рак, Скорпија или друг Бик. Ова ќе ви го подобри расположението и ќе влијае добро на вашето его. Но, сепак ќе се двоумите, бидејќи не сте сигурни дека личноста што ве контактирала е добра за вас. Но, малку забава не е на одмет, особено пред празниците. Близнаци Ако сте во врска Ќе уживате во благодатите на љубовта во текот на целиот месец. Ако бевте гневни на партнерот откако имавте голема караница, најверојатно ќе се смирите. Но, потребен ви е искрен разговор за да си кажете еден на друг сè што мислите и да избегнете расправии на истата тема и во иднина. Ако сте слободни Ако сè уште не сте нашле сродна душа, среќата ќе ви се насмевне овој декември. И ако се случи тоа, ќе имате чувство дека поради љубовта ќе успеете да ги срушите сите бариери. Но, имајте на ум дека сè што е убаво не трае долго, па затоа треба да внимавате со кого влегувате во врска. Некои Близнаци ќе бидат оптоварени и од своето љубовно минато. Рак Ако сте во врска Секој ваш разговор со партнерот може да се претвори во расправија или спротивставено мислење. Ќе ви биде тешко да го контролирате своето однесување. Но, внимавајте да не ја расипете врската поради вашата импулсивност, а подоцна да се каете, бидејќи нема да можете да ги поправите работите. Ако сте слободни Време е да го средите љубовниот живот. Ви се отвораат нови врати и можности, но не донесувајте веднаш одлука дали ќе се впуштите во врска со некој или не. Отидете на неколку љубовни состаноци и видете дали ви се допаѓа и имате ли нешто заедничко, или потенцијалната врска е од старт осудена на пропаст. Избегнувајте флерт со некој за кого знаете дека е во врска. Лав Ако сте во врска Ова е приод во кој Лавовите ќе талкаат и ќе си го бараат своето место во животот на партнерот. Ако сте во тајна врска, бидете сигурни дека таа е осудена на пропаст. На почетокот на месецот ќе чувствувате оптимизам дека работите одат како што треба, но како што одминуваат деновите, ќе сфатите дека ништо не е така како што мислевте. Некои Лавови во брак ќе бидат лути бидејќи во бракот ќе им се мешаат родителите на партнерот. Ако сте слободни Некои сингл Лавови на почетокот на месецот може да запознаат нова личност, особено ако одат на патување, или некој со кого ги поврзува работата. Вие средбата ќе ја доживеете како судбинска, но пред да преземете што било, бидете сигурни дека и другата личност е слободна и дека и вие ја привлекувате. Некои Лавови ги очекува нова голема љубов. Девица Ако сте во врска Во еден момент ќе помислите дека во вашиот живот се враќа љубовна драма, но ќе сфатите дека тоа е само промена низ која поминувате со партнерот и дека нештата за кратко време ќе си дојдат на место. Не се форсирајте да правите работи што не ги сакате или да му ги исполнувате сите желби на партнерот. Понекогаш треба да сте и себични и да мислите на себе, без оглед на тоа колку го сакате. Ако сте слободни Постои личност која сметате дека ви е недостижна, но месецов постои можност да го привлечете нејзиното внимание и да сфатите дека работите не се онакви какви што ви делувале оддалеку. Сепак, не правете премногу компромиси и не глумете дека сте нешто што не сте само за да ја задржите покрај себе. Продолжува на следната страница... Почеток Претходна 1 2 Следна Крај Би можело да ве интересира: 5 хороскопски знаци кои не можат и не знаат да лажат (и зошто) Рибите можат да кажуваат мали лаги ако се сигурни дека со тоа заштитуваат некоја... Што ве прави ужасен партнер, според хороскопскиот знак? Стрелците се однесуваат како да се сингл дури и кога се во сериозна врска, а Лав... 4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво... Со кој хороскопски знак ќе бидете мизерни во врска, според астрологијата? Девици, вие сте личност која сака да остане на едно место и ја цени својата рути... Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б... Како да знаете дека партнерот ве лаже, според неговиот хороскопски знак? Стрелец: Тој е најбрутално искрениот хороскопски знак, но од друга страна застра... -->...
Рецепт за посен ориз со соја топчиња на мексикански начин
Црнобело - пред 11 часа
Рецепт за посен ориз со соја топчиња на мексикански начин --> Tweet Мексиканската кујна не е многу застапена кај нас, но ако еднаш го пробате овој посен рецепт, ќе го готвите често. --> Во текот на постите честопати не можете да се сетите што да зготвите. Или, сакате да направите нешто што не сте јаделе, но немате идеја што би било тоа. --> Пробајте го овој рецепт за ориз со соја топчиња, сигурни сме дека ќе ви се допадне и ќе го готвите често. --> Потребни состојки: ½ шолја долгнавест ориз ½ шолја сушени соја топчиња ¼ шолја ситно сечкани моркови ¼ шолја грашок (свеж или замрзнат) ½ лажичка ким 1 ловоров лист Бибер во зрно (по вкус) 1 мало стапче цимет 2-3 каранфилчиња 1 средно голем кромид, тенко исечкан 1 зелено чили пиперче, ситно сечкано (или лута пиперка, ако немате чили) ¼ лажичка куркума во прав 1 ¼ шолја вода Сол по вкус 1 лажица масло Ливчиња нане за украсување Начин на подготовка: Измијте го оризот во 2-3 води и оставете го да отстои во сад со студена вода 15-20 минути. И топчињата соја ставете ги во сад со топла вода да отстојат 15 минути. По ова, тие ќе набабрат и ќе бидат скоро двојно поголеми. Истурете го вишокот вода и измијте ги под млаз вода. Во тава на среден оган загрејте го маслото, па додајте ги кимот, ловорот, циметот, каранфилчето и биберот. Кога ќе почнат да пукаат зрната ким, во тавата ставете ги исечканиот кромид и зеленото чили пиперче. Пржете ги сите состојки додека кромидот не стане проѕирен и стаклест. Во смесата додајте ги исечканите моркови и грашокот и динстајте околу 2-3 минути. Ставете го оризот (кој сте го исцедиле убаво), па додајте ги и топчињата соја и куркумата. Измешајте сè убаво, па оставете да се динста неколку минути. Прелијте го оризот со 1 ¼ шолја вода, па посолете по вкус и варете го на среден оган околу 10-12 минути, но важно е тавата да ја покриете со капак. Не го кревајте капакот додека се вари оризот, бидејќи ако го тргнете, пареата ќе ја снема, а оризот нема да се свари како што треба. По 10-тина минути исклучете го огнот, но оставете ја тавата на жешката рингла уште 6-7 минути. Откако ќе помнат 6-7 минути, дури тогаш тргнете го капакот од тавата, па со виљушка промешајте го оризот за да се раздвојат зрната. Украсете го со ливчиња нане и послужете го. А. Ј. | Црнобело --> --> Tweet Би можело да ве интересира: 5 предлог посни рецепти за деновите кога не знаете што да јадете Пет рецепти без масло и со масло за деновите додека трае постот. Што можете да п... Вкусно и веганско: Рецепт за намаз кој сигурно ќе ви стане омилен Без разлика дали сте вегани или не, овој намаз е толку вкусен што ќе им биде оми... Викенд десерт: Сутлијаш со пудинг од ванила Дали сакате сутлијаш? Ова е модерна верзија на традиционалниот рецепт, на која н... „Nabeez“ или вода од урми - кои се придобивките за здравјето и како да ја направите? Nabeez, или вода од урми, е традиционален пијалак од Арапскиот Полуостров. Тој е... 4 рецепти за салати - совршено декорирани за божиќната трпеза (видео) Секоја празнична трпеза на себе задолжително има салата. Без разлика дали сакате... 5 брзи (природни) сосови со кои може да ги сервирате мезињата Сосовите го подобруваат вкусот на јадењата давајќи им сосема поинаква димензија.... -->...
До сите родители кои треба да им ја кажат вистината за Дедо Мраз на своите деца
Црнобело - пред 11 часа
До сите родители кои треба да им ја кажат вистината за Дедо Мраз на своите деца --> Tweet „Дедо Мраз постои, но тој не е старец со брада и црвен костим. Тоа е само нешто што им го кажуваме на децата бидејќи се премногу мали да ја разберат вистината. Дедо Мраз е идеја која значи да дадеш нешто без да очекуваш благодарност или признание“. --> Синот: „Тато, мислам дека сум доволно возрасен. Постои ли Дедо Мраз?“ --> Таткото: „Се согласувам дека си доволно возрасен. Нo, пред да ти кажам, имам прашање за тебе. ’Вистината‘ може да биде опасен подарок. Штом ќе дознаеш нешто, не можеш да го ’одзнаеш‘. Штом ќе ја дознаеш вистината за Дедо Мраз, никогаш повеќе не ќе можеш да го разбереш и да се поврзеш со него како сега. Па, моето прашање е: Дали си сигурен дека сакаш да знаеш?“ --> Синот: „Да, сакам да знам“. --> --> Таткото: „Во ред, ќе ти кажам. Да, Дедо Мраз постои“. Синот: „Навистина?“ --> Таткото: „Да, навистина, но тој не е старец со брада и црвен костим. Тоа е само нешто што им го кажуваме на децата. Децата се премногу мали за да ја разберат вистинската природа на Дедо Мраз, па им ја објаснуваме на начин на којшто можат да разберат. Вистината за Дедо Мраз е дека тој воопшто не е личност, тој е идеја. Помисли на сите подароци што Дедо Мраз ти ги дал низ годините. Всушност, јас самиот ти ги купив. Те гледав како ги отвораш. И, дали ми пречеше што не ми се заблагодари? Секако дека не! Всушност, ми причинуваше задоволство. Дедо Мраз е идеја која значи да дадеш нешто само затоа што сакаш да го дадеш, без да очекуваш благодарност или признание. Кога минатата недела видов жена која изгуби свест и повикав помош, знаев дека таа никогаш нема да дознае дека јас сум повикал брза помош. Јас всушност бев Дедо Мраз кога го направив тоа Па, сега, штом знаеш, и ти си дел од тоа. Сега и ти треба да бидеш Дедо Мраз. Тоа значи дека не смееш да им ја кажеш тајната на малите деца и треба да помагаш во избирањето подароци од Дедо Мраз за нив. И, најважно, треба да бараш можности да им помагаш на луѓето. Јасно ти е?“ Извор Tweet Би можело да ве интересира: Поделба на имот - добив стан, но изгубив брат Смртта е тажна и тешка сама по себе, особено кога губиме некој многу близок и др... Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин... „Не истурај го гневот врз родителите, не труди се да им се допаднеш на сите“ – Што би ѝ порачала на ... Немој по секоја цена да се менуваш за да им се допаднеш на другите. Ќе сфат... Ги карам децата на улица во Скопје – ми дотрчува баба со критики, ставам тетоважа – ме судат роднини... Дотеран маж - гарант е бизнисмен и ја изневерува жена му, 100% сите му се лепат,... „Го фатив автобусот за Скопје и ја научив најубавата лекција за љубовта од случаен сопатник“ „Автобусот кон Скопје, како и секогаш, беше со по некое расипано седиште, малку ... Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ... -->...
Дневен хороскоп за САБОТА, 02.12.2023: Девици – држете се настрана од ризични одлуки
Црнобело - пред 11 часа
Дневен хороскоп за САБОТА, 02.12.2023: Девици – држете се настрана од ризични одлуки --> Tweet Вага – Ќе треба да донесете важна одлука. Верувајте во себе и ќе го направите вистинскиот избор. --> Кликнете на вашиот хороскопски знак: --> Tweet --> -->...
Квиз: Патување низ Италија преку 10 прашања
Црнобело - пред 11 часа
Квиз: Патување низ Италија преку 10 прашања --> Tweet Знаете ли каде се наоѓа Мостот на воздишките? Дали ги знаете најосновните факти поврзани со Италија? --> Веројатно нема личност која не сонува да ја посети Италија барем еднаш во животот. --> Без разлика дали сте ја посетиле или планирате да го сторите тоа во иднина, веруваме дека знаете некои основни факти за оваа убава земја. --> Во продолжение следат 10 прашања кои ќе ви бидат како кратко патување низ Италија. --> --> Патување низ Италија преку 10 прашања1. Источна Европа Јужна Европа Северна Европа 2. Рим Милано Неапол 3. Рузмарин Босилек Оригано 4. Свети Петар Дел Дуомо Ниту еден од наведените 5. Ромул и Рем Константин и Цезар Ромул и Константин 6. Пантеон Саграда Фамилија Помпеја 7. ФК Милан ФК Интер И двата 8. Оброк со бифтек Тестенини со доматен сос Пица 9. Венеција Фиренца Рим 10. Археолошко наоѓалиште во Италија Италијански божиќен колач Италијански празник Спирова С. | Црнобело --> фото: depositphotos.com Tweet Би можело да ве интересира: Медицински квиз: Дали ги знаете основните работи? Знаете ли што е ешерихија коли или, пак, каде се наоѓа штитната жлезда? Знает... Географски квиз: Погодете во која држава се наоѓаат градовите Знаете ли каде е Осака? А, дали знаете каде се наоѓа Мека? Знаете ли каде е О... Квиз: 10 научни прашања што треба да ги знаете – колку ќе одговорите? Знаете ли колку време ѝ треба на Земјата за да направи круг околу Сонцето или ко... Колку прашања од квизот „Кој сака да биде милионер“ можете да погодите? Дали се сметате себеси за личност со обемни знаења од сите области? Тогаш овој к... Квиз: Погодете ги имињата на буквите од грчката азбука Покрај алфа и бета, знаете ли како се пишуваат другите букви од грчката азбука, ... Квиз: 7 општи прашања кои мора да ги знаете - на колку ќе одговорите точно? Колку од овие општи прашања, од различни објасти, можете да ги одговорите точно ... --> --> Препорачуваме Дневен хороскопМесечен хороскопНеделен хороскопГодишен хороскопБиоритамСоновникКалендар на плодни деновиКириличен конверторНеработни во 2024 Најчитани неделава Мајката на исчезнатата Вања Ѓорческа во агонија вели: „Немам сила да зборувам за ќерка ми, другарчињата лепат постери и ја бараат“ Македонец (28) инфициран од ХИВ: „Сè уште не сум спремен да им кажам на најблиските дека сум позитивен“ Најтажната приказна од Скопје ЗОО: Жирафата Флопи и нејзиниот негувател Ристе починаа во ист ден 38 дена по раѓањето, четворката од Штип си замина дома: „Леонтина, Михаил, Тодор и Ведран се големи борци“ Барбара Поповиќ со емотивна изведба на „Зајди, зајди“ го расплака Дарко Димитров: „Ти си гордост на Македонија“ Лиле Ристова Стенсхорне живее во Осло: „И моите деца спиеја надвор на минусни температури, одат пеш на училиште без оглед на времето“ Најголемите модни грешки што ги прават дамите кои носат L и XL облека (и како да ги коригирате) Кои се 6-те најголеми патолошки лажговци според хороскопот? Кристина Димитри за односот со бившиот сопруг: „Син ми нема полубрат, ниту брат – фамилијата е таа со која растеш“ Ребека ја испеа „Обиди се“, Куку Леле - „Постела рози“ - Кои ѕвезди ни ја разбудија носталгијата од 90-тите? НОВОСТИДомашниБалканСветШоу-бизнисПромоНастаниФилмМузикаКнигиТехнологијаАвто-мотоНаукаЖИВОТЕН СТИЛЉубов и сексМодаУбавинаЗдравјеФитнесСемејствоПатувањеСвадбиКариераТрансформацииАСТРОДневен хороскопНеделен хороскопМесечен хороскопГодишен хороскопБонус хороскопSonovnikДОМУредувањеГрадинаУбави просториДомаќински советиВо домот на...ХРАНАРецептиДиетиПијалациСоветиЗАБАВАИнтересноХуморЕвергриниФакти и цитатиТестови и квизовиЖивотинско царствоДизајнФото вестиИгриИНТЕРВЈУВидео интервјуаПатуваме со...Разговараме со... Copyright © 2008-2023 CRNOBELO.com Сите права се задржани | Услови за користење | Политика на приватност За насМаркетингКонтакт...
Совети за одгледување љубичици: Издржливи на ниски температури, цветни и во зима
Црнобело - пред 11 часа
Совети за одгледување љубичици: Издржливи на ниски температури, цветни и во зима --> Tweet Едни од најубавите и најшарените цвеќиња кои може да ги сретнете и во зима, се токму љубичиците. Погодни се и за на тераса и за во двор, а лесно може да правите свои комбинации бидејќи се достапни во многу бои и нијанси. --> Љубичиците најчесто се едногодишни растенија, а се одгледуваат поради нивните прекрасни цветови кои ги среќаваме во различни бои. Тие се високи околу 15 до 20 сантиметри, а периодот на цветање им е од септември до мај, што ги прави одличен избор за вашиот двор или градина во зима. --> Овие прекрасни цветови не бараат голема нега и искуство, па веруваме дека со малку знаење, секој би се снашол одлично со нивно одгледување. --> Неколку совети кои ќе ви помогнат да добиете шарена градина и во зима: --> --> Садење и размножување на љубичиците Љубичиците може да ги засадите со семе, а за почеток на есенското цветање се започнува со садење во јуни/јули, додека пак за пролетно цветање сеидбата обично започнува во декември/јануари. Садењето се врши во влажна и стерилна подлога, на длабочина од 5 милиметри, а температурата по можност треба да биде околу 20 степени. Пред да порасне, садот во кој ќе го ставите семето покријте го со проѕирна фолија, со цел да одржувате постојана влага. Времето на ’ртење на семето е од 4 до 7 дена. --> Веќе по втората недела од никнувањето, пожелно е да се започне со прихрана со фосфор, за подобар и побрз развој на кореновиот систем. Пред да ги расадите, во текот на првите пет недели постепено намалувајте ја температурата каде што ги чувате младите коренчиња и тоа до 15 степени. Одгледување и нега на љубичиците Во текот на растот на љубичиците, треба да им се обезбеди добра светлина. Овие растенија не треба да се садат многу длабоко во почвата, бидејќи корените би можеле да изгнијат. Тие добро го поднесуваат мразот, но сепак, температурите кои ќе се спуштат под 16 степени може да доведат до замрзнување на некои видови, додека пак други поднесуваат и пониски температури. Исто така, внимавајте на светлината, затоа што ако се целосно во сенка, тие нема да цветаат туку само ќе се издолжат. Интензивно цветаат до крајот на мај, иако има видови кои цветаат и во текот на целото лето. Имајте предвид дека во топлиот период потребна е дополнителна заштита од зелени вошки. Бидејќи овие растенија најчесто се продаваат во саксии од 7 до 10 сантиметри, тие треба да се пресадат веднаш по купувањето. Ако користите стандардни жардинерии за нив, засадете три растенија во една, доколку пак се одлучите за садење на отворено, тогаш најдобро е да засадите бар 25 парчиња на метар квадратен. Што се однесува пак до наводнувањето, треба редовно да ги полевате, но и да не претерате. Повеќе вода би сакале во рана есен, по садењето, или пак во доцна пролет, доколку нема доволно дожд. М. Ѓ | Црнобело / фото: pixabay.com Tweet Би можело да ве интересира: 6 собни растенија кои лесно ќе преживеат, дури и во домот на „најнегрижливите“ На некои цвеќиња вода треба да им ставате еднаш месечно, други не бараат светлин... Хоја – Растение со уникатен изглед кое мириса на мед, а не бара голема нега (фото) Хоја, познато и како восочен цвет, е растение со уникатен изглед чии цветови исп... Бети од кочанско креирала мини рај во нејзиниот двор во Франција: „Законски сме обврзани да ја косим... „Маслинката беше обична маслинка и јас си ја кроев вака на облаци. Шимширот... 5 пролетни цвеќиња кои ќе успеат и во градината на најнеталентираните Дали сте од оние што не успеваат да се грижат ниту за кактус? Овие пет видови цв... Чести грешки со кои несвесно ги „убивате“ растенијата во домот Често ги пресадувате, сите растенија ги чувате на сонце и заборавате да им ги ис... Направете сами ѓубриво за вашите билки од остатоци од храна и пијалаци - цвеќињата ќе ви благодарат Од овие остатоци од храна и пијалаци, вашите цвеќиња ќе цветаат без престан. Со ... -->...
Девојките масовно јадат сардини за почиста кожа – Колку е точно ова тврдење?
Црнобело - пред 11 часа
Девојките масовно јадат сардини за почиста кожа – Колку е точно ова тврдење? --> Tweet Според девојките на социјалните мрежи, тајната на здравата и блескава кожа се крие во конзервите со сардини. Нутриционист открива дали овој трик може да биде полезен и колку навистина сардините може да ви помогнат за да добиете блескава кожа. --> Во текот на летото, една девојка во своите ТикТок видеа тврдеше дека секое утро јадела сардини за блескава кожа и дека резултатите се видливи, по што голем број луѓе во коментари потенцираа дека и тие го прават истото и дека навистина функционира. --> @ally.renee1 Replying to @H6LLY im telling u its the cheat code !! #sardines #highprotein #healthy #healthyliving #weightloss #clearskin --> ♬ original sound - ally --> --> Нутриционистот Аманда Најберг во изјава за New York Post вели дека сардините му ги обезбедуваат витамините и минералите на телото што му се неопходни за здрава кожа. „Во една порција сардини има големо количество омега 3 масти, 30–70 отсто од дневните потреби за витамин Д, околу 130 отсто од потребите за витамин Б12 и 70-90 отсто од дневните потреби за селен“ – вели таа. --> Таа советува луѓето да консумираат храна богата со витамините A, E, Ц, Д, K и Б, како и со цинк, колаген и омега 3 масни кислеини. Но, она што го нагласуваат нутриционистите е дека многу веројатно кожата нема да се подобри со внесување само на една одредена состојка во исхраната и дека неразновидната исхрана може да предизвика дополнителни проблеми. „Додавањето сардини може да помогне да се надополни недостатокот на одредени хранливи состојки што ви недостасуваат. Но, за да ги добиете најдобрите резултати, треба да се сконцентрирате на вашиот начин на исхрана во целост. Постојат голем број производи што ги консумираме секојдневно, а ѝ штетат на кожата“ – појаснува Аманда. Нутриционистката нагласува дека оние што не јадат сардини и риба истите ефекти може да ги постигнат со консумација на ореви, чиа семе или ленено семе, или пак со јајца, маслиново масло и авокадо. Б. С. Б. | Црнобело Tweet Би можело да ве интересира: Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ... 5 најчести грешки во летната рутина на кожа Летото е сезона на сончеви денови, активности на отворено и шанса да уживате во ... Против акни, против брчки и уште 4 домашни маски за лице Маската од банана, куркума и мед е одлична за проблематична кожа со акни, додека... Природни состојки за убавина што ги користат жените од Блискиот Исток (и вреди да ги пробате) Знаевте ли дека можете да користите кана наместо фарба за коса или етерично масл... Пазуви, колена: Делови од телото што несвесно ги запоставуваме (и треба подобро да ги негуваме) Кожата на лактите и колената се суши полесно, па важно е редовно да ѝ правите пи... 8 грешки што треба да ги избегнувате кога сами ја фарбате косата Немојте да се фарбате барем 24 часа откако ќе ја измиете косата и не се обидувај... -->...
Новак Ѓоковиќ страсно ја бакнува сопругата, Џастин Бибер се шета по влечки – Фото-докази дека и ѕвездите се „обични“ луѓе
Црнобело - пред 11 часа
Новак Ѓоковиќ страсно ја бакнува сопругата, Џастин Бибер се шета по влечки – Фото-докази дека и ѕвездите се „обични“ луѓе Детали сабота, 02 декември 2023 --> Tweet Бен Афлек за првпат е уловен како се смее со ќерка му Серафина, додека носи 5 пици во рацете. Новак и Јелена Ѓоковиќ уживаат во семејниот одмор, а Пријанка Чопра ѝ даваше вода на ќеркичката Малти – Кои ѕвезди во текот на минатата недела беа „уловени“ од папараци додека ги завршуваа своите обврски. --> Навикнати сме да ги гледаме на големото платно или на сцената, па често забораваме дека актерите и музичките ѕвезди се само обични луѓе што водат сопствен живот и немаат постојано околу себе асистенти и помошници што им ги завршуваат обврските. --> Често се случува дел од нив да бидат „уловени“ од папараци додека се обидуваат најнормално да го живеат својот живот, без да водат грижа за изгледот, шминката и облеката што ја носат. --> Фото докази дека и ѕвездите се само „обични“ луѓе: --> --> Бен Афлек насмеан додека купува пици со ќерка му Серафина --> Новак Ѓоковиќ на одмор со сопругата Јелена Продолжува на следната страница... Почеток Претходна 1 2 Следна Крај Би можело да ве интересира: 13 ѕвезди кои можеби никогаш не сте ги виделе во профил (некои нема да ги препознаете) Колку е поразличен Том Круз во профил, а колку актерката Салма Хајек? Кои од нив... 10 светски ѕвезди кои биле во врска и со мажи и со жени Некои од најголемите светски ѕвезди не кријат дека ги привлекуваат и двата пола,... Џиџи Хадид и Зендеја во традиционално индиско сари, Пенелопе Круз со длабок шлиц – ѕвездите на црвен... Зендеја носеше фустан што потсеќа на небо со ѕвезди, Џиџи Хадид носеше екстраваг... Пријанка Чопра: „Ги замрзнав јајце-клетките за да знам дека еден ден ќе бидам мајка дури и да не нај... „Отсекогаш знаев дека сакам да имам деца. Мислам дека тоа никогаш не беше прашањ... 8 светски ѕвезди кои не сакаат да имаат деца: „Никогаш немав амбиција да бидам родител“ Не сите луѓе сакаат да имаат деца, а тука се и некои од светските ѕвезди. Едни п... Светски ѕвезди кои не веруваат во брак и никогаш не се венчале Опра Винфри, Леонардо ди Каприо, Рајан Гослинг, Ал Пачино и Кајли Миног се само ... -->...
Зошто не треба да глумите оргазам со вашиот партнер? (18+)
Црнобело - пред 11 часа
Зошто не треба да глумите оргазам со вашиот партнер? (18+) --> Tweet Зборувањето за оргазмот не само што е поволно за врската, туку влијае и на целокупното сексуално здравје и благосостојба. Зошто не би требало да го лажете партнерот за вашите оргазми? --> Многумина сексот го доживуваат како успешен само ако и двајцата партнери постигнат оргазам. Па, имајќи го овој притисок, неретко партнерите знаат и да глумат. --> Но, бидејќи основата на секоја успешна врска лежи во отворената комуникација и довербата, искреноста поврзана со сексуалните прашања го отвора патот за подлабока поврзаност и подобро разбирање на желбите на партнерите. --> Во продолжение погледнете четири причини кои ќе ве поттикнат да размислите зошто е добро да имате отворена комуникација кога станува збор за доживување оргазам: --> --> Ќе бидете повеќе поврзани и ќе имате повеќе доверба еден на друг Отворената комуникација е камен-темелник на секоја здрава врска, а особено се важни разговорите за сексуалното задоволство. Со тоа што ќе бидете искрени за доживувањето оргазам, ќе ја зајакнете довербата помеѓу вас. Оваа искреност може да доведе до подлабоко разбирање на меѓусебните желби, овозможувајќи ви и двајцата заедно да ја подобрите интимната врска и да го зголемите меѓусебното задоволство. --> Ја подобрувате самосвеста и личниот развој Со преземање искрен пристап, вие истражувате и учите кои аспекти од вашата интимност бараат подобрување. Спротивно на ова, ако глумите оргазам, тоа може да доведе до стагнирање и неисполнет сексуален живот, бидејќи и двајцата партнери може да чувствуваат лажно чувство на задоволство. Поттикнувате отворен дијалог за сексуалното задоволство Кога ќе изберете искреност, наместо глумење оргазам, вие создавате платформа за отворен дијалог во однос на вашето сексуално задоволство. Ова ќе им носи корист и на двајцата партнери, бидејќи може да разговарате за какви било предизвици, да истражувате и да фантазирате повеќе. Водејќи искрени и отворени разговори на оваа тема, се ослободувате од општествениот притисок и митовите околу оргазмот ги заменувате со позитивна секс приказна. Подобро сексуално здравје и благосостојба Зборувањето за оргазмот не само што е поволно за врската, туку влијае и на целокупното сексуално здравје и благосостојба. Преку искрени дискусии, двајцата партнери можат подобро да ги разберат сите потенцијални психолошки, емоционални или физички проблеми кои го спречуваат постигнувањето оргазам. Овие информации овозможуваат да се решат сите основни грижи, како што се стресот или емоционалните бариери, па да се преземат неопходните чекори кон подобрување на сексуалното здравје и благосостојба. Како да ја одржувате или подобрите сексуалната благосостојба? Постојат различни начини да се обидете да ја одржите или подобрите сексуалната благосостојба. Така, најважно е да воспоставите и да одржувате редовна, силна и отворена комуникација со сексуалниот партнер и да разговарате за сексуалните желби и потреби, како и за секое однесување кое ви пречи. Еден важен начин на кој може да ја негувате сексуалната благосостојба е да работите на вашата „сексуална свесност“ т.е. способноста да избегнете да се осудувате себеси или партнерот за време на секс. Поминете време учејќи за сопствените желби или потреби, без разлика дали тоа ќе го правите сами или со вашиот партнер. Сечие тело е различно, што значи ваша одговорност е да дознаете што е она што ви носи сексуално задоволство, а што ви пречи. Денес на пазарот постојат различни секс играчки кои може да ги испробате со цел да го зголемите вашето задоволство. Исто така, за добра сексуална благосостојба важно е да се грижите за сопственото тело, да посветите време во интимна хигиена и негата за себе. Така ќе ја зголемите самодовербата и ќе се чувствувате поудобно во сопствената кожа. Размислете и за начинот на живот и исхраната. Водењето поздрав живот има огромни ментални и физички придобивки кои секако влијаат на подобрувањето на сексуалната благосостојба. И, за крај, секогаш е важно да продолжите да учите. Едуцирајте се за различните начини на доживување задоволство, па можеби ќе станете поотворени за да испробате нови работи и да уживате во нешто што до тогаш не сте го знаеле. М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com Tweet Би можело да ве интересира: 3 секс пози за сите жени кои имаат болки во грбот (18+) Секс поза „лажичка“: Ова е најнежната поза за сите кои патат од болки во грбот. ... Секс поза „редена торта“ која го стимулира клиторисот (18+) Ако сте ја пробале секс-позата „лазања“, тогаш ќе сакате да ја пробате и „редена... Секс поза „шампањ соба“, соодветна и за во просторија без кревет (18+) Жената ја води динамиката, но и мажот помага. Може да се изведе дури и на столче... „Ако имате облини користете ги“ – 11 искрени совети од луѓе за подобар секс (18+) Посилно и побрзо не е иста работа. Само затоа што поранешниот партнер мислеше де... Играчки, секси масажа: Како да го „зачините“ сексуалниот живот (во долга врска)? Дозволете му на партнерот да ве гледа додека мастурбирате, а разговарајте отворе... Како најлесно да зборувате со партнерот за секс, за да си го подобрите сексуалниот живот? (18+) Партнерите можат да зборуваат за безброј работи, но кога ќе дојдат на темата сек... -->...
