Јулската програма на Кинотека со филмови од Синедејс
Мкд.мк - пред 28 минути
На репертоарот на Синедејс се неколку нови остварувања од европските кинематографии, како и четири наслови на еден од најзначајните автори на германската и европската кинематографија во овој век, Фатих Акин.На работ од рајот (Auf Der Anderen Seite / The Edge Of Heaven), Од никаде (In The Fade / Aus Dem Nichts), Рез (The Cut) и Душевна кујна (Soul Kitchen) се насловите на овој мајстор на човековата драма кои скопската публика ќе може да ги види под отворено небо во летното кино.Средната на јули е резервирана за новото издание на Фестивалот на електронска музика, визуелни уметности и нови медиуми – Десонанз.Јулската програма на Кинотеката го содржи и уникатниот француски документарен филм Кадифеа кралица ( La panthère des neiges / Velvet Queen), снимен на Тибет, чии автори трагаат по реткото животно и смислата на денешниот живот, а на програмата е и кинеската акциона драма Планина на смртта (Feng bao / Cloudy Mountain).Францускиот филм Титан (Titane) во режија на Жулија Дукурно (Julia Ducournau) е од оние наслови што не треба да се пропуштат. Победата на минатогодишниот кански фестивал, но многу повеќе контроверзите што ги предизвикува, го прават Титан филм што ги бранува духот и вкусовите на филмофилите.Се помина добро (Tout s’est bien passé / Everything Went Fine) на Франсоа Озон (François Ozon) е уште еден нов бисер на актуелната француска кинематографија: семејната драма со ѕвездената актерска екипа предводена од Софи Марсо (Sophie Marceau) го третира контровезното прашање за евтаназијата како спас.Австриско-германската копродукција Голема слобода (Große Freiheit / Great Freedom) на режисерот Себастијан Мајзе (Sebastian Meise) го осветлува криминализирањето на машката хомосексуалност во Германија долго век и половина, кое опстојувало во неколку дијаметрално различни општествено-идеолошки уредувања, од феудализмот преку нацизмот, до современата демократија.Уште еден наградуван германски филм е на јулската програма. Станува збор за Фабијан (Fabian oder Der Gang vor die Hunde / Fabian: Going to the Dogs) во режија на Доминик Граф (Dominik Graf), чија сторија го осветлува Берлин во почетокот на 30-тите години од минатиот век.Францускиот филм Париз – љубовна приказна (Les Olympiades, Paris 13e / Paris, 13th District) на режисерот Жак Одијар (Jacques Audiard) е необично црно-бело остварување за сексуалноста како бегство од сè она што го гуши модерното општество.На таа критичка линија се наоѓа и Со среќа дупење или улаво порно (Babardeală cu bucluc sau porno balamuc / Bad Luck Banging or Loony Porn) на Раду Јуде (Radu Jude), па го повторуваме овој романски филм на репертоарот на Кинотеката. На јулската програма е и Меморија (Memoria), филм во режија на уникатниот тајландски автор Апичатпонг Верасетакул (Apichatpong Weerasethakul), кој раскажува мистериозна сторија за Шкотланѓанка во Колумбија....
Ковачевски и Мишел по завршувањето на владината седница ќе дадат изјави
Мкд.мк - пред 36 минути
Потоа е предвидено да присуствува на владината седница, по што во 13:15 часот премиерот Ковачевски и претседателот на Советот на Европа Мишел, ќе одржат заедничка прес-конференција....
Заврши меѓународната манифестација „Битолски книжевни паметења“
Мкд.мк - пред 44 минути
На манифестацијата учествуваа истакнати писатели од Друштвото на писателите на Македонија, како и од Саудиска Арабија, Италија, Шпанија, Франција, Полска, Србија, Босна и Херцеговина, САД, Холандија, Бугарија, Западен Бенгал (Индија), Романија, Германија, Словачка и Кина.Годинашен добитник на наградата „Книжевен круг за проза“ е Јована Матевска-Атанасова, книгата „Премолчено пладне“ од Никола Илијовски е наградена со „Книжевен круг за поезија“, а книгата „Книжевно-критички читања“ од Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на наградата „Книжевен круг за критика“.Со одлука на организаторот, книгата „Денот кога го изедовме Бога“ од Гордана Јовиќ-Стојковска е добитник на наградата за книга на македонски јазик од странски автор.Организаторите информираа дека традиционалните награди „Мозаик“ за достигнувања на странски автори годинава им беа доделени на писателите Виктор Радун Теон од Србија, Катја Ерменкова од Бугарија и Звонко Танески од Словачка.Во рамки на манифестацијата беше претставена изложба на Симонида Филипова Китановска – професионален уметник и член на ДЛУМ, а за учесниците и гостите на манифестацијата следеа музички колажи на познати композиции во изведба на м-р Марија Шамоска Буџаковски-пијано и професорката Светлана Богданоска Ристоски, флејта.Организацискиот одбор на манифестацијата, писателките професор д-р Даниела Андоновска-Трајковска, Елизабета Јончиќ и Весна Мундишевска-Велјановска на учесниците им приредија посета и проштека низ Националниот парк „Пелистер“ и познатата Историска патека од Првата Светска Војна 1914-1918, што се наоѓа на планината Баба....
Стевановиќ: Зголемената раздвиженост и малиот процент вакцинирани, го зголеми бројот на ковид случаите
Мкд.мк - пред 1 час
Во моментов, како што информираше хоспитализирани се десет пациенти на Инфективната клиника и само неколку се со тешка клиничка слика.„Тоа што може да се забележи е дека за разлика од претходните денови, сега има по 20 пациенти дневно за преглед“, вели Стевановиќ.Апелот на директорката е дека е потребно се зголеми процентот на вакцинирани лица, бидејќи повеќе од јасно е дека вакцините даваат заштита и полесна клиничка слика доколку се дојде во контакт со вирусот. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во период од 1 до 3 јули, од 1.695 тестирања, регистрирани се 290 нови случаи на ковид-19, од кои најмногу се од Скопје-186.Од вкупниот број позитивни лица, 49 се реинфекции. Оздравени се 250 пациенти, а не е пријавено ниту едно починато лице.Во моментов, активни се 935 случаи на коронавирусот. Согласно податоците од ИЈЗ, најголем број од активните случаи се во главниот град, и тоа 536, потоа во Битола – 59 и 42 во Куманово. Без ниту еден активен случај се Валандово, Кратово, Демир Капија, Македонска Каменица, Пехчево и Дојран.Препораките од Комисијата за заразни болести остануваат исти како и досега. Комисијата препорачува граѓаните да бидат совесни и да го заштитат сопственото и јавното здравје и да ги применуваат општите мерки за заштита, како што се заштитна маска, одржување растојание и почесто миење раце.Засега во сила останува само обврската за задолжително носење маски во здравствените установи, згрижувачките установи, аптеките и јавниот превоз....
За францускиот предлог ќе се расправа и во Собранието, во Скопје доаѓа и Шарл Мишел
Мкд.мк - пред 1 час
Во рамки на разговорите за францускиот предлог за преговарачката рамка, денеска во Скопје пристигнува претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, со цел да ја покаже поддршката на ЕУ за францускиот предлог и да ја потврди заложбата на Унијата за интегрирање на Северна Македонија.Предлогот од средината на минатата недела е достапен за јавноста и ставен на широка консултација која премиерот Димитар Ковачевски ја води со сите чинители во државата, вклучувајќи ги и опозициските партии, граѓанските организации и медиумите. Вчера беше претставен пред Стратешкиот совет на Министерството за надворешни работи со цел одржување консултации за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија.Ковачевски на завчерашната средба со коалициските партии Демократски сојуз, ДОМ и ЛДП, дал согласност предлогот да биде ставен на пленарна седница и по расправата од пратениците за него да бидат изгласани заклучоци.Засега не е прецизирано кога би се одржала средбата со оглед на тоа што помалите партии побарале објавување на сите документи содржани во предлогот, меѓу кои и протоколот, чија содржина се уште не е позната, изјави вчера за МИА Маја Морачанин од ДОМ, пренесувајќи дека на средбата побарале предлогот да оди на пленарна седница, а не само преку Владата.Трите партии побарале и сите документи, вклучувајќи го и протоколот да бидат преведени на македонски јазик и објавени и достапни за целата јавност, а порачале и дека за нив е неприфатливо доколку билатералните прашања врзани за историјата и образованието бидат дел од преговарачкиот процес.„Доколку тоа влијание на преговарачкиот процес тоа би значело дека во текот на преговорите фокусот нема да ни биде на Копенхашките критериуми, туку дека ќе се занимаваме со билатерални историски прашања. Тоа не е цел на процесот, сакаме фокусот на преговарачкиот процес да бидат владеењето на правото, човековите права, заштитата на животната средина“, рече Морачанин.Од Демократскиот сојуз, во соопштение по седница на партиското претседателство, пак, побараа да се направат промени во преговарачката рамка. Тие сметаат дека во услови на геостратешки конфронтации, од круцијално значење за државава е да започнат преговорите со ЕУ и да продолжат реформите и имплементацијата на европските вредности.„Владата на Република Македонија да инсистира да се преработи Преговарачката рамка и од неа да се отстранат билатералните прашања наметнати од Бугарија, при што рамката да биде согласно европските принципи и стандарди. По усвојување на Преговарачката рамка да започнат пристапните преговори преку отворање на поглавјата. Уставните промени со цел вклучување на Бугарите во Уставот, да бидат на реципрочна основа, при што Советот на ЕУ да донесе заклучок со кој ќе ја задолжи Бугарија да ги имплементира одлуките на Европскиот суд за човековите права во Стразбур за признавање на правата на Македонците во Бугарија, како што е правото на здружување, формирање на културни асоцијации, политичко организирање...“, стои во заклучоците од ДС, од каде нагласуваат дека не смеат да се прифатат разговори за македонските ревулуционери. Бараат и да се се прекинат какви било дискусии за заедничко славење на македонските национални празници.Од ДС порачуваат и македонскиот идентитет и македонскиот јазик под никакви услови да не се оспоруваат и загрозуваат, а историските и образовните прашања, како и говорот на омраза и отворањето на досиејата за прогонувани лица од комунистичкиот режим, да биде на реципрочна основа.Според ДС, во Преговарачката рамка, годишните прегледи, Акцискиот план и протоколите, не смее да се прифатат решенија кои ѝ овозможуваат на Бугарија да се меша во внатрешните работи на Македонија. За предложената Преговарачка рамка, велат од ДС, да продолжи дебатата во јавноста, да се соберат сите сугестии и предлози, по што да се отвори расправа во Собранието и да се донесат заклучоци со консензус од сите пратеници односно пратенички групи и независни пратеници застапени во парламентот.Лидерите на ДОМ, Маја Морачанин, на Демократски сојуз, Павле Трајанов и на Либерално-демократската партија Горан Милевски, вчера имаа средба и со претседателот Пендаровски пред кого ги образложиле партиските согледувања за францускиот предлог и ги истакнале нивните загрижености.„На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во земјата и за модифицираниот предлог на француското претседателство со ЕУ за почеток на пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија. Лидерите на трите партии ги образложија партиските согледувања за францускиот предлог, и ги истакнаа нивните загрижености во однос на истиот“, информираа во соопштението од Кабинетот на Пендаровски, кој по седницата на Советот за безбедност објави дека предлогот е прифатлив.Во рамки на широките консултации за предлогот Ковачевски вчера имаше средба со лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села, кој изјави дека Северна Македонија треба да продолжи по патот на евроинтеграциите и оти друга опција за нас како држава не треба да постои. Најави дека ќе го разгледаат францускиот предлог по што ќе излезат со свој став како партија.И од движењето БЕСА, од каде веќе се изјаснија дека за нив е прифатлив францускиот предлог, исто така бараат за време на уставните измени да се отстрани делот 20 проценти и да пишува албански јазик.Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и вчера побара Ковачевски да го отфрли предлогот или да се тргнат точките од Годишните извештаи каде што се повикува на Протоколот.Предлогот, како што рече, „не треба да помине во Собранието, а и да помине тоа ќе биде на сила“.Извршниот одбор на владејачката СДСМ, пак, вчера оцени дека предлогот е добра основа и, како што информираа од партијата, целосно ја поддржува Владата да го продолжи процесот на консултации за носење на конечна државна одлука.„Во овие моменти е потребно државничко однесување, мудрост и одговорност водејќи грижа за иднината на државата, на сите наши граѓани. Во предлогот, којшто го сметаме дека е европскиот предлог, недвосмислено имаме прифаќање на Македонски јазик во ЕУ, што значи затворање на сите идентитетски прашања. Извршниот одбор на СДСМ констатира дека затворање на идентитетските прашања е најважно и сега е кристално јасно: македонскиот јазик е апсолутно чист и еднаков со другите јазици на Европската Унија. Ова е клучна позиција, државна и национална којашто со овој предлог е обезбедена“, наведоа од СДСМ.Во меѓувреме, од Европската комисија информираа дека најбрзо што можат ќе изнесат детали за македонскиот јазик во договорот за Фронтекс, кој Софија досега го блокира токму поради нашиот јазик.Според македонските владини претставници, преговарачката рамка предложена од француското претседателство треба да го деблокира и договорот за Фронтекс, кој Македонија не можеше да го потпише до сега поради одбивањето на Бугарија во него да стои македонски јазик.„Сега ги разгледуваме практичните импликации вклучително и за можноста за договорот со Фронтекс, треба да се видат низа оперативни детали на таа тема, да се види кои ќе бидат импликациите врз него“, рече портпаролката на Европската Комисија, Дана Спинант, во одговор на прашање од МИАОд генералниот директорат за внатрешни работи на Европската Комисија, пак, одговорија, дека нивните служби работат на ова прашање и најавија дека ќе испратат одговор „што е можно побрзо“. Во Скопје во изминатите три дена се одржаа протести за отфрлање на францускиот предлог, а учесниците кои официјално немаат организатор но се поддржани од политички партии и граѓански организации, сметаат дека предлогот е исклучително лош за македонскиот народ и македонските национални интереси....
Францускиот предлог претставен пред Стратешкиот совет на МНР
Мкд.мк - пред 1 час
„Стратешкиот совет претставува еден од столбовите за изградба на долгогодишната стратегија за надворешна политика на Северна Македонија, во процесот кој се иницираше минатата година од страна на Министерството – Рефлексија2030.Османи на состанокот детално ги образложи главните елементи од последниот предлог, кои не задираат во идентитетските прашања и после речиси две децениски кандидатски статус овозможуваат да се отвораат заслужените пристапни преговори.'Во светло и на пошироките геополитички импликации, како резултат на руската агресија врз Украина и потребата од политичка стабилност и предвидлив развој на нашиот регион, продолжувањето на нашите европски интеграции особено добива на значење', нагласи Османи.Консултациите со сите релевантни општествени чинители претставуваат важен аспект од процесот на донесување на конечна одлука за овој историски момент за насоката на која ќе се движи државата“, соопшти МНР....
Претпладне сончево, попладне нестабилна облачност
Мкд.мк - пред 1 час
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 37 степени.Утре на повеќе места ќе биде нестабилно и ќе има пад на температурата, особено во северните делови за 3 до 5 степени. Нов влажен бран со пад на температурата насекаде ќе има од петок и за време на викендот....
Путин по освојувањето на Луганск ѝ дал наредба на армијата: Продолжете според планот
Мкд.мк - пред 9 часа
Руските сили „мора да ги продолжат своите мисии според веќе одобрените планови“, рекол Путин за време на разговорот со министерот за одбрана Сергеј Шојгу преку видеолинк.„Се надевам дека во нивните сектори сè ќе се одвива како што се случи во Луганск“, рече тој.Овие изјави доаѓаат еден ден откако украинската армија се повлече од стратегиски важниот град Лисичанск, давајќи им на Русите и на проруските сепаратисти целосна контрола над Луганск.Заедно, Луганск и соседен Доњецк го сочинуваат регионот Донбас, богат со руда, кој е целта на Москва.Шојгу рекол дека руските сили се во процес на „деминирање на Лисичанск“.Освојувањето на Лисичанск, кој заедно со соседниот град Северодоњецк формираше стратегиски важна оска, им овозможува на руските сили да се пробијат на запад, кон градовите Славјанск и Краматорск, двата најголеми града во Донбас што сè уште се под контрола на Киев.Прорускиот сепаратистички функционер Виталиј Киселев во понеделникот изјави дека руските сили напредуваат од два правци кон Сиверск, место на патот кон Краматорск и Славјанск....
Средба Лапорта-Мендеш, се разговара за шокантен трансфер на Роналдо на Камп Ноу?!
Мкд.мк - пред 9 часа
Жоан Лапорта вечерва во Барселона се сретнал со Жорж Мендеш, за темата на разговор може само да се нагаѓа.Франсиско Тринкао, Нико Гонзалез и Бернардо Силва се имињата за кои пишуваат најголемиот дел од медиумите.Но АС шпекулира со шокантен трансфер и вели дека претседателот на Барса и агентот разговараат за преселба на Кристијано Роналдо на Камп Ноу.Весникот додава дека Жоан Лапорта уште минатото лето опипувал терен за ангажман на ЦР7, но тешката финансиска состојба на клубот спречила посериозни преговори....
Украинските сили го гранатираат Доњецк, вели градоначалникот
Мкд.мк - пред 9 часа
„Се гранатираат станбени квартови, детски градинки, училишта, индустриски погони и рудникот Засјадко“, рече Кулемзин и кажа дека пазарот во центарот на градот сè уште гори, пренесува ТАСС.Тој потврди дека состојбата во градот е тешка, но и дека сите служби се ангажирани за санирање на штетите.Вооружените сили на Украина од утрово го гранатираат Доњецк на секои 10 до 15 минути со артилерија, минофрлачи и повеќецевни ракетни системи, пренесоа агенциите....
Украина објави снимка од моќен ракетен систем (ВИДЕО)
Мкд.мк - пред 9 часа
На снимката се гледа како украинските војници истрелуваат проектили од системот ХИМАРС, кои истовремено можат да лансираат повеќе прецизно наведувани проектили.„Борбеното дело на ХИМАРС. Во правец на Запорожје. Убав, брз, прецизен“, се вели во извештајот.Оружјето е понапредно од оние што претходно ги користеше Украина и имаат поголем дострел и прецизност.На 23 јуни министерот за одбрана на Украина, Олексиј Резников, рече дека системите ХИМАРС од САД веќе пристигнале во Украина. На 25 јуни, врховниот командант на украинските вооружени сили Валериј Залужни изјави дека повеќекратните ракетни системи за лансирање М142 ХИМАРС веќе ја бранат Украина. ХИМАРС може да лансира една ракета АТАКМС (армиски тактички ракетен систем) со дострел од 300 км или шест проектили со дострел до 70 км....
„Бугари“, „Татари“, „Никогаш Северна, само Македонија“
Мкд.мк - пред 10 часа
Издавач: Портал њуз ДООТелефони: 02 / 3256-696 • 02 / 3256-956078 / 219-341 • 078 / 219-342E-mail: [email protected]...