„Ги купува децата како чевли, не знае да менува пелени“ – Секојпат кога Парис Хилтон беше критикувана како мајка
Црнобело - пред 11 часа
„Ги купува децата како чевли, не знае да менува пелени“ – Секојпат кога Парис Хилтон беше критикувана како мајка Детали сабота, 02 декември 2023 --> Tweet „Детето не е аксесоар!“ , „Го носиш ли тоа дете на лекар?“, „Зошто не објавуваш фотки од ќерката?“, „Зошто премногу објавуваш фотки?“... Ова се само дел од критиките упатени до Парис Хилтон во последните неколку месеци. Колкупати богатата наследничка била мета на критики како мајка? --> Богатата наследничка Парис Хилтон (42) го остави зад себе бурното минато и сега влегува во нова етапа од животот како сопруга и мајка. --> Но, се чини дека луѓето не можат да ѝ ги заборават скандалите од минатото, а сѐ почесто наидува на критики за тоа како се однесува како мајка. --> --> --> Во кои мигови Парис досега била критикувана како мајка? Децата ги доби со сурогат мајки затоа што се плаши од лекари Парис често е мета на критики затоа што за своите деца користела сурогат мајки и не заради тоа што има медицински проблем, туку затоа што стравува од породувањето. „Многу се плашам, сѐ ме навраќа на училиштето. Местото каде ме малтретираа и не можам да истрпам да одам на лекар. Се плашам од инјекции и од инфузии“ – рече таа. --> Таа вели дека овој страв е последица на траумите од минатото, па затоа одлучила да го следи примерот на нејзината добра другарка Ким Кардашијан и децата да ги добие со помош на сурогат мајки. „Ким ми кажа за ова. Ги користам услугите на истиот лекар, доктор Хуанг, кој е најдобар и има свој тим што се справува со сите детали, ги интервјуира сурогат мајките и се грижи за тоа тие да бидат здрави“ – појасни Парис. Не знае да смени пелена Оваа изјава дојде од сестрата на Парис за време на забавата пред Оскарите годинава. Ники Хилтон сакаше да се пофали дека ѝ помага на сестрата да ги научи триковите за мајчинство па рече: „Парис е родена за да биде мајка! Се потрудив да ја научам како изгледа уметноста на менување пелени“. Критики за изгледот на нејзиното синче Пред извесен период Парис им одговори на сите следбеници што на социјалните мрежи коментираа дека нејзиниот син има голема глава и побрзаа да му дадат дијагнози, па на крај ја обвинија дека не води сметка за неговото здравје. „Навистина има болни луѓе во светов. Моето бебе е совршено здраво. И да, секако дека го однесов на лекар, а има само голем мозок“ – напиша Парис во својот одговор. Продолжува на следната страница... Почеток Претходна 1 2 Следна Крај Би можело да ве интересира: Крвта не е вода: Ќерката на Хајди Клум на 19 години е совршенство на плажа - во танга бикини, без гр... Синооката убавица е совршена на модните писти и во едиторијалите, но и во природ... Мајката на Џеј Зи, која има 4 деца, се ожени со девојката на 72 години - Која е нејзината нова сопру... Венчавката на мајката на Џеј Зи и нејзината партнерка Роксан ја изненади јавност... „Ќе ја научиш ли ќерка ти да не биде како тебе?“ – Парис Хилтон критикувана затоа што ќе снима реалн... „Ќе покажеш ли и колку дадилки имаш?“, „Како не ти е срам да се фалиш дека си до... Парис Хилтон се кае за секс снимката: „Сакав само да глумам возрасна - еден ден моите деца ќе се сра... „Ми рече: ‘Снимката е само за нас, никој друг нема да ја види’. Сакав да ме глед... Парис Хилтон се пофали дека вторпат стана мајка, 11 месеци откако откри дека со сурогат добила син Една година откако откри дека се бори со неплодност и дека доби син со сурогат, ... Криси Тајген и Џон Леџенд добија дете од сурогат мајка: „Ќе го носи нејзиното име, отсекогаш сакав 4... Со емотивна објава на Инстаграм, Криси Тајген сподели дека со Џон Леџенд добиле ... -->...
Која е убавицата што го освои Дамиано Давид: Ја воодушевил со настапот во танга, јавно призна дека е бисексуалка
Црнобело - пред 11 часа
Која е убавицата што го освои Дамиано Давид: Ја воодушевил со настапот во танга, јавно призна дека е бисексуалка Детали сабота, 02 декември 2023 --> Tweet Дав Камерон е американска пејачка и актерка која успеа да изгради кариера уште како дете. На 18 години беше свршена со колега, а потоа раскина со него. По раскинувањето на втората сериозна врска јавно призна дека е бисексуалка – Што знаеме за убавицата што успеа да го освои срцето на Дамиано Давид? --> Пејачот на групата Maneskin, Дамиано Давид (24), кој го привлече вниманието на светската јавност по победата на „Евровизија 2021“, во изминатите неколку месеци имаше турбулентен период на љубовен план. --> Во јули годинава цел свет виде како Дамиано се бакнува со друга девојка, додека беше во врска со неговата девојка Џорџија Солери, со која беа заедно шест години. --> --> --> Видеото вирално се прошири на социјалните мрежи, а во италијанските медиуми почнаа да се објавуваат написи за тоа дека Дамиано ја изневерил Џорџија, но и дека таа него прва го изневерила, а тој ѝ вратил. Набрзо по објавувањето на видеото, Џорџија и Дамиано раскинаа, а таа јавно изјави дека причина за разделбата не е неверството. --> „Не сметам дека ексклузивноста е вредност (напротив, вредност е инклузивноста), бидејќи врската меѓу мене и Дамиано беше, со заеднички договор, немоногамна“ – нагласи таа. Понатаму, таа изјави дека од Дамиано побарала да ја прекинат врската затоа што ѝ пречеле големиот број објави во медиумите во кои се шпекулира за нив и дека воопшто никој не знае што навистина се случувало во нивните приватни животи. Сега, неколку месеци подоцна, во светските медиуми се објавени фотографии на кои се гледа како Дамиано се бакнува со американската пејачка и актерка Дав Камерон. Гласините за нивната врска почнаа да се шират во октомври годинава, кога наводно парот бил виден како се бакнува на забава. Набрзо потоа, Дав беше фотографирана како го придружува Дамиано на неговиот концерт во Бразил, а за време на австралиската турнеја парот беше „уловен“ како страсно се бакнува на плажа во близина на Сиднеј. Наводно Дав и Дамиано се запознале на доделувањето на MTV Music Awards 2022, кога пејачот настапи во танга на сцената и многумина останаа вџашени од изборот на неговиот аутфит. По ова тие двајца почнале постојано да се допишуваат на социјалните мрежи. На следната страница прочитајте неколку интересни факти за новата девојка на убавиот Италијанец... Почеток Претходна 1 2 Следна Крај Би можело да ве интересира: Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в... На 16 години се предозирала со опојни супстанци, денес е мајка и сопруга за пример – Бурното минато ... На 15 години мајка ѝ ја избркала од дома, затоа што не можела да се справи со не... Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ... 10 светски ѕвезди кои биле во врска и со мажи и со жени Некои од најголемите светски ѕвезди не кријат дека ги привлекуваат и двата пола,... „Имав мозочен удар, не сум била на љубовен состанок 6 години“: Ретко појавување на Сузан Бојл од Bri... „Прекрасно е чувството што сум повторно овде. За мене е навистина посебно, бидеј... „Не прифаќаше ‘НЕ’ за одговор“ – Четири жени го обвинуваат Расел Бренд, бившиот на Кети Пери, за сил... Имале секс еднаш, а потоа кога не сакале тоа да се случи повторно, актерот ги пр... -->...
Предупредувачки симптоми кои се знак дека веднаш треба да одите на лекар
Црнобело - пред 11 часа
Предупредувачки симптоми кои се знак дека веднаш треба да одите на лекар --> Tweet Многу силна главоболка која се појавила одеднаш, како и силна треска со температура над 40 степени Целзиусови – кои се симптомите што никако не треба да ги игнорирате? --> Симптомите како главоболка и треска се релативно честа појава и во повеќето случаи не треба да ве загрижуваат. --> Но, кога ваквите чести симптоми се јавуваат одеднаш или траат многу подолго од вообичаено, не треба да ги игнорирате. --> Симптоми кои се знак дека веднаш треба да одите на лекар: Многу силна главоболка, без навидум никаква причина Не постои личност која немала барем една главоболка во животот. Токму поради ова, кога ќе се појави, првиот инстинкт ни е да се напиеме апче за болка и да ја игнорираме. --> --> Во повеќето случаи, навистина нема потреба да бидете загрижени. Но, ако одеднаш почувствувате многу, многу силна главоболка, а притоа немате проблеми со мигрени и слично, веднаш одете на лекар. --> Во ретки случаи, многу силната главоболка може да биде знак за мозочно крвавење. Силна болка во градите Ако сте истегнале мускул, имате повреда или што било што знаете дека ќе предизвика болка во градите, тогаш не би требало да се грижите. Сепак, острата, интензивна болка во градите која се јавува без навидум никаква причина може да биде знак за инфаркт или проблем со срцето. Па, не ја игнорирајте. Силна треска Во сезона на грип и настинки, високата температура не е така ретка појава. Во повеќето ситуации, температурата можете да ја третирате и самите. Сепак, ако температурата никако не се спушта или ако почне да се искачува над 40 степени Целзиусови, веднаш одете на лекар. Испрекинато дишење Нормално е дишењето да ви биде испрекинато, односно да бидете „задишани“ по физичка активност, качување скали и слично. Но, ако дишите испрекинато или имате какви било тешкотии со дишењето без причина, одете на лекар. Исто така, ако по физичка активност подолг период имате тешкотии со дишењето, исто така одете на лекар. Продолжува на следната страница... Почеток Претходна 1 2 Следна Крај Би можело да ве интересира: Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м... 10-те најчести причини за главоболка Стресот и анксиозноста, но и проблемите со синусите се дел од најчестите причини... Синдром на нервозни црева: Зошто се јавува и можат ли да се контролираат непријатните симптоми? Подуеноста, дијарејата и констипацијата се најчестите симптоми на таканаречениот... Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест... Дали народните лекови се ефикасни за сезонски алергии (и како да ги намалите симптомите)? Пред да пробате каков бил лек за сезонски алергии, без разлика дали народен или ... Болки во колено - кога можете да продолжите со вежбање, а кога мора да запрете? Болките во колената се едни од најчестите кај спортистите и оние кои редовно трч... -->...
Плетени волуменозни капи и шалови - моден тренд кој ќе ја одбележи оваа зима (фото)
Црнобело - пред 11 часа
Плетени волуменозни капи и шалови - моден тренд кој ќе ја одбележи оваа зима (фото) --> Tweet Ако минатата година во мода беа беретките и шеширите, оваа сезона се враќаат плетените капи. И тоа не какви било, туку волуменозни, од дебела волница. --> Водејќи се од вашиот стил, плетената капа што ќе ја носите може да биде едноставна или да имаат топче на врвот. --> Според стилистите, капата и шалот мора да се идентични за да бидат во мода. --> Во однос на бојата, пак, сè е дозволено – од снежно бела, преку дречливи и пастелни бои, па сè до жар црвена и црна. --> --> Изборот е ваш, ние само имаме неколку предлози. Погледнете што е ин оваа сезона во галеријата: --> А. Ј. | Црнобело Tweet Би можело да ве интересира: Сино-белата кошула на риги е моден хит за лето 2023-та И за на плажа и за лежерни пригоди и за на работа, ова парче облека летово ќе ви... Вистинска дама од мали нозе: 6-годишно девојче од Скопје е мала модна икона (фото) Меланија Петковска (6) од Скопје е мало девојче, но е голем вљубеник во модата.&... Црвена како цреша – Како Македонките ја носат бојата што е вистински тренд оваа есен? Црвени усни со боја на цреша, црвени нокти, црвени чанти, фустани и чизми… Ова е... Девојче (4) од Скопје во розови стајлинзи е мини верзија на Барби (фото) Барби манијата ја зафати и Македонија, а 4-годишно девојче од Скопје со аутфитит... 7 актуелни модни трендови во 2023 (на кои ќе се смееме за некоја година) Од комбинација на карго панталони со високи потпетици до модели со чудни отсечоц... 13 модни трендови за пролет 2023 (директно од модните писти) Хит бои за пролет 2023 година ќе бидат виолетова, црвена и жолта во нијанса на л... -->...
Уметничкото име го зела од порно актерка, работела како стриптизета: Која е српската раперка Мими Мерцедез?
Црнобело - пред 11 часа
Уметничкото име го зела од порно актерка, работела како стриптизета: Која е српската раперка Мими Мерцедез? Детали сабота, 02 декември 2023 --> Tweet Ја сакаат и народњаците и раперите и гасерите… Важи за една од најконтроверзните српски пејачки. Отворено признава дека работела во стриптиз клуб пред да стане позната, а во нејзините стихови без „влакна на јазик“ ги прозива сите – Која е Мими Мерцедез? --> Мими Мерцедез важи за една од најконтроверзните српски раперки, која брзо привлече внимание кај помладата публика заради скандалозните текстови на песните, но и заради нејзината животна приказна. --> Мими Мерцедез е родена како Милена Јанковиќ, во 1992-ра година во Белград, а нејзиното уметничко име нема никаква врска со германскиот бренд автомобили, туку со порно актерката Нина Мерцедез, за која Мими во една пригода рече дека ѝ е како „мајка“. --> --> --> Додека била во средно, Мими сакала да биде независна, па почнала да работи во стриптиз клуб. Таа во една пригода откри дека го соблекувала само горниот дел од облеката и дека таму научила како да се однесува на сцената. --> Нејзината поранешна шефица, Бранка Блек Роуз која е сопственичка на стриптиз клубот и ѝ давала часови по танц и стриптиз, во една пригода откри дека родителите на Мими не биле задоволни со нејзината одлука да работи таму: „Мими дојде кај мене и тогаш беше многу професионална. Нејзината мајка, кога слушна за тоа, дојде кај мене и јас ѝ објаснив дека ќерка ѝ е побезбедна кај мене во клубот, отколку на улица. Кај мене важи правилото дека нема проституција и наркотици, дури и правам нарко тестови не само за танчарките, туку за сите вработени“. Во едно интервју, Мими отворено зборуваше за овој период од својот живот и рече дека не се одлучила да работи во стриптиз клуб затоа што немала пари, туку тоа била искалкулиран чекор. „На стриптиз не ме натера ниту гладта, ниту љубовта, туку рационалната калкулација. Ми се смачи да немам пари за некои работи што ги сакам, размислував долго за тоа што би можела да работам без врски, а платата да ми биде поголема од 20.000 динари. Се откажав од тоа затоа што не сакам да ’рмбам и рапот тоа ми го овозможува“ – изјави таа. Во друго интервју Мими призна дека овој период од животот мошне тешко им паднал на нејзините родители. Тие биле загрижени заради нејзиниот екстремен начин на живот, па се плашеле дека нивната ќерка може да заврши со сериозни проблеми. Рап кариерата ја започнала како членка на рап колективите Bombe Devedesetih и BFOĐ (Bahata familija obrijane Đane), а нејзината песна во 2011-та година беше симната од Јутјуб. Важи за една од најскандалозните и најнекомерцијалните пејачки на српската музичка сцена, а интересно е што од самиот почеток на кариерата, најголема поддршка добила од Реља Поповиќ и Николија, кои често ги споделуваа нејзините видеа. Денес Мими е омилена како кај раперите, така и кај гасерите, но и кај народњаците и фолкерите. Таа во 2019-та година имаше дует со Стоја, со која го снимија хитот „Жена са Балкана“, а настапи и на промоцијата на двата албума на Јелена Карлеуша. Б. С. Б. | Црнобело Tweet Би можело да ве интересира: Настан од светски ранг во регионот: Северина и Дуња Јованиќ модно издоминираа на роденден на српски ... Дуња Јованиќ издоминира со оскаровски гламур на црвениот тепих по повод 9-тиот р... „Се вљубив во сопругот на насловна страница, не му се допаѓа тоа што јас го готвам“ - Лепа Брена отк... „Кога сме дома, јас не сум Лепа Брена, а тој не е светски познат тенисер. Јас су... Се заљубиле кога таа имала 18, а тој 52 години и сите им предвидувале пропаст: Љубовта на Жељко и Ру... Еден од омилените балкански музичари, Жељко Бебек (77), веќе четврт век е во љуб... Првиот дечко ѝ загинал, има дует со Врчак: Факти за Анабела Атијас, позната како Фанки Џи и мајка на... Била многу млада кога го загубила првиот дечко кого многу го сакала, доживеала в... Факти за Тарик Филиповиќ – го сака посинокот како свое дете, сопругата му е вистинска убавица „Никогаш во животот не ни помислував дека ќе се вљубам во жена што веќе има дете... Беше во врска со 24 години помлада жена, откако добија син се разделија: Хрватскиот актер од „Изборо... Изнесе скандалозни тврдења дека поранешната партнерка не му дозволува да го глед... -->...
На 4 години била киднапирана и оставена во шума, па за неа се грижеле мајмуни: Лудата приказна на Марина Чапман
Црнобело - пред 11 часа
На 4 години била киднапирана и оставена во шума, па за неа се грижеле мајмуни: Лудата приказна на Марина Чапман --> Tweet Марина Чапман која живее во Англија тврди дека на 4-годишна возраст била киднапирана, па оставена во прашума во Колумбија. Во наредните неколку години, таа преживеала бидејќи за неа се грижеле мајмуни. Некои луѓе се скептични за нејзината приказна, но таа стои на ставот дека сè што кажува е вистина. --> Приказната за Марина Чапман е една од најнеобичните што ќе ги прочитате. --> Таа тврди дека била киднапирана кога имала само 4 години, во Колумбија во близина на нејзиниот дом, а потоа била оставена во прашума каде, наредните 5 години, семејство мајмуни се грижело за неа. --> Многу експерти се скептични за таквата можност, но нејзините сеќавања од минатото се поврзани само со ситуации во контакт со дивиот животински свет. --> --> Marina Chapman is a woman that was raised by capuchin monkeys pic.twitter.com/PS160JmBD7— Primates (@PrimatesDaily) December 11, 2020 --> Марина претпоставува дека е родена некаде на почетокот на 1950-тите, иако веројатно никогаш нема да го дознае точниот датум. Заборавила да зборува и набрзо научила да комуницира со мајмуните користејќи ги нивните гестови, сигнали и тикови. Таа преживеала, како што вели, гледајќи ги мајмуните и учејќи од нив. View this post on Instagram A post shared by Marina Chapman (@marinachapmanhome) До нејзина 10-годишна возраст, таа вели дека живеела во џунгла без контакт со луѓе и дека била израсната исклучиво од големо семејство капучини. „На почетокот само ме толерираа. Тие всушност не ве сакаат“, изјави таа за LADbible TV.„Еден ден, еден од помладите ми скокна на рамениците и иако дотогаш не знаев како е да те прегрне мајмун, кога ми ја стави раката на лицето, тоа беше најубавиот допир кој сум го почувствувала“. 1. MARINA CHAPMANMarina Chapman says she was four years old when she was abandoned in the Colombian rainforest, where a family of capuchin monkeys adopted her and taught her how to survive. Eventually, Chapman claimed that she lost all use of language and soon learned to… pic.twitter.com/ikFTIEfbT3— Comfort Adeoye😍 (@the_realcomfyyy) February 27, 2023 Следејќи ги мајмуните, таа брзо сфатила дека големите купишта банани кои мајмуните ги чувале паѓале на земја, па можела да ги јаде. Мајмуните ја научиле како да се качува по дрвја, да крши ореви и да оди на сите четири. Научила како да постави кревет на гранки од дрвја за да спие. Еднаш, вели таа, мирен постар мајмун ѝ го спасил животот кога добила ужасни болки во стомакот. „Силно ме стискаше за раката, а потоа почна лесно да ме тресе, туркајќи ме“, вели Чепмен. Ја одвел до поток со матна вода и ѝ ја закопал главата во неа. Марина ја испила нечистата вода и почнала да повраќа, па набрзо почнала да закрепнува. По ова, вели дека била уште поприфатена во групата, која почнала да се грижи за неа и да дели храна со неа. View this post on Instagram A post shared by Marina Chapman (@marinachapmanhome) Продолжува на следната страница... Почеток Претходна 1 2 Следна Крај Би можело да ве интересира: Жената со два пара нозе и уште 4 луѓе кои биле најголеми ѕвезди во контроверзните „шоуа за чудаци“ о... Габриел била жена родена без нозе, односно нејзиното тело завршувало речиси ведн... Зготвила делови од дечко ѝ, медицинска сестра убивала деца – 5-те најзлобни жени кои живееле во посл... Кетрин Најт добила доживотна казна затвор без можност за помилување за само едно... 10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ... Самоубиство, предозирање, убиство: Деца генијалци чии животи завршиле трагично Програмерскиот гениј Арон Шварц изврши самоубиство на само 26 години, додека ист... 16 фото-докази дека во светот уште постојат кавалери и мажи кои ги почитуваат жените Професор кој го држи детето на студентка додека таа фаќа белешки на предавањето,... 10-те најстари родилки во светот (некои имаат и над 70 години) Ерамати Мангама е најстарата родилка во светот која доби дете, односно близнаци,... -->...
Познати Србинки кои претрпеле физичко насилство од своите партнери - денес се силни и самостојни
Црнобело - пред 11 часа
Познати Србинки кои претрпеле физичко насилство од своите партнери - денес се силни и самостојни Детали сабота, 02 декември 2023 --> Tweet Наташа Беквалац, Мина Лазаревиќ - Пејачки, актерки и спортистки од Србија се охрабрија и јавно проговорија за насилството кое го трпеле од своите партнери, со надеж дека ќе ја зголемат свеста за овој сериозен проблем. --> Многу дами од српската јавна сцена отворено проговорија за физичкото насилство кое го доживеале. --> Насилството врз жените е тема за која во последниве години сè почесто се зборува во јавноста. --> Многу жени и покрај поголемата свесност и јавното говорење, и денес се жртви на насилство, но неретко им е страв да побараат помош. --> --> Поради ова, многу жени кои се познати одлучуваат да ги споделат нивните потресни приказни, со надеж дека ќе ги охрабрат и другите жртви. Ова се само дел од дамите од српската естрада кои доживеале насилство од својот партнер и одлучиле да проговорат за тоа: --> Наташа Беквалац Во 2018 година, пејачката Наташа Беквалац го пријави сопругот Лука Лазукиќ дека ја претепал во нејзиниот стан на Дедиње, само четири месеци по породувањето. Парот набрзо се најде на суд, а само една година подоцна, Лазукиќ беше осуден на осум месеци затвор и три години условна казна за нанесена мала телесна повреда врз пејачката. View this post on Instagram A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva) Маја Маријана Пејачката Маја Маријана неодамна проговори за насилството кое го трпела од нејзиниот поранешен партнер Младен. Прво не сакала да го пријави, но по убедување на докторот пејачката отишла во полиција. „Почнавме да се расправаме во автомобилот за нешто ситно. Расправијата стануваше сè поголема, а ние викавме еден на друг. Младен во еден момент ми удри толку силна шлаканица, што за малку ќе изгубев свест“, изјави пејачката. Како што подоцна беше откриено, ова за жал не било првпат Маја да трпи насилство од нејзиниот избраник во тоа време. View this post on Instagram A post shared by Maja Marijana Official (@majamarijanaofficial) Јелена Карлеуша На Божиќ минатата година, пејачката пријави дека сопругот Душко Тошиќ ѝ удрил шлаканица. И, ова не било првпат Јелена да го пријави Душко во полиција. Имено, пејачката пред две години изјави дека Тошиќ психички ја малтретирал и дека ѝ ја свиткал раката, а тој негираше и тврдеше дека се расправале бидејќи имале несогласувања во бракот. View this post on Instagram A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar) Миа Борисављевиќ Пејачката Миа Борисављевиќ беше нападната од нејзиното поранешно момче по настап во еден белградски клуб. По кратка расправија со него, тој ѝ удрил неколку шлаканици, а таа веднаш отишла во полиција и го пријавила. View this post on Instagram A post shared by ❣️𝐌𝐢𝐚 𝐁𝐨𝐫𝐢𝐬𝐚𝐯𝐥𝐣𝐞𝐯𝐢ć ❣️ (@miaborisavljevic) Продолжува на следната страница Почеток Претходна 1 2 Следна Крај Би можело да ве интересира: 30 години откако ја избодеа со нож, Моника Селеш насмеана и среќна – ретко појавување на тенисерката... „Траумата од пред 30 години конечно не се познава на лицето на Малата Мо. Таа е ... Првата сопруга го остави за 15 години помлад стјуард, втората му го зема станот: Бурниот љубовен жив... Српскиот актер Бранислав Лечиќ, во изминатите години беше во фокусот на јавноста... Гоца Тржан со моќна порака до сите жени што се борат за потомство: „Неплодноста не е само женски про... „Не губете време, затоа што времето за жените е мошне важно. Мажот може да стане... Босанец на 85 години се ожени со 38 години помлада жена: „Со години ѝ помагав додека беше во брак со... „Еден ден таа дојде овде и заплака и ми рече дека веќе не може да издржи со сопр... Јелена Карлеуша до хејтерите: „Жените на 45 години не се баби, можат да се сликаат како сакаат“ „Секојпат кога некој ќе ме навреди затоа што имам 45 години, јас слабеам уште 10... Анѓелка Прпиќ изгледа фит во црвено, откако тајно се омажи со најдобриот пријател на нејзиниот поран... Актерката Анѓелка Прпиќ, која во мај доби дете, а неодамна тајно се омажи за нај... -->...
Емотикони што сигурно не сте знаеле дека ги употребувате погрешно (втор дел)
Црнобело - пред 11 часа
Емотикони што сигурно не сте знаеле дека ги употребувате погрешно (втор дел) --> Tweet Во комуникацијата на социјалните мрежи многу често се употребуваат различни емотикони, со цел да ги искажеме своите емоции, или да покажеме каква е нашата реакција на некои објави. Но, дали ги употребуваме правилно? --> При изборот на емотикони најчесто се водиме од изгледот на изразот на лицето или сликичката и ретко обрнуваме внимание кое е нивното вистинско значење... --> Дали сте сигурни дека го знаете точното значење на сите емотикони и дека ги користите правилно? --> Во продолжение погледнете 10-тина емотикони што најчесто се користат погрешно: Не, ова не е возбуден израз, туку се користи не кога некој ќе ве изненади, туку кога ќе ве остави без зборови. --> --> За да покажете дека сте изненадени побарајте го емотиконот со широко раширени очи. --> Ова не е симбол дека сте кул, туку означува „те сакам“. Емотиконот е инспириран од знаковниот англиски јазик, на којшто со ваков облик на раката се вели „те сакам“. Ако не верувате само пребарајте на Гугл како изгледа „I love You emoji“. Ако некому сакате да му кажете дека е „кул“ искористете го емотиконот на којшто не се гледа палецот. Овој емотикон не се користи за некому да му речете „чао“, туку намената му е да му кажете некому дека го прегрнувате и дека му давате поддршка. Рацете на емотиконот се раширени и подготвени за прегратка, иако можеби не ви изгледа така на прв поглед. Продолжува на следната страница... Почеток Претходна 1 2 Следна Крај Би можело да ве интересира: 10 женски и 10 машки предлог имиња за дечиња родени во лето Летото е веројатно еден од најубавите периоди за нови почетоци. Топлото време, д... 5 најемотивни приказни за писма пронајдени во шише Луѓето оставаат датум, адреса и име со надеж дека нивната порака ќе стигне до от... 9 забавни илустрации кои покажуваат дека со стареењето гледаме поинаку на работите Конечно знаеме како да ги распределиме финансиите, избираме практични подароци, ... Волкот и трите прасиња, Црвенкапа: Пет популарни бајки и поуката што ја научивме од нив Иако можеби како возрасни не им придаваме големо значење, бајките се одличен нач... Приказната за момчето кое пораснало во дивината, целосно изолирано од цивилизација - не зборувало, и... Историјата памети неколку случаи на деца кои се израснати во дивината, без никак... Жените му биле секс робинки, ги жигосувал со неговите иницијали – морничавиот култ на Кит Раниер Криејќи се зад семинари за личен развој, Кит Раниер направил култ во кој ги експ... -->...
Третата турнирска фаза во „Есенска тура за 2WIN авантура“ на 2win.mk заврши, следува среќно тркало
Црнобело - пред 1 ден
Третата турнирска фаза во „Есенска тура за 2WIN авантура“ на 2win.mk заврши, следува среќно тркало Детали петок, 01 декември 2023 Tweet Заокружена е турнирската фаза во третото коло од наградната игра „ЕСЕНСКА ТУРА ЗА 2WIN АВАНТУРА“ на играчката платформа 2win.mk на Видеолотарија Касинос Австрија. На страната веќе е објавен списокот со играчите кои освоија награди. На 26. 11 2023 заврши турнирската фаза од третото коло. По заокружување на оваа фаза, ќе следи фаза 2 со дополнителната игра „ Среќно тркало“ која за третото коло ќе се одржи во седиштето на Државна Видеолотарија на Македонија, на 02.12.2023 во 12 часот. Во фаза 2 од наградната игра се квалификуваа првите 10 најсреќни учесници на официјалните ранг листи од наградната игра за секоја категорија. Во оваа фаза ќе се одредат добитниците на наградите, преку дополнителната игра „СРЕЌНО ТРКАЛО“. Секој квалификуван учесник кој претходно веќе е известен, е должен да дојде во точно закажаното време и место. Пред извлекувањето во живо, секој од овие играчи, со себе да носи личен документ за идентификација, со цел уредно да биде легитимиран од страна на комисијата, за да може да го врти тркало и да освои награда, согласно правилата од наградната игра. Наградната игра е со богат фонд на награди, парични и стокови во збирен износ од фантастични 15 049 739 денари. Во рамките на наградната игра, се доделуваат вкупно 230 награди, од нив, 26 се стокови, а 204 се парични награди. Главните награди се автомобил Мерцедес во двете категории. #ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно #ИграјСоНајдобрите Tweet...
Микеле Мороне искрено за пороците: „Мислев дека ќе ме обвинуваат затоа што ги напуштив синовите, 6 месеци пиев без престан“
Црнобело - пред 1 ден
Микеле Мороне искрено за пороците: „Мислев дека ќе ме обвинуваат затоа што ги напуштив синовите, 6 месеци пиев без престан“ Детали петок, 01 декември 2023 --> Tweet „Во 2018-та година се разведов од сопругата и потоа 6 месеци бев пијан секој ден, сѐ додека речиси не завршив во кома предизвикана од алкохол“ – убавиот актер Микеле Мороне раскажува како одлучил да се разведе од сопругата со која има две деца и одлучил наместо на семејството, да се посвети на кариерата. --> Со убавиот италијански актер Микеле Мороне светската публика имаше можност да се запознае благодарение на неговата улога во филмот „365 Days“. --> Тој е во врска со 12 години помладата Моара Сорио (20), а неодамна даде ексклузивно интервју каде зборуваше за љубовната приказна со неговата прва сопруга, но и за борбата со зависностите во периодот по разводот. --> --> --> Актерот кој неодамна наполни 33 години вели дека долго време имал само една цел: „Да сними филм во Холивуд“ и успеа да постигне успех и целиот свет да дознае за него благодарение на филмската адаптација на книгата „365 Days“. „Ако некој дојде и ме праша што е она што ти треба за да успееш во Холивуд и да направиш филм, секогаш ќе му одговорам вака: ‘Јас лично никогаш немав план Б. Или ќе биде или нема да биде. За мене не постоеше начин да не стигнам до Холивуд да направам филм. Јас сум зависник од животот, и од мојата страст’“ – вели тој. --> Но, она што на сите им остави впечаток е тоа што актерот за првпат отворено зборуваше за бракот со првата сопруга и за тоа како прераното стапување во брак се одразило врз неговиот живот. Како што раскажува, пред да стаса до светска слава, тој го допрел дното. За нивниот брак не се знаеше премногу, а овојпат актерот откри повеќе детали за тоа како ја запознал сопругата, но и зошто одлучил да се разведе. Микеле ја запознал Руба во Милано, која била дојдена како турист и набрзо потоа се венчале. Тој раскажува дека се сретнале случајно на Piаzza Duomo, по што тој одлучил да оди и да ја посети во нејзиниот роден Либан, а се венчале само неколку дена подоцна. Продолжува на следната страна... Почеток Претходна 1 2 Следна Крај Би можело да ве интересира: Му беше девојка на Дражен Петровиќ, го одведе во смрт пред 30 години – Која е Клара Саланци, жената ... На денот на страшната несреќа пред 30 години, Клара Саланци го зела Дражен Петро... Џесика Алба пие солена вода: Најчудните навики и ритуали на познатите личности Криси Тајген има изјавено дека само го лиже зачинот од чипсот како Doritos и не ... Метју Пери објавувал чудни фотки на Инстаграм – фановите мислат дека си ја предвидел смртта + нови д... Официјалната причина за смртта на Метју Пери сè уште не е откриена, но неговите ... Ал Пачино (82) на гости кај бившата, додека е во врска со 54 години помлада девојка – Бурниот љубове... Ал Пачино беше забележан како излегува од домот на поранешната девојка Лусила Со... Провалил во туѓ дом без облека под дејство на дрога, 2 пати беше во затвор – Мрачното минато на Робе... Поради зависноста од дрога, Роберт Дауни Џуниор беше уапсен безброј пати, двапат... Бред Пит го прослави 59-тиот роденден со 30 години помладата девојка, откако ја однесе на премиерата... Во саботата Бред Пит го прослави 59-тиот роденден, и тоа со новата, 30 години по... -->...
Вирален празничен коктел кој изгледа како снежна кугла – се прави и без алкохол (видео)
Црнобело - пред 1 ден
Вирален празничен коктел кој изгледа како снежна кугла – се прави и без алкохол (видео) --> Tweet За овој коктел кој изгледа волшебно ќе ви требаат само три состојки – малку вода, гранче свеж рузмарин и омилениот проѕирен пијалак. --> Во претпразничната сезона, на ТикТок и Инстаграм често се споделува коктел кој наликува на снежна кугла. --> Виралниот коктел е мошне едноставен за правење, а изгледа како да имате минијатурна снежна сцена во чашата. --> Сè што ви е потребно се стаклена чаша, гранче рузмарин, малку вода и омилениот проѕирен пијалак. --> --> Во стаклена чаша ставете малку вода, па поставете го гранчето рузмарин така што ливчињата ќе му бидат свртени надолу. Потоа само ставете ја чашата во замрзнувач. Кога водата ќе замрзне, додајте го омилениот пијалак. --> View this post on Instagram A post shared by Ain’t Too Proud To Meg (@ainttooproudtomeg) Најпопуларна е комбинацијата од џин и тоник, но можете да ставите и само кисела вода или кој било проѕирен пијалак што ви се допаѓа. Неколку видеа за инспирација: View this post on Instagram A post shared by Lotte Michelsen (@lotte_michelsen) View this post on Instagram A post shared by 𝐓𝐇𝐄 𝐆𝐀𝐑𝐃𝐄𝐍 𝐒𝐇𝐄𝐃 𝐃𝐑𝐈𝐍𝐊𝐒 𝐂𝐎. (@thegardensheddrinksco) View this post on Instagram A post shared by Abundant Tables (@abundanttables) View this post on Instagram A post shared by emily 🌷 (@emilyysherman) Спирова С. | Црнобело Tweet Би можело да ве интересира: Како правилно се вари турско кафе? Поради неколку грешки (кои сите ги правиме) го уништуваме вкусот Ставате премногу кафе и дозволувате неколкупати да ви проврие во ѓезвето... Вака... 3 есенски коктели што ќе ве натераат да заборавите на летото Есенски џин-тоник со вкус на цимет и коктел со мед и круши – вкусовите на есента... Рецепт за греан Аперол со бело вино - зимска варијанта на познатиот летен пијалак Дали знаевте дека покрај греано вино, луѓето сакаат и греан Аперол? Можеби звучи... Рецепти за 3 розови Барби коктели, идеални за летните дружби со пријателките Барби коктели со вкус на кокос, џин или вермут. За следното дружење со другаркит... Популарни коктели со џин - вистинско освежување во топлите летни ноќи Ако сте од оние што не сакаат премногу измешани вкусови тогаш едноставниот кокте... Еспресо шприцер: Новиот омилен пијалак за ова лето, на сите вљубеници во кафето Ако сте љубител на кафе, еспресо шприцер одличен избор за да ги задоволите вашит... -->...
Колумна на амбасадорот Дејвид Гир: „16 дена активизам против родово насилство“
Црнобело - пред 1 ден
Колумна на амбасадорот Дејвид Гир: „16 дена активизам против родово насилство“ Детали петок, 01 декември 2023 --> Tweet Амбасадор Дејвид Гир, Шеф на Делегација на ЕУ: Ја одбележуваме овогодинешната кампања „16 дена активизам против родово насилство“ во запрепастувачки околности. Една од три жени ширум светот доживува насилство од партнер или сексуално насилство во текот на својот живот. Ова е без оглед на нејзиното минато, култура, етничко потекло, возраст или религија. Ова се случува во 21 век . Во овој поглед, Северна Македонија не е исклучок. --> --> И покрај многуте напори, ниту една земја сè уште не успеала да стави крај на насилството врз жените или семејното насилство. Напротив, во контекст на кризи, конфликти и војни, сведоци сме на експоненцијален пораст на ваквото насилство. Ова ја прави колективната акција уште поитна. --> Слоганот на овогодинешната глобална кампања е „Обединете се„ Инвестирајте за да го спречите насилството врз жените и девојчињата. --> --> Следува заштитата. Државните институции треба да се грижат за благосостојбата на жртвите, понекогаш заедно со партнерите од граѓанското општество. И, зајакнување на системите за поддршка за да се слуша и почитува гласот на секоја жртва. --> И третиот елемент, каде што сите имаме улога. Да се прекине молкот околу насилството врз жените. Да не бидеме неми набљудувачи. Туку, да ги охрабриме жртвите и оние што се сведоци на насилство да го пријават. Затоа што родовото насилство не е приватно прашање, ниту женско прашање, туку прашање за целото општество. Доколку останат неказнети, насилниците повторно ќе напаѓаат. Против нашите ќерки, партнери, пријатели… ЕУ пристапи кон Истанбулската конвенција на 1 октомври 2023 година, нагласувајќи ја нејзината посветеност да стави крај на родовото насилство. Оваа заложба се протега на донесување и ригорозно спроведување на закони кои ги штитат жените од различни форми на насилство, вклучително семејно насилство, сексуално вознемирување и трговија со луѓе. И да се воспостави принципот дека сексуален однос без согласност е силување. Законодавството на ЕУ и сите релевантни меѓународни стандарди се основа за нејзините напори за спречување на родово насилство и за заштита на жртвите. Не само во рамки на ЕУ, туку и во нејзината надворешна акција. Северна Македонија, како земја која преговара за членство во ЕУ и потписничка на Истанбулската конвенција, е посветена на постигнување родова еднаквост, унапредување на правата на жените и спречување на сите форми на родово насилство. Во 2021 година, земјата го усвои Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство. Овој закон воведе уредби за систематска реинтеграција на жртвите. Друг важен развој беше усвојувањето на измените на Кривичниот законик за усогласување со Истанбулската конвенција, според кој семејното насилство и родовото насилство се кривично дело. Следниот важен чекор во справувањето со родовото насилство би бил усвојувањето на новиот Закон за родова еднаквост. Ги охрабруваме институциите да продолжат со овој процес за да се обезбеди негово брзо усвојување. Она што сега треба да се направи е усогласување на постојната законска регулатива и олеснување на неговата имплементација со подзаконски акти. Да се подобри капацитетот на прифатилиштата. Да се зголеми нивото на експертиза за решавање на случаи на семејно насилство во рамки на полициските сили. Сето ова додека се подобруваат услугите за жртвите - не само жените, туку и мажите, LGBTIQ лицата или жртвите на трговија со луѓе како и адресирање на основните причини за насилство. Со години ЕУ и помага на Северна Македонија да напредува во родовата еднаквост и во напорите за искоренување на родовото насилство. Со промовирање на родовата перспектива во контекст на процесот на пристапување во ЕУ и нејзино вклучување во нашите различни програми и проекти за соработка, генерално, имаме за цел да обезбедиме дека овие цели се на врвот на нашата работа во многу различни сектори. Дополнително, спроведуваме конкретни акции заедно со партнерите од граѓанското општество за да помогнеме да се затвори родовиот јаз и да им помогнеме на жртвите на родово насилство. Ова е фокусот на нашиот водечки проект ЕУ за родова рамноправност, и е еден од приоритетите на нашата Програма за граѓанско општество. Вториот ќе помогне во справувањето со прашања како што е имплементацијата на Националната стратегија за родова еднаквост; родово одговорно креирање политики; централно и локално буџетирање; подобрување на социјалните и економските права на жените; зајакнување на механизмите за следење итн. Таквата помош опфаќа и обезбедување услуги и прифатилишта за жени-жртви на родово и семејно насилство, СОС телефони за помош и услуги за ранливи групи и жртви на трговија со луѓе. Исто така, нашата поддршка за засегнатата држава треба да резултира со формирање на најмалку три целосно функционални прифатилишта за жртви на семејно насилство и трговија со луѓе. Освен домување и медицинска помош, овие прифатилишта ќе обезбедуваат и психосоцијална поддршка, советување, правна помош и помош при наоѓање работа. Сепак, ова е само дел од помошта на ЕУ во оваа област. Заедно, можеме и треба да направиме повеќе. Како на пример здравствените и социјалните услуги да одговорат на специфичните потреби на жените и девојките, особено на оние од маргинализираните и недоволно услужените заедници, а особено на жените со попреченост. Ова значи универзален пристап до сеопфатни услуги за сексуално и репродуктивно здравје, вклучувајќи планирање на семејството, контрацепција, пренатална и постнатална грижа, како и безбедни и легални услуги за абортус. Дополнително на ова е сеопфатното сексуално образование во училиштата, како стратегија соодветна на возраста и базирана на докази за спречување на родовото насилство и почитување на сексуалното и репродуктивното здравје и правата на младите. Ова треба да оди рака под рака со поголемо учество на младите луѓе, особено младите жени и девојки, во креирањето и спроведувањето на политиките и во донесувањето одлуки. Заедно со работата на ниво на заедницата да се изградат позитивни општествени примери и можности. Мисијата на ЕУ во оваа област е јасна: да се залага за родова еднаквост и генерално да ги зајакне жените. И да се осигураме дека секој поединец може целосно да ги ужива своите човекови права без дискриминација. ЕУ ќе продолжи да работи одлучно заедно со сите партнери кон оваа цел. И ние очекуваме Северна Македонија и другите земји на нивниот пат кон пристапување во ЕУ да ни се придружат во ова партнерство. Tweet Би можело да ве интересира: Македонските Дејвид и Викторија Бекам се прошетаа на скопскиот аеродром (фото) Македонскиот фотограф Стефан Соколовски и моделот Луна Декиќ Стефановска го прес... Каролина Гочева сподели видео од одморот во Хрватска - Пејачката уживаше на море со мајка ѝ, сестра ... Нашата пејачка Каролина Гочева ова лето го искористи да замине на одмор во Хрват... Емотивно видео на Македонка која боледува од Хочкинов лимфом: „Се плашев како ќе реагира ќерка ми ко... „И јас всушност цело време мислев дека мене тешко ќе ми паѓа тоа што косата ќе п... Заедно сме посилни! Кампања против говор на омраза на социјалните мрежи! Александра, Миа и Маја во у... Ова не е обична приказна, ова не се обични фотографии, ова е нешто што долго тле... По Дејвид Бекам и македонски дизајнер се огласи дека шета во влечки и чорапи (фото) Дизајнерот Златко Јовановски, го обожава трендот на носење влечки со чорапи, ист... По долго време Врчак се враќа на сцената со нова песна: Какви се реакциите на јавноста? Раде Врчаковски Врчак по долго време се враќа на македонската музичка сцена, но ... -->...
Ноне покажа како навистина изгледа посетата на пирамидите во Египет - Многу луѓе и коњски кочии
Црнобело - пред 1 ден
Ноне покажа како навистина изгледа посетата на пирамидите во Египет - Многу луѓе и коњски кочии Детали петок, 01 декември 2023 --> Tweet Ноне откри дека додека јавале камила, мажот кој ги водел се ценкал со нив колку пари ќе им наплати, но покажа и како изгледаат камповите со камили и коњи каде сите чекаат туристи, а со тоа го долови Египет на начин кој најчесто не се гледа на совршените фотки на Инстаграм. --> Поранешната пејачка, Ноне Неделковска, која со години работи на брод, е во посета на Египет. --> Таа објави неколку фотографии и видеа и покажа како навистина изгледа посетата на пирамидите – гужва од туристи, локалци, коњски кочии, камили... --> --> --> И, го долови на начин кој најчесто не се гледа на совршените фотки на социјалните мрежи. Ноне откри и дека додека јавале камила, мажот кој ги водел се ценкал со нив колку пари ќе им наплати, како изгледаат камповите со камили и коњи каде сите чекаат по некој турист, но и како се облечени локалците... --> „Големата пирамида во Гиза, Египет. Забавен факт – тоа е највисоката рачно изградена градба на Земјата пред скоро 4.000 години. Светско чудо“, напиша таа. View this post on Instagram A post shared by Nona 🌸 (@nona.nedelkovska) „Ноне, ти знаеш да живееш“, „Задолжително да влезеш во големата пирамида“ – ѝ напишаа следбениците на Инстаграм во коментарите. Повеќе фотки на следната страница... Почеток Претходна 1 2 Следна Крај Би можело да ве интересира: Денес се слават светите Кузман и Дамјан, заштитници на лекарите - Што не треба да правите на овој де... Светите браќа целиот свој живот го посветиле на лекување на луѓето, а не барале ... Сара Мејс и Димитар Атанасовски на егзотичен одмор во Египет - пејачката во топ форма по второто пор... „Само одмор, лето, море, коктели и детски насмевки - давај животе“, порачува Сар... Ноне повторно замина на брод и објави фотки со мистериозен дечко: „Имам и машки пријатели“ Откако на Инстаграм сподели фотографии со мистериозен маж, за кој напиша дека се... Ева Нединковска: „Чекав ред во државна институција, се најдов во небрано и жена ми ‘тутна’ 50-денарк... „Чекам на шалтер. Носам само картичка, кеш во мене немам. Забележувам дека сите ... Миа Костова - смртта на баба ѝ, Агнеса Органџиева - злобните коментари за разводот: Што ги повредило... „Најсилно допре до мене смртта на баба ми пред неколку години. И бев свесна дека... Пар од САД е воодушевен од посетата на Македонија: „Охрид во есен е прекрасен, земјава е мало парче ... „Ова е мало парче рај, скриениот бисер на Европа“ – млад американски пар е вооду... -->...
Се одржа првата „HalkTalk 2023“ бизнис-конференција за претприемачки организирана од Халкбанк
Црнобело - пред 1 ден
Се одржа првата „HalkTalk 2023“ бизнис-конференција за претприемачки организирана од Халкбанк Детали петок, 01 декември 2023 Tweet На настанот што се одржа во Македонската филхармонија, на сцената говореа искусни претприемачки клиенти на Халкбанк, како и Агњешка Шпионек, специјалната говорничка од Mastercard Advisors. „HalkTalk 2023“, конференцијата организирана од Халкбанк, а поддржана од Mastercard, која на едно место ја собра бизнис-заедницата на жени, се одржа под мотото „Се инспирираме и се охрабруваме една со друга“. Настанот беше дел од постојната поддршка и мотивација на жените претприемачи што имаат основано или се во процес на основање свои сопствени бизниси. На сцената на Македонската филхармонија, говорничките клиенти на Халкбанк блеснаа со своите говори преку кои ги споделија нивните искуства, предизвици и соништа за иднината на своите успешни бизниси. Говорите на Сања Лазаревска („For Lady“), Александра Никофоровски (балетска продукција и училиште „Булфрогс“), Симона Тасевска („Рикомак“), Сања Кокалова („Прима Фарм“), Катарина Георгиевска („Ранчо и Ванчо на Ката“), Данче Азманова Мирчевска (workingmom.mk/„Trixiebox“) и Снежана Илова (Дом за нега на стари лица „Жана“ – Неготино) добија искрени аплаузи од присутните гостинки, сегашни и идни претприемачки и соработнички на Банката. На динамичната панел-дискусија на тема „Финансиска слобода и независност: колку (многу) е потребно за почеток?“, која отвори, а истовремено и одговори голем број прашања поврзани со водењето сопствен бизнис, дискутираа Бојана Стојменовиќ-Петровска – психолог и консултантка за ментално здравје, Симона Константиновиќ – „Кеншо мајнд хаб“ и Пенка Муакетова – „Консалтинг Интер Груп“. Специјалната говорничка на оваа конференција, Агњешка Шпионек, Директорка на Mastercard Advisors, говореше за новите трендови во бизнисите и за перспективите што со себе ги носи вештачката интелигенција. „Оваа конференција е уште еден доказ дека ние како банка посветено работиме на поддршката на женското претприемништво. Јасно го гледаме фактот дека бизнисите водени од жени значително влијаат врз економијата во нашата земја и ќе ги искористиме сите начини на кои можеме да ги поддржиме жените во развојот и реализацијата на нивните бизниси“, изјави г. Билал Суџубаши, Главниот извршен директор на Халкбанк, кој ја отвори конференцијата со својот поздравен говор. „Ние во Mastercard веруваме дека не треба само да го водиме добро нашиот бизнис, туку и дека треба да правиме добри нешта додека го правиме истото. За да правиме добри нешта, секогаш ни се потребни партнери покрај нас, партнери како што е Халкбанк. Mastercard, како успешен глобален бренд, е посветен на поддршката на жените претприемачи, давајќи им инспирација, храброст и мотивација. А тука, заедно со Халкбанк, сакаме да дејствуваме во насока на креирање позитивно влијание врз локалната бизнис-заедница водена од жени“, изјави Вања Манова, Регионална менаџерка во Mastercard за Бугарија, Р. С. Македонија, Косово и Албанија, која им се обрати на присутните гостинки. Од Банката и натаму најавуваат постојана и недвосмислена поддршка на женското претприемништво и во годината што следува преку мноштвото продукти и поволности во своето портфолио, посветени на поддршката на нови и постојни бизниси водени од жени. Tweet...
Што претставува системот за исчезнати лица „Амбер алерт“ + грозоморната приказна заради која е создаден
Црнобело - пред 1 ден
Што претставува системот за исчезнати лица „Амбер алерт“ + грозоморната приказна заради која е создаден --> Tweet „Амбер алерт“ е систем за брзо известување на јавноста за исчезнувањето на некое дете. Во САД е активен од 1996 година, а неговото создавање е поттикнато од убиството на 9-годишно девојче. Оттогаш, над 30 држави ширум светот го имаат имплементирано истиот или сличен систем. --> Такнаречениот „Амбер алерт“ е систем за известување за исчезнати деца кој потекнува од САД. --> Системот е креиран по киднапирањето и убиството на 9-годишната Амбер Рене Хангерман од Тексас. --> Како функционира овој систем? Името на системот е инспирирано од 9-годишната Амбер и целосно гласи America's Missing: Broadcast Emergency Response. --> --> Целта на системот е да се известат што повеќе луѓе за исчезнувањето на некое дете, за што е можно пократок период. Со ова значително се зголемуваат шансите детето да биде пронајдено. --> Штом властите ќе утврдат дека некое дете е киднапирано, а случајот ги исполнува условите на „Амбер алерт“, тогаш медиумите се должни да ја прекинат нивната програма и да почнат да ја известуваат јавноста за исчезнувањето. Информациите се појавуваат и на аеродроми, автобуски станици, некогаш и преку СМС пораки... Исто така, детали за исчезнатото дете се појавуваат и на сообраќајни знаци. На пример, на фотографијата подолу направена во 2008-ма во САД, на знакот пишува: „Киднапирано дете, син автомобил Honda Civic“. Со ова, и учесниците во сообраќајот веднаш се известени и можат да реагираат доколку го забележат автомобилот. Условите кои треба да бидат исполнети можат да варираат од земја во земја, но во САД се следните: Властите мора да потврдат дека се случило киднапирање Детето е изложено на ризик од сериозни повреди или смрт Има доволно описни информации за детето, киднаперот или неговото возило Детето мора да има 17 години или помалку „Амбер алерт“ од САД има соработка и со Гугл и Фејсбук кои веднаш почнуваат да ги известуваат нивните корисници за исчезнатото дете. Кои држави имаат ваков систем? Како што спомнавме, овој систем потекнува од САД, но бројни земји ширум светот го користат истиот или нешто слично. Секоја држава си поставува свои критериуми за тоа кога треба да се активира системот за известување на јавноста. Покрај САД, други држави кои имаат слични системи се: Белгија, Бугарија, Канада, Кипар, Чешка, Франција, Германија, Грција, Ирска, Италија, Јамајка, Луксембург, Малта, Мексико и бројни други. Повеќето земји од Европската Унија имаат ваков систем, но наводно се работи на уште еден во кој ќе бидат опфатени сите членки. Односно, штом ќе се активира алармот, ќе бидат известени жителите на сите земји од Европската Унија. Деталите за грозоморното убиство кое го инспирирало системот на следната страница... Почеток Претходна 1 2 Следна Крај Би можело да ве интересира: Жената со два пара нозе и уште 4 луѓе кои биле најголеми ѕвезди во контроверзните „шоуа за чудаци“ о... Габриел била жена родена без нозе, односно нејзиното тело завршувало речиси ведн... Зготвила делови од дечко ѝ, медицинска сестра убивала деца – 5-те најзлобни жени кои живееле во посл... Кетрин Најт добила доживотна казна затвор без можност за помилување за само едно... Мачеле, силувале и си ги убивале сопствените деца - жени кои извршиле монструозни злосторства Овие жени не биле само убијци, тие сееле зло и ширеле страв и ужас каде и да оде... Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ... 10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ... Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат... -->...
Црнокрак: „Тоа што сум секогаш средена не значи дека дома не готвам и пеглам“
Црнобело - пред 1 ден
Црнокрак: „Тоа што сум секогаш средена не значи дека дома не готвам и пеглам“ Детали петок, 01 декември 2023 Tweet Дали порано заради весниците, папараците и насловните страници беше многу полесно да се препознае кој е вистинска ѕвезда, а денеска со интернетот се е измешано, не се знае кој е јавна личност, кој е познат, а кој ѕвезда. Во најновото издание на „Нешто конкретно“ зборуваме за тоа што значи денес да се биде јавна личност во земјава, а на таа тема ни гостуваат Светлана Црнокрак, Александар Наков, Џина Папас Џокси и Ди Џеј Бабура Јуниор. Една дама и тројца џентлмени како што доликува на месецот, Светлана Црнокрак зборува за тоа како успева својата долгогодишна успешна кариера да ја одржи без ниту еден скандал, за периодот во кој таа започна да ја гради својата кариера без социјални медиуми по многу потежок пат таа ќе каже „Порано функциониравме поубаво, посигурно и останавме онака на врвот како ѕвезди“, рече таа и упати дека секоја јавна личност треба да биде подготвена на озборувања, да биде мета на пречки и различни напади, но оти сега за сега добро се носи со тоа. ; Александар Наков откри дека насловните страници за „Убавина и здравје“ се закупени до месец февруари, тој дури се соочувал со закани затоа што одредени личности не се на насловна страница. Претходно вели дека бил критикуван ако некој бил ставен на насловна, а денеска се тепаат за да ги има таму. Постојат дури и лицитации, односно надавања со пари за некој да се најде на главната страница. Како податок од своето долгогодишно искуство во оваа работа тој издвои и дека најголемите тиражи на печатените медиуми се случувале кога некоја ѕвезда ќе почине. „Мртви ѕвезди продаваат повеќе од голи гради“, вели тој. На прашањето до Џокси дали понекогаш му е криво што во долгогодишната кариера го паметат само по една песна, тој одговори дека не затоа што таа песна, алудирајќи на „На Велигден“ го поставила во некои сосема други рамки. Но откри дека се кае што го одбил Ристо Самарџиев за дует со песната „Таму кај што си“ со оглед на тоа каков хит подоцна стана таа песна. Ди Џеј Бабура Јуниор своето име го доби во наследство од својот чичко па беше запрашан дали тоа носи уште поголема одговорност или е привилегија, „Да ги прашаш другите ќе кажат дека е лесно, али мене ако ме прашуваш воопшто не е лесно“, рече тој и ја раскажа приказната за добивањето на своето уметнико име. „Кога чичко ми кажа дека треба да се претставувам како Бабура Јуниор јас две-три недели ниту спиев ниту јадев од возбуда, од мерак“ говореше тој искрено за својот чичко. Гледајте „Нешто конкретно“ секоја недела на Телма во 17.00 часот. Tweet...