ДУИ: Граѓаните вечерва беа сведоци на обидот да се повтори 27 април, 2017
Мкд.мк - пред 10 часа
„Граѓаните вечерва беа сведоци на обидот да се повтори сличниот напад врз највисокото законодавно тело во државата како на 27 април 2017 година од политички партии и поединци кои воопшто не размислуваат за иднината на граѓаните и на Република Северна Македонија.Во решавачките моменти за државата, во моментите кога се пишува историја и се поставуваат темелите на европскиот пат, Демократската унија за интеграција ги уверува институциите и граѓаните дека нема да дозволи во ниту еден момент да скршне од патот на Евро-американско пријателство и европската интеграција.Проруските партии кои водат насилни протести против евроинтеграциите ја спроведуваат агендата на Москва за дестабилизација на земјата и регионот, но за среќа овие помали партии немаат поддршка од граѓаните.Ги повикуваме политичките партии во земјата кои се назначени за европска Македонија, да се оградат од овие деструктивни агенди и да работат заедно за интеграција во Европа со целосно почитување на идентитетот, културните и јазичните карактеристики на сите нас“, се вели во реакцијата на ДУИ....
Захарова: Москва може да ѝ се одмазди на целата ЕУ за бугарското протерување 70 руски дипломати
Мкд.мк - пред 10 часа
„Политизираната одлука на Софија за неоправдано намалување на нашиот дипломатски персонал во Бугарија сигурно нема да помине без билатерален одговор“, рече Марија Захарова во соопштението на Министерството.Оценувајќи дека бугарското протерување оди многу подалеку од дипломатската практика, таа ги повика Софија и ЕУ „да размислат за принципот на реципроцитет, кој е основа на дипломатските односи“.Европската дипломатија „треба да разбере дека непромислената поддршка на антируските акции од различни земји-членки ја принудува ЕУ да преземе одговорност за последиците, вклучително и кога станува збор за одмазднички мерки од наша страна“, рече Захарова.Во петокот руската амбасадорка во Софија предвиде затворање на руската амбасада во земјата по одбивањето на Бугарија да ја промени одлуката за протерување на 70 руски дипломати.Станува збор за досега невиден број луѓе протерани од Бугарија, членка на ЕУ и НАТО, но традиционално блиска до Русија.ЕУ го изрази своето жалење поради „неоправданата закана на Русија да ги прекине дипломатските врски со Бугарија“, опишувајќи ја таа мерка како „несразмерна“....
Бајиќ: Ни недостасува американски плејмејкер, со него би биле 30 проценти посилни
Мкд.мк - пред 10 часа
Денеска Македонија со пораз од Украина ги заврши квалификациите за Светското првенство, ги загубивме сите шест натпревари во групата во која беа и Шпанија и Грузија. „И честитам на Украина за победата и би сакал да и се заблагодарам на публиката која дојде да нè бодри. Примивме многу поени во првиот дел, дури 35. Беа шутерски расположени, а ние влеговме премеко и пребавно во натпреварот“, вели селекторот Бајиќ. „Бевме хендикепирани на високите позиции и бевме принудени на алтернативни решенија. Имаат доста искусни играчи кои знаеја да го казнат тоа што ние игравме и со помала енергија. Се вративме во играта со повеќе енергија во втората четвртина и намаливме на минус десет. Во второто полувреме излеговме со повеќе самодоверба и успеавме да го покажеме нашиот карактер. Неколку нереализирани зицери, слободни фрлања не уназадија и изгубивме концентрација. Имавме неколку важни напади кои одлучив да ги наметнам, да им ги дадам на помладите играчи да ги преземат, да се соочат со тоа како се игра во минути кога се одлучува натпреварот“. „На крајот на денот морам да бидам задоволен со овој натпревар особено со оглед на тоа дека патувавме од Шпанија и имавме еден тренинг, покрај фактот дека на ниту еден собир не бевме комплетни и не можевме во целост да ја демонстрираме нашата моќ“. „Горд сум на оваа група на момци и што имав шанса да ги тренирам. Дел од играчите имаат повеќе минутажа во репрезентацијата отколку во клубовите што не е добро за една национална селекција. Ни недостасува американски плејмејкер, со него би биле 30 проценти посилни. Ова е долг процес. Долго време просекот на репрезентацијата беше над 30 години, мора некогаш да се случи тоа подмладување дури и ако тоа значи жртвување на резултатите“. „Сега треба да седнам со челниците на федерацијата и да видиме шт понатаму. Ако некој мисли дека јас сум главниот проблем и дека кошарката ќе процвета без мене, тогаш тоа веднаш ќе го решиме со мое заминување“....
Францускиот предлог на македонски јазик
Мкд.мк - пред 10 часа
Предлог-заклучоци на Советот1. Повторувајќи ги своите заклучоци од 14 декември 2021 година, Советот ја поздравува континуираната определба на Северна Македонија да продолжи со реформската агенда на Европската Унија и да испорача видливи и одржливи резултати. 2. На патот на Северна Македонија кон членство во Европската Унија, Советот потсетува на важноста од постигнување видливи резултати и од спроведување на билатералните договори во добра волја, вклучително и Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија. 3. Во таа насока, Советот го поздравува договорот за протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија формирана според член 12 од овој договор. Овој важен чекор ќе придонесе кон добрососедските односи и регионалната соработка, коишто остануваат суштински елементи на процесот на проширување, како и на процесот на стабилизација и асоцијација. 4. Исто така, ќе овозможи зајакнување на еднаквите права на припадниците на малцинствата и заедниците во Северна Македонија и како таков ќе придонесе кон усогласувањето со Копенхашките политички критериуми. Во таа насока, Советот ја поздравува намерата на Северна Македонија, да започне и приоритетно да ги постигне релевантните уставни измени, со цел во Уставот да се вклучат граѓани кои живеат во рамките на границите на државата и кои се дел од други народи, како што се Бугарите. 5. Земајќи го целосно предвид овој напредок и непреченото усогласување во сите области идентификувани од страна на Советот во јуни 2018 година, Советот одлучи да ја одобри Преговарачката рамка и, во согласност со Подобрената методологија и одлуката за отворање преговори за пристапување донесена на 25 Март 2020 година, да одржи политичка меѓувладина конференција со Северна Македонија на [место:датум], со цел да се претстават следните чекори од процесот на проширување, по усвојувањето на Преговарачката рамка, како што е опишано во „Воведна изјава на ЕУ“. 6. Со цел да се заврши оваа фаза на отворање на преговорите за пристапување, Советот, исто така, одлучува да свика друга меѓувладина конференција со цел да ја претстави Преговарачката рамка и тековната состојбата на подготвителните работи извршени од страна на Комисијата и e подготвен да ја одржи истата без дополнителни одложувања или дополнителна политичка одлука, веднаш штом Северна Македонија ќе ја спроведе својата заложба за завршување на горенаведените уставни измени, во согласност со нејзините внатрешни процедури. 7. Во овој поглед, Советот нотира дека Комисијата постигнала напредок во својата работа за да го спроведе и заврши процесот на аналитичко испитување на правото на ЕУ (acquis) и е подготвена навремено да ги претстави своите резултати на Северна Македонија. Врз основа на тоа, Советот ја повикува Комисијата да продолжи да го проценува степенот на подготвеност на Северна Македонија за отворање преговори во одредени области и да ги идентификува прашањата што најверојатно ќе се појават во преговорите, почнувајќи од кластерот фундаментални вредности, којшто, во согласност со Преговарачката рамка, ќе се отвори прв откако Северна Македонија ќе ги исполни релевантните критериуми договорени од Советот. КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ЕВРОПСКАТА УНИЈА - СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА -МИНИСТЕРСКИ СОСТАНОК НА МЕЃУВЛАДИНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЗАВРШУВАЊЕ НА ОТВОРАЊЕТО НА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА ОПШТ СТАВ НА ЕУВОВЕДНА ИЗЈАВА НА ЕУ ЗА ОТВОРАЊЕ ПРИСТАПНИ ПРЕГОВОРИ 1. По првата политичка Меѓувладина конференција, одржана на [датум] и во име на Европската Унија, ми претставува задоволство денес да им посакам добредојде на почитуваните претставници на Северна Македонија за завршување на првата фаза на отворање пристапни преговори на вашата земја со Европската Унија.2. Во согласност со заклучоците на Советот од 25 март 2020 година, одобрени од членовите на Европскиот совет на 26 март 2020 година, Советот [одобри во јуни 2022 година] општа Преговарачка рамка, земајќи ги предвид горенаведените заклучоци, како и други релевантни заклучоци на Советот, обновениот консензус за проширувањето и воспоставената практика. Преговарачката рамка, која ви ја претставуваме денес, го зема предвид искуството од минатите проширувања и тековните пристапни преговори, како и еволуирањето на правото на ЕУ (acquis) и соодветно ги одразува сопствените заслуги и специфични карактеристики на Северна Македонија. Преговорите имаат за цел Северна Македонија интегрално да го усвојува правото на ЕУ (acquis) и да обезбеди негово целосно спроведување и примена. Тоа ја вклучува подобрената методологија за проширување, која обезбедува уште посилен фокус на фундаменталните реформи во пристапните преговори. Затоа, Северна Македонија ќе треба целосно да ги прифати и спроведе реформите во фундаменталните области на владеењето на правото, особено реформата на правосудството и борбата против корупцијата и организираниот криминал, фундаменталните права, зајакнувањето на демократските институции и реформата на јавната администрација, како и економските критериуми. Особено внимание треба да се посвети на заштитата и недискриминирачкото постапување кон граѓаните кои припаѓаат на малцинствата или заедниците. За да се осигури неповратност на напредокот во овие области и негово целосно и ефективно спроведување, Комисијата ќе продолжи внимателно да го следи напредокот, и редовно ќе го известува за тоа Советот.Со оглед на клучната важност на основните реформи низ целиот процес, напредокот во кластерот Фундаментални вредности ќе го одреди вкупното темпо на преговорите. Ова ќе овозможи доволно време да се воспостават потребното законодавство, институциите и солидната евиденција на спроведување пред да се затворат преговорите. Скрининг извештаите, што ќе ги подготви Комисијата, ќе дадат значителни насоки, вклучително и во однос на задачите што треба да се завршат во патоказите што треба да ги донесат властите на Северна Македонија.3. Правото на ЕУ (acquis) ги вклучува, меѓу другото, целите и начелата врз кои е основана Унијата, како што е наведено во Договорот за Европската Унија. Како идна земја членка, очекуваме да се придржувате до вредностите наведени во член 2 од Договорот за Европската Унија, имено, почитувањето на човековото достоинство, слобода, демократија, еднаквост, владеење на правото и почитување на човековите права, вклучително и правата на лицата кои припаѓаат на малцинствата.Понатаму, пристапувањето во ЕУ подразбира навремено и ефективно спроведување на целокупниот корпус на правото на ЕУ или ЕУ acquis (правото на ЕУ), како што е во моментот на пристапувањето. Според подобрената методологија за проширување, развојот на доволен административен и правосуден капацитет, како дел од кластерот фундаментални вредности, е клучен во исполнувањето на сите обврски кои произлегуваат од членството. Во однос на преводите на acquis - правото на ЕУ на македонски, ЕУ ги зема предвид соодветните еднострани декларации на Бугарија и Северна Македонија за македонскиот јазик.4. Регионалната соработка и добрососедските односи остануваат суштински елементи на процесот на проширување. Северна Македонија треба да продолжи конструктивно да се ангажира во инклузивна регионална соработка и да ги зајакне односите со соседните земји. Денес, потсетуваме на важноста од постигнување видливи резултати и спроведување на билатерални договори во добра волја, вклучително и Договорот од Преспа со Грција и Договорот за добрососедски односи со Бугарија.5. Во периодот до пристапување, од Северна Македонија ќе се бара постепено да ги усогласува своите политики кон трети земји и нејзините ставови во меѓународните организации со политиките и ставовите донесени од Унијата и нејзините земји членки.6. Да потсетиме и дека паралелно на пристапните преговори, Унијата и Северна Македонија ќе го продолжат дијалогот со граѓанското општество и соработка во областа на културата, со цел зближување на луѓето и осигурување поддршка од граѓаните за пристапниот процес. Очекуваме Северна Македонија прецизно и стратешки да ги соопшти придобивките и обврските од процесот на пристапување пред својата јавност, вклучително и справувањето со дезинформации, во согласност со својот проевропски стратешки избор.7. Останува на земјите членки да одлучат дали се соодветни условите за завршување на преговорите, имајќи го предвид развојот на правото на ЕУ (acquis) од датумот на отворање на преговорите и подготвеноста на Северна Македонија за членство.8. Пристапните преговори, чие отворање го завршуваме денеска, ќе бидат ригорозни и напорни. Со одлучност и посветеност, уверени сме во вашиот капацитет да ги доведете преговорите до успешно завршување. Ќе ве поддржиме во вашите напори и со нетрпение очекуваме да ви посакаме добредојде како полноправна членка на Европската Унија.ПРЕГОВАРАЧКА РАМКАНачела со кои се регулираат преговорите1. Пристапните преговори ќе се засноваат на член 49 од Договорот за Европската Унија (ДЕУ) и, соодветно, ќе ги земат предвид сите релевантни заклучоци на Европскиот совет, како и Заедничката изјава на членките на Европскиот совет од март 2020 година со која се одобрува подобрената методологија за проширување, обновениот консензус за проширувањето договорен од Европскиот совет во декември 2006 година и заклучоците од Европскиот совет во Копенхаген во 1993 година.Подобрената методологија за проширување има за цел да го засили процесот на пристапување со тоа што ќе го направи попредвидлив, покредибилен, подинамичен и со посилно политичко управување, засновано на објективни критериуми и ригорозни позитивни и негативни условувања и реверзибилност.2. Преговорите ќе се засноваат на сопствените заслуги на Северна Македонија, а темпото ќе зависи од напредокот на Северна Македонија во исполнувањето на барањата за членство. Комисијата или, онаму каде што е соодветно, Претседателството, редовно ќе го информира Советот во поглед на ова за да може Советот постојано да ја разгледува ситуацијата. Унијата пак, од своја страна, во догледно време ќе одлучи дали се исполнети условите за завршување на преговорите; ова ќе се направи врз основа на извештај од Комисијата со кој ќе се потврди дека Северна Македонија ги исполнува барањата наведени во точка 5.Заедничката цел на преговорите е пристапувањето. По својата природа, преговорите се отворен процес чиј исход не може да се гарантира однапред. На полето на заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ (ЗНБП), Високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика е одговорен, во тесна соработка со земјите членки, и Комисијата каде што е соодветно, за скрининг, давање предлози во преговорите и редовно известување до Советот. 3. Проширувањето треба да го зајакне процесот на континуирана интеграција во кој се вклучени Унијата и нејзините земји членки. Треба да се вложат сите напори за заштита на кохезијата и ефективноста на Унијата. Во согласност со заклучоците на Европскиот совет од декември 2006 година, нагласувајќи ја важноста дека ЕУ може да го одржи и продлабочи сопствениот развој, темпото на проширување мора да го земе предвид капацитетот на Унијата да прими нови членки, што е особено важно за општиот интерес и на Унијата и на Северна Македонија.4. Преговорите се отвораат врз основа на тоа дека Северна Македонија ги почитува и е посветена на промовирање на вредностите врз кои е основана Унијата, наведени во член 2 од Договорот за Европската Унија, имено, почитувањето на човековото достоинство, слобода, демократија, еднаквост, владеење на правото и почитување на човековите права, вклучително и правата на лицата кои припаѓаат на малцинствата. Преговорите се отвораат и врз основа на тоа дека Северна Македонија постигнала висок степен на усогласеност со критериумите за членство, особено политичките критериуми утврдени од Европскиот совет во Копенхаген во 1993 година и условеноста на Процесот за стабилизација и асоцијација, воспоставена од Советот во 1997 година. Унијата очекува Северна Македонија да работи на целосно почитување на овие критериуми и услови, да покаже цврста политичка посветеност и да осигури целосно спроведување на клучните реформи и законодавство, особено во фундаменталните области на владеењето на правото, посебно реформата на правосудството и борбата против корупцијата и организираниот криминал, фундаменталните права, зајакнувањето на демократските институции и реформата на јавната администрација, како и економските критериуми.5. Напредокот на преговорите ќе биде воден од напредокот на Северна Македонија во подготовката за пристапување и поттикнување на економската и социјалната конвергенција. Овој напредок ќе се мери особено според следните барања:- Копенхашките критериуми, во кои се утврдени следните барања за членство:• стабилноста на институциите кои гарантираат демократија, владеење на правото, човекови права и почитување и заштита на малцинствата;постоењето на функционална пазарна економија и капацитет за справување со конкурентскиот притисок и пазарните сили во Унијата;способноста да се преземат обврските од членството, вклучително и почитувањето на целите на политичката, економската и монетарната Унија и административниот капацитет за ефективно применување и спроведување на правото (acquis).Процесот за стабилизација и асоцијација, кој останува заедничка рамка за односите со Западен Балкан до нивното пристапување.Исполнувањето на обврските на Северна Македонија од Спогодбата за стабилизација и асоцијација, како и напредокот на Северна Македонија во решавањето на клучните области идентификувани во извештаите на Комисијата и релевантните заклучоци на Советот.Имајќи го предвид горенаведеното, посветеноста на Северна Македонија за добрососедски односи и поблиска регионална соработка, вклучително и преку постигнување видливи резултати и спроведување на билатералните договори во добра волја, вклучително и Договорот од Преспа со Грција и Договорот за добрососедски односи со Бугарија од 2017 година, како и годишните прегледи и мерки за негово ефективно спроведување според член 12), во согласност со Солунската агенда за Западен Балкан усвоена во јуни 2003 година, Декларацијата од Софија од мај 2018 година, Декларацијата од Загреб од мај 2020 година и Декларацијата од Брдо од октомври 2021 година, заклучоците на Советот за процесот на проширување и стабилизација и асоцијација од март 2020 година и декември 2021 година и други релевантни заклучоци на Советот. 6. Во периодот до пристапувањето, од Северна Македонија ќе се бара постепено да ги усогласува своите политики кон трети земји и нејзините позиции во меѓународните организации со политиките и ставовите донесени од Унијата и нејзините земји членки. Усогласувањето со ЗНБП ќе се следи редовно во текот на преговарачкиот процес и ќе се поттикнува преку редовен дијалог за ЗНБП.7. Суштината на преговорите ќе се води на Меѓувладина конференција со учество на сите земји членки од една страна и Северна Македонија од друга страна. Меѓувладината конференција ќе се одржува најмалку еднаш годишно, по донесувањето на заклучоците на Советот земајќи го предвид годишниот пакет за проширување на Комисијата и секогаш кога е релевантно. Меѓувладината конференција ќе обезбеди политичко управување и форум за политички дијалог за реформскиот процес.Исто така, ќе направи целосна проценка на севкупниот процес на пристапување и ќе утврди индикација за годината што претстои за тоа кои кластери/поглавја потенцијално би можеле да се отворат или затворат и можни корективни мерки врз основа на степенот на спроведување на реформите. Сите страни ќе осигурат застапеност во Меѓувладината конференција на соодветно ниво. Постапката и организацијата на преговорите се утврдени во Анекс I. Комисијата систематски ќе ги консултира земјите членки во текот на процесот на пристапување. Земјите членки може да придонесат преку следење на терен преку нивните експерти, со директен придонес во годишниот пакет за проширување и секторска експертиза.8. Со цел да се внесе динамика во преговарачкиот процес и да се поттикнат заемните напори надвор од поединечните поглавја, преговарачките поглавја ќе бидат организирани во тематски кластери. Овие кластери ги спојуваат поглавјата/областите според пошироки теми (види Анекс II) и ќе овозможат посилен фокус на суштинските сектори.9. Подобрената методологија за проширување предвидува уште посилен фокус на реформите во фундаменталните области на процесот на пристапување како што е наведено во став 4, кои Северна Македонија мора целосно да ги прифати и спроведе. Северна Македонија мора да осигури дека нејзините институции, капацитети за управување како и административни и правосудни системи се доволно зајакнати со цел ефективно да се спроведе правото на ЕУ (acquis).10. Со оглед на клучната важност во текот на процесот на основните реформи, преговорите за кластерот Фундаментални вредности ќе се отворат први и ќе се затворат последни. Ова ќе овозможи доволно време да се воспостават потребното законодавство, институциите и солидната евиденција на спроведување пред да се затворат преговорите. Напредокот во кластерот Фундаментални вредности ќе го одреди вкупното темпо на преговорите и ќе се земе предвид при одлуката за отворање или затворање на нови кластери или поглавја.11. Доколку Северна Македонија постигне доволен напредок во реформските приоритети договорени во преговорите, тоа треба да доведе до:1/ поблиска интеграција со Европската Унија, преку забрзана интеграција и „со постепено вклучување“ во поединечните политики на ЕУ, пазарот на ЕУ и програмите на ЕУ со цел да се ослободи потенцијалот на таквата интеграција, особено со отстранување на техничките бариери за трговијата, истовремено обезбедувајќи можности за рамноправно делување; примарен фокус треба да се даде на областите каде што земјата кандидат покажува капацитет и експертиза за извоз во ЕУ и на области од заемен стратешки интерес, во кои што земјата кандидат обезбедува значително производство, но треба да ги исполни нормите и стандардите на ЕУ (на пр., производство на клучни суровини), како и на области каде што има огромен неискористен потенцијал (на пр. дигитална/зелена економија).2/ Зголемување на инвестиции и финансирање, вклучително и интензивирање на претпристапната помош во согласност со важечките законски одредби, правила и процедури и поблиска соработка со релевантните меѓународни финансиски институции со цел да се поттикнат инвестиции и поддршка; користењето на фондовите на ЕУ треба да создаде голема европска предност и силна локална економија со проекти кои се спроведуваат, од страна на ЕУ и локалните бизниси, онолку колку е возможно, и во целосна согласност со правото на ЕУ (acquis), вклучително и правната рамка на соодветните финансиски инструменти, и меѓународните обврски на ЕУ.12. Предвидливоста на процесот на пристапување бара одлучни и пропорционални корективни мерки во случаи на каков било сериозен или продолжен застој или назадување во спроведувањето на реформите и исполнувањето на барањата при процесот на пристапување. Во конкретните случаи наведени подолу кои бараат брз одговор на ситуацијата и/или реверзибилност на процесот ќе се користат поедноставени процедури, вклучително и гласање со обратно квалификувано мнозинство од страна на Советот.13. Во случај на сериозно и постојано непочитување на вредностите врз кои е основана Унијата од страна на Северна Македонија, Комисијата може, по сопствена иницијатива или соодветно образложено барање на земја членка, да препорача прекин на преговорите и да ги предложи условите за евентуално продолжување. Одлуката за прекин на преговорите ќе се смета дека е усвоена од Советот, освен ако, откако ќе ја сослуша Северна Македонија, не одлучи со квалификувано мнозинство да ја отфрли препораката на Комисијата во рок од 90 дена. Европскиот парламент ќе биде информиран. Откако Комисијата оцени дека Северна Македонија ги исполнила условите за евентуално продолжување, ќе му препорача на Советот да ги продолжи пристапните преговори. Одлуката за истата ќе се смета дека е донесена од Советот, освен ако со квалификувано мнозинство не одлучи да ја отфрли препораката на Комисијата во рок од 90 дена.14. Во случај наi) каков било сериозен или продолжен застој или назадување во спроведувањето на реформите во кластерот Фундаментални вредности, илиii) ситуација кога напредокот во кластерот Фундаментални вредности значително заостанува зад напредокот во другите области и тоа доведува до севкупна нерамнотежа на преговорите за проширување и откако ќе ги исцрпи сите други достапни мерки, Комисијата може по сопствена иницијатива или соодветно образложено барање на земја членка, да предложи повлекување на нејзините препораки за отворање и/или затворање на други преговарачки кластери и поглавја, и да ја прилагоди придружната подготвителна работа, како што е соодветно, додека не се реши овој застој, назадување или нерамнотежа. Одлуката за тоа ќе се смета дека е донесена од страна на Советот, освен ако, откако ќе ја сослуша Северна Македонија, не одлучи со квалификувано мнозинство да го одбие предлогот на Комисијата во рок од 90 дена.Земјите членки ќе дејствуваат на Меѓувладината конференција во согласност со оваа одлука на Советот. Откако Комисијата ќе оцени дека застојот, назадувањето или нерамнотежата се решени, ќе му препорача на Советот да ги отвори и/или затвори односните преговарачки кластери и поглавја. Одлуката за тоа се смета дека е донесена од страна на Советот, освен ако со квалификувано мнозинство не одлучи да ја отфрли препораката на Комисијата во рок од 90 дена.15. Во случај на привремено затворени поглавја, Комисијата може по сопствена иницијатива или со соодветно образложено барање на земја членка да препорача повторно отворање на преговорите за поглавјето - и кластерот чиј дел е тоа, ако кластерот исто така бил привремено затворен таму каде што Северна Македонија не успеала да продолжи да ги исполнува важните одредници или да ги спроведе своите обврски. Одлуката за повторно отворање на преговорите за привремено затворените поглавја ќе се смета дека е донесена од Советот, освен ако, откако ќе ја сослуша Северна Македонија, не одлучи со квалификувано мнозинство да ја отфрли препораката на Комисијата во рок од 90 дена.Земјите членки ќе дејствуваат на Меѓувладината конференција во согласност со оваа одлука на Советот. Откако Комисијата оцени дека може да се затворат поглавјето и кластерот, кој бил повторно отворен, ќе му препорача на Советот да го затвори ова поглавје и овој кластер. Одлуката за тоа се смета дека е донесена од страна на Советот, освен ако не одлучи со квалификувано мнозинство да ја отфрли препораката на Комисијата во рок од 90 дена.16. Онаму каде што има значително назадување во кластерот или во одредено поглавје кое сè уште не е привремено затворено, Комисијата може по своја иницијатива или на соодветно образложено барање на земја членка да препорача претходното отворање на односниот кластер да се поништи. Одлуката за поништување на претходното отворање на кластерот ќе се смета за усвоена од Советот, освен ако, откако ќе ја сослуша Северна Македонија, не одлучи со квалификувано мнозинство да ја отфрли препораката на Комисијата во рок од 90 дена. Земјите членки ќе дејствуваат на Меѓувладината конференција во согласност со оваа одлука на Советот. Откако Комисијата ќе оцени дека кластерот може повторно да се отвори, ќе му препорача на Советот да го отвори овој кластер. Одлуката за истата се смета дека е донесена од страна на Советот, освен ако не одлучи со квалификувано мнозинство да ја отфрли препораката на Комисијата во рок од 90 дена.17. Обемот и интензитетот на претпристапната помош, исто така, може да се прилагодат по надолна линија, со исклучок на поддршката за граѓанското општество, во согласност со важечките правила и процедури.18. Со цел да се зајакне довербата на јавноста во процесот на проширување, одлуките ќе се носат на што е можно поотворен начин за да се обезбеди поголема транспарентност. Заедничките ставови на ЕУ ќе бидат јавно објавени по усвојувањето. Од Северна Македонија се очекува да ги спроведе сопствените подготовки во целосна транспарентност со соодветно вклучување на засегнатите страни и преку инклузивен и значаен дијалог со граѓаните и граѓанското општество. Внатрешните консултации и размислувања ќе бидат заштитени до степен кој е неопходен за да се заштити процесот на донесување одлуки, во согласност со законодавството на ЕУ за пристап на јавноста до документите во сите области на активности на Унијата.19. Северна Македонија мора да ги прифати резултатите од сите други пристапни преговори какви што се во моментот на нејзиното пристапување. Ќе бидат потребни јасни заложби за да се осигури дека ниту една идна земја членка не е во позиција неоправдано да го блокира пристапувањето на другите кандидати од Западен Балкан, под услов тие да ги исполнат критериумите за пристапување на Унијата.20. Паралелно на пристапните преговори, Унијата и Северна Македонија ќе продолжат и дополнително ќе го унапредуваат дијалогот со граѓанското општество и соработката во областа на културата, со цел зближување на луѓето и обезбедување поддршка од граѓаните за пристапниот процес.21. Северна Македонија треба прецизно и стратешки да ги пренесе придобивките и обврските од процесот на пристапување до својата јавност, вклучително и справување со дезинформации, во согласност со нејзиниот проевропски стратешки избор. Суштината на преговорите22. Пристапувањето подразбира прифаќање на правата и обврските поврзани со Унијата и нејзината институционална рамка, позната како „acquis“ на Унијата. Северна Македонија ќе мора да го примени ова како што е во моментот на пристапување. Покрај усогласување на законодавството, пристапувањето особено подразбира, навремено и ефективно спроведување на правото на ЕУ (acquis).Правото на ЕУ (acquis) постојано се развива и особено ги вклучува:– содржината, принципите, вредностите и политичките цели на Договорите врз кои е основана Унијата; – актите донесени од институциите во согласност со договорите, како и судската пракса на Судот на правдата на Европската Унија;– сите други акти, правно обврзувачки или не, усвоени во рамките на Унијата, како што се меѓуинституционални договори, резолуции, изјави, препораки, насоки;– меѓународни договори склучени од Унијата, од Унијата заедно со нејзините земји членки и оние склучени од земјите членки меѓу себе во однос на активностите на Унијата. Ова се однесува мутатис мутандис за Договорот за основање на Европската заедница за атомска енергија (Евратом) и за сите усвоени акти и договори склучени согласно или во рамките на тој договор, кон кои ќе се придржува и Северна Македонија.Северна Македонија ќе треба навремено да направи преводи на правото на ЕУ (acquis) на македонски пред пристапувањето и ќе треба да обучи доволен број преведувачи и толкувачи потребни за правилно функционирање на институциите на ЕУ по нејзиното пристапување.23. Произлезените права и обврски, кои Северна Македонија ќе треба да ги почитува како земја членка, подразбираат раскинување на сите постоечки билатерални договори меѓу Северна Македонија и Унијата, како и на сите други меѓународни договори склучени од Северна Македонија кои се некомпатибилни со обврските на членството.24. Прифаќањето на правата и обврските кои произлегуваат од правото на ЕУ (acquis) од страна на Северна Македонија може да бара посебни прилагодувања на правото на ЕУ (acquis) и, по исклучок, може да доведе до преодни мерки, кои мора да се дефинираат за време на пристапните преговори. Сите одредби од Спогодбата за стабилизација и асоцијација што отстапуваат од правото на ЕУ (acquis) не може да се сметаат за преседани во преговорите за пристапување.25. Онаму каде што е потребно, ќе се договорат специфични приспособувања на правото на ЕУ (acquis) врз основа на принципите, критериумите и параметрите својствени за тоа право на ЕУ (acquis) како што ги применуваат земјите членки при усвојувањето на тоа право на ЕУ (acquis) и земајќи ги предвид спецификите на Северна Македонија.26. Унијата може да се согласи со барањата од Северна Македонија за преодни мерки под услов да се ограничени во време и опсег и придружени со план со јасно дефинирани фази за примена на правото на ЕУ (acquis). За областите поврзани со проширувањето на внатрешниот пазар, регулаторните мерки треба да се спроведат брзо, а преодните периоди треба да бидат кратки; каде што се неопходни значителни приспособувања кои бараат значителен напор, вклучувајќи големи финансиски трошоци, може да се предвидат соодветни преодни аранжмани како дел од тековниот, детален и буџетски план за усогласување. Во секој случај, преодните аранжмани не смеат да вклучуваат измени на правилата или политиките на Унијата, да го нарушат нивното правилно функционирање или да доведат до значителни нарушувања на конкуренцијата.Во оваа насока, мора да се води сметка за интересите на Унијата и на Северна Македонија. Во согласност со втората точка од став 23 од заклучоците на Европскиот совет од 16/17 декември 2004 година, може да се договорат и преодни мерки и специфични аранжмани, особено заштитни клаузули во интерес на Унијата.27. Деталните технички приспособувања на правото на ЕУ (acquis) нема да треба да се поправаат за време на пристапните преговори. Тие ќе бидат подготвени во соработка со Северна Македонија и навремено усвоени од институциите на Унијата со цел нивно стапување во сила на датумот на пристапување.28. Северна Македонија ќе учествува во економската и монетарната унија од пристапувањето како земја членка со отстапување и ќе го усвои еврото како своја национална валута по одлуката на Советот за таа цел, врз основа на оценка за нејзиното исполнување на потребните услови. Преостанатото право на ЕУ (acquis) во оваа област целосно се применува од пристапувањето.29. Во однос на областа на правдата, слободата и безбедноста, членството во Европската Унија подразбира дека Северна Македонија при пристапувањето целосно го прифаќа целокупното право на ЕУ (acquis) во оваа област, вклучително и шенгенското acquis. Сепак, дел од правото на ЕУ (acquis) ќе се применува само во Северна Македонија по одлуката на Советот за укинување на контролите на лицата на внатрешните граници, донесена врз основа на применливата шенгенска евалуација за подготвеноста на Северна Македонија, земајќи го предвид извештајот на Комисијата кој потврдува дека Северна Македонија продолжува да ги исполнува обврските преземени во пристапните преговори кои се релевантни за шенгенското acquis.Процедури за преговарање30. Комисијата ќе преземе формален процес на скрининг на правото на ЕУ (acquis), со цел да ги информира властите на Северна Македонија за развојот на правото на ЕУ (acquis), да го процени степенот на подготовеност на Северна Македонија за отворање преговори во одредени области и да добие прелиминарни индикации за прашањата што најверојатно ќе се појават во преговорите. Процесот на скрининг, исто така, треба да послужи за да се идентификуваат областите за забрзана интеграција, што треба да се договори помеѓу ЕУ и Северна Македонија за следење во телата на Спогодбата за стабилизација и асоцијација доколку е тоа соодветно. За време на скринингот, Комисијата, исто така, ќе ги идентификува клучните антикорупциски реформски приоритети и ќе го процени релевантниот административен капацитет.31. За целите на скринингот и последователните преговори, правото на ЕУ (acquis) ќе биде поделено на повеќе поглавја, од кои секое покрива одредена област на политики; поглавјата ќе бидат групирани во шест тематски кластери. Списокот на овие поглавја и кластери е даден во Анекс II. Секое мислење искажано од Северна Македонија или од ЕУ за одредено поглавје или кластер од преговорите во никој случај нема да го прејудицира ставот што може да се заземе за други поглавја или кластери. Областите на политиките во кои се потребни особено сериозни напори од страна на Северна Македонија за усогласување на законодавството со правото на ЕУ (acquis) и за обезбедување на негово спроведување и примена ќе бидат разгледани во раната фаза од пристапните преговори. Исто така, договорите постигнати во текот на преговорите за одредени поглавја или кластери, дури и делумни, не може да се сметаат за конечни додека не се постигне целосен договор за сите кластери.32. Процесот на скрининг ќе се спроведува по кластери и ќе резултира со предложени почетни одредници кои ќе ги идентификуваат клучните реформи за кластерот како целина, онаму каде што е соодветно. Процесот на скрининг, исто така, ќе ги идентификува предложените области за забрзана интеграција, заедно со условите што треба да ги исполни Северна Македонија за да обезбеди највисоко усогласување со правото на ЕУ (acquis) во соодветната област. Врз основа на ова, Советот, постапувајќи едногласно на предлог на Комисијата, ќе ги утврди и оцени почетните одредници за кластерот, како и договори за областите за забрзана интеграција во согласност со применливите правила и процедури.33. Во согласност со став 10, со оглед на суштинската важност на реформите во фундаменталните области, преговорите за кластер фундаментални вредности ќе бидат отворени први и затворени последни и ќе подлежат на специфичната процедура наведена подолу, додека други кластери може да се отворат како и да бидат затворени истовремено.34. Што се однесува до кластер фундаментални вредности, Комисијата, врз основа на извештајот од скрининг, ќе предложи патоказ за поглавјата за владеење на правото, како и патоказ за реформа на јавната администрација, што ќе биде подготвен од властите на Северна Македонија, да служат како почетни одредници. Доколку е потребно, може да се постават дополнителни одредници за отворање во поглавјата за јавни набавки и финансиска контрола. Советот, постапувајќи едногласно по предлогот на Комисијата, ќе ги утврди и оцени овие почетни одредници.35. Северна Македонија затоа ќе биде поканета да подготви патоказ за поглавјата за владеење на правото (23 - Судство и основни права и 24 - Правда, слобода и безбедност).Овој патоказ ќе биде усвоен од властите на Северна Македонија врз основа на насоките што ќе бидат дадени во извештаите од скринингот од страна на Комисијата и по транспарентен процес на значајни консултации со сите релевантни чинители, вклучително и граѓанското општество. Патоказот треба да ги содржи клучните реформски приоритети и да ги води пристапните преговори во овие поглавја и подготовките за исполнување на барањата за членство. Северна Македонија преку инклузивен процес ќе усвои Акциски план посветен на заштита на правата на припадниците на малцинствата или заедниците, вклучително, меѓу другото, на полето на недискриминација, борба против говорот на омраза, образование, воспоставување ефективни мерки, механизми за известување и идентификување на соодветните одговорни институции. Спроведувањето на овој патоказ и Акциски план постојано ќе се следи и редовно ќе се разгледува на Меѓувладините конференции во текот на целиот процес.36. Северна Македонија, исто така, ќе биде поканета да подготви и усвои патоказ за функционирање на демократските институции, како и патоказ за реформи во јавната администрација, за кои Комисијата ќе даде насоки во извештаите од скринингот. Овие патокази ќе бидат развиени преку транспарентен процес на значајни консултации со сите релевантни чинители, вклучително и граѓанското општество. Тие ќе ги утврдат општите заложби на земјата за реформи во соодветните области со јасен распоред и предвидените клучни чекори. Спроведувањето на овие патокази постојано ќе се следи и редовно ќе се разгледува на Меѓувладините конференции во текот на целиот процес.37. Откако Советот, врз основа на проценката на Комисијата, ќе се увери дека се исполнети почетните одредници за кластер фундаментални вредности Советот ќе одлучи за отворањето на кластер фундаментални вредности, и едногласно ќе утврди привремени одредници за поглавјата за владеење на правото во ставот на ЕУ за отворање врз основа на предлог на Комисијата. Овие привремени одредници конкретно ќе имаат за цел, доколку е соодветно, усвојување на законодавството, воспоставување и зајакнување на административните структури и на средишната евиденција на успех и ќе бидат тесно поврзани со активностите и одредниците во спроведувањето на патоказот и Акцискиот план. Ниту едно поглавје нема да биде привремено затворено пред да се исполнат овие привремени одредници.38. Откако Советот ќе се увери дека овие привремени одредници се исполнети, Советот, едногласно, ќе ги утврди во привремен став завршните одредници за кластер фундаментални вредности како целина која бара солидна евиденција на спроведување на реформите.39. Откако Советот ќе се увери, врз основа на оценката на Комисијата дека се исполнети завршните одредници за кластер фундаментални вредности, Советот, едногласно ќе донесе одлука за привремено затворање на кластерот фундаментални вредности како целина.40. Дополнително, спроведувањето на напорите за исполнување на економските критериуми ќе се следи и редовно ќе се разгледува на Меѓувладините конференции, врз основа на оценката во редовните извештаи на Комисијата и оценките на Комисијата за Програмите за економски реформи на Северна Македонија. Посилната врска со процесот на програмата за економски реформи треба да ѝ помогне на Северна Македонија да ги исполни економските критериуми. Во рамките на годишниот економски и финансиски дијалог заеднички ќе бидат усвоени Препораки за целни политики, кои ги водат земјите да ги исполнат одредниците на економските критериуми.41. Комисијата ќе го информира и известува Советот соодветно и редовно, најмалку двапати годишно, за состојбата на кластер фундаментални вредности особено поглавјата „Правосудство и фундаментални права “и „Правда, слобода и безбедност “.42. Откако ќе се отворат преговорите за кластер фундаментални вредности и откако Советот ќе се увери, врз основа на оценката на Комисијата дека се исполнети почетните одредници за други кластери или кластери кои се исполнети, Советот, едногласно ќе одлучи за отворање на овој кластер или овие кластери (кои ги покриваат сите поврзани поглавја) со затворање одредници кои се поставуваат за секое поглавје поединечно. Затоа, преговорите за секој кластер ќе бидат отворени како целина, при што сите поглавја во кластерот ќе бидат отворени истовремено.