Американска премиера на „М“ на Вардан Тозија во срцето на Њујорк
Црнобело - пред 1 ден
Американска премиера на „М“ на Вардан Тозија во срцето на Њујорк Детали петок, 01 декември 2023 --> Tweet Македонскиот филм „М“ на режисерот Вардан Тозија денес ја има својата премиера во САД на фестивалот „DANCES WITH FILMS“ „DANCES WITH FILMS” е во моментот еден од најзначајните гласови на независната филмска индустрија надвор од Холивуд. --> По 25 години одржување во легендарниот Chinese Theatre во Лос Ангелес, фестивалот се сели во срцето на Њујорк, повторно на култна локација – Regal Union Square Theatre во Менхетен. Според USA Тoday, фестивалот се вбројува меѓу “десетте најзначајни филмски настани на северноамериканскиот континент“, според CNN, важи за “лидер во позиционирање на свежи и нови таленти на филмската индустрија“, додека Indiewire го препознава како “нашироко признаен поради откривањето на иновативниот дух и талент во независната кинематографија“... --> Приказната на Тозија за осамено момче од шумата, кое наидува на низа предизвици и авантури, барајќи ја својата самовила, токму на официјалната селекција на овој фестивал ќе ја претставува македонската кинематографија пред американската публика. --> По премиерата, ќе се одржат дискусии меѓу режисерот и членови на индустријата, како и разговори со публиката. Светските права за дистрибуција на македонскиот филм “М“ ги поседува американската компанија OneTwoThree Media. --> --> Tweet Би можело да ве интересира: Момче (10) се ожени со својата детска љубов, 12 дена пред таа да почине од леукемија „Повеќето деца сакаат да одат во Дизниленд, но таа отсекогаш сакаше да биде сопр... Емотивно видео: Девојче со тешки изгореници на главата конечно има коса - мајка ѝ ја донираше својат... „Преубава си Ем... Можеме да правиме плетенки, да врзуваме опавче, сè што сакаш“... Девојка има по 3 прста на дланките: „Ме нарекуваа диносаурус и нинџа-желка, но сега сум горда на сво... Кесиди од САД била родена со три прста на едната дланка, а со деформирани прсти ... Невеста е исмеана откако сама си направила торта за својата свадба Во време кога свадбите и свадбените торти чинат цело богатство, девојка од Австр... „Косата на најдобрата другарка на ќерка ми е полна со вошки, а мајка ѝ е веган и не сака да ги убие ... „Косата на девојчето, кое е најдобра другарка на ќерка ми, е полна со вошки. Реш... „Ѝ го ризикуваш животот“ - Мајка ја однела 10-месечната ќерка на фестивал за метал музика и стана ме... „На некои луѓе не им е јасно колку метеж има и колку опасен може да биде овој фе... -->...
Со Eucerin AtopiControl Cream олеснување за атопична кожа
Црнобело - пред 1 ден
Со Eucerin AtopiControl Cream олеснување за атопична кожа Детали петок, 01 декември 2023 Tweet Атопичната кожа обично ја придружуваат непожелни појави како што се сувост, иритација и непрестајно чешање. Сето ова бара ниво на нега што го надминува вообичаеното. Во една ваква сериозна нега на кожата, кремот AtopiControl на Eucerin се појавува како виртуоз во козметиката и ја надополнува кожата со богат состав во своето делување. Дизајниран како крем за тело за секојдневна употреба, ова омекнувачко ремек-дело зазема централно место во задоволувањето на уникатните потреби на атопичната кожа, особено оние вознемирувачки зони како што се наборите на лактите и делот кај колената. Еуцерин и приоѓа на атопичната нега многу деликатно и со прецизно внимание. Надополнет со смирувачката моќ на ликохалкон А и моќната мешавина на липиди, производот вклучува Омега-3, Омега-6 и Керамиди, и на тој начин е исклучителен мелем за предизвиците на кожата. Функционира како "чувар" на бариерата на кожата, неуморно ја регенерира и го ублажува постојаното чешање што е честа појава кај атопичниот дерматитис. Она што го издвојува овој крем е неговата разновидност. Eucerin's AtopiControl кремата служи за акутна нега и директно се справува со интензитетот на симптомите. Без разлика дали на кожата и е потребно секојдневно хранење или копнее за олеснување за време на избувнувањето на симптомите, Eucerin AtopiControl кремот се справува со сите предизвици. Оваа формулација е богата и луксузна, не само што хидрира туку и оркестрира смирувачки ефект што ја намалува грубоста и видливо ја трансформира состојбата на кожата со текот на времето. Со секоја апликација, се случува големо подобрување, правејќи ја рутината за нега не само навика, туку патување кон комплетна трансформација. Без мирис и прилагоден за сите возрасти, од возрасни до најмалите членови на семејството, кремата делува за четири недели. Атопичната кожа не познава возраст и олеснувањето треба да биде достапно за секого. Признанијата се поткрепени со клинички и дерматолошки студии кои ја потврдуваат исклучителната ефикасност на кремот и подносливоста на атопичната кожа. Очигледна е посветеноста на Eucerin да обезбедува не само нега на кожата, туку и терапевтско искуство, што го прави AtopiControl кремот доверлив производ во потрагата по удобност и благосостојба. Tweet...
Ребека ја испеа „Обиди се“, Куку Леле - „Постела рози“ - Кои ѕвезди ни ја разбудија носталгијата од 90-тите?
Црнобело - пред 1 ден
Ребека ја испеа „Обиди се“, Куку Леле - „Постела рози“ - Кои ѕвезди ни ја разбудија носталгијата од 90-тите? Детали петок, 01 декември 2023 --> Tweet На концертот ечеа „Ноќна Кралица“, „Спаси ме“, „Фројд е жив“, „По навика“, „Скопските девојки“, „Допри ме“, „Прашина“, „Мачка со 9 животи“, а публиката пееше на цел глас и покажа дека ѝ недостигаат вакви случувања, на едно место да ги видат своите омилени пејачи и да се сетат на едни од најубавите времиња на македонската сцена. --> Вчеравечер (30.11) во спортскиот центар „Јане Сандански“ се одржа најголемата музичка забава за оваа година, „99 Megastars“. --> Ѕвездите од крајот на 1990-тите и почетокот на 2000-тите, но и некои нови имиња, ги пееја најголемите хитови од македонската музичка сцена. --> --> --> По многу години на концерт пред македонската публика запеаја Искра Трпева, Ребека, Александар Ристовски Принц, Верица Пандиловска, „Куку Леле“... --> A тука беа и Маја Гроздановска Панчева, Бени Шаќири, Тони Зен, Кристина Арнаудова, Ламбе Алабаковски, Арчи, Наде Талевска, Бојана Скендеровски, Ивона Јо, Александар Тарабунов, Ристо Самарџиев, Маријан Стојановски, Теа Трајковска и многу други. Во салата ечеа „Ноќна Кралица“, „Спаси ме“, „Фројд е жив“, „По навика“, „Скопските девојки“, „Допри ме“, „Прашина“, „Бела“, „Мачка со 9 животи“, „Да пукнеш што ми направи“, „Обиди се“, „Постела рози“, „Зборови“… Публиката пееше на цел глас, се забавуваше и покажа дека ѝ фалат вакви случувања, особено кога на едно место ќе ги видат своите омилени музичари и ќе се сетат на едни од најубавите времиња на македонската сцена. Продолжува на следната страница... Почеток Претходна 1 2 3 Следна Крај Би можело да ве интересира: Денес се слават светите Кузман и Дамјан, заштитници на лекарите - Што не треба да правите на овој де... Светите браќа целиот свој живот го посветиле на лекување на луѓето, а не барале ... Лила и Биг Мама го истражуваат Сингапур – По влечки на аеродром, на молитва во будистички храм (фото... „Од авион се симна со папучиве и низ цел аеродром вака шеташе. Не можеш да не ја... Над 252 тони отпад собрани и селектирани во ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2023 - најмасовната еко-акција во земја... Во рамките на еколошката акција Генералка Викенд 2023, што од 12 до 14 мај по тр... Познати Македонки кои веќе добиле внучиња, а изгледаат одлично Фолкерката Даниела Темелковска годинава стана баба, но на Инстаграм мами воздишк... Анета од Битола ја донираше косата за дечиња болни од рак: „Ја растев 2 години, никогаш не сум ја фа... Македонската тениска судијка Анета Павловска ја скрати својата долга коса и ја д... Ирина Дишовска за CRNOBELO.com: „Павле ми отпеа неколку песни, најубав миг ми беше кога пред Бога нѐ... „Дефинитивно тесната венчаница ми беше поудобна, Цел ден од утрото од 11 часот д... -->...
Прекрасна идеја од Македонка – Како сами да направите адвент календар на кој ќе се радуваат најмалите?
Црнобело - пред 1 ден
Прекрасна идеја од Македонка – Како сами да направите адвент календар на кој ќе се радуваат најмалите? --> Tweet Адвент календарите се едни од најомилените детски подароци за предновогодишните и божиќните празници, а една Македонка ја сподели својата генијална идеја како сама изработила голем подарок за нејзините деца. --> Декември е месецот кога ги одбројуваме последните денови од старата година, а Македонка сподели идеја за проект со којшто овој период ќе помине побрзо и на којшто подеднакво се радуваат и децата, но и возрасните. --> --> Како што може да се види, за ваков проект ви е потребна една голема кутија од телевизор, однапред купени слатки и други интересни изненадувања и, секако, боички и материјали за декорација на кутијата. --> --> --> Ружица Крстева е мајка на три деца, а на својот Инстаграм профил често споделува фотографии од нејзините проекти, но и од секојдневието. Пред почетокот на декември, таа сподели фотографии и видеа од нејзиниот најнов проект - адвент календарот изработен од кутија од телевизор, на кој има прозорчиња за цел месец, а зад секое од нив се крие по едно слатко задоволство за децата. За да го видите видеото, кликнете на стрелките од објавата: View this post on Instagram A post shared by Ружица (@ruzica.krsteva) Погледнете повеќе фотографии во продолжение: Б. С. Б. | Црнобело Tweet Би можело да ве интересира: 10 ситници на кои треба да обрнете внимание пред да ви дојдат гости за да се покажете како добар дом... Ако ви доаѓаат гости со деца, најдете забавна активност за децата за да не им ст... Корисни трикови со кои ќе го средите хаосот и во најмалата кујна Ротирачка полица за зачините, посебна кутија за вреќички чај и закачени лажици з... Србинка сподели „јапонски“ трик за диплење на долната облека - да не зафаќа простор во фиоката „Вака да му ја здиплам долната облека на маж ми нема да знае да ја отвори“ – сто... Најголемите грешки во чистењето на домот (што сигурно ги правите) Ги чистите прозорците кога е сончево, ставате многу прашок и омекнувач во машина... Брз трик за новогодишна декорација, од Македонката која секоја година има еден од најубаво украсенит... „Едноставно, но убаво“ – напиша Бети Алексовска до видеото во кое покажува како ... -->...
Комерцијална банка прогласена за „Банка на годината во 2023“ од магазинот The Banker
Црнобело - пред 1 ден
Комерцијална банка прогласена за „Банка на годината во 2023“ од магазинот The Banker Детали петок, 01 декември 2023 Tweet Скопје, 01.12.2023 година – Комерцијална банка АД Скопје е прогласена за „Банка на годината во 2023 година во Република Северна Македонија“ од угледниот финансиски магазин The Banker. Оваа престижна награда ѝ е доделена на Комерцијална банка по јубилеен 10-ти пат. Наградата е признание за силните финансиски перформанси што ги испорача Комерцијална банка, а кои се резултат на тоа што во актуелните економски услови Банката ги претвори предизвиците во можности за развој и стабилна поддршка на клиентите. The Banker оваа година низ целиот свет ги препозна банките кои одиграа клучна улога во развојот на нови производи и бизниси за клиентите преку издигнување над предизвиците на индустријата и развој на иницијативи со кои финансиските сервиси ги доближија до многу повеќе луѓе. Комерцијална банка е особено горда што наградата „Банка на годината за 2023“ ја добива по 10. пат, но и затоа што со оваа награда ја заокружува годината во која на клиентите им понуди врвни производи и услуги кои за нив значат модерно банкарство на едноставен и ефикасен начин. Главниот финансов директор и член на Управниот одбор, д-р Маја Стевкова Штериева, во своето обраќање во магазинот The Banker по повод наградата изрази голема благодарност што стручната комисија го препозна целокупниот придонес на Комерцијална банка за македонската економија. „Горди сме и веруваме дека ова признание е потврда на посветеноста на Комерцијална банка на зголемените и комплексни потреби на клиентите во овие турбулентни времиња. Компаниите и граѓаните се соочуваат со ранлива економија, инфлаторни притисоци и геополитички тензии, а нашата континуирана поддршка им обезбедува средства за поуспешно да се справат со овие предизвици. Комерцијална банка, како најголема во земјава, но и како лидер во иновативните финансиски процеси во 2023, им обезбеди на клиентите бројни поволности, како и дигитални услуги и алатки прилагодени на нивната сегашна и идна финансиска благосостојба. Остануваме посветени на обезбедување извонредни решенија за клиентите, но и на придонесот во општеството, истовремено фокусирајќи се на потребите на нашите акционери и на напредокот на Банката“, истакна д-р Стевкова Штериева. Наградата „Банка на годината“ е стандард за извонредност во банкарската индустрија, а се доделува на банки во повеќе од 120 земји низ светот врз основа на клучниот критериум - подобрувања и новитети реализирани во тековната година. Комерцијална банка ја завршува 2023 година со многу реализирани цели, пресликани во бројни иновативни и ефикасни производи и услуги, истакната корпоративна филантропија и придонес за подобро општество и во силни финансисики резултати. Но, и со силна агенда за наредната година, која сигурно ќе донесе уште многу нови предизвици, кои веруваме дека ќе ги претвориме во нови можности. Tweet...
Нови фотки од Бијонсе, по обвинувањата дека ја белела кожата
Црнобело - пред 1 ден
Нови фотки од Бијонсе, по обвинувањата дека ја белела кожата Детали петок, 01 декември 2023 --> Tweet Бијонсе го промени имиџот, па одлучи да ја офарба косата платинесто руса, но ова не им се допадна на некои од нејзините обожаватели, кои тврдат дека пејачката се труди да си ја осветли кожата. Во нејзина одбрана застана мајка ѝ, Тина Ноулс, која се пресмета со „хејтерите“ на Инстаграм. --> Пејачката Бијонсе ја промени бојата на косата во платинесто руса, па објави повеќе фотографии на Инстаграм на кои позира во две различни комбинации, но според нејзините следбеници, косата не е единственото нешто што го осветлила. --> --> Тие коментираат дека пејачката има премногу блед тен и дека е многу веројатно оти била и на третман за осветлување на кожата. --> --> „Бијонсе е во Мајкл Џексон ера“;„Пред неколку години позираше со Тејлор Свифт, па сигурно се почувствувала премногу темно и инфериорно, па затоа одлучила да стане побела од неа“; „Што ѝ се случило со кожата, дали била на осветлување?“ – стои во дел од коментарите. --> Инаку, мајка ѝ на Бијонсе, Тина Ноулс одлучи да се пресмета со сите што оставаат расистички и зајадливи коментари под фотките на нејзината ќерка, па на Инстаграм ја сподели фотографијата од својата ќерка и до неа напиша: „Ја видов денес објавата и одлучив да ја споделам откако ги видов сите глупави, неуки и расистички коментари за неа, дека ја осветлила кожата и дека носи платинесто руса коса затоа што сака да биде бела. Таа снима филм, кој се нарекува ренесанса и целата тема е сребрена со сребрена коса, сребрен килим и ѝ предложив сребрен аутфит, а вие кловнови од тоа сфативте дека таа сака да биде бела жена и ја осветлува кожата? Колку е тажно тоа што некои од нејзиниот народ го продолжуваат глупавиот наратив со омраза и љубомора“ – напиша таа меѓу другото. View this post on Instagram A post shared by Tina Knowles (@mstinaknowles) Бијонсе, вчера (30.11) се појави на премиерата на нејзиниот филм Renaissance, а на настанот носеше смел црн фустан со шлиц што целосно ѝ ја откри долната облека. Таа гордо позираше со нејзината ќерка Блу Ајви, со која беа модно усогласени. Повеќе фотографии од Бијонсе на следната страница... Почеток Претходна 1 2 Следна Крај Би можело да ве интересира: Мајката на Џеј Зи, која има 4 деца, се ожени со девојката на 72 години - Која е нејзината нова сопру... Венчавката на мајката на Џеј Зи и нејзината партнерка Роксан ја изненади јавност... „Ќе ја научиш ли ќерка ти да не биде како тебе?“ – Парис Хилтон критикувана затоа што ќе снима реалн... „Ќе покажеш ли и колку дадилки имаш?“, „Како не ти е срам да се фалиш дека си до... „Не прифаќаше ‘НЕ’ за одговор“ – Четири жени го обвинуваат Расел Бренд, бившиот на Кети Пери, за сил... Имале секс еднаш, а потоа кога не сакале тоа да се случи повторно, актерот ги пр... Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ... 8 светски ѕвезди кои не сакаат да имаат деца: „Никогаш немав амбиција да бидам родител“ Не сите луѓе сакаат да имаат деца, а тука се и некои од светските ѕвезди. Едни п... „Орален секс во замена за туш“ – Жестоки критики за скандалозниот настап и говор на Мадона пред нејз... „Нудев орален секс за бесплатно туширање“ – Мадона ја вџаши публиката со своите ... -->...
Блескава колекција за вашите мали принцези: „Посакај магија“ на македонскиот бренд „Minie's by sisters“
Црнобело - пред 1 ден
Блескава колекција за вашите мали принцези: „Посакај магија“ на македонскиот бренд „Minie's by sisters“ Детали петок, 01 декември 2023 Tweet Веќе познатиот македонски детски бренд Minie's by sisters оваа зима ни донесе една заносна магија со која овозможува детските насмевки да сјаат најсилно доживувајќи ја својата бајка. Колекцијата „Посакај магија“ фантастичната зима ја трансформира во магична средина исполнета со атмосферата на ѕвезденото небо. Дизајнерките Татјана и Тамарa подготвија блескава колекција на идеи инспирирани од волшебноста на ѕвезденото небо. Низ колекцијата „Посакај магија’’ ќе се сретнете со наједноставни кроеви на кои магијата е фрлена низ деталите, но неизбежно е да ги забележите и волуменозните и гламурозни модели кои сe исполенти со елеганција која плени. Палетата на бои е вистинско уживање, внимателно избрани нијанси кои ја отсликуваат ѕвездената глетка. Вниманието на колекцијата е задржано на висококвалитетните материјали, а најмногу емоциите внесени во секој дизајн, по што дизајнерките сметаат дека токму дизајните на Minie’s by sisters носат свој печат и уникатност. „Пресреќни сме што со нашиот талент и љубов кон работата создаваме насмевки кои ги исполнуваат детските имагинации и мечтаења. Уште поголеми амбициите се јавуваат за нашиот бренд да се развива со тоа што добиваме секојдневно зголемување на позитивни коментари и задоволни клиенти. Голема е привилегијата да создаваме производи со огромна љубов и посветеност од почеток до крај.“ Новата колекција е веќе достапна во продажниот салон во Свети Николе или на веб страната. Следете ги на нивните Инстаграм и Фејсбук страници. Прочитајте и: Сестрите Татјана и Тамара (24) од Свети Николе изработуваат бајковити креации за мали принцези и мајки: „Важно е да се одбере соодветен материјал за секоја креација“ Tweet...
Кејт Мидлтон со широка насмевка, за првпат во јавност по скандалите објавени за неа во новата книга за кралското семејство
Црнобело - пред 1 ден
Кејт Мидлтон со широка насмевка, за првпат во јавност по скандалите објавени за неа во новата книга за кралското семејство Детали петок, 01 декември 2023 --> Tweet Во кралското семејство ја нарекувале „Кејти жедната“, затоа што тврдела дека постојано е жедна за нови знаења. Посетувала посебни часови за да звучи исто како кралицата Елизабета, а никогаш не ја сакала Меган. Британски новинар изнесе голем број (скандалозни) факти за принцезата од Велс, а таа насмеана оди на настани и се однесува како ништо да не се случило. --> Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон деновиве се појави на настан пред новогодишните празници, видно расположена и во аутфит со кој, според многумина, успева да докаже дека таа знае како да ги прекршува модните правила. --> --> Кејт се појави во црна ролка и кафеаво миди здолниште, па покажа дека и комбинацијата од овие две бои може да стои одлично. --> --> На фотографиите Кејт е насмеана „од уво до уво“ и покажа дека воопшто не се грижи за тоа што е напишано за неа во новата книга на новинарот Обид Скуби, „Endgame: Inside the Royal Family and the Monarchy’s Fight for Survival“. --> Во книгата на британскиот новинар и биограф Кејт е опишана како „студена“ личност и како кралска сопруга која се плаши да преземе повеќе одговорности. Според Обид, тоа што Кејт има многу порелаксиран распоред од другите членови на кралското семејство значи дека таа е делумно вработена и наводно не планира да преземе повеќе обврски сè додека нејзините деца, принцот Џорџ (10), принцезата Шарлот (8) и принцот Луи (5), не станат полнолетни. Во книгата се наведува дека Кејт во круговите на семејството била наречена „Кејти жедната“ (Katie Keen), затоа што во една пригода портпаролите тврделе дека таа е „жедна да стекне нови знаења“, со цел да се оттргне вниманието дека се појавува на многу малку настани. „Додека другите членови на семејството се појавуваат по неколкупати неделно и се среќаваат со луѓе низ целата земја, Кејт долго време има порелаксиран работен распоред што ѝ помогна да ги пополни задолжителните кралски должности, но и да не влијае врз неа како мајка и сопруга“ – пишува Скуби. Според него, Кралицата Елизабет ја сакала Кејт затоа што била послушна и можела да биде трансформирана во совршен член на семејството. Наводно, Кејт дури и имала посебни часови за начин на изразување, со цел да биде иста како бабата на Вилијам. „Кејт научи што е она што е најважно за преживување во системот: да се претопиш во својата улога, да не покажуваш слабост и да си дозволиш да го покажеш само она што публиката го гледа во тебе. Благодарение на тие часови по изразување, принцезата од Велс дури и звучи исто како нејзината поранешна шефица: културно, отмено и, секако, дистанцирано“ – пишува Скуби. Авторот се сконцентрира и на односот што Кејт го имала со нејзината јатрва Меган Маркл, а наводно принцезата од Велс на шега „се стресувала“ секојпат кога ќе го слушне името на поранешната актерка. Наместо да се потруди да изгради врска со Меган, како личност што е дојдена однадвор, Кејт не се потрудила воопшто да изгради однос со неа. Според Скуби, личностите што работеле со Кејт изјавиле: „Може да биде студена ако не ѝ се допаѓа некој, а таа никогаш не била обожавател на Маркл“. Б. С. Б. | Црнобело Tweet Би можело да ве интересира: „На 16 години бев бездомник, спиев на улица, сакав да си го одземам живот - сè се смени кога ме прим... Клои Помфрет пораснала во згрижувачки дом, а станала бездомник на 16 години. Спи... „По 8 спонтани абортуси конечно добив син – сопругот ја продаде колекцијата патики за да платиме ин-... „Не бев сигурна дека некогаш ќе добијам бебе, а сега го држам во раце“ – вели же... Момче (10) се ожени со својата детска љубов, 12 дена пред таа да почине од леукемија „Повеќето деца сакаат да одат во Дизниленд, но таа отсекогаш сакаше да биде сопр... Како последната иранска царица, која на ниту една фотографија не носи хиџаб, беше прогонета од земја... По исламската револуција жените во Иран загубиле најголем дел од своите права, а... Сопругата на богат шеик од Дубаи раскажува како живее: „Само треба да смислам како ќе ги потрошам па... „Ми велеа дека тој никогаш нема да се ожени за мене, а денес живеам како принцез... Маж се вљубил во жена со џуџест раст - свекрвата не сакала да ја прифати затоа што е висока колку 2-... „Ако Брајан е среќен со тебе и ако се сакате, јас сум пресреќна“. Со овие зборов... -->...
Бобан Илиоски, светски шампион во кикбокс за CRNOBELO: „Жртвував многу за да стигнам до титулата“
Црнобело - пред 1 ден
Бобан Илиоски, светски шампион во кикбокс за CRNOBELO: „Жртвував многу за да стигнам до титулата“ Детали петок, 01 декември 2023 --> Tweet „Долгогодишна напорна работа и голема жртва ме донесоа до титулата. Длабоко во себе ја посакував и бев одлучен да најдам начин да стигнам до неа, без оглед на цената што треба да се плати“, вели светскиот шампион во кикбокс, Бобан Илиоски. --> „Македонија има светски шампион во кикбокс“, „Светска титула!“, „Се гордееме со нашиот Бобан“ се дел од насловите што осамнаа во медиумите, кога 27-годишниот Бобан Илиоски од Скопје победи на светскиот шампионат што се одржа во Лисабон, Португалија (26.11). --> Неколку дена подоцна тој беше пречекан како херој на скопскиот аеродром од семејството, пријателите и навивачката група „Комити“ чиј член е одамна и самиот. --> --> --> А, веќе следниот ден, наместо да се одмори, Бобан продолжи со активни тренинзи бидејќи од 7 до 14 декември го очекува ново првенство во тајландски стил Muay Thai, кое ќе се одржи во Анталија, Турција. Во разговор за CRNOBELO.com, Бобан ни раскажа нешто и за приватниот живот, за неговата сестра, Андријана Илиоска, која е една од најуспешните македонски модели во светот, но и за спортот кој вели „го студира и живее“. --> Лани освои европска, годинава светска титула. Искрено, ја очекуваше ли? Колку долго се подготвуваше и колку треба да си психички спремен за борбите, а не само физички? Долгогодишна напорна работа и голема жртва ме донесоа до светската титула. Длабоко во себе ја посакував и бев одлучен да најдам начин да стигнам до неа, без разлика на цената што треба да се плати во целиот процес. Тренинзите се тешки, но се водам од тоа да тренирам појако и попаметно од сите за да бидам подобар од сите. А, со текот на годините сфатив дека психичката подготвеност е побитна од физичката. Неколку десетици пријатели и фанови те пречекаа на аеродромот во Скопје. Очекуваше ли дека ќе се соберат за да прослават со тебе? Луѓето што ме пречекаа на аеродром не се фанови, туку мои добри другари и фамилија. Повеќето од нив се докажани членови на навивачката група „Комити“ во која сум член и јас. Првенството се одржа во Португалија, но имаше ли време да прошеташ, да видиш нешто од земјата? Првенството се одржа во Албуфера. Па, по крајот на финалната борба, во која за среќа поминав без сериозна повреда, имав можност да го разгледам и градот во кој се одржуваше првенството, но и да го посетам Лисабон. Кога ќе влезеш во рингот, размислуваш за нешто или сè што правиш е чист инстинкт во комбинација со добра подготовка? Кога ќе влезам во ринг се препуштам 100% на моментот. Фокусот е цел таму, притисокот е голем и, секако, тој момент го прави мечот поинтересен. Сепак, знаеме дека кикбоксот е ризичен спорт и дека може да се случи сè. Имаш ли посебен начин на исхрана за да бидеш во топ форма? Од исхрана, преферирам строго здрава храна во текот на подготовките. Ама кога имам можност, си сакам бургери и пици, што не се случува често. Си се нашол ли некогаш во животот во ситуација своите борбени вештини да мораш да ги употребиш „на улица“ бидејќи некој те нападнал, испровоцирал? Сега кога сум веќе докажан борец, не сум се нашол во таква ситуација. А, и одбегнувам поради тоа што сум професионалец во тоа што го работам. Продолжува на следната страница... Почеток Претходна 1 2 Следна Крај Би можело да ве интересира: Тиа од Скопје, македонска убавица што нè направи горди пред светот: „Јужна Кореја е многу безбедна, ... „Кога се запишав на факултет, првенствено беше факултет за област која не е моде... Јелена Розга за CRNOBELO: „Мислев ќе се срушам од убавина кога публиката ја пееше ‘Гинем’ на цел гла... „Утрото пред концертот имав некој чуден страв, па ѝ се јавив на другарка ми и ѝ ... Пулексенија Јованоска: „На 29 години се пензионирам од карате, бев 12-кратен државен шампион, ја пре... „Со кариерата завршувам оваа година, сметам дека е доволно. Најбитно е во живото... Бобан Алексов живее 6 години во Данска: „Заминав 'на слепо', работа најдов случајно на Фејсбук, живо... Боби Алексов (37) од Скопје, 6 години живее во Оденсе, Данска. За себе вели дека... Иван Јованов, вокалист на Либеро Бенд: „Најголем бакшиш ни е 7.000 евра, на настап ми имаат ставено ... „На настап ми имаат побарано да ме бакнат заради облог, а еднаш ми беше потегнат... Актерот Крис Петровски од Битола гради кариера во Холивуд: Снима со светски ѕвезди, а не може без ма... „Ја посетив Македонија со сопругата и семејството во јули 2019 година. Таму оста... -->...
Светна најубаво украсената елка во Рокфелер центарот - Стара е околу 85 години, а има врв од 30 милиони кристали
Црнобело - пред 1 ден
Светна најубаво украсената елка во Рокфелер центарот - Стара е околу 85 години, а има врв од 30 милиони кристали Детали петок, 01 декември 2023 --> Tweet Природна елка стара од 80 до 85 години била исечена и пренесена во Њујорк, за да стане најубавото новогодишно украсено дрво за овие празници. Годинава посебен впечаток остава врвот на елката, изработен од 30 милиони кристали. Како изгледа елката пред Рокфелер центарот оваа година? --> Во средата (29.11) 91-ва година по ред светна елката во центарот Рокфелер, во Њујорк, која е симбол на новогодишните и божиќните прослави низ целиот свет. --> Природната елка е висока речиси 25 метри и тешка околу 12 тони. Годинава е украсена со околу 50.000 светилки наредени на жица долга околу 5 милји (околу 8 километри), а на врвот има 3D ѕвезда од Swarovski која е прекриена со 30 милиони кристали. --> --> --> Ѕвездата тежи 408 килограми и има седум крака. Природната елка е стара околу 80 до 85 години и внимателно била избрана од страна на Ерик Паузе, главниот градинар во Центарот кој ова го работи од 1995-та година. --> Инаку, новогодишната елка ќе стои пред Рокфелер центарот сè до 13-ти јануари. Погледнете го моментот кога беа вклучени светилките на елката: View this post on Instagram A post shared by Fabiana Appel (@ffabiappel) Б. С. Б. | Црнобело Tweet Би можело да ве интересира: „Ангелот на смртта“ - Жена од САД отворила клиника за гладни деца во Уганда, ги лекувала без лиценца... Тврдејќи дека била испратена на мисија од Бог, Американката Рене отворила клиник... Мишел Обама: „Во првите 10 години од бракот не можев да го поднесам Барак, но не се откажав“ „Кога доаѓаат тешките периоди во бракот луѓето најчесто се откажуваат. Имаше 10 ... „Ја мрази мојата работа, но и мене зошто си ја сакам работата“ – Канадскиот премиер за сопругата од ... „Постојат мигови кога таа ја мрази мојата работа и ме мрази мене што си ја сакам... „На 16 години бев бездомник, спиев на улица, сакав да си го одземам живот - сè се смени кога ме прим... Клои Помфрет пораснала во згрижувачки дом, а станала бездомник на 16 години. Спи... Дали бременоста на Хилари Свонк на 48 години им дава лажна надеж на жените? Жена која останала бремена во доцните 40-ти години, а притоа има и јавна професи... Маж од Индија 43 години сади по едно дрво секој ден: „Сакам земјата да биде поубава за идните генера... На возраст пд 16 години овој човек почнал да сади по едно дрво секој ден. Денес ... -->...
Сара Мејс во свежо, уникатно и впечатливо издание за новиот видео запис за песната „Очи Вселена“
Црнобело - пред 1 ден
Сара Мејс во свежо, уникатно и впечатливо издание за новиот видео запис за песната „Очи Вселена“ --> Tweet Скопје, 30.11.2023 – Ултра модерен звук со диско ритам, заразна мелодија која тешко ќе ви излезе од глава. Песната „Очи Вселена“ доби современ, динамичен и автентичен видео запис. И овој пат креативноста и единствениот музички стил на Сара Мејс испливаа на површина, песната и спотот се во чекор со светските музички критериуми. Сара Мејс со „Очи Вселена“ одново ѝ подари на домашната сцена комплетно ремек-дело, а во нејзиното срце има посебно место. --> --> „Песнава ја напишав и посветив на мојот син Кирил. Не знам што би можела повеќе да кажам за оваа песна, многу е посебна за мене, а верувам дека таква и ќе остане засекогаш во моето срце. Премногу емоции, среќа, светлина донесе тоа дете во нашите животи. Како да ја збогати цела домашна атмосфера од кога се роди, со еден уште попозитивен flow. Морав да го овековечам со песна. Не би било реално и правилно во мојот свет ако истото не се случеше. Кирил е делчето од слагалицата, што ме направи целосна и комплетна. И не само мене, туку целото семејство. И Илина си доби братче и Димитар си доби син. Песна за Илина имам напишано, „Бакар боја”, но му должев една и на Кирил. Не може за едното мајка, за другото маќеа,“ - вели Сара. --> Автор на музиката и текстот е Сара Мејс, зад аранжманот за песната се потпишува Иван Петровски. --> --> Вчеравечер премиерно беше објавен и спотот за „Очи Вселена“, Сара Мејс блесна во уникатно и атрактивно издание, а за домашната музичка сцена остави свој оригинален печат. Видео записот го снимаше Томислав Живковиќ, а збогатен е со улогите на девојките Ева Јовановска, Бисера Гоговска, Сара Дојчиновска, Ивона Ристеска. Долгогодишната соработка со ФРАН и овој пат беше полн погодок за стајлинг и шминка, Hair House за фризура, а од Магнетик се погрижија за гардеробата. --> Песната и видео записот се објавени на YouTube каналот на Сара Мејс, уживајте во различниот звук и разнобојниот спот. „Очи Вселена“ е уникатен спој на посветена мајка и успешна жена. Tweet Би можело да ве интересира: Д’римерс со нова песна: Слушнете ја „Ова не е крај” Д'римерс ја објавија нивната петта песна „Ова не е крај". Како што беше најавено... „Има љубов во нас“ - Првиот сингл од новиот албум на Дани Димитровска „Страдаме во илузија дека сме немоќни, неспремни, зли и сурови. Љубов е лекот. С... Промоција на нова песна и видео спот на Дарко Андонов ака ДААН (06.09.2023) Дарко Андонов ДААН ја промовира својата нова песна и спот, „Мојот с... Слушнете ја новата песна на Dimish – млад талентиран скопјанец кој прави музика од својата соба (вид... Dimish е 21-годишен артист од Скопје кој сам, во својата соба прави, снима и про... Врчак издаде нова песна со ДНК, по пауза од 15 години - Слушнете ја „Посреќна“ (видео) „Дами и господа, по пауза од 15 години, повторно со вас. Слободно кажете им на с... Македонскиот бенд Happy End со нова песна и забавен музички спот – слушнете ја „Бејби остани“ (видео... Македонскиот бенд Happy End, кој сака да експериментира со нови музички стилови,... -->...
Гранд кафе и оваа година е најпрепознатлив бренд во категоријата „Традиционално кафе“
Црнобело - пред 1 ден
Гранд кафе и оваа година е најпрепознатлив бренд во категоријата „Традиционално кафе“ Детали петок, 01 декември 2023 Tweet Македонските потрошувачи и оваа година го препознаа како најпознат и најомилен бренд од категоријата „ТРАДИЦИОНАЛНО КАФЕ“, покажаа резултатите од истражувањето спроведено од агенцијата Инсајдер ИД. Истражувањето покажува дека Grand kafe се истакнува како најпрепознатлив бренд во една од категориите со најсилна конкуренција, истакнувајќи се пред пазарните ривали со својот константен квалитет, стекнатиот имиџ и достапноста на своите производи. Во истражувањето на Инсајдер ИД опфатени се производи од 17 различни категории, а резултатите од ова истражување можат да им помогнат на компаниите да добијат идеја колку нивниот производ се користи на пазарот, каква демографија најчесто го користи и што треба да направат за да ја зацврстат позицијата на производот на пазарот. Направено во Македонија од најквалитетните состојки, Grand kafe претставува домашен производ на кој можете да се потпрете секогаш кога ви е потребен мирис и вкус на вистинско свежо мелено кафе, кое наутро ќе ве расони, а попладне ќе ви ја даде енергијата која ви е толку потребна во денот, и граѓаните на Македонија тоа го препознаваат. Инсајдер напоменува дека главната трка за најпрепознатливиот бренд на кафе на пазарот се одвива помеѓу три различни бренда, но Grand kafe сепак убедливо се наоѓа на лидерската позиција најмногу благодарение на традиционалниот квалитет и постојаната директна комуникација со своите потрошувачи, чиј број низ годините продолжува да се зголемува. Најдобриот бренд на кафе не заборава и да ги награди своите корисници. Наградната игра „Стани Гранд милионер“ веќе ги извлече првите двајца добитници на главна награда од милион денари, што значи дека преостанува само уште една шанса за да го освоите милионот. Пронајдете го кодот во внатрешноста на пакувањето од 200 грамските пакувања на Grand kafa и испратете го преку веб страницата www.grandkafa.mk, преку СМС на бројот 149 491 во формат GRAND(празно место)КОД, или преку Viber каналот на Grand kafa. Tweet...
Синот на Огњен Амиџиќ и Данијела Димитровска доби 2 прослави за роденден – Девојката на татко му му подготви посебна торта (фото)
Црнобело - пред 1 ден
Синот на Огњен Амиџиќ и Данијела Димитровска доби 2 прослави за роденден – Девојката на татко му му подготви посебна торта (фото) Детали петок, 01 декември 2023 --> Tweet Огњен Амиџиќ и неговата поранешна сопруга Данијела Димитровска го прославија 10-тиот роденден на синот Матеј, а како што може да се види од објавите на социјалните мрежи, детето добило две прослави: една со мајка му и една со татко му. --> Данијела Димитровска на Инстаграм објави фотографија со синот Матеј со која му го честита роденденот и до неа напиша: --> „Денес овој мал човек покрај мене наполни 10 години и јас сум најсреќната личност на светот! Ти благодарам што ме избра мене да ти бидам мајка и што од ден во ден ме учиш како да бидам трпелива и како да сакам со сето свое битие. Те сака мама до Месечината и назад“. --> --> --> Таа објави неколку видеа на Инстаграм Стори, на кои може да се види дека заедно со нејзиниот дечко Јеврем Косниќ на Матеј му приредиле роденденска прослава во ресторан, а момчето доби посебна торта. --> Роденденот во домот на татко му бил поинтимен. Бремената девојка на Огњен, Мина Наумовиќ, на Инстаграм Стори објави фотографии на кои се гледа дека Матеј и водителот роденденот го прославиле во домашна атмосфера со роденденски капи и торта на која е изработена декорација која е реплика на нивниот миленик Чаки. „Мата роденденец. Специјална торта со ликот на нашето куче Чаки“ – напиша таа. Инаку, Огњен и Мина нетрпеливо ги одбројуваат деновите до раѓањето на нивното дете. Тие засега не го откриваат полот на бебето, а Огњен во една пригода откри дека планираат да се венчаат на далечна дестинација во кругот на најблиските. Погледнете повеќе фотографии во продолжение: Б. С. Б. | Црнобело Tweet Би можело да ве интересира: Синот на Брена витка сарми, Неда Украден крши погача со внуките - Како се славеше Св. Архангел Михаи... Новак Ѓоковиќ не беше дома за славата, Неда Украден ја покажа богатата трпеза, а... Кое е ветувањето што Реља Поповиќ ѝ го дал на мајка му Зоја, но никогаш нема да може да го исполни? Луксузни одмори, патувања, скап автомобил, скапа облека... Реља Поповиќ денес зн... Првиот дечко ѝ загинал, има дует со Врчак: Факти за Анабела Атијас, позната како Фанки Џи и мајка на... Била многу млада кога го загубила првиот дечко кого многу го сакала, доживеала в... Огњен Амиџиќ пред да потврди дека е во врска со 20 години помладата колешка: „Се надевам дека пак ќе... „Апсолутно се гледам себеси како оженет човек“ – рече Огњен Амиџиќ, непосредно п... Бившиот на Цеца, со малку оседена коса, ужива во љубовта со некогашната Мис Србија – ја преболи пеја... „Сонце, песок, море и ти. Само мој“, напиша новата девојка на бизнисменот Богдан... Една година по разводот, Огњен Амиџиќ ќе стане татко – Неговата 20 години помлада девојка е во 3-тио... „Нема да криеме дека и двајцата сме посреќни од кога било и дека едвај чекаме да... -->...
Во петок традиционално осветлување на Новогодишната елка во Скопје Сити Мол!
Црнобело - пред 1 ден
Во петок традиционално осветлување на Новогодишната елка во Скопје Сити Мол! Детали петок, 01 декември 2023 Tweet Влезете во светот на чудата во Скопје Сити Мол овој декември. Под слоганот Winter Wonders, вашиот креативен мол, Ви подготви програма која е чудесна за сите генерации. Овој петок во 18:30 часот единствена и уникатна можност ќе имаат посетителите на Скопје Сити Мол да видат како изгледаосветлување на светилките од џиновскатаНовогодишната елка на омилениот трговски центар. Шоуто ќе започне со мјузикл изведен од групата Триангл, посетителите уживаа во празничната магија и атмосфера која се создава. Елката која е единствена по својата убавина е висока 15 метри, накитена е со голем број на лампиони и светилки. Секоја посетител може да ја погледне на влезот од страната на Карпош 3. Овој период од годината сите ја чувствуваме еуфоријата на Новата година и божиќните празници и се радуваме на магијата на светилките и украсите. Скопје Сити Мол нуди една волшебна атмосфера за сите посетители кои ќе уживаат во пазарењето кое во овој месец е најактуелно, и ја заокружи успешната година со уште еден во низата настани. Од овој викенд започна „ Winter Wonders “ – која ќе трае од 1ви декември до 31 декември и ќе биде сочинета од интересни забавни, анимациски и музички содржини за сите возрасти, богата програма за деца, креативни работилници и претстави надополено со омилените Новогодишни попусти. Една од најбараните атракции се 6те поставки со дигитални екрани, каде најмалите може да влезат во светот на виртуелната реалност, да цртаат цртежи кои ќе ги оживеат на екранот и да доживеат многу други незаменливи и магични искуства. Оваа година, Скопје Сити Мол повторно застанува и на страната на социјално загрозените, па така, сите средства од картите за претставите на City Theatre одат во хуманитарни цели. Се работи за новогодишни претстави, секоја недела во 11.45 часот, кои се одржуваат во салите на Cineplexx. Забавата за деца не завршува тука, бидејќи за време на викендот во 11:00 часот Дедо Мраз доаѓа во фоајето на Cineplexx за заедно да појадува со дечињата. Доживување кое се раскажува со месеци! Најмалите ги очекуваат и разни работилници секоја сабота во 12:00часот и останати организирани активности кои ќе го доближат празничниот дух до целото семејство. За возрасните тука се забавните матинеа во молот, исполнети со музички настапи на фантастични домашни изведувачи, но се разбира и продавниците во кои се започнати дел од празничните намалувања и понуди. Следете ја редовно програмата за овој декември на социјалните мрежи фејсбук и инстаграм на Skopje City Mall. Уживајте во деновите кои следат. Tweet...
10-те најгледани филмови и серии на Нетфликс за 2023-та (вреди да им дадете шанса)
Црнобело - пред 1 ден
10-те најгледани филмови и серии на Нетфликс за 2023-та (вреди да им дадете шанса) --> Tweet Ако досега не сте ја изгледале Wednesday, време е да го сторите тоа. Ако, пак, сакате филм, веруваме дека ќе ви се допадне трилерот The Mother со кој Џеј Ло докажа дека е талентирана за многу повеќе од предвидливи романтични комедии. --> Моментално Нетфликс е најпопуларната стриминг платформа и меѓу бројните навистина лоши филмови и серии, дефинитивно има и некои што се истакнуваат. --> Од Нетфликс постојано даваат информации и кои се нивните најгледани филмови и серии. --> Тие проценуваат кои се најгледаните содржини на платформата според бројот на часови на гледање. --> --> На пример, сите корисници на платформата поминале 1.8 милијарди часови гледајќи ја серијата Wednesday која е најгледана за 2023-та. Кои филмови и серии се најдоа на листата: Wednesday Снимена според култните ликови од стариот стрип за семејството Адамс, Wednesday се фокусира на училишните денови на Венсдеј. --> Таа учи во академијата Nevermore каде одат разни ученици со натприродни моќи, а кратко по пристигнувањето открива мрачна мистерија во училиштето која е поврзана и со нејзиното семејство. Glass Onion: A Knives Out Mystery По ултрауспешниот Knives Out, не е ни чудно што беше снимено и второто продолжение. Во вториот филм повторно го гледаме детективот Бланк кој овојпат пробува да реши мистерија во домот на технолошки милијардер. Доколку сакате приказни како на Агата Кристи, вреди да ги изгледате и двата филма. The Mother Забавен трилер со кој Џеј Ло докажа дека може да направи многу повеќе од предвидливите романтични комедии. Таа глуми поранешна снајперистка која живее на Алјаска за да побегне од оние кои сакаат да ѝ се одмаздат. Но, мора да му се врати на стариот живот откако непријател од минатото ја киднапира ќерка ѝ. Extraction 2 Ова е второто продолжение на филмот Extraction од 2020 година и се покажа исто успешен. Главниот лик е платеник кој добива задача да ја спаси сестрата на неговата поранешна жена, како и нејзините деца. Тие се затворени од гангстер, а платеникот мора да најде начин да ги извлече од еден од најсмртоносните затвори во светот. Murder Mystery 2 Во второто продолжение на Murder Mystery, повторно ги гледаме Адам Сендлер и Џенифер Анистон во улога на приватни детективи. Тие имаат отворено нивна агенција, но тешко им е да остварат профит. Со надеж дека ќе одморат, одат на свадба кај заедничка пријателка, но таа е киднапирана среде церемонијата. Продолжува на следната страница... Почеток Претходна 1 2 Следна Крај Би можело да ве интересира: Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци... 7 филмови кои нè потсетуваат на детството и ни носат мирис на носталгија Не знам за вас, но кога бев дете обожавав да гледам филмови. Тогаш интернетот бе... 6 одлични серии на Нетфликс за сечиј вкус Ако сте љубител на еротски трилери и барате нешто ново за гледање на Нетфликс, т... 10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п... 10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде... Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат... -->...
Увери се во револуционерна елеганција во производството на Vivax 4K QLED Android TV!
Црнобело - пред 1 ден
Увери се во револуционерна елеганција во производството на Vivax 4K QLED Android TV! Детали петок, 01 декември 2023 Tweet VIVAX продолжува да важи за еден од водечките брендови во индустријата за производство на телевизори, а своето наследство го продолжува со револуционерната Q серија на 4K QLED Android телевизори. Продолжениот квалитет е одговор на потребите на бројните клиенти, кои отсега може безгрижно да уживаат во неверојатното 4К искуство, но, во исто време да се уверат во довербата која го прави Vivax брендот прв избор за домашни уреди. Неспоредливи стандарди за производство Од 2013 година, М САН Груп доо се вбројува меѓу пионерите во производството на ЛЕД ТВ, со наменски објект во Ругвица и оригинален капацитет од 85.000 уреди годишно. Во 2015 година, беше воведена нова производна линија, со технолошки напредна просторија за производство на модули на VIVAX TV уреди. Со зголемен капацитет од 180.000 уреди годишно, во опсег од дијагонали од 22" до 65", VIVAX обезбедува апсолутна контрола врз секоја компонента и етапа од производствениот процес. Потврден квалитет во секој сегмент Посветеноста на VIVAX за исклучително квалитетните ТВ уреди се потврдува со прецизните процеси за контрола на квалитетот. Секој ТВ уред е подложен на повеќекратни 100% проверки на квалитетот, спроведени од локални експерти со високо ниво на техничко знаење. Од почетната фаза на производство до финалната проверка, VIVAX гарантира производи опремени со сертификати според ЕУ стандарди. Врвот на иновациите: Воведување на Q серијата VIVAX продолжува да го води пазарот со Q-серијата на 4K QLED Android телевизори, сертифицирани од Google, со најновиот оперативен систем Android 11 и пристап до популарните и најразлични апликации од Google Play Store. Забава за целиот дом, за сите! Q-серијата доаѓа со вградени Dolby Atmos® и Dolby Vision®, за неспоредливо аудио-визуелно искуство. HDR 10+ технологијата гарантира јасен и реален приказ на содржината, додека вградениот Chromecast овозможува брзо поврзување со паметните уреди со Android или iOS. Иновативен дизајн, неспоредлива елеганција Дизајнот на серијата се карактеризира со ултра тенка метална рамка, која совршено се вклопува во секој простор. Со четири достапни дијагонали (43", 50", 55" и 65"), VIVAX предничи со софистицираност и напредна технологија. Достапност Q-серијата на телевизори со Android VIVAX 4K QLED е достапна за купување на сите продажни места на VIVAX брендот во Македонија тука, но и преку онлајн продажба. Придружете ни се во прифаќањето на иднината на телевизијата со VIVAX, каде што врвната технологија одговара на посветеноста на квалитетот кој го издржува тестот на времето. Tweet...
Елена Стојановска за стилот и убавината: „Не внимавам на исхраната, од вежбање се откажувам по 2-3 недели“
Црнобело - пред 1 ден
Елена Стојановска за стилот и убавината: „Не внимавам на исхраната, од вежбање се откажувам по 2-3 недели“ --> Tweet „Не е за фалење, ама долго време немав никаква рутина за лицето, безгрижно се сончав, но многу бев дисциплинирана во поглед на шминката. Никогаш не одев на спиење без да ја исчистам. Сега кога имам зрела кожа, повремено правам третмани за нега. Имам дневна и ноќна рутина, која опфаќа хидратација на лицето, пептиди и детално чистење, посебно навечер“, ни откри водителката Елена Стојановска Јанковска. --> За многумина Елена Стојановска Јанковска (43) е најубавата македонска водителка. --> Со својот мил лик, прекрасната насмевка и шарм, Елена ги плени гледачите на утринската емисија „Ја сакам Македонија“, каде што не е само водител, туку и уредник, а ја уредува и утринска програма во ТВ Сител. --> --> --> За својот стил на облекување, но и за тоа како ја одржува линијата иако е мајка, и како се негува, Елена ни раскажа во разговорот за CRNOBELO.com. Стил на облекување „Мојот стил на облекување го опишувам како романтичен. Тоа е така затоа што и во најспортската комбинација наоѓам простор за некој накит, украс за коса, што и да е...Сакам нежни, пастелни тонови, а кога изборот е на црна боја, сигурна сум дека би вметнала и некоја тантела и слично.Токму затоа вистинскиот збор е – романтичен. --> Купувам сè, но не се врзувам, да речеме, за сто варијанти на фармерки или кошули во сите бои.Се сметам себеси за многу практична личност и секогаш го купувам само тоа што ми треба.Во Македонија има веќе многу брендови кои ги има и во светот, па затоа и гардеробата и чевлите ги купувам кај нас. А кога сум надвор од земјата знам да се почестам со некое убаво парче гардероба кое сум го посакувала, а не ми било достапно.Инаку, кога патувам се придржувам до она 'Сè свое со себе си носам'.Па, така, иако сум практично спакувана имам сè што ми е потребно. Од работи што никогаш не би ги носела се парчиња кои не ми прилегаат убаво или во кои не ми е комфорно.Низ годините сум соработувала со многу стилисти и можеби поради професионалност секогаш сум го почитувала нивниот збор, а за среќа и ми се допаѓале комбинациите што ми ги нуделе (помалку или повеќе).Но, сега со годините, веќе не би можела да бидам некоја жртва на модните трендови“. Нега на лицето „Не е за фалење ама долго време немав никаква рутина, безгрижно се сончав, но многу бев дисциплинирана во поглед на шминката.Никогаш не одев на спиење без да ја исчистам.Сега кога веќе имам зрела кожа, одам и на дерматолог, повремено правам третмани за нега. А, за рутината се обратив кај докторка која ја запознав преку Инстаграм.Имам дневна и ноќна рутина, која опфаќа хидратација на лицето, пептиди и детално чистење, посебно навечер при отстранување на шминката“. Продолжува на следната страница... Почеток Претходна 1 2 Следна Крај Би можело да ве интересира: Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ... Како да ја искористите тиквата во рутината за убавина + кои се здравствените придобивки? Пилинг за тело, маска за мрсна кожа, но и маска за педикир - за што сè можете да... Јога за лице: 3 вежби со кои ќе ги намалите брчките Во нашата потрага по младешки изглед, сите сме пробале различни третмани за убав... Против акни, против брчки и уште 4 домашни маски за лице Маската од банана, куркума и мед е одлична за проблематична кожа со акни, додека... Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10... Трикови за шминкање кои ќе ви го олеснат животот (а ќе заштедите и пари) Навлажнете ја четкичката со која нанесувате сенка за очи - на овој начин бојата ... -->...
38 дена по раѓањето, четворката од Штип си замина дома: „Леонтина, Михаил, Тодор и Ведран се големи борци“
Црнобело - пред 1 ден
38 дена по раѓањето, четворката од Штип си замина дома: „Леонтина, Михаил, Тодор и Ведран се големи борци“ Детали петок, 01 декември 2023 --> Tweet Четирите мали борци од Штип, кои се родија во 31-вата гестациска недела и имаа околу 1.200 грама, конечно се пуштени од болница и на 29-ти ноември здрави си заминаа дома со своите родители. Вчера (30.11) на Фејсбук профилот на Клиниката за гинекологија и акушерство беа споделени фотки од малите борци. --> Четворката од Штип, девојчето Леонтина и трите момчиња – Михаил, Теодор и Ведран, кои се родија на 24.10.2023, конечно си заминаа дома. Бебињата поминаа 38 дена на Клиниката за гинекологија и акушерство, на одделот за интензивна нега. --> Таму, за нив се грижеше медицински тим, кој вели дека сите четири деца се вистински мали борци. --> --> --> На Фејсбук страницата на Клиниката за гинекологија и акушерство беа објавени неколку фотографии од малите херои и нивните родители, кои се пресреќни што целото семејство ќе биде дома. --> „Во сигурните раце на мама и на тато, на 29 ноември замина нашата четворка - малата принцеза Леонтина и нејзините тројца браќа Михаил, Теодор и Ведран.Нашите мали, но големи борци, родени во 31 гестациска недела, си заминаа во добра состојба по 38 дена поминати на одделението за интензивна нега и терапија. Михаил е роден со 1.170 грама, а дома си замина со 1.860 грама. Леонтина е родена со 1.100, а ја испративме со 1.810 грама. Теодор е роден со 1.200 грама, а дома си замина со 1.920 грама. Ведран е роден со 1.370 грама, а од ОИНТ го испративме дома, во Штип, со 2.000 грама. Докторите и медицинските сестри и акушерки од Клиниката за гинекологија и акушерство на овие мали јунаци им посакуваат среќно детство исполнето со многу здравје, а на среќните родители Благица и Александар полна куќа детска смеа, многу радости и топлина во домот што ќе им ја донесат овие четири мали сонца“, пишува во објавата на Фејсбук. Доктор Елена Ѓоргиевска Николовска, која на свет ги донесе Михаил, Леонтина, Теодор и Ведран вели дека е прекрасно чувството сите четири бебиња заедно да се испратат дома и порача дека за сите кои беа дел од оваа среќна приказна, тоа било огромен предизвик. Бебињата се зачнати со ин витро на клиника во Турција. Ова е втора четворка од Штип. Првата четворка е родена 1997 година и имаат по 26 години. НАШАТА „ЧЕТВОРКА“ ЈА ИСПРАТИВМЕ ДОМА Во сигурните раце на мама и на тато, на 29 ноември замина нашата четворка - малата...Posted by ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство - Скопје on Thursday, November 30, 2023 А. Ј. | Црнобело Tweet Би можело да ве интересира: Денес се слави Св. Архангел Михаил – Ангелот кој одлучува кој ќе биде спасен, а кому му чукнал судни... Православните христијани на 21-ви ноември го празнуваат празникот Свети Архангел... Малиот Јосиф и мама Ирина Дишовска се дома - прва фотка од Павле Камилоски со синот Ирина Дишовска, која имаше навистина активна бременост, сега веќе е дома, а музи... Миа Костова гневна откако нејзиниот син бил жртва на врснички булинг - ѝ се обрати јавно на мајката ... „Андрија на училиште добил многу грозен коментар од дете од клас. Не од оние рег... Ребека со моќен говор: „Ова признание е на сите мајки на дечиња со посебни потреби, за сите борци“ „Ви благодарам многу, ви благодарам на сите, навистина се изненадив дека ме номи... Ведрана Ѓорѓевиќ се лула на лулашка над оризови полиња, на одморот на Бали со саканиот (фото) Ведрана Ѓорѓевиќ ужива со саканиот од Србија, диџеј по професија, на егзотичен о... Божица е мала хероина! Го победи ракот, заѕвони на ѕвончето на Детската клиника во Скопје и си замин... „Уште едно дете го победи ракот и си оди дома. Многу среќа ни донесе оваа наша Б... -->...