Онаму каде што веќе ќе бидат спроведени важни реформи пред отворањето, временската рамка помеѓу отворањето на кластерот и затворањето на поединечните поглавја треба да биде ограничена, по можност на една година, целосно зависна од напредокот на реформите, со фокус на преостанатите мерки потребни за да се обезбеди целосна усогласеност и под услов да се исполнети привремените одредници за поглавјата за владеење на правото.43. Надоврзувајќи се на информациите добиени од Комисијата за време на скринингот, како и на редовните извештаи на Комисијата, релевантните заклучоци на Советот и индикаторите од трети страни, каде што е релевантно, Советот, едногласно по предлог на Комисијата, ќе ги утврди завршните одредници за привремено затворање на секое поглавје доколку се исполнети условите. Во зависност од поглавјето, прецизните одредници ќе се однесуваат особено на усогласување на законодавството со acquis и на задоволителна евиденција во спроведувањето на клучните елементи на правото на ЕУ (acquis). Онаму каде што е релевантно, одредниците ќе вклучуваат и исполнување на обврските од Спогодбата за стабилизација и асоцијација, особено оние што ги отсликуваат барањата во рамките на правото на ЕУ (acquis).Откако Советот ќе се увери, врз основа на проценката на Комисијата дека се исполнети завршните одредници за едно поглавје, Советот постапувајќи едногласно ќе одлучи за привремено затворање на поглавјето. Секое поглавје ќе се разгледува поединечно во однос на неговото привремено затворање. Со исклучок на кластер фундаментални вредности, секој кластер автоматски се затвора привремено откако сите негови поглавја се привремено затворени, без дополнителни чекори за привремено затворање на кластерот.44. Одлуките на Советот за отворање на кластери и затворање поглавја ќе го земат предвид подобрувањето на административниот капацитет во рамките на соодветните кластери и нивните составни поглавја. Понатаму, антикорупциските политики ќе бидат вклучени во сите релевантни поглавја. Според тоа, едно поглавје нема да биде привремено затворено пред да се спроведат доволно антикорупциски политики во тоа конкретно поглавје.45. Кога ќе се појават проблеми во текот на преговорите во поединечни поглавја или кластери, или кога е неопходно да се прилагодат на искуството стекнато со тековните преговори за пристапување, Советот, со едногласна согласност, може, на предлози на Комисијата, да утврди ажурирано отворање, привремени или завршни одредници во текот на процесот, вклучувајќи нови и изменети патокази, доколку е тоа соодветно. Онаму каде што преговорите покриваат значителен временски период или каде што треба да се вградат нови елементи како што е ново право на ЕУ (acquis), едно поглавје може повторно да се разгледа или повторно да се отвори и да се ажурираат постоечките одредници.46. Од Северна Македонија ќе се бара да ја посочи својата позиција во однос на правото на ЕУ (acquis) и да поднесе извештај за нејзиниот напредок во исполнувањето на одредниците, вклучително и со обезбедување веродостојни и споредливи статистички податоци за спроведувањето на реформите, како што се бара. Правилното транспонирање и, каде што е соодветно, спроведување на правото на ЕУ (acquis) од страна на Северна Македонија, вклучувајќи ефективна и ефикасна примена преку соодветни административни и судски структури, ќе бидат клучни за темпото на преговорите.47. За таа цел, Комисијата внимателно ќе го следи напредокот на Северна Македонија во сите области, користејќи ги сите достапни инструменти, вклучително и стручни пoосети на лице место од страна на Комисијата и од земјите членки, дијалогот според Спогодбата за стабилизација и асоцијација и индикатори од трети страни каде што е релевантно во согласност со подобрената методологија. Комисијата редовно ќе го информира Советот за напредокот на Северна Македонија во која било област во текот на преговорите, а особено кога ќе ги презентира предлог-заедничките ставови на ЕУ. Комисијата ќе посвети посебно внимание на заложбите на Северна Македонија за добрососедски односи и регионална соработка како што е наведено во став 5 и ќе ја информира Меѓувладината конференција за нивното спроведување.48. Советот ќе ја земе предвид оваа проценка при одлучување за понатамошни чекори во врска со преговорите за соодветното поглавје или кластер. Покрај информациите што ЕУ може да ги бара за преговорите за секое поглавје и кластер, а кои треба да ги обезбеди Северна Македонија на Меѓувладината конференција, од Северна Македонија ќе се бара да продолжи редовно да обезбедува детални писмени информации за напредокот за усогласувањето со и спроведувањето на правото на ЕУ (acquis), дури и по привременото затворање на едно поглавје. ПРОЦЕДУРА ЗА ПРЕГОВОРИТЕ И НИВНА ОРГАНИЗАЦИЈА1. ПретседателствоВо согласност со практиката во билатералните преговори меѓу две делегации, секоја предводена од шеф, не се поставува прашањето за избор на претседател на меѓувладината конференција.Практичната работа вклучена во претседавањето со состаноците ќе ја врши шефот на делегацијата на Унијата во својство на шеф на делегацијата домаќин.2. Цел на состанокотМеѓувладината конференција ќе обезбеди политичко управување и форум за политички дијалог за реформскиот процес.Сите страни ќе обезбедат застапеност во меѓувладината конференција на соодветно ниво.3. Зачестеност на состаноци на министерско ниво, на ниво на заменици и формирање работни групиЌе има најмалку еден состанок на дванаесетмесечен период на министерско ниво, со разбирање дека зачестеноста може да се прилагоди доколку е потребно, вклучувајќи дополнителни состаноци на ниво на заменици. Преговорите ќе останат централизирани на министерско ниво и на ниво на заменици.Формирањето работни групи не треба да се предвидува освен за исполнување на објективни барања од преговорите.Сите такви работни групи ќе работат под овластување на замениците, врз основа на експлицитни задачи и во согласност со конкретен распоред.4. Место на состаноцитеСостаноците ќе се одржат во Брисел, но во текот на април, јуни и октомври сите состаноци на министри ќе се одржат во Луксембург.Во исклучителни околности, состаноците може да се одржуваат преку видео конференција.5. Организација(a) СекретаријатПод надлежност на генералниот секретар на Советот на Европската Унија или неговиот/нејзиниот претставник, услуги на секретаријатот на конференцијата ќе бидат обезбедени од тим составен од претставници на Генералниот секретаријат на Советот и службеници назначени од делегацијата на Северна Македонија.(б) Оперативни трошоци на конференцијатаСекоја страна ќе ги сноси своите патни и дневни трошоци, а исто така и платите на персоналот што му е ставен на располагање на Секретаријатот. Оперативните трошоци на конференцијата (закуп, канцелариски мебел и материјали, телекомуникации, толкување, превод, помошен персонал ангажиран за конференцијата итн.) ќе бидат покриени со аванси направени од Советот на Европската Унија.Овие трошоци ќе бидат внесени во буџетот на Советот во посебна буџетска ставка. Генералниот секретаријат на Советот ќе поднесе, како што е соодветно, годишен извештај за финансиското управување за оперативните трошоци до Конференцијата.Овие трошоци ќе бидат поделени меѓу учесниците во согласност со процедурите кои меѓусебно ќе се договорат.(в) Подготовка на документи за состаноциОд Секретаријатот на конференцијата ќе биде побарано да ги подготви документите наведени подолу, без да е во спротивност со други специјални документи, и со разбирање дека, доколку е потребно, тоа може да се измени земајќи го предвид искуството:• Состаноци на министрите: Доколку е потребно, предлог-резиме на заклучоците, по секој состанок ќе се финализира од страна на пратениците и ќе го достават до следниот состанок на министри за формално одобрување.• Состаноци на заменици:– Предлог-резиме на заклучоците по секој состанок треба да се достави до следниот состанок на заменици за формално одобрување.– Предлог-извештаи за доставување на состаноци на министри, доколку е потребно,• Преговарачки страни: Предлог-извештаи за замениците.Кластери на преговарачки поглавја/теми(Забелешка: Овој список на никој начин не влијае на одлуките што треба да се донесат во соодветна фаза од преговорите за редоследот по кој ќе се постапува со темите.)1. Фундаментални вредности23 - Правосудство и фундаментални права24 - Правда, слобода и безбедностЕкономски критериумиФункционирање на демократските институцииРеформа на јавната администрација5 - Јавни набавки18 - СтатистикаВнатрешен пазар1 - Слободно движење на стоки2 - Слобода на движење на работници3 - Право на основање и слобода на давање услуги4 - Слободно движење на капитал6 - Право на трговски друштва7 - Право на интелектуална сопственост8 - Политика на конкуренција9 - Финансиски услуги28 – Заштита на потрошувачи и здравствена заштита 3. Конкурентност и инклузивен раст10 - Информатичко општество и медиуми16 - Оданочување17 - Економска и монетарна политика19 - Социјална политика и вработување20 - Претпријатија и индустриска политика25 - Наука и истражување26 - Образование и култура29 - Царинска Унија 4. Зелена агенда и одржлива поврзаност14 - Транспортна политика15 - Енергија21- Трансевропски мрежи27 - Животна средина и климатски промени 5. Ресурси, земјоделство и кохезија11 – Земјоделство и рурален развој12 - Безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика13 – Рибарство22 - Регионална политика и координација на структурни инструменти 6. Надворешни односи33 – Финансиски и буџетски одредби30 – Надворешни односи31 – Надворешна, безбедносна и одбранбена. КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА - СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПОЛИТИЧКИ СОСТАНОК НА МЕЃУВЛАДИНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ПРИСТАПУВАЊЕТО НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА ЗАЕДНИЧКИ СТАВ НА ЕУ ВОВЕДНА ИЗЈАВА НА ЕУ ЗА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ1. Во име на Европската Унија, ми претставува задоволство да им посакам добредојде на почитуваните претставници на Северна Македонија за започнување на првата фаза од преговорите за пристапување на вашата земја со Европската Унија.2. Ова е историски момент за сите нас, кој означува пресвртница во еволуцијата на нашите односи. Процесот на проширување силно ги поттикнува политичките и економските реформи и ги зајакнува мирот, демократијата и стабилноста во Европа и ги зближува луѓето.3. Одлуката за отворање на пристапните преговори, врз основа на подобрената методологија за проширување, одобрена од членките на Европскиот совет во март 2020 година, не само што претставува важен чекор во односите на Северна Македонија со ЕУ, туку е и јасен показател за недвосмислената поддршка на ЕУ за европската перспектива на Западен Балкан, изразена во Агендата од Солун, како и во декларациите од Софија, Загреб и Брдо. Вашата земја е дел од европската историја, наследство и култура и очекуваме уште повеќе да ги интензивираме нашите веќе добро воспоставени врски.4. Отворањето на пристапните преговори дополнително покажува дека, кога се исполнети условите, ЕУ ги исполнува своите обврски. Како што беше прикажано на денешната конференција, Унијата останува цврсто посветена на овој процес. Ја поздравуваме одлучноста на Северна Македонија да напредува во однос на реформската агенда на ЕУ и очекуваме континуирана политичка посветеност за темелно и интензивно спроведување на неопходните реформи.5. Северна Македонија – земја кандидат за членство од 2005 година – е близок партнер на Европската Унија како дел од Процесот за стабилизација и асоцијација. Нашата Спогодба за стабилизација и асоцијација (ССА), првата во регионот, е во сила од 2004 година, и претставува основа за нашата опсежна соработка во широк опсег на области. Северна Македонија продолжува да ги спроведува своите обврски согласно ССА. Нашиот политички и економски дијалог се развиваше главно во рамките на телата од ССА.6. Придобивките за двете страни за нашите блиски односи се очигледни. ЕУ е вашиот најголем трговски партнер, со очигледни придобивки за бизнисот и странските инвестиции. За вашите граѓани, патувањето во ЕУ е олеснето со визната либерализација која стапи во сила во 2009 година. ЕУ обезбедува финансиска и техничка поддршка во рамки на различни финансиски инструменти и ќе продолжи да обезбедува таква помош во рамките на Инструментот за претпристапна помош. Дополнително, Северна Македонија учествува во определен број програми на ЕУ, вклучувајќи ги Еразмус+, Креативна Европа, програмата за конкурентност на претпријатија и мали и средни претпријатија (COSME) и Европа за граѓаните. Северна Македонија, исто така, е набљудувач на Агенцијата за фундаментални права и договорна страна на Договорот за енергетската заедница и Договорот за транспортната заедница.7. Силата на нашите односи – нашето единство и солидарност – уште еднаш се покажа за време на кризата со КОВИД-19. Европската Унија ги поддржа Северна Македонија и партнерите од Западен Балкан. Оваа поддршка и соработка беа далеку повеќе од она што кој било друг партнер го обезбедил за регионот со помош од околу 66 милиони евра во форма на грант и 160 милиони евра за макрофинансиска поддршка за Северна Македонија1 . Европската Унија, исто така, ја препознава корисната поддршка која ја обезбеди Западен Балкан за време на пандемијата за своите соседи и за ЕУ. Ова ја одразува солидарноста и заемната поддршка врз која е изградена ЕУ. Неоправданата и неиспровоцирана воена агресија на Русија против Украина има големо влијание на целиот Европски континент. Од земјите на Западен Балкан се очекува да се обврзат на европските вредности како идни земји членки на ЕУ. ЕУ и Западен Балкан веќе ги здружија силите за поддршка на Украина и борба против руската кампања за дезинформации. Особено ја поздравуваме целосната усогласеност на Северна Македонија со сите одлуки и декларации на Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ (ЗНБП) и ја поттикнуваме Северна Македонија да продолжи со целосната усогласеност со ЗНБП на ЕУ.8. Советот, во своите заклучоци од 25 март 2020 година, кои беа одобрени од страна на членовите на Европскиот совет на 26 март 2020 година, ја поздрави одлучноста на Северна Македонија за унапредување на реформската агенда на ЕУ и за испорака на видливи и одржливи резултати, притоа исполнувајќи ги условите утврдени од страна на Советот во јуни 2018 година за отворање на пристапните преговори.9. Нашите преговори се засноваат на Член 49 од Договорот за Европската Унија и ги земаат предвид сите релевантни заклучоци од Советот, а особено оние од март 2020 година, со кои се одобрува подобрената методологија за проширување, обновениот консензус за проширување утврден од страна на Европскиот совет во декември 2006 година и заклучоците од Европскиот совет во Копенхаген во 1993 година. Советот останува цврсто посветен на унапредување на процесот на проширување врз основа на утврдените начела и заклучоци со што се интегрира подобрената методологија со што процесот на пристапување станува попредвидлив, поверодостоен, подинамичен и добива посилно политичко управување, врз основа на објективни критериуми и ригорозна позитивна и негативна условеност и реверзибилност. ЕУ продолжува да придава големо значење на кохерентното спроведување на обновениот консензус за проширувањето што се заснова на консолидација на обврски, објективна и ригорозна условеност, подобра комуникација, заедно со капацитетот на ЕУ, во сите димензии, за интегрирање нови членови, кадешто секоја земја се оценува според своите заслуги.10. Во согласност со заклучоците на Советот од 25 март 2020 година, одобрени од членовите на Европскиот совет на 26 март 2020 година, Советот [одобри] општа Преговарачка рамка, земајќи ги предвид горенаведените заклучоци, како и другите релевантни заклучоци на Советот, обновениот консензус за проширување и воспоставената практика.11. Оваа Преговарачка рамка ќе ви ја презентираме врз основа на општиот став на ЕУ, за време на следниот состанок на меѓувладината конференција која сме подготвени да ја одржиме без понатамошни одлагања или дополнителна политичка одлука, веднаш штом Северна Македонија ќе ја спроведе својата заложба за завршување на уставните измени како што е наведено во Заклучокот на Советот од XX/XX/2022, во согласност со своите внатрешни процедури.12. Ќе ви презентираме и што вклучува правото на ЕУ (Acquis).13. Во овој поглед, Советот нотира дека Комисијата ја унапредила својата работа за да го спроведе и заврши процесот на аналитичко испитување на правото на ЕУ (acquis) и е подготвена навремено да ги претстави своите резултати на Северна Македонија. Врз основа на тоа, ја повикува Комисијата да продолжи да го проценува степенот на подготвеност на Северна Македонија за отворање преговори во конкретни области и да ги идентификува прашањата кои најверојатно ќе се појават во текот на преговорите, почнувајќи со кластерот фундаментални вредности кој, во согласност со Преговарачката рамка, ќе се отвори прв откако Северна Македонија ќе ги исполни релевантните критериуми договорени од Советот.14. Регионалната соработка и добрососедските односи остануваат суштински елементи на процесот на проширување. Северна Македонија треба да продолжи конструктивно да се ангажира во инклузивната регионална соработка и да ги зајакне односите со соседните земји. Денес, потсетуваме на важноста од постигнување видливи резултати и спроведување на билатералните договори во добра волја, вклучувајќи ги договорот од Преспа со Грција и Договорот за добрососедски односи со Бугарија. Во таа насока, го поздравуваме договорот за протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија формирана согласно член 12 од овој договор. Овој важен чекор ќе придонесе кон добрососедските односи и регионалната соработка кои остануваат суштински елементи од процесот за проширување како и од процесот за стабилизација и асоцијација.15. Во периодот до пристапувањето, Северна Македонија ќе треба прогресивно да ги усогласува своите политики во однос на трети земји и своите ставови во рамките на меѓународните организации со политиките и ставовите усвоени од страна на Унијата и нејзините земји членки.16. Да се потсетиме и дека паралелно на преговорите за пристапување, Унијата и Северна Македонија ќе продолжат со својот дијалог со граѓанското општество и соработка во сферата на културата, со цел приближување на луѓето и осигурување на поддршка од граѓаните за процесот на пристапување. Очекуваме Северна Македонија прецизно и стратешки да ги соопшти придобивките и обврските од процесот на пристапување пред својата јавност, вклучително и справување со дезинформации, во согласност со својот проевропски стратешки избор.17. Останува на земјите членки да одлучат дали се соодветни условите за завршување на преговорите, имајќи го предвид развојот на правото на ЕУ (acquis) од датумот на отворање на преговорите и подготвеноста на Северна Македонија за членство.18. Пристапните преговори што ги започнуваме денес ќе бидат ригорозни и напорни. Со одлучност и посветеност, уверени сме во вашиот капацитет да ги доведете истите до успешно завршување. Ќе ве поддржиме во вашите напори и со нетрпение очекуваме да ви посакаме добредојде како полноправна членка на Европската Унија....
Седлоски: Максимално сме подготвени за предизвикот
Мкд.мк - пред 10 часа
Утре од 20:45 Шкупи го пречекува гибралтарскиот тим Линколн Ред Импс во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите. „Максимално сме подготвени, еден месец се подготвувавме и спремни сме за предизвикот. Никото не потценуваме, сконцентрирани сме, но било кој да е противник, ние ќе ја играме нашрата игра. Мора да покажеме карактер, капацитет и зашто сме прваци на Македонија“, вели Седлоски. „Незгоден тим се, доста агресивни, многу трчаат, знаат добро да се бранат. Но, ние ќе играме како што игравме цела сезона. Би бил задоволен со победа, било каква. Направивме сериозна анализа за Линколн, играч по играч, но најважно од сѐ е како ние ќе одиграме, а не противникот како ќе игра“. Капитенот на Шкупи, голманот Кристијан Наумоски не очекува лесен дуел, но е оптимист. „Добивме ривал по мерка, од можните – најлесниот. Ама, нема да биде лесно, зашто во минатата сезона Линколн играше групи во Конференциската лига. Ние ќе дадеме максимум за позитивен резултат, а првиот меч е најважен“, вели Наумоски....
Чикаго: Шестмина убиени во пукање на парада на Денот на независноста (ВИДЕО)
Мкд.мк - пред 11 часа
Парадата беше прекината по десет минути, кога се слушнаа истрели и настана паника.Официјални лица на прес-конференција соопштија дека шест лица загинале, а 24 се пренесени во болница, а на местото на настанот била пронајдена пушка.Полицијата ѝ порача на толпата да се разотиде и дека локацијата не е безбедна. Новинар на Чикаго Сан тајмс тврди дека видел „три крвави тела покриени со ќебиња“ и најмалку пет ранети луѓе на местото на настанот.Еден од очевидците изјавил дека слушнал околу 20 последователни истрели и поради тоа оценил дека „не може да биде пиштол или пушка“. На парадата имаше силно полициско обезбедување и неколку противпожарни возила.Локалната полиција соопшти дека подоцна ќе даде повеќе информации....
Против францускиот предлог се протестираше и пред Собрание
Мкд.мк - пред 11 часа
Урната е заштитната ограда, а главниот влез на Собранието е обезбеден од кордон полицајци. Кон собраниската зграда демонстрантите фрлаат јајца и шишиња.Учесниците на протестот се упатија кон Собранието од пред владината зграда, каде исто така беше урната заштитната ограда а дел се стационираа во владиниот двор.На почетокот на протестот кон зградата на Владата исто така беа фрлани јајца, шишиња, петарди. Се скандираше „Оставка", „Никогаш Северна само Македонија".Протестот официјално нема организатор, но е поддржан од политички партии и граѓански организации кои сметаат дека предлогот е исклучително лош за македонскиот народ и македонските национални интереси....
Алабаковски го запали францускиот предлог: Ако мојата дијагноза е пироман, вашата е предавничка
Мкд.мк - пред 11 часа
„Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза е предавничка. Затоа ова парче хартија треба да гори денес", рече пејачот во краткото обраќање.Дел од учесниците на протестот кон владината зграда фрлаа јајца, шишиња, цвеќе,... а откако ја поминаа заштитната ограда се стационираа пред кордонот полицајци. Скандираат „Оставка" и пеат патриотски песни.Околу владината зграда е видливо засилено полициско обезбедување.Протестот што почна завчера официјално нема организатор, но е поддржан од политички партии и граѓански организации кои сметаат дека предлогот е исклучително лош за македонскиот народ и македонските национални интереси. Протестот доби поддршка и од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, чиј лидер Христија Мицкоски ги повика граѓаните да се приклучат, за, како што кажа, да се одбрани тоа што се нарекува европска вредност и да се спаси процесот на преговори со Европската Унија....
За што разговарале Путин и Макрон неколку дена пред војната?
Мкд.мк - пред 12 часа
Двочасовниот разговор е последната сцена од документарниот филм „Претседателот, Европа и војната“ на новинарот Ги Лагаше, кој ја набљудувал француската влада за време на претседавањето со ЕУ во првата половина од оваа година, пренесува Дојче веле.Соработниците на францускиот претседател преку звучниците во соседната соба го следат телефонскиот разговор со Путин. Пишуваат белешки, му ги дотураат на Макрон.Тој и Путин си се обраќаат по име и не си персираат. „Владимир, можеш ли да ми го објасниш твојот став за ситуацијата?“, прашува Макрон. „И објасни ми ги отворено - како што сме навикнати - твоите намери?“„Што да кажам“, возвраќа Путин. „Знаеш што се случи“. А потоа зборува за тоа како Украина ги прекршила договорите од Минск со кои требаше да ѝ се стави крај на војната со сепаратистите во Донбас. Путин вели и дека Киев има нуклеарно оружје, што Макрон го дочекува со неверување. Шефот на Кремљ исто така вели дека украинскиот претседател Володимир Зеленски не прави ништо за да се спроведе Минск. „Тој те лаже“, му вели тој на Макрон.Што сака Макрон?Документарецот ги открива обидите на Макрон да посредува во последен момент и го носи гледачот зад кулисите. Има разговори со Путин, кои на крајот стануваат залудни.Новинарот Лагаше на париската премиера на филмот изјави дека сака да покаже колку е сложена политиката, особено во време на популизам и војна.Макрон никогаш не криел дека сака директна комуникација со Путин. Критичарите велат дека францускиот претседател се преценува себеси или дека е наивен ако мисли дека може да влијае на Путин.„Мене ме интересираше зошто Макрон разговара со Путин иако Путин лаже, а неговите војници вршат воени злосторства. Која е политичката стратегија на Макрон кога повторува дека Русија не смее да биде понижена“, рече Лагаше во едно интервју за радио.Во познатиот телефонски разговор на 20 февруари, Макрон еднаш го крева гласот против Путин. И тоа кога рускиот претседател бара да се спроведат барањата на сепаратистите од Донбас.„Не знам каде твоите адвокати го учеле правото и законот кога велат дека во една суверена држава нацрт-законите треба да ги предлагаат сепаратистите, а не демократски избраните влади“, рекол Макрон.Путин одговорил дека украинските власти не се демократски избрани. „Тие дојдоа на власт со крвав пуч. Луѓето беа живи палени“.„Путин секогаш лаже“Макрон се обидува да посредува. Тој нуди разговор со Зеленски и бара од Путин да ги повлече војниците од границите на Украина за да се смири ситуацијата. Предлага средба со својот американски колега Џозеф Бајден во Женева. Путин во суштина се согласува, но вели дека мора да се посоветува со Кремљ.Таму, во филмот, се гледа како шефот на француската дипломатска служба вели: „Путин секогаш лаже.“ И навистина, средбата предложена од Макрон не се одржа. Руските трупи извршија инвазија.На крајот од разговорот Путин кажува кои се неговите приоритети: „Ти благодарам, Емануел. Секогаш е убаво да се разговара со тебе, бидејќи си веруваме еден на друг“, вели тој. „Не сакам ништо да кријам од тебе, но сега сакам да играм хокеј“....
Бакнеж на полициски штит: Заедно да ја спасиме државата, не се плашете
Мкд.мк - пред 12 часа
„Заедно сме, не се плашете. Сакаме заедно со вас да ја спасиме државата“ им порачаа демонстрантите на полицајците. Пред Владата трет ден по ред, продолжи протестот против прифаќањето на француски предлог за кревање на бугарското вето и почеток на преговорите на Македонија за членство во ЕУ....
Сасуоло прави одлична зделка: Играчот кој го купија за само 500.000, му го продаваат на ПСЖ за 50 милиони евра
Мкд.мк - пред 12 часа
Џанлука Скамака изминатава сезона постигна 16 погодоци во Серија А и го привлече вниманието на голем број клубови. Битката за неговиот потпис ја добива ПСЖ, шампионот на Франција и Сасуоло договориле трансфер вреден околу 50 милиони евра.Се верува дека напаѓачот од претходно има договор со „светците“ за личните услови и се очекува следната недела да биде комплетиран трансферот.За Сасуоло ова ќе биде одлична зделка, тие го купија Џанлука Скамака за само 500.000 евра, а сега го продаваат за 100 пати повеќе....
Лоша прва четвртина, ја чинеше Македонија пораз од Украина
Мкд.мк - пред 12 часа
Македонија лошо го почна мечот, на Украина ѝ одеше шутот и погодуваше буквално од секаде, ние игравме лошо во одбраната, првата четвртина ја загубивме со 35-21. Се надѕираше катастрофа, но не само што тоа не се случи, туку кошаркарите на Бајиќ целосно се вратија во натпреварот, малку по малку ја топевме негативата, во финишот од мечот дојдовме и на минус три, но не успеавме да го свртиме резултатот. Судиите имаа две три несфатливи проценки кои влијаеа на резултатот, но сепак се чини дека Украинците на крајот заслужено се радуваа на победата од 73-68. Дека првата четвртина беше клучна, стои фактот дека Украина во тие десет минути даде 35 поени, а во останатите 30 минута, постигнаа само три поени повеќе, вкупно 38. Најдобар кошаркар во нашиот состав беше Андреј Јакимовски кој постигна 17 поени, имаше и девет скокови, Војдан Стојановски постигна 15 поени, двоцифрен беше и Бојан Крстевски со 13 поени. Најефикасен на натпреварот беше Михајук кој постигна 24 поени, двоцифрен во составот на Украина беше само уште Санон кој постигна 10....
Инциденти пред Владата, демонстрантите очи в очи со полицијата (ФОТО)
Мкд.мк - пред 12 часа
Стоејќи лице в лице со полицискиот кордон, демонстрантите им сугерираа на полицајците дека треба да ги спуштат штитовите.Следуваат повеќе детали....
МЖСПП: Се транспортираат првите количини на опасниот линдан од малата депонија од ОХИС
Мкд.мк - пред 13 часа
„Имено по добиеното одобрение од солунското пристаниште за прием на првата испорака на отпадот, на 23.06.2022г започна утоварот на бурињата со чист HCH во контејнери кои беа соодветно запечатени и обележани според меѓународната регулатива за прекуграничен транспорт на опасен отпад по Базелска Конвенција. Вкупно 477,1 тони отпад од HCH ископани и спакувани во 1936 буриња и натоварени во 7 контејнери и 126,37 тони HCH загадена почва ископана и соодветно спакувана, со товарни возила ќе бидат транспортирани до Солунското пристаниште во Грција од каде со брод HCH отпадот ќе биде транспортиран за Франција, а контамираната почва за АТМ Холандија“, соопштија од МЖСПП.Со тоа, посочуват од Министертсвото, комплетно завршуваат договорните активности со УНИДО, а по извршеното примопредавање на 03 јуни 2022 година за продолжување на ископот одговорноста ја презема UNOPS со користење на средства од Повеќепартнерскиот фонд за животна средина специјално формиран за чистење на контаминацијата во кругот на ОХИС.„Во меѓувреме, се продолжи со ископ на останатиот материјал од малата депонија која е поделена во уште четири лота. Во тек е ископот на вториот лот за чиј надзор е одговорна компанијата HPC во соработка со локалниот партнер Екомозаик“, се наведува во соопштението на МЖСПП....
Шарл Мишел утре пристигнува во Скопје
Мкд.мк - пред 14 часа
Целта на посетата на Мишел е да ја покаже поддршката на ЕУ за францускиот предлог и да ја потврди заложбата на унијата за интегрирање на Македонија....
Со Договорот од Преспа јасно го дефиниравме нашиот јазик како македонски, вели Маричиќ
Мкд.мк - пред 14 часа
„Комплетирањето на овој предлог или на сите негови документи и досега се одвиваше преку Министерството за надворешни работи и мислам дека тие се во постојана комуникација со своите колеги од Софија. Но дека имало некаков процес денеска во Софија, јас немам таква информација“, рече Маричиќ одговарајќи на новинарско прашање дали денеска имало некакви преговори во Софија околу францускиот предлог.Во однос на едностраната дипломатска нота или изјава на Бугарија, вицепремиерот потенцира дека не може да знае каква ќе биде формулацијата, бидејќи, како што рече дека тоа е е право на Бугарија, но што и да стои таму ние на тоа секако дека ќе одговариме.„Ние со Договорот од Преспа што го потпишавме со Грција во 2018 година, го ратификувавме во нашето Собрание, јасно го дефиниравме нашиот јазик како македонски. Врз основа на тој договор, бидејќи тој процес беше воден под покровителство и медијаторство на Обединетите нации, врз основа на тој договор го впишавме македонскиот јазик како наш јазик во Обединетите нации во нашата лична карта на ОН. Тоа имаше импликации во сите меѓународни организации, вклучувајќи и ОБСЕ, НАТО, секаде каде што сме членка“, наведе Маричиќ.Сите ние Македонците но и сите граѓани треба да сфатиме во овој процес нашата битка не беше да ја убедиме Бугарија да го смени ставот. Во овој процес на преговори, посочи тој, ние имавме за цел Европската унија да се постави кон нашиот јазик и идентитет принципиелно како што е поставена кон сите други држави членки.Граѓаните на Северна Македонија, изјави Маричиќ, треба да бидат сигурни дека нашиот јазик и идентитет е заштитен и нема услови под кои би можеле да прифатиме било што друго и тоа го кажувавме од почетокот на разговорите.„Отпочнување на овој процес под овие услови ќе ни овозможи и унапредување на нашата позиција и на отпочнување на процесот отворање на врата која што ни беше затворена 17 години и финализирање на овој процес соа наше членство во Европската унија токму како Македонци кои говорат македонски јазик“, рече тој.Но новинарско прашање за објавување на протоколот, Маричиќ истакна дека тој уште не е финализиран како документ и се уште е предмет на разговори и затоа ќе биде споделен и на консултации и со јавноста тогаш кога ќе биде финализиран како документ.„Јас очекувам во текот на денот оние три документи кои што ги објавивме кон крајот на минатата недела да бидат објавени на македонски јазик бидејќи го имаме веќе преводовот за да можат и граѓаните кои не го погледнале досега или не можат да го погледнат на англиски да го погледнат на македонски јазик за да се уверат во тезите кои што ги пласираме сите овие денови“, посочи вицепремиерот.Во однос на целиот пакет, посочи тој, не би издвоил што ние сме дале за возврат за македонскиот јазик, но, како што рече, нам ни беше битно сите оние позиции за кои што се залагавме да биде на преговарачката рамка на начин што ќе ни гарантира чиста формулација, сите останати прашања.„Ние сме свесни дека сите досега договори или компромиси кои што сме ги правеле се компромиси во кои што ние свесно сме учествувале, но кои што ни носат позитивни работи а некои ни носат обврски кои што треба да ги исполниме. Но, на крајот главна е целта, а тоа е да се отворат преговорите, за започнеме во 17 години со преговорите, да бидеме во масата каде што можеме да влијаеме, секако што повеќе работи да зависат од нас и од тој процес да не остатпиме ништо во она што не мислиме дека треба да се отстапи. Овој предлог тоа ни го гарантира и мислам дека никој нема основа за било каков страв, бидејќи одговорно разговаравме и го презентиравме“, истака вицепремиерот Маричиќ....
Сајбердог на Шаоми - иднината на роботиката денес беше претставена во Скопје
Мкд.мк - пред 14 часа
Сопственикот овој робот може да го користи преку апликација за далечински управувач и паметен телефон. Токму заради овие функции Шаони Сајбердог е еден вид домашен миленик од нова генерација. Сопственикот може да го повика за различни задачи, но и да ги користи многубројните можности за комуникација.Екстерниот интерфејс на Сајбердог е исто така богато развиен. Поседува 3 приклучни порта тип C и еден HDMI порт, што на корисниците им овозможува слобода да истражуваат и интегрираат широк спектар на иновативни и креативни хардверски додатоци или софтверски системи, како светло за пребарување, панорамска камера, камера за движење, LiDAR и многу други.Овој храбар чекор на Шаоми кон истражување на технологијата на иднината е инспириран од живите суштества, а е резултат на посветената работа и експертизата на инженерите на компанијата.Сајбердог е калибриран со интерно развиени серво мотори кои на роботот му даваат голема брзина и широк спектар на движења. Со максимален излезен вртежен момент и брзина на ротација до 32 N•m/220 вртежи во минута, Сајбердог може да изведува серија движења со голема брзина до 3,2 m/s и комплицирани дејства, како што се превртувањa наназад.Мозокот на роботот го води суперкомпјутер со вештачка интелигенција на NVIDIA Jetson Xavier NX платформа. За своите сопственици, Сајбердог беспрекорно ги обработува масивните податоци што ги складира во својот сензорски систем.За да може целосно да ги имитира живите организми, Сајбердог е опремен со 11 сензори со висока прецизност кои обезбедуваат моментална повратна информација што му помага да се движи. Ова вклучува сензори за допир, камери, ултразвучни сензори, GPS модули и многу други, кои му даваат на Сајбердог зголемена способност да ја почувствува, анализира и да комуницира со околината....