Дневен хороскоп за ПЕТОК, 01.12.2023: Девици – посесивноста ви создава проблеми во љубовта
Црнобело - пред 1 ден
Дневен хороскоп за ПЕТОК, 01.12.2023: Девици – посесивноста ви создава проблеми во љубовта --> Tweet Рак – На работа ќе имате проблеми со некои колеги, но не грижете се бидејќи наскоро ве очекуваат позитивни промени. Ако сте сингл, денес ве следи среќа. --> Кликнете на вашиот хороскопски знак: --> Tweet --> -->...
„Не можам да си ја видам Битола од смог и чад - пропаднала во тешката смеса од сулфур и согорени пластики“
Црнобело - пред 1 ден
„Не можам да си ја видам Битола од смог и чад - пропаднала во тешката смеса од сулфур и согорени пластики“ --> Tweet Баба ми ги перела алиштата, видела малку сонце, па ги извадила надвор да се исушат побрзо. Цела недела помина, а сè уште ја слушам како ми зборува дека ѝ замирисале од чадот и нечистиот воздух. Не се проблем алиштата на баба ми, туку тоа дека немаме одговор на прашањето - Колку е чист воздухот којшто го вдишуваме секојдневно? --> Доколку се закашлате, во Битола би ви рекле: „Але, шо ти е толку шо кашлаш, да не сакаш да ти свариме еден чај од тро босилек?” --> Би ви кажал дека малку ме гребе грлото и дека чувствувам некаков горчлив вкус на метал во устата, но сигурен сум дека не сум настинат. --> Некако и отежнато ми е дишењето. Како некоја грутка да имам во градите која постојано ме чепка и кине, а не сум воопшто стар за да имам такви проблеми со дишењето. --> --> Искрено да ви кажам, ни вашиот чај од босилек нема да нè спаси доколку продолжиме да се труеме од нечистиот воздух кој демне насекаде околу нас периодов. --> Од друга страна, пак, мојата баба ги перела алиштата, видела малку сонце, па ги извадила надвор да се исушат побрзо. Цела недела помина, а сè уште ја слушам како ми зборува дека ѝ замирисале од чадот и нечистиот воздух. Не се проблем ниту алиштата на баба ми, ниту тоа што таа ќе мора повторно да ги испере, туку тоа дека немаме одговор на прашањето: „Колку е чист воздухот којшто го вдишуваме секојдневно?”. И додека станува сѐ потешко да се дише, ние се однесуваме како да ги имаме сите можни решенија на светот. Сместени во сопствениот аквариум полн со катран, затворени како со најлонски кеси на главите кои силно нè задушуваат и не ни даваат да живееме. Во борбата наречена потрага по чист воздух за да можеме да преживееме. Не сум ниту натпросечно паметен, ниту сум нешто многу битен за да кажувам што треба ние како народ да правиме. Само не сакам дополнително да страдаат болните од загадениот воздух кој како сабја ги сече нивните бели дробови. Не сакам децата да бидат спречени од играњето во снегот поради тоа што ние мораме постојано и до продавница да одиме со автомобил кој испушта отрови во воздухот. Не сакам старите лица да пешачат со маски на лицата бидејќи стравуваат од бесниот чад кој го испуштаат разлутените оџаците на фабриките и куќите. Некако сте ми се изгубиле во црната магла. Сè поретко можам јасно да ве видам. Повеќе ги гледам светлата на автомобилите кои постојано светат, отколку вашите очи. Не го гледам ни сопствениот град, бидејќи пропаднал во тешката смеса од сулфур и согорени пластики, во изгорените гуми и масла кои се впиваат во нашиот организам и го гризат како гладни црви после наврнат дожд. И, на крајот од денот, не е ни важно погодувањето дали се автомобилите, фабриките или греењето на дрва виновни за отворената војна со нечистиот воздух која ја водиме. Наместо секоја зима да се чудиме од каде е загадувањето, треба да преземеме соодветни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот. Воздухот е нешто што не може да се купи со пари, туку тој е основниот услов за живот на сите нас. И додека луѓето што се греат на дрва се посочени како единствените виновни, а не и фабриките и автомобилите, и додека нè советуваат доколку сакаме чист воздух, тогаш треба да се преселиме во село или планина, времето поминува а ние се труеме со нечист воздух. Би ве запрашал – мислиме ли воопшто на идните генерации? Што ќе дишат тие ако продолжиме по истата патека? Зарем ќе дозволиме и тие да се трујат на истиот начин како и ние? Да дишиме чист воздух не е обврска само на властите, туку колективна и сложна посветеност на сите нас како општество. Бидејќи, Скопје и Битола секојдневно се борат кој да го заземе првото место во град со најзагаден воздух. Дали утре ќе одиме на работа пеш, со велосипед, ќе користиме јавен превоз или автомобил стана многу важно. На што ќе се грееме и каков автомобил ќе купиме исто така е прашање за размислување. А, дали ќе направиме нешто за да го зачуваме колективното здравје и да го подобриме животот за идните генерации е дополнителна одлука од која можеби и животот ни зависи. Јас не сакам да живеам дишејќи отежнато како во кеса, не сакам да се плашам од сопствениот град поради тоа што некој го завил во црна и смрдлива мантија. Не сакам да тонам во аквариумот полн со смог, бодејќи се свесно со инјекцијата на отровот. Јас размислувам за луѓето околу мене и за идните генерации, бидејќи јас сакам да дишам чист воздух. ©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. А. Б. | Црнобелo / фото: freepik.com Tweet Би можело да ве интересира: Поделба на имот - добив стан, но изгубив брат Смртта е тажна и тешка сама по себе, особено кога губиме некој многу близок и др... Баба Рога, самовили, страшни кловнови: Со што сè нè плашеа како деца? Пред неколку вечери, нешто пред полноќ, се возев во градски автобус, минувајќи г... „Стојам пред полицата со ајвар во маркетот и се сеќавам на времето кога со баба ми правевме зимница“ Се сеќавам на времето кога со баба ми правевме зимница. Есен, веќе почнуваше да ... „Го фатив автобусот за Скопје и ја научив најубавата лекција за љубовта од случаен сопатник“ „Автобусот кон Скопје, како и секогаш, беше со по некое расипано седиште, малку ... „Ах, кога баба ми месеше зелник - Нема поубаво, тоа е мирисот на моето детство“ Во моето семејство традиција беше правењето на зелник. По рецептот на баба ми. Н... Толку е лесно и важно да се каже „благодарам, те сакам, ништо страшно“, а ретко кој го прави тоа... Толку е лесно да прикочите и да го пропуштите пешакот. Тогаш неговата наметка и ... -->...
Македонец (28) инфициран од ХИВ: „Сè уште не сум спремен да им кажам на најблиските дека сум позитивен“
Црнобело - пред 1 ден
Македонец (28) инфициран од ХИВ: „Сè уште не сум спремен да им кажам на најблиските дека сум позитивен“ Детали петок, 01 декември 2023 --> Tweet „Досега не сум го споделил мојот позитивен ХИВ статус со никого, освен со тимот на Клиниката. Во оваа фаза не сум спремен да кажам на семејството или блиските, бидејќи земам редовна терапија и живеам нормален живот“, вели 28-годишен маж од Македонија, кој пред 6 месеци дознал дека е ХИВ позитивен. --> 28-годишен маж е едно од околу 650-те лица во Македонија кои се ХИВ позитивни. Дека се инфицирал, дознал пред само неколку месеци, во јуни 2023 година. Иако му било очекувано поради незаштитениот сексуален однос со својот партнер, но и друга сексуално пренослива инфекција која ја добил, во првиот момент поминал низ фаза на неверување. --> На денот за заштита од ХИВ и СИДА, мажот (чиј идентитет е познат на редакцијата) за CRNOBELO.com раскажа како се инфицирал, низ што сè поминал овие неколку месеци, но и зошто не собрал храброст да им каже на семејството и пријателите дека е позитивен. --> Вирусот, кој тој го открил уште во најраната фаза, го контролира со секојдневна терапија и тој не му пречи во секојдневниот живот. --> --> Прочитајте го интервјуто за CRNOBELO.com: Кога дозна дека си ХИВ позитивен? Како се инфицираше и какво беше првото чувство кога дозна дека имаш ХИВ? Дека сум носител на ХИВ вирусот дознав во јуни годинава. Тоа го дознав преку тестовите што ги прават на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Исто така, бидејќи спаѓам во поризичните групи, кои можат да бидат засегнати од пренос на ХИВ инфекцијата, редовно се тестирав во сервисите кои ги нудат граѓанските организации кои работат на полето за ХИВ, како што е ХЕРА од Скопје, Заедно посилни и слично. --> Се инфицирав случајно, можеби ќе кажам „не сакајќи“, бидејќи имав подолго време партнер, со кого понекогаш знаевме да имаме и незаштитен однос, па така беше и во декември 2022 година. Првите симптоми на вирусот речиси и не ги почувствував и не се ни појавија. Меѓутоа, имав и друга сексуално пренослива инфекција, бактериска, која ме натера на клиника да ги направам сите потребни тестови за да заштедам на време и навремено да отпочнам со терапијата (АРТ). На клиниката пристигнав прилично спремен, иако во еден мал дел од мене се будеше надеж дека можеби тестот ќе биде негативен. Таму ме пречека психолог, кој на дискретен и доверлив начин ми направи кратко интервју, а потоа ме испрати во друга просторија за да ми земат крв и да се направи тестот. Се договоривме по 2 дена да дојдам повторно за да ми ги дадат резултатите. Се појавив со мала доза на паника и страв. Повторно ме пречека психологот и социјалната работничка од советувалиштето за ХИВ/СИДА, кое функционира при Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. По краток, пријатен разговор со психологот, следуваше и соопштувањето на резултатот, а тоа го направи на најпрофесионален и најпозитивен начин со цел да не предизвика негативни чувства кај мене (иако мислам дека тоа е невозможно, барем не во првите денови). Позитивниот резултат ми беше очекуван, но сепак тоа не помина толку многу лесно. Прво се обидов да ги скријам емоциите и не се расплакав, меѓутоа подоцна, додека разговаравме, почнав и да плачам бидејќи никогаш не би требало да ги криеме нашите емоции, посебно не во таква пријателска атмосфера каква што имаше во советувалиштето. Со вирусот живеам 6 месеци и ништо не се промени - повторно работам, се дружам, запознавам нови пријатели со кои патиштата ни се споија по новонастаната состојба. Едноставно, имам исполнет живот и ништо поразличен од лицата кои го немаат вирусот. На почетокот, првиот месец, ми беше потешко да прифатам дека треба да живеам со ХИВ, се појавуваше прашањето „зошто баш јас“, меѓутоа во ниту еден момент не се обвинив себеси, ниту мојот партнер, бидејќи одговорноста за заштита е двострана. И, ХИВ не е најлошото нешто кои може да му се случи некому или на мене. Тоа го прифатив, се соочив со новата состојба, а медицинските промени воопшто не ги чувствувам. Единствена разлика е тоа што во нашата земја се знае многу малку за ХИВ/СИДА, така што во овој момент не би го споделил мојот позитивен статус со моето семејство, блиски и пријатели, тргнувајќи од фактот дека можеби ќе наидам на дискриминација и стигматизација од нивна страна, иако можеби тоа нема да се случи. Продолжува на следната страница... Почеток Претходна 1 2 3 Следна Крај Би можело да ве интересира: Александра Тодоровиќ: „Кои биле најотмените места во старо Скопје, а кои омилените места за излет?“ „Офицерски Дом и Стариот театар! Тоа биле најотмените места каде најмногу се чув... Кристина Димитри: „Горда сум на кариерата, за една година постигнав многу, поддршка за синот ми се с... „Баш се радувам кога фановите доаѓаат од еден град во друг на мој настап, само д... Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме ... „Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од з... Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с... Ребека, Македонка во Сан Франциско: „Животот ми приреди бура - како испливав нагоре без страв и омра... „Дефинитивно самодовербата се губи ако имате партнер кој не е тоа што сте го зам... Магдалена Трајкоска: „Го победив ракот трипати, најголема поддршка ми е сопругот, а позитива - моето... Магдалена Трајкоска (34) од Скопје е пример за херојска истрајност, триумфално и... -->...
Coca-Cola квиз: Откриј каков Дедо Мраз си по душа!
Црнобело - пред 3 дена
Coca-Cola квиз: Откриј каков Дедо Мраз си по душа! Детали среда, 29 ноември 2023 Tweet Празничната магија може да започне со Coca-Cola! На светот му се потребни повеќе Дедомразовци, па зошто да не донесеш радост и ти некому? Грижлив или дарежлив Дедо Мраз или можеби веселиот и ентузијастички? Како да откриете? 1. Инсталирајте ја Coca Cola апликацијата од PlayStore или AppStore. 2. Регистрирајте се со вашиот e-mail, играјте го квизот во апликацијата и споделете празнична радост. 3. Ќе добиете нотификација „награда“ што значи дека Coca-Cola ќе донира на Црвен крст во ваше име. Споделете каков Дедо Мраз сте со вашите блиски и пријатели – да ја поделиме радоста со оние на кои им е најпотребна! Биди нечиј Дедо Мраз овие празници! На кампањата се приклучија и познатите македонски инфлуенсери - погледнете каков тип на Дедо Мраз се Стефонатор, Јанг Дади, Dave’s Kitchen, Дина Јашари, Јана Серафимова и Александар Динев. View this post on Instagram A post shared by Steffonator (@steffrasho) View this post on Instagram A post shared by Aleksandar Dinev (@aleksandardinev) View this post on Instagram A post shared by Jana Serafimova Petrovska (@janaserafimova) Tweet...
Нејмар и девојката раскинаа само 1 месец откако добија дете: Ја молеше да му прости за аферата, се допишувал со порно ѕвезда
Црнобело - пред 3 дена
Нејмар и девојката раскинаа само 1 месец откако добија дете: Ја молеше да му прости за аферата, се допишувал со порно ѕвезда Детали среда, 29 ноември 2023 --> Tweet Еден месец откако открија дека добија дете, фудбалерот Нејмар и инфлуенсерката Бруна ставија крај на врската. Веста ја потврди инфлуенсерката, по бројните гласини за неверствата на Нејмар, но и шпекулациите дека му дозволувала да ја изневерува, но само ако следи одредени правила. --> Бразилскиот фудбалер Нејмар и неговата девојка – инфлуенсерката Бруна Бјанкарди ставија крај на врската, кратко откако добија дете. --> 31-годишниот фудбалер и 29-годишната инфлуенсерка соопштија дека добиле дете на 7-ми октомври годинава. --> За раскинувањето се шпекулира некој период, откако се појавија гласини дека фудбалерот ја изневерил Бруна. --> --> View this post on Instagram A post shared by BRUNA BIANCARDI (@brunabiancardi) --> Сега, таа ги потврди вестите за раскинувањето со објава на Инстаграм Стори, а наводно се разделиле околу еден месец по породувањето. „Ова е приватна работа, но бидејќи често сум поврзувана со новости, сомнежи и шеги, би сакала да ве информирам дека не сум во врска.Ние сме родители на нашата ќерка и тоа е причината за нашиот однос“. View this post on Instagram A post shared by NJ 🇧🇷 (@neymarjr) Гласините за неверствата на Нејмар се појавија откако беа објавени фотки од него со две различни жени. Тој период се дозна и дека наводно, додека биле заедно, Нејмар и Бруна имале договор со кој таа му дозволувала да го изневерува, но му поставила неколку правила. Истовремено, се појавија и гласини дека Нејмар се допишувал и барал голи фотки од ѕвезда на Only Fans додека бил со Бруна. View this post on Instagram A post shared by BRUNA BIANCARDI (@brunabiancardi) На крај, фудбалерот беше присилен јавно да ѝ се извини на Бруна бидејќи појавија и гласини дека ја изневерувал со друга инфлуенсерка. Фудбалерот и Бруна беа заедно од 2021 година. Извесен период ја чуваа врската во тајност, а во јануари 2022-ра објавија заедничка фотка на Инстаграм. Во август минатата година изјавија дека се разделиле, но набрзо потоа се смирија. Прочитајте и Имале договор за неверства, но Нејмар го прекршил: Фудбалерот ја моли бремената девојка да му прости за аферата View this post on Instagram A post shared by BRUNA BIANCARDI (@brunabiancardi) View this post on Instagram A post shared by BRUNA BIANCARDI (@brunabiancardi) View this post on Instagram A post shared by BRUNA BIANCARDI (@brunabiancardi) Спирова С. | Црнобело Tweet Би можело да ве интересира: Му ја украде девојката на Малума, ја заведе Сораја, а сега чека бебе со инфлуенсерка: Нејмар објави ... „Сонуваме за твојот живот, го планираме твоето доаѓање и знаеме дека ќе ја допол... Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в... Пред Марко Јариќ била во врска со Лени Кравиц, тврди дека невиноста ја загубила на 27 години – Факти... Сосема случајно на 15 години победила на натпревар за убавина, никогаш не сакала... Афери, скандали и неочекувани бебиња - Кои славни врски не ја преживеаја 2022-ра година? (фото) Изминатата година имаше голем број славни свадби, но и славни разделби. Додека е... Ник Канон, бившиот на Мараја Кери, има 12 деца – не може да ги наброи сите, едното почина од рак Ник Канон и Мараја Кери се венчаа по само два месеца врска, а заедно имаат две д... Не ѝ дозволува да пали светло, ja тера да носи темни бои: Бизарниот однос на Ал Пачино (83) и девојк... „Тој инсистира таа да не пали светло во домот, затоа што не сака себеси да се гл... -->...
Најопасните аеродроми во светот - Предизвик се и за најискусните пилоти
Црнобело - пред 3 дена
Најопасните аеродроми во светот - Предизвик се и за најискусните пилоти --> Tweet Многу кратки писти, аеродроми сместени до плажи полни со туристи – дури и на најискусните пилоти им е проблем да слетаат на некои од најопасните аеродроми во светот. --> Патувањето со авион може да биде стресно речиси за сите. Исцрпни се сите обврски кои треба да ги завршите претходно, почнувајќи од пакување куфери, па сè до поминување на контролата на аеродромот. --> Но, понекогаш и самите аеродроми може да бидат предизвик. --> Почнувајќи од прекратки писти, па сè до градежни „утки“, некои аеродроми се „страв и трепет“ и за најискусните пилоти: --> --> Аеродром Куршевел, Франција Овој аеродром е изграден во 1962 година, а се наоѓа во средината на француските Алпи. Она што го прави ризичен е кратката писта, а самиот аеродром нема осветлување, што го отежнува слетувањето во магливи, дождливи или снежни денови. --> Меѓународен аеродром Бара, Шкотска Овој аеродром е изграден во 1936 година и се наоѓа северно од островот Бара. Тој е единствениот аеродром во светот каде што полетувањата и слетувањата се одвиваат на плажа. Ова, пред сè, значи дека сите воздушни операции лесно се под влијание на плимата и осеката. Плажата којашто служи како писта е отворена за јавноста, па пред да ја посетат, луѓето треба да проверат дали аеродромот работи. Плажата на овој аеродром честопати е посетена од фоки, а персоналот кој работи таму често мора да ги придржува назад во морето, со цел да избегнат несреќи. Меѓународен аеродром Принцеза Јулијана, остров Свети Мартин Овој аеродром е изграден во 1942 година и тука авионите летаат едвај 25 метри над плажата. Всушност, авионот минува толку блиску до земјата, што локалната власт ги предупредува туристите да останат на безбедно растојание за време на полетувањето и слетувањето. Низ годините, овој аеродром често бил место на несреќи кои имале катастрофални последици. Меѓународен аеродром Мале, Малдиви Овој аеродром е изграден во 1960 година, а се наоѓа на островот Хулхуле. Неговиот главен проблем е големината на пистата, која е толку мала, што ја зафаќа целата должина на островот, при што секоја погрешна пресметка може да го одведе авионот до морето. Друга необична карактеристика на овој фреквентен аеродром е тоа што откако авионите ќе успеат да слетаат, патниците обично мора да се возат со глисери за да стигнат на местото каде што одат. Аеродром Каи Так, Хонгконг Овој аеродром е изграден во 1925 година, а слетувањето на него било предизвик, дури и за највештите пилоти. Аеродромот бил опкружен со високи згради, а авионите минувале толку блиску до зградите, при што патниците чувствувале дека можат да „ѕирнат“ во канцелариите. Не е тешко да се замисли зошто патниците го нарекувале „Аеродром за срцев удар“. Каи Так било место на околу 15 несреќи, пред да биде затворен во 1998 година, токму поради тоа што бил опасен. Продолжува на следната страница... Почеток Претходна 1 2 Следна Крај Би можело да ве интересира: На остров во Африка помал од фудбалско игралиште живеат над 130 луѓе – Како изгледа нивниот живот? (... Островче во езеро во Кенија има помала површина од просечно фудбалско игралиште,... Забавни фотографии кои ќе ве уверат дека Јапонија е најуникатната земја во светот Сте виделе ли автобус за деца во форма на Пикачу или возило на KFC без возач и п... Зошто со годините значително се намалува бројот на вистински пријатели (и зошто тоа е во ред)? Колку сте постари, толку помалку трпите одредени работи, а и помалку им верувате... Скриени цркви, чешми - 5 лековити места во Македонија Кога претходно објавивме за лековити места (манастири и цркви), потенциравм... Најубавите машки и женски имиња на буквата „Л“ кои значат нежност, светлина и заштита Едно од најпопуларните машки имиња на светот, Лука, во превод значи „светлост, с... Најозлогласените и најмоќните наркобосови во светот (кои ги засенува една жена) Можеби мажите се оние кои доминираат во светот на криминалот, но ниту еден од ни... -->...
Визуелна загатка: Пронајдете ја различната мачка за 5 секунди
Црнобело - пред 3 дена
Визуелна загатка: Пронајдете ја различната мачка за 5 секунди --> Tweet Оваа загатка за 5 секунди ќе ја решат само оние кои имаат добра моќ на забележување детали. Дали и вие ќе успеете или ќе се откажете? --> Понекогаш е добро за очите и мозокот да се тренирате со ваков тип визуелни предизвици. --> Овој пат ви нудиме илустрација на која се нацртани идентични мачки - само една се разликува од нив. --> Ќе успеете ли да ја пронајдете? --> --> Решението е на следната страница... Почеток Претходна 1 2 Следна Крај Би можело да ве интересира: Вирален хит: Колку јајца има во кутијата? Оптичката илузија по која сите полудеа, вирално се шири по социјалните мрежи, а ... Квиз за најупорните: Визуелни загатки кои ќе ви го измачат мозокот и очите Овој квиз ќе го решат само оние кои имаат добра моќ на забележување детали и кои... Предизвик кој ќе го решат точно само умните глави: Колку дупки има маицата? Оваа задача на прв поглед изгледа едноставно, но најверојатно ќе направи да погр... Визуелна загатка: Кој подарок не ѝ се допаѓа на Наташа? Дали лесно забележувате детали или не? Погледнете ја оваа илустрација и откријте... Тестирајте си ги детективските способности: Имате 1 минута за 7 сцени – што не е во ред? Дали вашите очи и ум си поигруваат со вас или секогаш знаете што е тоа што го гл... Детективска задача: Кое дете е виновно за хаосот? Колку се силни вашите моќи на забележување детали? Ако треба да откриете кој е в... -->...
Промоција на „Книжевни крстопати“ од Звонко Танески во Градската библиотека во Скопје
Црнобело - пред 3 дена
Промоција на „Книжевни крстопати“ од Звонко Танески во Градската библиотека во Скопје Детали среда, 29 ноември 2023 --> Tweet В понеделник (27 ноември) во 12 часот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје ќе биде промовирана студијата „Книжевни крстопати“ од Звонко Танески. За книгата ќе говорат Ана Стојаноска и Лидија Танушевска. --> „Книжевни крстопати (сведоштва од меѓукултурниот дијалог)“, во издание на Полица, суштински се занимава со дводомните автори на кои им припаѓа и самиот Танески, а кој повеќе од петнаесет години е активен дејствувач во две државни култури – македонската и словачката. --> -Книгата започнува со за приемот на јужнословенските книжевности во Словачка по 1989 година, од корпусот на т.н. „дислокациски автори“ чие книжевно творештво е еднакво добро „одомаќинето“ минимално во „два дома“ (независно дали ќе го согледаме феноменот низ призмата на нивните животни преселби или низ призмата на книжевниот превод што дополнително и уште посилно им го зацврстува присуството во сè поголемиот број различни јазични средини), а потоа се сосредоточувам исклучиво на македонската книжевност и прикажувам објективна и исцрпувачка рефлексија на неколкумина македонски книжевни великани во словачкиот културен простор – ќе подвлече авторот во предговорот. --> Звонко Танески е моментално единствениот докажан академски стручњак во полето на словачко-македонските книжевни релации и во Македонија и во Словачка, а ангажиран е и како преведувач на познати словачки автори на македонски јазик, но и на автори и дела од македонската литература на словачки јазик. --> --> -Објавувањето на неговото дело „Книжевни крстопати“ на македонски јазик е несомнено значајно и добредојдено во нашиот културен контекст, најпосле, и како своевиден поттик за уште поагилно вложување на авторот во доменот на презентацијата и афирмацијата на македонската литература и култура во странство – потенцира универзитетската професорка Лидија Танушевска. Танески е роден 1980 година во Кичево. Дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје (2002). Остварил студиски престој на Универзитетот во Перуџа, Италија (2003). Докторирал на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Коменски“ во Братислава, подоцна уште докторирал и на Катедрата за превод и толкување на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Константин Филозоф“ во Нитра. На братиславската катедра ги предавал периодично предметите „Преглед од историјата на јужнословенските литератури“ и „Современа словачка поезија“ (2005-2007). Работел и како прв лектор по македонски јазик и литература на Катедрата за словенски филологии при Универзитетот Коменски во Братислава, Словачка (2004-2007 и повторно од 2015 до денес). --> Член е на повеќе книжевни, научни, и преведувачки асоцијации и здрженија, како и на уредувачките одбори на повеќе меѓународни списанија. Добитник е на повеќе домашни и странски награди и признанија, како за неговиот поетски, научен, така и за неговиот преведувачки опус, меѓу кои и наградата од министерот за надворешни работи и европски прашања на Р. Словачка за исклучителни заслуги за развојот на пријателските односи со Р. Словачка од областа на науката, културата и уметноста во 2018 година и др. Тој е и организатор и делегат на шеесетина литературни конференции и фестивали низ целиот свет, а, исто така, и раководител и соработник на неколку меѓународни научно-истражувачки проекти. Промоцијата на книгата „Книжевни крстопати“ во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ е дел од богатата програма на Град Скопје – европска престолнина на културата за 2028 година. Tweet -->...