Македонскиот јазик и идентитет се заштитени со предлогот, порача Бирн
Мкд.мк - пред 15 часа
„Јас доаѓам од земја од којашто не ни беше дозволено да зборуваме на ирски јазик долги години и со членството во ЕУ, нашиот јазик доби навистина еден извонреден статус. Сигурен сум дека тоа ќе биде случајот и со македонскиот јазик. Тоа што сакам да кажам е дека нашиот идентитет како нација беше зајакнат со членството и ни даде храброст и сите тие знамиња што се во ЕУ претставуваат земји што се еднакви и тоа е она што ние го вреднуваме во Унијата“, истакна Бирн.Тој порача дека македонскиот јазик и идентитет се заштитени со предлогот, а ќе бидат и зајакнати со членството во Унијата.„Знаеме дека историските и билатералните прашања не се дел од преговарачката рамка но и од наша ирска перспектива нашите билатерални прашања подобро се решаваат како дел од ЕУ. Постојат и уставни промени што нема да ги спречат почетокот на преговорите, меѓутоа ние како дел од нашиот договор кога станувавме членка моравме да направиме еден навистина тежок компромис“, рече ирскиот министер за европски прашања.Во однос на општествениот и економскиот напредок, тој посочи дека кога Ирска станала дел од европската заедница имале милион вработени, додека според податоците од минатата година, таа бројка денес е 2,5 милиони вработени. Бирн истакна дека претставува извонредна разлика и оти не постои сомнеж дека и Северна Македонија ќе просперира и ќе успее како економски, така и општествено.На прашањето како би ја оцениле преговарачката рамка, финската министерка за европски прашања Тити Тупураинен порача дека целосно се почитува македонската култура, јазик и идентитет.„Преговарачката рамка не треба да има никакви влијанија предизвикани од билатералани прашања или прашања поврзани со историјата и идентитетот, се работи за проширување на ЕУ и преговарачкиот процес и сите тие имаат свои методологии, имаме програма и ги имаме сите инструменти и треба да се започне со самите преговори“, вели Тупураинен.Советот, како што посочи, едногласно донесе одлука дека ќе ги почне преговарачките процеси кога ќе се усвои преговарачката рамка, а според финската министерка тоа ќе се случи многу брзо, бидејќи, како што истакна, Македонците го заслужуваат тоа и заслужуваат ЕУ да го испорача тоа што го има ветено.Министерот за европски прашања на Ирска порача дека со овој предлог се заштитени македонскиот јазик и идентитет и со ова се оставаат сите билатерални прашања надвор од преговарачката рамка.„Тоа што ние сакаме да порачаме, ова е вашето време нема подобар предлог што е на располагање и доколку се случи тоа ќе биде причина за прослава бидејќи ќе доведе до напредок на целата земја и граѓаните. Ако не се случи јас нависитина не знам што да кажам, ако се потпише се разбира дека ќе има и компромиси, меѓутоа и со тие компромиси предлогот содржи големи победи и за земјата и за македонскиот народ. Се разбира крајната цел е полноправно членство“, порача Бирн....
Кристенсен потпиша за Барселона и доби откупна клаузула од половина милијарда евра
Мкд.мк - пред 15 часа
И Кристенсен доби откупна клаузула од 500 милиони евра. „Кристенсен е второто засилување на Барселона. Фудбалерот ќе потпише договор до 30 јуни 2026 година и има откупна клаузула од 500 милиони евра“, стои во соопштението. И Кристенсен како и Кеси е едно од очекуваните засилувања на Барселона кои од претходно беа договорени.Signed! ✅ pic.twitter.com/AoP9JTjwC5— FC Barcelona (@FCBarcelona) July 4, 2022...
Полицијата ги евидентира лицата кои со коњи и албански симболи дефилираа низ Гостивар
Мкд.мк - пред 16 часа
„Помеѓу 12 и 13 часот, по улица 'Браќа Ѓиновски' во Гостивар, во непосредна близина на општинскиот објект, забележани се неколку лица кои на коњи се движеле кон центарот на градот, а кои како дел, односно претходница на семејна свеченост, со себе носеле и виореле албански национални знамиња.СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар веќе ги идентификуваше лицата и во координација и консултација со јавен обвинител презема соодветни мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе следуваат адекватни поднесоци“, соопшти за МКд,мк портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.Откако денес Османи најави етничка криза во Гостивар,лица облечени во униформи на УЧК и знамиња на голема Албанија бараа и извикуваа поделба на Македонија.Сите си бараат само ние ќе губиме.НЕСПОСОБНИ !ОСТАВКА! pic.twitter.com/HQyB0xWrd3— За цела Македонија! 🔴⚫ (@VmroDpmne7) July 3, 2022 П.Џ....
Роналдо е подготвен да прифати драстично намалување на платата за да замине од Манчестер јунајтед?!
Мкд.мк - пред 16 часа
Кристијано Роналдо денеска не се појави на тренингот на Манчестер јунајтед, Португалецот поради семејни причини не ги започна подготовките за новата сезона.Ова само ги подгреа шпекулациите за негово заминување од Олд Трафорд, како што пишува Индипендент, ЦР7 е подготвен да прифати драстично намалување на платата со цел да се пресели во клуб кој може да атакува на титулата во Лигата на шампиони.Весникот пишува дека неговиот актуелен договоро е тежок најмалку 500.000 фунти неделно, иако одредени извори велат дека тој може да вреди и до 700.000 фунти неделно.Вакви суми ретко кој може да си дозволи, па Кристијано Роналдо е подготвен да добива помала плата само да биде дел од клуб кој е претендент во најелитното европско натпреварување....
Тупанчевски со реорганизација ќе ги пополнува празните места на судиите и обвинителите кои заминуваат во пензија
Мкд.мк - пред 16 часа
„Во таа насока, значи, тоа е единственото решение во моментот кое што би можело да има практичен контекст затоа што на крајот на краиштата неприфатениот предлог ќе има одредени правни импликации, меѓутоа практично со една нова внатрешна организација, делегирање на судии и јавни обвинители во судовите каде што нема доволен број би можеле ако не друго барем приближно да го надоместиме она што ќе ни недостасува“, изјави Тупанчески денеска во Струмица одоговарајќи на новинарско прашања.Истакна дека секогаш постои план Б откако не беше продолжен работниот стаж на судиите и на јавните обвинители.„Да не заборавиме дека до крајот на годината ќе имаме 59 нови академци коишто ја завршиле Академијата за судии и јавни обвинители и на секој начин тоа ќе значи некој тип на инфузија на судството и јавното обвинителство. Да не заборавиме дека има уште 96-97 нови кандидати коишто за година и половина, односно за две години повторно ќе бидат интегрален дел од македонското судство и обвинителство, така што ако ги земеме тие 97 и овие 50, значи околу 150 луѓе ќе претставува надополнување или ајде да речам освежување на судско обвинителскиот систем во нашата држава“, додаде Тупанчески.Подвлече дека проблемот не е нерешлив, иако создава одредени потешкотии, меѓутоа тој е оптимист дека ќе се најде решение или како план Б којшто би можел да помогне во разрешување на актуелната состојба....
СДСМ: Мицкоски требаше да ѝ каже не на проруската Левица
Мкд.мк - пред 16 часа
„Понудата на Мицкоски е лажна затоа што тој пред целата јавност кажа дека е против Европската Унија. Во една реченица Мицкоски зборува за предлози, за дејствување, а веќе во следната дејствува со проруската Левица со цел да го сруши процесот на широки консултации. Неговото постапување е неодговорно, антидржавно и на штета на државните и националните интереси.Мицкоски требаше да му каже НЕ на Апасиев, наместо да биде во анти ЕУ коалицијата која дејствува на штета на државните позиции и работи за интересите на одредени туѓи центри на моќ“, се вели во реакцијата на СДСМ....
Хакери ја нападнаа фејсбук страната на УКИМ, ги контролираат сите податоци
Мкд.мк - пред 16 часа
„Се извинуваме за настанатите непријатности и се оградуваме од сите објави на неа, до повторно преземање на администрирањето од страна на службите на УКИМ“, се наведува во соопштението на Универзитетот....
За затемнети стакла казнети 30 сопственици на возила
Мкд.мк - пред 16 часа
Министерството за внатрешни работи информира дека била спроведе акциска контрола на територијата на земјата за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата.„При контролата санкционирани се 30 учесници во сообраќајот. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци“, соопшти МВР....
Беса го прифати францускиот предлог и бара предвремени избори
Мкд.мк - пред 17 часа
Беса нагласува дека уште еднаш го потврдува ставот дека интеграцијата на земјата во Европската Унија е единствената опција без друга алтернатива.Имајќи предвид дека францускиот предлог сам по себе подразбира уставни промени, ние, за да покажеме политичка конзистентност од последното отворање на Уставот, ќе побараме терминологијата „јазик што го зборуваат повеќе од 20% од населението" да се коригира во Уставот и да биде заменет со терминот „албански јазик".„Уште еднаш нагласуваме дека владата нема капацитет, кредибилитет и легитимитет да управува со државата, затоа го повторуваме нашето барање за организирање на предвремени парламентарни избори во државата“, се вели во соопштението на Беса....
Беса го прифати францускиот предлог и бара предвремени избори
Мкд.мк - пред 17 часа
Беса нагласува дека уште еднаш го потврдува ставот дека интеграцијата на земјата во Европската Унија е единствената опција без друга алтернатива.Имајќи предвид дека францускиот предлог сам по себе подразбира уставни промени, ние, за да покажеме политичка конзистентност од последното отворање на Уставот, ќе побараме терминологијата „јазик што го зборуваат повеќе од 20% од населението" да се коригира во Уставот и да биде заменет со терминот „албански јазик".„Уште еднаш нагласуваме дека владата нема капацитет, кредибилитет и легитимитет да управува со државата, затоа го повторуваме нашето барање за организирање на предвремени парламентарни избори во државата“, се вели во соопштението на Беса....
Миленковски: Во само две реченици се изнесени три невистини за мене
Мкд.мк - пред 17 часа
Во реакцијата дипломатот Миленковски вели:„Почитуван колега Дабиќ, во само две реченици кои ги посветуваш на мене, се сместени дури три невистини. Тоа не доликува на обраќање на синдикат од струката, уште повеќе ако се има предвид твоето дипломатско искуство. Ако намерите ти биле добри, си можел да се информираш подобро. Јас бев избран како министер советник во Мисијата во која ти беше Постојан претставник во еден мандат. Не бев ниту заменик амбасадор ниту заменик постојан претставник, ниту можев да бидам, со оглед дека покрај Постојаниот претставник/амбасадорот, во Мисијата има двајца колеги со повисоко дипломатско звање од мене.Верувам дека знаеш, но сепак манипулираш, дека прво беше објавено едно дипломатско место во Мисијата, на што не се пријавив од почит кон колешката која работеше како раководител на сектор за ОБСЕ. Откога тој интерен оглас беше поништен и објавен нов за двајца дипломати, се пријавив со оглед на мојата 23 - годишна кариера во МНР, три претходни мандати, меѓу кои и мојот мандат како заменик постојан претставник во истата Мисија во ОБСЕ. Можеби е тешко да го прифатиш фактот дека по доаѓањето на Димитров изборот на амбасадорите драстично се промени, а со Османи праксата продолжи со внимателно бирање на останатите дипломати.Оттаму, почитуван Зоране, контрадикторен си во аматерскиот политички памфлет, бидејќи само една реченица погоре во него, велиш дека само еден од дипломатите има претходно искуство во ОБСЕ. Значи со мене ќе бевме барем за еден повеќе, нели.Една од основните функции на еден струков синдикат е заштита на интересите на лицата од струката. Има ли поголем интерес за дипломатите, од бранење на нивните права. Место ти и твојот политички ангажиран Синдикат да излезете во одбрана на свој колега, кој поради едно несреќно патување доживеа голгота, ти му се придружи на еден од твоите политички ментори, кој и те испрати како постојан претставник во ОБСЕ, во подли и полни со лаги напади. Зарем е тоа синдикална активност и колегијалност или само вклучување во политичките борби за уште некој мандат пред пензија?Каде бевте, и твојот, но и постариот клинички мртов Синдикат, во кој сум член од вработувањето, да побарате моја заштита или да прашате зошто МНР се откажа од мене, свој вработен испратен на дипломатски мандат, зошто не побара да си дојдам во својата држава, па ако сум и најголемиот криминалец да се отвори истрага и да се дознае вистината или зошто за прв пат бев посетен од колега од Амбасадата по 40 дена поминати во Врање или, зошто ми беше деактивиран дипломатскиот пасош па ако бев екстрадиран ќе бев без никаква заштита и документ за патување или, зошто добив Решение за престанок на работен однос во МНР.?Поради централизмот во МНР колегите не можеле да ги постават овие прашања, но во многуте средби во голем број ми даваат поддршка, но вие, таканаречените синдикати, можевте и тоа ви е основна функција.Јас ја водам борбата Зоране, но не само за мене, туку и за тебе и другите колеги од МНР. При некое патување на било кого од нас може да му се случи сопатник да биде криминалец, но не смее за тоа да имаме такви страшни последици, какви што мене ми се случија, а не ги посакувам на никого. Водам 5 судски процеси во 3 држави и не сакав да излезам во јавноста додека вистината не излезе на виделина, пред сѐ низ судски одлуки, но твоето споменување на моето име ми дојде како сол на раните. Боли малку, Зоране, кога те напаѓа тој што треба да те брани.Не знам зошто го проблематизираш мојот избор како министер советник во ОБСЕ, кој беше легален и легитимен. Во мојата кариера работев исклучиво во интерес на државата, а тоа ќе биде случај и во иднина. Деновиве во Скопје доаѓа организаторот на Светскиот конгрес за граници, кој на моја иницијатива, на почеток на следната година ќе се одржи во Скопје.Черчил рекол дека дипломат е оној кој два пати ќе размисли пред ништо да не каже. Но кога веќе кажуваш измислици, иако барем во моево обраќање нема политика, ми се допадна кога за време на мандатот во САД го слушнав Обама кога рече дека политиката е суров спорт и не ми пречат ударите од мртов агол....
Уапсен дилер на кокаин и марихуана (ВИДЕО)
Мкд.мк - пред 17 часа
МВР информира дека полициски службеници од Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи - Оддел за криминалистичка полиција, во координација со полициски службеници од ОСПО-САЕ Тигар, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје го лишиле од слобода А.К.(30) од Прилеп, со живеалиште во Скопје.По спроведена истрага и преземени мерки и активности од страна на Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи - Оддел за криминалистичка полиција во координација на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје обезбедени се материјални докази дека лицето е инволвирано во продажба на наркотични дроги, велат од МВР и додаваат:„ А.К. набавувал дрога, во својот дом во населба Драчево ја препакувал во помали пакувања подготвени за понатамошна улична продажба по што лично ја продавал на уживателите на дрога на територијата на Скопје по единечна цена од 300 до 500 денари за пакување марихуана, односно по 2.500 денари за пакување кокаин.На 3 јуни по претходно обезбедена наредба за претрес на дом и други простории од страна на Основен кривичен суд Скопје извршен е претрес во неговиот дом при што се пронајдени предмети поврзани со кривичното дело.Во текот на денешниот ден од страна на Единица за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје до ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава против А.К. по чл. 215 од Кривичниот законик“....
Мицкоски: За утре Владата се подготвува да го прифати францускиот предлог, повикувам на уште помасовни протести
Мкд.мк - пред 17 часа
„Тоа беше едната понуда. Втората, еве од преговарачката рамка ако сте толку сигурни дека сте го заштитиле идентитетот, да ги тргнеме точките каде што се повикува на годишните извештаи, каде што се повикува на протоколот од втората меѓувладина и каде што во записникот од втората меѓувладина која што ќе ја има нашата влада условно со ЕУ, се трга делот каде стои дека преговорите почнуваат веднаш по измената на Уставот. Тоа е многу важно. Ние нема да почнеме сега преговори, тоа мора граѓаните да го знаат. Албанија ќе почне, не ние. Ние ќе треба да го смениме Уставот. Ние ова го потпишуваме за Албанија да почне преговори, не Македонија. Тоа треба секој граѓанин на Македонија да го знае. Немам ништо против Албанците, нека си почнат, ако ЕК оценила дека местото на Еди Рама е таму, а местото на Македонија не е таму. Тоа е одлука на ЕК, јас тука не се мешам. Ако е одлука на ЕК Македонија 22 години да чека, а Еди Рама да биде таму и дека тој споделува европски вредности, а не јас и овие луѓе кои протестираат, тогаш тоа е нејзина одлука“, рече Мицкоски.Тој го повика македонскиот премиер Димитар Ковачевски да слушне што народот зборува. „Мислам дека овие десетици илјади кои што излегуваат секој ден овде пред платото на владата се тие кои можеби за првпат во овој период од годината громогласно му упатуваат порака и на Ковачевски и на останатите таму во владата дека ова што го прават е погрешно и дека тие не се согласуваат со тоа. Имам информации дека најверојатно уште утре на владина седница предлогот ќе помине за да може Бујар Османи и формално да се потпише на протоколот од втората меѓувладина седница на владите на Македонија и Бугарија и со тоа практично Владата дава согласност на записникот од првата меѓувладина, но и понатаму откако ќе се создадат условите да ја прифати преговарачката рамка во која се наоѓаат и се содржани и историјата и образованието и културата. Очекувам барем малку разум, до утре да се предомислат и да го слушнат ова громогласно не, на тоа што го прават во овој момент со македонскиот идентитет“, рече Мицкоски и додаде дека предлогот мора да помине и во Собранието....
290 нови случаи на ковид-19, од нив 49 лица по вторпат се заразиле
Мкд.мк - пред 18 часа
Регистрирани сe 250 оздравени пациенти од: Скопје – 165, Битола – 16, Тетово – 12, Прилеп – 9, Кавадарци – 8, Куманово, Велес и Неготино – по 6, Штип, Кичево и Ресен – по 4, Струмица – 3, Охрид и Гостивар – по 2, Кочани, Гевгелија и Радовиш – по 1.Направени се 1.695 тестови преку: ИЈЗ-185, ЦЈЗ Скопје-33, ЦЈЗ Битола-37, ЦЈЗ Прилеп-13, ЦЈЗ Тетово-13, ЦЈЗ Куманово-32, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–6, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–120, Жан Митрев (Филип Втори)-55, Авицена-41, Биотек-208, Систина-49, лабораторија Лаор-14, Синлаб-4, Ремедика-8, Плодност-17, Генеа-8, Никоб Лаб-85, ВФВ Медикал-12, Ели МедикаПлус-21, Ројал Медика–1, Спектра-ММ-8, Рапид Лаб–9, Жан Митрев Струмица–5, Нова Лаб Дијагностика–2, Рамус-10, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 698.Досега во земјата се направени вкупно 2.084.385 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 314.501, бројот на оздравени пациенти е 304.239, на починати е 9.327, а бројот на активни случаи изнесува 935.Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 148.549, Активни 536Куманово 16.770, Активни 42Битола 15.835, Активни 59Прилеп 14.277, Активни 33Тетово 13.533, Активни 20Кавадарци 10.760, Активни 34Велес 9.848, Активни 30Гостивар 9.634, Активни 15Охрид 9.030, Активни 58Штип 8.119, Активни 18Струмица 8.110, Активни 15Кичево 5.673, Активни 11Кочани 5.125, Активни 17Струга 4.744, Активни 9Гевгелија 4.431, Активни 4Неготино 3.714, Активни 5Ресен 2.760, Активни 1Свети Ник 2.641, Активни 1Радовиш 2.537, Активни 5Кр. Паланка 2.421, Активни 2Делчево 1.991, Активни 5Берово 1.693, Активни 1Дебар 1.684, Активни 3Валандово 1.488, Активни 0Виница 1.398, Активни 2Пробиштип 1.271, Активни 3Богданци 1.025, Активни 2Кратово 969, Активни 0Крушево 933, Активни 2Демир Хисар 837, Активни 1М.Брод 744, Активни 1Демир Капија 594, Активни 0М.Каменица 525, Активни 0Пехчево 486, Активни 0Дојран 352, Активни 0...
Без јазик си никој и ништо - Видое Подгорец
Мкд.мк - пред 18 часа
Родниот јазик е бисерен ѓерданод зборови - плодови сочни,мислите тие ти ги редатво слики јасни и точни. Тој е вруток непресушен,вечен,низ бистри капки - зборови тече.Жубори, клокоти, ѕвони, се лееко јасна ѕвезда секој збор грее. Тој ни е завет од дедовцитекако тланикот на огништето.Чувај го како црнка во очите -- без јазик си никој и ништо....
Цената на бензинот се намалува од 109 на 108,5 денари, за половина денар поевтинува и дизелот
Мкд.мк - пред 18 часа
Максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин Еуросупер БС - 95 108,50 (денари/литар)Моторен бензин Еуросупер БС - 98 110,50 (денари/литар)Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 103,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 102,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС 53,727 (денари/килограм)Регулаторната комисија напоменува дека тоа се максималните цени на нафтените деривати, но дека трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,422 ден/кг и сега ќе изнесува 53,727 ден/кг.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,201%....
Турција запре руски брод
Мкд.мк - пред 18 часа
Украинскиот амбасадор во Турција потврди дека турските царински органи го задржале бродот Жибек Жоли.Украина во четвртокот побара од Турција да го задржи товарниот брод „Жибек Жоли“, кој под руско знаме превезувал украинско жито запленето од окупираното пристаниште Бердјанск, според украински функционер и документ што го видел Ројтерс. Украина побара од Турција и да го уапси екипажот на бродот.Официјален претставник на украинското Министерство за надворешни работи, повикувајќи се на информации од Украинската поморска управа, соопшти дека бродот Жибек Жоли превезувал приближно 4.500 тони жито натоварено до Бердјанск, кое ѝ припаѓа на Украина.Во одвоено писмо до турското Министерство за правда, украинското државно обвинителство на 30 јуни соопшти дека Жибек Жоли бил вклучен во „нелегален извоз на украинско жито“ од Бердјанск, дека неговата дестинација е градот Карасу во Турција и дека превезува 7.000 тони товар, што е поголема бројка од наведената од официјалниот претставник.Казахстанската транспортна компанија КТЗ Експрес потврди за Ројтерс дека Жибек Жоли е во нејзина сопственост, но рече дека е ангажирана од руската компанија Грин лајн, која не е на ниту една листа на санкции.Украина ја обвинува Русија дека краде жито од областите окупирани од руските сили од почетокот на инвазијата на крајот на февруари....
Експертската јавност од власта бара одговори на многу прашања за францускиот предлог
Мкд.мк - пред 18 часа
Документот го пренесуваме во целост:Преку отфрлањето на „францускиот предлог“ за кој првично се заложи премиерот и очигледно доминантен дел од нашето општество, мора да изградиме нов став со широк општествен консензус за каков било иден аранжман, којшто ќе биде заснован на темелни дискусии. Во тековниот предлог, преговорите вистински би почнале по внесувањето на етничките Бугари во преамбулата на Уставот - ветување за коешто Владата нема мандат и ќе нè остави уште долго во чекалната, но сега, со целиот притисок врз нас.Протоколот кој сè уште не е достапен за јавноста, останува дел од преговарачката рамка.Историските теми остануваат на маса, а мешовитата експертска комисија за историски и образовни прашања добива многу поголем притисок за резултати. Но овој пат, притисокот ќе биде европски, а не бугарски.Решението за македонскиот јазик не е чисто. Со изоставувањето на поглавјето 34 од преговарачката рамка и со внесувањето на унилатералните ноти за македонскиот јазик, Бугарија си остава простор во подоцнежната фаза на преговорите да го блокира затворањето на ова поглавје (кое сe носи со едногласност), доколку нејзините барања не се исполнети, а се дел од нотата за македонскиот јазик. Потпишувањето на договорот за Фронтекс не е правна гаранција за непризнавање на јазикот во ова поглавје.Аргументите „сега или никогаш“, „земи или остави“ не се оправдани во ситуација кога идниот изглед на ЕУ не е познат и кога војната во Украина налага потреба од итен успех во проширувањето што треба да се направи по секоја цена. Сега тоа е на штета на Северна Македонија, но и на самата ЕУ. Штетата од овој присилен „успех“ ќе ја направи земјата уште поранлива на подривачки влијанија од трети страни и е далеку поголема по безбедноста и стабилноста на регионот.Процесот на градење општествен консензус за една од најважните одлуки кои Македонија треба да ги донесе, треба да биде инклузивен и да не се вградува во нереална временска рамка. Владата еднострано информира отколку што дебатира и се труди да изгради заеднички став. Оваа стратегија не само што создава дополнителна несигурност и фрустрација кај граѓаните, туку ја зголемува и поларизацијата во општеството и нетрпеливоста кон неистомислениците.Можеби, за политичкиот естаблишмент прифаќањето нема да биде „ни триумф, ни дебакл“, но за нашето општество се создава ризик дека пристапниот процес ќе биде јамка околу вратот што ќе се затега во следните децении. Со наведувањето можни етнички тензии како последица од неприфаќањето на предлогот (кој има јасен бугарски печат: „Раздели, па владеј“), се внесува дополнителна несигурност. Дали во Македонија ќе има етнички тензии зависи најмногу од македонските политички субјекти. Одговорноста е на Владата да обезбеди меѓуетничка трпеливост и толеранција во најосетливи моменти.Инсистираме сите понатамошни чекори и документи, вклучително и Протоколот, коишто би ги презела македонската влада за решавање на македонско-бугарскиот спор, да бидат презентирани во јавноста за да се обезбеди широка општествена поддршка. Собранието не смее да биде заобиколено.Оттука, во интерес на вистински и целосни информации и во интерес на иднината, Владата мора да одговори на следните прашања/барања:Владата веднаш да го објави Протоколот кој треба да се потпише меѓу ресорните министерства.Како во модифицираниот предлог е заштитен македонскиот идентитет?Зошто пред една седмица за решението за јазикот со унилатерлани декларации сметавте дека е неприфатливо, а сега е прифатливо?Какви гаранции Владата обезбедила за да го заштити македонскиот јазик, особено во однос на идна злоупотреба на унилатералната изјава на Бугарија во поглавјето 34? Кога и со кои политички субјекти Владата постигнала согласност за промена на Уставот?Каков реципроцитет е обезбеден во обврските за спроведување на Протоколот (изјава на министерот Османи за ТВ емисијата „Топ тема“)?Зошто Владата смета дека ова е „последна шанса“ за евроинтегративниот пат?Владата да го објави претходниот предлог – “работна верзија“.Последно, нагласуваме да се преиспита пристапот на забрзани консултации и да се остави време за суштествена дискусија, анализи и проценки“.Документот го подготвија Институтот за демократија и Институтот за европска политика. Истиот е поддржан од: Македонски центар за меѓународна соработка, Институт за комуникациски студии, Центарот за управување со знаење, Центар за истражување и креирање политики, Центар за правни истражувања и анализи, Зелен институт ЕКОВИТА, Рурална коалиција и Радар....
Ќучук: Францускиот предлог е најдобриот досега
Мкд.мк - пред 18 часа
„Cите мои пријатели во Северна Македонија, би сакал да ги известам дека францускиот предлог е најдоброто што Бугарија/Северна Македонија може да го постигнат и би сакал да ве уверам дека во 21-ви век никому не може да му биде одземен идентитетот. Најдобар начин да се заштити и зачува е внатре во ЕУ каде што сите сме еднакви“, вели на Твитер известувачот за Северна Македонија Илхан Ќучук, лидер на Европските либерали, претставник на бугарската партија ДПС....
Барса го потврди првото засилување, потпиша со Франк Кеси
Мкд.мк - пред 19 часа
Откако „каталонците“ минатата недела ја договорија првата зделка за продажба на имотот и отстапија 10% од ТВ правата во Ла Лига за нешто преку 200 милиони евра, се отвори простор за регистрирање на ново играчи.Попладнево пристигна информација за првото засилување, Франк Кеси пристигнува на Камп Ноу како слободен играч.Фудбалерот од БСК се обврза кон Барселона до 2026 година и доби откупна клаузула од 500 милиони евра....
Ериксен ќе биде нов фудбалер на Манчестер јунајтед
Мкд.мк - пред 19 часа
Ериксен го одбрал Манчестер јунајтед. Според новинарот Дејвид Орстејн, Данецот има вербален договор со клубот од Олд Трафорд. Тој денеска го известил и Брентфорд за неговата одлука да се пресели во Манчестер јунајтед. Трансферот ќе биде комплетиран во текот на оваа недела. Кристијан Ериксен ќе потпише тригодишен договор, медицинските тестови се веќе закажани. Клучен за одлуката на Ериксен бил тренерот Ерик тен Хаг кој го убедил да му се приклучи во Манчестер јунајтед....
Во среда ќе се прска против комарците во Скопје
Мкд.мк - пред 19 часа
„Доколку временските услови не дозволуваат да се прска, дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите“, информираат од Град Скопје....
Папата сака да отпатува за Москва: „Ако Путин ми даде барем прозорче...“
Мкд.мк - пред 19 часа
Во ексклузивното интервју за Ројтерс во неговата резиденција во Ватикан, Франциско исто така ги отфрли тврдењата дека има канцер. „Лекарите ми немаат кажано“, се пошегува и за прв пат зборуваше за состојбата на коленото, кое го спречи да извршува некои од неговите должности.Во 90-минутното интервју за време на викендот, 85-годишниот поглавар на католичката црква ја повтори својата осуда на абортусот, откако Врховниот суд на САД минатата недела ја укина одлуката со која процедурата се дозволува на федерално ниво. „Тоа е како да најмите платен убиец“, рече тој за абортусот.Медиумите неодамна пишуваа за голем број настани на крајот на август што се потенцијален показател за наводната оставка, како средба со светските кардинали за новиот ватикански устав, церемонијата на именување нови кардинали и посетата на италијанскиот град Аквила.Франциско со насмевка ги отфрли овие тврдења и рече дека тоа не му паднало на памет. Сепак, повтори дека еден ден навистина ќе го стори тоа доколку неговата здравствена состојба го спречи да ја води црквата.Папата мораше да ја откаже посетата на Демократска Република Конго и Јужен Судан, откако лекарите му рекоа дека ќе мора да ја пропушти посетата на Канада од 24 до 30 јули доколку не се согласи на уште 20 дена терапија за десното колено.Откажувањето на патувањето во Африка му донесе многу страдања, рече тој, особено затоа што сакал да работи за мир во двете земји. Тој за прв пат јавно проговори за своето колено, велејќи дека добил мала скршеница кога направил погрешен чекор додека лигаментот бил воспален.„Добро сум, полека закрепнувам“, нагласи Франциско. Тој, исто така, ги отфрли гласините дека му бил дијагностициран рак пред една година, кога бил подложен на шестчасовна операција за отстранување на дел од дебелото црево поради дивертикулитис, состојба честа кај постарите лица.Зборувајќи за ситуацијата во Украина, Франциско истакна дека има контакти меѓу државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за можно патување во Москва.Првичните знаци не беа добри, рече тој. Ниту еден папа никогаш не ја посетил Москва, а Франциско повеќе пати ја осуди руската инвазија на Украина - минатиот четврток тој имплицитно ја обвини Русија дека води сурова и бесмислена агресорска војна.Кога Ватикан првпат праша за патувањето пред неколку месеци, Франциско рече дека Москва одговорила дека „не е вистинското време“.Но сега навести дека можеби нешто се променило.„Би сакал да одам во Украина, а сакав прво да одам во Москва. Разменивме пораки за тоа бидејќи мислев дека ако рускиот претседател ми даде мало прозорче да ѝ служам на каузата на мирот...“„И сега тоа е можно, откако ќе се вратам од Канада, можно е да одам во Украина“, рече тој, додавајќи дека „првата работа е да отидам во Русија, да се обидам да помогнам на некој начин, но би сакал да ги посетам двете престолнини“....
Ковачевски до Села: За францускиот предлог потребно е државничко однесување
Мкд.мк - пред 19 часа
Како што соопшти владината прес-служба, Ковачевски на средбата нагласил дека Владата работи со што поголем консензус и секогаш во интерес на граѓаните и уште еднаш ги потврдил ставовите дека потребни се мудри одлуки и заедничка одговорност која ќе ни обезбеди европска иднина.Дополнително на Села му порачал дека е неопходно државничко однесување и вистинска одлука за мир, стабилност во државата и просперитет на сите народи кои живеат во Македонија. „Премиерот Ковачевски истакна дека овој конечен европски предлог овозможува безусловен старт на пристапните преговори на Република Северна Македонија со ЕУ и операционализација на одлуката на Европскиот совет од март 2020, со што преговорите со Европската Унија ќе можеме да ги започнеме веднаш по донесувањето на нашата одлука за прифаќање на предлогот“, се вели во владиното соопштение.Денешната средба меѓу Ковачевски и Села е дел од низата консултативни средби со лидерите на опозицијата, како дел од широката консултација за францускиот предлог....
Кремљ: Путин нема да му го честита на Бајден Денот на американската независност
Мкд.мк - пред 19 часа
Рускиот претседател Владимир Путин денеска нема да му го честита Денот на американската независност на американскиот претседател Џо Бајден поради „непријателските“ потези на САД кон Москва, соопшти денеска Кремљ.„Честитките за овој ден не би биле соодветни. Причината е непријателската политика на Соединетите Држави“, изјави денеска за новинарите портпаролот на Владимир Путин, Дмитриј Песков.Џо Бајден уште од почетокот на руската инвазија на Украина остро ги осуди постапките на Русија и нејзиниот претседател Путин, кого го нарече воен злосторник и рече дека „не може да остане на власт“....
Украинците се повлекуваат од Лисичанск по големиот руски напредок (ВИДЕО)
Мкд.мк - пред 19 часа
Украинското повлекување следува по неколкунеделни жестоки борби и означи одлучувачки пробив за московските сили повеќе од четири месеци по нивната инвазија и откако го свртеа својот фокус од главниот град Киев.Лидерите од десетици земји и меѓународни организации ќе се состанат денеска во Швајцарија за да го подготват „Маршаловиот план“ за обнова на Украина – со цел таа да почне дури и додека продолжува да беснее рускиот воен потфат, вели Москва тајмс.Главна точка на удар во конфликтот, Лисичанск беше последното утврдување во областа Луганск во источниот регион Донбас и со неговото заземање Москва им овозможи на руските сили да напредуваат кон Краматорск и Славјанск во соседен Доњецк.„Продолжувањето на одбраната на градот би довело до фатални последици“ соочени со супериорноста на Русија во број и опрема, се вели во синоќешното соопштение на украинската армија во кое го најавува повлекувањето.„За да се зачуваат животите на украинските бранители, беше донесена одлука за повлекување. За жал, челичната волја и патриотизмот не се доволни за успех - потребни се материјални и технички ресурси.“Падот на Лисичанск доаѓа откако руските сили минатата недела по интензивни борби го зазедоа неговиот град-близнак Северодоњецк.Во обраќањето доцна синоќа, Зеленски вети дека Киев ќе продолжи да се бори и ќе обезбеди војската да го има „најмодерното оружје“.„Украина ќе го достигне нивото кога ќе се израмни со огнената супериорност на окупаторите.“Последната земја што обезбеди помош беше Австралија, чиј премиер Ентони Албанезе на состанокот со Зеленски во неделата во Киев вети дополнителна воена поддршка - вклучително и оклопни возила и беспилотни летала.„Пукотници од сите страни“Во неделата Москва го обвини Киев дека истрелал три касетни проектили врз рускиот град Белгород во близина на украинската граница, еден ден откако соседна Белорусија соопшти дека пресретнала украински ракети.Во она што би претставувало ескалација на конфликтот, Русија рече дека нејзината противвоздушна одбрана соборила три касетни ракети Точка-У, лансирани од „украинските националисти“ против Белгород.Оштетени се 11 станбени згради и 39 куќи, изјави гувернерот на Белгород, Вјачеслав Гладков.Москва претходно го обвинуваше Киев дека врши напади на руска територија, особено во регионот на Белгород.Во саботата, белорускиот лидер Александар Лукашенко го обвини Киев за провокација и рече дека неговата армија пресретнала проектили истрелани врз неговата земја од украинските сили „пред околу три дена“.Белорусија, руски сојузник, ја поддржа инвазијата на 24 февруари и беше обвинета од Киев дека и самата врши напади на украинска територија.Лукашенко негираше каква било вмешаност во неодамнешниот прекуграничен инцидент и рече дека Белорусија „нема намера да се бори во Украина“.На околу 75 километри западно од Лисичанск, градот Славјанск беше жестоко гранатиран од Русите, при што загинаа шест лица, меѓу кои и едно деветгодишно девојче, рече Зеленски во неделата навечер.Околу 20 беа ранети додека „руската армија уште еднаш брутално го гранатираше“ градот, како и Краматорск и Харков.Во напад на градот Добропилија - југозападно од Славјанск - загинаа две лица, а три беа ранети, вклучително и две деца, соопштија властите во Доњецк.Градот Сиверск, 30 километри западно од Лисичанск, исто така беше гранатиран во текот на ноќта, изјавија жителите и официјален претставник за АФП.„Беше интензивно, и се пукаше од сите страни“, рече една жена засолнета во визба.Обраќањето на Зеленски во неделата вечерта беше пркосно - тој посочи на украинските трупи што напредуваат во регионите Харков и Херсон и вети дека „ќе дојде ден кога ќе го кажеме истото за Донбас“.„Ќе ги обновиме ѕидовите, ќе ја вратиме земјата и луѓето мора да бидат заштитени пред сѐ друго“, рече Зеленски.„Украина не се откажува од ништо.“До денес, вкупниот број на загинатите деца „како резултат на оружената агресија“ од Русија изнесува 345, соопшти украинскиот парламент.Украинската армија во утринскиот извештај предупреди дека „непријателот ги регрупира трупите за да продолжи со офанзивата“.„Демократијата над автократијата“Четири месеци по војната, Украина доживеа разорно уништување во околу 10 региони.Денеска лидерите од десетици земји и меѓународни организации се среќаваат во швајцарскиот град Лугано, каде што имаат цел да подготват патоказ за реконструкција на Украина – која се очекува да чини стотици милијарди долари.Украина, исто така, ќе се соочи со барања за широки реформи, особено во сузбивањето на корупцијата, откако Брисел неодамна му додели кандидатски статус на Киев во обидот да ѝ се приклучи на 27-члената Европска Унија.Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас ќе вети и итна хуманитарна помош, како и пристап до британската финансиска и економска експертиза, соопшти Министерството за надворешни работи.Таа ќе им каже на делегатите дека закрепнувањето на Украина „ќе биде симбол на моќта на демократијата над автократијата“, се додава.Но за жителите во Буча - украински град синоним за воени злосторства за кои се обвинети московските сили по нивното повлекување во април - стравот останува дури и кога почнуваат разговорите за реконструкција.„Одиме во кревет без да знаеме дали ќе се разбудиме утре“, рече Вера Семенјук (65).„Сите се вратија, почнуваат да ги поправаат куќите, многумина ставаат нови прозорци. Би било страшно пак да почне и пак да мораме да оставиме сѐ“....