Добрата жена тешко се наоѓа, а лесно се губи - Мора да знаете како да ја сакате
Црнобело - пред 3 дена
Добрата жена тешко се наоѓа, а лесно се губи - Мора да знаете како да ја сакате --> Tweet Кога жената ќе почувствува дека не ја почитуваат како што заслужува, таа заминува, оставајќи зад себе маж исполнет со каење за пропуштената шанса. --> Постои вистина која е вечна како времето - добрите жени се скапоцени камења кои ретко се наоѓаат, брзо се губат, но никогаш не се забораваат. --> Во светот во кој жените често се мистериозни книги, а мажите често се забавуваат со нивната мистериозна природа, да се најде вистинската сопатничка станува еден вид предизвик. --> Мажот кој не ја разбира вредноста на добрата жена не само што нема да ја задржи, туку и ќе ја изгуби. --> --> Кога таквата жена ќе почувствува дека не ја почитуваат како што заслужува, таа заминува, оставајќи зад себе маж исполнет со каење за пропуштената шанса. Додека едни се обидуваат да ги разберат жените, други едноставно ги сакаат. --> Не мора секогаш да разберете сè што се случува во умот на една жена, но важно е да ја прифатите таква каква што е. Прифаќањето може да биде предизвик, бидејќи животот со жена може да биде полн со нелогичност, но целиот свет е често нелогичен. Не е неопходно да се анализира секоја нејзина постапка. Жената честопати тешко се разбира себеси, но таа е свесна за тоа. Кога ќе види дека е прифатена со сите нејзини доблести и маани, таа ќе ви биде вечно благодарна и посветена на вас. Не треба да очекувате дека жената како сопруга ќе исполнува низа услови поставени однапред. Жените не го сакаат чувството дека некој ги тестира или дека некој очекува од нив да исполнат одредени критериуми. Тие не се автомобили за да ги тестирате. Или изберете ги за возење, или пуштете ги да одат по својот пат. Вашата среќа често зависи од среќата на вашата сопруга. Колку повеќе се грижите за неа, толку повеќе се грижите за себе. Нејзиното чувство за добредојде, кога ќе се вратите дома од работа, влијае на вашата врска во наредните денови. Топлината што ѝ ја давате кога ќе се вратите дома може да одреди каков ќе биде вашиот заеднички живот. Ако вашата сопруга чувствува студенило во вашето однесување, не очекувајте посебен третман, како појадок во кревет или омилениот оброк за ручек. Колку повеќе вложувате, толку повеќе добивате. Подарете ѝ цвеќе, не затоа што е поубава од другите, туку затоа што е жена, а да се биде жена не е лесно. И запомнете дека можеби има подобри жени од неа, но сигурно има и полоши. Не ја споредувајте со други жени. Важно е да разберете дека со малку љубов и грижа, вашата сопруга може да стане најдобриот партнер на светот. Од вас зависи. Извор Tweet Би можело да ве интересира: „Не истурај го гневот врз родителите, не труди се да им се допаднеш на сите“ – Што би ѝ порачала на ... Немој по секоја цена да се менуваш за да им се допаднеш на другите. Ќе сфат... Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин... Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав... Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в... Ги карам децата на улица во Скопје – ми дотрчува баба со критики, ставам тетоважа – ме судат роднини... Дотеран маж - гарант е бизнисмен и ја изневерува жена му, 100% сите му се лепат,... Чудотворни места во Македонија за жени кои не можат да забременат - Сливничкиот манастир, „трудното ... Многу легенди, митови и вистински приказни се раскажуваат и пренесуваат од ... -->...
Незапаметен интерес за наградната игра на Државна лотарија „Биди ин, регистрирај се на Мегавин“, интересот за истата е како во старите добри времиња на Супер бинго
Црнобело - пред 3 дена
Незапаметен интерес за наградната игра на Државна лотарија „Биди ин, регистрирај се на Мегавин“, интересот за истата е како во старите добри времиња на Супер бинго Детали среда, 29 ноември 2023 Tweet Скопје, 29.11.2023 година – Наградната игра „Биди ин, регистрирај се на Мегавин“ во која имате можност да добиете ексклузивна награда како луксузно патување во Дубаи, BMW1, iPhone 14 pro, гејминг лаптоп Lenovo и најавениот мега настан „99 Мегастарс“ предизвикаа невиден интерес кај граѓаните. Импресивната бројка од илјадници регистрирани корисници на платформата megawin.mk ветуваат одлична забава утревечер во СЦ „Јане Сандански“ каде и ќе се врши извлекувањето на наградите од наградната игра. За да присуствувате на овој МЕГАспектакуларен настан потребно е да се регистрирате на страницата www.megawin.mk. Во улога на водители на настанот, кој воедно ќе биде и музичко патување низ времето и одлична можност да се потсетиме на некогашните големи хитови и музички имиња кои одамна не сме ги виделе на сцената, ќе се појават Игор Џамбазов, Маријана Станојковска, Миа Костова и Мартин Трпчевски, а ќе настапат: Искра Трпева, Peace Brothers, Марјан Стојановски, Кристина Арнаудова, Ребека, Маја Гроздановска-Панчева, Ристо Самарџиев, Бени Шаќири, Андријана Јаневска, Верица Пандиловска, Александар Тарабунов, Арчи, Сара Мејс, Бојана Скендеровски, Ламбе Алабаковски, Тони Зен, Ивона Јо, Куку Леле, Дуо Дис, Наде Талевска, Дарко Гроздановски, Теа Трајковска, Мила Николовска-Ѓумар, Александар Ристовски – Принц … Секој оној кој ќе се регистрира на новата интернет платформа www.megawin.mk, за која Државна лотарија организира наградна игра за сите учесници коишто ќе се регистрираат на www.megawin.mk заклучно денес до 23:59 часот ќе учествуваат во извлекувањето на наградите на Мега настанот „99 Мегастарс“. Вкупниот фонд на награди и подароци изнесува 12 000 000 денари. Наградниот фонд е: 5 луксузни патувања за двајца во Дубаи, 10 гејминг лаптопи Lenovo, 10 iPhone 14 Pro, и еден автомобил BMW 1. Првите 50.000 регистрирани на www.megawin.mk ќе добиваат промотивни вредносни ваучери од 100 ден. до 10.000 ден., кој ќе можат да се искористат за играње на платформата megawin.mk. Со www.megawin.mk, Државна лотарија прави голем чекор во дополнување на своето портфолио игри на среќа одговарајќи на барањата на играчите, а како членка на Европска Асоцијација на лотарии се здобива со уште една од карактеристиките на современите европски лотарии. Tweet...
Брз трик за новогодишна декорација, од Македонката која секоја година има еден од најубаво украсените домови
Црнобело - пред 3 дена
Брз трик за новогодишна декорација, од Македонката која секоја година има еден од најубаво украсените домови --> Tweet „Едноставно, но убаво“ – напиша Бети Алексовска до видеото во кое покажува како да направите елегантна декорација за маса за новогодишните празници. --> Бети Алексовска е Македонка која живее во Швајцарија, а позната е по тоа што речиси за секој празник ужива да изработува уникатни декорации и да го разубавува својот дом. --> --> Пред новогодишните празници, Бети на својот Инстаграм профил сподели повеќе фотографии од нејзиниот дом, а во кратко видео покажа како да изработите брза декорација за на маса со свеќа и гранчиња од зимзелени дрвја. --> --> Како што може да се види, за оваа декорација ви се потребни: украсна чинија, една голема свеќа, неколку гранчиња од зимзелени дрвја, шишарки во различни форми обоени со бела боја, лампиони и украс во форма на ирвас. --> „Додајте елегантен допир во вашиот дом со мојата декорација што можете да ја изработите сами. Едноставно, но убаво“ – напиша таа до видеото. Погледнете го видеото во продолжение: View this post on Instagram A post shared by Beti Aleksovska (@aleksovskabeti) Прочитајте и На гости кај Бети: Новогодишно украсена куќа од 240m2 на Македонка во Швајцарија (фото) Б. С. Б. | Црнобело Tweet Би можело да ве интересира: Предмети кои сите ги имаме дома, а се „дувло“ за инсекти Старите книги, ЛЕД сијалиците, картонските кутии и дрвените полици се рај за жив... Работи што ги правите погрешно кога го чистите домот (и можат да бидат опасни) Ги чистите тавите со жичка и користите чистач на пареа за тепихот – со овие греш... 10 ситници на кои треба да обрнете внимание пред да ви дојдат гости за да се покажете како добар дом... Ако ви доаѓаат гости со деца, најдете забавна активност за децата за да не им ст... 10 корисни кујнски трикови што треба да ги знаат сите домаќини и домаќинки Како да омекнете кристализиран мед, како магдоносот да ви трае подолго и како да... Валкани штекери и уште 9 ситници поради кои домот ви изгледа неуредно во очите на гостите Дамки од бигор на чешмата, расфрлани шминки и овенато цвеќе – постојат ситници н... Предмети во домот кои е препорачливо да ги заменувате со нови еднаш годишно Завесата во бањата е совршено место за развој на мувла и бактерии, дури и ако ре... -->...
Кристина Димитри за односот со бившиот сопруг: „Син ми нема полубрат, ниту брат – фамилијата е таа со која растеш“
Црнобело - пред 3 дена
Кристина Димитри за односот со бившиот сопруг: „Син ми нема полубрат, ниту брат – фамилијата е таа со која растеш“ Детали среда, 29 ноември 2023 --> Tweet „Фамилијата е таа со која растеш“ – рече Кристина Димитри на прашањето дали Даниел Кајмакоски е вклучен во животот на нивниот син Давид. Како што вели, нејзиниот син не го запознал својот полубрат. --> Нашата пејачка Кристина Димитри гостуваше во емисијата „Ти реков ми рече“ на Давид Давидовски, каде меѓу другото зборуваше и за односот со нејзиниот поранешен сопруг Даниел Кајмакоски, но и за односот што син ѝ Давид го има со него. --> Таа одговараше на прашања поврзани со нејзиниот поранешен сопруг, и за тоа дали нивниот син го запознал својот полубрат Стефан, кој се роди во април годинава. --> --> --> Кристина на својот Инстаграм профил сподели инсерт од емисијата каде што зборува за односот со Даниел, кој на почетокот на оваа година се ожени со непозната девојка и стана татко по вторпат. Нашата пејачка рече дека во грижата за синот има најголема поддршка од нејзиното семејство – мајка ѝ, татко ѝ и брат ѝ. --> Вели дека брат ѝ е клучна татковска фигура во животот на Давид, затоа што го носи на карате, фудбал и постојано е со него, а на прашањето дали детето се прашува каде е татко му и зошто не му помага, Кристина одговори: „Не, не се прашува. Мојот син е израснат со мене, мајка ми и татко ми и ние сме негово семејство. Кој и да го види, вели дека не видел посреќно и понасмеано дете“. На прашањето дали Давид го запознал својот полубрат, многумина не го очекуваа директниот одговор на Кристина: „Давид нема полубрат, нема брат, туку мојот брат го вика брат“. На прашањето дали Даниел не се вклучува како биолошки татко, нашата пејачка дипломатски одговори: „Фамилијата е таа со којашто растеш“ и не сакаше да одговори на прашањето дали поранешниот сопруг се јавува и прашува за биолошкиот син. View this post on Instagram A post shared by DAVID DAVIDOVSKI (@davidovski_icon) Б. С. Б. | Црнобело Tweet Би можело да ве интересира: Кристина Димитри во златен аутфит со танга, Калиопи со мајка ѝ: Што прават македонските ѕвезди на И... Кристина Димитри, во стилот на Јелена Карлеуша, настапи во провокативен аутфит в... Даниел Кајмакоски позира со бурмата во прв план и се топи покрај синчето „Копија на тато“, „Фаца ти скинал“ се дел од коментарите за малиот Стефан, кој е... Пар направи забава за откривање на полот на детето во паркче во Тафталиџе, со балони и нивното куче ... „Времето беше против розовите балони и како да знаеше ветерот ги дуваше баш нив ... Кристина Димитри по јавните критики на нејзина сметка: „Поминав низ пекол, јас сум и мајка и татко н... „Жените денес не знаат што сакаат. Живеат од парите на мажот, а мислат дека се б... „Внуко моја Гаиа“ - Драган Спасов Дац стана дедо, неговиот син Јаков со сопругата доби ќерка „Добре дојде на планетава внуко моја Гаиа! И сакам да знаеш дека... Ќе ти ја сак... Антониа Гиговска објави први фотки со синот Киан: „Ми докажа за што вреди да живееш“ „Сакавме малку моменти за нас, па решивме денес официјално да ве поздравиме. Вче... -->...
Бившите сопруги го носат неговото презиме, во брак е со 34 години помлада жена – Факти за Жељко Бебек
Црнобело - пред 3 дена
Бившите сопруги го носат неговото презиме, во брак е со 34 години помлада жена – Факти за Жељко Бебек Детали среда, 29 ноември 2023 --> Tweet Си заминал од „Бијело дугме“ затоа што сметал дека приходите не се распоредуваат праведно. Вели дека ретко кој го знае неговото вистинско име, трипати се женел, а 22 години е во брак со сопругата која ја запознал кога таа имала само 18 години – Факти за животот на Жељко Бебек. --> За кариерата на Жељко Бебек (78) се знае многу. Неговите хитови и до ден-денес се вратат на радио и ретко кој не ги слушнал, а познат е по тоа што полни концертни сали и билетите за неговите концерти се речиси секогаш однапред продадени. --> Има плодна музичка кариера, а и во осмата деценија од животот, не престанува да настапува. --> Во продолжение, неколку интересни факти за неговиот живот, што можеби не сте ги знаеле: Желимир Жељко Бебек е роден на 16-ти декември во 1945-та година во Сараево, а стана познат како првиот пејач на групата „Бијело дугме“. --> --> Тој во една пригода рече дека кога луѓето ќе ги видат неговите лични документи најчесто остануваат збунети затоа што никој не го знае неговото вистинско име - Желимир. Неговите родители се викале Звонимир и Катарина, а многумина тврдат дека пејачот лаже и за своето место на раѓање. Но, во една пригода тој одлучи да им стави крај на гласините, па изјави: „Неверојатно е што за тоа толку многу се расправаше. Тоа е веројатно затоа што на Википедија некој одамна напишал дека сум роден во Бугојно. Често како дете времето го минував таму, па потоа некои жители на тој град напишале дека сум роден таму. Всушност моето потекло е од Херцеговина, од Вељаци, а роден сум во нашето убаво Сараево“ – рече тој. --> Жељко вели дека условите за живот во тој повоен период биле многу тешки, но тој бил скромен, па успеал да помине среќно детство. Во домот имале радио, па како мал често се обидувал да ги долови звуците од музиката со усна хармоника. Во училиште научил да свири мандолина и гитара. Неговата мајка Катарина пеела убаво, па од неа го наследил талентот и додека одел во училиште бил член во хорот, а потоа станал дел и од мандолинскиот оркестар. Во училиштето сите зборувале за неговите извонредни вокални способности, па така, на возраст од само 16 години, тој станал дел од групата „Ехо 61“ заедно со Корнелије Ковач. Учествувал и во други музички состави, сè до 1969-та година кога се запознале со Горан Бреговиќ , а по неколкугодишни турнеи низ Италија, тие двајца се вратиле во Сараево и таму го формирале првиот состав на „Бијело дугме“. Тој бил дел од групата сè до 1984-та година, по што започнал соло кариера. Главната причина заради која одлучил да си замине од бендот била тоа што како автор на песните секогаш се потпишувал Горан Бреговиќ и приходите не биле распределени рамномерно. Многупати се пишувало дека Жељко имал бурна младост, но неговите пријатели и познаници велат дека тој никогаш не користел опојни супстанци, дека не пиел и не се тепал. Продолжува на следната страница... Почеток Претходна 1 2 Следна Крај Би можело да ве интересира: Се заљубиле кога таа имала 18, а тој 52 години и сите им предвидувале пропаст: Љубовта на Жељко и Ру... Еден од омилените балкански музичари, Жељко Бебек (77), веќе четврт век е во љуб... „Се вљубив во сопругот на насловна страница, не му се допаѓа тоа што јас го готвам“ - Лепа Брена отк... „Кога сме дома, јас не сум Лепа Брена, а тој не е светски познат тенисер. Јас су... Првиот дечко ѝ загинал, има дует со Врчак: Факти за Анабела Атијас, позната како Фанки Џи и мајка на... Била многу млада кога го загубила првиот дечко кого многу го сакала, доживеала в... Босанец на 85 години се ожени со 38 години помлада жена: „Со години ѝ помагав додека беше во брак со... „Еден ден таа дојде овде и заплака и ми рече дека веќе не може да издржи со сопр... Гоца Тржан со моќна порака до сите жени што се борат за потомство: „Неплодноста не е само женски про... „Не губете време, затоа што времето за жените е мошне важно. Мажот може да стане... Скандалите на Гоца Тржан со бившиот сопруг продолжуваат - Таа го нарече „најголема грешка во животот... „Не следам и не читам што кажува мојот поранешен сопруг за мене. Често се шегува... -->...
Сѐ е подготвено за 99 МЕГАСТАРС – ден за музика, ден за награди, ден за незаборавни моменти
Црнобело - пред 3 дена
Сѐ е подготвено за 99 МЕГАСТАРС – ден за музика, ден за награди, ден за незаборавни моменти Детали среда, 29 ноември 2023 --> Tweet Одбројувањето за „99 МЕГАСТАРС“ почна. Во тек се финалните подготовки пред утрешниот МЕГАден за МЕГАсреќа и „99 МЕГАСТАРС“ – денот кога ќе си ги освежиме најубавите музички спомени, но и денот кога ќе споделиме незаборавни моменти на среќа, забава, дарување... --> 30 ноември е ден кога среќата ќе биде насекаде, а токму таа, исто како и музиката, им дава душа на универзумот, крилја на умот, лет на имагинацијата, а магија и радост на нашите животи. Затоа подгответе се МЕГАквалитетно и МЕГАуникатно искуство со добра македонска музика и една поинаква, позабавна лотарија − Државна лотарија, којашто за вас ги овозможи Мегавин и „99 Мегастарс “! --> На 30 ноември во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 20:00 часот ќе се слави музиката, успехот, ќе се одбележи најновата мегапобеда megawin.мк, новата визија, новиот симбол, една убава 15-годишнина, но и пишувањето на новите страници за уште 26 нови среќни приказни од наградната игра „Биди ин, регистрирај се на мегавин“... --> Она што треба да го запомните е дека влезници за оваа вечер НЕМА во продажба - единствен начин да се дојде до нив е со регистрација на платформата megawin.mk (пријавувањето за влезница ќе биде возможно до самиот почеток на настанот), а секој оној кој ќе се регистрира на платформа www.megawin.mk заклучно со денес до 23:59 часот ќе учествува и во наградната игра „Биди ин, регистрирај се на Мегавин“. Вкупниот фонд за награди и подароци изнесува 12 000 000 денари. Наградниот фонд е: 5 луксузни патувања за двајца во Дубаи, 10 гејминг лаптопи Lenovo, 10 iPhone 14 Pro и еден автомобил BMW. Првите 50.000 регистрирани на www.megawin.mk добиваат промотивни вредносни ваучери од 100 до 10.000 денари, што ќе можат да се искористат за играње на платформата megawin.mk. --> --> Во улога на водители на настанот присутните ќе ги видат неповторливиот Игор Џамбазов, Маријана Станојковска, Мартин 99 Трпчевски и Миа Костова, а како звучеше македонската музика на времето ќе нѐ потсетат: Искра Трпева, Peace Brothers, Куку Леле, Марјан Стојановски, Кристина Арнаудова, Ребека, Маја Гроздановска-Панчева, Ристо Самарџиев, Бени Шаќири, Андријана Јаневска, Верица Пандиловска, Александар Тарабунов, Арчи, Сара Мејс, Бојана Скендеровски, Ламбе Алабаковски, Нови дечки, Тони Зен, Ивона Јо, Ластовица, Дуо Дис, Наде Талевска, Теа Трајковска, Дарко Гроздановски, Мила Николовска-Ѓумар, Александар Ристовски - Принц... И тоа не е сѐ, освен аудио ве очекува и неверојатно визуелно доживување - бина со големина од 120 квадратни метри, повеќе од 100 квадратни метри ЛЕД екрани, „зелена соба“ со сите изведувачи, а уреден ќе биде и надворешниот дел, односно просторот пред салата – инаку наменет за сите оние кои нема да бидат во можност да влезат во салата. --> И пред СЦ „Јане Сандански“ ќе бидат поставени ЛЕД екрани и шатори каде бесплатно ќе се дели топол чај. Настанот ќе биде емитуван и на профилите на социјалните медиуми на Државна Лотарија, како поддржувач на проектот - во чија реализација учествуваат повеќе од 200 луѓе, а дел од dreamream-от се Дарко Панчевски и Емилија Илиевска, проект-менаџери; Мартин Трпчевски, уметнички директор; Александра Тимковска, лице задолжено за односи со јавност, Божидар Божиновски, сценарист; Зоран Тошевски, сценограф; Advanced Solution Group - Маркетинг кампања и Ангелина Китановска, стилист. Најголемиот пријател Државна лотарија за оваа вечер вели дека е влог во заедничката среќа, затоа не пропуштајте ја можноста - дојдете утревечер во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 20:00 часот - зашто не е ин само да се биде фин, туку ин си ако се регистрираш на Мегавин“... Tweet -->...
Европски градови најповолни за живеење со деца: Ниски кирии, мала стапка на криминал
Црнобело - пред 3 дена
Европски градови најповолни за живеење со деца: Ниски кирии, мала стапка на криминал Детали среда, 29 ноември 2023 --> Tweet Просечната месечна кирија за трособен апартман во Виена e 1.560 евра, што го прави еден од попристапните градови за живеење, кога ќе се земе предвид тамошната просечна плата. Кои други градови важат за најдобри за живот со деца? --> Со зголемувањето на трошоците за живот, сè поголем број семејства бараат да се преселат во поевтини места за живеење. Но, преселувањето во друга земја, особено со деца, со себе носи многу предизвици. --> Извештај од компанија за животно осигурување, Reassured, ги споредува европските градови, со цел да се утврди најдобрата дестинација за едно семејство. --> Студијата анализирала низа фактори, вклучувајќи ги и просечните месечни кирии во споредба со тамошната плата, достапните активности за деца и стапките на криминал. --> --> Кои европски градови се најдоа на врвот на листата, а кои се на последно место? Виена се покажала како најдобар град за преселување со семејството Просечната месечна кирија за трособен апартман во Виена е 1.560 евра, што го прави еден од попристапните градови за престој, за околу 2.800 евра поевтин од Женева, кој е пак најскап. Овој австриски град има одлични удобности потребни за едно семејство, вклучувајќи и 44 паркови и 148 места за детски активности. Виена исто така се покажала како безбедно место за живеење, со ниска стапка на криминал. --> Заедно со Виена, австриските градови Салцбург и Инсбрук исто така се најдоа во првите десет, што значи дека Австрија е земја најповолна за живеење со семејство. Главните градови се највозбудливи за децата За семејствата кои секогаш бараат некоја забавна активност, главните градови можеби се најдобрата опција. Истражувањата покажале дека Рим, Лондон, Париз, Прага и Амстердам имале најмногу активности за деца. Рим има дури 687 различни опции за избор, како и 148 паркови. Швајцарските градови се најбезбедни за семејства При изборот на место за преселување, од најголема важност е безбедноста. Утврдено е дека Салцбург во Австрија има најниска стапка на криминал, но во целина, Швајцарија е рангирана како најбезбедна земја, вклучувајќи ги градовите Цуг, Лугано, Луцерн, Берн и Цирих. Иако швајцарските градови можеби се безбедни, седум од нив завршиле во последните десет на рангирањето, токму поради високите трошоци за живот. Месечната кирија за трособен апартман чини 4.400 евра во Цирих и 4.330 евра во Цуг, додека пак грижата за децата и во двата града чини околу 2.900 евра на месечно ниво. Манчестер е најнеповолното место за семејство во Обединетото Кралство Манчестер е рангиран на деветтото место од сите европски градови и е најлош во Обединетото Кралство. Во извештајот се наведува дека иако трошоците за живот не се многу високи, овој град има една од највисоките стапки на криминал и високо ниво на загаденост. М. Ѓ | Црнобело Tweet Би можело да ве интересира: Брачен пар, кој не сака деца пред да го прошета светот, е мета на осуда: „Прво сакаме да уживаме во ... „Сакаме деца еден ден, но прво сакаме да уживаме во слободата. Не попуштаме под ... Маж од Уганда има 12 жени и 102 деца: „Не правам веќе деца, им наредив на жените да земаат таблети з... „Штом ќе се оженев со една жена, веднаш барав друга. Како може човек да се задов... Живот од соништата: Девојка патува низ светот и објавува совршени фотографии Таа е една од најследените инфлуенсерки од Велика Британија, а нејзиниот живот в... „Се борам да сврзам крај со крај за да купам храна за децата, но тоа не значи дека сум лоша мајка“ „Стигнав до касата и немав доволно пари за да платам. Луѓето почнаа да зјапаат в... „Ангелот на смртта“ - Жена од САД отворила клиника за гладни деца во Уганда, ги лекувала без лиценца... Тврдејќи дека била испратена на мисија од Бог, Американката Рене отворила клиник... Маж од Индија 43 години сади по едно дрво секој ден: „Сакам земјата да биде поубава за идните генера... На возраст пд 16 години овој човек почнал да сади по едно дрво секој ден. Денес ... -->...
Најзгодните македонски манекени (фото)
Црнобело - пред 3 дена
Најзгодните македонски манекени (фото) Детали среда, 29 ноември 2023 --> Tweet Христијан Стојаноски, Павле Николовски, Стефан Спирковски, Никола Андоновски – згодни, млади убави и иднината на македонскиот машки моделинг. Знаете ли кои се најзгодните манекени во Македонија? --> Ги гледате на модните ревии, во спотови, се појавуваат во реклами... --> Дел од нив градат кариера во странство и постигнуваат големи успеси, а други се фокусираат на кариера кај нас. --> Кои се најзгодните манекени од Македонија? --> --> А. Ј. | Црнобело / фото: Инстаграм Tweet Би можело да ве интересира: Најзгодните македонски доктори - врвни професионалци кои изгледаат одлично Кардиолози, стоматолози, интернисти, специјалисти по пластична хирургија... Осве... Македонскиот рапер Таско (26) со забава за откривање на полот објави дека очекува син Таско ненадејно со забава за откривање на полот со балон и патичиња на своите фа... Тоше победи на Беовизија, на телевизија гледавме „Наше маало“ – Настани во Македонија што се случија... Во 2003-та, односно пред 20 години, Македонија не се натпреваруваше на Евровизиј... Најубавите млади македонски манекенки (фото) Андријана Илиоска, Моника Црнокрак, Мија Стерјовска, Ева Јовановска - тие се мла... Годините за овие дами се само бројка: Како изгледале македонските водителки во младоста? Ели Танасковска зборува повеќе јазици, Ирена Спировска има завршено медицина, а ... Најубавите македонски поранешни мисици и манекенки повторно блеснаа на модна писта (фото) Со гламурозна модна ревија вчеравечер се одбележаа 20 години од првата Модна нед... --> -->...
Јелена Карлеуша до хејтерите: „Жените на 45 години не се баби, можат да се сликаат како сакаат“
Црнобело - пред 3 дена
Јелена Карлеуша до хејтерите: „Жените на 45 години не се баби, можат да се сликаат како сакаат“ Детали среда, 29 ноември 2023 --> Tweet „Секојпат кога некој ќе ме навреди затоа што имам 45 години, јас слабеам уште 100 грама“ – Јелена Карлеуша реши да се пресмета со сите што оставаат негативни коментари до нејзините објави и ја нарекуваат „баба“. --> Српската пејачка Јелена Карлеуша годинава во август наполни 45 години, а на својот Инстаграм профил одлучи да се пресмета со сите што коментираат дека жените по 45-тата година во животот се стари баби и дека не треба да објавуваат провокативни фотографии. --> Пејачката веќе е позната по своите смели аутфити, но и по тоа што не избира зборови кога треба да се пресмета со сите неистомисленици. --> --> --> На нејзините објави на Инстаграм често има позитивни и охрабрувачки коментари, но и критики дека на жена на нејзина возраст, која е и мајка на две девојчиња, не ѝ доликува да споделува такви фотографии. --> Во Инстаграм Стори што го избриша по само неколку часа, Јелена Карлеуша застана во одбрана на жените, па напиша: „Секојпат кога некој ќе ме навреди затоа што имам 45 години, јас слабеам уште 100 грама. Од болката во... Секој пат кога некој ќе каже дека жените се баби на 45 години мене ми се одразува уште еден стомачен мускул, а задникот ми се крева за 1 сантиметар. Секојпат кога некој ќе каже дека жените се стари на 45 години, јас станувам уште помлада и побрутална. Секојпат кога некој ќе ми каже дека жената на 45 години не треба да ги фотографира ‘градите и задникот’ јас им покажувам среден прст... Баравте, гледајте“ – напиша таа меѓу другото. Нејзината изјава е објавена во голем број од српските медиуми, а на социјалните мрежи доби голема поддршка од нејзините следбеници и жените што сметаат дека пејачката е во право и дека треба да се престане со каква било дискриминација на жените врз основа на годините. Б. С. Б. | Црнобело Tweet Би можело да ве интересира: Јелена Ѓоковиќ во кул комбинација и накит од 4.000 евра издоминира во Скопје: Се дружеше со Македонц... Јелена Ѓоковиќ во Скопје беше облечена во циклама панталони со висок струк и кош... Јелена Бачиќ Алимпиќ: „Си ја скршив надлактицата, се превиткувам од болки - знаете кога од ништо ќе ... „Оваа насмевка е очајничка, затоа што толку сакав да си ја лулам во раце својата... Ивана Кораб, една од најубавите Србинки, симна 22kg само 3 месеци по породувањето: „Имам уште сало и... Една од најубавите Србинки, Ивана Кораб, објави видео од плажа во бикини, и пока... Јелена Карлеуша: „Немам убави очи, ниту нос, ниту чело – духот ме прави убава и јас сум јас на бинат... „Јас ако треба да издвојам една убава работа на своето лице не би издвоила ништо... 30 години откако ја избодеа со нож, Моника Селеш насмеана и среќна – ретко појавување на тенисерката... „Траумата од пред 30 години конечно не се познава на лицето на Малата Мо. Таа е ... Гоца Тржан со моќна порака до сите жени што се борат за потомство: „Неплодноста не е само женски про... „Не губете време, затоа што времето за жените е мошне важно. Мажот може да стане... -->...
Како да си го подобрите менталното здравје до крајот на 2023-та, според хороскопскиот знак?
Црнобело - пред 3 дена
Како да си го подобрите менталното здравје до крајот на 2023-та, според хороскопскиот знак? --> Tweet Риби, држете се настрана од токсични луѓе и ситуации кои ви ја крадат целата енергија. Во ред е да се грижите за другите, но не заборавајте да се грижите и за себе. --> Дали се чувствувате изморено, „прегорено“ и генерално не сте среќни? --> Тогаш е време да преземете нешто во врска со вашето ментално здравје. --> Што да направите до крајот на 2023-та за да си го подобрите менталното здравје, според хороскопскиот знак? Овен Неретко сте импулсивни бидејќи им дозволувате на емоциите да ве надвладеат. --> --> Но, од ова немате никаква корист и само си ја влошувате состојбата. Следниот пат кога ќе се соочите со нешто стресно, разочарувачко или тажно, наместо да реагирате бурно, дајте си време да размислите и да воспоставите контрола над вашите емоции. --> Со ова ќе забележите и како ви се подобрува менталното здравје. Бик Дозволете си да се релаксирате и да се опуштите. Настојувате да ги преминувате вашите граници и сте премногу строги кон себе. Нормално, ова значи дека секогаш ги завршувате обврските, но не сте свесни дека „плаќате“ со вашето здравје. Мора да најдете време за одмор, без чувство на вина. Близнаци Пробајте да бидете подостапни за саканите и да се поврзите со нив. Кога сте изморени, депресивни и под стрес, лесно е да се изолирате, но ова има лошо влијание врз вашето ментално здравје. Додека е сосема во ред да минувате време сами со себе, не заборавајте дека е важно да побарате помош и поддршка од луѓето кои ве сакаат. Рак Осигурете се дека вашиот дом е место каде што се чувствувате удобно, смирено и безбедно. Состојбата на вашиот дом има огромно влијание врз вашето ментално здравје, дури и ако не сте свесни за тоа. Вам ви е особено важно домот навистина да го чувствуваат како дом и само тогаш ќе бидете среќни и задоволни од другите аспекти во вашиот живот. Лав Престанете да се фокусирате на работи кои ве прават несигурни. Доста често се споредувате со другите и кога ви се чини дека некој е подобар од вас, вашето ментално здравје страда. Направете пауза од социјалните мрежи, не се преоптоварувајте со вашите недостатоци и обрнете повеќе внимание на сите ваши квалитети. Девица Ослободете се од нереалистичните очекувања – и за себе, и за другите. Вие сте перфекционисти, па кога не го достигнувате нереалното совршенство, вашето ментално здравје страда. Премногу сте строги кон себе и не си простувате ни за најмала грешка. Мора да бидете подобри со себе. Продолжува на следната страница... Почеток Претходна 1 2 Следна Крај Би можело да ве интересира: Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ... Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ... 4 хороскопски знаци кои ќе откријат нова (подобра) верзија од себе ова лето Јарци, новото „јас“ кое ќе го запознаете ова лето е верзија од вас која е полна ... На што треба да се фокусирате за да ги остварите целите за 10 години, според хороскопскиот знак? Близнаци, ако сакате да постигнете значителен успех во наредните десет години, о... Кој е вашиот знак во хороскопот на Маите и што кажува за вас? Луѓето родени помеѓу 7-ми февруари и 6-ти март го имаат знакот Сокол. Тие се со ... Зошто ви е тешко да се држите до новите, позитивни навики, според хороскопскиот знак? Овни, премногу сте нетрпеливи, а токму поради ова ви е тешко да се држите до нов... -->...
Дневен хороскоп за СРЕДА, 29.11.2023: Девици – Соберете храброст и кажете му на партнерот како се чувствувате
Црнобело - пред 3 дена
Дневен хороскоп за СРЕДА, 29.11.2023: Девици – Соберете храброст и кажете му на партнерот како се чувствувате --> Tweet Рибите во врска ќе сакаат да здивнат малку од партнерот, особено ако работите во врската не се како што треба. --> Кликнете на вашиот хороскопски знак: --> Tweet --> -->...
Најголемите модни грешки што ги прават дамите кои носат L и XL облека (и како да ги коригирате)
Црнобело - пред 3 дена
Најголемите модни грешки што ги прават дамите кои носат L и XL облека (и како да ги коригирате) --> Tweet Црната боја не е секогаш најдобриот избор, блузата не треба да ја ставате над панталоните или здолништето... Стилистка, која и самата носи XL облека, открива кои се најголемите грешки што ги прават дамите кои носат иста големина. --> Обемот на телото и големината на облеката што ја носите не треба да биде пречка да се дотерувате како сакате. Но, сепак постојат работи кои треба да ги комбинирате внимателно за да покажете стил, вели модната стилистка Марина Каменскаја, која и самата е „плус сајз“. --> Таа открива кои се најголемите модни грешки што ги прават дамите кои носат L и XL и советува како да ги исправите. --> Црната облека не „намалува“ килограми секогаш Една од најчестите заблуди е дека црната боја ќе ви ја „коригира“ линијата на телото. --> --> Точно е дека ако носите црна облека може да изгледате послабо, но тоа не значи дека сè во црна боја ќе ви одговара. Комбинирајте различни текстури и стилови кога носите црно и на овој начин вашиот изглед нема да биде здодевен. --> Тесната облека и „детските“ принтови го уништуваат стилот Многу жени прават грешка кога избираат облека со „детски принтови“ бидејќи мислат дека така ќе изгледаат слатко, но и послабо. Има и такви кои велат дека таквиот едноставен изглед можеби не е модерен, но е удобен. Но, според Марина, многу е подобро да изберете тренерки и поудобна облека за секојдневните активности, во кои ќе покажете стил. Важно е да не одите од еден екстрем во друг, бидејќи премногу широката облека е подеднакво лош избор како и претесната облека. Погрешно го „криете“ стомакот Многу жени ја ставаат блузата врз панталоните или здолништето и на тој начин уште повеќе го истакнуваат стомакот, иако се обидуваат да го скријат. Наместо тоа, ставете ја маичката/блузата внатре во панталоните или здолништето. На овој начин ќе го издолжите торзото. Одозгора можете да облечете џемпер или палто. Здолниште со погрешна должина Кога купувате здолниште, тоа нека биде од подебел материја, кој „паѓа“ убаво, наместо да ви се лепи за телото и да ве оцртува. Дополнително, важна е должината на здолништето – тоа во никој случај не смее да е до колената, бидејќи на тој начин визуелно ќе си додадете килограми. Продолжува на следната страница... Почеток Претходна 1 2 Следна Крај Би можело да ве интересира: Нежно жолта е бојата на лето 2023 Оваа нијанса на жолта боја е свежа и неутрална, но не е нападна... Таа е идеален... 9 грешки што ги правите кога купувате чевли (и потоа нозете ве болат) Чевлите што изгледаат прекрасно во излогот на продавницата, можеби и не се толку... Корисни совети за изборот на долна облека (за да ви биде удобно и на топло време) Давајте предност на памучната долна облека и носете градник без прерамки – совет... 7 модели на чевли за кои вреди да дадете повеќе пари (бидејќи ќе ги носите постојано) Класичните салонки и квалитетните патики се задолжителни, без разлика каков стил... 7 парчиња облека и аксесоари поради кои телото ви изгледа непропорционално (и треба да ги избегнуват... Фустан што ја отцртува линијата на телото: Ваквите фустани го нагласуваат секој ... 9 модни трикови со кои и најевтината комбинација ќе изгледа луксузно Задолжително скријте го градникот кога носите фустан со гол грб и наместо да сле... -->...
Драган од Скопје за животот на Флорида: „Луѓето во Тампа се прељубезни, полицаец ми ја подари својата значка“
Црнобело - пред 3 дена
Драган од Скопје за животот на Флорида: „Луѓето во Тампа се прељубезни, полицаец ми ја подари својата значка“ Детали среда, 29 ноември 2023 --> Tweet „Луѓето на Флорида знаат да почнат разговор со вас иако не ве познаваат, да ве прашаат како ви поминува денот или, доколку имате куче или некој миленик, нив им е природно да си застанат да си поразговараат со вас. И покрај тоа, ми фали кафето со пријателите во Скопје“, вели Драган Поповски, кој често оди во САД и досега посетил околу 50 градови. --> Драган Поповски (37) од Скопје е дипломиран социолог и магистер по европски студии за интеграција. --> Тој периодов работи како проектен координатор во Центар за европски стратегии, на два проекта за прекугранична соработка со соседите, поддржани од Канадската амбасада и од Чешката амбасада во Скопје. --> Поради флексибилноста која му ја овозможува работата во граѓанскиот сектор, по завршувањето на секој проект оди во посета на САД, а тоа, вели, е буквално на секои 6 месеци. --> --> --> Во разговор за CRNOBELO.com, Драган ни раскажа дел од своите искуства поврзани со животот во САД: „Честата посета на САД ми овозможи да видам над 50 градови – од Њујорк, преку Тампа на Флорида, па сè до Атланта во Џорџија.Менхетен ми остави еден од најубавите впечатоци бидејќи, искрено, не очекував да видам толку уредени дрвореди и паркови. Иако Централ Парк е посебен и единствен, мора да кажам дека новопроектираниот Little Island, е исто така импресивен.Тој е проектиран на повеќе бетонски платформи во форма на лалиња и врз нив има огромен парк кој се издига над самата вода, па така посетителите можат да седнат на кафе и да ги видат и Менхетен и Њу Џерси од едно место, и во нивната природна средина. Меѓутоа, и покрај тоа што постојано посетувам по неколку градови, секогаш по неколку месеци се задржувам во Тампа, Флорида, каде што живеат моите роднини.За разлика од Менхетен, каде што сите брзаат, на Флорида луѓето се посрдечни.Првиот пат кога бев таму и не забележав колку се срдечни. Додека џогирав мислев дека сите се поздравуваат едни со други бидејќи се соседи. Меѓутоа, откако се оддалечив на неколку километри од првичната локација, а тие и понатаму се поздравуваа, сфатив дека тоа е поради нивната љубезност.Истото е и во продавниците и во кафетериите. Луѓето знаат да почнат разговор со вас иако не ве познаваат, да ве прашаат како ви поминува денот или, доколку имате куче или некој миленик, нив им е природно да си застанат да си поразговараат со вас. Освен жителите на Флорида, и жителите на сите јужни држави во САД се многу гостопримливи. Посебен впечаток ми остави Гринвил во Јужна Каролина каде има цела улица само со уметнички галерии на самиот кеј на реката. Не знам дали беа толку фини бидејќи беа уметници, но дури и да не купите некоја слика или нешто од тоа што го продаваат, неизбежно е да поразговарате со нив и тоа е често подолг муабет. Па, додека сум во САД, мислам дека имам скоро сè. Единствено што ми недостасува е кафето со пријателите, бидејќи Скопје има посебен шмек да можеш буквално веднаш да се договориш за кафе со пријателите и за половина час да се најдете некаде низ град или во парк.Тука претежно работат по 9-10 часа и додека да си дојдат од работа, возат по околу 40-50 минути. Кафулињата, пак, затвораат во 18 часот (со исклучок на Starbucks и Tim Hortons). Но, интересно е што сите се многу комуникативни и сакаат да ти излезат во пресрет, па дури и ако порачаш некаде кафе, иако го нема на менито, тие пробуваат да ти го направат. Американците најчесто пијат филтер кафе или американо, а јас порачувам фредо еспресо, кое ми го прават без проблем. Тука постојано се случува нешто интересно, а најинтересна случка што сум ја доживеал во Тампа беше кога добив полициска значка. Барав некој сувенир што ќе асоцира на CSI: Miami, и тоа на кантри концерт. Настанот беше со силно обезбедување, па случајно прашав еден полицаец каде можам да најдам сувенир со лого од CSI. Бидејќи скоро сè беше затворено, тој ми даде challenge coin - метална значка од полицијата на Тампа, која најчесто ја разменуваат шерифите, со лого од шампионите на хокеј The Bolts. Тампа е одлично туристичко место бидејќи има излез на Мексиканскиот залив и сите плажи се во близина - Clearwater, Indian Rocks, St.Petersburg, Dunedin, Honemoon Island, Ann Marie и најубавиот остров Caladesi.Сепак, колку и да се пријатни и пријателски расположени, луѓето во Тампа дружењето го оставаат за викенди или за празници и токму тоа од Македонија најмногу ми недостига кога сум во САД. ©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. A. J. | Црнобело Tweet Би можело да ве интересира: Вирџинија Ристеска: „Јордан е најбезбедната арапска земја, а во изгубениот град Петра губиш чувство ... Јордан не само што е најбезбедната арапска земја иако се наоѓа во ова конфликтно... Милош Боев: „Работев во Етиопија 8 месеци како градежен инженер – сакав да се вратам назад со првиот... „Кога пристигнав во кампот, од сите страни беше затворено со бетонска ограда вис... Јордан Колевски го замени Скопје за Торонто: „Животот овде е прекрасен, луѓето се топли и љубезни, р... „Овде секој ќе те поздрави иако не те познава, луѓето се топли и насмеани. Ми се... Бетика, Ледената Македонка за посетата на Занзибар и Кенија: „Секаде патував сама и се чувствував бе... „Запознав многу локалци во Занзибар, им се восхитував на позитивната енергија шт... Александра oд Скопје: „Во Виетнам поминување улица е научна фантастика, но затоа има прекрасен народ... „Виетнамците се многу вреден народ. Тие работат и во сабота и во недела, и тоа с... Марија Стамболиќ: „Плажите во Мексико се совршени, Плаја дел Кармен нуди луда забава, а ми пречеше ш... „Плаја дел Кармен има две лица. Преку ден е класично мирно туристичко место, а к... -->...
„Какви нокти очекував, а какви добив“: Жени споделуваат „хорор“ искуства од салони за маникир
Црнобело - пред 3 дена
„Какви нокти очекував, а какви добив“: Жени споделуваат „хорор“ искуства од салони за маникир --> Tweet Искривени нокти, шкртаници наместо квалитетен дизајн, излупен лак... Жени ги споделуваат своите хорор искуства од салоните за нокти. --> Сите знаат дека кога еднаш ќе најдете добар салон за маникир, најдобро е да не го менувате, доколку можете и да се држите до веќе проверените техники и дизајни. --> Но, некои жени одлучуваат да не го почитуваат ова правило и неретко се каат за тоа. --> На Редит, корисниците споделуваат повеќе фотографии од очекувањата со кои отишле во салон за маникир, но и од она што на крај го добиле. --> --> Погледнете повеќе забавни фотографии во продолжение: „Дали само мене ми се чини или ноктиве се криви?“ --> „Сочувство до личноста што добила ваков маникир“. „Сакав едноставен маникир за свадбата, ете што добив“. „Какви нокти побара девојка ми, а какви доби“. „Еве каква фотографија им покажав (лево). Ми рекоа дека се убави и може да ми направат сличен дизајн! Погледнете што добив (десно)...“ Продолжува на следната страница... Почеток Претходна 1 2 Следна Крај Би можело да ве интересира: Каков маникир да изберете оваа есен за да бидете во тренд – Од чоколадни, до речиси проѕирни нокти (... Металик нокти со врв од мат лак, нокти во боја на топло чоколадо, но и речиси пр... 10 правила за беспрекорен маникир со гел лак (кој ќе ви трае подолго) Откако ќе направите маникир на ноктите не ги ставајте рацете под жешка вода први... 10 совети со кои ќе го подобрите изгледот на ноктите (а и маникирот ќе ви трае подолго) Избегнувајте да користите кремови и масла на рацете пред да правите маникир и не... Против акни, против брчки и уште 4 домашни маски за лице Маската од банана, куркума и мед е одлична за проблематична кожа со акни, додека... Природни состојки за убавина што ги користат жените од Блискиот Исток (и вреди да ги пробате) Знаевте ли дека можете да користите кана наместо фарба за коса или етерично масл... Зошто косата ви се мрси често и како да се справите со овој проблем? Постојат многу причини за често мрсење на косата – од неправилно миење, до хормо... -->...
Прашувам за пријател: „Дали ставањето 'лајк' на фотки од други жени на Инстаграм е неверство?“
Црнобело - пред 3 дена
Прашувам за пријател: „Дали ставањето 'лајк' на фотки од други жени на Инстаграм е неверство?“ --> Tweet „Веќе две години сум со моето момче и замислувам да се венчаме и заедно да основаме семејство. Но, единствениот проблем е што тој честопати става 'лајк' на фотографии на Инстаграм објавени од други жени. Тоа прави да се чувствувам како јас да не сум доволна. Дали треба да го прифатам неговото однесување како дел од нашата врска?“ --> Не секое изневерување вклучува секс, па дури ниту физички контакт. Некои неверства се емотивни. --> Исаја Мекими е сексолог и секс-терапевт која одговара на прашања од читателите на магазинот New York Post. --> Една читателка ја прашува дали „лајковите“ на Инстаграм на фотки од други жени се всушност неверство. --> --> Прашањето на читателката гласи: „Веќе две години сум со моето момче и сакам да се венчаме и заедно да основаме семејство. Но, единствениот проблем е што тој честопати става 'лајк' на фотографии на Инстаграм објавени од други жени. Тоа прави да се чувствувам како јас да не сум доволна. Неговиот одговор е дека не ме изневерува и дека само му е забавно. Дали треба да го прифатам неговото однесување како дел од нашата врска?“ --> Одговорот на Исаја е даден во продолжение: „Без разлика дали ова се смета за 'изневерување' или не, вашиот дечко прави нешто што ве тера да се чувствувате непријатно, ве отфрла наместо да ги слуша важите проблеми и грижи. Ако не прави да се чувствувате добро, тогаш не треба да го прифатите неговото однесување.Некои изневерувања се сосема јасни, но, треба да се има на ум дека не секое изневерување вклучува секс, па дури ниту физички контакт. Некои неверства се емотивни. Многумина за изневерување го сметаат и 'дигиталното' односно 'сајбер неверството'. Сè она што ги крши границите и довербата во вашата врска, може да се класифицира како неверство.За некои луѓе можеби е прифатливо она што вашето момче го прави на социјалните мрежи. Но, за вас не е. И, тоа е сосема во ред. Не дозволувајте тој да ве убеди дека неосновано се грижите. За да постои здрава врска, партнерите треба да знаат да прават компромиси и да ги земат предвид потребите еден на друг. Изгледа дека вашето момче не е подготвено да го стори тоа.Во здравата врска, постојат работи за кои треба да се направат компромиси, но ова не треба да биде една од тоа. Сите ние имаме суштински потреби и некои работи низ кои едноставно не можеме да преминеме. Ако го сториме тоа, на крајот ќе бидеме огорчени и незадоволни. Ако сакате да направите компромис конкретно за овие постапки на вашиот партнер, тогаш ќе жртвувате некои од вашите основни потреби, да се чувствувате ценето, безбедно и сакано. Не го правете тоа. Обидете се повторно да разговарате со партнерот и без да се налутите, дајте му до знаење дека неговото однесување не е добро за вас и дека би сакале да престане. Ако е подготвен да ве сослуша, да ве разбере и да преземе одредени чекори за да ви помогне да се чувствувате посигурно во врската, постои надеж дека и двајцата би можеле да бидете среќни заедно. Ако, пак, продолжи да ги отфрла вашите грижи, тоа ќе отвори многу прашања кои се важни за вашата иднина.Вие заслужувате да се чувствувате ценети, безбедни и сакани во врската. Иако тоа не е целосно одговорност на вашиот партнер, ако не е подготвен да покаже емпатија и да преземе нешто за да ве поддржи во тоа, вашата врска никогаш нема да биде здрава.Ако не може да го стори ова, тогаш најверојатно подобро е да излезете од таа врска“. М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com Tweet Би можело да ве интересира: 3 секс пози за сите жени кои имаат болки во грбот (18+) Секс поза „лажичка“: Ова е најнежната поза за сите кои патат од болки во грбот. ... Секс поза „шампањ соба“, соодветна и за во просторија без кревет (18+) Жената ја води динамиката, но и мажот помага. Може да се изведе дури и на столче... Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на... Мажите и жените открија која им е најмалку омилена секс поза (и сигурно ќе се изненадите) (+18) 1000 мажи и жени од Европа и САД кои се во врска, одговараа на анкетни прашања з... Има такви жени кои спијат сами... Има такви жени, кои спијат сами, но не се осамени. Жени кои сами си ги плаќ... „Ако имате облини користете ги“ – 11 искрени совети од луѓе за подобар секс (18+) Посилно и побрзо не е иста работа. Само затоа што поранешниот партнер мислеше де... -->...
Рецепт за здрав домашен пудинг од јапонски јаболка и мед
Црнобело - пред 3 дена
Рецепт за здрав домашен пудинг од јапонски јаболка и мед --> Tweet Јапонски јаболка во комбинација со какао и мед за совршен здрав десерт, кој се подготвува без печење... Дали би го пробале? --> Јапонските јаболка освен што се полни со витамини, имаат специфичен вкус кој може да ви се допаѓа или не. --> Но, ако ги искомбинирате со мед, млеко и какао, можете да направите здрав пудинг на кој нема да можете да му одолеете. --> Потребни состојки: 2 шолји ладно млеко 2 зрели јапонски јаболка 1 лажица какао 1-2 лажици мед Начин на подготовка: Внатрешноста на јапонските јаболка ставете ја во блендер. Додајте какао и малку мед, а потоа и 2 шолји млеко. Блендирајте околу 2-3 минути за да добиете мазна, компактна смеса. Ставете ја смесата во шолји или чинии за послужување, па оставете го пудингот барем 2 часа во фрижидер да се стврдне (можете да го ставите накратко и во замрзнувач, ако е потребно). Украсете го пудингот со сечкани ф'стаци и уживајте во вкусот. Видео постапка: View this post on Instagram A post shared by Mutfak Kazan Ben Kepçe (@mutfakkazanbenkepce) --> --> А. Ј. | Црнобело --> Tweet Би можело да ве интересира: Викенд десерт: Сутлијаш со пудинг од ванила Дали сакате сутлијаш? Ова е модерна верзија на традиционалниот рецепт, на која н... Рецепт за лесен колач со јаболка и банани – се топи во уста Дали сте љубител на колачи со јаболка и цимет? Овојпат додаваме и банани и добив... Чизкејк од банани што не се пече – идеален за летните денови Брзите чизкејк десерти се меѓу омилените на модерните домаќинки затоа што не се ... Редена еклер торта што не се пече, со фил од јаболка и ванила Омиленото есенско овошје се јаболката, а од оваа лесна торта сите ќе бараат парч... „Nabeez“ или вода од урми - кои се придобивките за здравјето и како да ја направите? Nabeez, или вода од урми, е традиционален пијалак од Арапскиот Полуостров. Тој е... Здраво и неодоливо: Полнети пиперки со спанаќ и моцарела Ако барате вкусно и хранливо јадење кое комбинира живописни бои, смели вкусови и... -->...
Денес се слави светиот Апостол Матеј – Што треба да направите ако имате долгови?
Црнобело - пред 3 дена
Денес се слави светиот Апостол Матеј – Што треба да направите ако имате долгови? Детали среда, 29 ноември 2023 --> Tweet Именден слават Матеј, Матеја, Мате... Кој бил светиот апостол Матеј и што треба да направите на овој ден? --> Православните христијани денес (29.11) го слават Светиот апостол и евангелист Матеј, кој го напишал Евангелието на еврејски јазик, а кое подоцна било преведено и на грчки јазик. --> Се верува дека Матеј го напишал најсеопфатното Евангелие кое опишува настани уште пред раѓањето на Исус, а било напишано 8 години по неговото воскреснување. До нас стигнал само грчкиот превод, додека она на еврејски јазик било загубено. --> Се верува дека пред да ја прими христовата вера, Матеј бил цариник (т.е. закупувач и собирач на данокот, или митар) и еднаш кога Исус го видел, го повикал да тргне по него, по што тој станал еден од 12-те апостоли. --> --> Во чест на поранешната професија на Матеј, во народот останало верувањето дека денес е денот кога треба да се исплатат сите заостанати долгови и неплатени даноци. Овој светец исто така се смета дека е заштитник на цариниците, даночниците, банкарите и економистите. --> На денешен ден именден слават Матеј, Матеја, Мате... Чудата на Свети Матеј По примањето на светиот Дух, Свети Матеј го проповедал Евангелието во Партија, Мидија и Етиопија. Се верува дека во Етиопија, Матеј ги крстил сопругата и синот на кнезот, заради што го навлекол неговиот гнев. Кнезот првиот пат пратил стражари да го доведат Матеј, но војниците не можеле да го видат. Вторите стражари, преплашени, се вратиле откако го виделе апостолот кој бил облеан со силна светлина и воопшто не можеле да гледаат во него. На крај, кнезот сам пошол да го бара Матеј, но кога го нашол, апостолот блеснал со толку силна светлина, што владетелот веднаш ослепел. Но, светиот апостол имал милостиво срце. Му се помолил на Бога и кнезот прогледал - за жал, прогледал само со телесните очи, не и со духовните. Тој го фатил свети Матеј и го подложил на лути маки. Имено, на двапати запалил голем оган на неговите гради. Но, силата Господова го сочувала жив и неповреден. Тогаш, апостолот му се помолил на Бога и му го предал својот дух. Кнезот наредил телото на маченикот да го положат во оловен ковчег, па го фрлиле во морето. Светителот му се јавил на епископот Платон и му кажал за своето тело и за сандакот каде се наоѓаат. Епископот отишол и го донел ковчегот со телото на апостол Матеј. Кога го видел ова ново чудо, кнезот се крстил и го примил името Матеј. Се верува дека во целиот свој живот, Свети Матеј не јадел месо, туку се хранел со зеленчук, овошје и житарки. Б. С. Б. | Црнобело Tweet Би можело да ве интересира: Миро Кацаров ја направи првата од двете свадби: „Ивана носеше фустан како Северина, од црква отидовм... „Со Ивана се венчавме во една од најубавите цркви во Скопје, Св. Јован Крстител ... Миа Костова гневна откако нејзиниот син бил жртва на врснички булинг - ѝ се обрати јавно на мајката ... „Андрија на училиште добил многу грозен коментар од дете од клас. Не од оние рег... Денес се слави Св. Архангел Михаил – Ангелот кој одлучува кој ќе биде спасен, а кому му чукнал судни... Православните христијани на 21-ви ноември го празнуваат празникот Свети Архангел... Вирален статус на Македонец: Именден на времето (скромна трпеза) vs. денес (масата како оригами изло... „Именден денес - има виски за тој роднината од партија што очекуваш да те вработ... Денес се слават светите Кузман и Дамјан, заштитници на лекарите - Што не треба да правите на овој де... Светите браќа целиот свој живот го посветиле на лекување на луѓето, а не барале ... Денес се слави Митровден – Денот што предвидува каква ќе биде зимата Ако на Митровден падне снег, тој ќе се задржи сѐ до април. Кои народни верувања ... -->...
Предлог комбинации со омиленото парче за студените денови: Широк џемпер со ролка (фото)
Црнобело - пред 4 дена
Предлог комбинации со омиленото парче за студените денови: Широк џемпер со ролка (фото) --> Tweet Им стои добро на буквално сите, а изгледа одлично со скоро сè – од фармерки, до здолништа, па и врз фустани. Предлог комбинации со омиленото парче за студените денови – широк џемпер со ролка. --> За студените зимски и есенски денови, веројатно не постои посовршено парче облека од широките џемпери со ролка. --> Удобни се, топли и меки, лесно се комбинираат и им стојат добро на буквално сите, без разлика на градбата на нивното тело. --> Можете да ги носите со фармерки, какви било панталони, но и со здолништа, дури и од сатен. --> --> Предлог комбинации со омиленото парче облека за студените денови: --> Спирова С. | Црнобело Tweet Би можело да ве интересира: 6 модни грешки поради кои и дамите со стил изгледаат несредено во постудените месеци Џемпери со дебели хоризонтални линии, кадифени фустани што ја следат линијата на... Корисни совети за изборот на долна облека (за да ви биде удобно и на топло време) Давајте предност на памучната долна облека и носете градник без прерамки – совет... 7 парчиња облека и аксесоари поради кои телото ви изгледа непропорционално (и треба да ги избегнуват... Фустан што ја отцртува линијата на телото: Ваквите фустани го нагласуваат секој ... 10 грешки поради кои фармерките не ви стојат добро Не носите колан со тесните фармерки со висок струк и купувате модели со ниско по... Машки деловни комбинации, совршени за почетокот од есента (фото) Нема да погрешите со кошула и панталони, но не мора да се држите само до овие па... Најпознатите модни додатоци на сите времиња – колку од нив поседувате? Од бисери на Коко Шанел до омилените чевли „Маноло Бланик“ на Кери Бредшо, не по... -->...