Села: Политичарите да не собираат поени, ЕУ процесот мора да продолжи
Мкд.мк - пред 19 часа
Села рече дека во поглед на ЕУ Македонија нема друга алтернатива и дека алтернатива не може да биде „Отворен Балкан".„Земјава мора што поскоро да стане членка на ЕУ по пат на преговори и договори. Ставот на АА е јасен, што поитно кон ЕУ, како што и претходно не се двоумевме за НАТО, со цел да се чувствуваме побезбедни и постабилни“, рече Села.Тој на партиите и на политичарите им порача да не собираат поени на ова прашање, туку да прифатат продолжување на евроинтеграцискиот процес.Во однос на прашањето на македонскиот јазик опфатен во документите за преговори, рече дека Алијанса за Албанците ги разбира чувствата на Македонците, дека живееме во земја во која има македонски јазик и дека мора да се води сметка за достоинството на сограѓаните Македонци.Третирањето на малцинствата треба да оди преку Универзалната декларација на ОН и идентитетот и јазикот мора да бидат право на самоопределување. „Имам разбирање за граѓаните кои протестираат, но порачувам дека треба добро да се читаат и разбираат договорите, но и добро да бидат презентирани. Секако, мора да се размисли за состојбите во регионот и во Европа и да не се овозможи Македонија да стои во место со загрозена иднина и безбедност“, рече Села.Тој се наврати на чувствителноста на Македонците кога некој го оспорува нивниот јазик и идентитет и рече дека потсетува и на слични состојби поврзани со Албанците во Македонија.„Потсетувам како и Албанците се чувствуваат кога некој им го оспорува тоа право, како што сега се оспорува официјалната употреба во места каде Албанците се под 20 проценти. Време е во Уставот да се прецизира употребата на албанскиот јазик без тие проценти. Чувствувам дека кај македонскиот политички блок се разбира ова прашање и јас упатувам порака до ДУИ да се позанимаваат со промена на оваа дефиниција во Уставот“, рече Села.Ако помалите партии од владината коалиција бидат на став да не го прифатат францускиот предлог, дали Алијанса за Албанците ќе влезе во Владата, Села одговори:„Тоа прашање не беше дел од разговорите со премиерот. Алијанса за Албанците е јасно определена како опозициска партија и нема да бидеме резервна варијанта за оваа или за друга власт. На избори ќе победиме и ќе бидеме власт“....
Приведени велешани, во кола имале куршуми
Мкд.мк - пред 19 часа
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок....
Дарио Ивановски постави нов државен рекорд на 5.000 метри
Мкд.мк - пред 19 часа
Дарио Ивановски трката од 5.000 метри ја мина за време од 13:54,58 минути со што постави нов македонски рекорд. Тој го освои осмото место од 12 атлетичари колку што учествуваа во оваа дисциплина на Медитеранските игри....
Судир на три возила во Гостивар, еден тешко повреден
Мкд.мк - пред 19 часа
На ул.„ЈНА“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ќ.И.(47) од с.Желино, тетовско, товарно возило „пежо“, управувано од А.У.(46) од с.Здуње, гостиварско и патничко возило „мерцедес“, управувано од В.С.(34) од Гостивар, двете со гостиварски регистарски ознаки.Во несреќата, возачот А.У. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар во Гостивар.Увид извршила екипа од Полициската станица Гостивар....
Несторовски го продолжи договорот со Удинезе
Мкд.мк - пред 19 часа
Претходниот договор на Несторовски со Удинезе беше истечен и тој можеше да замине како слободен играч, сепак двете страни се договорија за продолжување на соработката. „Несторовски го обнови договорот до 30 јуни 2023, со опција за продолжување и на следната сезона“, стои во соопштението на Удинезе. Несторовски не се изнаигра во Удинезе, ретко влегуваше на теренот, па оваа одлука е изненадувачка и гледано од страната на клубот и гледано од страната на нашиот репрезентативец.✍️ 𝐍𝐄𝐒𝐓𝐎 2️⃣0️⃣2️⃣3️⃣#Nestorovski rinnova fino al 30 giugno 2023 con opzione per la stagione successiva.✍️ 𝐍𝐄𝐒𝐓𝐎 2️⃣0️⃣2️⃣3️⃣Nestorovski has renewed his contract until 30 June 2023, with the option of extending it to the following season.⚪⚫ #ForzaUdinese #AlèUdin pic.twitter.com/VcL2LKOIu3— Udinese Calcio (@Udinese_1896) July 4, 2022...
Почнува ЗРНО - првиот фестивал на алтернативна фотографија
Мкд.мк - пред 19 часа
На овој фестивал, освен изложбата ќе се случуваат и работилници за алтернативна фотографија. Локацијата за работилниците е Матка, а учесници на работилниците се околу дваесеттина љубители на благородните фотографски процеси од регионот. „Зрно изрти од инхерентната потреба да ја негуваме шареноликоста на нашиот омилен медиум и како отпор кон закоравениот поглед кон фотографијата кај нас. Зрно е и фестивал, затоа што сака да ја слави фотографијата, во сите нејзини игриви облици. Зрно е иницијатива на неколку фото ентузијасти, кои сакаат да ја слават алтернативната фотографија, старите процеси во фотографијата и нејзината незаменлива убавина. Зрно сака да ја разигра домашната сцена и да го испровоцира светот. Да го натера да успори, да промисли. Да допре. Да прифати игра, да се отвори за „грешките“. Да се насмее. Да се реобмисли себе. Да дише...”, истакнуваат организаторите.На оваа изложба, се претставуваат неколку алтернативни автор(к)и. Кети Талевска-Бакревска, со своите лумен – принтови. Викторија Мачковска со автентични цијанотипии. Мартина Павлоска, со нејзините весели полароиди и Сашо Алушевски, со цијанотипии од циклусот Пикторијализам. Опремено од Владо Димоски....
Руски космонаути во вселената го слават „ослободувањето“ на Луганск, објавија фотографија (ФОТО)
Мкд.мк - пред 20 часа
Фотографијата на својот канал на Телеграм ја објави руската државна вселенска агенција Роскосмос со порака во која се слави „ослободувањето“ на Луганск, источниот украински регион чиј град Лисичанск падна во руски раце за време на викендот.Космонаутите Олег Артемиев, Денис Матвејев и Сергеј Корсаков позираа со знамето на проруските сепаратисти на фотографијата.Russian cosmonauts and the Roscosmos Corporation have congratulated the head of the LPR on the victory in the battle for the Republic.Photo from Roscosmos. pic.twitter.com/h32kA0TslX— Lexi (@missylexilou) July 4, 2022Пораката која Роскосмос ја објави со фотографијата гласи: „Денот на ослободувањето на Луганската Народна Република. Славиме и на Земјата и во вселената“.„Роскосмос и нашите космонаути, кои работат на Меѓународната вселенска станица, се придружуваат на честитките на лидерот на ЛПР, Леонид Пашечник, и на новиот Ден на големата победа“, се вели во соопштението на руската вселенска агенција.„Ова е денот што граѓаните на окупираната област Луганск го чекаа долги осум години. Сигурни сме дека 3 јули 2022 година засекогаш ќе влезе во историјата на Републиката. Граѓани на сојузничката Народна Република Доњецк, чекајте!“, се заклучува во пораката на Роскосмос....
Приведени двајца Косовци, илегално влегле во земјава
Мкд.мк - пред 20 часа
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок....
Со Maстеркард од Комерцијална банка „Три пати плати и освој“ поврат на средства
Мкд.мк - пред 20 часа
Со минимум три трансакции од по најмалку 2.000 денари во ресторани, хотели или бензински пумпи со вашата дебит Мастеркард (Debit Mastercard, Debit Mastercard World, Mastercard Standard, Mastercard Revolving, Mastercard Skopje City Mall или Mastercard Platinum), каде било во земјава, станувате потенцијален добитник на награда од 600 денари исплатени на вашата сметка.Наградите ќе ги добијат првите 500 корисници на Maстеркард картички од Комерцијална банка кои ќе ги исполнат условите за поврат на средства.Наградната игра трае од 1 јули до 15 август. Комерцијален текст...
ГРЕКО регистрира „скромен“ напредок во спречување на корупцијата во Македонија
Мкд.мк - пред 20 часа
Во заклучоците на ГРЕКО се наведува дека на повеќето од препораките од Македонија добиле одговор дека се подготвува нова регулатива или дека новодонесената треба да се усогласи со некоја друга.Во однос на работата на пратениците, оценката на ГРЕКО е дека во тек се многу „ветувачки“ иницијативи, вклучувајќи ја и изработката на новиот Кодекс за етичко однесување на пратениците и ново Упатство. Овој Кодекс ќе се однесува на однесување во јавноста, спречување корупција и конфликт на интереси, транспарентност и мерки за унапредување на соодветна употреба на јавни финансии и фондови.„Генерално, тие претставуваат соодветна рамка за унапредување на интегритетот и водење на етичкото однесување на пратениците, на пример во однос на судири на интереси, односи со лобисти, подароци, итн. Сепак, обата документа треба дополнително да се усогласат и рационализираат , да се отстрани вишокот на содржина, да се обезбеди поголема јасност и кохерентност и појасно да се одделат важечките правила од објаснувањата и примерите. Покрај тоа, механизмите за усогласеност и советување допрва треба да се назначат. Што се однесува до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на Собранието одговорна за спроведување на тековно важечкиот кодекс, се чини дека таа сè уште не извршила ниту една од своите функции и во новата рамка што треба да се воспостави со новиот Кодекс и Упатството потребно е разјаснување “, забележува ГРЕКО.Во однос на судството ГРЕКО го забележува проширувањето на опсегот на санкции што се применуваат на судиите според член 78 (2) од Законот за судови, но ги повторува стравувањата дека претходните намери на властите официјално да го сменат министерот за правда од составот на Судскиот совет сè уште не се остварени. Па така и со новиот Закон за Судскиот совет, членството на министерот за правда во Советот беше задржано, иако без право на глас и право на учество на седниците на Советот на коишто се разгледува утврдувањето одговорност, изборот и разрешувањето на судии.„ Властите сега ги повторуваат истите информации дека членовите на Судскиот совет по службена должност не добиваат никакви работни материјали за постапките на коишто не присуствуваат. Оттука, министерот за правда нема информации за случаи во коишто треба да се утврди одговорноста, изборот или разрешувањето на судија/претседател на суд и од таа причина не е во позиција да врши какво било влијание врз таквите постапки. Ваквата состојба се очекува да трае сè додека не се усвои уставен амандман со којшто министерот за правда ќе биде отстранет од составот на Советот“, констатира ГРЕКО.Во делот за обвинителите ГРЕКО го поздравува усвојувањето на новиот етички кодекс кој обезбедува сеопфатен сет на правила за интегритет. Во однос на контролата на анкетните листови се оценува дека презентираните статистички податоци покажуваат поефикасна имплементација на системот за известување за имотната состојба од страна на сите професионални групи, благодарејќи на ангажманот на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК).„Бројот на административни проверки извршени од страна на ДКСК е зголемен и тие резултираа со идентификување на повреди врз процедурални основи, односно ненавремено доставување на анкетните листови за пријавување на имотната состојба. Сепак, не е обезбедена длабинска проверка на анкетните листови за пријавување на имотната состојба на сите пратеници, судии и обвинители, а информациите за имплементацијата на системот за пријавување интереси се доставени до ГРЕКО само во однос на некои пратеници“, се наведува во извештајот на ГРЕКО.Новоименуваните „одговорни за интегритет" во рамките на обвинителството мора да даваат советодавни мислења за етичките дилеми кои не се опфатени со Кодексот и да водат регистри за подароци. Одлуките на Советот за етика – тело за следење предвидено со Кодексот – во врска со прекршување на етичките правила сега покренуваат „дисциплински" постапки против засегнатите обвинители. Иако ова е позитивен развој, гостопримството сè уште не е покриено и внатрешните правила за подароци треба да се ревидираат за да се обезбедат идентични прагови за протоколарни подароци.На крајот, ГРЕКО ги повикува македонските власти да одобрат, што е можно поскоро, објавување на извештајот, да го преведат на националниот јазик и да го објават преводот....
Морачанин: Ако во преговорите има прашања од историјата и образованието, францускиот предлог е неприфатлив
Мкд.мк - пред 20 часа
На средбата било истакнато дека македонскиот јазик има чиста формулација, односно во ЕУ ќе биде „македонски јазик без никакви дообјаснувања, а Бугарија ќе даде свое мислење, кое само еднаш ќе биде нотирано и нема да има влијание во ЕУ и во преговорите“. Премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот Бојан Маричиќ ветиле дека предлогот ќе биде доставен до Собранието на Македонија.„Незамисливо е членка на ЕУ да негира јазик, бидејќи во основите на Унијата се вредностите на почитување на јазиците, националностите и сите вредности поврзани со човекот кои се нејзиното богатство“, вели Морачанин и нагласува дека за ДОМ е неприфатливо внесувањето на билатерални прашања во преговарачкиот процес. Ставот на ДОМ на средбата со премиерот бил дека ако ваквите теми бидат вклучени во процесот дека е јасно оти преговорите никогаш нема да завршат и дека освен тоа, на историски прашања не им е местото во ЕУ за преговори.ДОМ инсистира документите поврзани со отворањето на преговорите да се објават преведени на македонски јазик со цел секој граѓанин да може да ги прочита и анализира, бидејќи не е лесно конкретни и многу специфични правни формулации да може секој да ги разбере на англиски јазик.„Наш предлог е Владата самата да не ја носи одлуката, туку тоа да му го препушти на Собранието на Македонија и пратениците да можат да дискутираат и да предложат заклучоци“, вели Морачанин. П.Џ....
Најмалку шест мртви при одрон на глечер во северна Италија (ВИДЕО)
Мкд.мк - пред 21 часа
Уште десет лица се водат како исчезнати. Алпската спасувачка служба на Твитер објави дека сите спасувачки тимови се активни во областа, вклучувајќи кучиња трагачи и најмалку пет хеликоптери, пишува Си-ен-ен.🇮🇹Ice collapse in #Marmolada - Provisional number is 6 dead and 8 injured. About ten people were missing. pic.twitter.com/OHnO5ZnAoy— The informant (@theinformantofc) July 3, 2022Одронот се случи на алпскиот врв кој се вика Мармолада, кој е висок нешто повеќе од 3300 метри. Повредените планинари, меѓу кои и едно лице во критична состојба, се пренесени во неколку болници во областа, соопштија спасувачите. Локалната служба за итни случаи на Твитер напиша дека се сомневаат дека на местото на одронот имало група од 15 планинари.Küresel ısınma6 people died, 15 injured and 10 more missing when the Dolomites glacier collapsed in ItalyThe tragic incident with the glacial flood occurred on Mount Marmolada (2131 m) — the highest peak of the Italian Dolomites ridge, the ANSA news agency reports. pic.twitter.com/bKshymy9qV— Serap Güneş (@serpgnes) July 4, 2022Лавината се случи во услови на рекордни температури за таа област, кои достигнаа околу 10 степени Целзиусови. Многу делови од Западна Европа, вклучително и Италија, поминаа низ долг топлотен бран минатиот месец.È caduto un pezzo di marmolada davanti a meSto caldo non va bene pic.twitter.com/cCVg1G6oVd— Ste💨 (@steverganii) July 3, 2022„Она што започна како прекрасно патување со прекрасен поглед од Мармолада во Италија, за жал, се претвори во нешто што нема да го заборавиме додека сме живи.На почетокот мислевме дека доаѓа авион...“, опиша еден сведок....
Трето засилување за Гвардиола ова лето, Сити го купи Калвин Филипс од Лидс за 42 милиони
Мкд.мк - пред 21 часа
Лидс во последното коло обезбеди опстанок во Премиерлигата, па „белите“ можат скапо да наплатат на своите најдобри фудбалери.Денеска пристигна информација за трансфер на Калвин Филипс во Манестер Сити, Англичанецот стави потпис на шестгодишен договор и се обврза кон „граѓаните“ до 2028 година.Како што пишуваат медиумите, зделката е вредна 42 милиони фунти плус бонуси. Доколку Лидс испаднеше во втора лига, во договорот на играчот ќе се активираше откупна клаузула од 24 милиони фунти, што е двојно помалку од она што „белите“ го добија сега.He's here! ✍️🤩 pic.twitter.com/8QxJ6gbueQ— Manchester City (@ManCity) July 4, 2022...
Автобус во Индија излета од планински пат во клисура, меѓу 16-те загинати има и деца
Мкд.мк - пред 21 часа
Спасувачите ги извлекле тешко повредените од остатоците на возилото и ги пренеле во болница. Официјални лица велат дека во автобусот имало 20 луѓе.Фотографиите споделени на социјалните мрежи покажуваат дека спасувачите се обидуваат да ги спасат преживеаните од згмеченото тело на жолтиот автобус. Не се знае точната причина за несреќата.Индискиот премиер Нарендра Моди изрази жалење поради несреќата. Сообраќајните несреќи со фатални последици се чести во Индија поради лошо одржуваните патишта и застарените возила. Секоја година над 110.000 луѓе умираат во сообраќајни несреќи низ Индија, според полициските податоци....
КАМ ги зголемува платите и исплаќа регрес од 33.000 денaри за годишен одмор
Мкд.мк - пред 21 часа
Ценејќи ја посветеноста на своите вработени и следејќи го трендот на зголемување на цените и животните трошоци, „КАМ" веќе во април реализира зголемување на платите на вработените во маркетите за 15%, а во логистиката и транспортот за 13%.Со ова, само во првиот семестар од годината нето платите на вработените во маркетите просечно се зголемја за 4.000 денари.Малопродажниот дисконтен синџир број 1 во земјава, „Кам маркет", покрај планираното зголемување на платите, на задоволство на вработените, отпочна со исплатата на регресот за годишен одмор за секој вработен во висина од 33.000 денари.Комерцијален текст...